Contract
ДОГОВОР ЗА ПРЕНОС НА ПРИРОДЕН ГАС
Склучен во Скопје на ден год.
Во натамошниот текстꓽ „Договор за пренос“,
„Договор“,Склучен помеѓу следните договорни страни:
1. Акционерско друштво за вршење на енергетска дејност пренос на природен гас НОМАГАС Скопје во државна сопственост, со седиште на бул. Св. Xxxxxxx Xxxxxxxx бр. 54 Скопје, ЕМБС 7649401, ЕДБ MK4080022611460 и бр.ж-сметка 300000004930352, застапуван од Извршниот директор Xxxxxx Xxxxxx, во понатамошниот текст: „ Оператор (ОСППГ)”
и
1. со седиште и регистрирана адреса:
со ЕМБС и ЕДБ застапуван од -
------------, во натамошниот текст „Корисник“.
во понатамошниот текст заеднички наречени „Страни“,
1. ПРЕДМЕТ НА ДОГОВОРОТ ЗА ПРЕНОСПредмет на уредување
Член 1
(1) Со овој Договор за пренос на природен гас (во понатамошниот текст: Договор) се уредуваат правата и обврските помеѓу договорните страни кои се однесуваат на начинот и условите за пристап и користење на мрежата за пренос на природен гас како и надоместокот за пристап и користење на системот за пренос на природен гас.
(2) Правата и обврските на страните, како и другите услови содржани во овој договор се одобрениод страна на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија (во понатамошниот текст: РКЕ) и се објавени на веб страницата на ОСППГ.
Член 2
(1) На правата и обврските на страните коишто не се уредени со овој Договор соодветно се применуваат Законот за енергетика, Правилата за пазар на природен гас, Правилата за балансирање на системот за пренос на природен гас, Правилата за доделување на преносни капацитети, Правилникот за определување на регулиран максимален приход и регулирани просечни тарифи за пренос на природен гас, Мрежните правила за пренос на природен гас (вопонатамошниот текст: Мрежни правила), како и другите важечки закони и прописи во Република Северна Македонија.
1
(2) Договорните страни се согласни дека по исклучок од одредбата од став (1) на овој член
мрежните правила на ENTSO-G се сметаат за прифатени и директно се применуваат од страна
на ОСППГ во согласност со обврските на Република Северна Македонија преземени со ратификуваните меѓународни договори, како и обврските на операторот на системот за пренос на природен гас од членството во ENTSO-G.
Член 3
Договорните страни се согласни дека правата и обврските од овој Договор ќе ги остваруваат и исполнуваат со задолжителна примена на одредбите од Општите услови за пренос на природен гас коишто се содржани во Прилог 3 на овој Договор и се составен дел на овој Договор.
Член 4
Значењето на одделни изрази, содржани во Законот за енергетика, Правилата за пазар на природен гас, Правилата за балансирање на системот за пренос на природен гас, Правилата за доделување на преносни капацитети, Правилникот за определување на регулиран максимален приход и регулирани просечни тарифи за пренос на природен гас и Мрежните правила се применува и на овој Договор, освен ако со дефинициите содржани во член 1 од Општите услови за договорот за пренос на природен гас поинаку не е определно.
Член 5
(1) Овој Договор како образец достапен на веб страницата на ОСППГ се склучува по барање на Корисникот.
(2) Договорните страни се согласни дека овој Договор отпочнува да создава права и обврски ако во рок од седум дена по неговото потпишување откако Xxxxxxxxxx ќе му ја достави на ОСППГ финансиската гаранција под услови, начин и во форма определна со одредбите од Дел 5. (Финансиски гаранции) од овој Договор, во спротивно ќе се смета дека овој Договор не бил потпишан.
(3) По потпишувањето на Договорот и обезбедувањето на финансиската гаранција, Корисникот се стекнува со право на годишна, квартална, месечна и дневна резервација на капацитет на Платформа за резервација на капацитети (во понатамошниот текст: ПРК).
(4) Потврдата за трансакција за резервирање на капацитет издадена преку ПРК (ПРК конфирмација) е составен дел на овој Договор и претставува основа за издавање на фактура за надоместокот за пренос на природен гас.
2. ПРАВА И ОБВРСКИ Член 6
Обврските на Корисникот кои произлегуваат од договорите кои ги има склучено со други
учесници на пазарот на гас се единствена одговорност на Корисникот и на ниту еден начин не влијаат на правата и обврските на ОСППГ определни со овој Договор или со друг договор склучен со корисникот.
Права и обврски на операторот на системот за пренос на природен гас Член 7
(1) ОСППГ е должен:
1) на корисникот да му обезбеди непречен пристап до мрежата за пренос на природен гас заради набавка, пренос и снабдување со природен гас на начин и услови определени со овој Договор,
2) да обезбеди услуги за постојан или прекинлив пристап на трета страна и да обезбеди дека цената за капацитетот што подлежи на прекини ја одразува веројатноста за прекини,
3) да им понуди на корисниците на системот долгорочни и краткорочни услуги,
4) на транспаренетен и недискриминаторен начин да му обезбеди на корисникот целосни, веродостојни и објективни информации и податоци коишто се однесуваат на пристапот и користењето на системот за пренос на природен гас,
5) да го утврди надоместокот за користење на системот за пренос на природен гас согласно важечката одлука на РКЕ за одобрување на висината на тарифата за пренос на природен гас и ПРК конфирмациите.
(2) ОСППГ има право да:
1) го наплатува надоместокот за услугата пренос на природен гас која што е предмет на овој Договор;
2) го ограничи или прекине давање на услугата за пренос на природен гас што е предмет на Договорот под услови и на начин пропишани со овој Договор, Мрежните правила и Законот за енергетика;
3) го отфрли барањето за резервација на капацитет, во согласност со мрежните правила;
4) отфрли номинација, реноминација и промена на прифатената номинација, доколку:
- е повисока од договорениот капацитет,
- не е усогласен со привремените ограничувања на договорениот капацитет пропишани со закон или со Мрежните правила, или
- не е испорачано во пропишаниот рок.
5) одбие да даде согласност за пренос на договорениот капацитет или пренос на правото на користење на договорениот капацитет при тргување со договорениот капацитет на секундарниот пазар, во согласност со Мрежните правила на мрежата;
6) одбие да пренесе природен гас низ системот за пренос, ако природниот гас не ги исполнува условите за квалитет, притисок и/или другите услови пропишани со Мрежните правила, Правилата за балансирање на системот за пренос на природен гас како и правилата за снабдување со природен гас.
(3) ОСППГ е должен:
1) да го стави на располагање договорениот капацитет на Корисникот во согласност со Потврдата за доделен капацитет;
2) да ги преземе количините на гас што Корисникот ги доставува до системот за пренос на природен гас на влезот во системот за пренос каде што капацитетот на системот за пренос е доделен на Корисникот, под услов:
- гасот ги исполнува условите за квалитет на природен гас пропишани со овој Договор ,
- количините на природен гас се во согласност со најавата за користење на системот за пренос,
- условите на притисок одговараат на условите на притисок од енергетската согласност;
3) да води евиденција за количините на гас преземени од Корисникот на влезот во системот за пренос и за преземените количини да го извести Корисникот,
4) да ги испорача количините на гас што Xxxxxxxxxx ги доставува до системот за пренос, врз основа на потврдени номинации на излезот од системот за пренос каде што капацитетот на е му е доделен на Корисникот,
5) да води евиденција за количините на природен гас испорачани за Корисникот на излез од системот за пренос и за испорачаните количини да ги извести Корисникот.
(4) Покрај правата и обврските определени со овој Договор ОССПГ е должен да ги исполнува и обврските пропишани со Законот за енергетика и прописите донесени врз основа на тој закон,
обврските коишто за ОСППГ произлегуваат од ратификуваните меѓународни договори, членството во меѓународните организации и институции, како и од договорите за интерконекција склучени со операторите на соседните системи за пренос на природен гас.
Права и обврски на Корисникот на системот за пренос на природен гас Член 8
(1) Корисникот има право:
1) на пристап до системот за пренос на природен гас во согласност со овој Договор, Законот за енергетика и Мрежните правила;
2) да го користи договорениот капацитет во согласност со овој Договор и Мрежните правила;
3) да доставува гас до системот за пренос на природен гас и/или презема гас од системот за пренос на природен гас во количини утврдени со номинацијата;
4) да тргува со договорениот капацитет и/или право на користење на договорениот капацитет на секундарниот пазар во согласност со одредбите на Мрежните правила и регулативи на Европската Унија.
(2) Корисникот е должен да:
1) ја обезбеди финансиската гаранција и да ја достави до ОСППГ во согласност со овој Договор;
2) му го плаќа на ОСППГ надоместокот за користење на системот за пренос на природен гас на начин и под услови определни со овој Договор.
3) до датумот на доспевање, целосно да ги подмири, фактурите издадени од ОСППГ на име надоместок за користење на системот за пренос, како и другите обврски за плаќање кои произлегуваат од овој Договор;
4) се осигура дека гасот што се доставува до системот за пренос ги исполнува наведените услови за квалитет согласно овој Договор и Мрежните правила
5) доставува во системот за пренос количини на природен гас кои се во согласност со номинацијата;
6) го информира ОСППГ за секоја промена на околностите кои претходеле на склучувањето на овој Договор или се суштински за спроведување на овој Договор;
7) да ја ограничи или прекине испораката на гас до системот за пренос доколку ОСППГ му достави известување за ограничување или престанок на давање услуги за пренос на природен гас врз основа на овој Договор, Мрежните правила или други прописи,
8) на барање на ОСППГ, да му доставува информации потребни за ОСППГ да ги исполни обврските од овој Договор, Мрежните правила и Законот за енергетика;
9) се придржува кон упатствата на диспечерскиот центар на ОСППГ;
10) обезбеди технички услови за комуникација и размена на податоци со ОСППГ.
(3) Покрај обврските од став (2) на овој член, Корисникот, врз основа на овој Договор е должен:
1) да се осигури дека гасот доставен до системот за преност ги исполнува наведените услови за притисок дефинирани во овој Договор и Мрежните правила;
2) да ги обезбеди количините на природен гас, врз основа на важечки договор за трговија со природен гас, на влезните точки на системот за пренос на природен гас, каде што има алоциран/доделен капацитет, за времетраењето на важноста на доделените производи за капацитет,
3) да обезбеди испорака на количините на природен гас до влезната точка на системот за пренос на природен гас каде што има капацитет доделен за времетраењето на важноста на доделените производи за капацитет врз основа на валиден договор за обезбеден капацитет или договор за пренос, преку преносниот систем на соседниот оператор или договор за снабдување склучен со трговец кој обезбедил капацитет преку преносната мрежа на соседниот оператор до влезните точки наведени во ПРК конфирмацијата.
(4) Покрај правата и обврските определени со овој Договор Корисникот е должен да ги исполнува и обврски пропишани со Законот за енергетика и прописите донесени врз основа на тој закон, обврските коишто за Корисникот произлегуваат од ратификуваните меѓународни договори, како и од договорите за интерконекција склучени помеѓу операторите на соседните системи за пренос на природен гас.
3. НАДОМЕСТОЦИ
Надомест за користење на системот за пренос Член 9
(1) Корисникот е должен да му плати на ОСППГ надоместок за пренос на природен гас кој се состои
од надоместок за гарантиран капацитет во точките на влез и излез и надоместок за пренесени количини во точките на излез.
(2) Надоместок за гарантиран капацитет во точките на влез и излез се пресметува врз основа на договорениот капацитет на потрошувачот во точките на влез и на излез и тарифите за капацитет во точките на влез и на излез, без оглед дали Корисникот ја користел услугата за пренос на природен гас во количина што одговара на договорениот капацитет, на дел од договорениот капацитет или воопшто не ја користел услугата за пренос на природен гас.
(3) Надоместок за пренесени количини во точките на излез се определува врз основа на пренесените количини на природен гас на точката на излез и тарифата за пренесени количини во точките на излез и пренесените количини на природен гас во точките на излез.
(4) Тарифите од ставовите (2) и (3) на овој член се утврдуваат од страна на РКЕ согласно методологијата утврдена во Тарифниот систем за пренос на природен гас и организирање и управување со пазарот на природен гас одобрен од страна на РКЕ.
Пресметка на пренесените количини на природен гас Член 10
(1) Пренесените количини на природен гас од член (9) став (3) се изразуваат во енергија и се
пресметуваат со помош на следната формула: Qe=Qv*GCV [kWh]
каде што е:
Qe – енергија во kWh
Qv – волумен на гас во референтни услови (p=1,01325 bar, t=00C)
GCV - горна топлинска моќ на согорување (25/0) на смесата изразено во (kWh/nm3).
(2) Прогнозираните GCV се објавуваат на дневна основа на веб страниците на Операторите на системите за пренос на природен гас на од двете страни на интерконективната точка, со цел да се информираат корисниците на мрежата од двете страни како да ги претворат волумените во енергија како и енергијата во волумен за да се избегне несовпаѓање. Оваа вредност се користи само за номинации на количини, додека крајната вредност за пресметка на распределените количини на излезните точки, се прави со пондерирана вредност на GCV измерена на денот на испорака.
(3) Договорните страни се согласни дека следново ќе се применува при извршувањето на нивните обврски од овој договор:
1) Бруто (супериорна) калориска вредност (GCV (25/0)) при нормални референтни услови се пресметува за природен гас според ISO 6976 земајќи ги предвид нормалните референтни услови и референтната температура на согорување од 25°C.
2) Предвидената GCV во нормална состојба се изразува во kWh/Nm3.
3) Количина на природен гас изразена во енергетски единици (kWh) е енергетска содржина на даден волумен на природен гас пресметана како производ од волуменот на гасот изразен во нормални референтни услови без децимали (скратени, не заокружени), помножени според бруто-калориската вредност (25/0)), изразена во нормални референтни услови, со 6 децимали.
4) За пресметка на енергија, GCV во kWh/Nm3 се користи со заокружување на 6 децимали, со заокружување нагоре ако седмата децимала е 5 или повеќе, и со заокружување надолу ако седмата децимала е 4 или помалку.
5) Бруто калориската вредност се изразува во kWh/Nm3.
6) Предвидена GCV во нормална состојба е просечна пондерирана GCV, пресметана во ГМС Жидилово користејќи ISO 6976, на гасниот ден Д-2, непосредно пред гасниот ден Д-1 на кој се одвива процесот на совпаѓање за соодветниот гасен ден (Д).
4. ФАКТУРИРАЊЕ И ПРИГОВОРИ ПО ФАКТУРИ Xxxxxxx и доставување
Член 11
(1) Врз основа на ПРК конфирмацијата (договорен капацитет), ОСППГ до петтиот ден од тековниот месец изготвува и му доставува на Корисникот фактура:
1) за договорен капацитет за тековниот месец, во која вклучува:
- 1/12 (една дванаесетина) од вредноста на резервираните производи со годишен капацитет пресметани по тековните цени за пренос важечки за месецот на плаќање;
- 1/3 (една третина) од вредноста на резервираните производи на квартален капацитет;
- вредноста на резервираните производи за месечни капацитети.
2) за услугата за пренос за претходниот месец, односно за пренесени количини во претходниот месец,
3) за премиите за аукцијата за постапките за распределба на капацитетот за претходниот месец спроведени на платформата ПРК (доколку има ).
(2) Фактурите од точките 2) и 3) од ставот (1) на овој член се изготвуваат врз основа на податоците од конечниот месечен извештај.
(3) Датумот на доспевање на фактурите од став (1) на овој член е 10 работни дена од датумот на издавање на истата.
(4) ОСППГ ги испраќа фактурите по електронски пат (e-mail), на адреса на Корисникот наведена во овој Договор или преку електронската платформа.
Плаќање на фактури Член 12
(1) Корисникот го плаќа фактурираниот вкупен износ во денари, на трансакциските сметки на
ОСППГ наведени во овој Договор.
(2) Обврската за плаќање се смета за исполнета со денот кога парите се уплатени на една од трансакциските сметка на ОСППГ.
(3) Ако фактурата не се плати до датумот на доспевање определен во Член од овој Договор, се пресметува затезна камата, за период на доцнење.
(4) Ако Xxxxxxxxxx не ја плати факурата во рок од 7 дена по рокот на доспевање дефиниран во Член од овој договор, ОСППГ има право на активирање на финансиската гаранција, во износ кој се должи.
(5) ОСППГ во рок од два дена го известува Корисникот за активирањето на финансиската гаранција преку електронска пошта на адресата наведена во овој Договор.
(6) Во случај на активирање на финансиската гаранција Корисникот е должен во рок не покус од пет дена од денот на активирањето на финасиската гаранција да обезбеди нова или да ја дополни постојната финасиска гаранција.
(7) Ако Xxxxxxxxxx не обезбеди нова, или не ја дополни финансиската гаранција во рокот од став
(4) на овој член, ОСППГ има право еднострано да го раскине овој Договор и за тоа го известува Корисникот по електронски пат.
Приговор по фактура Член 13
(1) Корисникот имаат право на приговор до ОСППГ на фактурата или дел од неа во рок од пет
работни дена по приемот на фактурата доставена од ОСППГ.
(2) Во поднесениот приговор Xxxxxxxxxx ги наведува и образложува причините за поднесување на приговорот.
(3) Поднесувањето на приговорот до ОСППГ не го одлага плаќањето по издадената фактура.
(4) Ако приговорот од став (1) на овој член е усвоен, XXXXX изготвува нова коригирана фактура и ја доставува до Корисникот во рок од три работни дена од усвојување на приговорот.
Приговор по фактури до РКЕ Член 14
(1) Ако ОСППГ утврди дека приговорот по фактурата од член 13 не е основан, во рок од осум
работни дена донесува одлука за одбивање на приговорот.
(2) Xxxxxxxxxx има право да поднесе приговор до РКЕ против одлуката на ОСППГ од став (1) на овој член.
(3) Договорните страни се согласни дека Xxxxxxxxxx се откажал од правото на приговор против одлуката на ОСППГ од став (1) на овој член ако во рок од седум дена по добивањето на одлуката не поднесе приговор до РКЕ.
(4) Поднесувањето на приговорот до РКЕ од став (2) на овој член, како и тужбата против одлуката на РКЕ по приговорот не го одложува плаќањето по издадената фактура.
Корекција на фактури Член 15
(1) Ако ОСППГ изврши корекција на фактура испратена до Корисникот, ОСППГ доставува до
Корисникот финансиско задолжение или одобрение кое се добива како разлика помеѓу вредностите во доставените фактури од Член став (1) и вредностите добиени по конечните пресметки.
(2) Xxxxxxxxxx има право на приговор на финансиското задолжение или одобрение во рок од пет работни дена по приемот.
(3) На постапката за доставување и одлучување по приговорот на финансиското задолжение или одобрение соодветно се применуваат одредбите од членовите 13 и 14 од овој Договор.
(4) Ако по приговорот и направените корекции се утврди дека Корисникот е во претплата, ОСППГ му ги враќа на Корисникот средствата во висина на претплатата на трансакциска сметка на Корисникот наведена во овој Договор.
Пренесување на обврската за плаќање по фактури Член 16
(1) Ако Корисникот го пренесе правото на пренос на производот месечен капацитет кој е во сила
на датумот на пренос, на друг корисник, обврската за плаќање од Член став (1) останува на Корисникот.
(2) Ако Корисникот го пренесе правото на производите квартален и годишен капацитет, кои се во сила на датумот на преносот, на друг корисник, како резултат на постапка за промена на трговец/снабдувач или комерцијална трансакција на секундарниот пазар, обврската за плаќање на износите што доспеваат од Член став (1) за производите кои се предмет на пренос, се пренесуваат на новиот корисникот кој го стекнал капацитетот на производот од почетокот на месецот по датумот на преносот.
(3) Ако корисникот го пренесе правото на било кој од производите за капацитет пред почетокот на времето на соодветните производи на друг корисник, обврската за нивно плаќање се пренесува на новиот корисник кој го стекнал соодветниот производ на капацитет.
(4) Пред да го изврши преносот на капацитетот на друго лице, Корисникот е должен да провери дали тоа лице склучило или може да склучи договор со ОСППГ.
5. ФИНАНСИСКИ ГАРАНЦИИ Xxxxx на обезбедување
Член 17
(1) Договорните страни се согласни дека со цел да се намали ризикот за ОСППГ од неплаќање на фактурите издадени согласно Дел 4 од овој Договор, во рок од седум работни дена по потпишување на овој Договор Xxxxxxxxxx обезбедува финансиска гаранција во корист на ОСППГ.
(2) Финансиската гаранција од страна на Корисникот може да биде во една од следните форми:
1) Неотповиклива и безусловна банкарска гаранција според образецот во Прилог 2 кој е составен дел од Договорот, која се плаќа на првото барање на Операторот ОСППГ.
2) Депозит во готовина на банкарска сметка назначена од ОСППГ во овој договор.
(3) Финансиската гаранција важи од датумот на важност на Договорот, плус дополнителни 45 дена по истекот на рокот на важност на Договорот.
(4) Банкарската гаранција се издава во согласност со образецот содржан во Прилог 2 кон овој договор, со важност од најмалку 12 (дванаесет) месеци од датумот на издавањето, гласи на денари или во нивна противвредност во евра, пресметана според средниот курс на НБРСМ на денот на издавањето на гаранцијата.
(5) Кредитирањето на депозитот се врши во денари, на банкарските сметки на ОСППГ наведени во Договорот и се заверува со платен налог за уплатен износ. Основата во платниот налог се забележува ,,депозитен кредитен лимит“.
(6) Корисникот обезбедува финансиската гаранција во висина која зависи од производите на капацитет кои ги користи, плус ДДВ и тоа:
1) за дневен капацитет во износ еднаков на 100% од вредноста на количината на резервираниот капацитет според ПРК конфирмацијата, помножено со цената за овој производ што се применува од датумот на аукцијата, а во која е вклучена и премија за аукцијата, доколку има;
2) за месечен капацитет, во износ еднаков на 100% од вредноста на количината на резервираниот месечен капацитет според ПРК конфирмацијата, помножена со цената за овој производ која се применува заклучно со датумот на аукцијата, а во која е вклучена и премија за аукцијата, доколку има;
3) за кварталните и годишните производи, во износ на најавените количини на природен гас изразени како збир од двете највисоко најавени месечни количини во годишниот план на потрошувачка од страна на Корисникот помножени со соодветната тарифа за пренос објавена од РКЕ за тој тип на производ,
(7) Во случај на аукции за распределба за пакетен (bundled) капацитет на влезни/излезни места за кои се применуваат Правилата за доделување на преносни капацитети, односно согласно член 3 став (2) од овој Договор Регулативата (ЕУ) 2017/459, за воспоставување на мрежни правила за механизмите за распределба на капацитети во системите за пренос на природен гас, висината на финансиската гаранција се определува со примена на процентуалните стапки врз основа на износот на количината на производот резервиран капацитет помножен со важечката цена на соодветниот производ во која е вклучена и половина од премијата на аукцијата, зголемена за износот на данокот на додадена вредност (ако таков данок се пресметува).
(8) ОСППГ започнува со извршување на обврските што произлегуваат од Договорот, дури по потврдата на автентинтичноста на гаранцијата преку добивање на шифрирана СВИФТ порака од банката гарант (ако се работи за странска банка), или со писмена Потврда за автентичноста на гаранција, издадена од страна на матичната банка.
(9) Сите трошоци кои произлегуваат од издавањето банкарската гаранција, банкарски провизии, трошоци за нотификација (проследување на гаранцијата до корисникот на гаранцијата) и слични надоместоци се целосно на товар на Корисникот.
(10) Договорните страни се согласни дека на издавањето, активирањето и ослободувањето на банкарската гаранција соодветно се применуваат Еднообразните Правила за гаранции на повик, согласно Публикација бр. 758 на Меѓународната Трговска Комора во Париз (ICC Uniform Rules for Demand Guarantees -URDG 758), при што:
- На банкарската гаранција, без оглед на седиштето на банката гарант се применува законодавството на Република Северна Македонија и
- Банкарската гаранција издадена од банка гарант од Република Северна Македонија се издава на македонски јазик и неговото кирилско писмо, а банкарската гаранција издадена од банка гарант надвор од Република Северна Македонија се издава на англиски јазик.
- При активирање на гаранциите освен Барањето за плаќање и Изјавата треба да се достават до Гаранторот (Банката гарант) копии од неплатените достасани фактури.
Истото ќе биде и во случај при активирање на гаранции издадени од други земји, при што гаранциите ќе се примат како свифт порака од деловна банка.
- Приложените гаранции во земјата може да бидат издадени во хартиена форма и доставени директно до ОСППГ или може да бидат испратени со шифрирана свифт порака. Кога издавањето на гаранцијата е во хартиена форма, банката гарантор испраќа свифт порака до нашата матична банка со која ќе го потврди издавањето на гаранцијата и нејзината оперативност.
- Трошоците за издавање на гаранциите се на товар на страната - Налогодавач по гаранцијата.
- Во случај на активирање на гаранциите, треба да се консултира Деловна банка за подготовка на текстот на Барањето за плаќање и Изјавата.
- Фактурите кои се предмет на плаќање треба да бидат издадени на македонски јазик
за корисниците во земјата и да содржат повикување на бројот на Договорот наведен во текстот на гаранцијата.
Обнова или дополнување на финансиската гаранција Член 18
(1) Договорните страни се согласни дека:
1) ОСППГ има право да побара ажурирање на планот, во случај кога, количините во него се разликуваат за повеќе од 10% од износот, при целосно искористување на производите со резервиран капацитет на дневна основа.
2) Корисникот ја ажурира банкарската гаранција во рок од 10 работни дена од добивањето известување од ОСППГ.
3) ОСППГ не му ја потврдува трансакцијата на Корисникот, доколку ја нема обезбедено финансиска гаранција во висина одредена од ОСППГ.
4) Ако финансиската гаранција е во вид на банкарска гаранција, Корисникот е должен да ја обнови дадената банкарска гаранција 45 дена пред рокот на важноста.
5) Во случај на необновување на банкарската гаранција во рокот од точка 4) на овој став, ОСППГ има право да го раскине овој Договор еднострано, и за тоа го известува Корисникот по електронски пат.
6) ОСППГ не му должи на Корисникот камата за времето во кое износот на гарантен депозит останал кај него, ниту било какви дополнителни плаќања на такси и слични трошоци поврзани со депонираниот гарантен депозит.
Ослободување на финансиската гаранција Член 19
(1) Операторот ја ослободува финансиската гаранција, под услов да нема неподмирени обврски за
плаќање според Договорот од датумот на објавување, кој е определен на следниов начин:
1) Износи резервирани за доделен месечен капацитет производи за ден пред или во текот на денот - до 2 (два) дена од датумот на уплатата на соодветниот производ,
2) Износи резервирани за производи со доделен годишен и квартален капацитет, до 2 (два) дена од датумот на последната исплата на месечните рати на соодветниот производ.
3) Резервираните износи со кои се гарантираат доспеаните премии за аукцијата ќе бидат ослободени во рок од 2 дена од исплатата на доспеаните премии;
4) Во случај на пренос на капацитет помеѓу двајца корисници како резултат на постапка за промена на трговецот/снабдувачот и/или трговска трансакција на секундарниот пазар,
ОСППГ ќе го ослободи резервираниот кредитен лимит на корисникот што пренесува во однос на пренесените производи, во рок од 2 (два) дена од датумот на пренос.
(2) Операторот ја ослободува финансиската гаранција во рок од 5 дена од денот на прием на електронската пријава од страна на Корисникот, во случаите кога:
- корисникот ја заменува формата на финансиска гаранција,
- овој договор е раскинат и Корисникот ги подмирил финансиските обврски кои произлегуваат од договорот.
(3) Ако Корисникот ја замени формата на финансиската гаранција, ОСППГ го враќа претходното финансиско обезбедување или ја ослободува банкарската гаранција во рок од 5 дена по датумот на прием од Корисникот на новото финансиско обезбедување кое ги исполнува сите услови од договорот.
(4) При престанок на Договорот, секоја страна е целосно одговорна за сите неподмирени финансиски обврски кон другата страна, кои се случиле до денот на раскинување на овој Договор.
6. ТРАНСАКЦИИ СО КАПАЦИТЕТ НА СЕКУНДАРЕН ПАЗАР Понуда на капацитет
Член 20
(1) Корисникот има право делумно или целосно да ги пренесе своите капацитети наведени во ПРК конфирмациите, како и да ги преземе капацитетите од друг корисник преку трансакција на секундарен пазар со капацитети, во согласност со одредбите на овој Договор.
(2) Пренос на капацитетот на секундарен пазар се врши преку ПРК каде што пренесувачот и примачот уредно ги номинирале своите намери за пренос и преземање на капацитет.
(3) ОСППГ ја одобрува билатералната понуда во рок од 3 часа од нејзиното поднесување, по процедура за верификација со која се утврдува дека страната-преземач има потпишан договор за пренос и обезбедена финансиска гаранција и достапност на потребниот резервиран капацитет на страната што пренесува.
(4) Трансакцијата се смета за завршена со издавање на потврда од страната што го прима капацитетот.
(5) Продажбата на капацитетот помеѓу корисниците како трансакција, вклучувајќи ја и продажбата со надоместок се уредува со договор помеѓу двајцата корисници и тоа за ОСППГ не создава обврски коишто ги надминуваат исполнувањата на условите утврдени со ПРК конфирмацијата.
Услови за склучување трансакција со капацитет на секундарен пазар
Член 21
(1) Преносот на капацитет на секундарен пазар може да се изврши во периодот на користење на производот за капацитет во согласност со ПРК конфирмациите.
(2) Страната што прима мора да има потпишан договор за пренос со ОСППГ со обезбедена финансиска гаранција.
(3) Во случај производот со капацитет во согласност со ПРК конфирмацијата да претставува производ на пакетен капацитет (bundled), Корисникот е согласен дека во случај на пренос на производ со пакетен капацитет, тој може да се промени само во однос на неговата количина, а не во однос на типот на производот.
(4) Секое прекршување на обврската од став (3) на овој член се смета за прекршување на овој Договор и во овој случај ОСППГ има право да одбие да ја потврди трансакцијата за пренос на капацитет на секундарен пазар.
Правила за користење на капацитетот по трансакција за секундарен пренос на капацитет Член 22
(1) Ако страната што пренесува капацитет веќе номинирала пренос за капацитетот што е предмет
на пренос, за соодветниот гасен ден, страната примател ќе номинира повторно по завршувањето на преносот.
(2) Секој корисник, кој првично резервирал капацитет, му ги плаќа на ОСППГ надоместоците за капацитет (пренос) во рокот утврден во фактурата издадена врз основа на соодветните ПРК конфирмации кои го покриваат периодот на трансакцијата на пренос во согласност со овој Договор.
(3) Страните се согласни дека пренесените капацитети по нивниот трансфер се договорени со ОСППГ и со страната примател.
(4) Врз основа на Договорот за пренос на капацитет, страната примач ќе му ги платќа на ОСППГ надоместоците, кои се наплаќаат во процесот на користење на капацитетот по неговото пренесување во согласност со овој Договор.
7. ВИША СИЛА Услови
Член 23
(1) За виша сила се сметаат сите непредвидливи природни појави, како и настани и околности кои се надвор од влијанието на договорните страни и кои не можеле да ги предвидат и да ги спречат со примена на разумно прифатлив напор.
(2) Договорната страна која не ја исполнила својата обврска може да побара да биде ослободена од одговорност, доколку неисполнувањето било причинето од виша сила, а особено поради:
1) природни непогоди од поголем обем и интензитет, како што се земјотреси, поплави, лизгање на земјиште, суши, вулкански ерупции, оркански ветришта, снежни наноси, поројни дождови, удар на гром, епидемии и слични природни настани,
2) оштетувања, разурнувања или блокирање на друга енергетска, телекомуникациска или сообраќајна инфраструктура кои не се во сопственост на снабдувачот,
3) војна или воена состојба, вонредна состојба прогласена во согласност со закон, сеопфатна воена мобилизација, инвазија, вооружен судир, блокада или сериозна закана од ваквите состојби,
4) граѓанска војна, бунт, востание, револуција, воен или државен удар, терористички дејствија, саботажи, граѓански немири, масовни насилства,
5) дејствија на државни органи преземени во согласност со закон или поради крајна нужда,
6) прекини на работа, штрајкови, бојкот или окупација на постројките од страна на вработените,
7) испад на производствен, преносен или дистрибутивен капацитет, и
8) прогласување на енергетска кризна состојба во согласност со Законот за енергетика.
(3) Кога неисполнувањето на договорните обврски е причинето од трета страна која била ангажирана од договорната страна за извршување на одделни обврски од договорот во нејзино име и за нејзина сметка, се смета дека договорната страна не е одговорна само ако се исполнети
условите од ставовите (1) и (2) или ако барањата за одговорност се однесуваат и на третата страна.
(4) Договорната страна која докажала дека не била во состојба да ги исполни договорните обврски поради настанување на една или повеќе од причините наведени во став (2) од овој член:
1) е должна да ги преземе сите разумни мерки за да ги ограничи или намали последиците од настаните или состојбите на чие што постоење се повикала за да биде ослободена од одговорноста заради неисполнување на договорните обврски и да ја извести без одлагање другата договорна страна за престанувањето на настаните или состојбите што ја предизвикале нејзината неспособност да ги исполни договорните обврски,
2) ќе биде ослободена од одговорноста за неисполнување на своите обврски за целото времетраење на настаните или состојбите ако за тоа ја известила другата договорна страна без одлагање, а ако известувањето го доставила со задоцнување ќе се смета дека не е одговорна за неисполнувањето на обврските од моментот кога другата договорна страна го примила известувањето.
Повикување на виша сила Член 24
(1) Договорната страна која се повикува на Виша сила, веднаш писмено ја известува другата страна и се обврзува да ги преземе следните активности:
1) во рок од 10 дена да достави документи со кои се докажува постоењето на Виша сила и со тоа да го оправда неисполнувањето на своите обврски.
2) во рок од 30 дена да обезбеди писмени информации за околностите, основните причини и можните последици за спроведувањето на Договорот и очекуваното време кога би можел да продолжи со целосно извршување на своите обврски од Договорот.
3) обезбедување на пристап на другата страна за да ја провери локацијата на објектот, чиј неуспех резултирал со повикување на Виша сила.
4) во најкус можен рок да ги преземе сите потребни мерки за поправка на објектите и да продолжи со целосно извршување на своите обврски од овој договор.
(2) Ако договорната страна, поради состојба на Виша сила, не може да продолжи со извршување на своите обврски кои произлегуваат од Договорот во период од 90 последователни дена, таа има право да го раскине договорот за пренос со доставување на писмено известување од 30 дена, освен во случај кога во периодот на известувањето за прекин е продолжено со пренос на природниот гас.
Јазик на договорот и применливото право
Член 25
(1) Договорот е составен на македонски јазик.
(2) Ако Договорот е склучен на македонски и англиски јазик, а има недоследности помеѓу македонската и англиската верзија, преовладува македонската верзија.
8. ОТКАЖУВАЊЕ Член 26
(1) Ако поинаку не е уредено со овој Договор, ако една договорна страна не успее да искористи
или да оствари некое свое право, побарување, овластување или можност утврдени во овој
Договор или да побара од другата страна да ги исполнува и да се придржува кон нејзините обврски од овој Договор, тоа не претставува откажување на таа договорна страна од тоа право, побарување, овластување или можност, или откажување од условите и одредбите од овој Договор.
(2) По исклучок од став (1), откажувањето е полноважно ако е дадено во писмена форма и потпишано од овластеното лице на договорната страна, а во него недвосмислено, прецизно и целосно се наведени правата, побарувањата, овластувањата и можностите од коишто страната се откажува, како и моментот од кога откажувањето отпочнува да произведува правно дејство.
(3) Договорните страни се согласни дека ако некоја од страните прифатила неисполнување на некоја од обврските од овој Договор без правни последици за страната што не ја исполнила обврската, нема да се смета или претпоставува дека во некоја слична или различна ситуација, таа страна повторно ќе го прифати неисполнувањето на обврска без последици за страната што не ја исполнила обврската.
9. РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИ
Член 27
(1) Договорните страни се согласни дека ќе настојуваат сите спорови што може да настанат од спроведувањето на овој Договор да ги разрешат спогодбено, а ако во рок од 30 дена договорните страни не се спогодат во рок од 30 дена, секоја од страните ќе ја информира другата договорна страна за предметот на спорот, и истиот ќе биде доставен до надлежниот државен орган, односно суд.
(2) Договорните страни се согласни дека спогодбата постигната согласно став (1) од овој член е правно обврзувачка за двете страни
(3) Ако спорот отпочнат по барање на Корисникот не може да биде разрешен спогодбено, Корисникот има право да поднесе приговор до РКЕ.
Член 28
Договорните страни се согласни дека ниедна од страните нема да има право да оствари какво било побарување против другата страна ако тоа побарување претходно е наплатено со примена на друга одредба од овој Договор.
10. ДОВЕРЛИВОСТ, ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ И ЗАБРАНА НА КОРУПТИВНИ ДЕЈСТВИЈА
Член 29
(1) Договорните страни се согласни дека секоја договорна страна која што поседува документ (извештај, пресметка, програма и сл.) којшто заради исполнување на своите обврски од овој Договор е должна да му го направи достапен на другата договорна страна, а тој документ содржи технички, економски или деловни податоци и информации чиешто откривање може да ја влоши нејзината положба во однос на нејзините трговци/снабдувачи или купувачи, или воопшто на пазарот на природен гас, може тој документ да го означи како доверлив и да побара од другата договорна страна да не ги открива информациите и податоците содржани во тој документ на трети лица.
(2) Договорните страни се согласни дека не може да се означи како доверлив документ кој што е
јавно достапен.
(3) Договорната страна на којашто документот од став (1) и е направен достапен може да ги открие информациите и податоците содржани во тој документ на трети лица само во случај ако:
1) за тоа добила недвосмислена писмена согласност од другата договорна страна, или ако
2) тоа е потребно во постапката за затворање на финансиската конструкција и склучување на Директниот договор, или ако
3) тоа е побарано од надлежен државен орган заради спроведување на законски утврдените надлежности на тој орган или во судска постапка.
(4) Ако при исполнувањето на обврските и остварувањето на правата од овој Договор настане потреба од обработка на лични податоци, договорната страна која ги обработува личните податоци е должна обработката да ја врши согласно прописите за заштита на лични податоци.
(5) Ако за обработката на личните податоци е потребна согласност од лицето чиишто податоци се обработуваат, тогаш договорната страна е должна да добие писмена согласност за да може да ги достави личните податоци до другата договорна страна.
(6) Договорните страни се согласни дека нема да преземаат коруптивни дејствија и дека во согласност со закон ќе пријават до надлежен државен орган и до другата договорна страна преземање или намера за преземање на коруптивни дејствија од страна на својот персонал, при што како коруптивно дејствије во смисла на овој Договор особено се смета:
1) Давање или ветување за давање на пари, надоместоци или други парични или непарични погодности на раководни лица и вработени во ОСППГ или во подружници на ОСППГ, како и на членови на нивно потесно семејство со цел непочитување на одредбите од овој договор заради остварување на противправна имотна или друга корист за корисникот или за друго лице и
2) Давање или ветување за давање на пари, надоместоци или други парични или непарични погодности на раководни лица и вработени кај корисникот или во подружници на корисникот, како и на членови на нивно потесно семејство со цел непочитување на одредбите од овој договор заради остварување на противправна имотна или друга корист за ОСППГ или за друго лице.
(1) Постапувањето спротивно на обврските од овој член се смета за прекршување на овој Договор.
11. НАЧИН НА КОМУНИКАЦИЈА И КОРЕСПОНДЕНЦИЈА
Член 30
(1) Во рок од три работни дена од денот на склучувањето на овој Договор секоја договорна страна назначува одговорно лице за взаемна размена на информации и податоци потребни за извршување на договорните обврски и веднаш ќе ја извести другата договорна страна за името и презимето на тоа лице, неговото работно место или својство во друштвото на договорната страна и податоците за контакт (адреса, телефонски број и адреса на електронска пошта).
(2) Ако за времетраењето на овој Договор договорната страна го промени лицето од став (1) или се промени адресата за контакт на лицето од став (1), во рок од еден работен ден ќе ја извести другата договорна страна за настанатата промена и ќе и ги достави податоците за новоназначеното лице.
(3) Сите известувања, размена на информации и податоци или други обраќања меѓу договорните страни ќе се вршат помеѓу лицата назначени согласно ставовите (1) и (2) и ќе бидат во писмена форма.
(4) Ако поради итност некое известување е направено по усмен пат, страната која што го доставила известувањето е должна во рок од 24 часа по доставеното усно известување истото
известување, во идентична содржина да го достави до другата договорна страна во писмена форма.
(5) Известувањето се смета за уредно доставено ако е поднесено:
- во писарницата на другата договорна страна, или
- по препорачана или курирска пошта со јасна идентификација на датумот на прием на известувањето, или
- во електронска форма на адресата за електронска пошта на лицето од став (1).
12. РОК И РАСКИНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ
Член 31
(1) Секоја договорна страна има право еднострано да го раскине овој Договор со писмено известување за раскинување испратено до другата договорна страна преку препорачана пошта со повратна потврда, во случај другата договорна страна да не исполни некоја од своите обврски од овој Договор.
(2) Ако поинаку не е предвидено со овој Договор, договорната страна која го раскинува договорот е должна во известувањето од став (1) на овој член да и определи на другата договорна страна дополнителен рок за исполнување на достасаните договорни обврски и/или за исправка на пропустите поради кои се бара раскинувањето, кој не може да биде покус од 15 дена од денот на приемот на известување за раскинување.
(3) Ако другата договорна страна не ги исправи пропустите во дополнителниот рок од став (2) на овој член, се смета дека Договорот е раскинат од првиот ден по истекот на дополнителниот рок за исполнување.
(4) Корисникот има право еднострано да го раскине Договорот, без да наведе причини, со писмено известување за раскинување доставено до ОСППГ преку препорачана пошта со повратна потврда или на друг начин што овозможува недвосмислено да се утврди датумот на прием на известувањето, со отказен рок од 60 дена од денот кога ОСППГ го добил известувањето.
(5) Во случајот од став (4) на овој член, Корисникот е должен да му ја надомести на ОСППГ штетата во износ што одговара на вредноста на вкупниот надоместок за користење на транспортниот систем за договорениот капацитет, кој се однесува на периодот од раскинувањето на Договорот до крајот на периодот на договорот.
(6) Обврската за надомест на штетите доспева во рок од 15 дена од моментот кога Корисникот добил писмено известување од ОСППГ за висината на надоместокот на штетата.
(7) По исклучок од ставот (6) на овој член, ако во моментот на раскинувањето Корисникот нема договорен капацитет за периодот од раскинувањето на Договорот до истекот на договорниот период, не е должен да му надомести штета на ОСППГ.
(8) Ако Корисникот го раскине Договорот во согласност со став (4) на овој член, ОСППГ има право да го продаде на примарниот пазар капацитетот од раскинатиот Договор кој се однесува на периодот од раскинувањето на Договорот до крајот на договорниот период.
(9) ОСППГ има право еднострано да го раскине Договорот ако Корисникот:
1) не ги платил доспеаните месечни давачки за користење на транспортниот систем или која било друга достасана сума според овој Договор во износ од два месечни надоместоци, а овој неуспех не е коригиран во наредниот период од 15 дена од приемот писмено
предупредување поради неплаќање и намера за раскинување на договорот поради оваа причина или
2) не ја обезбеди, обнови или надополни финансиската гаранција на начин и според условите на овој Договор, а овој пропуст не го исправи во наредниот период од пет работни дена од приемот на писменото известување за раскинување;
(10) По исклучок од став (2) на овој член, ОСППГ има право еднострано да го раскине овој Договор без да определи дополнителен за исполнување, ако:
1) Корисникот дал неточни или невистинити изјави или гаранции за потребите на овој Договор;
2) е поведена постапка за ликвидација или стечај на Корисникот;
3) Корисникот престане да ги плаќа сите или група од неговите обврски или ја објави својата намера да го стори тоа; или
4) Корисникот престане да работи и оваа околност трае пет последователни дена или вкупно 20 дена во која било календарска година.
(11) Во случај на раскинување на Договорот и без нарушување на другите права коишто произлегуваат за ОСППГ од закон, друг пропис или овој Договор, Корисникот е должен да му плати на ОСППГ надомест за користењето на системот за пренос заради обезбедување на услугите за пренос на природен гас до раскинување на овој Договор, вклучително и надоместоците за обезбедениот капацитет над договорениот.
ПРОМЕНА НА ДОГОВОРНА СТРАНА
Член 32
(1) Договорните страни се согласни дека ниту една страна на овој Договор не може да биде заменета со трето лице на коешто се пренесуваат правата и обврските коишто од овој Договор произлегуваат за заменетата страна без претходна писмена согласност од другата договорна страна.
(2) Кога Корисникот како страна на овој Договор бара да биде заменет со трето лице коешто ќе ги преземе правата и обврските на Корисникот, должен е да му достави на ОСППГ веродостојни податоци за сите потребни деловни и технички информации за третото лице и недвосмислена и безрезервна изјава од третото лице упатена до ОСППГ во која се наведува дека третото лице ќе ги преземе сите права (пренос на побарувања) и обврски (преземање на долг) на Корисникот коишто произлегуваат од овој Договор и дека ќе ги достави финансиските гаранции во согласност со Дел 4 од овој Договор.
(3) Во рок од петнаесет (15) дена од приемот на податоците и изјавата од став (2) на овој член ОСППГ писмено го известува Корисникот за прифаќањето или отфрлањето на предложената замена. Се додека третото лице не ги обезбеди бараните гаранции согласно овој Договор, замената нема да има правно дејство.
(4) Ако поради промена во законот со кој правата и обврските на ОСППГ коишто произлегуваат од овој Договор ги презема друго лице определено со закон, договорните страни се согласни дека во рок од 15 (петнаесет) дена од влегувањето во сила, односно со отпочнувањето на примената на тој закон, ќе склучат анекс со кој овој Договор ќе се усогласи со настанатите промени.
ПРОМЕНА НА ТРГОВЕЦ/СНАБДУВАЧ
Член 33
(1) Договорните страни се согласни дека ако Корисникот го промени својот трговец/снабдувач на природен гас се применува следнава постапка:
1) Корисникот во рок не подолг од три недели пред датумот од кој се бара промена на трговецот/снабдувачот доставува до ОСППГ писмено барање за промена на трговец/снабдувач коешто треба да содржи:
- име и идентификациски податоци на купувачот, новиот и стариот трговец/снабдувач;
- извадок од договор за снабдување со новиот снабдувач, кој содржи: датумот на првото снабдување, рокот на важност на договорот за снабдување, место и програма за снабдување, информации за количините на природен гас за кои е договорено да се испорачаат, вклучително и расчленети во квартали, месеци и денови (во случај на договори за набавка со рок пократок од еден календарски месец) и максимална и минимална дневна количина; и
- важечки договор за пренос со ОСППГ, со обезбедени финансиски гаранции.
2) Во случај на делумна промена на трговецот/снабдувачот каде што има повеќе од еден трговец/снабдувач, Корисникот во рокот наведен во точка 1) ги доставува до ОСППГ информациите кои се бараат поделени по трговци/снабдувачи (корисници на мрежата), при што преносот на капацитетот, делумен или целосен, се извршува со договор помеѓу трговците/снабдувачите со користење на ПРК и во согласност со процедурата утврдена во Договорот или од страна на ОСППГ.
3) За пренесениот капацитет Корисникот потпишува анекс кон овој Договор со измените во производите на капацитет за пренос.
4) ОСППГ ја дозволува промената само ако новиот трговец/снабдувач ги исполнува условите и доколку новиот трговец/снабдувач нема неподмирена достасана финансиска обврска кон ОСППГ.
5) При делумна промена на трговецот/снабдувачот, капацитетот се пренесува на новиот трговец/снабдувач, според периодот што го бара Корисникот пришто приоритетно се пренесува најблискиот временски производ на капацитет којшто целосно го покрива бараниот период, а ако е потребно остатокот се надополнува со следниот по времетраење производ на капацитет, целосно покривајќи го бараниот период.
6) Преносот на капацитетот, односно делумната или целосната промена на трговецот/снабдувачот, отпочнува да се применува на првиот ден од гасниот месец, по месецот кога е поднесено барањето.
ИЗМЕНИ НА ДОГОВОРОТ
Член 34
(1) Секоја договорна страна има право да побара од другата договорна страна овој Договор да биде изменет и дополнет, ако тие измени и дополнувања се во согласност со овој Договор, Законот за енергетика, подзаконските акти наведени во член 3 од овој Договор како и со другите важечки закони и други прописи во Република Северна Македонија.
(2) Измените и дополнувањата од став (1) од овој член се вршат во форма на Анекс кон овој Договор, кој што го потпишуваат двете договорни страни.
(3) Секоја договорна страна којашто оценила дека настанал или престанал услов кој што согласно овој Договор претставува основа за негово изменување или дополнување, доставува во писмена форма до другата договорна страна нацрт-Анекс кон овој Договор со детално образложение.
(4) Другата договорна страна е должна во рок од седум работни дена од денот на приемот на нацрт-Анексот од став (3), писмено да се произнесе по однос на наводите содржани во нацрт- Анексот и образложението и може:
1) да го прифати нацрт-Анексот,
2) да побара дополнителни разумни информации и/или документација, или
3) да го одбие нацрт-Анексот со наведување на образложени причини за одбивањето.
(5) Во случајот од став (4) точка 3), договорната страна која го доставила нацрт-Анексот има право да побара отпочнување на постапка за консултации заради утврдување на заеднички прифатливо решение, а ако по постапката за консултации не се утврди заеднички прифатливо решение, има право да покрене постапка за разрешување на спор во согласност со овој Договор.
(6) Ако договорните страни се согласни дека има потреба овој Договор да биде изменет и дополнет, во рок 15 дена од денот на доставувањето на известувањето за прифаќањето на нацрт-Анексот или од денот на завршувањето за постапката за консултации на којашто е утврдено заеднички прифатливото решение, ќе го склучат Анексот кон овој Договор.
(7) Договорните страни се согласни дека ако во периодот на времетраењето на овој Договор настанат промени во Мрежните правила како и во законите и другите прописи коишто се применуваат на овој Договор а коишто предизвикуваат задолжителна измена која што не може да се постигне со склучување на Анекс кон овој Договор, ќе потпишат нов договор којшто ќе биде во согласност со променетите закони и други прописи.
НИШТОВНОСТ
Член 35
(1) Договорните страни се согласни дека ако во текот на времетраењето на овој Договор за една или повеќе одредби од овој Договор се утврди дека се ништовни или неприменливи тоа нема да влијае на полноважноста или применливоста на другите одредби од овој Договор, кој што ќе продолжат да бидат полноважни.
(2) Договорните страни се согласни дека ќе настојуваат одредбата, односно одредбите од овој Договор за коишто е утврдено дека се ништовни или неприменливи да ги заменат со полноважни односно применливи одредби чијшто економски ефект ќе биде еднаков или приближен на економскиот ефект што го произведувала одредбата, односно одребите за коишто е утврдено дека се ништовни, односно неприменливи.
ОБЕСШТЕТУВАЊЕ
Член 36
(1) Ако Корисникот причини штета на ОСППГ должен е да и ја надомести штетата што ОСППГ ја претрпела со сторување или несторување од страна на Корисникот, освен ако штетата настанала поради:
1) Намерно несоодветно однесување или небрежност од страна Операторот ОСППГ;
2) Повреда на овој Договор или обврска пропишана со закон или друг пропис од страна на Операторот ОСППГ;
3) Побарување од трето лице кон Операторот ОСППГ настанато пред склучувањето на овој Договор;
4) Дејствие на Корисникот преземено по инструкција на Операторот ОСППГ, а Корисникот го известил ОСППГ дека преземањето на тоа дејствие би предизвикало штета.
(2) ОСППГ ќе ја наплати штетата со активирање на финансиската гаранција, а ако износот на гаранцијата не е доволен, од други средства на корисникот.
(3) Обврската за плаќање на штетата од став (2) отпочнува да тече наредниот ден од денот кога истекол рокот за исполнување на обврската определен во овој Договор, или кога истекол дадениот дополнителен рок за исполнување на обврската.
(4) Плаќањето на штетата нема да го ослободи Корисникот од обврската да ги исполнува неисполените достасани договорни обврски.
ЈАЗИК НА ДОГОВОРОТ
Член 37
(1) Овој договор, прилозите и анексите кои се составен дел на овој договор се изготвени на македонски јазик и неговото кирилско писмо.
(2) Целата кореспонденција и документи што се разменуваат меѓу Договорните страни се подготвуваат на македонски јазик и неговото кирилско писмо.
(3) По исклучок од ставовите (1) и (2), договорните страни се согласни дека овој Договор, прилозите и анексите кои се составен на овој договор, како и целата кореспонденција помеѓу договорните страни може, покрај на македонски, ќе биде изготвена и на англиски јазик.
(4) Во случај на несовпаѓање помеѓу текстот изготвен на македонски јазик и текстот изготвен на англиски јазик, преовладува текстот изготвен на македонски јазик.
ЦЕЛОСЕН ДОГОВОР
Член 38
Овој Договор, Прилозите кон овој Договор и анексите кон овој Договор претставуваат целосен Договор.
ПРЕОДЕН РЕЖИМ НА ПРИМЕНА НА ОДДЕЛНИ ОДРЕДБИ ОД ДОГОВОРОТ
Член 39
(1) Во периодот до воспоставување на сопствена комерцијална платформа за диспечирање (CDP) за номинации, реноминации, распределба на количества и балансирање, ОСППГ ќе ја користи можноста за најава и потврда на количествата на комерцијалната платформа за диспечирање (CDP) на операторот на соседниот систем за пренос на природен гас на интерконекциската точка ИП Ќустендил/Жидилово. Номинациите и реноминациите, од и до Корисниците и потврдите од CDP ќе бидат испраќани преку е-пошта од страна на ОСППГ.
(2) Имајќи предвид дека во периодот до воспоставување на платформа за резервација на капацитети (ПРК), односно периодот до воспоставување на електронски аукции за капацитет, не е можна целосна примена на одредбите од овој Договор, кои што се однесуваат на
исполнувањето на обврските на договорните страни во врска со работењето преку платформата ПРК, пришто согласно Тарифниот систем за формирање на цените за пренос на природен гас, првата година на примена, е предвидена да биде без делот од регулираниот максимален приход што се распределува на тарифните елементи за капацитет на влезните и излезните места на системот за пренос на природен гас. Сите известувања за кои е наведено да се вршат од и до ПРК, се до воспоставување на платформа за резервација на капацитети (ПРК) ќе бидат испраќани од и до ОСППГ преку електронска пошта.
(3) Во периодот до 01.10.2023 година ќе се применуваат следните услови над соодветните услови веќе дефинирани во Договорот за пренос:
1) Референтната температура треба да биде 20℃ каде што е дефинирано 0℃;
2) Гасен ден е периодот од 06:00 часот по CET време до 06:00 часот по CET време следниот ден;
(4) Преодниот период за некои точки може да заврши и порано доколку се исполнат соодветните услови порано од страна на ОСП, за што Корисниците ќе бидат навремено известени.
ЗАВРШНА ОДРЕДБА
Член 40
(1) Овој Договор влегува на сила со денот на потпишувањето од страна на овластените застапници на договорните страни, а отпочнува да произведува правно дејство за договорните страни во по доставувањето на уредна финансиска гаранција од страна на Корисникот.
(2) Договорот за пренос и неговите Прилози, ги заменува сите претходни Технички спогодби или договорите поврзани со нив.
(3) Ако договорните страни поинаку не се договорат преку размена на писмени известувања, овој договор отпочнува да се спроведува на почетокот на гасниот месец М+1 и тоа од часот, на
ден-----, месец------ год --.
(4) Овој Договор е потпишан од страна на застапниците на договорните страни во четири еднакви примероци од кои по два за секоја договорна страна.
Дата: -
ЗА КОРИСНИКОТ: ЗА ОПЕРАТОРОТ:
Име и презме Име и презме
. .
Потпис: Потпис:
. .
ПРИЛОЗИ
Прилог 1: Банкарски сметки на договорните страни Прилог 2 : Образец на банкарска гаранција
Прилог 3: Општи услови на договорот за пренос
Прилог 4: Годишен план за прогнозирани количества на природен гас
ПРИЛОГ 1 Банкарски сметки на договорните страни
КОНТАКТ ПОДАТОЦИ И БАНКАРСКИ СМЕТКИ НА СТРАНИТЕ
Детали за контакт на страните:
Оператор на пренос: НОМАГАС АД Факс: (02)3117110, Бул. Св. Климент Охридски бр.54 Скопје Корисник:
Банкарски сметки на странките: За операторот:
Телефон:02 3118555 Факс: 02 3117110
ПРИЛОГ 2 Образец на банкарска гаранција
До:
Акционерско друштво НОМАГАС Скопје бул. Св. Климент Охридски бр. 54 Скопје
Република Северна Македонија
(Место на издавање), --.--.20--
Вид на гаранцијата: Гаранција за обезбедување на платежни обврски Гаранција број:
Гарантор: (Назив на гаранторот)
(Адреса на Гаранторот, свифт адреса доколку е апликативно)
Налогодавач: (Назив на Корисникот на услугата), со седиште (адреса, град), ЕМБС ----, ЕДБ и
трансакциска сметка во (Банката на Корисникот на услугата) број ----------
Корисник на гаранцијата: Акционерско друштво ГА-МА Скопје, бул. Свети Климент Охридски бр. 54 Скопје, Република Северна Македонија (во понатамошниот текст: Оператор/Корисник на гаранцијата)
Основен аранжман: Обврски на Налогодавачот кои произлегуваат од Договор за пренос на природен гас (во понатамошниот текст: Договор за пренос), склучен помеѓу Операторот и Корисникот на услугата, заведен од Операторот под бр. ---– од –--- година и кај Корисникот на услугата под број од година, за плаќање на надоместоците за пренос на природен гас.
Валута и износ на гаранцијата:
МКД/ЕУР ------------ (со зборови денари/евра)
Секој документ кој треба да се достави заедно со Барањето за плаќање освен изјавата која е експлицитно наведена во текстот подолу: Копија/копии или фотокопии од неплатена доспеана фактура/фактури
Јазик на секој од бараните документи: Документите издадени од Операторот или Корисникот на услугата мора да бидат издадени на јазикот на гаранцијата.
Начин на презентација: Во хартиена форма, со курирска или било кој друг вид пошта.
Барањето за плаќање и документите треба да бидат доставени до Гаранторот на местото за презентација наведено подолу преку банката на Корисникот на гаранцијата, која на нејзиното пропратно писмо ќе потврди дека потписот/потписите на Барањето за плаќање наликуваат на спесимените на потписите на лицето/лицата овластени да го застапуваат Корисникот на гаранцијата. Во случај гаранцијата да биде издадена со свифт порака, банката на Корисникот на гаранцијата ќе го потврди истото со одделна свифт порака испратена до Гаранторот на неговата свифт адреса.
Место за презентација на документите за наплата на гаранцијата: Во писарницата на Гаранторот, лоцирана на ул. Бр. Град Држава (адреса)
Рок на важност на гаранцијата: . 20 година и го вклучува периодот од 45 дена по денот на истекот на важноста на Договорот.
Страната што е одговорна за плаќање на надоместоците: сите банкарски надоместоци на Гаранторот и на банката на Корисникот на гаранцијата се на товар на Налогодавачот (Корисникот на услугата).
Ние како Гарантор, неотповикливо и безусловно се обврзуваме да му го исплатиме на Корисникот на гаранцијата секој износ до износот на гаранцијата, по прием на прв усогласен писмен повик од Корисникот на гаранцијата, на начин на презентација наведен погоре во гаранцијата, во рок од три работни дена од приемот на Барањето за плаќање, придружено со други документи наведени погоре (копија/копии или фотокопии од неплатени доспеани фактура/фактури издадени од Корисникот на гаранцијата), и во секој случај со Изјава на Корисникот на гаранцијата, било во самото Барање за плаќање или во посебен потпишан документ кој го прати или го идентификува Барањето, наведувајќи дека Налогодавачот не ги извршил своите обврски за плаќање во рокот за плаќање согласно одредбите од Договорот за пренос.
Секое Барање за плаќање по оваа гаранција треба да биде примена кај нас на или пред истекот на рокот на важност на гаранцијата на местото за презентација наведено погоре.
Оваа гаранција може да биде предвремено затворена исклучиво со презентација до Гаранторот на оригиналниот примерок од гаранцијата и сите нејзини анекси доколку има и со уредно потпишана и печатирана изјава од Корисникот на гаранцијата во која е наведено дека Гаранторот е ослободен од обврските по истата. (апликативно за гаранција изддадена во хартиена форма)
Оваа гаранција не може да се пренесува на друг корисник, ниту постојниот корисник на гаранцијата може при презентација на документите за наплата да побара од Гаранторот износот да се исплати на друг субјект.
Гаранцијата може да биде наплатена делумно или во целост, до износот наведен во гаранцијата.
Сите спорови поврзани со оваа гаранција ќе се решаваат пред Основен граѓански суд, Скопје во Република Северна Македонија со примена на законите на Република Северна Македонија.
Гаранцијата подлежи на Еднообразните Правила за гаранции на повик на Меѓународната Трговска Комора од Париз, Публикација бр. 758 /Uniform Rules for Demand Guarantees (URDG) 2010 Revision, ICC Paris Publication
No.758/, каде:
+ Став b, од член 25 од Публикацијата бр. 758 за гасење на обврските по гаранцијата се дополнува со можноста наведена во текстот на гаранцијата.
+ Членот 32 од Публикацијата бр. 758 кој се однесува на одговорноста за плаќање на надоместоците по гаранцијата се иззема.
+ Членот 33 од Публикацијата бр. 758 кој се однесува на пренос на гаранцијата и отстапување на средствата се иззема.
Оваа гаранција е издадена во 3 (три) примероци, од кои оригиналот за Корисникот на гаранцијата, а по една копија за Налогодавачот и Банката. (апликативно за гаранција издадена во хартиена форма)
Потпис/и на овластено/и лице/а
ПРИЛОГ 3 - ОПШТИ УСЛОВИ НА ДОГОВОРОТ ЗА ПРЕНОС НА ПРИРОДЕН ГАС
Дефиниции Член 1
(1) Поимите подолу го имаат следното значење според овие Општите термини и услови (OУ):
1) Потрошувач на природен гас се подразбира секое лице кое склучило договор за снабдување со природен гас, а местото на испорака е приемно место на системот за пренос на гас за кои е надлежен ОСППГ;
2) Корисник значи лице коешто во согласност со Мрежните правила за пренос на природен гас е регистрирано од ОСППГ како корисник на мрежата кое има намера да ги користи услугите за пренос на природен гас врз основа на склучен Договор за пренос на природен гас;
3) Урамнотежен корисник е корисник на кој за одредена точка на предавање гас се распределува разликата помеѓу збирот на номинираното количество и реално пренесеното количество, под услов другите корисници во точката да добијат доделена количина еднаква на номинираната. Секој корисник за дадена точка на прифаќање на природен гас може да достави писмено известување до ОСППГ во кое ќе го наведе балансниот статус на корисникот за оваа точка, и во овој случај ОСППГ веднаш ги известува другите корисници дека распределбата/алокацијата во таа точка ќе биде извршена според метод на корисничко балансирање.
4) ПРК Конфирмација е потврда за конкретна трансакција на капацитетот резервирана во системот за пренос на гас, која е електронски генерирана од Платформата за резервирање капацитети (ПРК) и која е обврзувачка за Страните на овој Договор;
5) Кубен метар или m3 во однос на природен гас е количина на природен гас на 0 ° C, апсолутен притисок 1,01325 bar.
6) Производ на капацитет е капацитет за пренос на природен гас за даден временски период на дадена точка на предавање или приемна точка на системот; во зависност од периодот на нивното времетраење, постојат годишни, квартални, месечни, дневни и дневен капацитет производи;
7) Производ со годишен капацитет - капацитет за пренос на природен гас дневно со времетраење од една гасна година;
8) Производ со квартален капацитет - капацитет за пренос на природен гас дневно со времетраење од еден квартал на гас;
9) Производ со месечен капацитет - капацитет за пренос на природен гас дневно со времетраење од еден гасен месец;
10) Производ со дневен капацитет - капацитет за пренос на природен гас дневно со времетраење од еден ден на гас рамномерно распределен во часови;
11) Капацитет во рамките на денот - капацитет за пренос на природен гас дневно од одреден час од денот на гас до крајот на денот на гас, рамномерно распределен во текот на часовите;
12) Постојан капацитет - капацитет за пренос на природен гас (производ со постојан капацитет) гарантиран од ОСППГ како непрекинат согласно овој Договор;
13) Прекинлив капацитет - капацитет за пренос на природен гас (производ со прекинлив капацитет) кој ОСППГ за пренос може во секое време да го прекине согласно ОУ.
14) Влезен капацитет - збир на преносен капацитет на Корисникот на производи со капацитет во согласност со Потврдите на ПРК (портфолиото) до чиј износ Корисникот има право да внесе природен гас во системот во дадена точка на предавање;
15) Излезен капацитет - збир на преносен капацитет на Корисникот на производи со капацитет според потврдите за ПРК (портфолиото) до чиј износ Корисникот има право да повлече природен гас од системот на дадена точка на прифаќање;
16) Договорен капацитет - максималниот преносен капацитет на дневна основа што ОСППГ го резервирал за Корисникот на соодветната влезно/излезна точка/точки во согласност со потврдите на ПРК;
17) Пристап до природен гас и услуги за пренос - вклучува понуда на капацитет на влезните и излезните точки на системот за пренос на гас и пренос на природен гас преку системот за пренос на гас;
18) Дневен балансен период - период еднаков на денот на гас во кој Корисникот е должен да одржува рамнотежа помеѓу количините на природен гас предадени за пренос на прирачните точки и количините на природен гас повлечени на точките за прифаќање на балансната зона;
19) Дебаланс/отстапување - значи разликата помеѓу најавените количините на природен гас од страна на корисникот на влезните точки на преносната мрежа и реализираните количини на природен гас од страна на корисникот на излезните точки од мрежата за соодветниот гасен ден, земајќи го предвид природниот гас за оперативни потреби и трансакциите склучени на виртуелната трговска точка. Дебалансот може да биде позитивен или негативен. Дневните количини на дебаланс се изразуваат во kWh;
20) Гасен ден значи период од 24 часа кој што започнува во 6:00 часот во тековниот ден и трае до 6:00 часот во наредниот ден сметано по СЕТ време, при што на денот на преминување од зимско на летно сметање на времето, гасниот ден е период од 23 часа, а на денот на преминување од летно на зимско, гасниот ден е период од 25 часа;
21) Гасен месец значи период од дваесет и осум (28) до триесет и еден (31) гасни денови, почнувајќи и завршувајќи на првиот ден од даден календарски месец во 6:00 часот по СЕТ време. Тековниот гасен месец се означува како M. Следниот гасен месец се означува како М+1.
22) Квартал на гас е временски период кој започнува во 6:00 часот по СЕТ време на првиот ден од октомври, јануари, април и јули и завршува во 6:00 часот по СЕТ време на првиот ден од јануари, април, јули и октомври соодветно. ;
23) Гасна година значи период што започнува во 6:00 часот сметано по СЕТ време на 01 Октомври секоја календарска година и завршува во 6:00 часот сметано по СЕТ време на 01 Октомври следната календарска година;
24) Предавање е подразбира предавање на природен гас за пренос од страна на Корисникот на ОСППГ за пренос на местото на предавање;
25) Прифаќање е подразбира прифаќање на природниот гас од страна на Корисникот, пренесен од ОСППГ за пренос на местото на прифаќање;
26) Точка на предавање се влезни точки на мрежата за пренос на гас каде што Корисникот го предава природниот гас на ОСППГ за пренос;
27) Точка на прифаќање се излезни точки (мерни линии) од системот за пренос на гас каде што се врши мерење на гас при неговото предавање од ОСППГ за пренос на корисникот;
28) Виртуелна трговска точка (ВТТ) значи нефизичка точка за тргување во рамките на системот за пренос на природен гас, преку која регистрираните корисници на ВТT можат да купуваат/продаваат природен гас помеѓу себе;
29) Природен гас или гас е секаков вид јаглеводороди или мешавина од јаглеводороди, или придружниот гас или други гасови, кои се состојат главно од метан, кои на 0°C и атмосферскиот притисок се претежно во гасовита состојба;
30) Бруто калориска вредност е количината на топлина ослободена при целосно согорување при константна температура 298,15 K (25°C) од еден кубен метар природен гас под нормални услови 293,15 K (0°C), додека целата вода формирана за време на кондензати при согорување на референтна температура. Се изразува во kWh;
31) Гас со влошени квалитетни карактеристики се подразбира природен гас чии квалитетни карактеристики не се усогласени со техничката спецификација;
32) Точка на росење на водата е температура на која водената пареа во природниот гас почнува да се кондензира;
33) Linepack (акумулација на гас во цевката) е количина на природен гас, изразена во кубни метри, сместена во мрежата за пренос на гас во даден момент;
34) ПРК/Платформа за резервации на капацитет - Електронска платформа за резервации за капацитет преку која заедно со соседните оператори за пренос на интерконективните точки се вршат резервации на капацитети и други услуги, на влезните и излезните точки од системот за пренос на гас
КАРАКТЕРИСТИКИ НА КВАЛИТЕТ НА ПРИРОДНИОТ ГАС
Член 2
(1) Природниот гас доставен на точките за влез/излез треба да ги исполнува следниве карактеристики дефинирани во нормални референти услови:
1) Нормалните референтни услови за температура, притисок и влажност што треба да се користат за мерење и пресметки на природен гас се 273,15 К (= 0°С) и 101,325 kPa (= 1,01325 бари (апсолутен)) за вистински сув гас.
2) Хемиски состав (во мол проценти)
Метан (C1) минимум 75 Азот (N2) максимум 6
Јаглерод диоксид (CO2) максимум 3
3) Бруто (горна) калориска вредност: Максимална 13,67 kWh/m3, Минимум 10,17 kWh/m3,
4) Вобе индекс
Максимална 16,33 kWh/m3,
Минимум 13,07 kWh/m3,
5) Точка на росење на водата
Не повисока од минус 8 степени Целзиусови (-8 °C) при притисок од 39,2 barg
6) Температура на природен гас:
од +0°С до +50°С
(2) Ако Корисникот дознае дека природниот гас наменет за пренос не ги исполнува условите за квалитет од став (1) на овој член, веднаш го информира ОСППГ за причините како и за времетраењето на периодот на неисполнување на условите.
(3) Корисникот ги презема сите неопходни мерки за прекинување на понатамошното предавање на природниот гас со кој не ги исполнува условите за квалитет од став (1) на овој член.
(4) Секогаш кога се приближува или надминува ограничувањето за спецификацијата за квалитетот на гасот согласно став (1) од овој член, Договорните страни се известуваат меѓусебно за тоа и страната-примател ќе вложи разумно прифатливи напори да прифати природен гас кој не е во согласност со спецификацијата за квалитетот на гасот , ако прифаќањето на таков несообразен природен гас не ја загрозува безбедноста и/или интегритетот на системот за пренос на природен гас.
(5) Во зависност од позицијата на страната-примател во врска со безбедноста и/или интегритетот на системот за пренос, преносот на природниот гас ќе биде или нема да биде прекинат, додека страната испорачател ќе преземе итни активности за да ги врати својствата на гасот или да контактира со нивниот првичен соседен Оператор и ќе издаде барање за корективни активности за да ги врати својствата на гасот во спецификација што е можно поскоро.
(6) Двете страни се обврзуваат да обезбедат брза размена на сите релевантни информации (размена во рок од 1 час по појавата на ваква состојба), што може да влијаат на количината на гас што треба да се пренесува во иднина и параметрите на квалитетот на гасот.
(7) Комуникацијата се изведува преку телефонски повик за информации, проследена со електронска потврда преку е-пошта;
(8) Во случај на вонредна состојба на мрежата на Интерконекциската точка на снабдување/влез, ОСППГ кој е во позиција на примател на природниот гас со карактеристики кои отстапуваат од карактеристиките дефинирани во став (1) од овој член, веднаш го известува соседниот Оператор на систем за пренос на природен гас, во врска со можното влијание врз количините на гас што може да се пренесуваат.
(9) Ако договорните страни, сметаат дека постои евидентна опасност за безбедноста и/или стабилноста на системот и оваа состојба може да има влијание врз потврдените количини, секоја страна е должна да ги извести своите корисници кои се активни, а кои се директно засегнати од нарушувањето на стабилноста на системот;
(10)По завршување на вонредната состојба, соодветната засегната страна е должна веднаш да ја известува другата страна и секоја страна е должна веднаш да ги извести своите засегнати корисници.
Месечен извештај Член 3
(1) Врз основа на дневните доделени количини на точките на влез и излез, ОСППГ го изработува и преку Платформата го доставува до Корисникот месечен извештај кој станува конечен во 16:00
часот по СЕТ време, на 4-тиот ден од месецот, кој следи по извештајниот. До овој рок ОСППГ може да ги коригира дневните доделени количини само доколку се утврди технички дефект на мерните уреди.
(2) Месечниот извештај задолжително ги содржи следните информации за месечните количини на природен гас:
1) количини на природен гас прифатени од ОСППГ на точката на влез изразени во MWh за секој гасен ден;
2) количини на природен гас предадени од ОСППГ на точката на излез, изразени во MWh за секој гасен ден;
3) резервиран капацитет за секој од деновите на предавање и точки влез изразени во MWh/d.
4) дневен вишок на капацитет на точките на влез/излез во MWh/d.
5) количини кои не се испорачани/неприфатени.
(3) Информациите за конечниот месечен извештај се користат при изработката на фактурите од страна на Операторот.
ПРИТИСОК
Член 4
(1) Корисникот го предава природниот гас точката на влез, со притисок кој е во границите на минималниот и максималниот одобрен од ОСППГ.
(2) Корисникот го преземан природниот гас на точката на излез со притисок кој е во границите на минималниот и максималниот одобрен од ОСППГ, а кој зависи од точката на излез на Корисник дефинирана во Решението за приклучок на преносната мрежа издадено од ОСППГ врз основа на Мрежните правила.
(3) ОСППГ има право целосно или делумно да го одбие прифаќањето на количината на природен гас, номинирана од Корисникот на местата за предавање, доколку не ги исполнува условите за притисок.
(4) По исклучок од одредбите на овој член, договорните страни се согласни дека природниот гас прифатен од Корисникот на точките за прифаќање ќе биде со притисок во рамките на границите, односно притисокот на физички испорачаниот гас на интерконекциска точка Жидилово не помал од 36 бари и не повисок од 54 бари, под услов Корисникот да го предаде природниот гас на излезните точките на предавање со притисок согласно одредбите од овој Договор.
ПЛАНИРАНИ РАБОТИ НА ОДРЖУВАЊЕ МРЕЖАТА ЗА ПРЕНОС
Член 5
(1) ОСППГ до 15 ноември во тековната година објавува на својата веб-страница распоред за планирани поправки поврзани со ограничувањето на капацитетот на секоја од точките на интерконекција за наредната година.
(2) Операторот, во тековната година, може да го измени распоредот од став (1) објавен во претходната година, во рок од 30 дена пред почетокот на поправката и оваа информација ја објавува на својата интернет страница.
(3) Операторот во рок од 30 дена пред почетокот на периодот на поправки објавува известување за одржувањето на системот за пренос кое придонесува за ограничување односно намалување на капацитетот и ги определува техничките режими за пренос на природен гас во овие периоди.
(4) За време на кој било период или периоди за планирани работи за одржување, договорните страни ги почитуваат процедурите за номинирање на количини согласно Правилата за балансирање.
(5) Одредбата од став (4) на овој член не го исклучува правото на ОСППГ да ја намали номинираната количина на природен гас во зависност од техничката способност согласно став (3) од овој член.
МЕРЕЊЕ
Член 6
(1) Количините на природен гас на местата за точките на влез и излез се мерат со помош на мерни уреди.
(2) Пренесените количини на природен гас, пријавени од комерцијалните мерни уреди на местата за предавање и прифаќање се сметаат за единствени сигурни и обврзувачки за страните на договорот за целите на распределба на количините во согласност со применливиот метод на местото на предавање/прифаќање.
(3) Во случај на неисправни или на друг начин нефункционални комерцијални мерни уреди на приемните места, пренесените количини на природен гас ги определува ОСППГ по следниот редослед:
1) според контролните уреди во сопственост на ОСППГ коишто се во согласност со Законот за мерење и се верификувани од акредитирана лабораторија;
2) според контролните мерни уреди - сопственост на Корисникот или клиентите на Корисникот под услов да ги исполнуваат барањата од Законот за метрологија и Правилникот за мерила и да се верификувани од акредитирана лабораторија;
3) врз основа на претходниот период на известување за кој се достапни мерните податоци;
(4) Во случајите од став (3) на овој член овластено лице на ОСППГ издава Протокол за корекција којшто содржи: причина за корекција, период со кој е опфатена корекцијата, начин на повторна пресметка на пренесените количини, пренесените коригирани количини, датум на изготвување на Протоколот, како и име и презиме, работно место и потпис на овластено лице на ОСППГ.
ПРЕКИН НА СНАБДУВАЊЕ СО ГАС НА ИЗЛЕЗНА ТОЧКА НА МРЕЖАТА ЗА ПРЕНОС НА ГАС НА БАРАЊЕ НА КОРИСНИКОТ
Член 7
(1) Ако се прекине важноста на овој Договорот на определена точка за прием на гас на преносната мрежа или се прекине снабдувањето на даденото место за прием на гас на преносната мрежа во согласност со одредбите на овој Договор, Корисникот може:
1) да го извести ОСППГ за долготраен прекин на пренос на природен гас со наведување на конкретната точка за прием на гас каде се бара прекин на преносот на гас, како и точниот датум од кој се бара прекин на преносот на гас во тој момент.
2) да го извести ОСППГ за привремено прекинување на преносот на природен гас со назначување на конкретната точка за прием на гас каде се бара прекин на преносот на гас, како и точниот датум од кој се бара прекин на преносот на гас.
3) да побара од ОСППГ да го прекине снабдувањето со природен гас на прифатните точки на природен гас /мерните линии/ на системот за пренос на гас, кога во тој момент, на директно приклучен објект на преносната мрежа, гас примаат само оние кои имаат склучено договор само со овој корисник и кога во овие точки нема друг Клиент/Корисник со валиден Договор за пренос и резервиран капацитет.
(2) Корисникот го доставува до ОСППГ известувањето од точките 1) и 2), најмалку 48 часа пред датумот за кој се бара прекинување на преносот на природен гас.
(3) По приемот на известување ОСППГ му наложува на корисникот на кој било објект директно поврзан со мрежата за пренос на природен гас да го прекине прифаќањето на природен гас од соодветниот датум наведен во известувањето.
(4) Ако корисникот не постапи по налогот од став (3), ОСППГ, по консултација со Корисникот, презема дејствија за прекинување на преносот до директно приклучениот објект на посоченото место за прием на гас и за таа цел презема дејствија во согласност со Мрежните правила.
(5) Дејствијата од став (4) на овој член ОСППГ ги презема само во утврдено време на работа и само на точки за прифаќање на природен гас, односно мерни водови на мрежата за пренос на природен гас, каде што станува збор за директно приклучен објект на системот за пренос, и прифатен само од купувач(и) на гас за кои преносот е суспендиран и/или прекинат, и доколку во овие точки нема друг корисник со важечки договор за пренос на природен гас.
(6) Сите ризици, штети и побарувања на засегнатите лица кои можат да настанат при спроведувањето на дејствијата од став (5) од овој член паѓаат на товар на корисникот кој побарал прекин на преносот на природен гас на соодветната точка за прифаќање гас.
(7) Враќање на преносот на даденото место за прием на гас, со исклучок на прекините од став (1) од овој член се прави само во утврденото време на работа и по известувањето на Корисникот добиено од ОСППГ, кое се доставува најмалку 48 часа пред датумот за кој се бара обновувањето на услугата за пренос.
(8) Корисникот треба да поседува постоечки договор и резервиран капацитет на соодветната излезна точка.
(9) Трошоците за сервисирање на запирање и пуштање во работа на мрежата се на товар на корисникот
ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ПРЕНОСОТ НА ПРИРОДЕН ГАС ОД СТРАНА НА ОПЕРАТОРОТ НА СИСТЕМОТ ЗА ПРЕНОС НА ПРИРОДЕН ГАС
Член 8
(1) ОСППГ има право да го запре или ограничи преносот на природен гас во случај на:
1) непосредна закана по животот, здравјето или имотот на луѓето и со цел да се избегнат такви околности;
2) Виша сила;
3) најавени реконструкции и поправки на објектите на системот за пренос на гас;
4) итност или други технолошки причини кои се надвор од контрола на ОСППГ;
5) потреба од итна поправка на постројките на системот за пренос на гас;
6) воведен режим на ограничување на пренос на природен гас;
7) загрозување на интегритетот на мрежата за пренос на гас;
8) кога Корисникот не ги исполнува барањата за квалитет и/или притисок на природниот гасна местата за предавање на гасот;
(2) ОСППГ нема одговорност кон Корисникот за какви било претрпени штети и/или изгубенадобивка како резултат на прекин или ограничување на преносот на природен гас во случаите наведени во став (1) од овој член.
(3) Во случај на воведување режим на ограничување или привремено ограничување наснабдувањето со природен гас, преносот на природен гас до излезните места ќе биде ограничен.
(4) Со цел да се обезбеди имплементација на договорениот постоен капацитет, ОСППГ има право делумно или целосно да го прекине договорениот прекинлив капацитет.
(5) ОСППГ има право да го прекине прекинливиот капацитет кога вкупниот број на номинации потврдени кон корисниците на мрежата за пренос на природен гас во точката во насоката на протокот е помал од вкупниот број на номинации потврдени за корисниците во обратната/трговска насока на проток.
(6) ОСППГ има право да прекине цврст и/или прекинлив капацитет за пренос во случај на планирани и непланирани поправки долж мрежата за пренос на гас што ќе доведе до намалување на капацитетот на одредена влезно- излезна точка под вкупниот број на потврдениноминации.
(7) Прекинот на прекинливиот капацитет се врши врз основа на време (прекинлив капацитет купен последен ќе се прекине со приоритет). Во случај на купен прекинлив капацитет во исто време, ќе се применува пропорционално намалување.
(8) При изведување на ремонтни и непланирани работи на преносната мрежа на гас, по целосниот прекин на прекинливиот капацитет и при пријавување на количините номинирани за пренос за соодветниот гасен ден, ОСППГ го намалува постојниот капацитет сразмерно на капацитетот резервиран од корисниците за соодветните погодени точки со ограничен капацитет, до целосенпрекин на нивниот преносен капацитет, доколку е потребно.
(9) ОСППГ веднаш го известува Корисникот за веројатноста за прекин предизвикани од состојбите определени во ставовите (4), (5), (6), (7) и (8), како и за настанатите прекини на капацитетот, причините и нивното времетраење.
ПРИЛОГ 4 Годишен план за прогнозирани количества на природен гас
EIC | Вкупно за цел период | Јануари | Февруари | Март | Април | Мај | Јуни | Јули | Јули | Август | Септември | Октомври | Ноември | Декември | |
kWh | kWh | kWh | kWh | kWh | kWh | kWh | kWh | kWh | kWh | kWh | kWh | kWh | kWh | ||
Вкупни количини за пренос |
Потписници за договорни страни
Потрошувач Систем оператор
НОМАГАС АД Скопје
Одговорно лице Извршен Директор
Бајрам Реџепи