ЈП Водовод и канализација Скопје, со адреса на ул. Лазар Личеновски бр. 27 Скопје, телефон за контакт: за административни прашања 02/3240 351, факс 02/3240303, за технички прашања 02/2621443 лице за контакт Томислав Стефковски, електронска пошта...
ЈП ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА СКОПЈЕ
ОТВОРЕНА ПОСТАПКА БР. 49/2010
ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА НА СРЕДНО ВОЗИЛО СО ПРОДОЛЖЕНА КАБИНА (КИПЕР) – ПО СПЕЦИФИКАЦИЈА
ТЕНДЕРСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ПОСТАПКА КОЈА СЕ СПРОВЕДУВА ВО ХАРТИЕНА ФОРМА И ЗАВРШУВА СО Е-АУКЦИЈА
Скопје, декември 2010
ЈП Водовод и канализација Скопје
ПОКАНА ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ПОНУДА
Почитувани,
ЈП Водовод и канализација Скопје, со адреса на ул. Лазар Личеновски бр. 27 Скопје, телефон за контакт: за административни прашања 02/3240 351, факс 02/3240303, за технички прашања 02/2621443 лице за контакт Xxxxxxxx Xxxxxxxxxx, електронска пошта xxxxx.xxxxxx@xxxxxxx-xxxxxx.xxx.xx, има потреба од набавка на 7 (седум) нови средни возила со продолжена кабина (кипер) - по спецификација.
За таа цел, договорниот орган спроведува постапка за доделување на договор за јавна набавка на стоки со отворена постапка, која ќе заврши со спроведување на електронска аукција, како последна фаза во отворената постапка, во согласност со член 21 од Законот за јавните набавки („Службен весник на Република Македонија“ бр.136/07 130/08 и 97/10), за што објави оглас број 49/2010.
Ве молиме да ни ја доставите Xxxxxx понуда за горенаведениот предмет на договорот за јавна набавка најдоцна до 07.02.2011 во 11.00 часот (по локално време) по пошта на горната адреса или лично со поднесување во архивата на договорниот орган.
Со оваа покана Ви доставуваме тендерска документација која ги содржи сите информации кои ќе Ви помогнат за изработка на понудата. Тендерската документација се состои од следните делови: инструкции за економските оператори, технички спецификации, задолжителни одредби што ќе ги содржи договорот за јавна набавка, модел на договор и образец на понудата.
Отворањето на понудите ќе биде јавно, и ќе се изврши на 07.02.2011 година во 11.00 часот во просториите на ЈП Водовод и канализација Скопје – барака 1 – сала за состаноци.
Однапред благодариме на соработката.
Во _
година
Овластено лице
_
I. ИНСТРУКЦИИ ЗА ЕКОНОМСКИТЕ ОПЕРАТОРИ
1. ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ
1.1 Дефиниции
1.1.1 Одредени поими употребени во оваа тендерска документација го имаат следново значење:
„Договор за јавнa набавкa“ е договор од финансиски интерес склучен во писмена форма меѓу договорниот орган од една страна и носителот на набавката од друга страна, а чиј предмет е испорака на стоките кои претставуваат предмет на договорот;
„Постапка за доделување на договор за јавна набавка“ е постапка што ја спроведува договорниот орган, чија цел или дејство е купување или стекнување на стоки;
„Отворена постапка“ е постапка во која секој економски оператор има право да поднесе понуда;
„Електронска аукција“ е повторлив процес на негативно наддавање кој се реализира по првична целосна евалуација на понудите, во кој понудувачите имаат можност, исклучиво со користење на електронски средства, да ги ревидираат дадените цени или да подобрат одредени елементи од понудата, така што рангирањето се врши автоматски со помош на електронски средства;
„Тендерска документација“ е збир на документи, информации и услови кои претставуваат основа за изготвување, доставување и оценување на пријавата за учество, односно понудата;
„Техничка спецификација“ е збир на технички услови, прописи, препораки и стандарди со кои детално се дефинираат минималните барања од технички аспект кои стоките, услугите или работите предмет на договорот за јавна набавка треба да ги задоволат;
„Економски оператор“ е секое физичко или правно лице или група на такви лица кои на пазарот нуди стоки, услуги или работи;
„Понудувач“ е секој економски оператор кој поднел понуда;
„Понуда“ е предлог од понудувачот изготвен врз основа на тендерската документација и претставува основа за доделување на договорот за јавна набавка;
„Техничка понуда“ е дел од понудата со која се докажува исполнувањето на поставените технички барања и услови од тендерската документација;
„Финансиска понуда“ е дел од понудата во кој се содржани понудените цени согласно со условите од тендерската документација;
„Алтернативна понуда“ е понуда со која се нудат поинакви карактеристики на предметот на договорот за јавна набавка од оние утврдени во тендерската документација;
„Носител на набавката“ е понудувач или група на понудувачи кои склучиле договор за јавна набавка;
„Евалуација на понуда“ е оцена на поднесена понуда во постапката за доделување на договор за јавна набавка;
„Прифатлива понуда“ е понуда која е поднесена во утврдениот рок и за која е утврдено дека во потполност ги исполнува сите барања од тендерската документација и техничките спецификации и одговара на сите критериуми, условите и евентуалните барања за способноста на понудувачите;
„Одговорно лице“ е функционер кој раководи со државен орган, градоначалник на единицата на локалната самоуправа или директор на правно лице;
„Електронски средства“ е користење на електронска опрема за обработка и чување на податоци (вклучувајќи и дигитална компресија), кои се пренесени, испорачани и примени преку кабелски, радио или оптички средства или преку други електромагнетни средства;
„Електронски систем за јавни набавки“ е единствен компјутеризиран систем достапен на интернет, кој се користи со цел да се овозможи поголема ефикасност и економичност во областа на јавните набавки;
„Писмено или во писмена форма“ e секој израз кој се состои од зборови или бројки кои можат да се прочитаат, умножат и дополнително да се соопштат, како и информации кои се пренесуваат и чуваат со помош на електронски средства под услов сигурноста на содржината да е обезбедена и потписот да може да се идентификува.
1.2 Договорен орган
1.2.1 ЈП Водовод и канализација Скопје, со адреса на ул. Лазар Личеновски бр. 27 Скопје.
1.2.2 Лице за контакт кај договорниот орган е: за административни прашања лице за контакт Xxxxx Xxxxxx Кардулоска, телефон/факс 02/0000000, електронска пошта xxxxx.xxxxxx@xxxxxxx-xxxxxx.xxx.xx; за технички прашања лице за контакт Xxxxxxxx Xxxxxxxxxx, телефон/факс 02/0000000, интернет адреса: xxx.xxxxxxx-xxxxxx.xxx.xx.
1.3 Предмет на договорот за јавна набавка
1.3.1 Предмет на договорот е набавка на 7 (седум) нови средни возила со продолжена кабина (кипер) - по спецификација.
1.3.2 Предметот на договорот не е деллив, како што е дефинирано во техничките спецификации. Понудувачот во својата понуда треба да ги вклучи сите составни делови од техничката спецификација. Во спротивно понудата ќе се смета за неприфатлива.
За целиот предмет на договорот ќе се спроведе електронска аукција преку електронскиот систем за јавни набавки (xxxxx://xxx.x-xxxxxxx.xxx.xx). Предмет на аукцијата ќе биде вкупната цена вклучувајќи ги сите трошоци и попусти, без ДДВ за целиот предмет на договорот за јавна набавка.
1.3.3 Детален опис на предметот на договорот за јавна набавка и бараните количини е даден во техничките спецификации кои се составен дел на тендерската документација.
1.4 Вид на постапка за доделување на договор за јавна набавка
1.4.1 Договорот за јавна набавка ќе се додели со примена на отворена постапка, која ќе заврши со електронска аукција како последна фаза во постапката.
1.4.2 Оваа постапка нема да се спроведува со користење на електронски средства преку Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН), освен во делот на електронската аукција која задолжително се спроведува преку ЕСЈН (xxxxx://xxx.x-xxxxxxx.xxx.xx).
1.4.3 Подетални информации за користењето на електронски средства: За да можете да учествувате на електронската аукција, потребно е да се регистрирате во ЕСЈН. Регистрацијата во ЕСЈН е бесплатна. Економскиот оператор се регистрира во ЕСЈН со пополнување на регистрациска форма која е составен дел од ЕСЈН1, по што ЕСЈН автоматски ги обработува податоците од регистрациската форма, генерира шифра и истата ја доставува на регистрираната електронска пошта на економскиот оператор. Повеќе информации за начинот на регистрација и користење на системот ќе најдете во Прирачникот за користење на ЕСЈН наменет за економски оператори, кој можете да го преземете од почетната страна на ЕСЈН во делот „Економски оператори“.
1.4.4 Подетални информации за електронската аукција: Договорниот орган ќе користи електронска аукција како последна фаза во отворената постапка. За секој поединечен дел од предметот на договорот ќе се спроведе посебна електронска аукција преку електронскиот систем за јавни набавки (xxxxx://xxx.x-xxxxxxx.xxx.xx). Предмет на секоја аукција ќе биде вкупната цена вклучувајќи ги сите трошоци и попусти, без ДДВ за секој дел од предметот на договорот за јавна набавка
Почетна цена на електронската аукција е најниската цена од прифатливите понуди за секој поединечен дел од предметот на договорот поднесени во првичната фаза од постапката. Поканите за учество на аукцијата ќе се достават во електронска форма преку ЕСЈН по целосната евалуација на првичните понуди, до сите економски оператори кои доставиле прифатливи понуди во првата фаза од постапката и кои се регистрирани во ЕСЈН.
Поканата за учество на аукцијата ќе биде електронски испратена на е-меил адресата на лицето за контакт наведено во Образецот за понуда кое претходно е регистрирано во ЕСЈН. Ве молиме при наведувањето на е-меил адресата на лицето за контакт наведено во Образецот за понуда да ја наведете исклучиво е-меил адресата со која што економскиот оператор регистриран во ЕСЈН, заради успешно доставување на Поканата за учество во аукцијата.
Договорниот орган ќе испрати поединечно известување до секој економски оператор дали е квалификуван за учество на електронска аукција.
Во поканата за учество на аукцијата ќе бидат содржани следниве податоци: почетната цена на аукцијата, односно најниската цена од првично поднесените понуди;
1 Линк „Регистрирај се“ во делот „Економски оператори“ на почетната страна на ЕСЈН
датумот и часот на започнување и завршување на аукцијата; како и интервалот во кој ќе се спроведува негативното наддавање (минимална и максимална разлика во понудени цени).
1.5 Посебни начини за доделување на договорот за јавна набавка
1.5.1 Oваа постапка ќе заврши со спроведување на електронска аукција.
1.6 Применливи прописи
1.6.1 Оваа постапка се спроведува согласно со Законот за јавните набавки, објавен во Службен весник на Република Македонија број 136/07, број 130/08 и број 97/2010 донесените подзаконски акти.
1.6.2 При подготовка на својата понуда, понудувачот треба да ги има предвид важечките прописи од областа на даноците и другите јавни давачки, работните односи, работните услови и заштитата при работа и и други закони релевантни за предметот на договорот. Сите прописи може да се најдат во соодветните изданија на Службен весник на Република Македонија. Дополнителни податоци во однос на важечките прописи од горенаведените области, понудувачот може да добие од Управата за јавни приходи, Царинската управа и Министерството за финансии (за даноците и другите јавни давачки), Министерството за труд и социјална политика (за работните односи, работните услови и заштитата при работа) и од и од сите други надлежни институции.
1.7 Извор на средства
1.7.1 Средствата за реализација на договорот за јавна набавка кој е предмет на оваа постапка се обезбедени од сопствени приходи за 2010 година.
1.8 Право на учество
1.8.1 Право да достави понуда има секое заинтересирано домашно и странско правно лице - понудувач, кое е регистрирано за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка и кое ја има превземено тендерска документација од договорниот орган во електронска форма на веб страницата xxx.x-xxxxxxx.xxx.xx и на веб страната на ЈП Водовод и канализација Скопје xxx.xxxxxxx-xxxxxx.xxx.xx, во делот за јавни набавки.
Доколку економските оператори ја превземат тендерската документација од веб страницата на ЈП Водовод и канализација Скопје: xxx.xxxxxxx-xxxxxx.xxx.xx, должни се да го пoтврдат превземањето на следнава е-маил адреса: luiza.nakova@vodovod- xxxxxx.xxx.xx при што задолжително ќе остават нивни контакт информации, како и име на овластеното лице за контакт
1.8.5 Економскиот оператор во рамките на иста постапка за доделување на договор за јавна набавка може да учествува само во една понуда. Сите понуди ќе бидат отфрлени ако економскиот оператор:
- учествува во повеќе од една самостојна понуда
1.9 Трошоци за поднесување на понуда
1.9.1 Економскиот оператор ги сноси сите трошоци поврзани со подготовката и со доставувањето на понудата, а договорниот орган не е одговорен за тие трошоци без оглед на водењето и на исходот од постапката за доделување на договор за јавна набавка.
1.10 Критериум за доделување на договорот за јавна набавка
1.10.1 Критериум за доделување на договорот за јавна набавка е најниска цена. За носител на набавката ќе биде избран оној економски оператор кој ќе понуди најниска цена во текот на електронската аукција, а чија понуда претходно е оценета како прифатлива. Во постапка која завршува со спроведување на електронска аукција не се врши бодување на понудите, туку само рангирање на понудувачите според висината на понудените цени.
1.11 Спречување на судир на интереси
1.11.1 За спречување на судир на интересите во постапките за доделување на договори за јавни набавки соодветно се применуваат одредбите од Законот за спречување судир на интереси.
1.11.2 Носителот на набавката не смее, при извршување на договорот за јавна набавка, да ангажира лица кои биле вклучени во евалуација на понудите поднесени во постапка за доделување на договор за јавна набавка, во времетраење на договорот. Во тој случај договорот се смета за ништовен.
1.12 Начин на комуникација
1.12.1 Секое барање, информација, известување и други документи во постапката се испраќаат во писмена форма. Секој документ се евидентира во моментот на испраќање, односно во моментот на примање.
1.12.2 Документите, освен понудата, се испраќаат:
- по пошта,
- по факс, или
- со електронски средства.
1.12.3 Документот кој бил испратен по факс, доставувачот е должен да го достави по пошта или со користење на електронски средства во рок од два дена од денот на испраќањето на документот по факс.
1.12.4 Начинот на поднесување на понудата е утврден во точка 4.7.1 од Инструкциите за понудувачите.
1.13 Информации од доверлив карактер
1.13.1 Договорниот орган ќе ги заштити информациите кои економскиот оператор ги има означено како доверливи, особено кога станува збор за деловна тајна или права од интелектуална сопственост, освен во случаите каде по сила на закон договорнот орган е должен да ги достави овие информации до надлежните органи (во случај на жалбена постапка, поведување на управен спор и слично). За таа цел, економскиот оператор треба да направи листа на доверливи информации со користење на Образецот на листа на доверливи информации во прилог на оваа тендерска документација, и истата да ја достави заедно со својата понуда.
1.13.2 Доколку економскиот оператор не ја достави листата на доверливи информации заедно со својата понуда, договорниот орган ќе смета дека предметната понуда не содржи информации од доверлив карактер.
1.13.3 Цената на понудата не се смета за доверлива информација во ниту еден
случај.
2. СПОСОБНОСТ НА ЕКОНОМСКИТЕ ОПЕРАТОРИ
2.1 Начин на докажување на способноста
2.1.1 Со понудата економскиот оператор задолжително треба да достави придружна
документација со која ќе ги докаже:
- личната состојба,
- способноста за вршење професионална дејност,
- економската и финансиска состојба,
- техничката или професионалната способност.
2.1.2 Бараната документација се поднесува во оригинал или во копија заверена од економскиот оператор со печат и со потпис на одговорното лице, со назнака “Верно на оригиналот“.
2.1.3 При проверката на комплетноста и валидноста на документацијата за утврдување на способноста на економскиот оператор и при евалуација на понудата, комисијата може да побара економските оператори да ги појаснат или дополнат документите, доколку не станува збор за значителни отстапувања од бараната документација.
2.1.4 Бараното објаснување економскиот оператор го доставува во писмена форма во рокот кој го определил договорниот орган.
2.1.5 Никакви промени во понудата, освен исправката на аритметички грешки, не смеат да се бараат, нудат или да се допуштат од страна на комисијата или од економскиот оператор.
2.2 Лична состојба
2.2.1 Договорниот орган ќе го исклучи од постапката за доделување на договор за јавна набавка секој економски оператор:
на кој во последните 5 години му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење пари;
на кој му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно приватно партнерство;
на кој му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност;
кој е во постапка на стечај или во постапка на ликвидација;
- кој има неплатени даноци, придонеси и други јавни давачки;
- кому му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност и
- кој дава лажни податоци или не го доставува податоците што ги барал договорниот орган.
2.2.2 За докажување на својата лична состојба, економскиот оператор ги доставува следниве документи:
- изјава на економскиот оператор дека во последните 5 години не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење пари;
- потврда дека не е отворена постапка за стечај од надлежен орган;
- потврда дека не е отворена постапка за ликвидација од надлежен орган;
- потврда за платени даноци, придонеси и други јавни давачки од надлежен орган од земјата каде економскиот оператор е регистриран;
- потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно-приватно партнерство,
- потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност и
- потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност.
2.2.3 Изјавата од алинеја 1 од потточка 2.2.2 ја изготвува во електронска форма и со електронски потпис ја потпишува самиот економски оператор и истата не треба да биде заверена од надлежен орган.
2.2.4 Потврдите дека не е отворена постапка за стечај и постапка за ликвидација, како и потврдите од регистарот на казни за сторени кривични дела од xxxxxxx 5 и 6 од потточка 2.2.2, ги издаваат надлежни органи во земјата каде е регистриран економскиот оператор. Во Република Македонија надлежен орган за издавање на овие потврди е Централниот регистар на Република Македонија.
2.2.5 Потврдата за платени даноци, придонеси и други давачки ја издава надлежен орган од земјата каде е регистриран економскиот оператор. Во Република Македонија надлежен орган за издавање на оваа потврда е Управата за јавни приходи.
2.2.6 Потврдата од алинеја 7 од потточка 2.2.2 ја издава надлежниот орган во државата каде е регистриран економскиот оператор. Во Република Македонија надлежен орган за издавање на оваа потврда е Централниот регистар на Република Македонија.
2.2.7 Документите од потточка 2.2.2 не смеат да бидат постари од 6 (шест) месеци сметано од крајниот рок за доставување на понудите наназад.
2.2.8 Ако земјата во која е регистриран економскиот оператот не ги издава документите наведени во потточка 2.2.2 или ако тие не ги опфаќаат сите погоренаведени случаи, економскиот оператор може да достави изјава заверена кај надлежен орган.
2.3 Способност за вршење на професионална дејност
2.3.1 За да ја докаже способноста за вршење на професионална дејност, економскиот оператор треба да достави документ за регистрирана дејност како доказ дека е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка или доказ дека припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран.
2.4 Економска и финансиска состојба
2.4.1 За да се квалификува како способен за извршување на предметниот договор за јавна набавка од аспект на неговата економска и финансиска состојба, економскиот оператор треба да ги исполнува следниве минимални услови
- Минимален вкупен приход од 10.000.000,00 денари, за секоја година поединечно, за последните 3 години (Во прилог да се достави табела со вкупен приход за секоја година поединечно за последните 3 години).
2.4.2 Доколку економскиот оператор ја врши дејноста во период помал од три години, минимален услов за утврдување на економската и финансиската состојба е економскиот оператор да го остварил обртот од потточка 2.4.1 во годините за кои постојат податоци.
2.4.3 Економскиот оператор го докажува исполнувањето на минималниот услов од потточка 2.4.1 или 2.4.2 со доставување на:
- извештај за билансот на состојбата заверен од надлежен орган, односно ревидиран биланс на состојба, или извадоци од извештајот за билансот на состојба во случаи кога објавување на билансот на состојба е пропишано со закон во земјата каде што економскиот оператор е регистриран;
- извод од целокупниот промет на претпријатието (податок од билансот на успех издаден од надлежен орган, односно ревидиран биланс на успех) и онаму каде што е соодветно, од прометот во областа која се покрива со договорот за јавна набавка и тоа најмногу за последните три финансиски години за кои се расположливи ваквите информации во зависност од датумот на кој претпријатието е основано или започнало со работа и во зависност од достапноста на таквите информации.
2.4.4 Доколку билансите на состојба и успех биле предмет на комерцијална ревизија, економскиот оператор може да ги достави истите како доказ дека го исполнува минималниот услов за утврдување на економската и финансиската состојба без да бидат дополнително заверени од надлежен орган
2.4.5 Доколку билансите на состојба и успех не биле предмет на комерцијална ревизија, економскиот оператор ги доставува истите заверени, односно издадени од надлежен орган како доказ дека го исполнува минималниот услов за утврдување на економската и финансиската состојба. Надлежен орган во република Македонија е Централниот регистар на Република Македонија.
2.5 Техничка или професионална способност
2.5.1 За да се квалификува како способен за извршување на предметниот договор за јавна набавка од аспект на неговата техникча или професионална способност, економскиот оператор треба да ги исполнува следниве минимални услови
- листа на главни испораки на понудувачите извршени во последните три години со вредности, датуми, купувачи, со обезбедување на потврда за извршени испораки издадени од примателите, или доколку такви потврди не можат да се обезбедат од причини вон контрола на економскиот оператор, само со негова изјава за извршени испораки;
- потврди за извршени испораки од ист или сличен вид на набавка за навремено и квалитетно извршени испораки издадени од приматели во последните три години;
- технички опис и фотографии на производите кои се предмет на испорака, а чија веродостојност економскиот оператор е должен да ја потврди доколку тоа го побара договорниот орган,
- Документ со кој се потврдува дека економскиот оператор е производител или овластен претставник на производителот
- Изјава дека економскиот оператор ќе овозможи редовно сервисирање на стоките во гарантен рок
- Овластување за обезбеден овластен сервис за сервисирање и одржување на возилата од производителот на подрачјето на Република Македонија
- Изјава за сообразност на возилото со хомологиран тип на возило,
- Изјава за обезбеден сервис и резервни делови во постгарантен период во време траење од минимум 10 (десет) години
2.5.2 Економскиот оператор го докажува исполнувањето на минималните услови од потточка 2.5.1 со доставување на:
- референтна листа на главни испораки на понудувачите извршени во последните три години, со вредности, датуми, купувачи (договорни органи или економски оператори),
- минимум 3 (три) потврди за извршени испораки од ист или сличен вид на набавка, за навремено и квалитетно извршени испораки издадени од приматели во последните три години
- технички опис и фотографии на производите кои се предмет на испорака, а чија веродостојност економскиот оператор е должен да ја потврди доколку тоа го побара договорниот орган,
- Документ со кој се потврдува дека економскиот оператор е производител или овластен претставник на производителот
- Изјава дека економскиот оператор ќе овозможи редовно сервисирање на стоките во гарантен рок
- Сертификати за обезбеден овластен сервис за сервисирање и одржување на возилата од производителот на подрачјето на Република Македонија
- Изјава за сообразност на возилото со хомологиран тип на возило,
- Изјава за обезбеден сервис и резервни делови во постгарантен период во време траење од минимум 10 (десет) години
- Изјава за сообразност на возилото со хомологиран тип на возило,
- Изјава за обезбеден сервис и резервни делови во постгарантен период во време траење од минимум 10 (десет) години
3. ПОЈАСНУВАЊЕ, ИЗМЕНА И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ТЕНДЕРСКАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА
3.1 Појаснување на тендерската документација
3.1.1 Економскиот оператор може да побара појаснување на тендерската документација од договорниот орган, исклучително во писмена форма, најдоцна 6 дена пред крајниот рок за поднесување понудите.
3.1.2 Појаснувањето договорниот орган ќе го достави до сите економски оператори што подигнале тендерска документација, без при тоа, да се идентификува економскиот оператор што побарал појаснување.
3.2 Измена и дополнување на тендерската документација
3.2.1 Договорниот орган го задржува правото најдоцна 6 дена пред истекот на крајниот рок за поднесување на понудите, по свое наоѓање или врз основа на поднесените прашања за објаснување поднесени од страна на понудувачите, да ја измени или да ја дополни тендерската документација, за што веднаш ќе ги извести сите економски оператори што неа ја подигнале.
3.2.2 Во случај на измена на тендерската документација, договорниот орган може да го продолжи крајниот рок за доставување на понудата по барање на економскиот оператор (ако постојат оправдани причини) и да овозможи најмалку 5 работни денови за поднесување на понудите откако на економските оператори им ги обелоденил појаснувањата/дополнувањата.
3.2.3 Во случај на продолжување на крајниот рок, договорниот орган е должен писмено да ги извести сите економски оператори што подигнале тендерска документација.
4. ПОДГОТОВКА И ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПОНУДИТЕ
4.1 Содржина на понудата
4.1.1 Понудата треба да биде подготвена врз основа на оригиналната тендерска документација и се состои од следниве елементи:
- пополнет образец на понуда составен од општиот дел и листа на цени и рокови на испорака;
- документи за утврдување на личната состојба наведени во потточка 2.2 од тендерската документација;
- документ за утврдување на способноста за вршење на професионална дејност наведен во точка 2.3 од тендерската документација;
- докази за утврдување на економската и финансиската способност наведени во точка 2.4 од тендерската документација
- докази за утврдување на техничката или професионалната способност наведени во точка 2.5 од тендерската документација;
- парафиран модел на договор;
4.1.2 Економскиот оператор понудата ја изготвува и доставува врз основа на образецот на понуда даден во оваа тендерска документација.
Доколку на дадениот образец на понуда во оваа тендерска документација економскиот оператор не може целосно и сеопфатно да ја изрази својата понуда, може да користи друг образец на која ќе ја достави својата понуда под услов таквиот образец да ги содржи сите елементи од образецот на понуда даден во оваа тендерска документација. Понудата поднесена на образец на понуда кој не ги содржи сите елементи согласно тендерската документација ќе биде утврдена како неприфатлива.
4.2 Јазик на понудата
4.2.1 Понудата, како и целата кореспонденција и документи поврзани со понудата се доставува на македонски јазик.
4.2.2 Печатената литература може да биде и на друг јазик. Договорниот орган го задржува правото во фазата на евалуација на понудите да побара од понудувачот да
изврши превод на печатената литература која е поднесена на друг јазик.
4.3 Цена на понудата
4.3.1 Економскиот оператор во листата на цени и рокови на испорака ја внесува цената за секој дел поединечно, заедно со рокот на испорака.
4.3.2 Понудената цена треба да ги вклучува сите трошоци и попусти на економскиот оператор, да биде искажана без данок на додадена вредност кој се искажува посебно.
4.3.3 Цената на понудата се пишува со бројки и букви.
4.3.4 Ако цената на понудата е невообичаено ниска и во голема мера не е во согласност со проценетата вредност на набавката, договорниот орган од економскиот оператор ќе побара писмено објаснување за причините за таквата цена на понудата. Ако економскиот оператор не успее да објасни на писмено, кои се причините за таквата цена во рок од 7 дена од датумот на поднесување на барањето, или пак ако Комисијата не ги прифати неговите причини, понудата ќе биде отфрлена.
4.4 Валута на понудата
4.4.1 Цената на понудата се изразува во денари. Македонскиот денар ќе се користи како валута за евалуација на понудите.
4.5 Период на важност на понудата
4.5.1 Понудите треба да важат најмалку 180 дена од денот утврден како краен рок за поднесување на понудите, за чие времетраење понудата во сите нејзини елементи е обврзувачка за понудувачот. Доколку денот на отворањето на понудата е неработен, периодот на важноста на понудата се смета од наредниот работен ден. Понудата што е со пократок период од предвидениот, договорниот орган ја отфрла како понуда што не одговара на условите.
4.5.2 Доколку договорниот орган процени за потребно, може да побара од понудувачот продолжување на периодот на важност на понудата.
4.6 Гаранција на понудата
4.6.1 Како дел од понудата економскиот оператор задолжително обезбедува гаранција на понудата (гаранција за учество) во износ од 3% од вкупната вредност на понудата без вклучен ДДВ.
4.6.2 Гаранцијата е во форма на банкарска гаранција, издадена од реномирана банкарска институција избрана од економскиот оператор. За договорниот орган се прифатливи сите банки.
`4.6.3 Гаранцијата треба да е поднесена во оригиналната форма. Копии не се прифаќаат. Гаранцијата мора да има рок на важност најмалку 14 дена од денот на истекот на важноста на понудата. Секоја понуда што не содржи гаранција на понудата, или содржи гаранција на понудата која не е во согласност со условите во тендерската документација, ќе биде отфрлена од страна на договорниот орган како неприфатлива.
4.6.4 Гаранцијата на понудата на неуспешните економски оператори се враќа во рок од 7 дена по склучување на договорот со најповолниот економски оператор.
4.6.5 Гаранцијата на понудата може да се наплати, ако економскиот оператор ја повлече својата понуда пред истекот на периодот на нејзината важност, не ја прифати исправката на аритметичките грешки од страна на комисијата, не го потпише договорот за јавна набавка и не обезбеди гаранција за квалитетно извршување на договорот
4.7 Форма и потпишување на понудата
4.7.1 Понудата се поднесува во еден оригинален примерок, испишана со неизбришливо мастило и потпишана од одговорното лице на економскиот оператор или лице овластено од него. Доколку понудата ја потпишува лице овластено од одговорното лице, во прилог се доставува и овластување за потпишување на понудата потпишано од одговорното лице. Сите страници на понудата, освен за неизменетата печатена литература, треба да се парафирани од лицето кое ја потпишува понудата.
4.7.2 Секое пишување меѓу редовите, бришење или пишување врз претходен текст важи само ако е потпишано или парафирано од лицето кое ја потпишува понудата.
4.8 Затворање и обележување на понудите
4.81 Понуди можат да достават само економски оператори кои ја имаат превземено тендерската документација во електронска форма од веб страната xxxxx://xxx.x- xxxxxxx.xxx.xx и од веб страната xxx.xxxxxxx-xxxxxx.xxx.xx. на договорниот орган..
4.8.2 Економскиот оператор го приложува оригиналниот примерок на понудата со целокупната документација и примероци од печатени изданија во затворен внатрешен плик на кој се наведува полниот назив и адреса на економскиот оператор. Така затворениот
внатрешен плик се затвора во надворешен плик кој:
- не содржи информации за економскиот оператор;
- е адресиран со точна адреса на договорниот орган;
- содржи информација за бројот на огласот за доделување на договор за јавна набавка и датумот на кој е објавен;
- во горниот лев агол стои предупредување „Не отвoрај“, или „Do not open“, за да не се отвора пред времето и датумот за отворање на понудата.
4.8.3 Ако пликовите не се запечатени и обележани како што се бара, договорниот орган не презема одговорност за нивно ненавремено и некомплетно пристигнување во неговата архива или за предвремено отворање на понудата.
4.9 Посета на локација
4.9.1 Во оваа постапка е предвидена посета на локација.
4.10 Краен рок и место за поднесување на понудите
4.10.1 Краен рок за доставување на понудите е 07.02.2011 година, во 11.00 часот.
4.10.2 Понудите се поднесуваат на следнава адреса: ул. Лазар Личеновски бр. 27 Скопје, со назнака "За отворена постапка бр. 49/2010".
4.10.3 Понудата која е поднесена по истекот на крајниот рок за поднесување на понудите, се отфрла како задоцнета и истата ќе му биде вратена на економскиот оператор неотворена.
4.11 Алтернативни понуди
4.11.1 Во оваа постапка за доделување на договор за јавна набавка не се дозволени алтернативни понуди.
4.12 Измена, замена и повлекување на понудата
4.12.1 Понудувачите можат да ги изменат, заменат или повлечат своите понуди по поднесување на понудата, под услов измените, замените или повлекувањата да се добиени од договорниот орган пред крајниот рок за поднесување на понудите наведен во точка 4.9.
4.13.2 Измените, замените и повлекувањата на понудите ќе бидат подготвени, ковертирани, обележани и доставени согласно точка 4.6, со тоа што ковертот соодветно ќе биде обележан со "измена", "замена" или "повлекување".
4.14.3 Понудата не може да биде изменета, заменета или повлечена по крајниот рок за поднесување на понудите предвиден во точка 4.7.
5. ОТВОРАЊЕ И ЕВАЛУАЦИЈА НА ПОНУДИТЕ
5.1 Отворање на понудите
Отворањето на првично поднесените понуди ќе се одржи на 07.02.2011 година, во
11.00 часот.
Овластените претставници на економските оператори на јавното отворање мораат да носат овластување потпишано од одговорното лице на економскиот оператор. Сите овластени претставници на економските оператори, присутни на јавното отворање, треба да потпишат евидентен лист.
Доставените понуди се отвораат согласно Законот за јавните набавки и тоа: една по една, со читање на името на економскиот оператор, при што се констатира дали понудите се доставени според точка 4.7 од тендерската документација и дали се во оригинал, а потоа се пристапува кон читање на понудите по истиот редослед по кој тие се отворени, освен понудите, кои согласно Законот за јавните набавки, се исклучуваат од натамошната постапка. При тоа, најпрво ќе се отворат и прочитаат замените, измените и повлекувањата на понудите. После тоа се пристапува кон читање на цените на понудата, вклучувајќи какви било попусти и постоењето на гаранција на понудата. Само попустите кои се прочитани на јавното отворање на понудата ќе се разгледуваат при евалуацијата на понудите. Ниту една понуда нема да биде отфрлена на отворањето на понудите, освен задоцнетите понуди.
Комисијата за јавни набавки ќе пристапи кон јавно отворање на понудите доколку е пристигната и само една понуда. Во таков случај нема да се спроведе електронска аукција. Условот за спроведување на електронска аукција е во постапката да се пристигнати најмалку две прифатливи понуди.
Во текот на отворањето на понудите се води записник според Правилникот за постапката на отворањето на понудите и Образецот за водење на записник за отворањето на понудите („Службен весник на Република Македонија“ бр. 154/07).
5.2 Доверливост на процесот на евалуација на понудите
5.2.1 Ниту една информација во врска со разгледувањето, оценката и споредбата на понудите во процесот на евалуација нема да им се откријат на економските оператори или
на кои било други лица што не се службено вклучени во тој процес.
5.3 Појаснување на понудите
5.3.1 Во периодот на разгледување и оценување на понудите, договорниот орган може, да побара од кој било економски оператор појаснување на неговата понуда. Барањето од договорниот орган за појаснување и одговорот се во писмена форма. Никаква промена на цените или на содржината на понудата нема да се бара, нуди или да се дозволува, освен за потврдување на коригирањето на аритметички грешки што ги открил договорниот орган при проценката на понудите.
5.3.2 Секое појаснување доставено од страна на економскиот оператор во поглед на неговата понуда што не е дадено како одговор на барање од договорниот орган, нема да се разгледува.
5.4 Исправка на аритметички грешки
5.4.1 Ако понудата е прифатлива и е составена и доставена во согласност со тендерската документација, договорниот орган ги коригира аритметичките грешки на следниот начин:
- ако постои несовпаѓање меѓу зборовите и бројките, преовладува износот што е напишан со зборови.
- ако постои разлика помеѓу единечната цена и вкупната цена, тогаш преовладува единечната цена.
5.4.2 Комисијата за јавни набавки ќе ги коригира грешките во понудата според опишаната постапка и таа ќе се смета обврзувачка за него.
5.4.3 Ако економскиот оператор не ја прифати корекцијата на аритметичките грешки, понудата ќе биде отфрлена.
6. ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА ЈАВНА НАБАВКА
6.1 Доделување на договорот за јавна набавка
6.1.1 Договорниот орган, по спроведената електронска аукција како последна фаза во отворената постапка, договорот му го доделува на економскиот оператор кој понудил најниска цена во текот на негативното наддавање.
6.1.2 Во случај да е поднесена само една прифатлива понуда во првата фаза од постапката, односно да не се исполнети условите за одржување на електронската аукција, договорниот орган може да му го додели договорот за јавна набавка на единствениот економски оператор кој поднел прифатлива понуда.
6.1.3 Во случај во текот на аукцијата да нема негативно наддавање, односно намалување на почетната цена, договорниот орган може да му го додели договорот за јавна набавка на економскиот оператор кој понудил најниска цена во првичната фаза од постапката.
6.2 Известување за доделување на договорот за јавна набавка
6.2.1 Пред истекот на периодот на важење на понудата, а најдоцна во рок од 3 дена од донесувањето на одлуката за избор на најповолна понуда, избраниот најповолен економски оператор ќе биде известен во писмена форма дека неговата понуда е прифатена. Во исто време, и сите други економски оператори ќе бидат известени за резултатите од тендерот, одлуката кој е најповолен економски оператор како и за причините за неизбор на нивната понуда.
6.3 Правна заштита
6.3.1 Секој економски оператор кој има правен интерес за добивање на договорот за јавна набавка и кој претрпел или би можел да претрпи штета од евентуално прекршување на одредбите од Законот за јавните набавки, може да бара правна заштита против одлуките, дејствијата и пропуштањата за преземање дејствија од страна на договорниот орган во постапката за доделување на договор за јавна набавка. Правото на жалба во постапка која завршува со електронска аукција се остварува по донесување на одлуката за избор на најповолен понудувач или поништување на постапката.
Жалбата се изјавува во рок од осум дена од денот на објавувањето на огласот за доделување на договор за јавна набавка во однос на податоците, дејствијата или пропуштањата за преземање дејствија од огласот,
- приемот на одлуката за избор на најповолна понуда или одлуката за поништување на постапката, или
- сознанијата за незаконско водење на постапка за доделување на договор за јавна набавка, најдоцна во рок од една година од денот на завршувањето на спроведената постапка.
6.3.2 Економскиот оператор кој пропуштил да изјави жалба во однос на одредбите од потточка 6.3.1, нема право на жалба во подоцнежната фаза на постапката за истиот правен основ.
6.3.3 Жалбата треба да ги содржи следниве елементи:
- податоци за подносителот на жалбата (име презиме, назив на економскиот оператор, адреса на престојувалиште и седиште),
- податоци за застапникот или полномошникот,
- назив и седиште на договорниот орган,
- број и датум на постапката за доделување на договор за јавна набавка и податоци за огласот за доделување на договор за јавната набавка,
- број и датум на одлуката за избор на најповолна понуда, поништување на постапката или други одлуки на договорниот орган,
- податоци за дејствијата или пропуштањата за преземање на дејствија од страна на договорниот орган,
- опис на фактичката состојба,
- опис на неправилностите и образложение по истите,
- предлог на докази,
- жалбено барање и/или барање за надомест за трошоците на постапката и
- потпис на овластено лице и печат.
6.3.4 Подносителот на жалбата е должен да приложи и доказ за уплата на надомест за водење на постапката.
6.3.5 Подносителот на жалбата кој нема седиште на територијата на Република Македонија е должен да определи полномошник за прием на писмена.
6.3.6 Жалбата се изјавува до Државната комисија. Жалбата се поднесува лично или по препорачана пошта истовремено до договорниот орган и до Државната комисија. Денот на поднесување на жалбата по препорачана пошта се смета за ден на поднесување. Во случај на лично поднесување на жалбата договорниот орган е должен да му издаде на подносителот потврда за времето на приемот.
6.3.7 Во постапката пред Државната комисија подносителот на жалбата, покрај административната такса, плаќа и надоместок за водење на постапката во зависност од висината на понудата, и тоа:
до 20.000 евра во денарска противвредност, надоместок од 100 евра во денарска противвредност,
од 20.000 до 100.000 евра во денарска противвредност, надоместок од 200 евра во денарска противвредност,
од 100.000 до 200.000 евра во денарска противвредност, надоместок од 300 евра во денарска противвредност или
над 200.000 евра во денарска противвредност, надоместок од 400 евра во денарска противвредност.
6.3.8 Во случај на непостоење на понуда, висината на надоместокот за водење на постапката се пресметува врз основа на проценетата вредност на договорот за јавна набавка, при што Државната комисија го известува подносителот на жалбата за висината на надоместокот и рокот во кој треба да достави доказ за негова уплата.
6.3.9 Надоместокот за водење на постапката е приход на Буџетот на Република Македонија.
6.4 Склучување на договорот за јавна набавка
6.4.1 Договорниот орган ќе го достави договорот за јавна набавка до избраниот најповолен понудувач во 6 примероци на потпишување.
6.4.2 Избраниот најповолен понудувач има обврска да го потпише договорот за јавна набавка во рок од 5 дена од денот на добивање на договорот и истиот да му го врати на договорниот орган. Договорниот орган презема обврска на избраниот најповолен понудувач да му го испрати потребниот број на примероци од договорот откако истиот ќе го потпише овластеното лице на договорниот орган.
6.4.3 Доколку избраниот најповолен понудувач не го потпише договорот во рокот утврден во точка 6.4.2 од тендерската документација, договорниот орган го задржува правото да смета дека избраниот најповолен понудувач се откажал од склучување на договорот.
7. ЗАДОЛЖИТЕЛНИ ЕЛЕМЕНТИ ОД ДОГОВОРОТ ЗА ЈАВНА НАБАВКА
7.1 Начин на плаќање
7.1.1 Се предвидува следниов начин на плаќање: во рок од 30 (триесет) дена по прием на фактура во архивата на договорниот орган. Начинот на плаќање е задолжителен. Секоја понуда која содржи начин на плаќање поинаков од оној утврден во оваа точка ќе се смета за неприфатлива и како таква ќе биде одбиена од страна на комисијата за јавни набавки.
7.2 Рок и место на испорака:
7.2.1 Рок на испорака - најдоцна во рок од 90 (деведесет) календарски денови, по склучување на договорот по претходна писмена порачка. Понудувачот може да понуди и пократок рок на испорака, но истиот нема да биде елемент на критериумот бодирање. Секоја понуда во која се нуди рок на испорака подолг од рамките утврдени во оваа точка ќе се смета за неприфатлива и како таква ќе биде одбиена од страна на Комисијата за јавни набавки.
7.2.2 Место на испорака: Магацин на ЈП Водовод и канализација Скопје. Носителот на набавката е должен да го испорача предметот на договорот на следнава локација: Магацин на ЈП Водовод и канализација Скопје. Секоја понуда која содржи место на испорака поинаков од утврденот во оваа точка ќе се смета за неприфатлива и како таква ќе биде одбиена од страна на комисијата за јавни набавки.
Рокот и местото на испорака се задолжителни.
7.2.3 Гарантен рок (гаранција) на возилата изнесува минимум 3 (три) години гаранција на мотор без ограничување на километражата, минимум 5 години гаранција на боја и минимум 10 години гаранција против корозија на каросеријата.. Понудувачот може да понуди и подолг гарантен период од производителот, но истиот нема да биде предмет на бодирање.
Секоја понуда во која се нуди гарантен рок пократок од утврдениот во оваа точка ќе се смета за неприфатлива и како таква ќе биде одбиена од страна на комисијата за јавни набавки.
7.3 Корекција на цени
7.3.1 Корекција на цените на предметот на договорот за јавна набавка не се дозволени и истите ќе останат фиксни за целото времетраење на договорот.
7.4 Авансно плаќање
7.4.1 За извршување на договорот за јавна набавка не е дозволено авансно плаќање.
7.5 Гаранција за квалитетно извршување на договорот
7.5.1 Услов за потпишување на договорот со избраниот најповолен понудувач е обезбедување гаранција од страна на избраниот најповолен понудувач за квалитетно извршување на договорот во висина од 10% (десет%) од вредноста на договорот.
7.5.2 Гаранцијата од точка 7.5.1 се доставува во вид на банкарска гаранција во писмена форма. Гаранцијата треба да биде поднесена во оригинална форма. Копии не се прифаќаат.
7.5.3 Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот ќе биде со важност до целосното реализирање на договорот. Договорниот орган по извршениот избор на најповолен понудувач дополнително го утврдува крајниот датум на важност на гаранцијата.
7.5.4 Банкарската гаранција за квалитетно извршување на договорот ќе биде во валутата на која гласи договорот.
7.5.5 Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот се доставува во определениот рок, и тоа: по пошта или лично на лицето за контакт за административни прашања од точка 1.2.2 од тендерската документација.
7.5.6 Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот ќе биде наплатена доколку носителот на набавката не исполни некоја од обврските од договорот за јавна набавка во рокот на стасаноста.
7.5.7 Во случај на неисполнување на некоја од обврските од договорот за јавна набавка согласно договореното, договорниот орган писмено ќе го извести носителот на набавката дека ќе пристапи кон наплата на банкарската гаранција за квалитетно извршување на договорот.
7.5.8 Доколку договорот за јавна набавка е целосно реализиран согласно договореното, банкарската гаранција за квалитетно извршување на договорот договорниот орган му ја враќа на носителот на набавката во рок од 14 дена од целосното реализирање
на договорот.
7.5.9 Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот договорниот орган му ја враќа на носителот на набавката по пошта, лично во седиштето на економскиот оператор или лично во седиштето на договорниот орган.
8. ПОНИШТУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА
8.1 Договорниот орган може да ја поништи постапката за доделување на договор за јавна набавка ако:
- бројот на кандидати е понизок од минималниот број предвиден за постапките за доделување на договор за јавна набавка согласно со овој закон,
- не е поднесена ниту една понуда или ниту една прифатлива понуда,
- се поднесени прифатливи понуди кои не можат да се споредат поради различниот пристап во техничките или финансиските понуди,
- настанале непредвидени промени во буџетот на договорниот орган,
- понудувачите понудиле цени и услови за извршување на договорот за јавна набавка кои се понеповолни од реалните на пазарот,
- оцени дека тендерската документација содржи битни пропусти или недостатоци,
- поради непредвидени и објективни околности се промениле потребите на договорниот орган или
- договорниот орган не може да изврши избор на најповолна понуда поради битни повреди на законот согласно со членот 210 од овој закон.
II. СТАНДАРДИ ЗА СИСТЕМИ ЗА КВАЛИТЕТ И ТЕХНИЧКИ СПЕЦИФИКАЦИИ
II.1 Стандарди за системи за квалитет
II.1.1 Предметот на набавка треба да ги задоволува општите ISO стандарди за квалитет и важечките норми, стандарди и атести за ваков тип на набавка, што важат во РМ, а кои се во согласност со европските стандарди.
II.1.2 Економскиот оператор го докажува исполнувањето на стандардите од потточка II.2.1 со доставување на:
- Сертификати за квалитет за предметот на набавката од производителот
Набавката да биде извршена во согласност со ЕУ стандардите, нормативите, прописите и техничката регулатива за ваков вид на стоки, како што се бара во техничката спецификација.
Понудувачот да достави доказ дека понудените производи се во согласност со европските стандарди, односно дека истите се усогласени со техничките спецификации што се користат во Европската унија, како што се бара во техничката спецификација.
Доколку економскиот оператор не достави доказ дека предметот на набавка е изработен согласно со бараните стандарди во техничката спецификација, договорниот орган ќе ја отфрли доставената понуда како понуда што не одговара на условите од тендерската документација и техничката спецификација.
II.2 Техничка спецификација
- технички карактеристики за средно возило продолжена кабина (кипер)
- мотор: четири цилиндричен дизел – турбо полнет мотор со водено ладење Еуро 5
- зафатнина на моторот најмногу max 2300 см³
- моќност најмалку min 107 KW
- меѓуосно растојание: max 3690 мм
- погон на возило: задни тркала двојни
- предна осовина: независни тркала
- кабина: места за седење: 6 + 1
- должина: max 6195 мм
- ширина max 2470 мм
- тежина на товар max 2500 кг
- опрема на возилото: резервно тркало, клуч за резервно тркало, дигалка за возило, триаголник, прва помош, сајла за влечење, патосници
- надградба: товарен сандак – кипер
- отварање на сите 3 (три) страници на сандакот
- на возилото да биде монтирана влечна кука со дијаметар Ф 40 мм
- влечна кука со клин со автоматско забравување за дијаметар на окцето на приколката 40 мм
- куката да има карактеристики за влечење на бруто товар 3500 кгр
- понудените куки треба да ги задоволуваат стандардите за квалитет и важечките норми, стандарди и атести за ваков тип на возила и опрема што важат во РМ
- електронска контролна единица за електрична инсталација изведена на возилото за приклучување на приколката
- возилото да поседува вградено жолто ротационо светло
- возилото да поседува покривно церадно платно на сандакот (ПВЦ со тежина на 1 м² од 650–700 гр)
- возилото да поседува подно церадно платно на сандакот (ПВЦ со тежина на 1 м² од 950–1000 гр)
- боја на возилото сина
- бесплатна техничка проверка на исправноста на возилото на секои 6 (шест) месеци во овластен сервис/сервиси на економскиот оператор
- гаранција: минимум 3 (три) години гаранција на мотор без ограничување на километражата, минимум 5 (пет) години гаранција на боја, минимум 10 (десет) години гаранција против корозија на каросеријата
МОДЕЛ НА ДОГОВОР СО ЗАДОЛЖИТЕЛНИ ЕЛЕМЕНТИ НА ДОГОВОР ЗА ИСПОРАКА НА СТОКИ
Склучен на ден меѓу
ДОГОВОРНИ СТРАНИ
1. ЈП Водовод и канализација Скопје, ул. Лазар Личеноски бр. 27 Скопје, со ЕДБ 4030992177811, застапувано од Директорот Xxxx Xxxxxxxxxx, во понатамошниот текст Купувач од една страна, и
2. со седиште на
ул.” _” ЕДБ депонент на
со
сметка застапувано од
_ (во понатамошен текст: продавач)
Член 1
Со овој Договор се уредуваат меѓусебните права и обврски на договорните страни во врска со набавка на 7(седум) нови средни возила со продолжена кабина (кипер) (во натамошниот текст:стоки), за потребите на Купувачот согласно техничката спецификација и прифатената понуда, заведена под архивски број од 2010 година, согласно
Одлуката за јавна набавка бр. година, по спроведена отворена постапка бр.
_објавена во Службен весник на Република Македонија број и Одлуката за избор на најповолна понуда бр. _ од 2010 година.
ПРЕДМЕТ НА ДОГОВОРОТ
Член 2
Предмет на овој Договор е набавка и испорака на 7 (седум) нови средни возила со
продолжена кабина (кипер), марка _ согласно техничката
спецификација, тендерската документација и прифатената понуда број од
година, кои се составен дел на овој Договор.
ВРЕДНОСТ НА ДОГОВОРОТ
Член 3
Единечната цена на стоките и поврзаните услуги со вклучени транспортни и други зависни трошоци се утврдени во понудата на Продавачот година, составен дел на овој договор.
Вкупната вредност на договорот изнесува денари без вклучен ДДВ, вредноста на ДДВ изнесува _ денари, вкупната вредност на договорот со вклучен ДДВ изнесува денари.
Вкупната договорна цена на јавната набавка опфаќа: цената на стоката, транспортни трошоци, поврзаните услуги, царински давачки, данок на додадена вредност и други јавни давачки.
НАЧИН, УСЛОВИ И РОКОВИ НА ПЛАЌАЊЕ
Член 4
Купувачот се обврзува плаќањето на Продавачот да го врши вирмански. во рок од 30 дена, по приемот на фактурата во архивата на Купувачот.
Прилог на фактурата е уредно потпишан и заверен записник за примопредавање на предметот на набавката со детална техничка спецификација и опремата на возилата од страна на овластени лица на двете договорни страни.
НАЧИН И РОК НА ИСПОРАКА
Член 5
Продавачот е должен испораката на стоката да ја изврши во рок од 90 дена од денот на склучување на овој Договор по претходна примена порачка од овластено лице од страна на Купувачот
Испораката на стоката се смета за извршена по потпишувањето на записник за примопредавање од овластеното лице на купувачот и овластеното лице на продавачот.
Во случај на доцнење со испорака на стоката од страна на Продавачот, Купувачот има право на надомест на штета и договорна казна- пенали.
Договорната казна се определува во висина од 0,2% за секој ден задоцнување од вредноста на испорачаните стоки со задоцнување, но не повеќе од 5% од вредноста на договорот, при што е потребно веднаш Купувачот, по приемот на стоката, да му врачи на Продавачот писмено известување дека Купувачот го задржува правото на договорна казна.
Утврдената вредност на договорната казна- пенали купувачот ќе ја одбие од вредноста на фактурата при плаќање.
Член 6
Продавачот е должен да ја испорача стоката предмет на овој договор до магацинот на купувачот.
КВАЛИТАТИВЕН И КВАНТИТАТИВЕН ПРИЕМ
Член 7
Квалитативен и квантитативен прием на стоката врши Купувачот, со документ испратница и записник за примопредавање потпишани и заверени од двете договорни страни.
Во текот на примопредавањето се утврдува квалитетот и квантитетот на испорачаните стоки.
Продавачот е должен предметот на набавката опишан во член 2 од овој Договор да
го испорача со квалитет од производителот и согласно
техничката спецификација, доставените сертификати од производителот и прифатената понуда, заведена со архивски број _ составен дел на договорот.
Член 8
Квалитетот на стоките од член 2 од овој договор мора да одговара на условите и барањата определени со следната документација:
-соодветни стандарди – прописи за квалитет на стоките
-проспектна документација од производителот
-упатство за употреба на македонски јазик
Квалитетот го гарантира продавачот во рамки на утврдени стандарди на производителот на стоките, со заверена документација за гаранција.
Со испораката на стоките од член 2 на овој договор, Продавачот се обврзува да достави сертификат за потекло и атест за квалитет (изјава за сообразност на возило со тип на возило).
ГАРАНЦИЈА И ГАРАНТЕН РОК
Член 9
Гарантниот рок изнесува _ _година без ограничување на километражата,
години гаранција за боја, години за гаранција против корозија на каросеријата од денот на извршената испорака на возилата.
Кога Продавачот, му предал на Купувачот гарантен лист со кој производителот го гарантира исправното функционирање на стоката во текот на определено време, сметајќи од неговото предавање на Купувачот, Купувачот може, ако стоката не функционира исправно да бара како од Купувачот, така и од производителот, да ја поправи стоката во разумен рок или ако тоа не го стори, да му предаде стока која функционира исправно.
Член 10
Купувачот може поради неисправното функционирање да бара од продавачот односно од производителот поправка или замена на стоката во текот на гарантниот рок, без оглед на тоа кога се појавил недостатокот во функционирањето.
Член 11
Продавачот се обврзува дека ќе постапува согласно условите наведени во гарантната книшка. Рокот за поправка при интервенции кои не бараат повеќечасовна монтаѓа и при што се вградуваат делови кои се на лагер изнесува 1 (еден) ден, а доколку при поправката е потребно вградување на специфични делови, рокот за поправка и замена на резервниот дел нема да биде подолг од 10 (десет) дена од приемот на писмената пријава за интервенција.
Рокот на поправката или замената на возилото не може да биде подолг од 30 (триесет) дена од денот на поднесеното барање за интервенција од Купувачот. Во спротивно, по истек на овој рок Продавачот се обврзува на располагање да стави заменско возило од иста класа.
Член 12
Продавачот односно производителот е должен на своја сметка да ја пренесе стоката до местото каде што треба да се поправи, односно да се замени, како и поправената, односно заменетата стока да му ја врати назад на Купувачот.
За тоа време Продавачот односно производителот го поднесува ризикот за пропаѓање или оштетување на стоката.
СЕРВИСИРАЊЕ
Член 13
Во гарантниот период без надоместок на секои 6(шест) месеци се врши техничка проверка на исправноста на стоката со извршување на потребните сервисни услуги.
Член 14
Продавачот се обврзува дека во гарантниот период ќе ги отстрани сите грешки и технички недостатоци на испорачаната стока кои настанале при нејзино нормално користење.
Резервните делови за стоката ги обезбедува Продавачот.
Член 15
Редовното сервисирање се врши на месечно/годишно, односно, спрема упатството од производителот на стоката/те.
Член 16
Со поправката на дефектот треба да се започне во најкраток можен рок, а најдоцна во рок од 24 часа од приемот на пријавата за дефект.
Поправката на дефектот ќе се врши врз основа на писмена пријава доставена од страна на Купувачот.
Во случај Купувачот да бара итна интервенција писмената пријава се доставува дополнително.
Член 17
Поправката на дефектите ќе се врши во сервисот на Продавачот, во времетраење на гарантниот рок, според условите во гарантниот лист од производителот на стоките.
Во текот на гарантниот период Купувачот не смее да ја сервисира и одржува стоката во сервисен центар кои немаат овластување од Продавачот.
Евентуално заменетите делови стануваат сопственост на нарачувачот.
ГАРАНЦИЈА ВО ПОСТПРОДАЖЕН ПЕРИОД
Член 18
Добавувачот се обврзува да обезбеди постпродажен сервис и оригинални резервни делови во период од 10 (десет) години по истек на гарантниот рок.
ГАРАНЦИЈА ЗА ИЗВРШУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ, УСЛОВИ И ВАЖНОСТ
Член 19
Продавачот е должен во рок од 3 дена по потпишување на договорот да достави до Набавувач безусловна банкарска гаранција од банка прифатлива за Купувачот со важност до целосно реализирање на договорот, во висина од 10% од вкупната вредност на договор со што гарантира квалитетно извршување на овој договор.
Гаранција за навремено и квалитетно извршување на договорот му се враќа на Продавачот во рок од 14 дена од денот на целосното реализирање на договорот за јавна набавка.
Недоставувањето на банкарската гаранција во договорениот рок, претставува основ за раскинување на овој договор.
ВИША СИЛА
Член 20
Купувачот и Продавачот се согласни ниту една договорна страна да не биде одговорна кон друга за губиток, повреда или неизвршување на одредбите од овој Договор кои се предизвикани од виша сила.
Под виша сила се подразбира се она што е регулирано со Закон за Облигациони односи.
Договорните страни се обврзуваат писмено да ја известат другата договорна страна, во случај на стапување на виша сила во дејство и ќе договорат нови услови за исполнување или раскинување на Договорот.
ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Член 21
Договорот стапува во сила веднаш по неговото потпишување од страна на договорните страни.
Член 22
Продавачот е должен на Купувачот да му ја надомести штетата што ја претрпел поради неисполнување на договорните обврски.
Член 23
Договорот се склучува на македонски јазик и неговото кирилско писмо.
Член 24
Измени и дополни на Договорот можат да се вршат со заедничка согласност на договорните страни по писмен пат.
Договорот може да се изменува и дополнува со Анекс - Договор потпишан од овластените претставници на договорните страин.
Договорот може да се менува со Анекс - Договор само во согласност со одредбите на Законот за јавни набавки и тендерската документација.
Член 25
Во случај на спор договорните страни се согласни спорот да го решат спогодбено. Доколку спорот не се реши спогодбено истиот ќе го решава надлежниот суд во
Скопје.
Член 26
За се што не е предвидено со овој Договор ќе се применуваат одредби од Законот за облигациони односи, Законот за јавни набавки и позитивните законски прописи во РМ.
Член 27
Овој Договор е склучен во 6 (шест) истоветни примероци од кои 4 (четири) за Купувачот и 2 ( два ) за Продавачот.
ПРОДАВАЧ КУПУВАЧ
IV. ОБРАЗЕЦ НА ПОНУДА
Прилог 1
Врз основа на огласот број 49/2010 објавен од страна на ЈП Водовод и канализација Скопје, за доделување на договор за јавна набавка на 7 (седум) нови средни возила со продолжена кабина (кипер) – по спецификација, со спроведување на отворена постапка, со електронска аукција преку Електронскиот систем за јавни набавки (xxxxx://xxx.x- xxxxxxx.xxx.xx), и на тендерската документација која ја подигнавме од договорниот орган, ја поднесуваме следнава:
П О Н У Д А
ДЕЛ I – Информации за понудувачот
I.1.Име на понудувачот: _
I.2. Контакт информации
Адреса: Телефон:_ Факс: Е-пошта:
Ве молиме при внесувањете на податоците за е-пошта да ја внесете исклучиво маил адресата со која што економскиот оператор е рестриран во ЕСЈН заради успешно доставување на Поканата за е-аукција.
Лице за контакт:
I.3. Одговорно лице: _
I.4. Даночен број:
1.5.Согласни сме да ја дадеме оваа понуда за предметот на договорот за јавна набавка согласно со цените и роковите на испорака дефинирани во Листата на цени и рокови на испорака.
1.6. Нашата понудата е составена од следниве делови [соодветно да се прилагоди од страна на договорниот орган]:
Пополнет образец на Понуда составена од Прилог 1 ОПШТ ДЕЛ и ЛИСТИ НА ФИНАСОВА ПОНУДА , дадена како Прилог А,
Пополнет образец на листа на доверливи информации (ако нема доверливи информации, образецот не мора да се доставува),
документи за докажување на личната состојба, дадени како прилог X,
документ за докажување на способноста за вршење на професионална дејност, даден како прилог В,
докази за исполнување на економската и финансиската способност, дадени како прилог Г,
докази за исполнување на техничката или професионалната способност, дадени како прилог X,
парафиран модел на договор, даден како прилог X
. [други документи, како на пример каталози, мостри и слично, доколку се барале од страна на договорниот орган.]
1.7. Со поднесување на оваа понуда, во целост ги прифаќаме условите предвидени во огласот и тендерската документација и не го оспоруваме Вашето право да ја поништите постапката за доделување на договор за јавна набавка согласно со член 169 од Законот за јавните набавки.
Место и датум
Одговорно лице
_ (потпис и печат)
Прилог X
ЛИСТА НА ФИНАНСОВА ПОНУДА И РОКОВИ НА ИСПОРАКА
опис | количина | Единечна цена без ДДВ | Вкупна цена без ДДВ | ДДВ | Вкупна цена со ДДВ |
Средно возило со продолжена кабина (кипер) | 7 |
Вкупната цена на нашата понуда вклучувајќи ги сите трошоци и попусти, без ДДВ, кој е искажан посебно, изнесува: _ _ денари (со бројки)
денари (со букви)
Вкупниот износ на ДДВ изнесува: _ денари (со бројки)
денари (со букви)
Вкупната цена на нашата понуда вклучувајќи ги сите трошоци и попусти, со вклучен ДДВ, кој е искажан посебно, изнесува: _ денари (со бројки)
денари (со букви)
II.2. Гарантен рок на моторот без ограничување на километражата
години (минимум 3 години)
Гарантен рок на боја
Xxxxxxxx рок против корозија на каросеријата години)
( минимум 5 години)
(минимум 10
II.3. Сертификат за квалитет од производителот на предметот на набавката:
II.4. Обезбеден сервис и резервни делови за возилото во постгарантен пертиод во време траење од _ _ години (минимум 10 години)
II.5 Нашата понуда важи за период утврден во тендерската документација. Се согласуваме со начинот на плаќање утврден во тендерската документација.
II.6 Со поднесување на оваа понуда, во целост ги прифаќаме условите предвидени во тендерската документација и приложениот Модел на договор.
II.7 Доколку нашата понуда биде прифатена, се обврзуваме да обезбедиме Гаранција за квалитетно извршување на договорот во вид на банкарска гаранција, во износ од 10 % од вредноста на договорот за јавна набавка.
Место и датум
Одговорно лице
_ (потпис и печат)
V. ОБРАЗЕЦ НА ЛИСТА НА ДОВЕРЛИВИ ИНФОРМАЦИИ
Информации кои се доверливи | Бројот на страниците со тие информации, | Причини за доверливост на тие информации | Временски период во кој тие информации ќе бидат доверливи |