Contract
Овој текст беше усвоен од страна на Техничкиот комитет за царинска вредност и е предмет на одобрување од страна на советот на СЦО
Советодавно мислење 4.17
Авторски права и надоместоци за лиценца согласно Членот 8.1 (в) од Договорот
1. Компанијата А (увозникот, купувачот и корисникот на франшизата) во земјата И влегла во договор за франшиза со компанија Б (извозникот, продавачот, давателот на франшизата) на земјата Е, за да води продавници под брендови на давателот на франшизата во земјата X. Според договорот за франшиза, компанијата А може да купува само од компанијата Б, или од оние компании кои се овластени од компанијата Б, суровини кои треба да ги користи за да произведува во земјата И готови производи што компанијата А ги продава во своите продавници. Суровините не се патентирани ниту се заштитени со било какви права на интелектуална сопственост. Покрај тоа, компанијата А може да ги купува суровините од добавувачи од трети страни кои продаваат по пониски цени, кои што се прописно овластени од компанијата Б во насока на задоволување на барањата за квалитет. Како услов од договорот за франшиза, компанијата А плаќа на компанијата Б за користење на брендовите и системот, авторски права, кои се пресметани како процент од бруто продажбата на финалните производи на компанијата А произведени користејќи суровини увезени од компанијата А.
Во овој случај, кога увезените суровини не се заштитени со патент или со било какви права на интелектуална сопственост како што е споменато погоре, под "брендови" се подразбира регистрирани брендови или сервисни ознаки или други комерцијални симболи во работењето на продавниците. "Систем" се однесува на бизнис системи и процеси поврзани со работењето на продавниците.
Прашањето е, дали надоместоците за авторски права за увезената стока (суровини) кои се платени согласно договорот за франшиза, треба да се додадат на вистински платената цена или цената која треба да се плати според член 8.1 (в) од Договорот.
2. Техничкиот комитет за царинска вредност го изрази следниов став:
При утврдувањето на царинската вредност според одредбите од член 1 од Договорот, треба да се додадат на вистински платената цена или цената која треба да се плати за увезената стока оние авторски права и надоместоци за лиценца кои се поврзани со стоката што се вреднува, кои купувачот мора да ги плати, директно или индиректно, како услов за продажба на стоката која се вреднува, до оној степен до кој приходите од авторски права и лиценци не се вклучени во вистински платената цена или цената која треба да се плати, како што е предвидено во Член 8.1 (в) од Договорот.
Во овој случај, увезената стока (суровини) што се вреднува, иако е неопходна и суштинска за производството на производите и треба да се купи од давателот на франшизата или од трета страна овластена од давателот на франшизата за да ги исполни барањата за квалитет, не е брендирана стока ниту пак е патентирана или произведена според патентиран процес, за која плаќањето е направено.
Исплатата на авторските хонорари не е поврзана со увезената стока (суровини), туку е поврзана со употребата на брендовите и системот на давател на франшизата во производството и продажбата на производите кои се носители на интелектуалната сопственост (брендот) на давателот на франшизата.
Надоместоците за авторски права кои ги плаќа корисникот на франшизата не треба да се додадат на вистински платената цена или цената која треба да се плати за увезената стока според одредбите од член 8.1 (в).