Формални и процедурални правила за склучување договор за претплатнички однос. Подготвување барање Лицето што сака да заснова претплатнички однос со Македонски Телеком за обезбедување определен вид јавни комуникациски услуги поднесува барање за засновање претплатнички однос, лично или преку лице овластено за таа цел со нотарски заверено полномошно. Барањето за склучување договор се подготвува на пропишан образец (формулар) и се доставува до Македонски Телеком. Со поднесување на барањето се смета дека подносителот ги прифаќа условите за користење на услугите на Македонски Телеком утврдени со овие Општи услови и со Договорот. Барањето, заедно со овие Општи услови, се составен дел на Договорот. Барањето мора да ги содржи сите барани податоци. Доколку барањето не ги содржи соодветните податоци, претставник од Македонски Телеком го повикува лицето што поднело барање да ги дополни потребните податоци. Барањето се смета за поднесено до Македонски Телеком од денот кога било уредно пополнето, комплетирано со сите неопходни податоци и потпишано од страна на подносителот на барањето. Барањето за засновање претплатнички однос истовремено се смета како барање за инсталирање претплатничка линија, односно за активирање определена комуникациска услуга и приклучување на терминалната опрема на корисникот. При поднесување и разгледување на барањето, Македонски Телеком има право да побара од барателот да ги достави бараните документи што се опишани во барањето, а барателот е должен да му ги достави и/или даде на увид потребните документи на Македонски Телеком. Барањето мора да биде потпишано лично од поднесителот на барањето или преку лице овластено со нотарски заверено полномошно.
Appears in 4 contracts
Samples: Општи Услови За Засновање Претплатнички Однос, Општи Услови За Засновање Претплатнички Однос, Општи Услови За Засновање Претплатнички Однос