Contract
Закон за задолжување на Република Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој - Светската банка по Договорот за заем за Првиот заем за развојна политика - ДПЛ 1
Службен весник на РМ бр.31 од 03.03.2010 година
Член 1
Република Македонија се задолжува кај Меѓународната банка за обнова и развој - Светската банка со заем во износ од 20.500.000 ЕВРА, наменет за реализација на Првиот заем за развојна политика - ДПЛ 1.
Член 2
Условите и начинот на користење на заемот од член 1 од овој закон, се утврдуваат со Договор за заем за Првиот заем за развојна политика - ДПЛ 1, кој ќе се склучи помеѓу Владата на Република Македонија и Меѓународната банка за обнова и развој - Светската банка.
Во име на Република Македонија, Договорот за заем од став 1 на овој член ќе го потпише министерот за финансии или од него овластено лице.
Член 3
Рокот за отплата на заемот од член 1 од овој закон е 25 години, со вклучен xxxxx период од 8 години.
Каматната стапка е шестмесечен ЛИБОР со варијабилен распон (за евро валута).
На денот на повлекувањето на средствата од заемот, Република Македонија ќе и плати на Меѓународната банка за обнова и развој - Светската банка еднократна провизија во износ од 0,25 % од износот на заемот.
Заемот ќе се отплаќа на 34 полугодишни рати, на секој 15-ти март и 15-ти септември во годината. Од 15-ти март 2018 година до 15-ти март 2034 година ќе се отплатат 33 полугодишни рати секоја во износ од 2.94 % од износот на заемот, додека на 15-ти септември 2034 година ќе се отплати последната рата во износ од 2.98% од износот на заемот.
Член 4
Корисник на средствата од заемот од член 1 на овој закон е Министерството за финансии.
Член 5
Република Македонија, заемот од член 1 на овој закон ќе го отплаќа од Буџетот на Република Македонија.
Член 6
Овој закон влегува во сила со денот на објавувањето во "Службен весник на Република Македонија".