Состав на ткаенина на поло маица со амблем со кратки ракави Примери за клаузули

Состав на ткаенина на поло маица со амблем со кратки ракави. Состав на ткаенина на поло маицата со амблем со кратки ракави е: 65% памук (±5%) и 35% полиестер (нерециклиран) (± 5%), површинската маса е 200 – 220 g/m2, преплетка е пике, бојата е сива, дозволено отстапување е DEmax=2, реактивно боење, собирање после 5 перења на 60о C е max 5 %, постојаност на бојата е на светлина min 5, на перење на 60о C min 4/4/4, на пот min 4/4, на триење суво min 4/4, мокро min 3, постојаност на пилинг МКС ЕН ИСО 12945-2:2010 (или еквивалент) е min 5 на 2000 вртежи и min 4-5 на 7000 вртежи. - Крој на машката и женската поло маица со амблем со кратки ракави е со преплетка пике и трикотажна плетена јака и на средината се закопчува со три копчиња. Од левата страна во делот на градите нашиена е гајка која се закопчува со копче, а на десната страна е нашиена чичак трака на која се закачува ознаката за чинот. На левиот ракав на поло маицата се нашива симболот на Царинска управа и тоа на растојание од 12 см од горниот раб на ракавот. (Слика 1) - Амблемот се изработува во техника со ткаење жакард со следниве квалитативни карактеристики: суровински состав: 100% полиестер. Амблемот на Царинската управа е во класична форма на штит, со заоблено дно. Тој е со димензии 8 см х 10 см. Се ткае на црна основа со златен конец. Во него е вметнат и содржан симболот на Царинската управа и дел од знамето на Република Македонија. Во горниот дел е исткаено РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА со фонт на букви Helvetica Neue и големина на букви од12,6 (bold) и ЦАРИНСКА УПРАВА со фонт на букви Helvetica Neue и големина на букви од 19 (bold). Во долниот дел на амблемот е исткаено ЦАРИНА. CUSTOMS со фонт на букви Helvetica Neue и големина од12,6 (bold). Рабовите на амблемот и натписот треба да бидат обработени на начин со цел да не се пара ткаенината. Амблемот се поставува на маицата со машина за везење со максимум 0,15 густина на вез на левиот ракав на растојание од 8 см од најгорниот раб на ракавот (Слика 2) Боите на амблемот и чиновите се согласно боите пантоне (или еквивалент). (прикажано на шемата за црната, златната и црвената боја)

Related to Состав на ткаенина на поло маица со амблем со кратки ракави

  • Критериуми за утврдување на способност на понудувачот или кандидатот IV.2.1) За докажување на личната состојба, економскиот оператор треба да ги достави следниве документи: - изјава на економскиот оператор дека во последните пет години не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење на пари - потврда дека не е отворена постапка за стечај од надлежен орган - потврда дека не е отворена постапка за ликвидација од надлежен орган - потврда за платени даноци, придонеси и други јавни давачки од надлежен орган од земјата каде што економскиот оператор е регистриран - потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно-приватно партнерство - потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност - потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност

  • Содржина на понудата 4.1.1 Понудата треба да биде подготвена врз основа на оригиналната тендерска документација во електронска форма и се состои од следниве елементи: - пополнет образец на понуда составен од ОПШТ ДЕЛ и ТЕХНИЧКА И ФИНАНСИСКА ПОНУДА; - договор за групна понуда (задожително се доставува заедно со понудата, само во случај на групна понуда); - документи за утврдување на личната состојба наведени во тендерската документација; - документи за утврдување на способноста за вршење на професиоална дејност наведени во тендерската документација; - изјава за сериозност на понудата; - изјава за независна понуда (во случај на групна понуда, секој член на групата на понудувачи ја поднесува изјавата за независна понуда за својот субјект/правно лице, односно самостојно), - пополнет образец за општи информации (во случај на групна понуда образецот со општи информации се пополнува за секој член на групата на економски оператори), - пополнет образец на листа на доверливи информации (образецот не мора да се доставува ако нема доверливи информации). - Известување за елементите на договорот кои економскиот оператор има намера да го отстапи на подизведувач/и (се доставува само доколку постои каква намера) .

  • Исправка на аритметички грешки 5.3.1 Ако понудата е прифатлива и е составена и доставена во согласност со тендерската документација, договорниот орган ги коригира аритметичките грешки на следниот начин: - ако постои несовпаѓање меѓу зборовите и бројките, преовладува износот што е напишан со зборови, - ако постои разлика помеѓу единечната цена и вкупната цена, тогаш преовладува единечната цена.

  • Начин на плаќање 7.1.1 Се предвидува следниов начин на плаќање: вирмански во рок од 60 (шеесет) дена од првиот нареден ден од денот на прием на фактурата во архивата на Царинската управа на Република Македонија, лоцирана на ул.,,Xxxxx Xxxxxxxxx‘‘ бр. 13, 1000 Скопје.

  • ПОНИШТУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА 8.1. Договорниот орган може да ја поништи постапката за доделување на договор за јавна набавка ако: - бројот на кандидати е понизок од минималниот број предвиден за постапките за доделување на договор за јавна набавка согласно со овој закон, - не е поднесена ниту една понуда или ниту една прифатлива понуда, - не е поднесена ниту една соодветна понуда во постапка каде што предметот на договорот е оформен во еден единствен дел, како и во постапките каде што предметот на договор е оформен во повеќе делови и каде што може да се утврди соодветноста на понудите, - се поднесени прифатливи понуди кои не можат да се споредат поради различниот пристап во техничките или финансиските понуди, - настанале непредвидени промени во буџетот на договорниот орган, - понудувачите понудиле цени и услови за извршување на договорот за јавна набавка кои се понеповолни од реалните на пазарот, - оцени дека тендерската документација содржи битни пропусти или недостатоци, до моментот на отворање на понудите, - поради непредвидени и објективни околности се промениле потребите на договорниот орган или - договорниот орган не може да изврши избор на најповолна понуда поради битни повреди на законот согласно со членот 210 од овој закон или - избраниот понудувач се откаже од склучување на договорот.

  • Јазик на понудата 4.2.1 Понудата, како и целата кореспонденција и документи поврзани со понудата се доставува на македонски јазик.

  • Начин на комуникација 1.12.1 Секое барање, информација, известување и други документи во постапката се испраќаат во електронска форма преку ЕСЈН (xxxxx://xxx.x- xxxxxxx.xxx.xx). Секој документ се евидентира во моментот на испраќање, односно во моментот на примање.

  • Валута на понудата 4.4.1. Цената на понудата се изразува во денари.

  • Предмет на договорот за јавна набавка 1.3.1 Предмет на договорот за јавна набавка е набавка на услуга за одржување на опрема - принтери, скенери и телефонски централи. Детален опис на предметот на договорот е даден во техничката спецификација во прилог на оваа тендерската документација и истата е составен дел на тендерската документација.

  • Трошоци за поднесување на понуда 1.9.1 Економскиот оператор ги сноси сите трошоци поврзани со подготовката и со доставувањето на понудата, а договорниот орган не е одговорен за тие трошоци без оглед на водењето и на исходот од постапката за доделување на договор за јавна набавка.