Contract
МЕМОРАНДУМ 3А СОРАБОТКА
1. Фонд за иновации и технолошки развој (во понатамошен текст „Фондот„), со седиште на бул. Xxxx Xxxxxx б.б., 1000 Скопје, застапуван од директорот Xxxxx Xxxxxxxxxxx
2. Здружение за остварување на заеднички интереси на банките и унапредување на нивното работење МАКЕДОНСКА БАНКАРСКА АСОЦИЈАЦИЈА Скопје (во понатамошен текст „МБА„),со седиште на ул.Xxxxxx Xxxxxx бр.6, 1000 Скопје застапувана од претседателката д-р Xxxx Xxxxxxxx Xxxxxxxx
Или зеадно нарекувани “Страни“
КАДЕШТО, Фондот за иновации и технолошки развој има за цел поттикнување на иновациите, преку обезбедување дополнителни извори за финансирање на иновациите, заради потребата да се изгради конкурентна економија основана на знаење.
КАДЕШТО, Здружението за остварување на заеднички интереси на банките и унапредување на нивното работење – МАКЕДОНСКА БАНКАРСКА АСОЦИЈАЦИЈА – Скопје е правно лице и облик на здружување преку кое банките и штедилниците дејствуваат заради остварување развој и унапредување на нивното работење.
ОТТУКА, а со цел спроведување и јакнење на меѓусебната соработка, на начин што ќе ги насочат своите напори кон поттикнување и афирмација на областите од заеднички интерес, двете страни се согласија и на ден , во Скопје го потпишаа следниот Меморандум за соработка (во понатамошниот текст „Меморандум“):
Општи одредби Член 1
Меѓусебната соработка на двете Страни ќе се реализира во различни домени од делокругот на нивната работа, а посебно внимание ќе се даде на следните области од заеднички интерес:
1. идентификување на компании кои се јавиле како апликанти на повиците на Фондот и не се избрани за доделување на финансиска поддршка од страна на Фондот, а со цел разгледување на можностите за добивање на финансиска поддршка за реализација на нивните бизнис планови од страна на банките – членки на МБА;
2. идентификување на компании корисници на финансиска поддршка од Фондот кои би имале интерес за дополнителна финансиска поддршка од страна на банките - членки на МБА, со цел поддршка при реализација на нивните бизнис планови.
Член 2
Меморандумот има за цел унапредување на соработка помеѓу двете институции и остварување на следниве цели:
1. Поттикнување и афирмација на областите од заеднички интерес;
2. Промовирање на можноста за финансирање и олеснување на пристап до капитал на микро, мали, средни претпријатија и старт-ап компании;
3. Промовирање на иновации и технолошки развој во земјата; и
4. Промоција на економски раст и одржлив развој преку поттикнување на претприемачката култура.
Облици на соработка Член 3
Заради остварување на заедничките цели дефинирани во овој Меморандум, двете страни се согласни да ги реализираат следните активности:
1. Определување на контакт лица од двете Страни кои ќе бидат во редовна координација и меѓусебна комуникација, a поради остварување на целите опишани во овој Меморандум;
2. Размена на информации, материјали и искуства поврзани со остварување на целите наведени во Меморандумот врз основа на принципите на законитост, доверливост, деловна тајна и реципроцитет;
3. Заеднички едукативни и промотивни активности поврзани со можностите за финансирање на домашните компании од страна на банките-членките на МБА и Фондот, зголемување на финансиската писменост, со цел олеснување на пристап кон финансиски средства, олеснет бизнис развој и комерцијализација на иновации; и
4. Развојни иницијативи иницирани од двете Страни потписници поврзани со остварување на целите наведени во предметот на Меморандумот.
Начин на реализација на соработката Член 4
Врз основа на овој Меморандум, Страните потписнички поаѓајќи од своите интерни правила и интереси соработката ќе ја остваруваат врз поединечно доставени барања, а можат да склучат и посебни договори во врска со меѓусебната соработка.
Во смисла на претходниот став, Фондот ќе разменува информации со МБА за компаниите од член 1 од овој Меморандум. За целите на размена на овие податоци, Фондот се обврзува да обезбеди согласност од компаниите за размена на лични податоци, доколку е истото применливо.
Фондот е согласен дека добиените податоци врз основа на овој Меморандум, МБА ќе ги достави до сите нејзини членки, а заради идентификување на компании кои би можеле да бидат финансиски поддржани од некоја од членките на МБА.
Страните се согласни дека наведеното во овој член не значи преземање на обврска ниту од страна на МБА нити од било која членка на МБА за одобрување на финансиска поддршка за било која компанија чии податоци ќе бидат разменети согласно овој Меморандум.
Финансиски одредби Член 5
Активностите и соработката не предизвикуваат никакви финансиски импликации и ги почитуваат правилата и прописите воспоставени од страните потписнички.
Евентуалните финансиски трошоци и начинот на нивното надоместување кои ќе произлезат од секој одделен вид на соработка предвидени со вој Меморандум ќе се утврдуваат со посебен договор.
Заштита на личните податоци и доверливост на информации Член 6
Страните се обврзуваат да ги чуваат во тајност (како деловна тајна) сите информации, документи, официјални дописи, планови и оперативни детали поврзани со извршувањето на овој Меморандум, (во понатамошниот текст како: „Доверливи податоци“). Доверливите податоци без оглед на медиумот и формата во која ќе бидат разменети, усна, писмена или електронска претставуваат деловна тајна и се во ограничена употреба помеѓу Страните со исклучива намена за преземање дејствија со цел да се реализираат целите кои се предмет на овој Меморандум. Доверливите податоци ќе бидат единствено достапни на вработените и одговорните лица кај нив за извршување на конкретни задачи според доделените работи и работни задачи и само во оној
обем кој што на таквите лица им е потребен за извршување на работите по овој Меморандум, при што таквите вработени треба да се соодветно обврзани за чување на доверливоста.
Обврската за чување на Доверливите податоци од претходниот став се применува на Страните и по престанувањето на овој Меморандум.
Секоја од Страните е должна да обелодени податоци од овој Меморандум единствено во случаи утврдени со закон и на барање на надлежен државен орган. Пред да ги даде бараните Доверливи податоци, Страната која ги обелоденува ќе се увери дека барањето е валидно, полноважно и е во согласност со важечките законски акти и ќе ги открие ваквите податоци само до степен до кој тоа е побарано од надлежниот државен орган, вклучувајќи ги и судските органи. При тоа Страната која ги обелоденува податоците јасно ќе нагласи дека истите се добиени како Доверливи податоци, со цел да се обезбеди соодветно, доверливо постапување и од страна на тие органи.
Сите дадени Доверливи податоци остануваат во сопственост на Страната која ги разменила и истите не можат да се користат од другата Страна за ништо друго, освен за целта утврдена во овој Меморандум и евентуално поединечно склучените договори. На барање на Страната која ги разменила Доверливите податоци, а по истекот на важноста или раскинувањето на овој Меморандум, Страната која ги примила Доверливите податоци, истите ќе ги уништи или врати, вклучувајќи ги и сите копии, фотографии, компјутерски дискови или други форми за чување податоци и секакви дупликати.
Член 7
Обврската за заштита на доверливите и личните податоци и деловната тајна настапува во моментот кога Страните ќе се запознаат со нив и трае целото време на важењето на овој Меморандум, како и по неговото престанување.
Страните се должни да ги применуваат основните правила и организационо техничи мерки за зачувување на тајност и заштита на личните податоци кои ќе се разменат согласно овој Меморандум и оние кои ќе се разменат во текот на негово извршување.
Страните при евентуалната обработка на личните податоци ќе постапуваат согласно напатствијата добиени од другата страна и согласно одредбите од Законот за заштита на личните податоци и сопствените интерни акти кои ја регулираат заштитата на лични податоци и сопствените интерни акти кои ја регулираат заштитата на лични податоци подносно согласно интерните Правилници за техничките и организациски мерки за обезбедување тајност и заштита на обработка на лични податоци на секоја страна како и согласно Правилниците за техничките мерки за обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податоци пропишана од страна на Дирекцијата за заштита на личните податоци.
Добро име Член 8
Потписниците на Меморандумот се должни да се грижат за угледот и доброто име на другата страна потписничка, доколку тоа не е во спротивност со прописите, како и да ги штитат заедничките интереси.
Дополнувања и прекин Член 9
Овој Меморандум може да биде дополнет или изменет со анекс, на барање на Страните потписници.
Секоја од Страните потписници може да го раскине овој Меморандум со писмено известување до другата страна потписничка, најдоцна 30 дена пред настапување на прекинот на важењето на Меморандумот.
Откажувањето на овој Меморандум нема да влијае на извршување на тековните програми и проекти што се договорени и се спроведуваат во моментот на откажувањето, освен ако страните потписнички не се договорат поинаку.
Решавање на спорови Член 10
Секој спор кој ќе произлезе од спроведувањето на овој меморандум ќе се решава спогодбено помеѓу Страните-потписнички.
Важност на Меморандумот Член 11
Овој Xxxxxxxxxx влегува во сила со денот на неговото потпишување од двете Страни и се склучува на неопределено време.
Меморандумот е составен на македонски јазик, во 4 (четири) еднакви примероци, од кои по 2 (два) идентични примероци за секоја од страните.
Фонд за иновации и технолошки развој Македонска Банкарска Асоцијација
Xxxxx Xxxxxxxxxxx Д-р Xxxx Xxxxxxxx Xxxxxxxx Директор Претседател