Рата Примери за клаузули

Рата. Прв дел не подоцна од Втор дел не подоцна од Втора рата од 625 ЕУР 15.09.2013 15.11.2013 Трета рата од 625 ЕУР 15.01.2014 15.03.2014 Чеврта рата од 625 ЕУР 15.09.2014 15.11.2014 Непочитувањето на овие рокови повлекува засметување на законска камата од 10% на годишно ниво. Ако студентот не успее во предвидените рокови да положи одредени испити утврдени со студиските и предметните програми, истите ги презапишува предметите со плаќање на соодветен надоместок согласно. Надоместокот изнесува 1/120 од школарината на студиската програма помножено со бројот на кредити на предметите кои се презапишуваат. Факултетот е должен додека трае овој Договор на студентот да му обезбеди услови за студирање заради остварување на наставно-образовниот процес во согласност со актите на Универзитетот и Правилата за студирање на Факултетот. Согласно член 223 од Статутот на Универзитетот, студентот треба да ги заврши студиите во рок од 4 години (односно најмногу двојно од траењето на студиската програма). По истекувањето на овој рок, студентот кој ги положил сите испити е дожен да пријави магистерска тема. Рокот за изработка на темата е 1 година. Студентите кои нема да пријават магистерска тема во овој рок, ќе бидат обврзани да плаќаат соодветни казни, утврдени од деканатската управа на Факултетот. Студентот давател на средствата за школарина може да го раскине овој Договор без можност за враќање на уплатените средства за студирање, со што му престанува статусот студент на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство во Скопје. Во случај на спор по овој договор надлежен е судот во Скопје. Овој Договор е склучен во три еднакви примероци, од кои два за Факултетот и еден примерок за давателот на средствата за кофинансирање. СТУДЕНТ, Д Е К А Н,
Рата. Под рата се подразбира износ еднаков на месечната рата за кредит, која ја должи Осигуреникот во согласност со договорениот амортизационен план, во согласност со кој Осигуреникот е осигурен. Ратата ги опфаќа главницата и каматата.

Related to Рата

  • Способност за вршење на професионална дејност 2.3.1 За да ја докаже способноста за вршење на професионална дејност, економскиот оператор треба да достави документ за регистрирана дејност како доказ дека е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка или доказ дека припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран.

  • Критериуми за утврдување на способност на понудувачот или кандидатот IV.2.1) За докажување на личната состојба, економскиот оператор треба да ги достави следниве документи: - изјава на економскиот оператор дека во последните пет години не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење на пари - потврда дека не е отворена постапка за стечај од надлежен орган - потврда дека не е отворена постапка за ликвидација од надлежен орган - потврда за платени даноци, придонеси и други јавни давачки од надлежен орган од земјата каде што економскиот оператор е регистриран - потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно-приватно партнерство - потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност - потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност

  • Право на учество 1.8.1 Економскиот оператор кој има една или повеќе негативни референци, групата економски оператори во која членува економски оператор кој има негативна референца, како и економскиот оператор кој претставува поврзано друштво со економскиот оператор кој има негативна референца, нема право на учество.

  • Правна заштита 6.3.1 Секој понудувач кој има правен интерес за добивање на договорот за јавна набавка и кој претрпел или би можел да претрпи штета од евентуално прекршување на одредбите од овој закон, може да бара правна заштита против одлуките, дејствијата и пропуштањата за преземање дејствија од страна на договорниот орган во постапката за доделување на договор за јавна набавка, во согласност со условите и постапката предвидени со Законот за јавните набавки. Правото на жалба во постапка која завршува со електронска аукција во однос на утврдување на способноста на понудувачите и целосната евалуација на првичните понуди се остварува по донесување на одлуката за избор на најповолен понудувач или поништување на постапката.

  • Гаранција за квалитетно извршување на договорот 7.5.1 Услов за потпишување на договорот со избраниот најповолен по- нудувач е обезбедување гаранција од страна на избраниот најповолен по- нудувач за квалитетно извршување на договорот во висина од 10% од вкупната вредноста на договорот со вклучен ДДВ.

  • Начин на плаќање 7.1.1 Се предвидува следниов начин на плаќање: вирмански во рок од 60 (шеесет) дена од првиот нареден ден од денот на прием на фактурата во архивата на Царинската управа на Република Македонија, лоцирана на ул.,,Xxxxx Xxxxxxxxx‘‘ бр. 13, 1000 Скопје.

  • ПОСТАПКА III.1)Вид на постапка: Отворена постапка III.2)Меѓународна објава: Не III.3)Критериум за доделување на договор за јавна набавка: Најниска цена III.4)Дали постапката за доделување на договор за јавна набавка била реализирана со користење на електронски средства? Не III.5)Дали била користена електронска аукција? Да

  • Јазик на понудата 4.2.1 Понудата, како и целата кореспонденција и документи поврзани со понудата се доставува на македонски јазик.

  • Изјава за сериозност на понудата 4.6.1 Во прилог на понудата, понудувачот доставува и електронски потпишана изјава за сериозност на понудата, при што треба да го користи образецот на изјава даден во прилог на тендерската документација. Доколку дојде до прекршување на дадената изјава за сериозност на понудата, истото ќе резултира со исклучување од натамошната постапка и издавање негативна референца против таквиот понудувач на начин и согласно условите утврдени во Законот за јавните набавки.

  • Авансно плаќање 7.4.1 За извршување на договорот за јавна набавка не е дозволено авансно плаќање.