Contract
УСЛОВИ ЗА КАСКО ОСИГУРУВАЊЕ НА МОТОРНИ И ШИНСКИ ВОЗИЛА
-Пречистен текст
ВОВЕДНИ ОДРЕДБИ
(1) Овие Услови за каско осигурување на моторни и шински возила (во натамошен текст: Услови), во зависност од содржината на договорот за осигурување, се применуваат на: 1) каско осигурување на моторни возила;
2) осигурување од кршење;
3) осигурување на багаж, патни колекции на примероци на стока и други предмети во моторни возила.
(2) Одделните изрази употребени во овие Услови ги имаат следните значења:
1) „осигурувач” - Акционерско друштво за осигурување ЕУРОЛИНК - Скопје;
2) „договарач на осигурување” - лице кое со осигурувачот склучило договор за осигурување;
3) „осигуреник” - лице чиј предмет, односно имотен интерес е осигурен и на кое му припаѓаат правата од осигурување;
4) „премија” - износ што се плаќа по договорот за осигурување;
5) „сума на осигурување” - износ на кој возилото, друг предмет или имотниот интерес е осигурен, ако од содржината на договорот за осигурување не произлегува нешто друго;
6) „осигурен случај “ – иден, неизвесен и независен од вољата на осигуреникот
настан со оглед на кој се склучува осигурувањето и кој може да доведе до остварување на отштетно побарување;
7) 7) „полиса “ - договор за осигурување.
8) „франшиза“ – паричен износ со кој осигуреникот учествува во секоја
штета, утврден во овие Услови или договорен со полисата,;
9) „ ризик кражба“- кражба, тешка кражба, разбојништво, разбојничка кражба и одземање на моторно возило.
I. КАСКО ОСИГУРУВАЊЕ НА МОТОРНИ ВОЗИЛА
Член 1 Предмет на каско осигурување на моторни возила
(1) Предмет на осигурување се сите видови моторни, приклучни, работни и шински возила (во натамошен текст “возила”), заедно со аудио, видео и телекомуникациска опрема, алат и прибор стандардно испорачани од производителот.
(2) Ако посебно се договори, предмет на осигурување може да биде дополнителната опрема во возилото од член 7, со плаќање на посебна премија за дополнителна опрема. Осигурувањето може да се склучи со потполно и делумно каско осигурување.
(3) Ако посебно се договори, предмет на осигурување можат да бидат трошоци поради некористење на осигуреното возило заради остварен осигурен случај. Осигурувањето може да се склучи само со потполно каско осигурување со плаќање на посебна премија.
Член 2 Обем на осигурување
(1) Осигурувањето може да биде склучено како потполно или делумно каско осигурување и тоа:
1) „потполно каско осигурување од сите ризици “опфатени со член 3 од овие Услови;
2) „потполно каско осигурување без ризик кражба“од сите ризици опфатени со член 3
освен точка 12, од овие Услови, само за патнички моторни возила и моторцикли;
2) „потполно каско осигурување без ризик сообраќајна незгода” (добар возач) од сите ризиците опфатени со член 3, освен точка 1, од овие Услови, само за патнички моторни возила;
3) Делумно каско осигурување од пожарни, природни и други ризици и ризик кражба;
4) Делумно каско осигурување од пожарни, природни и други ризици;
5) Делумно каско осигурување од ризик кражба;
6) Делумно каско осигурување само за време на мирување.
(2) Осигурувањето може да се склучи како дополнително каско осигурување кон осигурувањето од автомобилска одговорност, и тоа:
1) „ осигурување на стакло” од сите ризици опфатени со член 3 од овие Услови;
2) „осигурување на оштетувања настанати од сообраќајна незгода по туѓа вина “.
(3) Потполното каско осигурување може да се прошири со осигурување на зголемени ризици од член 4 од овие Услови.
Член 3 Осигурени ризици со потполно каско осигурување
(1) Со потполно каско осигурување се надоместуваат штетите што се предизвикани од следните ризици:
1) сообраќајна незгода, како на
пример: превртување, судар, удар, лизгање, урнување и слично. Под сообраќајна незгода се подразбира и удар од моторно возило додека осигуреното возило е во мирување - паркирано или запрено;
2) паѓање на некој или удар од некој предмет, освен кај работните машини, доколку за истите не е платена премија за осигурување од кршење;
3) пожар;
Пoд пoжаp, ce cмeта oган настанат одеднаш и неочекувано на возилото од оган кој настанал надвор или во самото возило.
Осигурувачот не е во обврска да надомести штета на електрична инсталација која настанала со прегорување на истата, освен ако се развил пожар.
4) ненадејно надворешно термичко или хемиско дејство;
5) удар на гром;
6) експлозија, освен експлозија од нуклеарна енергија;
Пoд eкcплoзиjа, ce cмeта нeнадejнo пpojавyвањe на cила, заcнoвана на cтpeмeжoт на паpeа или гаcoви за пpoшиpyвањe.
7) луња;
Под луња се смета ветер со брзина од 17,2 м/сек, односно 62 км на час (јачина од 8 степени по Бофоровата скала) или повеќе;
8) град;
9) снежна лавина;
Со осигурувањето се опфатени и штети предизвикани од дејство на воздушен притисок од снежни лавини. 10) паѓање на воздушни летала;
11) манифестации и демонстрации;
12) кражба, тешка кражба, разбојништво, разбојничка кражба и одземање на моторно возило (ризик кражба).
Во случаите од оваа точка се смета дека возилото е украдено ако не се пронајде во рок од 60 дена, сметано од денот на пријавата за ризикот кражба, на надлежниот орган за внатрешни работи. Со осигурувањето од ризикот кражба опфатени се и ризиците сообраќајна незгода и погонска штета кои би настанале по остварување на ризикот кражба. Штетите настанати поради кражба на делови од возило, алат, прибор, резервни и други делови се опфатени со осигурување само ако деловите, алатот и приборот, во моментот на извршувањето на кражбата биле прицврстени на возилото или ако се наоѓале во заклучено возило.
Во врска со ризикот кражба, со осигурување се опфатени и оштетувања предизвикани на возило со насилно отворање заради кражба, како и оштетувања предизвикани на возило со неовластено ставање во погон (оштетување на: врата, брава на врата, волан, електрична инсталација и други склопови во врска со ставањето на возилото во погон
13) злонамерни постапки или обест на трети лица;
14) оштетување на тапацирот во осигуреното возило предизвикано при давање помош на лица кои се повредени во сообраќајна несреќа или на некој друг начин;
15) намерно предизвикување на штета на осигурениот предмет со цел да се спречи поголема штета на тој или друг предмет или на лица;
16) поплава, порој и високи води.
а) Под поплава се смета стихијно, неочекувано поплавување на терен од постојани води (реки, езера, море и др.) поради тоа што водата се излила од коритото или пробила одбранбен насип или брана, изливање на вода поради вонредно висока плима и бранови на море и езера со необична јачина и од надојдување на вода од вештачки езера.Под поплава се смета и неочекувано поплавување на теренот поради нагло формирање на големи количества на водена маса која настанала како последица на атмосферски врнежи.
б) Под порој се смета стихијно неочекувано поплавување на терен со водена маса која се формира на надолнини, поради силни атмосферски појави и се слива по улици и патишта. в) Под висока вода се смета:
- исклучителна појава на невообичаен пораст на водостојот во неочекувано време,
- подземна вода како последица на високи води. Обврската на осигурувачот за штети од високи и подземни води како нивни последици започнува со порастот на високите води над однапред утврдени месечни коти на
водостој или протек, измерен според покажувачот на водостојот на најблиското место на штетата.
г) Со осигурување не се опфатени:
- штети од поплави предизвикани со излевање од канализациона мрежа;
- штети на возила додека се наоѓаат на простор помеѓу поток, односно река и насип, или во живо или суво корито на река или поток, освен ако не е поинаку договорено;
- штети на возила настанати со движење на возилото во пресрет и на поплавен дел од коловоз или надвор од него, без оглед на причината поради која се насобрала вода на коловозот: обилни врнежи, поплави или излевање од канализациската мрежа;
- штети на возила кои настанале со движење на возилото низ поплавено подрачје, освен кога се работи за спасување на лица и имоти.
Член 4 Проширување на потполното каско осигурување за зголемени ризици
Ако посебно се договори и плати доплаток на премијата, со потполното каско осигурување може да се осигураат и штетите на возилото настанати:
1) при учество на возилото во натпревари заради постигнување најголема или просечна брзина, релинатпревари или возење за оцена вклучувајќи го и службениот тренинг за тоа;
2) надвор од територијата на Европа;
3) од товарот, за време на натовар и истовар на осигуреното возило;
4) од поплава, порој и високи води кои не се опфатени според втората алиена на точка 16 од членот 3.
Член 5 Делумно каско осигурување
(1) Делумно каско осигурување може да се договори од следните групи на ризици:
1) „од пожарни, природни и други ризици и ризик кражба“: пожар, удар на гром, експлозија, луња, град, снежна лавина, паѓање на воздушни летала, манифестации и демонстрации, ризик кражба -точки 3, 5, 6, 7, 8, 9, 10, 11 и 12 од членот 3, од овие Услови
(комбинација А);
2) „од пожарни, природни и други ризици “: пожар, удар на гром, експлозија, луња, град, снежна лавина, паѓање на воздушни летала, манифестации и демонстрации - точки 3, 5, 6, 7, 8, 9, 10 и 11 од членот 3, од овие Услови (комбинација Б);
3) ризик кражба - точка 12 од членот 3, од овие Услови (комбинација В);
(2) Делумно каско осигурување на возила - “само за време на мирување”
- може да се договори со осигурувањето да бидат опфатени ризиците од член 3, точка 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9, 10, 11, 12, 13 и 16 од овие Услови. Осигурувањето важи само за време додека осигуреното возило се наоѓа на местото кое во полисата е означено со поблиска адреса како место на осигурување, со тоа што возилото треба да е сместено во заклучена гаража освен ако се работи за возила наменети за продажба, кои се сместени во автосалони и на отворен простор кој е заграден и постојано чуван, како и возила на правни лица сместени во дворното место на осигуреникот. Со осигурувањето се опфатени и ризиците сообраќајна незгода и погонска штета, кои би настанале по остварувањето на ризикот кражба.
Член 6 Дополнително каско осигурување
Дополнителното каско осигурување може да се договори само како дополнително со осигувањето од автомобилска одговорност, и тоа:
1) осигурување на стакла од кршење и оштетување, на патнички автомобили, товарни возила и автобуси освен кровни стакла, стакла на светлата и огледалата. Со осигурувањето се опфатени штети настанати од ризиците од член 3 од овие Услови;
2) осигурување на патнички автомобили од сообраќајна незгода настаната по вина на возач на друго моторно возило, за која осигуреникот, како оштетен има право да поднесе барање за надомест на штета до одговорното друштво за осигурување, според
прописите за задолжително осигурување во сообраќајот – оштетување од сообраќајна незгода по туѓа вина.
Со осигурувањето се опфатени штети на автомобилот на осигуреникот:
- до износ од 1000 евра, под услов за сообраќајната незгода да е составен записник од полициските службеници на Министерството за внатрешни работи;
- до износ од 750 евра, под услов за сообраќајната незгода учесниците да потполниле и потпишале Европски извештај за сообраќајна незгода во присаство на полициски службеници или на претставник на Осигурувачот.
Со осигурувањето не се опфатени оштетувања од сообраќајни незгоди во кои другиот учесник е странско моторно возило како и оштетувања од сообраќајни незгоди што се случиле надвор од територијата на Република Македонија.
Член 7 Осигурување на дополнителна опрема
(1) Осигурување на дополнителна опрема може да се договори со потполно и со делумно каско осигурување, со плаќање на посебна премија, од истите ризици за кои е склучено каско осигурување на возилото.
(2) Со осигурување на дополнителната опрема е опфатено:
1) алат, дополнителна опрема, приклучни уреди, прибор и резервни делови кои не се стандардно испорачани од производителот како и разни украсни делови и уреди наменети за возилото, кои се дополнително вградени, прицврстени, односно ставени во возилото;
2) аудио, видео и телекомуникациска опрема, клима уреди и плински уред за движење на возилото, кои не се вградени од производителот на возила, конструктивно предвидени за употреба во возилото и надвор од него, Составни делови на аудио, видео и телекомуникациската опрема се сметаат антената и звучниците;
3) рекламни натписи во возило и на возило.
Доколку, нема траги на обивање на вратата од возилото со осигурување не е покриен ризикот кражба од член 3 став 1 точка 12 од овие Услови.
(2) Осигурувањето на дополнителната опрема од ставот (2), точки 1) и 2), се склучува на сума на осигурување што е еднаква на вистинската вредност на опремата, а на дополнителната опрема од став (2), точка 3), на сума на осигурување еднаква на цената на изработка на ист рекламен напис.
(3) Кај тотална или делумна штета надоместот за дополнителната опрема се исплатува во висина на стварната штета, но не повеќе од сумата на осигурување. Со исплата на штетата во висина на сумата на осигурување, престанува осигурувањето за предметот за кој е исплатена надоместокот.
(4) Со осигурување не се опфатени штети кои ќе настанат на делот на возилото за време додека делот просторно е одделен од него. Член 8 Осигурување на трошоци за некористење на возило
(1) Со осигурувањето на трошоци за некористење на возило, опфатени се дневните трошоци за изнајмување на возило, или користење на такси, кога осигуреното возило е оштетено, уништено, исчезнато или поради остварување на осигурен случај, најмногу за време од 7 (седум) дена во текот на траењето на осигурувањето.
(2) Во случај на оштетување на возилото, покриени се трошоците за изнајмување на возило или користење на такси се до завршување на поправката на возилото, но не повеќе од 7 дена, за определен број на денови потребни за поправка според процената на осигурувачот, со тоа што за еден ден на поправка, се сметаат 8 работни часа, а во случај на уништување и исчезнување на возилото, до набавка на ново возило, односно до
пронаоѓање на возилото, но не повеќе од 7 дена.
(3) Со осигурувањето се покриваат трошоци за изнајмување на возило со иста работна зафатнина на моторот како осигуреното возило, но најмногу до 1600 ццм, или трошоци за користење на такси возило. Во трошоци за изнајмување спаѓаат трошоците за изнајмен ден и километража до 50 изминати километри дневно. Во трошоци за користење на такси возило спаѓаат трошоци за такси до 30 км. дневно.
(4) Трошоците за изнајмување на возило се надоместуваат според износот на сметките од изнајмувачот на возила, односно според сметките на такси возилото, заедно со фискални сметки, но најмногу до висината на договорената сума на осигурување за еден ден. Обврската на осигурувачот за надомест на овие трошоци престанува со исплатата на надоместот за секој ден на некористење на возилото за време од 7 дена во текот на траење на осигурувањето.
(5) Осигурувањето може да се склучи само со потполно каско осигурување со плаќање на посебна премија за трошоци за изнајмување на возило.
Член 9 Ограничување на обврските на осигурувачот
(1) Договарачот на осигурувањето е должен при склучување на договорот да му ги пријави на осигурувачот сите околности што се од значење за оцена на ризикот, а што му се познати или не можеле да му останат непознати.
(2) Ако осигурениот случај се остварил пред утврдување на неточноста или нецелосноста на пријавата, или по тоа, но пред раскинување на договорот односно пред постигнување на спогодба за зголемување на премијата, износот на отштетата се намалува во сразмер со премијата што требало да се плати според вистинскиот ризик во однос на фактички платената премија.
(3) Ако посебно не е договорено и ако не е платена соодветна зголемена премија, висината на надоместот за штета утврдена според членот 17 од овие услови, се намалува во сразмер со премијата што требало да се плати во однос на фактички платената премија, ако осигуреното возило:
- се користи како такси возило;
- се издава под наем без возач (рент – а кар). Член 10 Исклучување на обврските на осигурувачот
(1) Осигурувачот не е во обврска да ги надомести штетите кои не се предизвикани од ризиците од член 3 од овие Услови, како ни штетите што настанале:
1) поради дефект за време на движење на возилото (така наречени погонски штети), како на пример поради: грешка во материјалот, истрошеност на материјалот, лошо ракување, оштетување на федери и амортизери, продупчување, пресекување или прснување на надворешна или внатрешна гума, оштетување на тркало поради возење со празни гуми, недоволно подмачкување, недостаток на вода во ладилникот, оштетување на електрична инсталација, оптоварување преку дозволена носивост и други погонски штети.
Осигурувачот, меѓутоа е во обврска да надомести штета од сообраќајна незгода, пожар и експлозија, која настанала непосредно како последица на погонска штета.
Осигурувачот е во обврска да ја надомести штетата предизвикана поради дефект кога возилото е во движење (погонска штета) при остварување на ризикот кражба,
2) поради смрзнување на течноста во ладилникот или блокот на моторот;
3) на моторот или други склопови на возилото, како последица на губење на масло или течност од ладилникот во текот на продолжувањето на возењето после оштетување на возилото;
4) со губење на погонски материјал поради остварен осигурен случај;
5) со губење на масло од моторот, диференцијалот и менувачот и течност за ладење;
6) од товарот што се превезува со возило, освен во случај на сообраќајна незгода;
7) од товар при натовар и истовар, ако не е платен доплаток на премија, освен при натовар и истовар со дигалка, ако при тоа се откине јажето или дојде до кршење на дигалката, односно уредот за натовар и истовар и ако од паѓање на товарот возилото биде оштетено.
Ако при натовар или истовар на возилото со самоистоварувачки сандак (кипер возила), дојде до превртување на целото возило, се надоместува само штетата настаната како последица на превртување;
8) поради тоа што возилото е ставено во погон пред конечната поправка, освен ако се работи за штета настаната по привремената поправка што треба да овозможи движење или влечење на возилото до работилницата која треба да изврши друга привремена или конечна поправка;
9) поради техничка неисправност на возилото, со исклучок ако техничката неисправност настанала ненадејно во текот на возењето и предизвикала остварување на ризик од член 3 на овие Услови, оптоварување преку дозволената носивост, истрошеност на гуми преку пропишана граница, како и во други случаи во кои штетата настанала како исклучива последица на непридржување или повреда на одредбите за заштитни мерки;
10) за време на превезување со друго превозно средство;
11) посредно, со остварување на осигурениот случај, како: загуба на заработувачка, денгуба, казна, трошоци за користење на изнајмено возило(освен ако не е поинаку договорено), плаќање по основ на одговорност, освен за чување на возило на најнужно потребно време на местото на незгодата или на друго најблиско погодно место, ако не се работи за место на
престојувалиште односно, седиште на осигуреникот;
12) поради намалување вредноста на возилото по поправка која е извршена во врска со остварениот осигурен случај;
13) поради остварување на ризикот кражба од член 3 став (1), точка 12, ако сторителот е брачен другар, сродник по крв во права линија, брат или сестра, усвоител или усвоеник на договарачот на осигурување, односно осигуреникот, или лице кое со договарачот на осигурување или осигуреникот живее во заедничко домаќинство;
14) со затајување од лицето на кое возилото му е дадено во наем или на користење;
15) за време додека возилото е мобилизирано или реквирирано од страна на воени или цивилни органи во мирновременски услови од моментот на стигнување на првото одредено место, до моментот на преземање на возилото.
16) во непосредна причинска врска со постоењето на воен ризик и тероризам;
Под воен ризик се подразбира војна, инвазија, дејства на странски непријатели, непријателски или воени операции (без оглед дали е објавена војна или не), граѓанска војна, побуна, револуција, востание, граѓански немири имајќи го во предвид учеството во или големината на востанието, воена или узурпаторска сила.
Под тероризам се подразбира: терористички акт превземен со било какви средства, кој вклучува но не е ограничен на употреба на сила или насилство и/или закана, од страна на лице или група на лица без оглед дали дејствуваат сами или во име на или во врска со било која организација или влада обврзани за политички, религиозни, идеолошки или етнички цели и причини, вклучувајќи и намера да се влијае на влада и или да се застраши јавноста или дел од неа. Товарот на
докажување на спротивното паѓа на осигуреникот.
(2) Исклучени се обврските на осигурувачот по дополнително каско осигурување од ризикот оштетувње од сообраќајна незгода по туѓа вина (член 6, точка 2) ако штетата на осигуреникот е надоместена од одговорното друштво за осигурување.
(3) Доколку поинаку не се договори, и не е платен доплаток на премија, осигурувачот не е во обврска да надомести:
1) штети причинети при учество на возилото во натпревари заради постигнување најголема или просечна брзина, рели- натпревари или возење за оцена вклучувајќи го и службениот тренинг за тоа;
2) штети што настанале надвор од територијата на Европа, ако поинаку не е договорено.
Член 11 Губење на правата од осигурување
(1) Осигуреникот ги губи правата од осигурувањето и осигурувачот не е во обврска да надомести штета која е настаната:
1) за време додека со возилото управува лице без соодветна дозвола за управување на тој вид возило, освен лице за време на обука за стекнување на возачка дозвола што се изведува во согласност со прописите.
Ќе се смета дека возачот го управува возилото без возачка дозвола и кога со возилото управува за време додека му е изречена забрана за управување на тој вид на возило од страна на надлежен орган, како и лице со истекната возачка дозвола, кое до настанување на осигурениот случај го изгубил правото за нејзино продолжување.
2) за време додека со возилото управува лице под дејство на алкохол, дрога или други наркотици.
Во смисла на овие услови се смета дека: - возачот е под дејство на алкохол ако во крвта има повеќе од 10,855 мили мола алкохол во 1 литар крв (повеќе од 0,5%о алкохол), или без оглед на количеството на алкохол во
организмот ако со стручен преглед се утврди дека покажува знаци на алкохолна пореметеност;
- ако алкохолниот тест е позитивен, а не се погрижи со анализа точно да се утврди степенот на неговата алкохолизираност, освен во случај кога земањето на крв е штетно за неговото здравје (на пр. хемофилија);
- ако по сообраќајната незгода избега или одбие да се подложи на испитување на неговата алкохолизираност, или консумира алкохол и го оневозможи утврдувањето на количината на алкохол во крвта;
- возачот е под дејство на дрога или други наркотици ако со стручен преглед се утврди дека покажува знаци на пореметување поради употреба на дрога или други наркотици, како и ако по сообраќајната незгода избега или одбие да се подложи на испитување неговата дрогираност.
3) намерно, или со измама од страна на договарачот на осигурување, осигуреникот или членови на нивното потесно семејство и другите овластени лица од член 13.
(2) Осигурувачот, меѓутоа е во обврска да ја надомести штетата ако осигурениот случај не е во взаемна причинска врска со управувањето на возилото под дејство на алкохол, дрога или други наркотици или кога со возилото управува лице за чии постапки осигуреникот одговара по било кој основ, освен ако тој (осигуреникот) знаел или можел да знае дека лицето ќе го управува возилото под околностите од став (1) од овој член.
По исклучок од ставот (1) на овој член, осигурувачот ќе ја надомести штетата настаната под околностите од ставот (1) точка 1 и 2 на овој член во следните случаи:
1) возачот кој е вработен кај осигуреникот, или лице кое возилото го зело во наем, овозможило со возилото да управува лице без соодветна дозвола, или под дејство на алкохол, или сервис за возила (поправка, перење или сл.) овозможи со возилото да
управува лице без соодветна дозвола, или под дејство на алкохол, за време додека возилото се наоѓало во сервисот, во кој случај вработениот, изнајмувачот, корисникот односно сервисот е одговорно лице заедно со лицето што управувало без соодветна дозвола, или под дејство на алкохол, а во смисла на член 40 од овие Услови.
2) возачот кој е вработен кај осигуреникот или возилото го зело во наем од осигуреникот управува под дејство на алкохол, во кој случај возачот е одговорно лице во смисла на член 40 од овие Услови.
(4) Осигурувачот не е во обврска да ја надомести штетата, доколку оштетеното возило е во сопственост на лизинг компанија, чие управување односно користење на возилото го доверила на физичко лице кое штетата ја причинило под дејство на алкохол, без возачка дозвола, намерно или со измама.
(5) Во случај на настанување на некои од ризиците од член 3, став (1), точка 12 од овие услови, осигуреникот ги губи правата од осигурување доколку: 1) бројот на шасија или бројот на моторот на осигуреното возило не одговара на податоците и стандардите на производителот;
2) осигуреното возило во моментот на настанување на ризикот не било заклучено како и доколку возилото е заклучено, а во него се оставени клучеви за стартување на моторот;
3) во било која брава од осигуреното возило во моментот на настанување на ризикот бил оставен клуч за отклучување на возилото или за стартување на моторот од возилото.
Член 12 Договоренo учество во штета (франшиза)
(1) Договорот за каско осигурување може да се склучи со или без франшиза.
(2) Договорот за каско осигурување од ризикот кражба, за патнички моторни возила се склучува со задолжителна франшиза од:
1) 15% во секоја штета за патнички моторни возила чија вредност е од 25.001 евра до 40.000 евра (денарска противвредност);
2) 25% во секоја штета за патнички моторни возила чија вредност е од 40.001 евра (денарска противвредност).
Член 13 Овластени лица
(1) Лица на кои осигуреникот им го препуштил управувањето, односно користењето на осигуреното возило се сметаат за овластени лица и осигуреникот има право на надомест на штета од осигурен случај што настанал додека со осигуреното возило управувало, односно го користело овластено лице. Не се смета за овластено лице, лицето на кое осигуреното возило му е дадено на управување односно користење од физичко лице - корисник на лизинг, а истото лице не е овластено за управување односно користење на осигуреното возило од лизинг компанијата, во кој случај осигурувачот не е во обврска да исплати надомест на штета. (2) Знаењето и однесувањето на овластеното лице се смета како знаење и однесување на осигуреникот.
(3) Осигуреникот има право на надомест на штетата од осигурен случај што настанал додека со осигуреното возило управувало, односно го користело лице без овластување од осигуреникот, а осигурувачот има право на регрес согласно член 40 за исплатената штета од лицето што неовластено го користело возилото.
Член 14 Пресметување на премија
(1) За утврдување на премијата основа е набавната цена на ново возило, изразена во денари на денот на склучување на договорот за осигурување.
(2) Набавна цена на ново возило е цената на производителот зголемена за давачките (транспортни трошоци, данок, акциза, царина и сл.).
(3) Ако се работи за возило што го нема во продажба, ниту во каталогот за ориентациони цени на моторни возила неговата набавна цена се утврдува според набавната цена на слично односно сродно возило.
(4) Возила со музејска вредност, трофејни возила, возила составени од делови на две или повеќе возила и сл. се осигуруваат на сума на осигурување со посебна спогодба.
Член 15 Намалување на премија (бонус)
(1) Ако возилото без прекин било потполно каско осигурено најмалку една година и ако во тоа време не била пријавена штета, договарачот на осигурувањето има право на попуст на премијата за тоа возило во наредната година на осигурување во висина од:
- 10% ако во текот на изминатата година на осигурување не е пријавена штета;
- 20% ако во текот на изминатите две години на осигурување не е пријавена штета;
- 30% ако во текот на изминатитетри години на осигурување не е пријавена штета;
- 40% ако во текот на изминатите четири години наосигурување не е пријавена штета;
- 50% ако во текот на изминатите пет години на осигурување не е пријавена штета. Договарачот на осигурување што по поранешните услови за осигурување стекнал право на попуст поголем од 50%, го задржува тоа право до првопријавената штета или до губењето на попустот по некој друг основ. Одредбите од овој став се однесуваат на договарачи на осигурување кои имаат осигурено до пет возила.
(2) На договарачот на осигурувањето што има склучено потполно каско осигурување, со траење од најмалку една година за 6 и повеќе возила и кај кого односот на пријавени штети спрема полисирана техничка премија (технички резултат) во изминатите три календарски години е помал од 80%, му се пресметува попуст на премија за наредниот период на осигурување во висина на една
половина од разликата помеѓу 80% и процентот на остварениот технички резултат. Член 16 Зголемување на премијата (малус)
(1) Ако возилото без прекин било потполно каско осигурено најмалку една година и ако во тоа време се пријавени три или повеќе штети на договарачот на осигурувањето му се пресметува доплаток на премија (малус), и тоа:
- кај трета штета 10%
- кај четврта штета 20%.
- кај петта и секоја натамошна штета 40%
од износот на надоместокот за претрпената штета.
Овој доплаток се пресметува од висината на штетата, а се наплатува при исплатата на истата.
(2) На договарачот на осигурување што има склучено потполно каско осигурување со траење од најмалку една година за 6 и повеќе возила и кај кого односот на пријавени штети спрема полисирана техничка премија (технички резултат) во изминатите три календарски години изнесувал повеќе од 110% му се пресметува доплаток (малус на премијата) за наредниот период во висина од една половина од разликата помеѓу 110 и процентот на остварениот технички резултат , со тоа што доплатокот не може да биде поголем од 200%.
Член 17 Останати одредби за бонус и малус
(1) Се смета дека штетата не е пријавена ако во рок од една година е ликвидирана без исплата на отштета, или во полн износ по било кој основ е регресирана. Во тој случај на осигуреникот задолжително му се одобрува бонус.
(2) На осигуреник што склучува потполно каско осигурување му се одобрува бонус од 5%, ако за тоа возило има кај истиот осигурувач осигурување од автоодговорност и ако до денот на склучување на потполно каско осигурување по тоа возило не е пријавена
штета по осигурување од автоодговорност во последната година.
(3) Бонусот по основите на овој член и член 15 од овие Услови не може да изнесува повеќе од 50%.
(4) Ако осигурувањето било во прекин, осигуреникот по прекинот има право на ист бонус за истото возило или за возилото кое го заменил, ако до прекин во осигурувањето дошло пред истекот на годината на осигурување и ако прекинот не траел подолго од една година, под услов во претходниот период да не пријавил штета.
Ако осигурувањето било прекинато по истекот на годината на осигурување во која осигуреникот не пријавил штета, ниту пак е пријавена штета за време на прекинот, осигуреникот има право на бонус во смисла на соодветните одредби за бонус како да немало прекин, под услов прекинот да не траел повеќе од една година.
(5) Ако осигуреникот по уништување, продажба или слично, наместо претходно осигуреното возило осигура друго возило, оствареното право на бонус преминува на новото возило, ако новото возило е од иста тарифна група. Ако возилото е уништено, продадено или слично, пред истекот на годината на осигурување, тогаш за следната година на осигурување се пресметува ист процент на бонус кој се применувал при пресметувањето на премијата за осигурување за отуѓеното односно уништеното возило, ако заменувањето на возилото е извршено во рок од една година.
Во случај на продажба на возилото правото на бонус не се пренесува на новиот сопственик, освен во случај од став (6) од членот 31 од овие Услови.
(6) Ако осигуреникот го смени осигурувачот, му се признава право на бонус ако донесе писмена потврда од претходниот осигурувач за претходното траење на
осигурување и бројот на едноподруго години без пријавена штета.
(7) На осигурениците со 6 или повеќе осигурени возила, бонусот односно малусот се пресметува и на возила кои осигуреникот ги набавил во текот на траење на осигурување.
(8) Во случај на прекин на осигурувањето и повторно склучување на договор за осигурување на договарачот на осигурување со 6 или повеќе возила му се пресметува бонус, односно малус по одредбите од член 15 и 16 од овие Услови во последните три календарски години додека траело осигурувањето. Ако прекинот траел повеќе од две години се пресметува премија за осигурување без бонус односно малус.
Ако осигурувачот не располага со податоци за премиите и штетите за најмалку три претходни години, бидејќи осигуреникот не бил осигурен толкав временски период, за утврдување на бонус односно малус ќе се користат податоци за две односно една осигурителна година.
(9) Осигурувачот и договарачот на осигурување имаат право да бараат повторно пресметување на бонус односно малус ако дополнително се утврди дека во пресметка не биле земени оштетни барања што се основани, односно биле земени оштетни барања што се неосновани.
Член 18 Утврдување (процена) на висина и надомест на штета
(1) Висината на штетата се утврдува:
1) Кај уништување или остварување на ризикот кражба на возило (тотална штета) според набавната цена на ново возило намалена за износот на севкупната амортизацијата на возилото по сите основи и пазарната вредност на остатоците на возилото, што воедно претставува сума на осигурување по полисата.
Ако новонабавната вредност на возилото со сите дополнителни давања (транспортни трошоци, царина, данок, акциза и слично) во
време на утврдување на висината на штетата е помала од денарската сума на која е осигурано возилото, висината на штетата се утврдува кога од новонабавната вредност се одбие износот на амортизацијата на возилото и износот на остатоците на возилото.
Амортизацијата и пазарната вредност на остатоците на возилото се утврдуваат спрема актите на осигурувачот.
2) Кај оштетување на возила (делумна штета) според износот на трошоците за поправка, намалени за пазарна вредност на остатоците кои се заменуваат. Во трошоци за поправка се сметаат и трошоци за демонтажа, монтажа и превоз.
Висината на штетата може спогодбено да се утврди со пресметка за трошоци на поправката. Од износот на трошоците за набавка на нови делови заради замена на оштетените и износот на трошоците за лакирање не се одбива соодветен износ поради истрошеност (амортизација), освен кога наместо уништените, односно оштетените, се набавуваат нови гуми, акумулатори или церада, и тоа во процент во кој овие делови се амортизирани. Во колку за поправка на возилото нема делови во Република Македонија осигурувачот е во обврска да ја надомести цената од ценовникот на производителот на возилото зголемена за соодветни давачки (царина, данок и сл.). Не се надоместуваат поголеми трошоци за поправка кои настанале поради тоа што при поправката се направени измени, подобрувања или усовршувања.
Осигурувачот не е во обврска да ја надомести вредноста на целото возило или склопот ако оштетениот или уништениот склоп, односно дел не може да се набави за време на извршувањето на поправката, а се работи за склоп, односно дел кој каталошки е предвиден за замена.
(2) Ако вредноста на возилото намалена за износот на амортизацијата и износот на
вредноста на остатоците на денот на утврдување на висината на штетата е помала од трошоците за поправка, ќе се постапи како возилото да е уништено и штетата ќе се пресмета како тотална (став 1 точка 1 од овој член).
(3) Спасените делови на уништеното, односно оштетеното возило, (остатоците од возилото) остануваат на осигуреникот и нивната вредност се утврдува по пазарна вредност според состојбата во која се наоѓаат во моментот на утврдувањето на висината на штетата и таа вредност се одбива од висината на штетата, доколку странките меѓусебно поинаку не се договорат.
(4) Ако во случај на остварување на ризиците од член 3 став (1) точка 12 од овие Услови возилото се пронајде пред истекот на рокот од 60 дена, сметајќи од денот на пријавувањето на ризикот кражба на возилото на надлежниот орган, осигуреникот е должен да го преземе возилото.
Ако возилото не се пронајде до истекот на рокот од 60 дена од денот на пријавување на штета кај осигурувачот, осигуреникот има право да бара од осигурувачот штетата да му ја надомести како да се работи за потполно уништување на возилото без спасени делови Во случај на остварување на ризиците од член 3 став (1) точка 12 од овие Услови, ако возилото се пронајде по истек на рокот од 60 дена од денот на пријавата за ризикот кражба кај надлежниот орган, осигуреникот има право да го преземе, односно задржи возилото, но под услов да го врати исплатениот надомест. Во спротивно, осигуреникот е должен да склучи договор со осигурувачот заверен кај нотар, со кој предметното возило го пренесува во сопственост на осигурувачот.
(5) Кај осигурувањето на алат, дополнителна опрема, приклучни уреди, прибор и резервни делови кои не се стандардно испорачани од производителот на возилото, како и аудио, видео и
телекомуникациска опрема, клима уреди и плински уред за движење на возилото и рекламни натписи, штетата ќе се надомести во висина на стварната штета, а најмногу до висина на сумата на осигурување.
(6) Кај потполно каско осигурување со доплаток на премија за трошоци за некористење на осигуреното возило кое е оштетено со настанување на осигурен случај, се исплатува надомест во висина договорена со полисата за осигурување.
Член 19 Надомест на трошоци во врска со настанат осигурен случај
(1) Осигурувачот е во обврска да ги надомести трошоците за:
1) влечење или превоз на оштетеното возило до најблиската сервисна работилница која може да изврши нужна или целосна поправка,
2) влечење или превоз на остатоците од уништеното возило, ако тоа е направено по барање на осигурувачот;
3) чистење на местото на незгодата или превезување на остатоците од возилото до најблиското дозволено место за депонирање. Не се покриени трошоците за превоз на товарот кој возилото го превезувал.
(2) Осигурувачот не е во оврска да ги надомести трошоците за:
1) отстранување на причината на штетата;
2) вадење на возилото што се слизнало од патот, а на кое не е остварен осигурен случај (уништување или оштетување);
3) интервенција на противпожарно друштво или други организации, чија должност е бесплатно да укажуваат помош, кога ќе настапи осигурен случај.
(3) Ако е остварен осигурен случај, осигурувачот е во обврска да надомести и штета поради:
1) уништување или оштетување на возилото, настаната при неговото спасување;
2) употребана облека, ќебиња и слично за гасење на пожар;
3) дожд и снег која настанала непосредно по оштетувањето на возилото;
4) исчезнување на предмети кои се составен дел на возилото.
II. ОСИГУРУВАЊЕ ОД РИЗИКОТ КРШЕЊЕ Член 20 Предмет на осигурување
(1) Со осигурување од ризикот кршење може да бидат опфатени:
1) работен уред на товарни возила, автобуси, приколки, контејнери и работни возила; и 2) влечни возила (трактори) и работни возила, во целина.
(2) Моторот е составен дел на работниот уред само ако исклучиво служи за движење на работниот уред, а не и за движење - влечење на возилото во насоки. Ако истиот мотор истовремено служи за движење на возилото и за движење на работниот уред на возилото не се смета за составен дел на работниот уред на возилото.
(3) Шасијата, односно постољето на кое се наоѓа работниот уред, како и возачката кабина, каросеријата, трансмисијата и останатите делови на возилото што овозможуваат движење (влечење) на возилото во насока, во секој случај не се сметаат за работен уред односно за дел од работен уред.
(4) Со осигурување е опфатена и хидрауличната течност за полнење во уредите.
(5) Штетите на хидрауличната течност се надоместуваат во процентуална вредност во зависност од векот на траење одреден со важечките прописи.
(6) Со потполно каско осигурување опфатени се и штетите на електрични и дизел - електрични локомотиви што се причинети од непосредно дејство на електрична енергија.
(7) Договорот за осигурување од ризик кршење, може да се склучи само ако е склучен договор за потполно каско осигурување.
Член 21 Предмети што се исклучени од осигурување
Со осигурување не се опфатени, ниту тогаш кога нивната вредност е содржана во вредноста на осигуреното возило:
1) приклучни уреди на трактори и земјоделски машини;
2) работни елементи на земјоделски машини, како: ралници, дискови, клинови, брани (дрљачи), ножеви, коси и запци со сечива, прсти, мотики, ножеви со носачи и сл.;
3) делови на машини што се изложени на директно термичко влијание, како: облоги на садови и уреди за осигурување, решетки на лежиште, пламеници на согорувачи, електроотпорни грејачи и сл., освен мотори со внатрешно согорување;
4) делови на машини изложени на абење и замена, сита, релјефни и други заменливи облоги на ваљци, облоги на гребени, чешли, флексибилни цевки, ремени, четки и обрачи, оплати (од гума, текстил или синтетички материјали), влошки за филтер, филтер платна, средства за термичка изолација и затворање, делови на спојки изложени на брзо трошење (гумени прстени, гумени уметоци, ламели и сл.), преносни кабли, со исклучок на оние кои автоматски се намотуваат на калеми, клизни и движечки лежаи со внатрешен пречник до 100 мм;
5) материјал за експлоатација, како: гориво, мазиво, средства за разладување, хемикалии, средства за чистење и сл.;
6) транспортни траки, ланци и јажиња;
7) пнеуматици (гуми) за возила;
8) гасеници на возила гасеничари, доколку поинаку не се договори;
9) алат што може да се менува како: сврдел, алат и делови на машини кои непосредно служат за кршење и ситнење, калапи, матрици, ножеви, примероци и облоги на ваљци, пили, сита, брусен
камен, жигови (печати);
10) масло за подмачкување;
11) катализатори; и
12) средства за затнување и изолација и средства за ладење во уредите за ладење.
Член 22 Важност на осигурувањето Предметите на осигурување од член 20 став 1 од овие Услови осигурени се само за време;
1) додека се монтирани и подготвени за работа;
2) кога се наоѓаат во работа;
3) кога се демонтираат и монтираат поради преместување и ремонтирање; и
4) кога се превезуваат во внатрешен превоз поради чистење, поправка и преместување во кругот на микролокација на погон, а најмногу до 15 км надвор од кругот на микролокацијата.
Член 23 Договорено учество во штета(франшиза)
Договорот за осигурување од ризикот кршење се склучува со или без франшиза, зависно од начинот на склучувањето на договорот за каско осигурување.
Член 24 Осигурени опасности (ризици)
(1) Осигурувачот е во обврска да исплати надомест на штета причинета со уништување или оштетување на осигурениот предмет поради незгода во погон, под која се подразбира настан што настанал непредвидено и ненадејно во врска со употребата на осигурениот предмет, и тоа поради: 1) грешки во конструкција, материјал и изработка;
2) непосредно дејство на електрична енергија, краток спој, атмосферски и друг пренапон, електричен лак и слично;
3) прскање или распаднување поради дејство на центрифугална сила;
4) мраз, освен замрзнување на вода во склоповите на моторите, притисок на мраз или снег, или непосредно движење на мраз;
5) натпритисок и потпритисок (имползија);
6) откажување (затајување) на уредите за заштита или регулација, како и елементи за автоматско управување со кои машината е опремена; и
7) заглавување во време на бушење во бушотини.
(2) Осигурувачот е во обврска да исплати надомест од став (1) од овој член за хидраулично масло на осигурената машина, само кога штетата е последица на оштетување или уништување на машината од опасности опфатени со овие услови.
(3) Кај електричните и дизел електрични локомотиви со потполното каско осигурување се опфатени и штетите од дејство на електрична енергија, а додека ризиците од став 1 од овој член не се вклучени во осигурување.
Член 25 Опасности (ризици) кои не се опфатени со осигурување
(1) Осигурувачот не е во обврска да плати надомест за штети што се предизвикани од опасности (ризици) што не се наведени во член 24 од овие Услови, како на пример:
1) недостатоци и грешки кои постоеле во моментот на склучување на договорот за осигурување, а овие недостатоци или грешки биле или морале да му бидат познати на осигуреникот или лицето одговорно за погонот;
2) непосредни последици од трајни хемиски, термички, атмосферски, механички и други влијанија и услови на сместување и работа како: оксидирање, стареење, корозија, зрачење, прекумерно вибрирање и слично;
3) последици од сите видови на трошење, абење, абразија, ерозија, кавитација и друго;
4) прекумерни наслаги на: ,рѓа, воден камен, талог, тиња и слично, дури и тогаш кога поради тоа настанало уништување или оштетување на осигурениот предмет;
5) пренапнатост или преоптовареност на возилото преку границите на неговите проектни параметри;
6) недоволно одржување;
7) ставање во погон пред конечна поправка;
8) при монтирање и пробно испитување на нови предмети;
9) повреда на законски и технички прописи и упатства за техничка експлоатација на осигурените возила како и поради непреземање на заштитни мерки.
(2) Осигурувачот, исто така не е во обврска да надомести штети:
1) настанати посредно, во врска со настанатиот осигурен случај, како: изгубена заработувачка, денгуба, казна итн.;
2) настанати на ремени, покретни траки, пнеуматици (гуми) на возила и сл.;
3) настанати на гасеници на возила гасеничари, доколку поинаку не е договорено;
4) за кои по законските прописи или по договор, одговара производителот или испорачателот на предметот. Ако производителот или испорачателот ја оспорува одговорноста, а штетата е предизвикана со една од причините опфатени со член 24 од овие Услови, осигурувачот ќе го исплати надоместокот од осигурување и ќе стапи во правата на осигуреникот према производителот и испорачателот;
5) настанати во врска со трошоците за поправка, ако штетата и поправката се утврди при редовен периодичен преглед со цел за одржување.
III. ОСИГУРУВАЊЕ НА БАГАЖ, ПАТНИ КОЛЕКЦИИ НА ПРИМЕРОЦИ НА СТОКА И ДРУГИ ПРЕДМЕТИ ВО МОТОРНИ ВОЗИЛА
Член 26 Предмет на осигурување и осигурени ствари
(1) Предмет на осигурување, во смисла на овие Услови, во зависност од содржината на договорот за осигурување може да биде:
1) багаж во автобус, патнички возила, кампприколки, товарни и специјални возила;
2) патни колекции на примероци на стока во патнички автомобили и комби возила;
3) алат и прибор кој служи за вршење на професионална дејност, а кој се превезува во патнички и комби возила;
4) подвижна техника која се наоѓа во патнички и комби возила (инструменти, апарати, камери и слично).
(2) Предметите се осигурени кога се во возилото или прицврстени на него.
(3) Осигурувањето на багаж во автобуси, патнички автомобили, камп-приколки, товарни и специјални возила, се однесува на предмети за лична потреба кои осигуреникот, возачот или патниците ги носат со себе во возилото или на возилото, вклучувајќи ја и облеката на себе, а која на овие лица им служи за време додека се на пат.
Багаж, во смисла на претходната алинеја, покрај вообичаените предмети за лични потреби, зависно од времето, целта и траењето на патувањето се сметаат уште и: опрема за викенд и кампување, аматерски фотоапарат и камера со прибор, аудио, видео и телекомуникациска опрема, двоглед, ловечка пушка, лично оружје и спортски реквизити.
Не се смета за багаж:
1) материјал и предмети што служат за вршење на професионална дејност;
2) пари и документи од било кој вид; и
3) накит и предмети од благородни метали.
(4) Кај осигурувањето на патни колекции на примероци на стока во полисата се наведува каква колекција се осигурува (колекција на сувенири, манифактурна колекција, електротехничка и друга стока, колекции на книги и тн.).
Кај осигурување на алат и прибор кој служи за обавување на професионална дејност во полисата се наведува каков алат и прибор се
осигурува, од што се состои и за која професионална дејност служи.
Кај осигурување на подвижна техника во полисата се назначува која подвижна техника се осигурува и од што се состои.
(5) Кај осигурувањето на предмети од став
(1) точка 1 од овој член, не се осигурени предметите што се превезуваат без присуство на сопственикот, а кај осигурувањето од став 1, точка 3 и 4 од овој член не се осигурени предметите што се превезуваат без присуство на сопственикот или лица кои се во работен однос кај сопственикот на предметите.
Член 27 Осигурени опасности (ризици)
(1) Осигурувачот е во обврска да исплати надомест на штета предизвикана со уништување, оштетување или исчезнување на предметите од член 26 став (1) од овие Услови, со остварување на опасности предвидени во член 3 од овие Услови.
(2) При настанувањето на ризикот кражба, осигурувачот е должен да ја надомести штетата доколку дошло до кражба на возило или предметите се украдени од заклучено возило, односно од возило што се наоѓало во заклучена гаража, или се украдени предмети што биле прицврстени на возило
(3) Кај осигуреници што се занимаваат со превоз на патници со автобуси или патнички возила, се опфатени и штетите што ќе настанат поради замена или исчезнување на багаж при издавање или примање на превоз.
Член 28 Место на осигурување
(1) Предметите од член 26 став (1) од овие Услови се осигурени од почетокот на тргнувањето на пат па се до враќање од пат.
(2) Осигурувањето е во важност за време додека возилото се наоѓа на пат на територијата на Република Македонија и останатите европски земји, ако поинаку не се договори.
Член 29 Сума на осигурување и надомест
(1) Сумата на осигурување се утврдува спрема вредноста на предметите што можат да се најдат во возило.
(2) Кај тотална штета на осигуреникот му се надоместува вредноста на осигурениот предмет, но најмногу до висина на сумата на осигурување.
(3) Кај делумна штета отштетата се исплатува во целост, но најмногу до висина на сумата на осигурување.
(4) Кај осигурувањето на багаж во автобуси пресметувањето на надоместокот ќе се изврши во сразмер помеѓу бројот на регистрираните места и бројот на патниците што биле во автобусот, доколку се утврди дека во автобусот се наоѓале поголем број на патници отколку што изнесува бројот на регистрираните места за кои е платена премија.
IV. ЗАЕДНИЧКИ ОДРЕДБИ
Член 30 Почеток и престанок на обврските на осигурувачот
(1) Договорот за осигурување е склучен кога договорните страни ќе ја потпишат полисата за осигурување.
(2) По исклучок на ставот (1) од овој член, во случај кога договорот за осигурување се изготвува врз основа на писмена понуда во електронски облик преку интернет на веб страната на осигурувачот, договорот за осигурување е склучен со плаќање на премијата по полисата од договарачот на осигурувањето, со платежна картичка преку интернет. Плаќањето на премијата се смета за извршено кога договарачот на осигурувањето ќе добие потврда на веб страната на осигурувачот дека трансакцијата е успешно извршена.
(3) Обврските на осигурувачот од договорот за осигурување започнуваат по истекот на 24-от час на денот што во полисата за осигурување е означен како почеток на траење на осигурувањето, ако до тој ден е
платена целата премија, доколку поинаку не е договорено.
(4) Обврските на осигурувачот престануваат по истекот на 24-от час на денот што во полисата за осигурување е означен како ден на истек на осигурување.
(5) Ако полисата за осигурување содржи само почеток на осигурувањето (перманентно осигурување) договорот за осигурување се продолжува од година во година, се додека една од договорните страни не го откаже најдоцна три месеци пред истекот на годишниот период за осигурување.
(6) Кај физичките лица договорот за осигурување се склучува за период на траење од една година.
(7) За патнички моторни возила кои се даваат на лизинг, договорот за осигурување трае до престанување на договорот за лизинг.
Член 31 Влијание на промена на сопственоста на возилото врз договорот за осигурување
(1) Со промена на сопственоста на осигуреното возило, договорот за осигурување престанува со истекот на 24 часот од денот кога договорот за продажба на возилото е заверен кај нотар.
(2) Кај осигурувањето на патнички возила од ризиците кршење на стакло и оштетување од сообраќајна незгода по туѓа вина, при промена на сопственоста на возилото договорот за осигурување се пренесува на новиот сопственик.
(3) Претходниот сопственик има право на враќање на премијата за неискористеното време, доколку во изминатиот период на траење на осигурувањето не се остварил осигурен случај.
(4) Претходниот сопственик нема право на враќање на премијата ако неискористеното време е помалку од 30 дена.
(5) Доколку се промени сопственоста на возилото во кругот на потесното семејство,
договорот за осигурување преминува на новиот сопственик.
(6) Доколку настане промена на сопственоста од лизинг компанијата на договарачот, односно корисникот на возилото наведен во догорот за лизинг, а поради прекин на договрот за лизинг за времетраење на договорот за каско осигурување на моторно возило, склучениот договор за осигурување продолжува да важи до истекот на скаденцата, со што правата и обврските од договорот за осигурување преминуваат на новиот сопственик.
Член 32 Плаќање на премија
(1) Премијата за осигурување договарачот на осигурувањето ја плаќа при склучувањето на договорот, ако поинаку не е договорено.
Кај перманентните и повеќегодишни осигурувања премијата за следниот едногодишен период на осигурување, стасува за наплата на денот што во полисата на осигурување е означен како почеток на осигурувањето, освен ако поинаку не е договорено.
(2) Договарачот на осигурување премијата ја плаќа на сопствен ризик и сопствен трошок.
(3) Ако премијата е платена вирмански како ден на плаќање на премија се смета денот кога премијата е уредно уплатена кај носителот на платниот промет.
Член 33 Враќање на премија
(1) Ако осигуреното возило биде уништено пред почетокот на обврските на осигурувачот, договарачот на осигурувањето има право на поврат на платената премија.
(2) Ако осигуреното возило биде уништено по почетокот на обврските на осигурувачот од ризици кои не се опфатени со осигурување или тоталната штета е надоместена по основ на осигурување од одговорност на штетникот, договарачот на осигурување има право на поврат на износот на премијата за преостанатиот период на траење на
осигурувањето доколку, во изминатиот период на траење на осигурувањето, не се остварил осигурен случај.
(3) Ако осигуреното возило биде уништено по почетокот на обврските на осигурувачот од ризици опфатени со осигурување, на осигурувачот му припаѓа целиот износ на премијата пресметан со полисата за осигурување.
(4) Ако возилото се одјави кај надлежен орган со предавање на регистарските таблички, договарачот може да го откаже договорот за осигурување, при што има право на поврат на износот на премијата за преостанатиот период на траење на осигурувањето, доколку во изминатиот период на траење на осигурувањето не се остварил осигурен случај.
(5) Доколку во текот на траењето на осигурувањето, осигурувачот дојде до сознанија дека бројот на шасија или бројот на моторот на осигуреното возило не одговара на податоците и стандардите на производителот, истиот има право да го раскине договорот за осигурување без отказен рок. Договарачот на осигурување има право на поврат на износот на премија за преостанатиот период на траење на осигурувањето доколку, во изминатиот период на траење на осигурувањето, не се остварил осигурен случај.
(6) Во сите случаи од овој член кога договарачот на осигурувањето има право на поврат на премијата, осигурувачот ја враќа премијата по писмено барање на договарачот на осигурувањето, доколку неискористениот период на траење на осигурувањето е поголем од 30 дена.
Член 34 Обврски на осигуреникот кога ќе настане осигурен случај
(1) Кога ќе настане осигурен случај врз основа на кој се бара надомест од осигурување, осигуреникот е должен:
1) веднаш да ги преземе сите мерки кои се во негова можност за отстранување и
намалување на штетата, оштетениот осигурен предмет да го обезбеди од натамошни оштетувања;
2) веднаш, а најдоцна во рок од 3 дена, по дознавање на штетата, да пријави на осигурувачот дека на осигуреното возило, или осигурениот предмет настанала штета со остварување на осигурен случај. Пријавата се поднесува на образец на осигурувачот;
3) при сообраќајна незгода на јавните патишта каде е предвидено плаќање на патарина во која поради удар со возилото во животни е настаната материјална штета веднаш да пријави во Министерството за внатрешни работи.
4) во сите случаи предвидени со прописите, а особено кога штетата е предизвикана од пожар, експлозија, ризик кражба, да пријави на надлежните органи за внатрешни работи и назначи кои предмети се оштетени, односно, уништени или се исчезнати при настанување на осигурениот случај;
5) при сообраќајна незгода во која е загинато или повредено лице или на возилата им се оштетени виталните делови за управување и запирање, и неможат самостојно да се движат по патот (голема материјална штета) веднаш да го извести Министерството за внатрешни работи да се врати на местото на сообраќајната незгода и да го пречека доаѓањето на полицискиот службеник кој врши увид.
6) при пријавување на штета по основ на ризик кражба на осигурено возило, да достави сообраќајна дозвола во оргинал или доказ дека истата му е украдена и сите оргинални клучеви од украденото возило. Во случај осигуреникот да не ги достави оргиналните клучеви, должен е даде нотарски заверена изјава за причините поради кои не може да ги
достави оргиналните клучеви од украденото возило;
7) со пријавување на осигурениот случај кај осигурувачот, да даде попис на уништените, односно оштетените ствари со приближно назначување на нивната вредност;
8) до увидот на оштетувањата од страна на претставник на осигурувачот да не ја промени состојбата на оштетените, односно уништените предмети, освен ако промената е нужна во јавен интерес или поради смалување, односно спречување на зголемување на штетата;
9) за возило издадено од рент а кар агенција, да обезбеди копии на возачка дозвола и пасош, како и телефон и адреса на постојан престој на лицето кое го користи изнајменото возилото.
(2) Осигуреникот е должен на осигурувачот да ги даде сите податоци со кои располага, а кои се неопходни за утврдување на причината, обемот и висината на штетата.
(3) Ако осигуреникот не ја изврши во предвиденото време својата обврска од став 1 точка 1 и од овој член, а за тоа нема оправдување, должен е да ја надомести на осигурувачот штетата која тој поради тоа ја имал.
Член 35 Процена на штета и вештачење
(1) По приемот на пријавата за настанатиот осигурен случај осигурувачот е должен веднаш, а најдоцна во рок од 3 дена, да изврши увид и процена на висината на штетата. Ако тоа не го направи, осигуреникот може да пристапи кон отстранување на штетата, под услов претходно да обезбеди доказ во поглед на настанувањето на осигурениот случај и обемот на штетата.
(2) Во случај осигуреникот и осигурувачот да не се согласат при заедничкото утврдување и процена на штетата, секој од нив може да побара штетата да се утврди и процени од комисија на стручњаци (вештачење), при што секоја страна писмено го именува својот вештак. За вештаци можат да се именуваат
само лица кои не се во работен однос со осигурувачот, односно осигуреникот и договарачот на осигурувањето. Пред почетокот на постапката на вештачење, двата вештака именуваат трет вештак за претседател.
(3) Предмет на вештачење може да бидат само спорните прашања во поглед на настанување на осигурениот случај, обемот на оштетување и висината на штетата.
Кои спорни прашања ќе бидат предмет на вештачењето, за секој случај поодделно, ги одредуваат осигуреникот и осигурувачот со писмен договор за вештачење.
(4) Секоја страна ги сноси трошоците на својот вештак. Трошоците на претседателот подеднакво ги сносат двете страни.
(5) Наодот на вештаците е конечен и ги обврзува страните, а може да се побива само во случај на пресметковни грешки.
Член 36 Правна положба по настанување на осигурен случај
(1) Во случај на делумно оштетување на осигуреното возило, по исплата на надоместот од осигурувањето, возилото останува и понатаму осигурено согласно со овие Услови.
(2) Во случај на уништување на возилото (тотална штета) осигурувањето престанува.
(3) Исклучително, ако штетата е утврдена како тотална од економски причини (нерентабилна поправка на возилото), по извршената поправка на возилото и извршен увид на возилото од страна на осигурувачот, истото може со нова полиса да се осигура од каско ризици.
(4) Одредбите од став 1, 2 и 3 од овој член соодветно се применуваат и на другите осигурени предмети, освен кај оние за кои поинаку е договорено.
Член 37 Писмена форма
(1) Сите измени на договорот за осигурување што се однесуваат на неговата содржина полноважни се само ако се склучени во писмена форма.
(2) Сите известувања и изјави што се даваат по одредбите од договорот за осигурување мора да бидат дадени во писмена форма.
Член 38 Измена на Условите и тарифата на премии
Ако осигурувачот за времетраењето на договорот за осигурување, ги измени Условите за осигурување или тарифата на премии, тие се применуваат од следниот период на осигурување (прво наредно скаденцирање).
Член 39 Територијално важење на осигурувањето
(1) Осигурувањето е во важност за време додека возилото се наоѓа на територијата на Република Македонија и останатите европски земји, доколку поинаку не се договори.
(2) Кај осигурувањето на моторцикли осигурувањето од ризикот кражба е во важност доколку осигуреникот плати доплаток на премијата за каско осигурување. Територијалната важност само за ризикот кражба може да да се ограничи за определени држави.
(3) Осигурувањето на возила на трговски друштва и други организации кои изведуваат или учествуваат во изведување на градежни, монтажни и слични работи надвор од територијата на Република Македонија посебно се договара.
Член 40 Преминување на правата на осигуреникот спрема одговорното лице врз осигурувачот (суброгација)
(1) Со исплатата на надоместот од осигурувањето преминуваат врз осигурувачот, според самиот закон, до висината на исплатениот надомест, сите права на осигуреникот спрема лицето кое по која и да е основа е одговорно за штетата.
(2) Ако по вина на осигуреникот е оневозможено ова преминување на правата врз осигурувачот, во целост или делумно,
осигурувачот се ослободува во соодветна мера од својата обврска спрема осигуреникот.
(3) Преминувањето на правата од осигуреникот врз осигурувачот не може да биде на штета на осигуреникот, па ако надоместот што осигуреникот го добил од осигурувачот од каква и да е причина е понизок од штетата што ја претрпел, осигуреникот има право од средствата на одговорното лице да му се исплати остатокот на надоместот пред да се исплати побарувањето на осигурувачот врз основа на правата што преминале врз него.
(4) По исклучок од правилото за преминување на правата на осигуреникот врз осигурувачот, овие права не преминуваат врз осигурувачот ако штетата ја причинило лице во сродство во права линија со осигуреникот или лице за чиишто постапки осигуреникот одговара, или кое живее со него во исто домаќинство или лице кое е работник на осигуреникот, освен ако тие лица штетата ја причиниле намерно.
(5) Ако некое од лицата споменати во став
(4) на овој член било осигурено од одговорност, осигурувачот може да го бара од неговиот осигурувач надоместот на износот што му го исплатил на осигуреникот.
Член 41 Застарување на побарувањата
(1) Побарувањата од страна на договарачот на осигурувањето односно од трето лице од договорот за осигурување, склучен според овие Услови, застаруваат за 3 (три) години, сметајќи од првиот ден по истекот на календарската година во која побарувањето настанало.
(2) Ако заинтересираното лице докаже дека до денот определен во претходниот став не знаело дека настанал осигурен случај, застарувањето почнува од денот кога за тоа дознало, со тоа што во секој случај побарувањето застарува за 5 (пет) години од денот определен во претходниот став.
(3) Побарувањата на осигурувачот од договорот за осигурување застаруваат за три години.
(4) Застарување на побарувањето што му припаѓа на осигурувачот спрема лицето одговорно за настанување на осигурениот случај, почнува да тече кога и застарувањето на побарувањето на осигуреникот спрема тоа лице и се навршува во истиот рок.
Член 42 Надлежност во случај на спор
Во случај на спор меѓу договарачот на осигурувањето, односно осигуреникот и осигурувачот, надлежен е судот според местото на склучување на договорот за осигурување.
V. ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Член 43 Обврска за чување на доверливи податоци
(1) Сите податоци за договарачот и осигуреникот, за содржината на договорот за осигурување, како и за трети лица, со кои ќе се стекне осигурувачот во врска со договорот за осигурување, осигурувачот има обврска да ги чува како доверливи податоци, согласно со Законот за супервизија на осигурување и Законот за заштита на личните податоци.
(2) Обврската на осигурувачот за чување на податоците за осигурениците не постои во следниве случаи:
1) ако податоците се потребни за утврдување факти во кривични постапки или други судски постапки и ако од надлежниот суд е добиено писмено барање за доставување податоци;
2) во случаи предвидени со Законот за спречување перење пари и финансирање тероризам;
3) ако податоците се потребни за одредување на правните односи меѓу осигурувачот и негов осигуреник и/или друг корисник на осигурувањето при спроведување законски постапки;
4) ако податоците се потребни заради извршување присилни постапки над недвижен имот на осигуреник или друг корисник на осигурувањето и ако од надлежниот суд е добиено писмено барање за доставување податоци;
5) ако податоците се побарани од страна на Агенцијата за супервизија на осигурување, или друг орган за супервизија а заради спроведување на супервизија во рамки на утврдените одговорности;
6) ако податоците се побарани од страна на даночен орган, а во врска со водење на постапки во негова надлежност;
(3) За давање на податоците осигурувачот постапува исклучиво по писмено барање поднесено од барателот на информацијата
(4) Осигурувачот е должен да дава податоци на барање на осигуреникот (договарачот, корисникот) за неговите сопствени податоци кои се чуваат во регистрите на осигурувачот, како и да корегира податоци во регистрациите иницирани од осигуреникот.
Член 44 Примена на законски прописи
За сите права и обврски на договорните страни, на осигуреникот, како и на трети лица, што произлегуваат од договорот за осигурување, кои не се регулирани со конкретниот договор и овие услови, се применуваат одредбите на Законот за облигационите односи.
Член 45 Вонсудско решавање на спорови
(1) Сите лица кои имаат правен интерес што произлегува од договорот за осигурување склучен според овие услови, првенствено ќе настојуваат сите свои евентуални спорови со осигурувачот кои се во врска со предметниот договор за осигурување да ги решат спогодбено, во согласност со правилата на осигурувачот за xxxxxxxxx решавање на спорови.
(2) Доколку договарачот на осигурувањето, осигуреникот и корисникот не се задоволни со одлуката на осигурувачот, истите можат да поднесат приговор до осигурувачот, кој е должен во рок од 15 дена до подносителот да достави писмена одлука по приговорот.
(3) Приговорот се доставува во писмена форма до седиштето на осигурувачот, во подружницата каде е склучен договорот, во подружницата каде корисникот има живеалиште односно седиште и преку интернет на веб страницата на осигурувачот.
(4) Доколку спорот не е решен во постапката по приговор, секоја од страните во спорот може да и предложи на другата страна поведување на постапка за посредување согласно со прописите што ја уредуваат постапката за посредување.
Член 46 Право на претставкa
(1) Во случај кога договарачот на осигурувањето, осигуреникот, односно корисникот смета дека осигурувачот не се придржува кон одредбите од договорот за осигурување, истиот може да достави претставка до:
1. Комисијата за постапување по претставки во седиштето на осигурувачот;
2.Службата за внатрешна ревизија на осигурувачот;
3.Организацијата за заштита на потрошувачи и
4. Агенцијата за супервизија на осигурување.
(2) Осигурувачот е должен да се произнесе по претставката доставена од подносителот во рок од 30 дена од денот на поднесување на претставката.
Член 47 Право на жалба
Осигуреникот, односно договарачот, доколку е физичко лице, има право да поднесе жалба во однос на осигурувачот, осигурителните брокерски друштва, друштвата за застапување во осигурувањето и застапниците во осигурувањето, до Агенцијата за супервизија
на осигурување како надлежен орган на супервизија на друштвата за осигурување, согласно со Законот за супервизија на осигурувањето.
Член 48 Престанување на важноста на други услови за осигурување
Со денот на отпочнување на примената на овие Услови за каско осигурување на моторни и шински возила, престанува важноста на Условите за каско осигурување на моторни и шински возила донесени од Одборот на директори на Акционерското друштво за осигурување ЕУРОЛИНК Скопје, на 3-та редовна седница на Одборот одржана на ден 25.02.2003 година, со Одлука број 0202-72/65, со примена од 25.02.2003 година, и измените и дополнувањата донесувани од Одборот на директори, со следните одлуки: 0202-10387/5 од 02.12.2003; 0202-2669/11 од 14.12.2004; 0202-496/10 од 24.02.2005; 0202-3501/5 од
29.09.2005; 0202-5986/5 од 25.09.2007;
02022629/10 од 26.03.2008, 0202-8129/3 од
01.10.2008 година и 0202-1557/9 од 26.02.2009
година.
Овие Услови за каско осигурување каско осигурување на моторни и шински возила се донесени од Одборот на директори на Акционерското друштво за осигурување Еуролинк Скопје, на 51-та редовна седница одржана на ден 26.02.2009 година, со Одлука број 0202- 1557/9, со примена од 01.03.2009 година, и измените и дополнувањата донесени на: 86- та редовна седница одржана на ден 28.11.2012 година со Одлука број 0202-9917/11, со примена од 29.11.2012 година; 100-та редовна седница одржана на ден 28.03.2014 година, со Одлука број 0202-2305/17 со важност од 01.04.2014; 3-та редовна седница на Управниот одбор одржана на ден 06.10.2014 година со одлука број 0202- 8732/3 со важност од 06.10.2014 година;5-та редовна седница на Управниот одбор одржана на ден 12.11.2014 година со одлука број 0202- 10250/4 со важност од 12.11.2014 година; 118-та редовна седница на Управниот одбор одржана на ден 01.12.2021 година со одлука број 0202- 8930/2 со важност од 01.12.2021 година, 149-та редовна седница на Управниот одбор одржана на ден 23.06.2023 година со Одлука број 0202 - / 2