Правни лица Примери за клаузули

Правни лица. Преку платниот промет со платен инструмент во корист на трансакциската сметка на правното лице- претплатник отворена во соодветна комерцијална банка во РМ. Во случај како што е дадено во точка 6.12., алинеја 2, 3, и 4, Македонски Телеком ќе изврши враќање на паричните средства преку пребивање на износот од наредната телефонска сметка.
Правни лица. Промената на договорните услови за сервисирање на кредитните изложености на корпоративните клиенти Банката олеснувања во сервисирањето на обврските ќе го врши по поединечни барања од клиентите и соодветни понуди кои ќе бидат усогласени со секое правно лице поединечно, во зависност од природата и потребата Можностите за правните лица вклучуваат соодветно прилагодување или одложување на отплатата на кредитите, можности за рефинансирање, како и понуда на кредитна поддршка за ликвидносни потреби. Ве молиме да ни се обратите по електронски пат на следниот маил во рок не подолг од 10 календарски денови заклучно 13.04.2020 на е-маил: xxxxxxxxxxxx@xxxxxxxxxxx.xxx.xx , или пак во писмена форма на адресата на Банката: Ул.Xxxxxx Xxxxxx бр.1, 1000 Скопје со назнака за Сектор Правни лица. Доставениот маил или допис ќе претставува основ за Банката да изврши анализа на потребата од користење нови договорни услови и врз основ на истата ќе Ви достави соодветна понуда за олеснување . Понудата, Капитал банка АД Скопје ја подготви во склад со Уредбата со законска сила за начинот на промена на договорни услови на кредитни изложености кај банките и штедилниците (Службен весник на РСМ бр. 80/20 од 30.03.2020г.) и Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за методологијата за управување со кредитниот ризик на НБРСМ (Службен весник на РСМ бр.76/20 од 24.03.2020г.). Со почит,

Related to Правни лица

  • Трошоци за поднесување на понуда 1.9.1 Економскиот оператор ги сноси сите трошоци поврзани со подготовката и со доставувањето на понудата, а договорниот орган не е одговорен за тие трошоци без оглед на водењето и на исходот од постапката за доделување на договор за јавна набавка.

  • Краен рок и место за поднесување на понудите 4.10.1 Краен рок за доставување на понудите е 28.01.2019 година, до 11:00 часот. 4.10.2 Понудите се поднесуваат преку ЕСЈН достапен преку следнава веб адреса: xxxxx://xxx.x-xxxxxxx.xxx.xx. 4.10.3 Понудата која е поднесена по истекот на крајниот рок за поднесување на понудите нема да биде примена во ЕСЈН, односно ќе биде автоматски отфрлена за што и договорниот орган и економскиот оператор ќе бидат известени и истата нема да се прикаже при јавното отворање на понудите.

  • Отворање на понудите 5.1.1 На јавното отворање на понудите може да присуствува секое заинтересирано лице. 5.1.2 Само овластените претставници на понудувачите можат да учествуваат во постапката на јавно отворање на понудите со давање на свои забелешки во записникот од отворањето на понудите. 5.1.3 Овластените претставници на економските оператори на јавното отворање мораат да носат овластување потпишано од одговорното лице на економскиот оператор. Сите овластени претставници на економските оператори, присутни на јавното отворање, треба да потпишат евидентен лист. 5.1.4 Јавното отворање ќе се одржи на 10.06.2022 година, во 11:00 часот, во просториите на одделение за јавни набавки при ЈЗУ Општа болница - Куманово. 5.1.5 Доставените понуди се отвораат согласно Законот за јавните набавки и тоа: една по една, со читање на името на економскиот оператор, при што се констатира дали понудите се доставени според тендерската документација и дали се електронски потпишани, а потоа се пристапува кон читање на понудите по истиот редослед по кој тие се отворени, освен понудите, кои согласно Законот за јавните набавки, се исклучуваат од натамошната постапка. После тоа се пристапува кон читање на цените на понудата, вклучувајќи какви било попусти и постоењето на гаранција на понудата. Само попустите кои се прочитани на јавното отворање на понудата ќе се разгледуваат при евалуацијата на понудите. Ниту една понуда нема да биде отфрлена на отворањето на понудите. 5.1.6 Комисијата за јавни набавки ќе пристапи кон јавно отворање на понудите доколку е пристигната и само една понуда. 5.1.7 Во текот на отворањето на понудите се води записник од отворањето на понудите. 5.1.8 Записникот од јавното отворање на понудите по прикачувањето на ЕСЈН е достапен до понудувачите.

  • Измена, замена и повлекување на понудата 4.12.1 Понудувачите можат да ги изменат, заменат или повлечат своите понуди по поднесување на понудата, под услов измените, замените или повлекувањата да се добиени од договорниот орган пред крајниот рок за поднесување на понудите наведен во точка 4.10. 4.12.2 Измените, замените и повлекувањата на понудите се спроведуваат преку ЕСЈН во модулот „Поднеси понуда“, со додавање на нови документи, бришење на веќе поднесени документи или целосно повлекување на понудата. 4.12.3 Понудата не може да биде изменета, заменета или повлечена по крајниот рок за поднесување на понудите предвиден во точка 4.10. 4.12.4 Повлекувањето на понудата во периодот помеѓу крајниот рок за поднесување на понудите и истекувањето на периодот на важност на понудата ќе резултира со издавање на негативна референца согласно точка 4.6.1 .

  • ОБРАЗЕЦ НА ПОНУДА [меморандум на понудувачот]

  • ПРЕДМЕТ НА ОСИГУРУВАЊЕ (1) Со осигурување од ризикот кршење може да бидат опфатени: 1. Работен уред на товарни возила, автобуси, приколки, контејнери и работни возила; и 2. Влечни возила (трактори) и работни возила, во целина. (2) Моторот е составен дел на работниот уред само ако исклучиво служи за движење на работниот уред, а не и за движење - влечење на возилото во насоки. Ако истиот мотор истовремено служи за движење на возилото и за движење на работниот уред на возилото, не се смета за составен дел на работниот уред на возилото. (3) Шасијата, односно постољето на кое се наоѓа работниот уред, како и возачката кабина, каросеријата, трансмисијата и останатите делови на возилото што овозможуваат движење (влечење) на возилото во насока, во секој случај не се сметаат за работен уред односно за дел од работен уред. (4) Со осигурување е опфатено и маслото и полнењето во уредите. (5) Штетите на маслото и полнењата се надоместуваат во процентуална вредност во зависност од векот на траење одреден со важечките прописи. (6) Со потполно каско осигурување опфатени се и штетите на електрични и дизел-електрични локомотиви што се причинети од непосредно дејство на електрична енергија.

  • ДОГОВОРЕН ОРГАН I.1)Податоци за договорниот орган I.1.1)Назив на договорниот орган:Јавно сообраќајно претпријатие СКОПЈЕ I.1.2)Адреса:бул. А.Македонски 10 I.1.3)Град и поштенски код:Скопје 1000 I.1.4)Интернет адреса:xxx.xxx.xxx.xx X.1.5)Лице за контакт:Xxxxx XxxxxxxxxxXxxxxx на е- пошта:javninabavki@jsp.com.mkТелефон/Факс:02/3122-635/3174266 I.1.6)Дополнителни информации и тендерската документација може да се добијат: I.2)Категорија на договорен орган, негова главна активност или дејност: ДЕЛ II:ПРЕДМЕТ НА ДОГОВОРОТ ЗА ЈАВНА НАБАВКА II.1)Предмет на договорот за јавна набавка: II.1.1)Проценета вредност без ДДВ:1.250.000,00 ден. II.2)Вид на договорот за јавна набавка:Стоки - Купување Место на испорака на стоките или извршување на услугите, или локација на извршување на работите: II.3)Дали договорот е од опфатените дејности (секторски договор): II.4)Дали постапката ќе ја спроведе Централно тело:Не II.5)Групна набавка:Не II.6)Подетален опис на предметот на договорот за јавна набавка: Даден во техничките спецификации II.7)Референтна номенклатура за доделување на договор за јавна набавка (ОПЈН): II.8)Дали предметот на набавката е делив:Да 1 - ЦИЛИНДЕРСКИ СКЛОПОВИ ЗА МОТОР MERCEDES OM447.901/H - ЦИЛИНДЕРСКИ СКЛОПОВИ ЗА МОТОР MAN D2866 UM - ЛЕЖИШТА ЗА КОЛЕНАСТО ВРАТИЛО-РАДИЛИЦА; ПИКСНИ ЗА КЛИПЊАЧА И БРЕГАСТА ОСОВИНА ЗА МОТОР MERCEDES OM447.901/H И MAN D2866 UM Цилиндерски склопови за мотор MERCEDES OM447.901/H (спецификација бр. 7.3) 2 - ЦИЛИНДЕРСКИ СКЛОПОВИ ЗА МОТОР MERCEDES OM447.901/H - ЦИЛИНДЕРСКИ СКЛОПОВИ ЗА МОТОР MAN D2866 UM - ЛЕЖИШТА ЗА КОЛЕНАСТО ВРАТИЛО-РАДИЛИЦА; ПИКСНИ ЗА КЛИПЊАЧА И БРЕГАСТА ОСОВИНА ЗА МОТОР MERCEDES OM447.901/H И MAN D2866 UM Цилиндерски склопови за мотор MAN D2866 UM (спецификација бр. 7.4) 3 - ЦИЛИНДЕРСКИ СКЛОПОВИ ЗА МОТОР MERCEDES OM447.901/H - ЦИЛИНДЕРСКИ СКЛОПОВИ ЗА МОТОР MAN D2866 UM - ЛЕЖИШТА ЗА КОЛЕНАСТО ВРАТИЛО-РАДИЛИЦА; ПИКСНИ ЗА КЛИПЊАЧА И БРЕГАСТА ОСОВИНА ЗА МОТОР MERCEDES OM447.901/H И MAN D2866 UM Лежишта за коленасто вратило- радилица; пиксни за клипњача и брегаста осовина: за мотор OM447.901/H и MAN D2866 UM (спецификација бр. 7.6) II.9)Рамковна спогодба:Не II.10)Дозволено е поднесување на алтернативни понуди:Не II.11)Времетраење на договорот:

  • Алтернативни понуди 4.11.1 Во оваа постапка за доделување на договор за јавна набавка не се дозволени алтернативни понуди.

  • Известување за доделување на договорот за јавна набавка 6.2.1 По завршувањето на електронската аукција на јавниот дел од ЕСЈН автоматски се објавува и до сите учесници на аукцијата автоматски се испраќа известување за економскиот оператор кој поднел најниска цена во текот на негативното наддавање. Известувањето е од информативен карактер и не предизвикува правни последици. Исходот од електронската аукција е основ за донесување на одлука за избор на најповолна понуда. 6.2.2 Избраниот најповолен економски оператор ќе биде известен во електронска форма преку ЕСЈН дека неговата понуда е прифатена, најдоцна во рок од 3 (три) дена од донесувањето на одлуката за избор на најповолна понуда. Во исто време, и сите други економски оператори ќе бидат известени за резултатите од спроведената постапка, одлуката кој е најповолен економски оператор како и за причините за неизбор на нивната понуда. Економските оператори што учествувале во постапката имаат право на увид во извештајот од спроведената постапка.