Contract
ДОГОВОР ЗА ПРАВОТО НА ПАТЕНТ
Донесен во Женева на 1 јуни 2000 година
Објавен во “Службен весник на Република Македонија” бр.163/09
СКРАТЕНИ ИЗРАЗИ
Член 1
Во овој договор, освен ако е не е предвидено поинаку:
(i) „Завод“ значи тело на договорната страна кое е надлежно за признавање на патенти или за други прашања опфатени со овој договор;
(ii) „пријава“ значи пријава за признавање на патент, согласно со членот 3;
(iii) „патент“ значи патент, согласно со членот 3;
(iv) секое упатување на „лице“ се толкува како упатување кое вклучува физичко лице и правно лице;
(v) „комуникација“ значи која било пријава или кое било барање, изјава, документ, допис или други информации кои се однесуваат на пријава или патент, без оглед дали се однесуваат или не се однесуваат на постапката од овој договор, кои се поднесуваат до Заводот;
(vi) „регистри на Заводот“ значи збир на информации кои ги чува Заводот, а кои се однесуваат или ги вклучуваат поднесените пријави и патентите добиени од тој Завод или друго тело со важност за односната договорна страна, без оглед на средството во кое ваквите информации се чуваат;
(vii) „впишување во регистар“ значи кое било вклучување информации во регистрите на Заводот;
(viii) „подносител на пријава“ значи лице кое согласно регистите на Заводот, а во согласност со законот кој се применува, поднесува пријава за патент или лице кое поднесува пријава или учествува во поднесувањето пријава;
(ix) „носител“ значи лице кое согласно регистрите на Заводот е носител на патентот;
(x) „застапник“ значи застапник согласно законот кој се применува;
(xi) „потпис“ значи секој начин на самоидентификација;
(xii) „јазик прифен од Заводот“ значи секој јазик прифатен од Заводот за соодветната постапка пред Заводот;
(xiii) „превод“ значи превод на јазик или, каде што е соодветно, транскрипција со азбука или збир знаци прифатени од Заводот;
(xiv) „постапка пред Заводот“ значи секоја постапка што се води пред Заводот во врска со пријава или патент;
(xv) освен ако од контекстот произлегува поинаку, зборовите во еднина вклучуваат и множина и обратно, и лични заменки од машки род вклучуваат и женски род;
(xvi) „Париска конвенција“ значи Париска конвенција за заштита на индустриската сопственост, потпишана на 20-ти март 1883 година, ревидирана и изменета;
(xvii) „Договор за соработка во областа на патентите“ значи Договор за соработка во областа на патентите, потпишан на 19-ти јуни 1970 година, заедно со Xxxxxxxxxxx и Административните инструкции согласно тој Договорот, ревидирани, изменети и модифицирани;
(xviii) „договорна страна“ значи која било држава или меѓувладина организација која е страна во овој договор;
(xix) „закон што се применува“ значи, кога договорната страна е држава, законот на таа држава, а кога договорната страна е меѓувладина организација, правни одредби согласно кои работи владината организација;
(xx) „документ за ратификација“ се толкува како да вклучува документи за прифаќање или одобрување;
(xxi) „Организација“ значи Светска организација за интелектуална сопственост;
(xxii) „Меѓународно биро“ значи Меѓународно биро на Организацијата;
(xxiii) „Генерален директор“ значи генерален директор на Организацијата.
ОПШТИ ОДРЕДБИ
Член 2
(1) [Поповолни услови] Договорната страна може да предвидува услови кои, од гледна точка на подносителите на пријави и носителите се поповолни од условите на овој договор и Правилникот, освен условите на членот 5.
(2) [Нерегулирање на материјалното патентно право] Ништо во овој договор или во Правилникот нема за цел да се толкува како пропис кој би ја ограничувал слободата на договорната страна да пропишува онакви услови какви што сака од материјалното право кое се применува во врска со патентите.
Пријави и патенти на кои се применува Договорот Член 3
(1) [Пријави] (a) Одредбите од овој договор и Правилникот се применуваат на
националните и регионалните пријави за патенти за пронајдоци и за разделени пријави за патенти, што се поднесуваат во Заводот на договорната страна: Тоа се:
(i) видови пријави кои може да се поднесат како меѓународни пријави согласно Договорот за соработка во областа на патентите;
(ii) одделни пријави од видовите пријави согласно точка (i), за патенти за пронајдоци или за дополнителни патенти, согласно членот 4г став (1) или став (2) од Париската конвенција.
(б) Врз основа на одредбите на Договорот за соработка во областа на патентите, одредбите на овој договор и Правилникот, се применуваат за меѓународните пријави за патенти за пронајдоци и за разделени пријави за патенти, поднесени согласно Договорот за соработка во областа на патентите:
(i) во однос на временските ограничувања што се применуваат согласно членовите 22 и 39 став (1) од Договорот за соработка во областа на патентите во Заводот на договорната страна;
(ii) во однос на која било постапка започната на или по датумот на кој пријавата се зема во постапка или испитувањето на меѓународната пријава може да започне, согласно членот 23 или членот 40 од тој Договор.
(2) [Патенти] Одредбите на овој договор и Правилникот се применуваат на националните и регионалните патенти за пронајдок, и на националните и регионалните за разделени пријави за патенти, кои се признаени со важност за договорната страна.
Исклучок од безбедносни причини Член 4
Ништо во овој договор и во Правилникот нема да ја ограничи слободата на
договорната страна да преземе дејствие ако смета дека е неопходно за зачувување на основните безбедносни интереси.
Датум на поднесување Член 5
(1) [Елементи на пријава] (a) Освен ако е поинаку пропишано во Правилникот, и е
предмет на ставовите од (2) до (8), договорната страна ќе предвиди датумот на поднесување на пријавата да биде датумот на кој нејзиниот Завод во писмена
форма или на друг начин предвиден од страна на Заводот, по избор на подносителот на пријавата, ги примил следните елементи:
(i) јасна или разбирлива назнака дека елементите се сметаат за пријава;
(ii) податоците овозможуваат идентитетот на подносителот да биде утврден или дозволуваат подносителот да биде контактиран од Заводот;
(iii) дел кој на прв поглед изгледа како опис.
(б) договорната страна може, за целите на датумот на поднесување, да прифати цртеж како елемент предвиден со подставот (a)(iii).
(в) Заради утврдување на датумот на поднесување, договорната страна може да побара како елемент предвиден со подставот (a)(ii), информации кои овозможуваат утврдување на идентитетот на подносителот, како и информации кои овозможуваат подносителот да биде контактиран од Заводот, или може да прифати доказ кој овозможува идентитетот на подносителот да биде утврден или подносителот да биде контактиран од Заводот.
(2) [Xxxxx] (a) Договорната страна може да побара податоците од ставот (1)(a)(i) и
(ii) да бидат на јазик прифатен од Заводот.
(б) Делот опфатен со ставот (1)(a)(iii) може, заради утврдување на датумот на поднесување, да биде поднесен на кој било јазик.
(3) [Известување] Кога пријавата не исполнува еден или повеќе услови одредени од договорната страна согласно ставовите (1) и (2), Заводот може, веднаш штом ќе биде спроведливо, да го извести подносителот, давајќи му можност да го исполни секој услов, и да поднесе забелешки, во временски рок пропишан со Правилникот.
(4) [Подоцнежно исполнување на условите] (a) Кога еден или повеќе од условите кои ги применува договорната страна во согласност со ставовите (1) и (2) не се исполнети со првично поднесените пријави, датумот на поднесување од подставот (б) и ставот (6), ќе биде датумот на кој подоцна се исполнети сите услови кои ги применува договорната страна во согласност со ставовите (1) и (2). (б) Договорната страна може да предвиди дека, кога еден или повеќе услови кои се опфатени во подставот (a) не се исполнети во рокот предвиден со Правилникот, пријавата се смета дека не е поднесена. Кога пријавата се смета дека не е поднесена, Заводот го известува подносителот, наведувајќи ги и причините за тоа.
(5) [Известување кое се однесува на дел од описот или цртежот кој недостасува] Ако по утврдувањето на датумот на поднесување, Заводот увиди дека дел од описот недостасува од пријавата или дека пријавата се однесува на цртеж кој недостасува во пријавата, Заводот веднаш го известува подносителот на пријавата.
(6) [Датум на поднесување кога е поднесен делот од описот или цртежот што недостасува] (a) Кога до Заводот се поднесува делот од описот или цртежот што недостасува во роковите предвидени со Правилникот, тој дел од описот или цртежот е составен дел на пријавата и е предмет на подставот (б) и (в), датумот на поднесување на пријавата е датумот на кој Заводот го примил тој дел од описот или тој цртеж или датумот на кој сите услови што ги применува договорната страна во согласност со ставовите (1) и (2) дека се исполнети, во зависност од тоа кој датум е подоцнежен.
(б) Кога делот од описот или цртежот што недостасува е поднесен согласно подставот (a) за да се исправи пропустот од пријавата во која на датумот на кој еден или повеќе елементи опфатени со ставот (1)(a) биле поднесени за првпат до Заводот, се барало право на првенство согласно претходно поднесена пријава, датумот на поднесување, на барање на подносителот на пријавата во роковите пропишани со Правилникот и предмет на условите пропишани со Правилникот, ќе
биде датумот на кој сите услови што се применуваат од договорната страна согласно ставовите (1) и (2) се исполнети.
(в) Кога делот од описот или цртежот недостасува, поднесен во согласност со подставот (a), е повлечен во рокот утврден од договорната страна, датумот на поднесување на пријавата ќе биде датумот на кој условите што ги применува договорната страна согласно ставовите (1) и (2) се исполнети.
(7) [Замена на опис или цртеж со повикување на претходно поднесена пријава]
(a) Врз основа на условите пропишани со Правилникот, повикувањето направено по поднесувањето на пријавата, на јазик прифатен од Заводот, на претходно поднесената пријава, заради утврдување на датумот на пријавата, го заменува описот или кој било цртеж.
(б) Кога условите опфатени во подставот (a) не се исполнети, пријавата може да се смета дека не е поднесена. Кога пријавата се смета дека не е поднесена, Заводот го известува подносителот на пријавата, наведувајќи ги причините за тоа.
(8) [Исклучоци] Ништо во овој член нема да го ограничи:
(i) правото на подносителот на пријавата согласно членот 4г ставови (1) или (2) од Париската конвенција, да го задржи како датум на разделената пријава од тој член, датумот на првата пријава наведена во тој член, и предноста на правото на првенство ако постои;
(ii) слободата на договорната страна да ги применува сите услови неопходни за утврдување на датумот на порано поднесената пријава, на пријава од кој било вид пропишана со Правилникот.
Пријава Член 6
(1) [Форма или содржина на пријавата] Освен ако е поинаку предвидено со овој
договор, ниедна договорна страна не може да бара исполнување на некој услов поврзан со формата или содржината на пријавата кој е додаден или различен од:
(i) условите поврзани со формата или содржината кои се предвидени за меѓународните пријави со Договорот за соработка во областа на патентите;
(ii) условите поврзани со формата или содржината на меѓународните пријавиза кои започнало усогласувањето, согласно Договорот за соработка во областа на патентите, може да ги бара Заводот на која било држава страна на тој договор или Завод кој работи за таа држава, откако ќе започне обработката или испитувањето на меѓународната пријава, како што е предвидено со членот 23 или членот 40 од наведениот Договор;
(iii) какви било дополнителни услови пропишани со Правилникот.
(2) [Образец за барање] (a) Договорната страна може да побара содржината на пријавата која одговара на содржината на барањето за меѓународна пријава согласно Договорот за соработка во областа на патентите, да биде дадена на образец за барање пропишан од договорната страна. Договорната страна може исто така да побара секаква дополнителна содржина дозволена со ставот (1)(ii) или пропишана во Правилникот во согласност со ставот (1)(iii) да се содржи во тој образец за барање.
(б) Наспроти подставот (a), а согласно членот 8 став (1), договорната страна ја прифаќа содржината согласно подставот (a) на образец за барање предвиден со Правилникот.
(3) [Превод] Договорната страна може да побара превод на кој било дел од пријавата кој не е на јазик прифатен од Заводот. Договорната страна може да побара и превод на делови од пријавата, како што е предвидено во Правилникот,
кои се на јазик прифатен од Заводот и на кој било друг јазик прифатен од тој завод.
(4) [Такси] Договорната страна може да побара плаќање такси во врска со пријавата. Договорната страна може да ги примени одредбите од Договорот за соработка во областа на патентите кои се однесуваат на плаќањето такси за пријава.
(5) [Приоритетен документ] Кога се бара приоритет на претходно поднесена пријава, договорната страна може да побара копијата од претходно поднесената пријава и преводот кога претходно поднесената пријава не е на јазик прифатен од Заводот, да бидат поднесени во согласност со условите пропишани со Правилникот.
(6) [Доказ] Договорната страна може да побара да бидат поднесени докази што се однесуваат на кое било прашање опфатено со ставот (1) или ставот (2) или во изјавата за првенство, или кој било превод опфатен со ставот (3) или ставот (5) до нејзиниот Завод во текот на обработката на пријавата, само доколку Заводот има основано сомневање за вистинитоста на прашањето или точноста на преводот.
(7) [Известување] Кога еден или повеќе услови што ги применува договорната страна согласно ставовите од (1) до (6) не се исполнети, Заводот го известува подносителот на пријавата, давајќи му можност да го исполни секој услов и да поднесе забелешки, во рок пропишан со Правилникот.
(8) [Неисполнување на условите] (a) Кога еден или повеќе услови што ги применува договорната страна во согласност со ставовите од (1) до (6) не се исполнети во рокот предвиден со Правилникот, договорната страна може, согласно со подставот (б) и членовите 5 и 10, да примени санкции предвидени со нејзините законски прописи.
(б) Кога кој било услов во поглед на барањето првенство што го применува договорната страна во согласност со ставовите (1), (5) или (6), не е исполнет во рокот предвиден со Правилникот, барањето за првенство може, согласно членот 13, да се смета за непостоечко. Согласно членот 5 став (7)(б) не можат да се применуваат други санкции.
Застапување Член 7
(1) [Застапници] (a) Договорната страна може да побара назначениот застапник за целите на која било постапка пред Заводот:
(i) да има право, според законот што се применува, да извршува дејствија пред Заводот во врска со пријавите и патентите;
(ii) да ја наведува, како своја адреса, адресата на територијата пропишана од договорната страна.
(б) Согласно подставот (в) во поглед на која било постапка пред Заводот, секое дејствие кое го презел застапникот кој се придржува на условите што ги применува договорната страна согласно подставот (a), има ефект на дејствие преземено од страна на или во врска со подносителот на пријавата, носителот или на друго заинтересирано лице кое го назначило застапникот.
(в) Договорната страна може да предвиди дека, во случај на заклетва или изјава или повлекување на овластување на адвокат, потписот на застапникот нема да има ефект како потписот на подносителот, носителот или на друго заинтересирано лице кое го назначило тој застапник.
(2) [Задолжително застапување] (a) Договорната страна може да побара подносителот на пријавата, носителот или друго заинтересирано лице да назначи
застапник за целите на која било постапка пред Заводот, а лицето на кое е пренесена пријавата, подносителот на пријавата, носителот или друго заинтересирано лице да дејствува самостојно пред Заводот во следните постапки:
(i) поднесување пријава со цел утврдување датум на поднесувањето;
(ii) плаќање на трошоците;
(iii) која било друга постапка пропишана со Правилникот;
(iv) издавање потврда за прием или известување од страна на Заводот во врска со која било постапка опфатена од точките од (i) до (iii).
(б) Трошоците за одржување може да ги плати кое било лице.
(3) [Назначување застапник] Договорната страна прифаќа назначувањето на застапникот да биде поднесено до Заводот на начин пропишан со Правилникот.
(4) [Забрана на други услови] Ниту една договорна страна не може да бара да бидат исполнети формални услови различни од оние опфатени во ставовите од (1) до (3) за работите кои се содржани во тие ставови, освен ако поинаку не е предвидено со овој договор или пропишано со Правилникот.
(5) [Известување] Кога повеќе од еден од условите што ги применува договорната страна во согласност со ставовите од (1) до (3) не се исполнети, Заводот го известува лицето на кое се пренесува пријавата, подносителот на пријавата или друго заинтерсирано лице, давајќи му можност да го исполни секој ваков услов, и да поднесе забелешки во рок пропишан со Правилникот.
(6) [Неисполнување на условите] Кога еден или повеќе услови кои ги применува договорната страна во согласност со ставовите од (1) до (3) не се исполнети во роковите пропишани со Правилникот, договорната страна може да примени мерка каква што е предвидена во нејзиното законодавство.
Поднесоци, адреси Член 8
(1) [Форма и начин на поднеесување на поднесоците] (a)Освен за утврдување на
датумот на поднесување на пријавата согласно членот 5 став (1) и согласно членот 6 став (1), со Правилникот, во согласност со подставовите од (б) до (г), се поставуваат услови кои договорната страна може да ги применува во однос на формата и начините на пренесување на поднесоците.
(б) Ниту една договорна страна не е обврзана да ги прифати поднесоците кои не се поднесени во писмена форма.
(в) Ниту една договорна страна не е обврзана да го исклучи поднесувањето поднесоци во писмена форма.
(г) Договорната страна го прифаќа поднесувањето поднесоци во писмена форма заради запазување на роковите.
(2) [Јазикот на поднесоците] Договорната страна може, освен ако не е поинаку предвидено со овој договор или Правилникот, да побара поднесокот да биде на јазик прифатен од Заводот.
(3) [Вид на меѓународни обрасци] Без оглед на ставот (1)(a), и во согласност со ставот (1)(б) и членот 6 став (2)(б), договорната страна го прифаќа наведувањето на секаква содржина од поднесокот на образец кој одговора на видот на меѓународниот образец за таков поднесок како што е предвидено со Правилникот, доколку таков образец постои.
(4) [Потпис на поднесоците] (a) Кога договорната страна бара потпис за целите на кој било поднесок, таа договорна страна го прифаќа секој потпис кој ги исполнува условите пропишани со Правилникот.
(б) Ниту една договорна страна не може да бара сведочење, нотаризација, потврда на автентичноста, легализација или друга потврда за кој било потпис што е доставен до нејзиниот завод, освен во врска со какви било квази-судски постапки или согласно пропишаното со Правилникот.
(в) Согласно подставот (б), договорната страна може да бара поднесување доказ до Заводот само кога Заводот има основано сомневање во автентичноста на кој било потпис.
(5) [Податоци во поднесоците] Договорната страна може да бара секој поднесок да содржи еден или повеќе податоци пропишани со Правилникот.
(6) [Адреса за кореспонденција, адреси за правни услуги и други адреси] договорната страна може, согласно која било одредба пропишана со Правилникот, да бара подносителот на пријавата, носителот или друго заинтересирано лице да наведе во секој поднесок:
(i) адреса за кореспонденција;
(ii) адреса за правни услуги;
(iii) други адреси предвидени со Правилникот.
(7) [Известување] Кога еден или повеќе од условите што ги применува договорната страна во согласност со ставовите од (1) до (6) не се исполнети во поглед на поднесоците, Заводот го известува подносителот на пријавата, носителот или друго заинтересирано лице, давајќи му можност да го исполни сите вакови услови и да поднесе забелешки, во рок пропишан со Правилникот.
(8) [Неисполнување на условите] Кога еден или повеќе услови што ги применува договорната страна согласно ставовите од (1) дo (6) не се исполнети во рокот пропишан со Правилникот, договорната страна може во согласност со членот 5 и членот 10, и со исклучоците пропишани во Правилникот, да примени каква било санкција предвидена со нејзините законски прописи.
Известувања Член 9
(1) [Доволно известување] Секое известување согласно овој договор или
Правилникот кое е испратено од Заводот на адреса за кореспонденција или на адреса за правни услуги согласно членот 8 став (6), или на која било адреса предвидена со Правилникот за целите на оваа одредба, а која е во согласност со одредбите во врска со тоа известување, е доволно за целите на овој договор и Правилникот.
(2) [Ако податоците што овозможуваат контакт не се поднесени] Ништо во овој договор и во Правилникот нема да ја обврзува договорната страна да испрати известување до подносителот на пријавата, носителот или друго заинтересирано лице, ако до Заводот не се поднесени податоци што овозможуваат тој подносител на пријава, носител или до друго заинтересирано лице да биде контактирано.
(3) [Неизвестување] Согласно членот 10 став (1), кога Заводот не го известил подносителот на пријавата дека носителот или друго заинтересирано лице не исполнило некој од условите на овој договор или Правилникот, тоа отсуство на известување не го ослободува подносителот на пријавата, носителот или друго заинтересирано лице од обврската да го исполнат тој услов.
Важење на патентот; Отповикување Член 10
(1) [Важност на патентот на кој не влијае неисполнувањето на одредени формални услови] Неисполнувањето на еден или повеќе формални услови во поглед на поднесувањето пријава од членот 6 ставови (1), (2), (4) и (5) и членот 8 ставови од (1) до (4), не може да биде основа за отповикување или поништување на важноста на патентот, целосно или делумно, освен кога неисполнувањето на формалниот услов се случило поради измама.
(2) [Можност да се поднесат забелешки, измени или корекции во случај на намерно отповикување или поништување на важноста] Важноста на еден патент не може да биде оптовикана или поништена, целосно или делумно, без носителот да добие можност да поднесе забелешки за намерата за отповикување или поништување на важноста и во разумен рок да даде измени или корекции ако е тоа дозволено со законот што се применува.
(3) [Непостоење на обврска за специјални постапки] Ставовите (1) и (2) не создаваат обврска за покренување судска постапка за спроведување на патентните права кои се разликуваат од оние што генерално важат за спроведување на законот.
Погодности во поглед на роковите Член 11
(1) [Продолжување на роковите] Договорната страна може да предвиди за период пропишан со Правилникот, продолжување на рокот определен од Заводот за преземање дејствија во постапка пред Заводот за пријавата или за патентот, ако барањето за таа цел е поднесено до Заводот во согласност со условите пропишани со Правилникот, и ако е поднесено по избор на договорната страна:
(i) пред истекот на рокот или
(ii) по истекот на рокот и во рок пропишан со Правилникот.
(2) [Продолжување на постапката] Кога подносителот на пријавата или носителот не го запазиле рокот определен од Заводот на договорната страна за преземање дејствија во постапката пред Заводот во врска со пријавата или со патентот, а таа договорна страна не дава можност за продолжување на рокот согласно ставот (1)(ii), договорната страна обезбедува продолжување на постапката за пријавата или за патентот и, ако биде потребно, повторно воспоставување на правата на подносителот на пријавата или носителот во врска со таа пријава или патент, ако:
(i) барање за таа цел е поднесено до Заводот во согласност со условите пропишани со Правилникот;
(ii) барањето е поднесено и се исполнети сите услови во однос на рокот определен за преземање определено дејствие во рок пропишан со Правилникот.
(3) [Исклучоци] Од ниедна договорна страна не може да се бара да даде олеснување согласно ставовите (1) или (2) во поглед на исклучоците пропишани со Правилникот.
(4) [Такси] Договорната страна може да бара плаќање такси во поглед на барањето во согласност со ставот (1) или (2).
(5) [Забрана на други услови] Ниедна договорна страна не може да бара исполнување на условите во поглед на погодностите предвидени со ставовите (1) или (2), освен оние опфатени во ставовите од (1) до (4), освен ако е поинаку предвидено со овој договор или пропишано со Правилникот.
(6) [Можност за доставување забелешки во случај на намера за одбивање] Xxxxxx согласно ставовите (1) или (2) не може да се одбие без подносителот на пријавата или носителот да добие можност во разумен рок да поднесе забелешки за намерата за одбивање.
Повторно воспоставување права откако Заводот ќе утврди должно внимание или ненамерен пропуст
Член 12
(1) [Барање] Договорната страна мора да предвиди, кога подносителот на пријава или носителот не го запазил рокот за преземање дејствие во постапката пред Заводот, а директна последица на пропустот е губење на правата во врска со пријавата или патентот, Заводот повторно да му ги воспостави правата на подносителот на пријавата или носителот во поглед на соодветната пријава или патентот на кој се однесува, ако:
(i) барањето за таа цел е поднесено до Заводот во согласност со условите пропишани во Правилникот;
(ii) барањето е поднесено во рок и ако се исполнети сите услови во однос на рокот за преземање определено дејствие, во рокови пропишани со Правилникот;
(iii) во барањето се наведени причините за незапазување на роковите; и
(iv) Заводот заклучи дека незапазувањето на роковите се случило и покрај должното внимание согласно околностите или дека, по избор на договорната страна, секое одложување било ненамерно.
(2) [Исклучоци] Ниту од една договорна страна не се бара да обезбеди повторно воспоставување на правата и враќање во поранешна состојба согласно ставот (1) во поглед на исклучоците пропишани во Правилникот.
(3) [Такси] Договорната страна може да бара плаќање такса во поглед на барањето од ставот (1).
(4) [Доказ] Договорната страна може да бара изјавата или друг доказ како поткрепа на причините наведени во ставот (1)(iii) да биде поднесена до Заводот во роковите определени од страна на Заводот.
(5) [Можност за забелешки во случај на намера за одбивање] Xxxxxx согласно ставот (1) не може да се одбие целосно или делумно, без страната што го поднесува барањето да добие можност да се изјасни за намерата за одбивање во разумен рок.
Корекција или дополнување на барањето за право на првенство; Обновување на правото на првенство
Член13
(1) [Корекција или дополнување на барањето за право на првенство] Освен кога е поинаку пропишано во Правилникот, договорната страна предвидува корекција или дополнување на барањето за право на првенство во поглед на пријавата за патент („подоцнежна пријава“), ако:
(i) барање за таа цел е поднесено до Заводот во согласност со условите пропишани во Правилникот;
(ii) барањето е поднесено во рокот пропишан во Правилникот; и
(iii) датумот на поднесување на подоцнежната пријава не е подоцна од датумот на истекување на периодот на првенство пресметан од датумот на поднесување на најраната пријава чие право на првенство се бара.
(2) [Задоцнето поднесување на подоцнежната пријава] Имајќи го во предвид членот 15, договорната страна предвидува, кога пријавата („подоцнежната пријава“) за која се бара или може да се бара право на првенство од претходна пријава има датум на поднесување кој е подоцна од датумот на кој истекол
периодот на првенство, во рокот пропишан во Правилникот, Заводот да го обнови правото на првенство ако:
(i) барање за таа цел се поднесе до Заводот во согласност со условите пропишани во Правилникот;
(ii) барањето е поднесено во рокот пропишан во Правилникот;
(iii) во барањето се наведени причините за незапазувањето на периодот на првенство; и
(iv) Заводот заклучи дека неподнесувањето на подоцнежната пријава во периодот на првенство се случило и покрај должното внимание согласно околностите или дека, по избор на договорната страна, било ненамерно.
(3) [Недоставување примерок на претходната пријава] Договорната страна предвидува дека, кога примерок на претходната пријава согласно членот 6 став (5) не е поднесен во Заводот во рокот пропишан во Правилникот и во согласност со членот 6, Заводот го обновува правото на првенство, ако:
(i) барање за таа цел е поднесено до Заводот во согласност со условите пропишани во Правилникот;
(ii) барањето е поднесено во рокот за поднесување копија на претходната пријава пропишан во Правилникот согласно членот 6 став (5);
(iii) Заводот заклучи дека барањето за примерокот што треба да се поднесе е поднесено во Заводот во кој била поднесена и претходната пријава, во рокот пропишан во Правилникот; и
(iv) примерок на претходната пријава е поднесен во рокот пропишан во Правилникот.
(4) [Такси] Договорната страна може да бара плаќање такса во поглед на барањето согласно ставовите од (1) до (3).
(5) [Доказ] Договорната страна може да бара изјавата или друг доказ како поткрепа на причините наведени во ставот (2)(iii) да биде поднесена во Заводот во рокот определен од Заводот.
(6) [Можност за изјаснување во случај на намера за одбивање] Xxxxxx согласно ставовите од (1) до (3) не може да се одбие целосно или делумно, без страната што го поднесува барањето да добие можност да се изјасни за намерата за одбивање во разумен рок.
Правилник Член 14
(1) [Содржина] (a) Правилникот кон овој договор ги предвидува одредбите во врска
со:
(i) работите за кои во овој договор јасно се кажува дека се „пропишани во Правилникот“;
(ii) деталите кои се корисни за спроведување на одредбите на овој договор;
(iii) административните барања, работи или постапки.
(б) Правилникот, исто така, предвидува одредби во врска со формалните услови кои договорната страна може да ги примени на барањета за:
(i) впишување на промена на име или адреса;
(ii) впишување на промена на подносител на пријава или носител;
(iii) впишување на лиценца или обезбедување побарувања;
(iv) исправка на грешка.
(2) [Измена на Правилникот] Предмет на ставот (3), секоја измена на Правилникот бара три четвртини од гласовите.
(3) [Услов на едногласност] (а) Со Правилникот може да се специфицираат одредбите на Правилникот кои може да се изменуваат само со едногласност.
(б) За секоја измена на Правилникот чиј резултат се дополнителни одредби или бришење на одредбите специфицирани во Правилникот во согласност со подставот (a) се бара едногласност.
(в) При одредувањето дали е постигната едногласност, само гласовите што се дадени ќе бидат земени во предвид. Воздржаните нема да се сметаат за гласови.
(4) [Несогласување помеѓу Договорот и Правилникот] Во случај на несогласување помеѓу одредбите на овој договор и оние на Правилникот, се применуваат одредбите на Договорот.
Поврзаност со Париската конвенција Член 15
(1) [Обврска за почитување на Париската конвенција] Секоја договорна страна
мора да се придржува на одредбите на Париската конвенција која се однесува на патентите.
(2) [Обврски и права согласно Париската конвенција] (a) Ништо во овој договор не ги укинува обврските што Договорните страни ги имаат согласно Париската конвенција.
(б) Ништо во овој договор не ги укинува правата кои подносителите и носителите ги уживаат согласно Париската конвенција.
Примена на ревизиите, измените и дополнувањата на Договорот за соработка во областа на патентите
Член 16
(1) [Примена на ревизиите, амандманите и измените на Договорот за соработка во областа на патентите] Согласно ставот (2), секоја ревизија, измена или дополнување на Договорот за соработка во областа на патентите кој е во согласност со овој договор направена по 2 јуни 2000 година, се применува за целите на овој договор и Правилникот ако Собранието во конкретниот случај одлучи така со три четвртини од гласовите.
(2) [Неприменливост на преодните одредби на Договорот за соработка во областа на патентите] Секоја одредба од Договорот за соработка во областа на патентите, на основа на која ревидираната, изменетата или дополнетата одредба на тој договор не се применува на државата која е членка на тој договор или на Заводот кој работи за таа држава, сé додека втората одредба не е соодветна на законот кој се применува од страна на таа држава или Завод, нема да се применува за целите на овој договор и Правилникот.
Собрание Член 17
(1) [Состав] (a) Договорните страни имаат Собрание.
(б) Секоја договорна страна е претставена во Собранието со еден делегат кому може да му помагаат заменици, советници и експерти. Секој делегат може да претставува само една договорна страна.
(2) [Задачи] Собранието:
(i) се занимава со прашањата кои се однесуваат на одржувањето и развојот на овој договор и примената и функционирањето на овој договор;
(ii) со помош на Меѓународното биро го утврдува видот меѓународните обрасци и обрасците за барања, согласно членот 14 став (1)(в);
(iii) ги менува Правилникот;
(iv) ги одредува условите за датумот на поднесување на пријавата за секој вид меѓународен образец и за образеците за барања од точката (ii) и секоја измена од точката (iii);
(v) одлучува, во согласност со членот 16 став (1), дали некоја ревизија, измена или дополнување на Договорот за соработка во областа на патентите се применува за целите на овој договор и Правилникот;
(vi) извршува други вакви функции потребни согласно Договорот.
(3) [Кворум] (a) Една половина од членовите на Собранието, кои се држави, го сочинуваат кворумот.
(б) Без оглед на подставот (a), ако на некоја седница бројот на членките, кои се држави, претставени на Собранието е помалку од една половина, но е еднаков или е повеќе од една третина од државите членки на Собранието, Собранието може да носи одлуки но, со исклучок на одлуките кои се однесуваат на негова сопствена постапка, сите вакви одлуки стапуваат на сила само ако се исполнети условите што се утврдени во понатамошниот текст. Меѓународното биро ги доставува споменатите одлуки до државите членки на Собранието кои не се застапени и ги повикува во писмена форма да го дадат својот глас или да се воздржат од гласање во период од три месеци од датумот на доставувањето. Ако, по истекот на овој период, бројот на членовите што го дале својот глас или се изјасниле како воздржани го достигне бројот на членови кој недостигал за да се постигне кворум на самата седница, ваквите одлуки стапуваат на сила, под услов истовремено да се постигне и потребното мнозинство.
(4) [Носење одлуки во Собранието] (a) Собранието настојува да носи одлуки со консензус.
(б) Кога одлуката не може да се постигне со консензус, прашањето за кое станува збор се решава со гласање. Во тој случај:
(i) секоја договорна страна која е држава има еден глас и гласа само во свое сопствено име; и
(ii) секоја договорна страна која е меѓувладина организација може да учествува во гласањето, во име на својата држава членка, со број на гласови еднаков на бројот на државите членки кои се страни во овој договор. Ваква меѓувладина организација не смее да учествува во гласањето ако некоја од нејзините држави членки го користи своето право на глас и обратно. Покрај тоа, вакви меѓувладини организации не смеат да учествуваат во гласањето ако некоја од нејзините државни членки, страни во овој договор, е држава членка на друга ваква меѓувладина организација и таа друга меѓувладина организација учествува во гласањето.
(5) [Мнозинства] (a) Согласно членот 14 став (2) и став (3), член 16 став (1) и член
19 став (3), одлуките на Собранието бараат двотретинско мнозинство од гласовите.
(б) При утврдувањето дали е постигнато потребното мнозинство, само гласовите што се конкретно дадени се земаат во предвид. Воздржаните не се сметаат за гласови.
(6) [Седници] Собранието кое го свикува генералниот директор се состанува на редовни седници на секои две години.
(7) [Правила на постапката] Собранието воспоставува сопствени правила на постапката, вклучително и правилата за свикување вонредни седници.
Меѓународно биро Член 18
(1)[Административни задачи] (a) Меѓународното биро извршува административни
задачи кои се однесуваат на овој договор.
(б) Меѓународното биро посебно ги подготвува состаноците и дејствува како секретаријат на Собранието и на оние комитети на експерти и работни групи кои може да ги формира Собранието.
(2) [Состаноци кои не се седници на Собранието] Генералниот директор ги свикува сите комитети и работни групи формирани од Собранието.
(3) [Улогата на Меѓународното биро во Собранието и другите состаноци] (a) Генералниот директор и лицата назначени од генералниот директор учествуваат, без право на глас, на сите состаноци на Собранието, комитетите и работните групи формирани од страна на Собранието.
(4) [Конференции] (a) Меѓународното биро во согласност со насоките на Собранието, прави подготовки за секоја ревизиска конференција.
(б) Меѓународното биро може да се консултира со држава членка на Организацијата, меѓувладини организации и меѓународни и национални невладини организации во врска со споменатите подготовки.
(в) Генералниот директор и лица назначени од генералниот директор учествуваат, без право на глас, во разговорите на ревизиските конференции.
(5) [Други задачи] Меѓународното биро ги спроведува и сите други задачи што му се доделени во врска со овој договор.
Ревизии Член 19
(1) [Ревизии на Договорот] Согласно ставот (2), овој договор може да се ревидира
на конференција на договорните страни. За свикувањето на секоја ревизиска конференција одлучува Собранието.
(2) [Ревизија или измена на одредени одредби во Договорот] Членот 17 став (2) и став (6) може да се измени или со ревизиска конференција или од страна на Собранието, во согласност со одредбите од ставот (3).
(3) [Измена од страна на Собранието на одредени одредби од Договорот] (a) Предлози за измена од страна на Собранието на членот 17 став (2) и став (6) може да иницира секоја договорна страна или генералниот директор. Ваквите предлози му се доставуваат на генералниот директор на договорните страни најмалку шест месеци пред нивното разгледување од страна на Собранието.
(б) Усвојувањето на секоја измена на одредбите согласно подставот (a) бара тричетвртинско мнозинство од гласовите.
(в) Секоја измена на одредбите согласно подставот (a) влегува во сила по истекот на еден месец откако генералниот директор ќе прими од три четвртини од државите кои во моментот на усвојувањето на измените биле членки на Собранието писмено известување за прифаќање спроведено во согласност со постапки утврдени со устав на државите членки. Секоја измена на споменатите
одредби прифатени на тој начин ги обврзува сите договорни страни во моментот на влегувањето во сила на измените во државите и меѓувладините организации кои стануваат договорни страни на подоцнежен датум.
Станување страна на Договорот Член 20
(1) [Држави] Секоја држава која е страна на Париската конвенција или која е членка на Организацијата и за која може да се признаваат патенти, или преку Заводот на државата или преку Заводот на друга држава или меѓувладина организација, може да стане страна на овој договор.
(2) [Меѓувладини организации] Секоја меѓувладина организација може да стане страна на овој договор ако најмалку една држава членка на таа меѓувладина организација е страна на Париската конвенција или членка на Организацијата, и ако меѓувладината организација даде изјава дека е овластена, во согласност со своите внатрешни постапки да стане страна на Договорот, и ако даде изјава дека:
(i) е надлежна да признава патенти со ефект за нејзините држави членки; или
(ii) е надлежна за прашањата што се опфатени со овој договор и има своја сопствена легислатива која ги обврзува сите држави членки во врска со тие прашања и има, или го задолжила регионалниот завод за целите на признавање патенти со ефектот на нејзината територија во согласност со таа легислатива. Согласно ставот (3), секоја ваква изјава се дава во времето на поднесувањето на документот за ратификација или пристап.
(3) [Регионална патентна организација] Европската патентна организација, Евроазиската патентна организација и Африканската регионална организација за индустриска сопственост, кои дале изјави согласно ставовите (2)(i) или (ii) на Дипломатската конференција на која е усвоен овој договор, може да станат страна на овој договор како меѓувладина организација, ако изјават, во времето на поднесување на документот за ратификација или пристапување, дека се овластени, во согласност со своите внатрешни постапки, да станат страни на овој договор.
(4) [Ратификација или пристапување] Секоја држава или меѓувладина организација која ги задоволува условите од ставовите (1), (2) или (3) може да поднесе:
(i) документ за ратификација ако го потпишала овој договор; или
(ii) документ за пристапување ако не го потпишала овој договор.
Стапување на сила; Датуми на стапување на сила на ратификации и пристапувања Член 21
(1) [Стапување на сила на овој договор] Овој договор стапува на сила три месеци откако десет документи за ратификација или пристапување од страна на државите се поднесени до генералниот директор.
(2) [Датуми на стапување на сила на ратификации и пристапувања] Овој договор обврзува:
(i) десет држави од ставот (1) од датумот на кој овој договор влегол на сила;
(ii) секоја друга држава, од истекот на три месеци по датумот на кој државата го доставила својот документ за ратификацијата или пристапување до генералниот директор, или од кој било подоцнежен датум наведен во тој документ, но не подоцна од шест месеци по датумот на ова поднесување;
(iii) Европската патентна организација, Евроазиската патентна организација и Африканската регионална организација за индустриска сопственост, од истекувањето на трите месеци по поднесувањето на својот документ за ратификацијата или пристапување или од кој било подоцнежен датум наведен во тој документ, но не подоцна од шест месеци по датумот на ваквото поднесување, ако ваквиот документ е поднесен по влегувањето во сила на овој договор согласно ставот (1), или три месеци по влегувањето во сила на овој договор ако ваквиот документ е поднесен пред влегувањето во сила на овој договор;
(iv) секоја друга меѓувладина организација која ги исполнува условите да стане страна на овој договор, од истекот на три месеци по поднесувањето на овој документ на ратификација или пристапување, или од кој било подоцнежен датум наведен во тој документ, но не подоцна од шест месеци по датумот на ваквото поднесување.
Примена на Договорот на поднесените пријави и признаени патенти Член 22
(1) [Принцип] Согласно ставот (2), договорната страна ги применува одредбите на овој договор и Правилникот, освен членот 5 и членот 6 став (1) и став (2) и одредбите од Правилникот поврзани со нив, на пријавите кои се во постапка и на патентите кои се на сила, на датумот на кој овој договор ја обврзува договорната страна согласно членот 21.
(2) [Постапки] Ниту една договорна страна не е обврзана да ги примени одредбите на овој договор и Правилникот на кое било дејствие во постапката во поглед на пријавите и патентите согласно ставот (1), ако таквата постапка започнала пред датумот на кој оваа спогодба ја обврзува договорната страна согласно членот 21.
Резерви Член 23
(1) [Резерви] Секоја држава или меѓувладина организација може да изјави резерва
дека одредбите од членот 6 став (1) нема да се применуваат на ниту еден услов во поглед на единството на пронајдокот применлив на меѓународна пријава согласно Договорот за соработка во областа на патентите.
(2) [Модалитети] Секоја резерва согласно ставот (1) се поднесува во изјава заедно со документот за ратификацијата или пристапување на овој договор, од страна на државата или меѓувладината организација која ја изјавува резервата.
(3) [Повлекување] Секоја резерва согласно членот (1) може да се повлече во секој момент.
(4) [Забрана на други резерви] Не се дозволени резерви на овој договор освен резервите дозволени со ставот (1).
Откажување на Договорот Член 24
(1) [Известување] Секоја договорна страна може да го откаже овој договор со известување до Генералниот директор.
(2) [Датум на стапување на сила] Секое откажување стапува на сила една година од датумот на кој генералниот директор примил известување или на кој било друг подоцнежен датум наведен во известувањето. Откажувањето нема да има
влијание врз примената на овој договор на пријавите за кои постапките се во тек, ниту на патентите кои во моментот кога откажувањето влегува во сила, важат за договорната страна која го откажува Договорот.
Јазици на Договорот Член 25
(1) [Автентични текстови] Овој договор се потпишува во еден оригинал на англиски, арапски, кинески, француски, руски и шпански јазик и при тоа сите текстови се подеднакво и исклучиво автентични.
(2) [Официјални текстови] Официјалниот текст на кој било јазик освен од ставот
(1) го утврдува генералниот директор по консултациите со заинтересираните страни. За целите на овој став, заинтересирана страна значи секоја држава која е страна на Договорот, или ги исполнува условите да стане страна на Договорот согласно членот 20 став (1), за чиј официјален јазик, или еден од официјалните јазици, станува збор, како и Европската патентна организација, Евроазиската патентна организација и Африканската регионална организација за индустриска сопственост и која било друга меѓувладина организација која е страна во овој договор или може да стане страна на Договорот, ако се работи за еден од нејзините официјални јазици.
(3) [Предност на автентични текстови] Во случај на различни мислења за толкувањето помеѓу автентичните и официјалните текстови, автентичните текстови имаат предност.
Потпишување на Договорот Член 26
Договорот останува отворен за потпис од страна на која било држава која ги исполнува условите да стане страна на Договорот од членот 20 став (1), од Европската патентна организација, Евроазиската патентна организација и Африканската регионална организација за индустриска сопственост во седиштето на Организацијата една година по неговото усвојување.
Депозитор; Регистрација Член 27
(1) [Депозитор] Генералниот директор е депозитор на овој договор.
(2) [Регистрација] Генералниот директор го регистрира овој договор во Секретаријатот на Обединетите нации.
ПРАВИЛНИК КОН ДОГОВОРОТ ЗА ПРАВОТО НА ПАТЕНТ
во сила од 1 јануари 2006 година
СКРАТЕНИ ИЗРАЗИ
Правило 1
(1) [„Договор“; „Член“] (a) Во овој правилник, зборот „Договор “ значи Договор за правото на патент.
(б) Во овој правилник, зборот „Член“ се однесува на конкретен член од Договорот.
(2) [Скратени изрази дефинирани во Договорот] Скратените изрази дефинирани во членот 1 за целите на овој договор го имаат истото значење и за целите на Правилникот.
Детали во врска со датумот на поднесување согласно членот 5 Правило 2
(1) [Рокови согласно членот 5 став (3) и членот (4)(б)] Врз основа на ставот (2), роковите во членот 5 став (3) и став (4)(б) не смеат да бидат пократки од два месеца од датумот на известувањето согласно членот 5 став (3).
(2) [Исклучок од рокот согласно членот (4)(б)] Кога не е дадено известување согласно членот 5 став (3), бидејќи не се поднесени податоци што овозможуваат Заводот да стапи во контакт со подносителот, рокот од членот 5 став (4)(б) не е пократок од два месеци од датумот на кој прв пат од Заводот биле примени еден или два елемента од членот 5 став (1)(a).
(3) [Рокови од членот(6)(a) и (б)]
Роковите од членот 5 став (6)(a) и (б) важат:
(i) кога е доставено известување согласно членот 5 став (5), не пократко од два месеци од датумот на известувањето;
(4)[Услови согласно членот(6)(б)] Секоја договорна страна може, во согласност со правилото 4 став (3), заради утврдување на датумот на поднесување според членот 5 став (6)(б) да бара:
(i) примерок од претходната пријава да биде поднесен во рокот што се применува согласно ставот (3);
(ii) примерок од претходната пријава и датумот на поднесување на претходната пријава, потврдени како точни од страна на Заводот во кој претходната пријава била поднесена, да бидат поднесени на повик од Заводот во рок кој нема да биде пократок од четири месеци од датумот на повикот или во рокот што се применува согласно правилото 4 став (1), зависно од тоа кој рок истекува порано;
(iv) пропуштен дел од описот или пропуштен цртеж целосно да се содржи во претходната пријава;
(v) пријавата, на датумот на кој еден или повеќе елементи од членот 5 став (1)(a) биле за првпат примени од страна на Заводот, да содржи податок дека содржината на претходната пријава била со повикување вклучена во пријавата;
(vi) во рокот од ставот (3) да се поднесе податок за тоа каде, во претходната пријава или превод од точката (iii), е содржан пропуштениот дел од описот или пропуштениот цртеж.
(5) [Услови согласно член 5 став (7)(a)] (a) Упатувањето на претходно поднесената пријава од членот 5 став (7)(a) посочува дека за целите на датумот на поднесување, описот или кој било цртеж се заменети со упатување на претходно
поднесената пријава; упатувањето, исто така, го посочува бројот на таа пријава и Заводот во кој таа пријава била поднесена. Договорната страна може да бара упатувањето, исто така, да го посочува датумот на поднесување на претходно поднесената пријава.
(б) договорната страна може, согласно правилото 4 став (3), да бара:
(ii) заверен примерок на претходно поднесена пријава да биде поднесен во Заводот во рок кој нема да биде пократок од четири месеци од датумот на прием на пријавата која содржи упатување согласно членот 5 став (7)(a).
(в) договорната страна може да бара упатувањето согласно членот 5 став (7)(a) да се врши на претходно поднесената пријава која била поднесена од страна на подносителот на пријавата или неговиот правен претходник или правен наследник.
(6) [Исклучоци согласно членот 5 став (8)(ii)] Видови пријави согласно членот 5 став (8)(ii) се:
(i) разделени пријави;
(ii) пријава за продолжување или делумно продолжување;
(iii) пријави од нови подносители определени за надлежни за пронајдокот содржан во претходната пријава.
Детали во врска со пријавата согласно членот 6 ставови (1), (2) и (3)
Правило 3
(1) [Дополнителни барања согласно членот 6 став (1)(iii)] (a) Договорната страна може да бара подносителот кој сака пријавата да се смета како разделена пријава согласно правилото 2 став (6)(i) да наведе:
(i) дека сака пријавата да се смета како таква;
(ii) бројот и датумот на поднесување на пријавата од која е разделена таа пријава. (б) Договорната страна може да бара подносителот кој сака пријавата да се смета како пријава согласно правилото 2 став (6)(iii) да наведе:
(i) дека сака пријавата да се смета како таква;
(ii) бројот и датумот на поднесување на претходната пријава.
(в) Договорната страна може да бара подносителот кој сака пријавата да се смета како пријава за дополнителен патент да наведе:
(i) дека сака пријавата да се смета како такава;
(ii) бројот и датумот на поднесување на основната пријава.
(г) Договорната страна може да бара подносителот кој сака пријавата да се смета како пријава за продолжување или делумно продолжување на претходната пријава да наведе:
(i) дека сака пријавата да биде се смета како таква;
(ii) бројот и датумот на поднесување на претходната пријава.
(д) Кога договорната страна е меѓувладина организација, таа може да бара во пријавата да се наведе:
(i) барање дека подносителот бара признавање на регионален патент;
(ii) Државата членка на таа меѓувладина организација во која се бара заштита на пронајдокот.
(2) [образец за барањe согласно членот 6 став (2)(б)] Договорната страна ја прифаќа содржината дадена во согласност со членот 6 став (2)(a):
(iii) на образец за барање од Договорот за соработка во областа на патентите кој содржи назнака дека подносителот бара пријавата да се смета како национална или регионална пријава, ако таквиот образец за барање е согласно во согласност со Договорот за соработка во областа на патентите.
(3) [Барање согласно членот 6 став (3)] Договорната страна може да бара, согласно членот 6 став (3), превод на називот, патентните барања и на апстрактот на пријава поднесена на јазик прифатен од Заводот, на кој било друг јазик прифатен од Заводот.
Достапност на претходна пријава согласно членот 6 став (5) и правилото 2 став (4) или претходно поднесена пријава согласно правилото 2 став (5)(б)
Правило 4
(1) [Примерок на претходна пријава согласно членот 6 став (5)] Согласно ставот (3), договорната страна може да побара примерок на претходната пријава согласно членот 6 став (5) да биде поднесен до Заводот во рок кој нема да биде пократок од 16 месеци од датумот на поднесување на претходната пријава или, кога има повеќе од една таква претходна пријава, од најраниот датум на поднесување на тие претходни пријави.
(2) [Заверка] Врз основа на ставот (3), договорната страна може да бара примерокот согласно ставот (1) и датумот на поднесување на претходната пријава да бидат заверени како точни од страна на Заводот во кој е поднесена претходната пријава.
(3) [Достапност на претходната пријава или претходно поднесената пријава] Од договорната страна не смее да се бара да поднесе заверен примерок на претходната пријава или потврда на датумот на поднесување, од ставовите (1) и
(2) и правилото 2 став (4), или заверен примерок на претходно поднесена пријава од правилото 2 став (5)(б), кога претходната пријава или претходно поднесената пријава е поднесена во нејзиниот завод, или е достапна кај тој завод во дигиталната библиотека која е прифатена од заводот за таа цел.
(4) [Превод] Кога претходната пријава не е поднесена на јазик прифатен од заводот, а валидноста на побараното право на првенство е важна за утврдување на тоа дали пронајдокот за кој станува збор може да се заштити со патент, договорната страна може да бара преводот на претходната пријава, од ставот (1) да биде поднесен од страна на подносителот, по покана од заводот или друго надлежно тело, во рок кој не може да биде покус од два месеци од датумот на поканата, и не покус од рокот, ако таков е предвиден и се применува согласно ставот (1).
Доказ согласно членот 6 став (6) и членот 8 став (4)(в) и правилото 7 став (4),
правилото 15 став (4), правилото 16 став (6), правилото 17 став (6) и правилото 18
став (4)
Правило 5
Кога Заводот го известува подносителот, носителот или друго лице дека се бара доказ согласно членот 6 став (6) или членот 8 став (4)(в), или правилото 7 став (4),
правилото 15 став (4), правилото 16 став (6), правилото 17 став (6) и правилото 18 став (4), во известувањето се наведува причината поради која Заводот се сомнева во вистинитоста на содржината, податокот или потписот или, во зависност од случајот, точноста на преводот.
Рокови кои се однесуваат на пријавата согласно членот 6 ставови (7) и (8)
Правило 6
(1) [Рокови согласно членот 6 ставови (7) и (8)] Во согласност на ставовите (2) и (3), роковите од членот 6 ставови (7) и (8) не смеат да бидат покуси од два месеци од датумот на известувањето согласно членот 6 став (7).
(2) [Исклучок од рокот согласно членот 6 став (8)] Согласно ставот (3), кога известувањето согласно од членот 6 став (7) не е направено поради тоа што не се доставени податоците за контакт со подносителот, рокот од членот 6 став (8) не може да биде покус од три месеци од датумот на кој еден или повеќе елементи од членот 5 став (1)(a) биле за првпат примени од Заводот.
(3) [Xxxxxx согласно членот 6 ставови (7) и (8) за плаќање на таксите за пријава во согласност со Договорот за соработка во областа на патентите] Кога таксите што треба да се платат согласно членот 6 став (4), во поглед на поднесувањето на пријавата, не се платени, договорната страна може, согласно членот 6 ставови (7) и (8), да ги примени роковите за плаќање, вклучително и подоцнежно плаќање, кои се исти како оние што се применуваат согласно Договорот за соработка во областа на патентите во врска со меѓународните такси за поднесување.
Детали во врска со застапувањето согласно членот 7 Правило 7
(1) [Други постапки согласно членот 7 став (2)(a)(iii)] Други постапки согласно членот 7(2)(a)(iii) за кои договорната страна не смее да бара назначување застапник се:
(i) поднесување примерок на претходна пријава согласно правилото 2 став (4);
(ii) поднесување примерок на претходно поднесена пријава согласно правилото 2 став (5)(б).
(2) [Назначување застапник согласно членот 7 став (3)] (a) Договорната страна прифаќа назначувањето застапник да биде поднесено до Заводот во:
(i) вид на посебен поднесок (во натамошниот текст „полномошно“), потпишан од страна на подносителот, носителот или друго заинтересирано лице, во кој е наведено името и адресата на застапникот; или, по избор на подносителот,
(ii) Образец за барање согласно членот 6 став (2), потпишан од подносителот.
(б) Едно полномошно е доволно дури и кога се однесува на повеќе од една пријава или патент на истото лице или на една или повеќе пријави и еден или повеќе патенти на истото лице, под услов сите пријави и патенти да бидат наведени во тоа полномоно. Едно полномошно е доволно и кога се однесува на сите поднесени и xxxx пријави или патенти на тоа лице, освен за каков било исклучок наведен од страна на назначеното лице. Заводот може да бара, кога тоа едно полномошно се поднесува во писмена форма или како што ќе дозволи Заводот, одделен примерок од него да биде поднесен за секоја пријава или патент на кој се однесува.
(3) [Превод на полномошно] Договорната страна може да бара, ако полномошното не е на јазик прифатен од Заводот, за истото да се достави превод.
(4) [Доказ] Договорната страна може да бара да се поднесе доказ до Заводот само кога Заводот има основано сомневање за точноста на некој податок кој се содржи во поднесокот од согласно ставот (2)(a).
(5) [Рокови согласно членот 7 ставови (5) и (6)] Согласно ставот (6), роковите од член 7 ставови (5) и (6) нема да бидат покуси од два месеци од датумот на известувањето од членот 7 став (5).
(6) [Исклучок од рокот од член 7 став (6)] Кога не е дадено известување од членот 7(5) за податоците што овозможуваат Заводот да стапи во контакт со подносителот, носителот или друго заинтересирано лице, рокот од членот 7 став
(6) не смее да биде покус од три месеци од датумот на кој започнала постапката од членот 7 став (5).
Поднесување поднесок согласно членот 8 став (1)
Правило 8
(1) [Поднесок поднесен во писмена форма] (a) По 2 јуни 2005 година секоја договорна страна може, согласно членовите 5 став (1) и 8 став (1)(д), да го исклучи поднесувањето на поднесоците во писмена форма или може да продолжи да го дозволува поднесувањето на поднесоците во писмена форма. Дотогаш сите договорни страни дозволуваат поднесување на поднесоците во писмена форма. (б) Согласно членот 8 став (3) и подставот (в), договорната страна може да пропише барања во врска со поднесоците во писмена форма.
(в) Кога договорната страна дозволува поднесување на поднесоците во писмена форма, и Заводот дозволува поднесоците да се поднесат во писмена форма, во согласност со условите од Договорот за соработка во областа на патентите, што се поднесуваат во писмена форма.
(г) Спротивно на подставот (a), кога приемот или обработката на поднесокот во писмена форма, поради неговиот карактер или големина, се смета за непрактичен, договорната страна може да бара поднесувањето на поднесокот во друга форма или со други средства на пренос.
(2) [Поднесок доставен во електронска форма или со електронски средства на пренос] (a) Кога договорната страна дозволува доставување на поднесокот во електронска форма или со електронски средства на пренесување до својот завод на одреден јазик, вклучително и пренесување допис преку телеграф, телепринтер, телефакс или други слични средства за пренос, и кога има услови кои таа договорна страна ги применува согласно Договорот за соработка во областа на патентите, во врска со поднесоците доставени во електронска форма или преку електронски средства на пренос на тој јазик, Заводот дозволува поднесување дописи во електронска форма или со електронски средства на пренос на споменатиот јазик во согласност со овие услови.
(в) Кога, согласно подставот (a), договорната страна дозволува достава на поднесок преку телеграф, телепринтер, телефакс или други слични начини на пренос, таа може да побара оригиналот на кој било документ што бил пренесен со
ваквите средства на пренос, заедно со писмо во кое се повикува на тој претходен пренос, да биде поднесен во писмена форма до Заводот во рок кој нема да биде пократок од еден месец од датумот на преносот.
(3) [Копии, поднесени во електронска форма или со електонски средства на пренос, на поднесокот поднесен во писмена форма] (a) Кога договорната страна дозволува поднесување копија, во електронски облик или со електронски средства на пренос, на допис поднесен во писмена форма на јазик прифатен од Заводот, и кога има услови што се применуваат на таа договорна страна согласно Договорот за соработка во областа на патентите, во врска со поднесувањето вакви копии на дописите, Заводот дозволува поднесување копии на дописите во електронски облик или преку електронски средства на пренос, во согланост со тие услови.
(б) Ставот (2)(б) се применува mutatis mutandis на копиите поднесни во електронски облик или преку електонски средства на пренос на дописите, поднесени во писмена форма .
Детали во врска со потписот согласно членот 8 став (4)
Правило 9
(1) [Наводи со потпис] Договорната страна може да бара потписот на физичкото лице кое потпишува да биде придружен со:
(i) наведување на буквите на презимето и едно или повеќе имиња на лицето, или по избор на тоа лице, на едно име или повеќе имиња што тоа лице вообичаено ги користи;
(ii) наведување на својството во кое тоа лице потпишува, кога таквото својство не е очигледно од текстот на дописот.
(2) [Датум на потпишување] Договорната страна може да бара потписот да биде придружен со наведување на датумот на кој потпишувањето е извршено. Кога наведувањето што се бара не е поднесено, датумот на кој потпишувањето се смета дека е извршено ќе биде датумот на кој дописот со потписот бил примен од страна на Заводот или, ако договорната страна го дозволи тоа, датумот пред тој датум.
(3) [Потпис на поднесокот во писмена форма] Кога дописот до Заводот на договорната страна е во писмена форма и се бара потпис, договорната страна:
(i) согласно точката (iii), го прифаќа своерачниот потпис;
(ii) може да дозволи, наместо своерачен потпис, употреба на други видови потпис, како што е печатен или втиснат потпис, или употреба на печат или налепница со код;
(iii) може, кога физичкото лице кое го потпишува дописот е државјанин на договорната страна и адресата на тоа лице е на нејзина територија или кога правното лице во име на кое се потпишува дописот е организирано согласно нејзиниот закон и има или престојувалиште или постојано стварно и ефективно индустриско и трговско седиште на нејзината територија, да бара да се употреби печат наместо своерачен потпис.
(4) [Потпис на поднесокот поднесен во електронска форма или со електронски средства на пренос кој е графички претставен] Кога договорната страна дозволува поднесување на дописи во електронски облик или со електонски средства за пренос, таквиот допис се смета за потпишан ако графичката претстава на потписот прифатен од договорната страна согласно ставот (3) се појави на тој допис како што е примен од страна на Заводот на таа договорна страна.
(5) [Потпис на поднесоците поднесени во електронска форма кој не е графички претставен] (a) Кога договорната страна дозволува поднесување допис во
електронски облик и графичката претстава на тој потпис прифатен од договорната страна согласно ставот (3) не се појавува во таквиот допис како што е примен од страна на Заводот на таа договорна страна, од договорната страна може да се бара тој допис да биде потпишан со користење потпис во електронски облик како што пропишува договорната страна.
(б) Без оглед на подставот (a), кога договорната страна дозволува поднесување допис во електронски облик на одреден јазик и кога условите применливи на таа договорна страна се во согласност Договорот за соработка во областа на патентите во врска со потписите во електронскиот облик на допис поднесени во електронски облик на тој јазик, а кои не се графички претставени, Заводот на таа договорна страна прифаќа потпис во електронски облик во согласност со овие услови.
(в) Правилото 8 став (2)(б) се применува mutatis mutandis.
(6) [Исклучок на потврда на потпис согласно членот 8 став (4)(б)] договорната страна може да бара секој потпис согласно ставот (5) да биде потврден преку процес на потврдување на потписите во електронски облик, одреден од договорната страна.
Детали во врска со наводите согласно членот 8 ставови (5), (6) и (8)
Правило 10
(1) [Податоци согласно членот 8 став (5)] (a) договорната страна може да бара во секој допис:
(i) да биде наведено името и адресата на подносителот, носителот или друго заинтересирано лице;
(ii) да биде наведен бројот на пријавата или патентот на кој се однесува;
(iii) да го содржи, кога подносителит, носителот или друго заинтересирано лице е регистриран во Заводот, бројот или некои други податоци под кои е регистриран. (б) договорната страна може да бара секој допис од страна на застапник за целите на постапката пред Заводот да содржи:
(i) името и адресата на застапникот;
(ii) повикување на полномошно, или друг допис во кое назначувањето на тој застапник е или било извршено, врз основа на кое застапникот дејствува;
(iii) кога застапникот е регистриран во заводот, бројот или друг податок под кој е регистриран.
(2) [Адреса за коресподенција и адреса за правни услуги] Договорната страна може да бара адресата за коресподенција согласно членот 8 став (6)(i) и адресата за правни услуги согласно членот 8 став(6)(ii) да бидат на територијата што ја пропишува договорната страна.
(3) [[Адреса кога не е назначен застапник] Кога не е назначен застапник, а подносителот, носителот или друго заинтересирано лице обезбедило, како своја адреса, адреса на територијата пропишана од договорната страна согласно ставот (2), таа договорна страна ја смета таа адреса за адреса на коресподенција согласно членот 8 став (6)(i) или адреса за правна услуга согласно членот 8 став(6) (ii), како што бара договорната страна, освен ако подносителот, носителот или друго заинтересирано лице не посочи јасно друга таква адреса, согласно членот 8 став (6).
(4) [Адреса кога е назначен претставник] Кога е назначен застапник, договорната страна ја смета адресата на тој застапник за адреса за коресподенција согласно членот 8 став (6)(i) или адреса за правна услуга согласно членот 8 став (6)(ii), како
(5) [Санкции за непочитување на условите согласно членот 8 став (8)] Ниту една договорна страна не смее да предвиди одбивање пријава ако не бидат исполнети условите за поднесување на бројот на регистрација или друг податок согласно ставот (1)(a)(iii) и (б)(iii).
Рокови во врска со дописите согласно членот 8 ставови (7) и (8)
Правило 11
(1) [Рокови согласно членот 8 ставови (7) и (8)] Согласно ставот (2), роковите од членот 8 ставови (7) и (8) не смеат да бидат пократки од два месеци од датумот на известувањето согласно членот 8 став (7).
(2) [Исклучот од рокот согласно членот 8 став (8)] Кога известувањето согласно членот 8 став (7) не е извршено, бидејќи податоците што овозможуваат подносителот, носителот или друго заинтересирано лице да биде контактирано од страна на Заводот не се поднесени, рокот согласно членот 8 став (8) нема да биде пократок од три месеци од датумот на кој дописот согласно членот 8 став (7) е примен од страна на Заводот.
Детали за погодностите во поглед на роковите согласно членот 11 Правило 12
(1) [Услови согласно членот 11 став (1)] (a) Договорната страна може да бара барањето согласно членот 11 став (1):
(i) да биде потпишано од страна на подносителот или носителот;
(ii) да содржи наведување дека се бара продолжување на рокот и рокот да биде определен.
(б) Кога барањето за продолжување на рокот е поднесено по истекот на рокот, договорната страна може да бара истовремено со поднесувањето на барањето да бидат исполнети сите услови во поглед на кои тој временски се применува и за кои дејствија.
(2) [Период и рок согласно членот 11 став (1)] (a) Периодот на продолжување на временскиот рок согласно членот 11 став (1) нема да биде пократок од два месеца од датумот на истекот на непродолжениот рок.
(б) Рокот согласно членот 11 став (1)(ii) не може да истече порано од два месеца од датумот на истекот на непродолжениот рок.
(3) [Услови согласно членот 11 став (2)(i)] Договорната страна може да бара условот согласно членот 11 став (2):
(i) да биде потпишан од подносителот или носителот;
(ii) да содржи наведување дека се бара продолжување на пропуштениот рок и наведување на рокот на кој се однесува.
(4) [Рок за доставување на барање согласно членот 11 став (2)(ii)] Рокот согласно членот 11 став (2)(ii) не смее да истече порано од два месеца од известувањето на Заводот дека подносителот или носителот не го запазиле рокот што го одредил Заводот.
(5) [Исклучоци согласно членот 11став (3)] (a) Согласно членот 11 ставови (1) или (2) од ниту една договорна страна не се бара да дава:
(i) второ, или било какво подоцнежно продолжување на рокот за кој е веќе дадено продолжување согласно членот 11 ставови (1) или (2);
(ii) продолжување на рокот за поднесување на барање за продолжување согласно членот 11 ставови (1) или (2) или барање за повторно воспоставување на право согласно членот 12 ставови (1);
(iii) продолжување во поглед на рокот за плаќање на трошоците за одржување;
(iv) продолжување во поглед на рокот согласно членот 13 ставови (1), (2) или (3);
(v) продолжување во поглед на рокот за преземање дејствие пред советот за жалби или друго ревизиско тело во рамките на Заводот;
(vi) продолжување во поглед на рокот за дејствување во inter partes постапките.
(б) Од ниту една договорна страна која предвидува максимален рок за исполнување на условите за постапка пред Заводот не се бара, согласно членот 11 ставови (1) или (2) да даде продолжување во поглед на рокот за дејствување во таа постапка во врска со кој било од тие услови надвор од максималниот рок.
Детали во врска со повторното воспоставување на правата откако Заводот ќе утврди должно внимание или ненамерен пропуст согласно членот 12
Правило 13
(1) [Услови согласно членот 12 ставови(1)(i)] Договорната страна може да бара барањето согласно членот 12 ставови (1)(i) да биде потпишано од страна на подносителот или носителот.
(2) [Рокот согласно членот 12 ставови (1)(ii)] Рокот за поднесување барање и за исполнување на условите, согласно членот 12 ставови (1)(ii), е пред истекувањето на:
(i) не помалку од два месеци од датумот на отстранување на причината поради незапазување на рокот за дејствување;
(ii) не помалку од 12 месеци од датумот на истекување на рокот за дејствување или, кога барањето се однесува на неплаќање на трошоците за одржувањето, не помалку од 12 месеци од датумот на истекување на дополнителниот период предвиден со членот 5bis од Париската конвенција.
(3) [Исклучоци согласно членот 12 ставови (2)] Исклучоците согласно членот 12 ставови (2) се незапазувањето на роковите:
(i) за дејствување пред одборот за жалби или друго ревизиско тело во рамките на Заводот;
(ii) за поднесување барање за продолжување согласно членот 11 ставови (1) или
(2) или барање за повторно воспоставување на правата согласно членот 12 став (1);
(iii) согласно членот 13 ставови (1), (2) или (3);
(iv) за дејствување во inter partes постапки.
Детали во врска со измената или дополнувањето на барањето за право на првенство и враќање на правото на првенство согласно членот 13
Правило 14
(1) [Исклучок согласно член 13 став (1)] Ниту една договорна страна не е обврзана да предвиди исправка или дополнување на барањето за право на првенство согласно членот 13 став (1), кога барањето согласно членот 13 став (1)(i) е добиено откако подносителот поднел барање за порано објавување или за извршување или забрзување на постапката, освен ако барањето за порано објавување или за извршување или забрзување на постапката е повлечено пред да завршат техничките подготовки за објавување на пријавата.
(2) [Услови согласно членот 13 став (1)(i)] Договорната страна може да бара барањето согласно членот 13 став (1)(i) да биде потпишано од страна на подносителот.
(3) [Рок согласно членот 13 став (1)(ii)] Рокот согласно членот 13 став (1)(ii) не мора да биде пократок од рокот што се применува согласно Договорот за соработка во областа на патентите за меѓународна пријава за поднесување барање за право на првенство по поднесувањето на меѓународна пријава.
(4) [Рокови согласно членот 13 став (2)] (a) Рокот согласно членот 13 став (2), воведен дел, истекува за не помалку од два месеци од датумот на кој истекува периодот на првенството.
(б) Рокот согласно членот 13 став (2)(ii) е рок кој се применува согласно подставот (a) или рок кога техничките подготовки за објавување на подоцнежната пријава се завршени, зависно од тоа кој истекува порано.
(5) [Услови согласно членот 13 став (2)(i)] Договорната страна може да бара барањето согласно членот 13 став (2)(i):
(i) да биде потпишано од подносителот; и
(ii) да биде пропратено со барање за првенство, кога подносителот не бара право на првенство од претходна пријава.
(6) [Услови согласно членот 13 став (3)] (a) Договорната страна може да бара барањето согласно членот 13 став (3)(i):
(i) да биде потпишано од страна на подносителот; и
(ii) да содржи податок за заводот во кој е поднесено барањето за примерок на претходната пријава и датумот на тоа барање.
(б) Договорната страна може да бара:
(i) изјавата или друг доказ во прилог кон барањето од членот 13 став (3) да биде поднесен во Заводот во рок кој е утврден од тој завод;
(ii) примерок од претходната пријава согласно членот 13 став (3)(iv) да биде поднесена во Заводот во рок кој нема да биде пократок од еден месец од датумот на кој подносителот го добил тој примерок од заводот во кој е поднесена претходната пријава.
(7) [Рок согласно членот 13 став (3)(iii)] Рокот согласно членот 13 став (3)(iii) истекува два месеци пред истекот на рокот пропишан со правилото 4 став (1).
Барање за впишување промени на името или адресата Правило 15
(1) [Барање] Кога нема промени на подносителот или носителот, но има промена
на неговото име или адреса, договорната страна прифаќа барањето за впишување на промената да биде со поднесок потпишан од подносителот или носителот и да содржи:
(i) наведување дека се бара впишување на промената на името или адресата;
(ii) бројот на пријавата или патентот;
(iii) промената што треба да се впише;
(iv) името и адресата на подносителот или носителот пред промената.
(2) [Такси] Договорната страна може да бара да бидат платени такси во поглед на барањето од ставот (1).
(3) [Единствено барање] (a) Едно барање е доволно дури и кога промената се однесува на името и на адресата на подносителот или носителот.
(б) Едно барање е доволно дури и кога измените се однесуваат на повеќе од една пријава или патент на исто лице, или на една или повеќе пријави и една или повеќе патенти на исто лице, под услов броевите на сите пријави и патенти за кои
се однесуваат да бидат наведени во барањето. Договорната страна може да бара, кога едно барање се поднесува во писмена форма или на друг начин како што дозволува Заводот, да биде поднесена копија за секоја пријава одделно и патентот на кој се однесува.
(4) [Доказ] Договорната страна може да бара да се поднесе доказ во Заводот само кога Заводот има причина да се сомнева во вистинитоста на кој било навод кој се содржи во барањето.
(5) [Забрана на други услови] Ниту една договорна страна не може да бара формалните услови, освен оние од ставовите од (1) до (4), да бидат исполнети во поглед на барањето од ставот (1), освен кога е поинаку предвидено во Договорот или пропишано во овој правилник. Особено, не смее да се бара поднесување на каква било потврда во врска со промената.
(6) [Известување] Кога еден или повеќе од условите што ги применува договорната страна согласно ставовите од (1) до (4) не се исполнети, Заводот го известува подносителот или носителот, давајќи му можност да ги исполни ваквите услови и да се изјасни во рок не пократок од два месеци од датумот на известувањето.
(7) [Неисполнување на условите] (a) Кога еден или повеќе услови што ги применува договорната страна согласно ставовите од (1) дo (4) не се исполнети во рокот од подставот (б), договорната страна може да предвиди одбивање на барањето, но не може да примени построга мерка.
(б) Рокот согласно подставот (a) е:
(i) во врска со точката (ii), не помалку од два месеца од датумот на известувањето;
(ii) кога не се поднесени податоци кои овозможуваат Заводот да контактира со лицето кое го поднело барањето од ставот (1), не помалку од три месеци од датумот на кој тоа барање е примено од Заводот.
(8) [Промена на името или адресата на застапникот, или адресата за коресподенција или адресата за правна услуга] Ставовите од (1) до (7) се применуваат mutatis mutandis на секоја промена во името или адресата на застапникот и на секоја промена на адресата за коресподенција или адресата за правна услуга.
Барање за впишување на промената на подносителот или носителот Правило 16
(1) [Барање за впишување на промената на подносителот или носителот] (a)
Кога има промена на подносителот или носителот, договорната страна мора да прифати барањето за впишување на промената да биде со поднесок потпишан од страна на подносителот или носителот, или од страна на новиот подносител или новиот носител и да ги содржи следниве податоци:
(i) податок во врска со тоа дека се бара впишување на промената на подносителот или носителот;
(ii) бројот на пријавата или патентот;
(iii) името и адресата на подносителот или носителот;
(iv) името и адресата на новиот подносител или носител;
(v) датумот на промена на подносителот или носителот;
(vi) името на државата чиј државјанин е новиот подносител или новиот носител - ако тој е државјанин на која било држава, името на државата во која новиот подносител или новиот носител има престојувалиште - ако го има, име на државата во која новиот подносител или новиот носител има стварно и ефективно индустриско или трговско седиште - ако такво постои;
(vii) основот за бараната промена.
(б) Договорната страна може да бара барањето да содржи:
(i) изјава дека информациите што се содржат во барањето се вистинити и точни;
(ii) информација за каков било државен интерес на договорната страна.
(2) [Документација за основот на промената на подносителот или носителот]
(a) Кога промената на подносителот или носителот произлегува од договор, договорната страна може да бара барањето да содржи податоци за регистрација на договорот, кога регистрацијата е задолжителна согласно законот што се применува и по избор на страната што бара кон барањето во прилог да биде доставено следното:
(i) примерок од договорот дека истиот одговара на оригиналниот договор, за кој може да се побара да биде заверен од нотар или друго надлежно јавно тело, по избор на страната што тоа го бара, или кога е дозволено со законот што се применува, од застапник кој има право да постапува пред Заводот;
(ii) извадок од договорот кој ја покажува промената, за кој може да се побара да биде заверен од нотар или друго надлежно јавно тело, по избор на страната што тоа го бара или, кога е дозволено со законот што се применува, од застапник кој има право да постапува пред Заводот, како извадок од оригиналниот договор;
(iii) незаверена потврда за пренос на сопственоста со договор, со содржина соодветна на содржината од меѓународниот формулар во поглед на потврдата за пренос, потпишана од страна на подносителот и новиот подносител или од страна на носителот и новиот носител.
(б) Кога промената на подносителот или носителот произлегува од спојување, или од реорганизација или поделба на правното лице, договорната страна може да бара кон барањето да се приложи примерок од документот кој го издало надлежно тело како доказ за спојувањето или реорганизацијата или поделбата на правното лице и правата што му припаѓаат, како што е примерок од извадокот од трговскиот регистар. Договорната страна може исто така да бара примерокот да биде заверен, дека истиот одговара на оригиналниот документ, по избор на страната што тоа го бара, од страна на телото што го издало документот или од нотар или од некое друго надлежно јавно тело или, кога е дозволено со законот што се применува, од страна на застапникот кој има право да постапува пред Заводот.
(в) Кога промената на подносителот или носителот не произлегува од договор или спојување, или реогранизација, или поделба на правното лице, туку се темели на друга основа, на пример, примена на законот или одлука на судот, договорната стана може да бара кон барањето да се приложи примерок од документот што ја евидентира промената. Договорната страна може исто така да бара копијата да биде потврдено дека одговара на оригиналниот документ или по избор на страната што бара, од страна на телото што го издало документот, од нотар или друго надлежно јавно тело или, кога е дозволено со законот што се применува, од претставник кој има право да дејствува пред Заводот.
(г) Кога промената се однесува на едно или повеќе лица, но не и на секој од подносителите или сопствениците, договорната страна може да бара во Заводот да биде поднесен доказ за согласувањето со промената на секој од подносителите или сопствениците во поглед на кои нема промена.
(3) [Превод] Договорната страна може да бара превод на кој било документ поднесен согласно ставот (2) кој не е на јазикот прифатен од страна на Заводот.
(4) [Трошоци] Договорната страна може да бара плаќање трошоци во поглед на барањето согласно ставот (1).
(5) [Единствено барање] Само едно барање е доволно кога промената се однесува на повеќе од една пријава или патент на исто лице или на една или
повеќе пријави и еден или повеќе патенти на истото лице, под услов промената на подносителот или носителот да биде иста за сите пријави или патенти, а броевите на сите пријави и патенти да бидат наведени во барањето. Договорната страна може да бара, кога единственото барање е поднесено во писмена форма или како што е дозволено од Заводот, одделна копија да биде поднесена за секоја пријава или патент на кои се однесува.
(6) [Доказ] Договорната страна може да бара тој доказ или друг доказ во случајот од ставот (2) да биде поднесен до Заводот само кога тој завод има основано сомневање во вистинитоста на некој податок што се содржи во барањето или во кој било документ од ова правило или во точноста на кој било доказ согласно ставот (3).
(7) [Забрана на други услови] Од ниту една договорна страна не смее да се бара исполнување на формалните услови освен оние од ставот од (1) до (6) во поглед на барањето од ова правило, освен ако е поинаку предвидено со Договорот или пропишано во овој правилник.
(8) [Известување; Неисполнување на условите] Правилото 15 ставови (6) и (7) се применуваат mutatis mutandis кога еден или повеќе услови што се применуваат согласно ставовите (1) до (5) не се исполнети или кога се бара доказ или дополнителни докази согласно ставот (6).
(9) [Исклучок кој се однесува на правото на пронајдувачот] Договорната страна може да ја исклучи примената на ова правило во поглед на измените во правото на пронајдувачот. Правото на пронајдувачот се утврдува според законот што се применува.
Барање за впишување лиценца или обезбедување побарувања Правило 17
(1) [Барање за впишување на лиценца] (a) Кога се впишува лиценцата во поглед
на пријавата или патентот, согласно законот што се применува, договорната страна прифаќа тоа барање за впишување на лиценцата да биде доставено со поднесокот потпишан од страна на давачот на лиценцата или стекнувачот на лиценцата и да ги содржи следниве податоци:
(i) наведување дека се бара впишување на лиценца;
(ii) бројот на пријавата или патентот;
(iii) името или адресата на давачот на лиценцата;
(iv) името и адресата на стекнувачот на лиценцата;
(v) наведување за тоа дали лиценцата претставува ексклузивна лиценца или неексклузивна лиценца;
(vi) името на државата чиј државјанин е стекнувачот на лиценцата - ако е државјанин на која било држава, името на државата во која стекнувачот на лиценцата има свое престојувалиште - ако го има, името на државата во која стекнувачот на лиценцата има стварно и ефективно индустриско или трговско седиште - ако такво постои;
(б) договорната страна може да бара барањето да содржи:
(i) изјава дека информацијата содржана во барањето е вистинита и точна;
(ii) информација во врска со какви било државни интереси на таа договорна страна;
(iii) информација во врска со регистрацијата на лиценцата, кога регистрацијата е задолжителна согласно законот што се применува;
(iv) датумот на лиценцата и нејзиното траење.
(2) [Документација на која се заснова лиценцата] (a) Кога договорот за лиценцата е слободно склучен, договорната страна може да бара барањето да биде придружено, по избор на страната што бара, со едно од следното:
(i) копија на договорот, за која може да се бара да биде потврдено дека одговара на оригиналниот договор, по избор на страната што бара, од нотар или друго надлежно јавно тело или, кога е дозволено со законот што се применува, од страна на застапник кој има право да постапува пред Заводот,
(ii) извадок од договорот за кој може да се потврди дека е вистински извадок од договорот, кој ги содржи оние делови од тој договор кои ги покажуваат лиценцираните права и нивниот опфат, кој може да се бара да биде потврден, по избор на страната што бара, од нотар или друго надлежно јавно тело или, кога е дозволено со законот што се применува, од страна на застапник кој има право да дејствува пред Заводот.
(б) договорната страна може да бара, кога лиценцата е слободно склучен договор, секој подносител, носител, ексклузивен стекнувач на лиценца, секој сосопственик или секој ексклузивен стекнувач на лиценца кој не е страна во тој договор, да даде согласност за регистрација на договорот во поднесокот доставен до Заводот. (в) Кога лиценцата не е слободно склучен договор, на пример, но е резултат на законска или судска одлука, договорната страна може да бара во прилог кон барањето да биде доставена копија на документ кој ја докажува лиценцата. Договорната страна може исто така да бара копијата да биде потврдено дека одговара на оригиналниот документ, по избор на страната што бара, од страна на телото кое го издава документот или од страна на нотар или друго надлежно јавно тело или, кога е дозволено со законот што се применува, од страна на застапник кој има право да постапува пред Заводот.
(3) [Превод] Договорната страна може да бара превод на кој било документ поднесен согласно ставот (2) кој не е на јазик прифатен од Заводот.
(4) [Трошоци] Договорната страна може да бара да бидат платени трошоците во поглед на барањето согласно ставот (1).
(5) [Единствено барање] Правилото 16 став (5) се применува mutatis mutandis на барањата за впишување лиценца.
(6) [Доказ] Правилото 16 став (6) се применува mutatis mutandis на барањата за впишување на лиценца.
(7) [Забрана на други услови] Од ниту една договорна страна не може да се бара да ги исполни формалните услови, освен оние од ставовите од (1) до (6) во поглед на барањето од ставот (1), освен ако не е поинаку предвидено со Договорот или пропишано во овој правилник.
(8) [Известување; Неисполнување на барањата] Правилото 15 став (6) и став (7) се применуваат mutatis mutandis кога еден или повеќе услови што се применуваат согласно ставовите од (1) дo (5) не се исполнети или кога доказ или дополнителни докази се бараат согласно ставот (6).
(9) [Барање за вапишување обезбедување на побарување или откажување на впишувањето лиценца или обезбедување побарување] Ставовите од (1) дo (8) се применуваат mutatis mutandis на барања за:
(i) впишување на обезбедувањето побарување во поглед на пријавата или патентот;
(ii) откажување на впишувањето на лиценцата или на обезбедувањето побарување во поглед на пријавата или патентот.
Барање за исправање на грешка
Правило 18
(1) [Барање] (a) Кога пријавата, патентот или некое барање што се доставува до Заводот во поглед на пријавата или патентот содржи грешка што не е поврзана со истражување или потполно испитување, што може да биде исправено од Заводот врз основа на законот, Заводот прифаќа таквото барање за исправање на таа грешка во записите и објавувањата на Заводот да биде доставено до Заводот со потпис од подносителот или носителот и да ги содржи следниве наводи:
(i) наведување дека се бара исправање на грешка;
(ii) бројот на пријавата или патентот;
(iii) грешката што треба да се исправи;
(iv) исправката што треба да се направи;
(v) името и адресата на страната што бара.
(б) Договорната страна може да бара кон барањето да биде доставен делот за замена или делот што во себе вклучува измена или, кога се применува ставот (3), таков делот за замена или дел што во себе вклучува измена за секоја пријава и патент на кој се однесува барањето.
(в) Договорната страна може да бара барањето да биде предмет на изјава од страната што бара, во која ќе биде наведено дека грешката е направена со добри намери.
(г) Договорната страна може да бара барањето да биде предмет на изјава на страната што бара, во која ќе биде наведено дека споменатото барање било поднесено без непотребно одложување, по откривање на грешката.
(2) [Такси](a) За постапувањето согласно ставот (б), договорната страна може да бара да бидат платени трошоци за барањето од ставот (1).
(б) Заводот ги исправа своите грешки, по службена должност или по барање, без плаќање такса.
(3) [Единствено барање] Правилото 16 став (5) се применува mutatis mutandis на барањата за исправка на грешката, под услов таа грешка и бараната исправка да се исти за сите пријави и патенти на кои се однесуваат.
(4) [Доказ] Договорната страна може да бара докази во прилог на барањето да бидат доставени до Заводот само кога Заводот има основано сомневање дека се работи за грешка, или кога има основано сомневање во вистинитоста на кое било прашање што се содржи во барањето за поправка на грешката или во кој било документ поднесен во врска со тоа барање.
(5) [Забрана на други услови] Од ниту една договорна страна не може да се бара исполнување на формалните услови, освен оние од ставовите од (1) дo (4) во поглед на барањето од ставот (1), освен ако е поинаку предвидено со Договорот или пропишано со овој правилник.
(6) [Известување: Неисполнување на условите] Правилото 15 став (6) и став (7) се применува mutatis mutandis кога еден или повеќе услови што се применуваат согласно ставовите од (1) дo (3) не се исполнети или кога се бара доказ во согласност со ставот (4).
(7) [Исклучоци] (a) Договорната страна може да ја исклучи примената на ова правило во поглед на промените кои се однесуваат на правото на пронајдувачот. Што претставува право на пронајдувачот ќе биде утврдено со законот што се применува.
(б) Договорната страна може да ја исклучи примената на ова правило во поглед на која било грешка што мора да се поправи во таа договорна страна согласно постапката за повторно издавање на патентот.
Начин на идентификување на пријавата без нејзиниот број
Правило 19
(1) [Xxxxx на идентификација] Кога се бара пријавата да се идентификува согласно нејзиниот број, а таквиот број не е сé уште издаден или не му е познат на лицето кое има интерес или неговиот застапник, пријавата се смета за идентификувана ако тоа лице по свој избор достави нешто од следното:
(i) привремен број на пријавата, ако постои, даден од Заводот;
(ii) копија на барањето кое е дел од пријавата заедно со датумот на кој пријавата е испратена до Заводот;
(iii) референтниот број на пријавата даден од страна на подносителот или неговиот застапник и наведен во пријавата заедно со името и адресата на подносителот, називот на пронајдокот и датумот на кој пријавата е испратена во Заводот.
(2) [Забрана на други услови] Ниту една договорна страна не смее да бара доставување на идентификациски средства освен оние од ставот (1) со цел пријавата да се идентификува ако нејзиниот број сé уште не е издаден или не му е познат на лицето кое има интерес или на неговиот застапник.
Утврдување на видови меѓународни обрасци Правило 20
(1) [Видови меѓународни обрасци] Собранието согласно членот 14(1)(c), ги утврдува видовите меѓународни обрасци, на секој од јазиците согласно членот 25(1), за:
(i) полномошно;
(ii) барање за впишување на промената на името и адресата;
(iii) барање за впишување на промената на подносителот или носителот;
(iv) потврда за пренос;
(v) барање за впишување или откажување на впишувањето на лиценцата;
(vi) барање за впишување или откажување на впишувањето на осигурувањето;
(vii) барање за исправање грешка.
(2) [Промени согласно Правилото 3 став (2)(i)] Собранието согласно правилото 3 став (2)(i) ги утврдува промените на образецот за барање според Договорот за соработка во областа на патентите.
(3) [Предлози на Меѓународното биро] Меѓународното биро ги поднесува предлозите до Собранието во врска со:
(i) утврдувањето на видовите меѓународни обрасци согласно ставот (1);
(ii) промените на образецот за барање согласно Договорот за соработка во областа на патентите, согласно ставот (2).
Услов за едногласност согласно членот 14 став (3) Правило 21
За утврдувањето или измената на следните правила потребна е едногласност на:
(i) на кое било правило согласно членот 5 став (1)(a);
(ii) кое било правило согласно членот 6 став (1)(iii);
(iii) кое било правило согласно членот 6 став (3);
(iv) кое било правило согласно членот 7став (2)(a)(iii);
(v) правилото 8 став (1)(а);
(vi) на ова правило.