Имплементатор на проектот: COSV - Comitato di coordinamento delle Organizzazioni per il Servizio Volontario. Проектот е финансиран од: Европската Унија врз основа на Грант Договорот помеѓу COSV и CFCD - Министерството за Финансии на РМ (09-38046/1).
ОПИС НА РАБОТНИ ЗАДАЧИ ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА НАДВОРЕШНИ ЕКСПЕРТИ / КОНСУЛТАНТИ
Договорен орган:
Фондација РЕГИОНАЛНА РАЗВОЈНА АГЕНЦИЈА НА ПЕЛАГОНИЈА – ПРЕДА.
Опис на проектот:
Имплементатор на проектот: COSV - Comitato di coordinamento delle Organizzazioni per il Servizio Volontario.
Партнер на проектот: Фондација РЕГИОНАЛНА РАЗВОЈНА АГЕНЦИЈА НА ПЕЛАГОНИЈА – ПРЕДА.
Наслов на проектот: Поддршка на жените Роми за пристапување на пазарот на трудот во Република Македонија.
Главна цел на проектот: Унапредување на интеграцијата на жените од малцинските етнички заедници на пазарот на трудот во Р. Македонија.
Специфични цели на проектот:
- Зголемување на клучните вештини на таргетираната женска популација од Ромска национална припадност;
- Поттикнување на специфични услуги за вработување во Пелагонискиот регион.
Очекувани резултати:
- Воспоставени Медијациски канцеларии зајакнати со советници за вработување од Ромска националност;
- Зајакнати клучни вештини и самодоверба кај женската популација од Ромската национална припадност на територијата на општините Прилеп, Битола и Ресен;
- Подобрена заедничка соработка помеѓу клучните актери кои се вклучени во зголемувањето на можностите за вработување во Пелагонискиот регион.
Целна група:
- 70 Невработени жени од Xxxxxx национална припадност;
- Медијациска канцеларија;
- Локална социјална канцеларија;
- Ромските невладини организации во Прилеп, Битола и Ресен.
Времетраење на проектот: 15 месеци.
Проектот е финансиран од: Европската Унија врз основа на Грант Договорот помеѓу COSV и CFCD - Министерството за Финансии на РМ (09-38046/1).
Критериуми за избор на надворешни експерти / консултанти:
За потребите на горенаведениот проект потребно е ангажирање на екперти / консултанти кои треба да ги спроведат следните тренинзи:
1. Тренинг за проценка на индивидуалните вештини.
1.1.Подготовка на специфична тренинг програма за обучување на советниците за вработување, во соработка со Агенцијата за Вработување на РМ, која треба да претставува алатка што ќе има за цел да ги детерминира контекстот и околностите кои ги засегаат жените од Ромската популација во областа на вработувањето во РМ.
1.2.Соработка при креирањето на агенда со детален временски распоред за спроведување на тренинзите.
1.3.Подготовка на тренинг материјали потребни за реализација на тренингот.
1.4.Спроведување на тренингот од страна на експертот/консултантот согласно времената рамка.
1.5.Подготовка на прашалник за евалуација на вештините на Ромските советници за вработување, стекнати на спроведените тренинзи.
1.6.Подготовка на специфичен прашалник за евалуација на успешноста на постигнатите резултати од тренингот, 2 месеци по спроведувањето на горенаведениот тренинг.
* Избраните експерти/ консултанти за имплементацијата на горенаведениот тренинг, треба да ја користат следната методологија:
- Фронтални сесии;
- Индивидуални интервјуа;
- Вежба со играње на улоги;
- Студии на случаи;
- Пленарни дискусии.
2. Тренинг за изработка на личен план за развој.
2.1.Подготовка на специфична тренинг програма за обука на Ромските советници за вработување, која треба да претставува основа за изработка на личен план за разој според индивидуалните потреби на секој корисник, а притоа треба да има улога на мапа во процесот на барање работа.
2.2.Подготовка на специфични алатки за проценка на вештините, условите и мотивацијата кај невработените лица – учесници на тренинзите.
2.3.Соработка при креирањето на агенда со детален временски распоред за спроведување на тренинзите.
2.4.Подготовка на тренинг материјали потребни за реализација на тренингот.
2.5.Спроведување на тренингот од страна на експертот/консултантот согласно времената рамка.
2.6.Подготовка на прашалник за евалуација на вештините на Ромските советници за вработување, стекнати на спроведените тренинзи.
2.7.Подготовка на специфичен прашалник за евалуација на успешноста на постигнатите резултати од тренингот, 2 месеци по спроведувањето на горенаведениот тренинг.
* Избраните експерти/ консултанти за имплементацијата на горенаведениот тренинг, треба да ја користат следната методологија:
- Интервјуа;
- Студии на случаи;
- Пленарни дискусии.
3. Тренинг за законската легислатива за вработување и модалитетите на договори за вработување.
3.1.Подготовка на специфична тренинг програма за обука на Ромските советници за вработување, во однос на потребните домашни документи за вработување, законските регулативи и процедури за вработување во РМ, релевантните институции во областа на вработувањето, договорните модалитети за вработување, како и бенефитот од склучувањето на договор за работен однос.
3.2.Изработка на прирачници за детерминација на релевантната домашна законска регулатива за вработување на жените од Ромската популација.
3.3.Селекција и презентација на домашна релевантна законска регулатива за вработување според потребите на учесниците на тренингот.
3.4.Изработка на модалитети на договори според типот на работен однос (постојани, привремени, сезонски и сл.).
3.5.Соработка при креирањето на агенда со детален временски распоред за спроведување на тренинзите.
3.6.Подготовка на тренинг материјали потребни за реализација на тренингот.
3.7.Спроведување на тренингот од страна на експертот/консултантот согласно времената рамка.
3.8.Подготовка на прашалник за евалуација на стекнатото знаење од тренингот.
3.9.Подготовка на специфичен прашалник за евалуација на успешноста на постигнатите резултати од тренингот, 2 месеци по спроведувањето на горенаведениот тренинг.
* Избраните експерти/ консултанти за имплементацијата на горенаведениот тренинг, треба да ја користат следната методологија:
- Фронтални сесии;
- Вежби со играње на улоги;
- Студии на случаи;
- Пленарни дискусии.
4. Тренинг за вмрежување на лицата кои бараат работа, работодавците и Агенцијата за вработување.
4.1.Подготовка на тренинг програма која што треба да испорача целосна и корисна информација на темата “Како да се развие мрежа помеѓу невработените кои бараат работа, потенцијалните работодавци и Агенцијата за вработување на РМ”, со цел подобрување на потенцијалите за вработување на женската популација од Ромска националност преку интегрирана обука за начинот на комуникација на Ромските советници со релевантните институции во областа на вработувањето.
4.2.Анализа на неопходните информации за спроведување на тренингот, во областа на вработувањето на женската популација од Ромска националност.
4.3.Соработка при креирањето на агенда со детален временски распоред за спроведување на тренинзите.
4.4.Подготовка на тренинг материјали потребни за реализација на тренингот.
4.5.Спроведување на тренингот од страна на експертот/ консултантот согласно времената рамка.
4.6.Подготовка на прашалник за евалуација на стекнатото знаење од тренингот.
4.7.Подготовка на специфичен прашалник за евалуација на успешноста на постигнатите резултати од тренингот, 2 месеци по спроведувањето на горенаведениот тренинг.
* Избраните експерти/ консултанти за имплементацијата на горенаведениот тренинг, треба да ја опфатат следната методологија:
- Фронтални сесии;
- Интервјуа;
- Вежби со играње на улоги;
- Студии на случаи;
- Пленарни дискусии.
5. Тренинг на тема “Информации за пазарот на трудот”.
5.1.Подготовка на специфична тренинг програма која ќе има за цел да ја претстави моменталната ситуација на пазарот на трудот во однос на вработувањето на женската популација од Ромска национална припадност.
5.2.Подготовка на едукатива интерактивна презентација (Power Point) која што треба да претставува детерминација на правата и обврските на пазарот на трудот во РМ, можностите за вработување кои се нудат од индустрискиот сектор во регионот, како и потребата од сезонски вработувања на територијата на општините Прилеп, Битола и Ресен.
5.3.Соработка при креирањето на агенда со детален временски распоред за спроведување на тренинзите.
5.4.Подготовка на тренинг материјали потребни за реализација на тренингот.
5.5.Спроведување на тренингот од страна на експертот/консултантот согласно времената рамка.
5.6.Подготовка на прашалник за евалуација на стекнатото знаење од тренингот.
5.7.Подготовка на специфичен прашалник за евалуација на успешноста на постигнатите резултати од тренингот, 2 месеци по спроведувањето на горенаведениот тренинг.
* Избраните експерти/ консултанти за имплементацијата на горенаведениот тренинг, треба да ја опфатат следната методологија:
- Power Point - презентација;
- Пленарни дискусии.
6. Тренинг за личните и комуникациските вештини.
6.1.Подготовка на специфична тренинг програма која ќе има за цел интерактивно да ги запознае невработените лица од една страна и потенцијалните работодавaчи од друга страна, а истата треба да претставува и упатство за: комуникација со работодавачите, надворешниот изглед, личната хигиена, како и клучните проблеми на невработените лица во процесот на барање работа, од аспект на личните вештини.
6.2.Соработка при креирањето на агенда со детален временски распоред за спроведување на тренинзите.
6.3.Подготовка на тренинг материјали потребни за реализација на тренингот.
6.4.Спроведување на тренингот од страна на експертот/консултантот согласно времената рамка.
6.5.Подготовка на прашалник за евалуација на стекнатото знаење од тренингот.
* Избраните експерти/ консултанти за имплементација на горенаведениот тренинг, треба да ја користат следната методологија:
- Фронтални сесии;
- Вежба со играње на улоги;
- Студии на случаи;
- Пленарни дискусии.
7. Тренинг за договорните модалитети за вработување.
7.1.Селекција на соодветни документи, легислативи и договорни модалитети кои што се релевантни за имплементацијата на тренингот, со цел да се презентира нивната суштина, како и придобивките од нивното користење.
7.2.Изработка на примероци од договори за работен однос, кои што треба да претставуваат едноставен начин за презентација на придобивките од склучувањето на договор за работен однос.
7.3.Подготовка на (Power Point) презентација која треба да претставува едноставен начин за презентирање на основните модалитети на договори за работен однос, од аспект на бенефитот од склучување на договор за вработување.
7.4.Соработка при креирањето на агенда со детален временски распоред за спроведување на тренинзите.
7.5.Подготовка на тренинг материјали потребни за реализација на тренингот.
7.6.Спроведување на тренингот од страна на експертот/консултантот согласно времената рамка.
7.7.Подготовка на прашалник за евалуација на стекнатото знаење од тренингот.
* Избраните експерти/ консултанти за имплементација на горенаведениот тренинг, треба да ја опфатат користат методологија:
- Power Point - презентација;
- Пленарни дискусии.
Детална временска рамка и локација за реализација на тренинг активностите во рамките на проектот:
ТРЕНИНГ | Времетраење на тренингот | Општина во која ќе се спроведува тренингот | |
1. | Тренинг за проценка на индивидуалните вештини | 5 Дена | Битола |
2. | Тренинг за изработка на личен план за развој | 5 Дена | Прилеп |
3. | Тренинг за законската легислатива за вработување и модалитети на договори за вработување | 5 Дена | Ресен |
4. | Тренинг за вмрежување на лицата кои бараат работа, работодавците и Агенцијата за вработување | 5 Дена | Битола |
5. | Тренинг на тема “Информации за пазарот на трудот” | 6 Дена (3 тренинзи по 2 дена во општините) | Битола Прилеп Ресен |
6. | Тренинг за личните и комуникациските вештини | 6 Дена (3 тренинзи по 2 дена во општините) | Битола Прилеп Ресен |
7. | Тренинг за договорните модалитети за вработување | 6 Дена (3 тренинзи по 2 дена во општините) | Битола Прилеп Ресен |
Временски распоред за реализација на тренинзите:
Месеци (април 2013 – февруари 2014)
РАБОТНИ ЗАДАЧИ ЗА ЕКСПЕРТИТЕ / КОНСУЛТАНТИТЕ | 11 | 12 | 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 1 | 2 |
Тренинг за проценка на индивидуалните вештини; | ||||||||||||||||
Тренинг за изработка на личен план за развој; | ||||||||||||||||
Тренинг за законска легислатива за вработување и модалитети на договори за вработување; | ||||||||||||||||
Тренинг за вмрежување на лицата кои бараат работа, работодавците и Агенцијата за вработување; | ||||||||||||||||
Тренинг на тема “Информации за пазарот на трудот”; | ||||||||||||||||
Тренинг за лични и комуникациските вештини; | ||||||||||||||||
Тренинг за договорните модалитети за вработување; |
Превземените обврски од страна на консултантите / експертите отпочнуваат 15 дена пред спроведувањето на горенаведените тренинзи и ќе траат се до имплементацијата на горенаведените тренинзи.
Очекувана методологија при изработка на тренинг материјали:
Во процесот на подготовка на тренинг материјалите, ангажираните експерти / консултанти треба да ја користат најмалку следната методологија:
• Анализа на постоечката законска регулатива на РМ во областа на проблематиката за вработување на населението од малцинските етнички заедници;
• Анализа на актуелната состојба во областа на вработувањето на насление од малцински етнички групи;
• Десктоп истражување, прибирање и анализа на информации кои се достапни во релевантните институции на РМ, печат и објавени на интернет.
Потребни ресурси:
Ангажираниот експерт / консултант треба да поседува комуникациски и презентерски способности.
Јазик на подготвените тренинг материјали:
Тренинг материјалите кои ќе бидат потребни за имплементација на гореспоменатите тренинзи треба да бидат подготвени на македонски јазик .
Надоместок:
Експертите / консултантите ќе го добијат својот надоместок по реализацијата на тренинзите. Плаќањето ќе биде извршено на трансакциска сметка на експертите / консултантите.
Експертите / консултантите треба да ги исполнуваат следните критериуми:
1. Задолжително високо образование, а предност ќе имаат кандидатите со степен на образовна квалификација магистрант или магистер на науки, доктор на науки;
2. Одржани тренинзи/обуки, текстови или прилози кои што се релевантни во проблематиката за вработување и тренинг активности што се поврзани со темата на проектот “Поддршка на жените Роми за пристапување на пазарот на трудот во Република Македонија”.
3. Познавање на домашната законска регулатива за вработување, како и активните регулативи и политики за вработување во РМ;
4. Работно искуство и познавања поврзани со темата на проектот, за што ќе се приложат соодветени препораки од работодавецот за слични тренинзи/обуки.
Секој заинтересиран кандидат може да конкурира за спроведување на повеќе од еден од горенаведените тренинзи.
Заинтересираните кандидати треба да достават:
- ПРИЈАВА- во слободен формат со предложена методологија за бараните тренинзи;
- CV во европски формат;
- Препораки доколку ги поседува;
- Листа на претходно одржани обуки/тренинзи, текстови, публикации и сл. поврзани со темата на горенаведените тренинзи.
Фондација РЕГИОНАЛНА РАЗВОЈНА АГЕНЦИЈА на ПЕЛАГОНИЈА – ПРЕДА го задржува правото да повика определен број на кандидати кои се пријавиле на огласот на интервју.
Апликациите треба да бидат доставени во печатена форма на следната адреса:
Фондација РЕГИОНАЛНА РАЗВОЈНА АГЕНЦИЈА на “ПЕЛАГОНИЈА – ПРЕДА”
Ул. „Томаки Димитровски„ бр 7/1 7000 Битола
Република Македонија
или
по електронски пат на e - mail адресата: xxxxxxxx@xxxxx.xxx.xx
xxxxxxxxxxx@xxxxx.xxx.xx
Краен рок за пријавување е 15 дена од денот на објавувањето на огласот.
Огласот и описот на работните задачи можат да се превеземат од веб страната на фондацијата: