Contract
ДОГОВОР ЗА ЗАКУП
Склучен на ден ________ год. помеѓу:
1._____________________со стан на ул. ___________________ Скопје, со лк бр._________издадена од МВР Скопје (во понатамошниот текст закуподавач)
2.____________________ Скопје со ДБ _____________ застапувано од директорот ________________(во понатамошниот текст закупувач)
Странките се спогодија за следното:
Член 1
Закуподавачот е сопственик на простории кои се наоѓаат на ул _____________________ Скопје, и истата е спремна да ги даде во закуп под условите на овој договор.
Член 2
Закупувачот од своја страна има потреба од вакви простории за остварување на основната дејност и истите е спремен да ги земе под закуп под условите на овој договор.
Член 3
Странките се договорија закупнината да изнесува _______ ден. нето износ со тоа што закупувачот се обврзува да ги плати сите давачки спрема државата.
Закупувачот се обврзува дека закупнината ќе ја плаќа редовно и тоа секој месец најкасно до 10 ( десети ) во месецот, и дека воедно ќе се грижи за тековното одржување на просториите како и дека ќе ги плаќа трошоците за струја, вода, парно и друго.
Член 4
Договорот се склучува на неодредено време со обновување секоја година а започнува да важи од _________г. Секоја од странките има право да бара раскинување на договорот и тоа со отказен рок кој неможе да биде покус од 6 (шест ) месеци.
Член 5
Сите евентуални недоразбирања странките ќе ги решаваат спогодбено. Доколку тоа не е можно за решавање на евентуалните спорови надлежен ќе биде надлежниод суд во Скопје .
Член 6
Договорот е склучен во 4 (четири ) еднакви примероци од кој секој има знажење на оригинал, од кој странките задржуваат по 2 (два) по неговото потпишување.
Договорот пожнува да предизвикува правно дејство со денот на неговото потпишување.
ДОГОВОРНИ СТРАНИ
ЗА ЗАКУПУВАЧОТ ЗА ЗАКУПОДАВАЧОТ
________________________ ________________________
директор _______________