Contract
Врз основа на член 64 од Законот за работни односи, а согласно член 2 од Договорот за вработување на определено време, овластеното лице на (име и презиме), со ЕМБС и со седиште на (улица), (име и презиме на претседател) од (град), на ден (дата) година го донесе следното:
РЕШЕНИЕ
за престанок на работен однос на определено време
На работникот (име и презиме) од (место) со ЕМБГ, вработен на работното место (позиција) кај работодавачот (назив на здружението) и престанува работниот однос поради истек на рокот за кој истиот бил склучен и тоа заклучно со (дата) година.
ОБРАЗЛОЖЕНИЕ
Работодавачот (назив на здружението) и работникот (име и презиме) од (место), на ден (дата) имаат склучено Договор за вработување број, со кој се согласни работниот однос да биде заснован на определено време од (број на месеци) месеци и тоа заклучно со (дата) година.
Врз основа на член 64 од ЗРО, а согласно Одредбите од Договорот за вработување, на работникот и престанува работниот однос, со оглед дека е исполнет законски предвидениот услов- изминување на рокот за кој е склучен договорот, односно престанала причината поради која вработената била анажирана.
Поради овие причини, а имајќи ги во предвид можностите и условите за ангжирање на работниците од страна на работодавецот, како и причината за кој е заснован работен однос, се одлучи како во диспозитивот на решението.
Правна поука: Против ова Решение работникот може да вложи приговор до Извршниот Одбор на (назив на здружението) како второстепениот орган во рок од 8 (осум) дена од приемот на оваа одлука.
Работодавач