Правно лице не може да добие повеќе од 10 (десет) претплатнички линии за тарифните модели во пост-пејд системот одеднаш, при иницијалното склучување на претплатнички договор со Македонски Телеком АД - Скопје како и при барањето за дополнителен број на...
ОПШТИ УСЛОВИ
За начинот на пристап и користење на јавните комуникациски услуги на мобилната електронска комуникациска мрежа на Македонски Телеком АД - Скопје
Воведни одредби
Со овој документ се регулираат Општите Услови за пристап и користење на јавните комуникациски услуги (во понатамошниот текст: Општи Услови) на Македонски Телеком АД - Скопје како оператор на јавна мобилна комуникациска мрежа и давател на јавни комуникациски услуги, и претплатниците како корисници на услугите на Македонски Телеком АД - Скопје, (во понатамошниот текст: претплатник/ци).
Посебни одредби
1. ЗАСНОВАЊЕ НА ПРЕТПЛАТНИЧКИ ОДНОС
1 .1. Постапка за засновање на претплатнички однос
1. За засновање на претплатнички однос потребно е заинтересираното лице (во понатамошниот текст: барателот) да дојде лично или да овласти друго лице и во продажното место на Македонски Телеком АД - Скопје и со поднесување на Барање за склучување на претплатнички договор на образец пропишан од страна на Македонски Телеком АД - Скопје, да ја изрази својата волја за склучување на претплатнички договор со Македонски Телеком АД Скопје при што треба да ги приложи сите потребни документи предвидени во точка 5 од овој член и во глава 1 член 1.2 од овие Општи Услови.
2. Пред засновање на претплатнички однос Македонски Телеком АД - Скопје има право да изврши проверка и да го одбие барањето при постоење на причините наведени во член 1.2 точка 12 или да бара уплата на парични средства (депозит) како гаранција за редовно плаќање на сметките, односно како гаранција за отплата на телефонскиот апарат/опремата која ја набавил по поповолна цена од редовната продажна цена со склучувањето на претплатнички однос со Македонски Телеком АД - Скопје.
Доколку проверката не може да се изврши веднаш, Македонски Телеком АД - Скопје на барателот ќе му издаде потврда со датум на кој е побарано засновање на претплатнички однос. Македонски Телеком АД - Скопје има обврска да одговори позитивно или негативно на барањето во рок од 7 (седум) работни дена, при што доколку одговорот е негативен Македонски Телеком АД - Скопје ќе да му го достави на барателот во писмена форма или на друг начин побаран од барателот.
3. Согласно точка 1 од овој член, при засновање на претплатнички однос се склучува претплатнички договор помеѓу Македонски Телеком АД - Скопје и барателот кој може да биде во пишана или во друга форма. Македонски Телеком АД - Скопје може да побара од барателот да плати надомест за почетно приклучување согласно објавениот Ценовник на Македонски Телеком АД Скопје. Барателот треба да го уплати надоместокот за почетно приклучување до моментот на склучување на претплатничкиот договор.
По добиената техничка можност и извршената уплата во назначениот рок на име надоместок за почетно приклучување се склучува претплатнички договор помеѓу Македонски Телеком АД - Скопје и претплатникот, при што претплатничкиот однос се смета за заснован од денот на склучување на претплатничкиот договор. Правата и обврските на договорните страни што произлегуваат од претплатничкиот договор важат од денот на активирање на услугите кои се предмет на претплатничкиот договор.
4. Цените за пристап и користење на јавните комуникациски услуги како и видот и должината на тарифните единици, и условите за нивно користење ќе бидат утврдени и објавени во Ценовникот на Македонски Телеком АД - Скопје и во Политиката за фер користење на Македонски Телеком АД - Скопје. Македонски Телеком АД - Скопје има право да ги одредува, менува и дополнува цените и условите за користење на јавните комуникациски услуги, при што истите се објавуваат во Ценовникот на Македонски Телеком АД - Скопје и во Политиката за фер користење на Македонски Телеком АД - Скопје пред нивното стапување на сила.
5. Во случај на потпишување на претплатнички договор со физичко лице, договорот треба да биде потпишан лично од страна на барателот, или од лице овластено за таа цел со нотарски заверено полномошно.
Во случај на потпишување на претплатнички договор со правно лице, договорот треба да биде потпишан од законски застапник на правното лице или од вработен овластен за таа цел со полномошно издадено и заверено со печат од правното лице.
6. Поврзувањето на претплатникот на јавна комуникациска мрежа на Македонски Телеком АД - Скопје за мобилните комуникациски услуги се врши со активирање на претплатничка линија преку СИМ картичка што му се дава на претплатникот со соодветен претплатнички број, или на друг технички можен начин.
Претплатничката линија се активира откако барателот ќе го уплати надоместокот за претплатничка линија, ќе склучи претплатнички договор или ќе потпише друг предвиден документ за активирање на претплатничката линија.
Со активирање на претплатничката линија се остварува пристап до услугите на јавната комуникациска мрежа и почнуваат да течат обврските за плаќање на месечната претплата, како и другите трошоци за користење на претплатничката линија.
За добивање на претплатничка линија за користење на мобилни комуникациски услуги се издава СИМ картичка на лицето овластено да го потпише претплатничкиот договор, во смисла на точка 5 погоре.
Издадената СИМ картичка е исклучива сопственост на Македонски Телеком АД - Скопје. Претплатникот нема сопственички права врз СИМ картичката, ниту на техничките информации што се содржани во неа. Истата му се дава на претплатникот на располагање за време на траењето на претплатничкиот договор за користење на мобилни комуникациски услуги, а по престанокот на овој договор од било кои причини, како и при замена со нова, претплатникот треба да му ја врати СИМ картичката на Македонски Телеком АД - Скопје.
Исто така, претплатникот треба да ја врати СИМ картичката секогаш кога тоа Македонски Телеком АД - Скопје ќе го побара од него, а особено во случаи кога тоа се бара поради безбедносни причини, вонредна состојба или кога тоа е од јавен интерес, како и од причини поврзани со работењето на мрежата. Македонски Телеком АД - Скопје го задржува правото да ја исклучи (деактивира) СИМ картичката поради причини пропишани со закон или подзаконски акт, по претходно известување на претплатникот.
1.2 Услови за засновање на претплатнички однос и користење на услугите
1. Претплатник на комуникациските услуги кои ги нуди Македонски Телеком АД - Скопје може да биде деловно способно физичко лице и/или регистрирано правно лице, кое ги исполнува условите предвидени со овие Општи Услови, ќе достави соодветна документацијата предвидена во точка 2 и 3 од овој член и ќе склучи договор со Македонски Телеком АД - Скопје.
2. Барателот за склучување на претплатнички договор во пост-пејд системот треба да ја приложи следната документација:
I Физички лица
- физичко лице:
а) Документ за лична идентификација (лична карта или пасош од кои се задржува копија врз основа на согласност од претплатникот); и
б) Потврда за вработување (предефинирана форма, објавена на официјалната веб страна на Македонски Телеком АД - Скопје) не постара од 30 дена или платена сметка за електронски комуникациски услуги на фиксната комуникациска мрежа на Македонски Телеком АД - Скопје од претходниот месец без отворен доспеан долг, која гласи на име на Барателот или Извештај за уплатени пензиски примања (на износ еднаков или над 5.000 МКД) не постар од 3 месеци.
- невработено физичко лице:
а) еден валиден документ за идентификација (лична карта или пасош од кои се задржува копија врз основа на согласност од претплатникот); и
б) уплата на парични средства како гаранција за редовно плаќање на сметките (депозит).
- за странски државјани кои имаат дозвола за привремен или постојан престој во Република Македонија:
а) документ за лична идентификација на увид (пасош или лична карта за странски државјани од кои се задржува копија врз основа на согласност од претплатникот);
б) дозвола за привремен или постојан престој во Република Македонија на увид (копија се задржува врз основа на согласност од претплатникот); и
в) потврда за заснован работен однос издадена од страна на организацијата / компанијата на меморандум или уплата на парични средства како гаранција за редовно плаќање на сметките (депозит).
- за странски државјани кои имаат дозвола за престој во Република Македонија до 3 месеци:
а) документ за лична идентификација на увид (пасош од кој се задржува копија врз основа на согласност од претплатникот); и
б) уплата на парични средства како гаранција за редовно плаќање на сметките (депозит).
-за странски државјани со дипломатски статус:
а) дипломатска или службена лична карта (од кои се задржува копија врз основа на согласност од претплатникот)
II Правни лица
- за правно лице:
а) извод за тековната состојба на правниот субјект издаден од Централниот регистар на РМ, не постар од 3
месеци;
б) потписен картон за жиро- сметката на правното лице издаден од овластено лице во банката депонент; и в) доказ за својата платежна способност издадена од банката депонент (Извештај за солвентност издаден од банката или извод од сметката за последниот месец. По потреба, Македонски Телеком АД - Скопје има право да побара и бонитет односно извештај за билансот на состојба и податоци од билансот на успех потврдени од Централниот регистар).
*Правно лице нема да биде обврзано да ги доставува документите од точка б) и в) од членот погоре доколку приложи:
- тековната состојба на правниот субјект издаден од Централниот регистар на РМ, не постар од 1 месец; и
- платена сметка од Македонски Телеком АД Скопје од претходниот месец без отворен доспеан долг, која се води на ЕМБС на правниот субјект барател,
- за правни лица кои немаат активна жиро сметка:
а) барање, потпишано од овластен потписник на правното лице или од вработен ополномоштен со специјално писмено полномошно за таа намена издадено од правното лице;
б) извод за тековната состојба на правниот субјект издаден од Централниот регистар на РМ, не постар од 6
месеци; и
в) уплата на парични средства како гаранција за редовно плаќање на сметките (депозит).
3. Барателот за склучување на претплатнички договор во при-пејд системот треба да ја приложи следната документација:
- за физичко лице:
а) еден валиден документ за идентификација (лична карта или пасош);
- за правно лице:
а) потписен картон за жиро- сметката на правното лице издаден од овластено лице во банката депонент.
Македонски Телеком АД Скопје во согласност со законската обврска за водење на евиденција за сите воспоставени претплатнички односи со претплатниците има право да ги собира и запишува следните податоци:
- име, презиме и адреса, а за правното лице и седиште на правното лице; и
- матичен број или број на патна исправа, а за правното лице даночен број на правното лице.
Собирањето и запишувањето на податоци заради водење на евиденцијата за претплатниците на при-пејд системот Македонски Телеком АД - Скопје ќе го врши преку:
(а) идентификување на претплатникот на самото продажно место со проверка на податоците од оригинален и валиден документ за идентификација;
(б) повикување од страна на претплатникот на посебно утврден број каде истиот ќе може да ги наведе бараните податоци;
(в) испраќање на податоците од страна на претплатникот преку кратка текстуална порака на посебно утврден број ;или
(г) друг начин xxxxxxx од Операторот.
При собирање на податоците согласно понапред утврдените начини Македонски Телеком АД - Скопје ќе спроведе проверка на валидноста дадениот матичен број или даночен број. Податоците ќе бидат запишани во евиденцијата на Македонски Телеком АД - Скопје само доколку со проверката се утврди дека дадениот матичен број или даночен број се валидни.
Пристап до услугите што ги обезбедува Македонски Телеком АД - Скопје ќе биде оневозможен за претплатници на при-пејд системот на Македонски Телеком АД - Скопје се до внесување на бараните податоци. Исклучок е само можноста да се остварат повици и испратат кратки текстуални пораки до посебно утврдените броеви на кои ќе можат да се дадат бараните податоци и до броевите на службите за итни повици.
Во случај на забелешка на точноста на евидентираните податоци од страна на надлежен орган за определен претплатник на при-пејд системот, Македонски Телеком АД - Скопје ќе го извести тој претплатник и ќе побара корекција со внесување на точни податоци во рок од 24 часа по приемот на известувањето, преку начините за собирање и запишување на податоци утврдени погоре. Доколку претплатникот не достави коригирани податоци или за коригираните податоци постои забелешка на точноста од страна на надлежен орган, Македонски Телеком АД - Скопје ќе го оневозможи пристапот до услугите што ги обезбедува се до внесување на точните податоци од страна на претплатникот.
Невработените лица, лицата кои не поседуваат доказ за нивната платежна способност, лицата кои ја приложиле документацијата наведена во точка 2 од овој член, чијашто веродостојност не може да биде потврдена од страна на Македонски Телеком АД - Скопје, странските државјани како физички лица (кои нема да приложат потврда за заснован работен однос и кои имаат ограничен престој со траење од 3 месеци), како и правни лица кои немаат активна жиро сметка, а кои се баратели за засновање на пост-пејд претплатнички однос имаат можност да склучат пост-пејд претплатнички договор со положување на депозит на сметка на Македонски Телеком АД - Скопје кој ќе служи како гаранција за наплатување на доспеани, неплатени, месечни сметки и останати побарувања по основ на склучениот договор со претплатникот. За таа цел овие лица заедно со потпишувањето на стандардниот претплатнички договор, треба да потпишат и анекс кон претплатничкиот договор за уплата на депозитот.
Лицата кои имаат повеќе од една претплатничка линија се обврзани да потпишат ваков анекс за секоја активна линија. Плаќањето на депозитот се врши во продавниците на Македонски Телеком АД - Скопје. Висината на депозитот ќе биде објавена во Ценовникот на Македонски Телеком АД - Скопје. На положениот депозит Македонски Телеком АД - Скопје не му исплаќа камата на претплатникот. Македонски Телеком АД - Скопје ќе го употреби депозитот само во случај претплатникот да не ги плаќа навремено доспеаните месечни сметки. Во таков случај, по исцрпување на депозитот, доколку претплатникот не положи нов депозит, Македонски Телеком АД - Скопје има право да ја исклучи претплатничката линија. Во случај на раскинување на претплатнички договор склучен со положување на депозит, Македонски Телеком АД - Скопје ќе изврши враќање на неискористениот дел од депозитот, доколку сите доспеани сметки се платени.
Македонски Телеком АД - Скопје има дискреционо право да одлучува за склучување на претплатнички договор со барател кој не ја поседува во целост документацијата пропишана со овие Општи Услови.
4. Во претплатничкиот договор се внесуваат сите релевантни податоци за претплатникот предвидени со закон. Претплатникот е целосно одговорен за веродостојноста на документацијата и податоците кои ги доставува за склучување на претплатничкиот договор. Во случај на промена на личните податоци или другите податоци внесени во претплатничкиот договор, претплатникот е должен веднаш, а најдоцна во рок од 30 дена да го извести Македонски Телеком АД - Скопје за настанатата промена. Доколку заради неисполнување на оваа обврска Македонски Телеком АД - Скопје не е во можност да реализира некоја своја обврска, право или претрпи штета, целокупната одговорност за тоа паѓа на товар на претплатникот.
5. Со склучувањето на претплатничкиот договор, претплатникот добива право на користење на основните услуги што ги обезбедува Македонски Телеком АД - Скопје согласно тарифниот модел кој го избрал претплатникот, а кои може да бидат вклучени во цената на месечната претплата за тој тарифен модел, во согласност со објавениот Ценовник на Македонски Телеком АД - Скопје и согласно условите предвидени во Политиката за фер користење на Македонски Телеком АД - Скопје.
Со склучувањето на договорот, претплатникот стекнува право на користење и на дополнителни услуги, останатите услуги и/или услугите со додадена вредност согласно избраниот тарифен модел, на начин и под услови утврдени во член 1.3 и член 1.4 подолу.
6. Основните и дополнителните услуги, како и услугите со додадена вредност и останатите услуги обезбедени од Македонски Телеком АД - Скопје кои му се нудат на претплатникот во зависност од избраниот тарифен модел се дефинирани во Листата на услуги и Ценовникот кои се јавно објавени од страна на Македонски Телеком АД - Скопје.
7. По иницијалното склучување на претплатнички договор со Македонски Телеком АД - Скопје секое физичко лице може дополнително да биде носител на повеќе од една претплатничка линија под услов да му се намирени сите месечни сметки за користење на постојните претплатнички линии кои се водат на негово име.
Физичко лице не може да добие повеќе од 2 (две) претплатнички линии во пост-пејд системот одеднаш при иницијалното склучување на претплатнички договор со Македонски Телеком АД - Скопје како и при барањето за дополнителен број на претплатнички линии, освен по одлука на Т-МОБИЛЕ МК.
Секое физичко лице кое дополнително ќе бара да биде носител на повеќе од една претплатничка линија во пост-пејд ситемот истото може да го реализира со потпишување на формулар “Прилог кон Договорот” за секоја дополнителна претплатничка линија, при што истиот ќе се смета за составен дел од претплатничкиот договор со кој првично бил заснован претплатничкиот однос на тоа лице.
По исклучок, Македонски Телеком АД - Скопје може да утврди и поинаков начин на стекнување нови претплатнички линии во одредени тарифни модели за што претплатникот ќе биде соодветно информиран. Со потпишување на соодветен формулар “Прилог кон Договорот” за секоја претплатничка линија одделно, ќе се врши утврдување на тарифен модел кој ќе го користи претплатникот, иницијално активирање и деактивирање на комуникациските услуги кои се вклучени во тарифниот модел кој го избрал претплатникот, како и утврдување на карактеристиките на претплатничката линија (тандем линија и сл.). Со посебни формулари се регулираат сите дополнителни промени на претплатничката линија како што е опишано во точка 9 од овој член.
8. По иницијалното склучување на претплатнички договор со Македонски Телеком АД - Скопје секое правно лице може дополнително да бара да биде носител на повеќе од една претплатничка линија под услов да му се намирени сите месечни сметки за користење на постојните претплатнички линии кои се водат на негово име.
Правно лице не може да добие повеќе од 10 (десет) претплатнички линии за тарифните модели во пост-пејд системот одеднаш, при иницијалното склучување на претплатнички договор со Македонски Телеком АД - Скопје како и при барањето за дополнителен број на претплатнички линии, освен по одлука на Т-МОБИЛЕ MK.
Секое правно лице кое дополнително ќе бара да биде носител на повеќе од една претплатничка линија во пост-пејд ситемот истото може да го реализира со потпишување на формулар “Прилог кон Договорот” за секоја дополнителна претплатничка линија, при што истиот ќе се смета за составен дел од претплатничкиот договор со кој првично бил заснован претплатничкиот однос на тоа лице.
Со потпишување на формуларот “Прилог кон Договорот” за секоја претплатничка линија одделно, ќе врши утврдување на тарифен модел кој ќе го користи претплатникот, иницијално активирање и деактивирање на
комуникациските услуги кои се вклучени во тарифниот модел кој го избрал претплатникот, како и утврдување на карактеристиките на претплатничката линија (тандем линија и сл.). Со посебни формулари се регулираат сите дополнителни промени на претплатничката линија како што е опишано во точка 9 од овој член.
Претплатничкиот договор врз основа на кој едно правно лице е носител на повеќе претплатнички линии во пост-пејд системот ќе остане валиден се додека има барем една активна претплатничка линија по основ на тој договор.
9. Менувањето на тарифен модел кој го користи претплатникот, како и дополнителното активирање и деактивирање на комуникациските услуги по негов избор се врши со пополнување и потпишување на формулари и анекси кои се сметаат за составен дел од претплатничкиот договор, и по електронски пат од страна на самиот претплатник, во смисла на член 1.3 точка 2 и член 1.4 точка 2 подолу, за што ќе се зачува електронски запис за извршено активирање и деактивирање на услугите.
Со потпишување на формулар или анекс ќе се регулира и статусот на мирување, пренесување на сопственост и други промени на секоја од претплатничките линии поединечно за правните или физичките лица кои поседуваат повеќе од една претплатничка линија.
10. Промена на тарифен модел по правило може да се врши:
- за пост-пејд претплатници најмногу еднаш во текот на еден календарски месец,
- за при-пејд претплатници најмногу еднаш во текот на 30 дена од денот на последната промена.
За промена на тарифниот модел претплатникот плаќа надоместок објавен во Ценовникот на Македонски Телеком АД - Скопје.
11. Користењето на услугите во јавна мобилна ГСМ комуникациска мрежа на Македонски Телеком АД
- Скопје е можно на територијата на Република Македонија која е покриена со ГСМ сигнал од Македонски Телеком АД - Скопје, како и во други јавни мобилни комуникациски мрежи со кои Македонски Телеком АД
- Скопје има склучено комерцијален роаминг договор:
-доколку претплатникот е корисник на роаминг услугата, и
-доколку релевантниот давател на роаминг услуги ја обезбедува конкретната роаминг услуга.
Кога претплатникот ја користи роаминг услугата, релевантниот давател на роаминг услуги е одговорен за квалитетот и расположливоста на услугите, како и областа на покривање. Исто така релевантниот давател на роаминг услуги во земјата во која се наоѓа претплатникот ќе ги третира неговите лични податоци согласно националното законодавство во областа на личните податоци.
Македонски Телеком АД - Скопје ќе обезбеди благовремена информација за цените на роаминг услугите кои се тарифираат согласно Ценовникот на Македонски Телеком АД - Скопје. Максималното време по кое Македонски Телеком АД - Скопје ќе врши наплата на остварените роаминг услуги е 90 дена од денот на реализација на услугата.
Информации за цените на роаминг услугите кои се тарифираат врз основа на цена определена од релевантниот давател на роаминг услуги, и за кои Македонски Телеком АД - Скопје врши наплата по добивањето на известување од релевантниот давател на роаминг услуги, ќе бидат обезбедени на барање на претплатникот, при што Македонски Телеком АД - Скопје ќе го информира за последната цена која му е официјално доставена во моментот на барање на информацијата. Доколку цената е променета од страна на релевантниот давател на роаминг услуги истата важи од моментот на нејзината промена.
Користењето на јавните комуникациски услуги на Македонски Телеком АД - Скопје кои се обезбедуваат преку јавната фиксната и/или мобилна комуникациска мрежата на Македонски Телеком АД - Скопје е можно на територијата на Република Македонија покриена со јавната фиксната и/или мобилна комуникациска мрежата на Македонски Телеком АД - Скопје.
12. Македонски Телеком АД - Скопје го задржува правото да одбие склучување на претплатнички договор или давање на претплатничка линија на одредено лице, помеѓу другото, поради следните причини:
- доколку не е платен надоместокот за почетно приклучување во предвидениот рок;
- доколку барателот има претходно неподмирен долг спрема Македонски Телеком АД - Скопје ;
- доколку се утврди дека барателот не е платежно способен;
- доколку Претплатникот не уплатил парични средства (депозит) согласно член 1.1 точка 2;
- доколку надлежен државен орган утврдил повреда на одредбите од Законот за електронски комуникации или друг закон или пропис;
- доколку барањето се однесува за фиксни комуникациски услуги, а Македонски Телеком АД - Скопје нема мрежно покривање на бараната адреса;
- доколку барањето се однесува на фиксни комуникациски услуги и АДСЛ Интернет услугата, а на бараната адреса нема мрежно покривање или можност за реализација на АДСЛ Интернет услугата;
- доколку барателот не ги достави документите или исполни условите предвидени во глава 1 член 1.2 точка
2 и 3 од овие Општи Услови;
- доколку Македонски Телеком АД - Скопје не може да ја потврди веродостојноста на некој од документите наведени во претходната точка; или
- доколку постојат ограничувања кои се во врска со капацитетот и техничките можности на Македонски Телеком АД - Скопје.
13. Македонски Телеком АД - Скопје може да го стави барањето за склучување на претплатнички договор во мирување поради немање на техничка можност да се реализира истото. Во овој случај барањето по претходно добиена согласност од барателот ќе биде ставено на листа на чекање во евиденцијата на Македонски Телеком АД - Скопје се до создавање на технички можности, по што истото ќе биде активирано за решавање.
Доколку техничките можности се ограничени, барањата поднесени во услови на елементарни непогоди, виша сила, воена и вонредна состојба, ќе се исполнуваат по следниот редослед на доставени барања од:
- органите на државна управа и единиците на локалната самоуправа;
- Армијата на Република Македонија;
- државни органи, организации, установи и претпријатија и трговски друштва со јавни овластувања;
- медиумите од областа на радиодифузната дејност.
1.3. Дополнителни услуги
1. Претплатникот може да користи и дополнителни услуги (supplementary services), како и да го откаже нивното користење, на начин и под услови утврдени и јавно објавени од страна на Македонски Телеком АД - Скопје.
2. Активирањето и деактивирањето на дополнителните услуги како и промената на тарифниот модел, согласно член 1.2 точка 9 од овие Општи Услови, претплатникот ќе го врши на еден од следните начини, во зависност од видот на услугата:
- со потпишување на соодветен формулар (барање, анекс кон договор);
- со повикување на соодветен телефонски број за таа намена;
- со испраќање на СМС порака на соодветен телефонски број за таа намена;
- преку WAP порталот на Македонски Телеком АД - Скопје или специјалниот дел од веб страната на Македонски Телеком АД - Скопје; или
- на друг начин достапен на претплатникот.
Претплатникот може користењето на одредени дополнителни услуги за кои не се плаќа дополнителна месечна претплата и кои автоматски му се достапни со одбирањето на тарифниот модел кој ќе го користи, да ги откаже на свое барање.
Електронските записи од евиденцијата на Македонски Телеком АД - Скопје за извршено активирање и деактивирање на комуникациските услуги по електронски пат (СМС порака, аудио запис, повикување на телефонски број, веб страна, електронска пошта, електронски потпис и друго) како и администрирање на други податоци за претплатниците се сметаат како составен дел на претплатничкиот договор, и истите ќе бидат чувани од страна на Македонски Телеком АД - Скопје до истекот на важноста на претплатничкиот договор.
3. Надоместокот за користење на дополнителните услуги се фактурира во редовната месечна сметка за користење на мобилни и фиксни комуникациски услуги.
4. Претплатникот се обврзува да ги надоместува сите трошоци за користење на дополнителните услуги, кои ги користи по било кој основ. Во случај на непочитување на обврската за надоместување на трошоците, Македонски Телеком АД - Скопје има право да изврши привремено исклучување на претплатничката линија, согласно член 3.2 од овие Општи Услови.
5. По барањата за вклучување или исклучување на дополнителните услуги Македонски Телеком АД -
Скопје има обврска да постапи во рок од 3 (три) дена од денот на поднесувањето на барањето.
1.4. Услуги со додадена вредност и останати услуги
1. Претплатникот има можност да користи услуги со додадена вредност (value added services) и останати услуги, како и да го откаже нивното користење, на начин и под услови утврдени и јавно објавени од страна на Македонски Телеком АД - Скопје, а во согласност со тарифниот модел кој го користи.
2. Активирањето и деактивирањето на услугите со додадена вредност и останатите услуги претплатникот ќе го врши на еден од следните начини, во зависност од видот на услугата:
- со повикување на соодветен телефонски број за таа намена;
- со испраќање на СМС порака на соодветен телефонски број за таа намена;
- со испраќање на ММС порака на соодветен телефонски број за таа намена;
- преку WAP порталот на Македонски Телеком АД - Скопје или специјалниот дел од веб страната на Македонски Телеком АД - Скопје; или
- на друг начин достапен на претплатникот.
Претплатникот може користењето на одредени услуги со додадена вредност или одредени останати услуги кои автоматски му се достапни, да го откаже на свое барање.
3. Надоместокот за користење на услугите со додадена вредност или останатите услуги се фактурира во редовната месечна сметка за користење на мобилни и фиксни комуникациски услуги.
Електронските записи од евиденцијата на Македонски Телеком АД - Скопје за извршено активирање и деактивирање на комуникациските услуги по електронски пат (СМС порака, аудио запис, повикување на телефонски број, веб страна, електронска пошта, електронски потпис и друго) како и администрирање на други податоци за претплатниците се сметаат како составен дел на претплатничкиот договор, и истите ќе бидат чувани од страна на Македонски Телеком АД - Скопје до истекот на важноста на претплатничкиот договор.
4. Претплатникот се обврзува да ги надоместува сите трошоци за користење на услугите со додадена вредност и за останатите услуги, кои ги користи по било кој основ. Во случај на непочитување на обврската за надоместување на трошоците, Македонски Телеком АД - Скопје има право да изврши привремено исклучување на претплатничката линија, согласно член 3.2 од овие Општи Услови.
5. По барањата за вклучување или исклучување на услугите со додадена вредност или на останатите услуги Македонски Телеком АД - Скопје има обврска да постапи во рок од 3 (три) дена од денот на поднесувањето на барањето при што доколку побара претплатникот Македонски Телеком АД - Скопје ќе му овозможи забрана за појдовни повици кон броевите преку кои се обезбедуваат услугите со додадена вредност.
1.5. Услуга за пренесување на број во мрежата на Т-МОБИЛЕ МК
1. Претплатник на друг оператор може да иницира пренесување на број во мрежата на Македонски Телеком АД - Скопје при што пренесувањето се овозможува за броеви од мобилната комуникациска мрежа на друг оператор само во мобилната комуникациска мрежа на Македонски Телеком АД - Скопје како и од фиксната комуникациска мрежа на друг оператор само во фиксната комуникациска мрежа на Македонски Телеком АД - Скопје. Во случај на пренесување на број во мрежата на Македонски Телеком АД - Скопје барателот поднесува барање за склучување на претплатнички договор со пренесување на број со Македонски Телеком АД - Скопје. За да биде барањето целосно барателот треба да го достави потпишан законски предвидениот формулар кој содржи:
а) негова согласност претплатничкиот договор склучен со претходниот оператор да се раскине;
б) изјава дека ќе ги исполни сите обврски кои произлегуваат од претплатничкиот договор склучен со претходниот оператор заедно со обврските кои произлегуваат поради раскинување на претплатничкиот договор;
в) негова согласност раскинувањето на претплатничкиот договор со претходниот оператор да стапи на сила со моментот на фактичкото пренесување на бројот;
г) негова согласност дека во случај барањето за склучување на претплатнички договор со пренесување на број да не биде одобрено, претплатничкиот договор со претходниот операторот останува во сила;
д) овластување на Македонски Телеком АД - Скопје во негово име и за негова сметка да го проследи барањето за склучување на претплатнички договор со пренесување на број до претходниот операторот, како и да настапува пред претходниот оператор во сите активности поврзани со процедурата за пренесување на број;
ѓ) согласност дека поднесеното барање за пренесување на број нема да биде прекинато од негова страна по започнување на постапката; и
е) негова изречна согласност дека Македонски Телеком АД - Скопје може да ги пренесува неговите податоци на претходниот оператор и до Агенцијата за електронски комуникации.
2. Формуларот на барањето за склучување на претплатнички договор со пренесување на број е јавно објавен и достапен во продажните салони на Македонски Телеком АД - Скопје во форма и содржина уредена со закон. Заради комплетност на барање од овој член, а со цел на реализација на услугата за пренесување на број, барателот треба да ги приложи и документите утврдени во член 1.2 од овие Општи Услови. Доколку барателот не ги приложи сите документи утврдени во член 1.2 од овие Општи Услови во прилог на барањето за склучување на претплатнички договор со пренесување на број, Македонски Телеком АД - Скопје нема да ја започне процедурата за пренесување на број поради непотполност на барањето.
3. Барателот може да поднесе барање за пренесување на еден, повеќе или сите броеви вклучени во претплатничкиот договор со претходниот оператор.
4. При поднесувањето на барањето за склучување на претплатнички договор со пренесување на број кај Македонски Телеком АД - Скопје претплатникот истовремено склучува и претплатнички договор со Македонски Телеком АД - Скопје. Овој договор ќе стапи на сила во моментот на фактичкото пренесување на бројот во мрежата на Македонски Телеком АД - Скопје. Во случај на одбивање на барањето од страна на претходниот оператор, овој претплатнички договор нема да предизвика никакви правни дејствија и истиот ќе се смета за неважечки.
5. Рокот за процесирање на барање за пренесување на број -нема да биде подолг од 24 (дваесет и четири) часа доколку барањето е поднесено во работен ден и по тој ден исто така следува работен, доколку барањето е целосно и доколку е прифатено од операторот од чија мрежа се пренесува бројот. Доколку по денот на поднесување на барањето следува неработен ден/денови, рокот од 24 часа продолжува да тече по почеток на првиот следен работен ден. Доколку постојат причини за одбивање на барањето од страна на операторот од чија мрежа се пренесува бројот, по отстранувањето на причините за одбивањето, барателот поднесува ново барање за склучување на претплатнички договор со пренесување на број.
6. Доколку барањето за пренесување на број во мрежата на Македонски Телеком АД - Скопје е целосно и истото е одобрено, претходно склучениот договор ќе стапи на сила за што Македонски Телеком АД - Скопје ќе го извести претплатникот.
7. Македонски Телеком АД - Скопје ќе го извести барателот за причината поради која неговото барање за пренесување на број не е одобрено.
8. Рокот за пренесување на број во мрежата на Македонски Телеком АД - Скопје ќе биде 2 (два) работни дена од денот на трансакцијата на запис во Централната база на податоци со пренесени броеви (ЦБП) за чие одржување е одговорна Агенцијата за електронски комуникации, врз основа на претходно склучен договор со Македонски Телеком АД - Скопје. Овој рок може да се пролонгира во случај на грешка при записот во ЦБП и/или во случај на барање за пренесување на повеќе од 1000 броеви на еден претплатник.
2. ПРАВА И ОБВРСКИ НА Т-МОБИЛЕ МК
1. Македонски Телеком АД - Скопје има обврска да обезбеди квалитет на јавните комуникациски услуги, на ниво определено со Законот за електронски комуникации и останатите валидни законски акти. Листата со параметрите за квалитет на услугите на Македонски Телеком АД - Скопје се јавно објавени на официјалната веб страна на операторот (Параметри за квалитет на Т-МОБИЛЕ МК). Во секој случај, Македонски Телеком АД - Скопје нема да биде одговорен за нивото на квалитет доколку истото е нарушено од страна на друг оператор кој учествува во обезбедување на услугата (интерконекциски партнери, роаминг партнери, и сл.).
Македонски Телеком АД - Скопје има обврска да обезбеди одржување на мрежата и опремата на начин кој овозможува непрекинато обезбедување на услуги и да отстрани било какви пречки на мрежата и опремата во рамките на техничките можности, во најкраток можен рок.
2. Македонски Телеком АД - Скопје ќе обезбеди специјализиран Контакт Центар во рамките на Секторот за кориснички услуги со 24 часовно работно време, каде претплатниците ќе може да се обратат за информации во врска со видот и начинот на користење на услугите кои ги обезбедува Македонски Телеком АД - Скопје. Бројот за пристап до оваа служба е јавно објавен и повикот кон овој број се наплаќа по повластена тарифа.
3. Македонски Телеком АД - Скопје обезбедува бесплатен пристап до броевите на службите за итни повици.
4. Кога претплатникот ја користи роаминг услугата, Македонски Телеком АД - Скопје не е одговорен за квалитетот на услугата, областа на покривање и расположливоста на услугите на релевантниот давател на роаминг услуга.
5. Македонски Телеком АД - Скопје нема да биде одговорен за штетите кои ќе настанат како последица на домашни или странски прописи (акт на јавната власт), одбивање или одложување на доделувањето на официјална лиценца, технички причини вон контрола на Македонски Телеком АД - Скопје, ситуации на виша сила или други настани и причини надвор од влијанието на Македонски Телеком АД - Скопје.
6. Македонски Телеком АД - Скопје нема да биде одговорен за штетите настанати како резултат на отповикување или измена на правото на Македонски Телеком АД - Скопје за обезбедување јавни комуникациски услуги. Во таков случај претплатничките договори автоматски ќе бидат раскинати.
7. Македонски Телеком АД - Скопје има обврска да ги испраќа месечните сметки за користење на претплатничката линија на претплатниците најдоцна 15 дена по истекот на месецот. Сметките ќе бидат издадени на име на претплатникот и испратени на негова поштенска адреса, односно на адресата на која самиот претплатник барал да се доставува или ќе му биде достапна на порталот Мој Телеком.
8. Македонски Телеком АД - Скопје има обврска да врати парични средства на претплатниците само во следните случаи:
а) доколку при засновањето на претплатничкиот однос, барателот изврши уплата на надоместокот за почетно приклучување, а потоа се откаже од намерата за засновање на претплатнички однос во периодот до активирање на претплатничката линија кога склучува договор за мобилни комуникациски услуги или доколку Македонски Телеком АД Скопје нема техничка можност за доделување на претплатничка линија кога склучува договор за фиксни комуникациски услуги. Во овие случаи враќањето на паричните средства се врши во целост;
б) во случај на привремен прекин на претплатничката линија од сообраќај поради пречки на линијата или мрежата, Македонски Телеком АД - Скопје ќе ги врати паричните средства во делот на претплатата и надоместоците за користење на дополнителни услуги (доколку претплатникот ги има намирено своите долгови) за износ пропорционален на деновите кога линија не била во функција, доколку прекинот трае подолго од 48 часа на целата територија на РМ покриена со мрежата на Македонски Телеком АД - Скопје, а по основано барање на претплатникот. Износот ќе биде одбиен во наредната сметка;
в) во други случаи на основан приговор од страна на претплатникот за утврдена неточна обработка на податоци што доведува до зголемување на износот за користени комуникациски услуги, во висина на погрешното задолжување со засметана казнена камата, доколку претплатникот ги има намирено сите претходни доспеани долгови кон Македонски Телеком АД - Скопје; или
г) во случај на престанок на обезбедувањето на јавната комуникациска услуга, кое не е по вина на претплатникот или во случај кога претплатникот го откажува натамошното користење на комуникациската услуга, Македонски Телеком АД - Скопје ќе изврши враќање на остатокот од паричните средства што биле депонирани однапред како аванс, месечната претплата, надоместокот за користење на дополнителни услуги, како и на непотрошениот износ на кредитот од вредносната картичка (ваучер) во при-пејд системот, доколку претплатникот го побара тоа, по претходно подмирување на вкупниот долг на претплатникот.
9. Македонски Телеком АД - Скопје има обврска да го ослободи претплатникот од плаќање на дел од месечната претплата и надоместоците за користење на дополнителни услуги во случај на привремен
прекин на пристапот и/или обезбедувањето на јавните комуникациски услуги кој настанал не по вина на претплатникот, за износ пропорционален на времетраењето на прекинот;
10. Македонски Телеком АД - Скопје има обврска писмено да го извести претплатникот во случај на повреда на одредбите од претплатничкиот договор при што во зависност од големината и значењето на сторената повреда ќе му даде разумен рок за исполнување на договорените обврски. Ваквата обврска не важи во случаи кога претплатникот:
- предизвикува моментална и сериозна закана по јавниот ред, јавната безбедност, здравјето на луѓето и животната средина, или
- предизвикува голема материјална или оперативна штета.
11. Македонски Телеком АД - Скопје редовно и на соодветен начин ќе ги информира своите претплатници за покриеност на територијата на Република Македонија со мобилната мрежа, релевантните даватели на роаминг услуга, воведување на нови услуги, промени во тарифите, услугите, како и други промени кои се од интерес за претплатниците.
12. Македонски Телеком АД - Скопје има право да ги обработува личните податоци и податоците за сообраќај на претплатниците врз основа на претходно добиена согласност од претплатникот, со цел да им овозможи персонализирани понуди за своите производи и услуги, базирани на начинот и обемот на користење на услугите на Македонски Телеком АД - Скопје. Врз основа на вака обезбедената согласност Македонски Телеком АД - Скопје има право да ги контактира своите претплатници со сите достапни средства за комуникација, со праќање на писмени известувања, факс, електронска пошта, СМС, ММС или по пат на директен телефонски контакт. Притоа, Македонски Телеком АД - Скопје ќе им овозможи на своите претплатници во секое време, бесплатно и со користење на едноставни средства да ја повлечат или ограничат согласноста за обработка на податоците.
13. Македонски Телеком АД - Скопје има право да одлучува по однос на барањето на негов претплатник за пренесување број од мрежата на Македонски Телеком АД - Скопје во мрежата на друг оператор, под услови дефинирани во член 1.5 од овие Општи Услови, или во сопствената мрежа од при-пејд во пост-пејд тарифен модел и да го одбие доколку:
(а) барањето се однесува на број што не постои; (б) барањето е поднесено од неовластено лице;
(в) барањето е некомплетно, согласно образецот за барање на пренесување на број и условите дадени во член 1.2;
(г) бараниот број веќе е во постапка за пренесување, односно веќе е поднесено барање за пренесување на истиот број;
(д) бараниот број веќе е во статус на мирување;
(ѓ) претплатникот ја нема платено претпоследната редовна месечна сметка, односно сметката која има датум на доспевање во претходниот месец, од месецот кога е поднесено барањето за пренесување на број, освен кога претплатникот има поднесено приговор за истата, во законски предвидениот рок.
14. Македонски Телеком АД - Скопје писмено ќе одговори на приговор на претплатникот во рок од 15 дена од денот на приемот на приговорот на начин на кој било побарано од претплатникот во неговиот приговор.
Доколку претплатник на Македонски Телеком АД - Скопје поднесе приговор до Македонски Телеком АД - Скопје во врска со висината на сметката или квалитетот на обезбедената услуга со додадена вредност, Македонски Телеком АД - Скопје треба да направи проверка на приговорот и истиот да го проследи до давателот на услуги со додадена вредност во рок од 5 (пет) дена од денот на приемот на приговорот од претплатникот. Заедно со приговорот Македонски Телеком АД - Скопје ќе му ги достави на давателот на услуги со додадена вредност името, презимето и адресата на претплатникот, како и проверените податоци за спорната сметка или квалитет на услугата со додадена вредност. Давателот на услуги со додадена вредност треба да одговори по приговорот во рок од 10 (десет) дена од денот на приемот на истиот, по што Македонски Телеком АД - Скопје писмено ќе му одговори на претплатникот во рокот даден во став еден на овој член.
Македонски Телеком АД - Скопје нема да го ограничи пристапот до неговите услуги и/или да го исклучи претплатникот и нема да го раскине претплатничкиот договор, доколку претплатникот поднесе писмен приговор во врска со износот на сметката, се до донесувањето на конечна одлука. При поднесување на
приговор за сметката Претплатникот е должен да го прати износот на месечната претплата, при што долгот по основ на користените услуги од сметката за која е поднесен приговорот, ќе го плати веднаш по решавањето на приговорот.
15. Македонски Телеком АД - Скопје ќе им обезбеди на претплатниците детална сметка заради контрола на наплатениот износ за услугите како и детален преглед на реализиран сообраќај на нивно барање за најмногу 6 месеци наназад сметано од денот на приемот на барањето.
16. Македонски Телеком АД - Скопје им обезбедува на своите претплатници начин преку кој тие, по нивно барање, ќе можат да добијат информација за искористеноста или надминувањето на одредени поволности кои ги користеле согласно избраниот тарифен модел во текот на еден месец, како информација за тоа дека по нивното искористување или надминување ќе започне со променетиот модел и начин на тарифирање.
17. Македонски Телеком АД - Скопје ќе ги преземе сите потребни технички и организациони мерки за заштита на доверливоста на податоците за претплатниците и услугите согласно одредбите од Законот за електронски комуникации и други релевантни прописи.
Македонски Телеком АД - Скопје ги соопштува името, презимето и претплатнички број на претплатникот како дел од услугата за евиденција на телефонските претплатници на операторот. Менувањето на податоци за претплатникот се врши само со писмено барање на претплатникот, со пополнување соодветен образец. Претплатникот исто така може да бара користење или откажување на одредени дополнителни услуги, услуги со додадена вредност и останати услуги со идентификување со лозинка.
Од правилото во став 2 од овој член може да се отстапи само во случај на издавање на судска одлука или наредба за издавање на одредени податоци од страна на надлежен државен орган, на законски утврден начин.
Македонски Телеком АД - Скопје не ја сноси одговорноста за повредата на доверливоста на податоците и за последиците од тоа, доколку повредата настанала без вина на Т-МОБИЛЕ МК.
Во случаите на користење на услугите на оператор на јавна мобилна комуникациска мрежа во друга држава, заштитата на доверливоста на податоците за претплатниците кои му се достапни на странскиот оператор подлежи на законската регулатива на соодветната држава.
18. Македонски Телеком АД - Скопје е должен да ги чува, обработува, објавува, користи или разменува личните податоци и податоците за сообраќај на претплатникот, заради исполнување на целите на претплатничкиот договор во согласност со Законот за електронски комуникации и друг соодветен закон или пропис.
19. Македонски Телеком АД - Скопје е обврзан да превземе разумни технички мерки со кои ќе се заштити целокупната опрема вградена во мрежата од преднапони, атмосферски празнења, кражба, виша сила и слично.
20. Македонски Телеком АД - Скопје има право да ги промени техничките карактеристики на мрежата и услугите вклучувајќи и промени на повикувачкиот број на претплатникот, со цел да се обезбеди подобар квалитет и можност за користење на нови услуги. За промената Македонски Телеком АД - Скопје претходно писмено или преку средствата за јавно информирање ќе го извести претплатникот. Известувањето се испраќа најмалку 15 дена пред денот на промената.
Стариот повикувачки број за период од минимум 3 (три) месеци од денот на деактивирање на претплатничкиот број не му се доделува на нов претплатник.
21. Македонски Телеком АД - Скопје ќе им обезбеди на претплатниците на јавните фиксни комуникациски услуги преселување на претплатничка линија на друга адреса во рамките на покриеноста на 3Г јавната комуникациска мрежа на Т-Мобиле МК, како и во рамките на покриеноста на јавната комуникациска мрежа на Македонски Телеком АД за фиксните комуникациски услуги и АДСЛ Интернет услугата обезбедени преку неа, по поднесено барање за таа цел до Т-Мобиле МК. Ваквото пренесување е возможно само доколку претплатникот однапред го уплати надоместокот за преселување и доколку нема неподмирени сметки за бројот за кој бара пренесување.
Пренесувањето на бројот може да биде во истото или во друго нумерациско подрачје на Т-Мобиле МК во рамките на покриеноста на 3Г јавната комуникациска мрежа на Т-Мобиле МК. Пренсувањето ќе биде реализирано во најкус можен рок од денот на поднесувањето на барањето за оваа цел.За преселување на
претплатничката линија во фиксните комуникациски услуги на Македонски Телеком АД - Скопје, претплатникот плаќа надомест за преселување утврден во Ценовникот на Македонски Телеком АД - Скопје.
22. Македонски Телеком АД - Скопје не одговара за содржината на комуникациите кои се пренесуваат преку неговата мрежа од страна на неговите претплатници и други корисници.
3. ПРАВА И ОБВРСКИ НА ПРЕТПЛАТНИКОТ
3.1 Плаќање на услугите
1. Претплатникот плаќа надоместок за пристап и користење на јавната комуникациска мрежа и услугите на Македонски Телеком АД - Скопје во рокот наведен во сметката, во согласност со цените и тарифите утврдени во Ценовникот на Македонски Телеком АД - Скопје.
Непримањето или непоседувањето на сметката од која и да било причина, не го ослободува претплатникот од обврската да го плати долгот во предвидениот рок. Претплатникот е должен во случај на недобивање на месечна сметка за користени услуги да се информира во специјализираните служби во рамките на Секторот за кориснички услуги и Секторот за продажба и да побара изготвување на истата.
Плаќањето ќе се смета дека е извршено од датумот на кој сумите се уплатени на сметката на Македонски Телеком АД - Скопје.
2. Фактурирањето на месечниот надоместок (претплата) и на дополнителни услуги, се врши однапред за секој месец за тарифните модели за кои тоа е применливо, согласно Ценовникот на Македонски Телеком АД - Скопје. За остварениот обем на реализиран сообраќај за основните и дополнителните услуги што ги користи претплатникот, истиот плаќа надоместок утврден во Ценовникот на Македонски Телеком АД - Скопје.
3. Доколку претплатникот е незадоволен со сметката или со друга одлука на Т-МОБИЛЕ МК, може да поднесе приговор во рок од 30 дена од денот на издавањето на сметката или одлуката до Службата за приговори на Македонски Телеком АД - Скопје со поштенска адреса на „Кеј 13-ти Ноември“ број 6, 1000 Скопје, на електронската адреса: xxxxxxx@x-xxxxxx.xx, на бројот 122 на Контакт центарот на Македонски Телеком АД - Скопје или во било кое од официјалните продажни места на Македонски Телеком АД - Скопје. Приговорот доставен по истекот на овој рок се смета за неблаговремен.
При поднесување на приговор за сметката претплатникот е должен да го прати износот на месечната претплата, при што долгот по основ на користените услуги од сметката за која е поднесен приговорот, ќе го плати веднаш по решавањето на приговорот.
Ако претплатникот е незадоволен од одговорот на приговор, има право во рок од 15 дена од денот на издавањето на одговорот да побара заштита на своето право пред Агенцијата за електронски комуникации. Доколку Македонски Телеком АД - Скопје не постапи по приговорот, претплатникот има право во рок од 35 дена од денот на поднесувањето на приговорот да побара заштита на своето право пред Агенцијата за електронски комуникации.
4. На барање на Македонски Телеком АД - Скопје, Претплатникот треба да депонира паричен износ на средства како бескаматен депозит, при склучување на претплатнички договор со претплатник кој не е државјанин на Република Македонија или со претплатник кој нема соодветен доказ за платежна способност или при склучување на договор со кој Македонски Телеком АД - Скопје му овозможува на Претплатникот набавка на телефонски апарати и/или опрема по цени поповолни од редовните продажни цени.
5. Во случај кога при користење на претплатничката линија Претплатникот има невообичаено зголемен обем на сообраќај во кус временски период, Македонски Телеком АД - Скопје има право веднаш да бара плаќање на потрошениот износ, како и право привремено да ја исклучи линијата за појдовни повици и користење на роаминг услугата, доколку износот не биде платен. Во ваков случај Македонски Телеком АД - Скопје има право да го извести претплатникот за тоа по телефон, со СМС порака или на друг начин по електронски пат и веднаш да бара плаќање на потрошениот износ од страна на претплатникот, со право да ги ограничи неговите услуги, или привремено да ја исклучи линијата доколку износот не биде платен или постојано е одложувано неговото плаќање.
6. Македонски Телеком АД - Скопје може да воспостави систем за плаќање однапред за користење на комуникациските услуги преку вредносни картички - ваучери (при-пејд систем).
7. Претплатникот има право на пристап до услугата за евиденција на телефонските претплатници во мрежата на Македонски Телеком АД - Скопје.
Претплатникот има право, по претходно доставено барање до Македонски Телеком АД - Скопје, да побара неговите податоци во иднина да не бидат достапни до јавноста во службата за евиденција на телефонски претплатници и во телефонскиот именик.
8. Претплатникот има право во секое време писмено или по електронски пат да побара дополнителни информации во врска со податоците кои за него Македонски Телеком АД - Скопје ги чува, обработува или користи согласно законските прописи во оваа област. Претплатникот исто така може во секое време бесплатно и со користење на едноставни средства, да ја повлече или ограничи претходно дадената согласност за обработка на неговите лични податоци и податоците за сообраќај заради маркетинг на производи и услуги на Македонски Телеком АД - Скопје.
Претплатникот има обврска на барање на Македонски Телеком АД - Скопје да ги достави податоците дефинирани во Законот за електронските комуникации, заради евиденција на претплатниците на операторот при што Претплатникот е одговорен за точноста на доставените податоци и веродостојност на приложените документи.
9. Претплатникот на пост-пејд услугите на Македонски Телеком АД - Скопје има право да бара привремено исклучување на претплатничката линија (мирување) најмногу еднаш во текот на една календарска година и тоа за период кој нема да биде подолг од 6 месеци.
10. Претплатникот на фиксни комуникациски услуги и АДСЛ Интернет услугата на Македонски Телеком АД - Скопје, како и корисниците на тарифните модели кои ги опфаќаат овие услуги имаат право да бараат привремено исклучување на претплатничката линија (мирување) најмногу еднаш во текот на една календарска година и тоа за период кој нема да биде подолг од 3 (три) месеци.
11. Претплатникот има право да бара промена на претплатничкиот број со поднесување на писмено барање на посебно пропишан образец, доколку за тоа постојат технички можности, за што Македонски Телеком АД – Скопје може да наплати соодветен надоместок согласно својот Ценовник.
12. Претплатникот има право на тест период од најмногу седум дена пред склучување на претплатничкиот договор за користење на јавна комуникациска услуга за пренос на податоци преку мобилната комуникациска мрежа на Македонски Телеком АД - Скопје (мобилен интернет). Доколку претплатникот не е задоволен од квалитетот на услугата може да го раскине претплатничкиот договор со Т- МОБИЛЕ МК, при што треба да го плати трошокот за остварениот сообраќај реализиран во тест периодот и да ја врати терминалната опрема (data stick) доделена од Македонски Телеком АД - Скопје.
13. Претплатникот има право да го задржи својот претплатнички број или да го пренесе правото на користење на бројот на друго правно или физичко лице, кое ги исполнува потребните услови за засновање на претплатнички однос по претходно целосно намирување на сите обврски за реализираните комуникациски услуги кон Македонски Телеком АД - Скопје, при што може да направи избор на било кој тарифен модел од важечките понуди на Македонски Телеком АД - Скопје.
14. Претплатникот има право да го овласти Македонски Телеком АД - Скопје во негово име да го раскине претплатничкиот договор со операторот којшто дотогаш му ги обезбедувал услугите, при што претплатникот треба да биде информиран за датумот и времето на прекинот на услугите што се меѓусебно договорени од страна на операторите, а операторот кој што дотогаш му ги обезбедувал услугите треба да ги исклучи услугите на датумот кој е договорен со Македонски Телеком АД - Скопје.
3.2. Ненавремено плаќање на издадените сметки (фактури)
1. Во случај на ненавремено плаќање, Македонски Телеком АД - Скопје има право да пресмета законска казнена камата од првиот ден по истекот на рокот за плаќање утврден во сметката.
2. Доколку претплатникот не ја плати сметката за користење на услугите во рокот определен за плаќање, по претходно писмено известување, Македонски Телеком АД - Скопје има право:
- да го ограничи пристапот до неговите основни и/или дополнителни услуги, до услуги со посебна цена на чинење и останати услуги, освен пристапот и користењето на броевите на службите за итни повици, и/или
- да го исклучи претплатникот и да го раскине претплатничкиот договор на начин и постапка утврдени во истиот.
Додека е исклучена линијата во еден правец, само за појдовни повици, месечната претплата продолжува да тече. Во случај на ненавремено плаќање Македонски Телеком АД - Скопје има право да ги исклучи и другите претплатнички линии вклучени во истиот претплатнички договор, дури и ако сметките за нив претплатникот ги платил на време.
3. Повторното вклучување на претплатничката линија по плаќањето на целокупниот долг се врши во рок од 1 работен ден по прокнижување на уплатата на сметката на Македонски Телеком АД - Скопје или по доставување на доказ за извршеното плаќање на целиот долг од страна на претплатникот на соодветниот телефонски број објавен од Македонски Телеком АД - Скопје.
4. При повторното приклучување по намирувањето на долгот, претплатникот е должен да го плати надоместот за повторно приклучување на претплатничката линија која била привремено исклучена поради неплаќање, во согласност со Ценовникот на Македонски Телеком АД - Скопје, ако долгот поради кој било извршено исклучувањето претплатникот го платил 3 дена после исклучувањето, вклучувајќи го и денот на исклучувањето.
Доколку претплатничката линија е исклучена по прв пат, а плаќањето е извршено пред рокот предвиден за суспендирање на линијата, вклучувањето се врши без надомест за повторно приклучување.
5. Доколку претплатникот не ја плати сметката за користење на услугите во рокот за плаќање определен во неа, Македонски Телеком АД - Скопје по претходно известување до претплатникот да го подмири својот долг во разумен период, има право привремено да ја исклучи линијата за појдовни повици, до целосно плаќање на долгот од страна на претплатникот. За време на прекинот на услугите во една насока, месечната претплата продолжува да тече.
Доколку претплатникот не го плати долгот ниту во рок од 30 дена од денот на привременото исклучување на линијата за појдовни повици, линијата ќе биде суспендирана, од кој момент Македонски Телеком АД - Скопје нема да фактурира месечна претплата.
6. Доколку претплатникот не го плати долгот ни во рок од 3 (три) месеци од денот на привремено исклучување на линијата, Македонски Телеком АД - Скопје има право да го раскине претплатничкиот договор.
7. Доколку претплатникот не го плати доспеаниот долг доброволно, Македонски Телеком АД - Скопје има право да ги превземе сите законски мерки за посредна или непосредна наплата на долгот како и за поведување на судска постапка за присилно наплатување на долгот.
3.3. Права и обврски на претплатникот при пренесување на број во и од мрежата на Т-МОБИЛЕ МК
1. Претплатник на Македонски Телеком АД - Скопје може да користи услуга за пренесување на број само ако ги исполнува условите за истата, врз основа на претходно поднесено барање за преносливост на претплатнички број, под услови дефинирани во член 1.5 од овие Општи Услови, при што одобрувањето на барањето ќе се врши согласно одредбите од глава 2 член 12 од овие Општи Услови.
2. При пренесување на број од мрежата на Македонски Телеком АД - Скопје претплатникот е обврзан да ги подмири сите обврски за раскинување на претплатничкиот договор со Македонски Телеком АД - Скопје. При започнување на постапка за пренесување на број од мрежата на Македонски Телеком АД - Скопје, ќе се обезбеди континуитет на услугите се до започнувањето на временската рамка за предавање на бројот на друг оператор.
3. Претплатникот кој го пренесува својот број од мрежата на Македонски Телеком АД - Скопје треба да му плати на Македонски Телеком АД - Скопје надомест за пренесување на број согласно Ценовникот на Т-МОБИЛЕ МК.
4. Претплатникот може повторно да го пренесе пренесениот број на било кој друг оператор.
5. Претплатникот има право да иницира пренесување или повторно пренесување на претплатничкиот број, по истекот на 30 дена од денот на започнувањето на услугата по претходното пренесување.
6. Претплатникот на јавни мобилни комуникациски услуги има право да иницира пренесување на претплатнички број/линија од при-пејд во пост-пејд тарифен модел на Македонски Телеком АД - Скопје со поднесување на соодветно барање за тоа издадено од Македонски Телеком АД - Скопје при што одобрувањето на барањето ќе се врши согласно одредбите од глава 2 член 12 од овие Општи Услови.
3.4. Други обврски на претплатникот
1. Претплатникот е должен:
a) да ги користи комуникациските услуги за сопствени потреби, согласно нивната намена и согласно условите на Политката за фер користење на Македонски Телеком АД - Скопје, да не вознемирува други претплатници, да не дава комуникациски услуги на други лица и да не ги користи претплатничките линии за цели спротивни на Законот за електронските комуникации и друг закон или пропис, како и на условите содржани во претплатничкиот договор;
б) да не дозволува претплатничката линија да се користи за вознемирувачки повици или за лажни повици; в) да не превзема било какви активности кои би го нарушиле интегритетот или би и нанеле штета на јавната комуникациска мрежа;
г) да не ги открива неговите кодирани податоци за идентификација (ПИН и ПУК броеви, СИМ броеви, корисничко име, лозинка и сл.) на трети лица. За штетите настанати поради откривање на овие податоци по негова вина, претплатникот е лично одговорен;
д) да го почитува секое упатство и соопштение на Македонски Телеком АД - Скопје во поглед на користењето на услугите и опремата, заради добивање на квалитетна услуга;
ѓ) да ја чува СИМ картичката и комуникациските средства кои овозможуваат приклучување на јавната комуникациска мрежа од оштетување;
е) на барање на Македонски Телеком АД - Скопје да ја врати СИМ картичката и комуникациските средства кои овозможуваат приклучување на јавната комуникациска мрежа заради замена, контрола, при раскинување на претплатничкиот договор, како и при пренесување на претплатничката линија на друг носител;
ж) на барање на Македонски Телеком АД - Скопје, да дозволи преглед и контрола на исправноста на телефонскиот апарат и останатата терминална опрема која ја користи
з) да не приклучува на јавната телефонска мрежа терминална опрема која не е во согласност со условите пропишани со прописите со кој се уредува радио и телекомуникациската терминална опрема и/или со Планот за намена на радио - фреквенциските опсези во Република Македонија.
4. ОГРАНИЧУВАЊЕ ИЛИ ПРЕКИН НА ПРИСТАП
1. Македонски Телеком АД - Скопје може без согласност на претплатниците привремено да го ограничи или прекине пристапот кон јавните комуникациски услуги во следните случаи:
а) доколку претплатникот не ја плати сметката за користење на услугите во рокот за плаќање определен во сметката, до целосно плаќање на истата;
б) доколку претплатникот ја користи претплатничката линија и соодветните комуникациски услуги за давање на комуникациски услуги на други корисници со одреден надомест, а без склучен соодветен договор со Македонски Телеком АД - Скопје;
в) доколку утврди или доколку постои сомнеж дека претплатникот на незаконски начин се стекнал со претплатничката линија;
г) доколку тоа е потребно заради реконструкција, модернизација, одржување или во случај на технички пречки или недостатоци на мрежата, до завршување на работите или отстранување на пречките;
д) ако се утврдат технички пречки или недостатоци на претплатничката терминална опрема или инсталации, до отстранување на овие пречки, односно недостатоци;
ѓ) ако претплатникот не дозволи преглед на исправноста на неговата терминална опрема или инсталации, до извршување на прегледот;
е) ако претплатникот приклучи не одобрена терминална опрема, до замена на истата одобрена од страна на Агенцијата;
ж) доколку јавната комуникациска услуга се користи или е наменета да се користи за цел спротивна на Законот за електронските комуникации, прописите донесени врз основа на него или друг закон или пропис, констатирана од страна на надлежен орган;
з) доколку јавната комуникациска услуга се користи или е наменета да се користи за цел спротивна на условите од претплатничкиот договор;
s) доколку јавната комуникациска услуга се користи спротивно на одредбите на Политиката за фер
користење на Македонски Телеком АД - Скопје.
2. За време на привременото исклучување во случаите наведени во овој член, претплатникот е и понатаму одговорен за плаќање на месечната претплата.
3. Македонски Телеком АД - Скопје со СМС порака, по електронски пат, писмено или преку медиумите во случаите на
привремено ограничување или прекин на пристапот кон комуникациските услуги утврдени во член 1 алинеи г) и д) од оваа глава кои траат подолго од 30 минути ги известува претплатниците и Агенцијата за електронски комуникации најмалку 48 часа пред планираното ограничување или прекин на пристапот, како и не подолго од 48 часа по прекинот кај ограничувањата или прекините предизвикани од технички пречки или недостатоци на мрежата.
4. За време на привременото прекинување на услугата во случаите утврдени во член 1 алинеи г) и д) од оваа глава со времетраење подолго од 48 часа на целата територија на РМ покриена со мрежата на Македонски Телеком АД - Скопје, месечната претплата и надоместоците за дополнителните услуги се намалуваат за износ пропорционален со времетраењето на прекинот.
5. Во случај на планирани технички работи и работни зафати, а што се однесуваат на интервенција во мрежата и опремата подолги од 30 минути, Македонски Телеком АД - Скопје навремено ќе прати информација до претплатниците и Агенцијата за причините за исклучувањето, времето на исклучување и повторното вклучување.
5. ИСКЛУЧУВАЊЕ НА ПРЕТПЛАТНИК
1. Македонски Телеком АД - Скопје може да го ограничи пристапот до неговите услуги и/или да го исклучи претплатникот од комуникациската мрежа само во случај кога претплатникот не ги исполнил своите обврски или не постапил според условите наведени во претплатничкиот договор.
2. Во случај на повреда на одредбите од претплатничкиот договор, Македонски Телеком АД - Скопје писмено ќе го извести претплатникот дека е должен да ги исполни договорните обврски, во рок наведен во писменото известување.
3. Македонски Телеком АД - Скопје не е должен однапред писмено да го извести претплатникот за исклучувањето, доколку се:
а) предизвикува моментална и сериозна закана по јавниот ред, јавната безбедност, здравјето на луѓето и животната средина или
б) предизвикува голема материјална или оперативна штета.
4. Доколку е технички можно, Македонски Телеком АД - Скопје има право да го ограничи пристапот само до оние услуги во однос на кои претплатникот не постапил според условите наведени во претплатничкиот договор, освен во случаи на злоупотреба констатирана од страна на надлежен државен орган или континуирано доцнење со плаќањето, односно неплаќање на сметките, кога на претплатникот ќе му биде ограничен пристапот до сите услуги.
6. ИЗГУБЕНА ИЛИ УКРАДЕНА СИМ КАРТИЧКА
1. Во случај на губење, кражба или делумно оштетување или целосно уништување на СИМ картичката, или ако има основано сомневање дека неговиот личен кодиран број го дознале трети лица, претплатникот е должен веднаш да го информира Македонски Телеком АД - Скопје со цел привремено да ја исклучи претплатничката линија во појдoвна и/или дојдовна насока.
2. По приемот на известувањето, Македонски Телеком АД - Скопје ќе изврши исклучување на претплатничката линија во појдовна и/или дојдовна насока. Во секој случај, претплатникот е лично одговорен за сите повици и услуги извршени преку претплатничката линија се до доставувањето на известувањето во Македонски Телеком АД - Скопје.
3. Во случај на исклучување на претплатничката линија согласно член 2 од оваа глава, претплатникот и понатаму е одговорен за плаќање на месечната претплата и за исполнување на останатите обврски од претплатничкиот договор. Ваквата обврска престанува за претплатникот по истекот на 30 дена од денот кога изгубената или украдената СИМ картичка била исклучена (деактивирана) од надлежните служби во
Македонски Телеком АД - Скопје, под услов, претплатникот во тој временски период да не побара замена на таквата СИМ картичка. Доколку претплатникот не побара замена на изгубената или украдена СИМ картичка, по истекот на наведениот рок од 30 дена Македонски Телеком АД - Скопје има право да го раскине претплатничкиот договор при што истиот ќе се смета за раскинат по вина на претплатникот.
4. Претплатникот ги надоместува трошоците за замената на СИМ картичката и за нејзиното повторно поврзување во мрежата во согласност со Ценовникот на Македонски Телеком АД - Скопје.
7. ПРЕНЕСУВАЊЕ НА ПРАВОТО НА КОРИСТЕЊЕ НА ПРЕТПЛАТНИЧКА ЛИНИЈА
1. Претплатникот може да го пренесе правото на користење на претплатничката линија на друг претплатник што сам ќе го одреди, доколку тоа лице ги исполнува условите за добивање на претплатничка линија и ја достави предвидената документација во член 1.2. точка 2 и 3 како и доколку е тоа возможно кај фиксни комуникациски услуги согласно покриеност со јавната фиксна комуникациска мрежа на Македонски Телеком АД за услугите обезбедени преку истата на територијата на Република Македонија.
2. Претплатникот е должен да ги намири сите дотогаш издадени месечни сметки за користење на претплатничката линија.
3. Претплатникот треба да уплати надомест за пренесување на правото на користење во износ утврден со Ценовникот на Македонски Телеком АД - Скопје.
Надоместокот не се плаќа само во следните случаи:
а) пренесување на правото на брачен другар или на членови на потесното семејство (родител, дете); б) пренесување на правото во случај на смрт на претплатникот;
в) пренесување на правото во случај на престанок на правното лице - претплатник (ликвидација или стечај), г) пренесување на правото при статусни промени во правното лице (поделба, спојување, припојување) и
д) пренесување на правото од правно на физичко лице или обратно кога физичкото лице е основач или содружник во правното лице.
4. Пренесување на правото на користење се врши со склучување на анекс кон претплатничкиот договор, кој се склучува помеѓу Т-МОБИЛЕ МК, претплатникот и претплатникот-сукцесор во кој се наведени и сите други обврски кои ги превзема претплатникот-сукцесор (заостанат долг, договори за лојалност, тандем линии и сл.). Кон склучениот анекс се приложува и примерок од важечкиот стандарден претплатнички договор на Македонски Телеком АД - Скопје чии одредби ќе се применуваат врз претплатникот-сукцесор.
Во случај на пренесување на правото на користење на претплатничката линија поради смрт на претплатникот, анексот кон договорот се заменува со писмено барање на наследникот во чие владение е СИМ картичката за преземање на претплатничката линија со приложување на извод од матичната книга на умрените. Во таков случај, претплатникот-сукцесор мора да потпише согласност со сите обврски кои ги превзема (заостанат долг, договори за лојалност, тандем линии и сл.) Кон потпишаната согласност се приложува и примерок од важечкиот стандарден претплатнички договор на Македонски Телеком АД - Скопје чии одредби ќе се применуваат врз претплатникот-сукцесор.
Пред потпишувањето на анексот односно согласноста, сите неплатени месечни сметки за користењето на услугите, како и трошоците направени во тековниот месец до потпишување на анексот односно согласноста, треба да бидат претходно намирени од претплатникот- сукцесор.
Претплатникот-сукцесор ќе биде одговорен за плаќање на месечните сметки издадени по потпишувањето на анексот.
Претплатникот-сукцесор ќе биде солидарно одговорен за плаќање и на сите трошоци кои биле направени од страна на претходниот претплатник, а кои евентуално се фактурирани со задоцнување, или се фактурирани а не се платени од страна на претплатникот.
8. ПРОМЕНИ НА УСЛОВИТЕ НА ПРЕТПЛАТНИЧКИОТ ДОГОВОР ОД СТРАНА НА Т-МОБИЛЕ МК
1. Македонски Телеком АД - Скопје има право да ги менува условите утврдени со претплатничкиот договор, со претходно доставено известување до претплатникот. Македонски Телеком АД - Скопје ќе му го
достави известувањето за направените измени на претплатникот во рок од најмалку 30 дена пред воведувањето на измените.
Доколку во рок од 30 дена од приемот на известувањето писмено не го извести Македонски Телеком АД - Скопје дека го раскинува договорот, се смета дека претплатникот се согласил со промената на условите на договорот. Непримањето на ваквото известување не ги ослободува претплатниците од плаќање на пристигнатите и неплатени обврски или исполнување на договорените обврски пристигнати пред извршените измени во условите наведени во претплатничкиот договор.
Промената на условите во стандардниот претплатнички договор предизвикани од акт на јавната власт нема да се сметаат како промени извршени од Македонски Телеком АД - Скопје и таквите промени нема да претставуваат оправдана основа за еднострано раскинување од страна на претплатникот (пр: поради промена на цените на услугите на Македонски Телеком АД - Скопје како резултат на законска промена на висината на ДДВ за електронските комуникациски услуги, промена на условите за давање на електронски комуникациски услуги наметнати од законски или подзаконски акт итн.).
9.ВИША СИЛА
1. Услугите кои ги дава Македонски Телеком АД - Скопје можат да бидат прекинати поради дејство на виша сила.
2. Под виша сила се подразбира настан независен од волјата на Македонски Телеком АД - Скопје, чие настапување не можело да се предвиди ниту да се спречи и поради кој исполнувањето на обврските по договорот станало отежнато или невозможно, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на: природни настани, општествени настани (штрајк, немири, војни), акти на јавната власт, нарушувања во функционирањето на системот.
3. Македонски Телеком АД - Скопје не сноси никаква одговорност кон претплатникот, поради прекин на неговите услуги, предизвикан од настан на виша сила.
10. РАСКИНУВАЊЕ НА ПРЕТПЛАТНИЧКИОТ ОДНОС
1.1 Претплатникот може да го раскине претплатничкиот договор по основ на поднесено барање за раскинување на договорот, при што е должен претходно да ги намири сите обврски за плаќање кои ги има кон Македонски Телеком АД - Скопје, или по основ на поднесено барање за пренесување на бројот во мрежата на друг оператор согласно правилата за оваа услуга дефинирани во член 1.5 од овие Општи Услови.
Раскинувањето на договорот се врши лично, на точно пропишани обрасци за таа цел, од кои што по потпишувањето од двете страни, копија од примерокот му се дава на претплатникот. При раскинување на договорот претплатникот треба да ја врати СИМ картичката и останатите комуникациски средства во сопственост на Македонски Телеком АД - Скопје.
Претплатникот и по раскинување на договорот ќе биде одговорен за плаќање на сите трошоци кои биле направени од страна на претплатникот, а кои евентуално се фактурирани со задоцнување, или се фактурирани, а не се платени од страна на претплатникот како што би бил случајот при пренесување на бројот во мрежата на некој друг оператор.
По исклучок од став 2 на овој член, раскинувањето на договорот со цел за пренесување на број од мрежата на еден во мрежата на друг оператор, може да го изврши и операторот во чија мрежа се пренесува бројот, кој за таа цел е овластен од барателот со потпишување и поднесување на барање за склучување на претплатнички договор со пренесување на број.
1.2 Македонски Телеком АД - Скопје може да го раскине претплатничкиот договор поради следните причини:
1. поради неисполнување на обврските на претплатникот предвидени со овие Општи Услови и со претплатничкиот договорот;
2. доколку јавната комуникациска услуга се користи или е наменета да се користи за цел спротивно на условите од претплатничкиот договор;
3. доколку претплатникот ја користи претплатничката линија и соодветните комуникациски услуги за давање на комуникациски услуги на трети корисници со одреден надомест, без претходно склучен соодветен договор со Македонски Телеком АД - Скопје;
4. кога со судска одлука претплатникот се брише од соодветниот регистар;
5. во случај на смрт на претплатникот, доколку правото за користење на услугата не е пренесена на друго лице во рок од 6 месеци;
6. во случај на стечај или ликвидација, или неликвидност на претплатникот, доколку правото за користење на услугата не е пренесено на друго лице во рок од 1 месец од испраќањето на писмено предупредување од страна на Македонски Телеком АД - Скопје;
7. во случај на користење и злоупотреба на услугите од страна на претплатникот за цел спротивна на Законот за електронските комуникации, прописите донесени врз основа на него и други закони и прописи констатирани од страна на надлежен орган;
8. неактивност на претплатничката линија во припејд системот по истекот на рокот на важност на вредносната картичка (ваучер);
9. доколку Македонски Телеком АД - Скопје не е во состојба да ги обезбедува услугите поради дејство на виша сила подолго од 6 месеци.
Во случаите наведени во точка 1 до точка 8 од претходниот став ќе се смета дека Договорот е раскинат по вина на претплатникот при што тој ќе биде должен да ги подмири сите договорни надоместоци.
Завршни одредби
1. Овие Општи Услови ќе применуваат по објавувањето на официјалната веб страна на Македонски Телеком АД - Скопје xxx.xxxxxxx.xx и ќе се однесуваат на сите претплатници кои се крајни корисници на јавните комуникациски услуги на Македонски Телеком АД - Скопје. Македонски Телеком АД - Скопје може, особено доколку тоа го налагаат пазарните услови или законската регулатива, да ги промени и/или дополни овие Општи Услови.
Овие Општи Услови и нивните измени се достапни на увид на секое продажно место како и на веб страната на Македонски Телеком АД - Скопје xxx.x-xxxxxx.xx.
2. Врз основа на однапред познати услови и критериуми, претплатник може да склучи и дополнителни комерцијални договори за користење на услугите на Македонски Телеком АД - Скопје, со кој може да бидат предвидени права и обврски кои се поинакви од оние наведени во важечките Општи Услови.
04.12.2014
Скопје