Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ Скопје – Maшински Факултет Скопје, со седиште на адреса Карпош II бб, Скопје, жиро сметка број 160010427878811 депонент на Народна Банка на Република Македонија, со ЕМБС6462804, ЕДБ4057009100098, застапуван од деканот...
ДОГОВОР
ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ПРАКТИЧНА НАСТАВА НА СТУДЕНТИ
Склучен во Скопје помеѓу:
Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ Скопје – Maшински Факултет Скопје, со седиште на адреса Карпош II бб, Скопје, жиро сметка број 160010427878811 депонент на Народна Банка на Република Македонија, со ЕМБС6462804, ЕДБ4057009100098, застапуван од деканот д-р Xxxxxx Xxxxx (во понатамошниот текст: „Факултетот“ или „Корисник на практична настава “)
и
Фирма АБЦ, со седиште на адреса ул. ______________________, со жиро сметка број ___________________________во __________ банка АД, Скопје, со ЕМБС ______________, ЕДБ ___________________, застапувано од Управителот _________________________, (во понатамошниот текст: „Фирма АБЦ“ или „Давател на практична настава“, а заедно со Корисникот на практична настава „Договорни страни“)
ПРЕДМЕТ НА ДОГОВОРОТ
Член 1
Предмет на овој договор е уредување на меѓусебните права и обврски на Договорните страни, а кои произлегуваат од организирањето на практична настава од страна на Давателот на практичната настава, за потребите на Корисникот на практична настава за реализирање на наставно-научниот процес согласно важечката законска и подзаконска регулатива.
Член 2
Давателот на практична настава ќе организира практична настава за студентите кои студираат кај Корисникот на практичната настава (во понатамошниот текст: „Студенти“), а согласно:
Планот и програма за практична настава на Давателот на практичната настава и Корисникот на практична настава;
Процесите на деловно функционирање на Давателот на практична настава и
Начинот и условите за организирање на практична настава пропишани од Министерот за образование и наука.
ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ПРАКТИЧНА НАСТАВА
Член 3
Договорните страни се согласни за временскиот период на важење на Договорот практичната настава за Студентите да се организира согласно потребите на Корисникот на практична настава.
Потребата од користење на практична настава Корисникот на практична настава ќе ја најавува со доставување на предходно писмено барање до Давателот на практична настава.
Во писменото барање од став 2 на овој член треба да биде наведено:
Потребното времетраење на практичната настава;
Знаењата и практичните искуства кои, според студиската програма и програмата за практична настава на Корисникот на практична настава, е потребно да ги стекнат Студентите за време на практичната настава;
Бројот на студенти кои треба да посетуваат практична настава.
Писменото барање потребно е да се достави до Давателот на практична настава (30) триесет дена пред денот кога Xxxxxxxxxx на практична настава би сакал да започне практичната настава.
Давателот на практичната настава ќе оцени дали има можност за организирање на практична настава и писмено ќе го исвести Корисникот на практична настава за периодот на изведување на практичната настава, бројот на студентите и во кои организациски единици кај Давателот на практична настава ќе се изведуваат поединечните практични настави.
Одговорното лице на Факултетот задолжено за реализирање на овој договор е должно 10 дена пред отпочнување на практичната настава да достави до Давателот на практична настава листа на студенти кои ќе бидат опфатени со практичната настава.
Листата на студенти потребно е за секој студент да ги содржи податоците утврдени со член 5 од овој договор.
Оваа листа е потребно да биде потврдена од страна на Xxxxxxxxx на практична настава.
МЕСТО НА РЕАЛИЗИРАЊЕ
Член 4
Студентите практичната настава ќе ја изведуваат во седиштето на Давателот на практична настава.
Договорните страни заеднички ќе утврдуваат во кои организациските единици кај Давателот на практична настава ќе биде организирана студентската пракса.
ПРАВА И ОБВРСКИ НА ДОГОВОРНИТЕ СТРАНИ
Член 5
Корисникот на практична настава е должен за секој студент опфатен со практичната настава на Давателот на практична настава да му ги обезбеди следниве податоци:
Име и презиме;
Кој циклус и која предметна настава ја посетува студентот.
Податоците од став 1 од овој член Корисникот на практична настава ќе ги достави согласно член 3 став 6 од овој договор, а по прифаќањето на Барањето за организирање на студентска пракса.
Член 6
За изведување на практична настава Давателот на практична настава се обврзува да ги обезбеди сите неопходни услови за нормално остварување и изведување на истата.
Давателот на практична настава има обврска да обезбеди достапност на информациите потребни за Студентите, како и да ги запознае Студентите со сите права и обврски кои се должен да ги почитуваат за временскиот период на студентската пракса.
Давателот на практична настава е должен да води евиденција на присутност на студентите кои реализираат практична настава.
Член 7
Корисникот на практична настава и Давателот на практична настава имаат право и се должни да вршат надзор при остварувањето на практичната настава од Студентите.
Член 8
Давателот на практична настава по завршува на практичната настава на секој студент кој ја посетувал истата ќе му издаде Потврда за извршената практична настава, во која ќе бидат назначени видот на работите опфатени со практичната настава, однесувањето на Студентите при извршувањето на практичната настава, како и покажаниот успех при практичната настава.
НАДОМЕСТ ЗА ИЗВРШЕНАТА ПРАКТИЧНА НАСТАВА
Член 9
За организираната практична настава Корисникот на практична настава не плаќа надомест. Студентите не добиваат надомест за времетраењето на практичната настава.
ЗАШТИТА НА ДОВЕРЛИВИ ИНФОРМАЦИИ (ДЕЛОВНА ТАЈНА)
Член 10
Корисникот на практична настава не смее да открива информации кои се поврзани со остварувањето на правата и обврските од овој договор, ниту информации кои се поврзани со работењето, деловното функционирање и деловните контакти на Даватаелот на практична настава, информации кои се сметаат за доверливи односно деловни тајни, на лица кои не се овластени за исполнување на правата и обврските од овој договор.
Студентите не смеат да откриваат информации кои се поврзани со работењето, деловното функционирање и деловните контакти на Давателот на практична настава, информации кои се сметаат за доверливи односно деловни тајни, на лица кои не се овластени за исполнување на правата и обврските од овој договор.
Доколку Корисникот на пратична настава или Студентите откријат информација како од став 1 и 2 на овој член, се сметаат за одговорни согласно позитивните законски прописи и се должни да ја надоместат штетата предизвикана со откривањето на информацијата.
Барањето за заштита на информациите кои се сметаат за доверливи, односно за деловни тајни го обврзува Корисникот на практична настава и Студентите како за времето на важење на Договорот, така и по престанувањето на истиот.
ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Член 11
Давателот на практична настава се обврзува да обезбеди тајност и заштита на личните податоци на Студентите. Личните податоци на Студентите ќе се користат само за цели определени со овој договор, а ќе се обработуваат согласно Законот за заштита на личните податоци и подзаконските прописи на Република Македонија, со применување на соодветни технички и организациски мерки за заштита.
Студентите се обрзуваат за времетраење на практичната настава да вршат обработка на личните податоци согласно со упатствата добиени од Давателот на практична настава, да ги чуваат како доверливи личните податоци како и мерките за нивна заштита.
Студените ќе бидат запознаени со начелата за заштитата на личните податоци и техничките и организациските мерки за обезбедување на тајност и заштита на обработката на личните податоци пред нивниот пристап до личните податоци, односно пред започнување на практичната настава.
Член 12
Обврската на студентите од член 10 и член 11 од овој договор ќе се регулира со потпишување на посебна Xxxxxx за заштита на лични податоци и чување на доверливи информации (деловна тајна).
Студентите за кои ќе биде реализирана практичната настава пред отпочнување на истата се должни да ја потпишат Изјавата од став 1 на овој член.
ВРЕМЕТРАЕЊЕ И ПРЕСТАНОК НА ДОГОВОРОТ
Член 13
Овој договор се склучува на неопределено време.
Договорот влегува во сила со денот на неговото потпишување.
Секоја договорна страна може да го раскине Договорот со доставување на отказ во писмена форма, во рок од 30 дена пред денот на раскинување на Договорот (отказен рок).
Секоја договорна страна може да го раскине Договорот веднаш, со доставување на отказ во писмена форма, без отказен рок од 30 дена, доколку другата Договорна страна тешко ги прекршува договорните одредби.
ИЗМЕНА НА ДОГОВОРОТ
Член 14
Условите на овој договор може да бидат променети со взаемна писмена согласност на Договорните страни.
Сите измени и дополнувања на овој договор ќе се регулираат со Xxxxx кон Договорот по претходна взаемна согласност.
ВИША СИЛА
Член 15
Договорните страни нема да бидат одговорни за неисполнување или доцнење со исполнување на обврските, како резултат на причини или околности настанати по влегување во сила на овој договор, а кои не можеле да се предвидат ниту да се отстранат (виша сила).
ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Член 16
За се што не е предвидено со овој договор ќе се применуваат одредбите од важечките позитивни законски прописи на територија на Република Македонија.
Член 17
Сите евентуални спорови и недоразбирања кои би произлегле од овој договор, Договорните страни ќе ги решаваат во духот на добрите деловни обичаи со меѓусебно договарање.
Сите евентуални спорови кои би произлегле од овој договор, а кои договорните страни не би можеле да ги решат спогодбено, ќе ги решава Основниот суд Скопје 2, Скопје.
Член 18
Овој договор е составен во 4 (четири) еднообразни примероци од кои по 2 (два) примерока за секоја од договорените страни.
Корисник на практична настава, Машински факултет Скопје Декан
Проф. д-р Xxxxxx Xxxxx
|
Давател на практична настава, ____________________________ Управител
______________________
|
Страна 5 oд 5