Contract
Врз основа на член 35 од Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството („Службен весник на РМ“ бр. 84/2010, 81/12 и 189/2013) и член ___ од Колективниот договор (се цитира колективниот договор на ниво на работодавач, а ако нема на ниво на гранка, односно дејност), Управниот одбор (управителот или друг орган кој е надлежен за донесување одлуки), на _______ 2015 година, донесе
О Д Л У К А
За исплата на регрес за годишен одмор
На вработените им се исплаќа регрес за користење годишен одмор за 2015 година, во висина од _________ денари.
Регресот за годишен одмор ќе се исплати на _________ 2015 година.
Право на регрес за годишен одмор имаат работниците кои се стекнале со право на користење годишен одмор и кои ќе се стекнат со тоа право во текот на 2015 година
Средствата за исплата на регресот ќе се обезбедат од тековното работење.
Одлуката да се достави до: (надлежен орган)
- Финансиската служба; ________________
- Архивата