Услуги што ги обезбедуваат други оператори/даватели на комуникациски услуги Примери за клаузули

Услуги што ги обезбедуваат други оператори/даватели на комуникациски услуги. Македонски Телеком АД - Скопје не е одговорен за квалитетот на услугите што на претплатниците на Македонски Телеком АД - Скопје им ги обезбедуваат други оператори и/или даватели на комуникациските услуги, користејќи ја мрежата на Македонски Телеком АД - Скопје. Користењето на услугите што другите оператори/даватели на комуникациски услуги ги нудат преку мрежата на Македонски Телеком АД - Скопје, подлежи на условите дефинирани од тој оператор/давател на коминикациски услуги. Ако претплатникот на Македонски Телеком АД - Скопје ги користи услугите на друг оператор/давател на комуникациските услуги, користењето на тие услуги на претплатникот му ги пресметува и наплаќа операторот и давателот на комуникациските услуги што ги обезбедува. Услугите што не се предмет на предизбор на оператор (локални повици, национални и меѓународни повици кон скратени броеви, национални и меѓународни и повици кон негеографски броеви освен повиците кон негеографските броеви за јавни мобилни комуникациски услуги) на Претплатникот му ги обезбедува, пресметува и наплаќа Македонски Телеком АД - Скопје преку сопствената мрежа. Освен во поглед на услугата со додадена вредност која Македонски Телеком АД - Скопје може, во зависност од постигнатиот комерцијален договор со давателот на тие услуги, да ја наплатува за давателот на тие услуги кој остварува пристап кон мрежата на Македонски Телеком АД - Скопје, Македонски Телеком АД - Скопје нема обврска и по правило не наплатува за услугите што ги нуди друг оператор и давател на комуникациски услуги. Во случај претплатникот да ја избере услугата избор или предизбор на оператор, Македонски Телеком АД - Скопје како обврзан оператор ќе му овозможи на претплатникот да ги користи услугите од (пред)избраниот оператор, ако е склучен договор за интерконекција помеѓу Македонски Телеком АД - Скопје и (пред)избраниот оператор. Користење на услугите на (пред)избраниот оператор по пат на избор или предизбор на оператор, подлежи на условите што ги одредува (пред)избраниот оператор. Следните услуги се предмет на (пред)избор на оператор: – Меѓународни повици; – Национални повици и – Повици кон јавни мобилни комуникациски мрежи – Локални повици. Со склучување на претплатничкиот договор со предизбраниот оператор се смета дека: • претплатникот ги прифаќа условите од договорот со предизбраниот оператор; • претплатничкиот договор склучен со Македонски Телеком АД - Скопје како обврзан оператор или со друг предизбран оператор во однос на избраната услуга престанува да...

Related to Услуги што ги обезбедуваат други оператори/даватели на комуникациски услуги

  • Критериум за доделување на договорот за јавна набавка 1.10.1 Критериум за доделување на договорот за јавна набавка е најниска цена. За носител на набавката ќе биде избран оној економски оператор кој ќе понуди најниска цена во текот на електронската аукција, а чија понуда претходно е оценета како прифатлива. Со оглед на тоа дека конкретнава постапка завршува со спроведување на електронска аукција нема да се врши бодување на понудите, туку само рангирање на понудувачите според висината на понудените цени.

  • Начин на комуникација 1.12.1 Секое барање, информација, известување и други документи во постапката се испраќаат во електронска форма преку ЕСЈН (xxxxx://xxx.x- xxxxxxx.xxx.xx). Секој документ се евидентира во моментот на испраќање, односно во моментот на примање.

  • Посебни начини за доделување на договорот за јавна набавка 1.5.1 Оваа постапка ќе заврши со доделување на договор за јавна набавка, односно нема да се користи посебниот начин за доделување на договорот со рамковна спогодба.

  • Известување за доделување на договорот за јавна набавка 6.2.1 По завршувањето на електронската аукција на јавниот дел од ЕСЈН автоматски се објавува и до сите учесници на аукцијата автоматски се испраќа известување за економскиот оператор кој поднел најниска цена во текот на негативното наддавање. Известувањето е од информативен карактер и не предизвикува правни последици. Исходот од електронската аукција е основ за донесување на одлука за избор на најповолна понуда.

  • Предмет на договорот за јавна набавка 1.3.1 Предмет на договорот за јавна набавка е набавка на услуга за одржување на опрема - принтери, скенери и телефонски централи. Детален опис на предметот на договорот е даден во техничката спецификација во прилог на оваа тендерската документација и истата е составен дел на тендерската документација.

  • Доделување на договорот за јавна набавка 6.1.1 Договорниот орган, по спроведената електронска аукција како последна фаза во отворената постапка, договорот му го доделува на економскиот оператор кој понудил најниска цена во текот на негативното наддавање.

  • Појаснување на тендерската документација 3.1.1 Економскиот оператор може да побара појаснување на тендерската документација од договорниот орган, исклучиво во електронска форма преку ЕСЈН со користење на модулот "Прашања и одговори", најдоцна 6 (шест) дена пред крајниот рок за поднесување на понудите.

  • ЗАВРШУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА 9.1 Постапката за доделување на договор за јавна набавка завршува на денот на конечноста на одлуката за избор или за поништување на постапката.

  • Цена на понудата 4.3.1 Економскиот оператор во листата на цени ја внесува цената за секој дел поединечно.

  • Критериуми за утврдување на способност на понудувачот или кандидатот IV.2.1) За докажување на личната состојба, економскиот оператор треба да ги достави следниве документи: - изјава на економскиот оператор дека во последните пет години не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење на пари - потврда дека не е отворена постапка за стечај од надлежен орган - потврда дека не е отворена постапка за ликвидација од надлежен орган - потврда за платени даноци, придонеси и други јавни давачки од надлежен орган од земјата каде што економскиот оператор е регистриран - потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно-приватно партнерство - потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност - потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност