Contract
Врз основа на член 101 став 4 точка 7 од Статутот на “Жито Полог” АД – Тетово, Пречистен текст, Одборот на директори на својата седница одржана на ден 03.12.2014 година ја донесе следната,
О Д Л У К А
За пристапување кон долг
1.Се одобрува склучување на договор за пристапување кон долг помеѓу АД Скопско Поле с.Петровец, Жито Полог АД – Тетово и ТТК Банка АД – Скопје со кој договор, Жито Полог АД – Тетово пристапува со Договор за рамковен револвинг кредит лимит врз основа на заложно право бр.03.1446/1 склучен на ден 26.02.2014 година помеѓу Жито Полог АД – Тетово и ТТК БАНКА АД- Скопје и Анекс бр.1 кон истоимениот договор бр.03-7914/1 склучен на ден 29.10.2014 година, заради обезбедување по Анекс бр.1 на Договорот за Платежна гаранција ГП 2014/161 и Анекс бр.1 по Договорот за Платежна гаранција ГП 2014/162 од 12.11.2014 година склучени помеѓу АД Скопско Поле x.Xxxxxxxx и ТТК Банка АД – Скопје .
2. Заради обезбедувањето на побарувањето на банката по Договорите за платежна гаранција и Анексите цитирани во точка 1 од оваа Одлука , се дава согласност да Жито Полог АД – Тетово грантира со недвижниот имот врз кој е засновано и упишано заложно право - хипотека по Договор за рамковен револвинг кредит лимит врз основа на заложно право бр.03.1446/1 склучен на ден 26.02.2014 година помеѓу Жито Полог АД – Тетово и ТТК БАНКА АД- Скопје и анекс бр.1 кон истоимениот договор бр. .03-7914/1 склучен на ден 29.10.2014 година и тоа :
Деловна зграда на ул.Маршал Тито б.б Тетово по Имотен лист бр.14363 КО – Тетово 1, зграда 3, влез 1 кат приземје, намена 540 со површина од 804м2, зграда 3, влез 1, кат 01 , намена 540 со површина од 432 м2, зграда 3, влез 1, кат 02, намена 540, со површина од 432 м2, зграда 3, влез 1, кат 03, намена 540, со површина од 432 м2, зграда 3, влез 1, кат 04, намена 540, со површина од 432 м2,или сите четири со вкупна површина од 2532 м2 сопственост на Жито Полог АД – Тетово на основа Имотен лист бр.14363 на КП бр. 3132 дел , КО Тетово 1 и
Деловна зграда на ул.Маршал Тито б.б Тетово по Имотен лист бр.14363 КО – Тетово 1, зграда 4, влез 1 кат приземје, намена 540 со површина од 593 м2, сопственост на Жито Полог АД – Тетово на основа Имотен лист бр.14363 на КП бр. 3132 дел , КО Тетово 1
Деловна зграда на ул.Маршал Тито б.б Тетово по Имотен лист бр.14363 КО – Тетово 1, зграда 6, влез 1 кат приземје, намена 540 со површина од 259 м2, сопственост на Жито Полог АД – Тетово на основа Имотен лист бр.14363 на КП бр. 3132 дел , КО Тетово 1
како и:
-земјиште под зграда бр.3, КП бр. 3132/1 КО – Тетово 1, в.м. М.Тито, катастарска култура земјиште под зграда со површина од 1343 м2, сопственост на Жито Полог АД – Тетово видно од Имотен лист бр. 101684 за КО Тетово-1 издаден од Агенција за катастар на недвижности Тетово ;
-земјиште под зграда бр.4, КП бр. 3132/1 КО – Тетово 1, в.м. М.Тито, катастарска култура земјиште под зграда со површина од 791 м2 , сопственост на Жито Полог АД – Тетово видно од Имотен лист бр. 101684 за КО Тетово-1 издаден од Агенција за катастар на недвижности Тетово и
-земјиште под зграда бр.6, КП бр. 3132/1 КО – Тетово 1, в.м. М.Тито, катастарска култура земјиште под зграда со површина од 59 м2 , сопственост на Жито Полог АД – Тетово видно од Имотен лист бр. 101684 за КО Тетово-1 издаден од Агенција за катастар на недвижности Тетово .
Се овластува Илоски Зоран овластено лице за застапување на друштвото и Генерален Извршен директор на Жито Полог АД – Тетово да го потпише договорот за пристапување кон долг како и да ги преземе сите потребни дејства и да ја обезбеди целокупната документација потребна за заверка на договорот пред нотар.
Оваа одлука стапува во сила со денот на донесувањето.
ОДБОР НА ДИРЕКТОРИ
ПРЕТСЕДАТЕЛ,
Xxxxxxxx Xxxxxxx Xxxxxxxxx