Contract
20140100272
КОЛЕКТИВНИ ДОГОВОРИ
Врз основа на член 203 од Законот за работните односи (,,Службен весник на Република Македонија“ број 62/05, 106/08, 161/08, 130/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/22, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13 и 170/13) и согласно член 5 од Општиот колективен договор за јавниот сектор на Република Македонија (,,Службен весник на Република Македонија“ број 10/08 и 85/09), Министерството за внатрешни работи и Македонскиот полициски синдикат склучуваат
К О Л Е К Т И В Е Н Д О Г О В О Р
ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА КОЛЕКТИВНИОТ ДОГОВОР НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ
Член 1
Во Колективниот договор на Министерството за внатрешни работи (,,Службен весник на Република Македонија“ бр. 126/10) членот 99 се менува и гласи:
,,Заради посебните услови за работа и опасноста по живот односно постоење на висок ризик во извршувањето на работите и задачите на овластените службени лица, се утврдува додаток на плата за:
1. Воздухопловен персонал:
- член на екипаж-пилот на хеликоптер распореден во прва категорија на стручна оспособеност 62%;
- член на екипаж-пилот на хеликоптер распореден во втора категорија на стручна оспособеност 57%;
- член на екипаж-техничар/инженер –летач на хеликоптер распореден во прва категорија на стручна оспособеност 45%;
- член на екипаж-техничар/инженер –летач на хеликоптер распореден во втора категорија на стручна оспособеност 40%;
- пилот на воздухоплов без екипаж 40%;
- воздухопловен инженер кој поседува важечка дозвола 30%;
- воздухопловен техничар кој поседува важечка дозвола 20%;
- член на екипаж на хеликоптер од типот Ми-17/171, како и воздухопловно-технички персонал кој работи на одржувањена хеликоптери од истиот тип 10%;
- воздухопловен инженер или воздухопловен техничар со впишано и важечко овластување за воздухопловно-технички контролор 5%;
- воздухопловен техничар со впишано и важечко овластување за работа со надворешна дигалка 5%.
2. Единица за специјални задачи 45%;
3. Единица за брзо распоредување 45%;
4. Посебна единица на полиција 20%;
- припадници на Посебната единица на полиција кои извршуваат работа од областа на логистика 10%;
5. Единица за прв одговор и интервенција Алфa 45%;
6. Одделение за лично обезбедување на Претседателот на Република Македонија 45%;
7. Одделение за лично обезбедување на Претседателот на Собранието на Република Македонија 45%;
8. Одделение за лично обезбедување на Претседателот на Владата на Република Македонија 45%;
9. Одделение за лично обезбедување на министри, поранешни претседатели на Република Македонија и вонредно обезбедување, за работно место за лично обезбедување на:
-Замениците на Претседателот на Владата на Република Македонија; | 45%; |
-Министерот за внатрешни работи | 45%; |
-Директорот на Бирото за јавна безбедност | 45%; |
-Директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање | 45%; |
-Министерот за надворешни работи | 45%; |
-Министерот за одбрана | 45%. |
Додатокот од ставот 1 точка 1 алинеја 8 на овој член не се исклучува со додатоците од ставот 1 точка 1 алинеи 1, 2, 3, 4, 6 и 7 на овој член.
Додатоците од ставот 1 точка 1 алинеи 9 и 10 на овој член, не се исклучуваат со додатоците од ставот 1 точка 1 алинеи 6 и 7 на овој член.
За исполнетоста на условите за остварување на додатоците од ставот 1 точка 1 на овој член, како и за престанокот на условите за остварување на истите, Одделението за воздухопловен менаџмент доставува писмено известување до соодветната организациска единица надлежна за управување со човечки ресурси за потребите на Министерството, во Бирото односно Управата, заради изготвување соодветно решение за остварување на правото на додаток на плата односно престанок на тоа право.“
Член 2
Овој колективен договор се регистрира во министерството надлежно за работите во областа на трудот, а се објавува во ,,Службен весник на Република Македонија“.
Член 3
Овој колективен договор влегува во сила со денот на склучувањето, а ќе се применува од денот на неговото објавување во ,,Службен весник на Република Македонија“.
Бр. 12.1-89360/1 Бр. 0402-675
30 декември 2013 година 27 декември 2013 година Скопје Скопје
Министерство за Македонски
внатрешни работи Полициски синдикат
Xxxxxxxx, Претседател,
м-р Xxxxxxx Xxxxxxxxxx, с.р. Xxxxxxx Xxxxxxxx, с.р.