Слика 1 iFrame url
УПАТСТВО:
Се најавувате како локален администратор на институција. Од менито Корисници пристапувате до линкот Договорен орган и во делот Изберете опција за интеграција за која сте интегрирани на Вашиот веб сајт или сакате да се интегрирате ги селектирате checkbox полињата за да се отвори iFrame url за соодветната опција за интеграција. Достапни се iFrame url за Планирани набавки, Објавени огласи, Склучени договори и Реализирани договори. За секоја опција за интеграција го селектирате checkbox - от и имате достапни “HTML” тагови кои потребно е да ги копирате и да ги испратите до одржувачите на веб-сајтот на Вашата институција за да можат соодветно да ги внесат.
Доколку веќе сте интегрирани, Ве молиме само селектирајте ги checкbox-овите пред опциите соодветно!
Слика 1 iFrame url
Откако “HTML” таговите се внесени на Вашата интернет страница, автоматски ќе се прикажуваат податоците од годишните планови, огласите, склучените договори и известувањата за реализиран договор објавени на ЕСЈН.
Слика 2 Планирани набавки на веб страницата на Бирото за јавни набавки
Слика 3 Објавени огласи на веб страницата на Бирото за јавни набавки