Contract
ДОГОВОР ЗА ЧУВАЊЕ НА ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ
Склучен на:
Помеѓу ДОГОВОРНИТЕ СТРАНИ:
1. Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје со седиште ул. Македонија 9-11, 1000 Скопје
претставувано од
2.
со седиште
претставувано од
(во натамошен текст: Клиентот)
Предмет на договорот
Член1
Предмет
на овој Договор е регулирање на
правата, обврските и
должностите на договорните
страни, кои произлегуваат од нивните односи при извршување на услугите на чување на хартии од вредност, а поврзано со отварањето и водењето на сметки на хартии од вредност и старателска сметка за наменските парични средства на Клиентот во Банката.
Со овој Договор, Xxxxxxxx ја овластува Банката да извршува услуги за чување на хартии од
вредност, во согласност со инструкциите дадени од страна на Клиентот.
Клиентот поднесува барање за отворање на старателска сметка за хартии од вредност во име на
Банката
а за сметка на Xxxxxxxx, заедно
со документација неопходна за идентификација на
Клиентот согласно интерните прописи на Банката.
Банката ќе отвори и денарската и девизна старателска сметка за наменските парични средства на Клиентот.
Член 2
Чувањето на хартии од вредност ги вклучува следните услуги кои Банката ги нуди на Клиентот:
• Отварање и клиентите;
водење на
сметки за
хартии од
вредност во
свое име,
а за сметка на
• Отварање и
водење на
сметки на
хартии од
вредност за своите клиенти кои
не се
сопственици на тие хартии од вредност, а за сметка на нивните клиенти;
• Исплата на
достасани побарувања
од издавачите врз основа на достасани хартии од
вредност, камати и дивиденди за сметка на сопствениците на тие хартии од вредност;
• Известување за собранија на акционерите и застапување на тие собранија по налог на клиентот;
• Плаќање на даночни обврски на клиентот врз основа на хартии од вредност кои се во негова сопственост а по налог на клиентот;
• Останати услуги во договор со клиентот.
Отворање и управување на сметката за чување на хартии од вредност
Член 3
Банката
отвора и администрира
старателска сметка кај Депозитарот во име
на Банката,
а за
сметка на законскиот носител-Клиентот.
Банката не е одговорна за штета, направена на Клиентот или на трета страна заради работата на Депозитарот.
Член 4
Клиентот со овој Договор ја овластува Xxxxxxx од неговите старателски сметки за парични
средства да го исплати потребниот износ за порамнување на секоја извршена куповна трансакција со хартии од вредност која ќе биде потврдена со извештајот за тргување за сметка на Клиентот добиен од овластениот учесник.
Наплатите во врска продажбата на хартии од вредност ќе бидат извршени според поединечните инструкции даден од Клиентот. Клиентот може да издаде и трајни писмени инструкции до Банката.
Врз основа на овој Договор, Xxxxxxx е овластена без посебен налог од клиентот, да извршува
наплата
на сите приходи (дивиденди, камати, купони,
главници
и др.) кои
произлегуваат од
финасиските инструменти на сметка на Банката и да сметки за парични средства.
xx xxxxxxxxxx на неговите старателски
Банката има право од расположливите средства на старателска сметка за наменските парични средства, да плати или да се обезбеди дека трошоците, даноците, и другите такси ќе бидат бидат
платени, Договор.
како и трошоците поврзани со извршувањето
на услугите кои произлегуваат од
овој
Клиентот ја овластува Xxxxxxx во негово име и за негова сметка да ги пополни, потпише и да стави печат на сите формулари потребни за евиденција на трансакциите со хартии од вредност кои ќе се порамнуваат преку неговите старателски сметки.
Обврски на Клиентот
Член 5
Клиентот е должен при извршување на работењето со
Банката да
постапува по одредбите од
законите и законските и подзаконските акти, правилата на Комисијата за хартии од вредност,
Централниот депозитар за хартии од вредност, Народната банка и други подзаконски акти како и Општите правила за работење на чуварот на хартии од вредност на Банката и овој Договор.
Клиентот е должен совесно и во согласност со добрите работни обичаи и работен морал, да ги извршува превземените обврски по основ на работи кои за нивна сметка ги склучува Xxxxxxx.
Со извршување на овој Договор, Xxxxxxxx ќе биде обврзан:
▪ Да и ги обезбеди на Банката сите
информации и сите
документи кои се бараат за
отварање на
сметките, склучувањето на овој Договор и реализацијата
на активностите
според овој Договор;
▪ Пред склучувањето на трансакција,
да и обезбеди доволно средства
на старателската
сметка за на енските парични средства и на старателските сметки на хартии од вредност
за извршување на дадените инструкции на Банката, како и за покривање на давачките и трошоците за трансакцијата;
▪ Да и обезбеди овластување за пазарните посредници (брокерски куќи, банки) преку кои ќе се извршуваат трансакциите за купување/продавање на хартиите од вредност;
▪ Да ја извести Xxxxxxx за сите случувања или состојби кои може да имаат влијание врз исполнувањето на правата и обврските кои произлегуваат од овој Договор;
▪ Да ја извести Банката во случај на промена во овластувањата дадени на лица кои треба да работат со сметките и на овластените пазарни посредници (брокерски куќи, банки).
Надоместоци и провизии
Член 6
По основ на извршените услуги за чување на хартии од вредност за сметка на Клиентот, како и други услуги кои Банката ги извршува, Клиентот е должен на Банката да и плати провизија или друг надоместок утврден со Тарифата на Банката.
За извршување на услуги за чување на хартии од вредност, Клиентот се обврзува на Банката да и исплаќа месечен надомест, согласно Тарифата на Банката или посебно договорените услови.
Надоместокот се пресметува на основ на дневна нето вредност на паричните средства и хартиите од вредност на Клиентот и остварениот број на денови во пресметковниот период во однос на бројот на денови во тековната година.
Трошоците поврзани со ангажирање на Субдепозитарна банка или Централни депозитари и
услугите
и активностите што
ги вршат истите согласно нивните тарифи
не влегуваат во
надомес оците наведени во ставовите 2 и 3 на овој член.
Клиентот се обврзува да и го плати на Банката надоместокот најдоцна до датумот наведен во пресметката, а не подоцна од 8 дена од доставата на фактурата. Доколку Клиентот задоцни со
плаќање на надоместокот, Банката има право да пресмета камата во висина на законската
казнена камата.
Клиентот изјавува и се согласува дека Xxxxxxx е овластена да постави лимит на средствата на сметките на клиентот, кои тој ги има кај Банката по било кој основ, во висина на сите доспеани а
ненаплатени провизии и други
ненаплатени трошоци
кои може да произлезат по основ
овој
Договор, доколку истите не се подмирени согласно пропишаните рокови во овој Договор, и се до целосното измирување на истите.
Примање на налози
Член 7
Банката може да располага со финансиските инструменти на Клиентот само врз основ на издаден налог од страна на клиентот.
Клиентот
е одговорен за точноста и потполноста на податоците
во налозите, како и за
сите
последици кои можат да произлезат во случај на давање на неточни или непотполни податоци. Клиентот, налозите ќе ги издава на стандардизиран образец од Банката непосредно преку пошта, SWIFT, факс или е-маил и тоа од неговите регистрирани податоци, во спротивно Банката може да ја испита веродостојноста на налогот, пред негово извршување.
Член 8
Банката нема да постапи по налогот доставен од клиентот кој е непотполн, нејасен, погрешен или е доставен надвор од предвидениот рок. Во ваков случај, Xxxxxxx ќе го опомене клиентот на неисправност на налогот и ќе побара клиентот да достави исправен налог.
Одбивање на налог
Член 9
Xxxxxxx ќе го одбие приемот на налогот, односно извршување на налогот:
▪ Ако утврди дека на сметката на Xxxxxxxx нема доволно средства за подмирување на
неговите обврски кои ќе произлезат по основ на извршување на налогот за купување;
▪ Ако утврди дека Клиентот на сметката за хартии од вредност нема доволно хартии од вредност кои се потребни да се изврши налогот.
Исто така Xxxxxxx е должна да одбие извршување на налогот доколку има причина за основано сомнение дека со извршувањето на тој налог:
▪ Ќе се прекршат законските одредби финансирање на тероризам;
или законот за спречување на перење на пари и
▪ Ќе се случи казниво дело како што е кривично дело, стопански престап или прекршок.
Известувања од Банката
Член 10
Банката
го известува Клиентот
за реализираните трансакции на финасиски инструменти и
паричните средства поврзани за финансиските инструменти, обезбедувајќи изводи за состојба на сметките и промените кои се извршени на сметките на Клиентот.
За редовни известувања се сметаат:
▪ Извод од старателската сметка за хартии од вредност;
▪ Извод од сметката за наменските парични средства;
▪ Фактури;
▪ Детали за трансакциите за плаќање;
▪ Известување за извршување на налог;
▪ Пресметка на вредноста на хартиите од вредност.
Банката
е должна
на барање
на клиентот, веднаш
да издаде
известување
за состојба на
средствата на неговата старателска сметка, а најдоцна до три дена од доставеното барање.
Известувањето за Клиентот се испраќа на следните начини:
▪ Електронска пошта (е-маил), на е-маил адреса која клиентот ќе ја наведе во документите за регистрација на клиент;
▪ SWIFT;
▪ Пошта;
▪ Лично на рака.
Известувањето доставено на еден од договорените известување.
начини се
смета за уредно доставено
По пат на електрон ка пошта, Банката ќе му достави
на Клиентот
и информации во врска со
корпоративните активности на издавачите на хартиите од вредност во посед на Клиентот, како и сите други информации кои може да влијаат на средствата на Клиентот, во моментот кога Xxxxxxx ќе ги поседува овие информации, како и информации на барање на Клиентот кои Xxxxxxx може да ги обезбеди во опсегот на можностите.
Известувања од Клиентот
Член 11
Клиентот е должен во писмена форма, веднаш по настанатата промена, но не подоцна од 3 дена, да ја извести Банката за:
▪ Измените, односно дополнувањата на актите за основање и статутот;
▪ Промени на раководството и други лица овластени за работење со Банката;
▪ Промена на адресата и контакт подaтоците;
▪ Статусни промени;
▪ Добивање, односно престанок на статусот на клиент кај берзански посредник;
▪ Зголемување, односно намалување на основниот капитал;
▪ Кога Xxxxxxxx станал инсолвентен;
▪ Кога на Клиентот му е отпочната постапка за присилна наплата, стечај или ликвидација;
▪ Други податоци важни за работите кои Xxxxxxx ги извршува во име на клиентот.
Клиентот презема целосна одговорност за сите последици и можна штета кои може да произлезат како резултат на ненавремено известување за сите тие промени.
Контакт податоци
Член 12
Известувањата и инструкциите (налозите) кои се испраќаат од страна на една договорна страна на другата се испраќаат на следните адреси:
Адреса на Банката :
Овластени лица на Банката:
Име:
Тел:
е-пошта:
Адреса на Клиент:
Овластени лица на Клиент:
Име:
Тел:
е-пошта:
Евентуалните промени на овластените лица или нови овластени лица мора да бидат дадени на другата страна на писмено.
Банката нема да биде одговорна за штети доколку постапува по инструкциите или известувањата кои имаат потпис, полномошно, лозинка, код или друга препознатлива назнака за автентичност на Клиентот кои подоцна ќе бидат определени дека не биле автентични.
Право на гласање
Член 13
Врз основа на налог за застапување добиен од Клиентот, Банката овластува вработено лице од
Банката
или трето
лице да присуствува на
собрание
на акционери на издавач на хартии од
вредност во посед на Клиентот и да оствари право на глас во име и за сметка на Xxxxxxxx во согласност со дадениот налог.
Изјави и гаранции на Клиентот
Член 14
Клиентот гарантира и е одговорен за информациите да бидат целосни и точни и обезбедени на време.
Клиентот потврдува гарантира:
▪ Дека Клиентот ги има добиено сите одобренија и дозволи неопходни за склучување на овој Договор;
▪ Дека Xxxxxxxx има право и е надлежен да склучува трансакции поврзани со овој Договор и дека Xxxxxxxx ги добил сите неопходни одобренија и дозволи за да ги склучува;
▪ Дека склучувањето на трансакциите поврзани
со овој Договор не е
во конфликт со
основачките документи и статутот на Клиентот и/или договорните документи склучени со трети страни;
▪ Дека Клиентот сега и во иднина ќе ја известува Xxxxxxx за сите факти и податоци, кои биле
познати или
треба да бидат познати и може
да влијаат
на одлуката на Банката за
склучување на овој Договор, како и извршувањето на услугите кои произлегуваат од овој
Договор, и дека сите информации
кои се дадени, или ќе
бидат дадени на Банката,
поврзани со овој Договор се точни и целосни;
▪ Дека е запознаен со одредбите од
законите и
законските
и подзконските акти кои се
однесуваат на предметот на овој договор, како чуварот на хартии од вредност на Банката.
и со Општите правила за работење на
Плаќања на Клиентот
Член 15
Доколку
не е поинаку пропишано со овој
Договор сите парични
плаќања од
овој Договор се
извршуваат преку старателски сметки за наменските парични средства:
• Сметка број денарска сметка;
• Сметка број девизна сметка.
Извршување на старателски услуги на странски пазари
Член 16
Банката
за Клиентот извршува
старателски услуги и
на странските пазари
на капитал, во
согласност со својата политика, правна регулатива и работни активности на странскиот пазар.
Банката овие активности ги извр ува преку Субдепозитарна банка или Централни депозитари.
При изборот на Субдепозитарна банка или Централен депозитар, Банката води сметка за
законските обврски, стручноста и пазарната репутација земајќи ги во обзир и сите регулаторни барања кои можат негативно да се одразат на правата на Клиентот.
Банката кај Субдепозитарна банка или Централниот депозитар ќе ги чува странските финансиски
инструменти во име на Xxxxxxx, а за сметка на своите клиенти, на одвоена или збирна сметка,
под услови одредени од Субдепозитарната банка или Централниот депозитар, како правилата и праксата кои важат и се применуваат на конкретниот пазар на капитал.
Банката
ќе обезбеди порамнување на склучените
трансакции
со странските финансиски
инструменти, кога
клиентите
се овластени да располагаат со
тие странски финансиски
инструменти, по приемот на потврдата за порамнување на трансакцијата од Субдепозитарната банка или Централниот депозитар.
Одговорности
Член 17
Одговорноста на Банката која произлегува од неизвршување на нејзините обврски во делот на активностите кои се наведени во овој Договор, се ограничува во висина на пазарната вредност на хартиите од вредност во периодот на неизвршување на обврските. Банката не е одговорна за
загуба на профит на Клиентот,
или за штета која не
произлегува како директен резултат на
неизвршувањето на законските обврски на Банката. Ограничување на одговорноста според оваа
одредба не се применува, ако штетата е предизвикана крајно невнимание.
од страна
на Банката
намерно или со
Банката
исто така
не е одговорна за штета која е
предизвикана од неочекуван развој на
финансискиот пазар, прекин на
комуникациски медиум
(пр. прекин на интернет конекција или
софтвер ки програм) и било кој друг технички проблем, доколу
истиот не е
предизвикан од
Банката. Банката исто така не е одговорна за штета предизвикана над Клиентот, како резултата на извршувањето на клиентските налози или инструкции дадени во Банката, или како резултат на вршење на нејзината дејност врз основа на клиентските известувања.
Клиентот ќе ја обештети Xxxxxxx за било каква штета, одговорност, зголемени побарувања или
трошоци (вклучувајќи ги и правните давачки), направени од страна на Xxxxxxx а во врска со
вршење на налозите или инструкциите на Клиентот. Xxxxxxx не е одговорна за точноста ниту пак за законитоста на налозите или инструкциите на Клиентот.
Клиентот на Банката треба да и овозможи соодветен временски период за извршување на налози или инструкции согласно овој Договор. Банката не е одговорна за оштетувања кои би можеле да настанат како последица од ненавремено доставување на налози или инструкции од страна на Клиентот до Банката.
Рок на договорот
Член 18
Овој Договор е склучен на неограничен период и може да биде раскинат со взаемна согласнот на двете страни или по сила на закон.
Секоја од страните на Договорот може да го раскине Договорот со период за откажување од 30 дена, испраќајќи писмено препорачано известување или барање за раскин, без наведување на причината за тоа.
Овој договор ќе се смета за раскинат во случај кога едната страна нема да ги исполни своите
обврски ниту во дополнителен период од 3 (три) работни дена од
денот кога
со препорачано
писмено известување доставено од другата договорна страна е известена за непочитувањето на своите обврски.
Правата и обврските на договорните страни остануваат на сила за времетраењето на отказниот
рок, вклучувајки го,
без ограничување, правото на Банката да ги наплати
сите провизија и
надомес оци утврден со Тарифата на Банката.
Право на задржување
Член 19
Банката има право и е овластена да изврши задршка на хартиите од вредност на клиентот со цел
да ги осигура своите побарувањ та од клиентот врз основа на овој Договор. Доколку Клиентот не
ги плаќа
доспеаните
обврски врз основа на овој договор, Xxxxxxx има право да ги продаде
задржаните хартии
од вредност, избрани
од страна
на Банката врз основа на нејзиното
дискреционо право (без било каква одговорност кон Клиентот за таквиот избор) и да ги искористи средствата од продажбата за затворање на долгот на Клиентот. Во оваа насока Xxxxxxx исто така е овластена да изврши конверзија на добиените средства од продажбата хартиите од вредност по девизен курс кој е прифатлив за Банката, а зарaди затворање на побарувањата на Банката во валута во која се настанати.
Член 20
Во случај на раскин на Договорот, на денот на раскинот, Xxxxxxx ќе:
▪ Направи трансфер на хартиите од вредност од старателската сметката на Клиентот, на сметка за хартии од вредност доставена до Банката од страна на Клиентот;
▪ Ќе ги исплати паричните средства, кои ги чува на старателска сметка за наменски парични средства според писмените инструкции на Клиентот.
Пред истекот на отказниот рок, а најдоцна на денот на раскин на договорот, клиентот е обврзан да и ги плати на Банката сите обврски кои произлегуваат по основ на овој Договор, да ги повлече
хартиите
од вредност кои се доставени во
Банката на
чување и
да и достави инструкции на
Банката за трансфе на останатите хартии од вредност од Сметките за хартии од вредност на
соодветни сметки управувани од други лица. Доколку Клиентот не ги повлече хартиите од
вредност
кои се доставени во
Банката на
чување или не достави инструкции на Банката за
трансфер на останатите хартии од вредност од Сметките за хартии од вредност, Банката има право да ги продаде хартиите од вредност на Клиентот и да му ги достави на Клиентот средствата од продажбата намалени за реалните трошоците за вршење на продажбата.
Општи правила и тарифник на Банката
Член 21
Клиентот експлицитно изјавува дека ги примил Општите правила
пред потпишувањето на
овој
Договор, детално ги азгледал и целосно се согласува и ги прифаќа.
Клиентот експлицитно изјавува дека е запознаен со Тарифникот на Xxxxxxx.
Општите правила и Тарифникот на Банката стануваат дел од овој Договор кога овој Договор ќе биде потпишан од двете договорни страни.
Општи одредби
Член 22
Секоја измена на овој Договор треба да биде усогласена помеѓу договорните страни на писмено, со анекси кон овој Договор, кои стануваат дел од овој Договор.
Договорните страни
Член 23
се согласуваат, дека доколку
овој Договор и Општите правила не
определуваат поинаку, Xxxxxxx не прифаќа одговорност во врска со советување, надзор или други индиректни обврски, кои би биле поврзани со хартиите од вредност.
Доверливост и заштита на под тоци
Член 24
Клиентот
и Банката
со овој документ преземаат обврска дека ќе
ги сметаат
сите податоци и
информации, здоби
ни во врска со Договорот или поврзани со
неговото
извршување
како
доверливи, освен доколку не применливото законодавство.
е поинаку
пропишано
или доколку е регулирано поинаку со
Истите податоци не смеат да ги соопштуваат на трети лица, ниту да се дозволи на трети лица да ги користат истите.
Со исклучок, податоци кои можат да се соопштуваат и доставувaат на увид на трети лица се:
• Ако странката дала писмена согласност за нивно откривање;
• На писмено барање или налог на надлежен суд;
• На барање на Комисијата за хартии од вредност за вршење на контрола врз работењето на Банката;
• На писмено барање на Народната банка за потребите на супервизијата;
• На Управата за спречување на перење пари и финансирање на тероризам;
• На писмено барање на друг орган овластен со закон.
Со потпишувањето на Договорот, Xxxxxxxx се согласува и и дозволува на Xxxxxxx да ги проследи личните податоци до Централниот Депозитар за хартии од вредност или субдепозитарот ако тоа е
неопходно, а со цел извршување на правата и обврските за сметка на Клиентот, доколку тоа го бара законската регулатива на тој пазар на капитал.
Член 25
Со потпишување на вој Договор, Xxxxxxxx изјавува дека дозволува обработка на лични податоци,
низ период на важност на Договорот и во согласност со соодветното законодавство.
Член 26
Банката превзема обврска да обезбеди заштита на личните податоци на Клиентот, во согласност со законската регулатива и правилата на Банката за заштита на лични податоци.
Решавање на спорови и примена на право
Член 27
Доколку
дел од овој Договор од страна на
Суд или друго надлежно тело биде прогласен за
xxxxxxxx, таквата ништовност нема да влијае на другите одредби на овој Договор и таквите други одредби ќе останат во сила.
Член 28
Овој Договор се уредува согласно законите на Република Македонија.
Договорните страни се согласуваат да се обидат да ги решат по мирен пат сите можни спорови кои произлегуваат од овој Договор, во спротивно судот во Скопје ќе биде надлежен за нив.
Член 29
Договорот е склучен и важечки во моментот кога ќе биде потпишан од страна на овластените лица на двете договорни страни.
Член 30
Овој Договор е направен и потпишан во 2 (две) идентични копии на македноски јазик и 2 (две)
идентични копии на англиски јазик, од кои по една копија за секоја договорна страна. Македонската верзија ќе преовладува во случај на неусогласеност.
Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје Клиент