Contract
Триглав Осигурување АД бул. 8-ми Септември бр. 16 1000 Скопје
Посебни услови за осигурување животни во карантин
УС-жив-кар 16-1-мк
член 1: предмет на осигурување
[1] Предмет на осигурување по овие Посебни услови можат да бидат: копитари, говеда, овци, кози, свињи, егзотични животни и дивеч за време на издржување карантин во кој се наоѓаат под специјален режим, пропишан од овластена ветеринарна служба.
член 2: опасности опфатени со ова осигурување и исклучоци
[1] Осигурувачот има обврска да надомести штета од следните опасности:
1) пцовисување и присилно колење поради болест или несреќен случај.
Доколку е одделно договорено, осигурувањето ја покрива и опасноста од губење на плодот поради абортирање или раѓање на мртов плод само за копитари, говеда, овци, кози и свињи.
[2] Со ова осигурување не се опфатени опасностите кои настануваат поради:
1) заразни болести наведени во Законот за ветеринарство.
член 3: сума на осигурување
[1] Животните во карантин се осигуруваат според нивната набавна вредност.
член 4: утврдување и пресметка на штета
[1] Настанатата штета се утврдува и проценува согласно Општите услови за осигурување на животни, освен кај поширокото покритие во случај на абортирање или раѓање на мртов плод. Вредноста на плодот, односно младенчето, се одредува во висина од 20% од вредноста на мајката.
[2] За времетраењето на карантинот, осигуреникот е должен на осигурените животни да ги изврши сите потребни и пропишани ветеринарно-санитарни мерки на свој трошок, доколку не е поинаку договорено.
член 5: почеток и престанок на обврската на осигурувачот
[1] Обврската на осигурувачот започнува од моментот кога ќе престане транспортното осигурување, односно од моментот на сместувањето на животните во карантин, и трае за времето до кога е со договор одреден карантинот. Кај ова осигурување не се применуваат одредбите за каренца.
[2] Обврската на осигурувачот престанува во 24:00 часот од последниот ден на траење на карантинот, или порано, во оној час кога животните ќе го напуштат карантинот.
член 6: примена на општите услови за осигурување животни
[1] За осигурувања склучени по овие Посебни услови се применуваат и одредбите од Општите услови за осигурување животни, ако не се во спротивност со нив.
[2] Овие Услови влегуваат во сила со денот нa донесувањето.
[3] Со влегување во сила на овие Услови престануваат да важат Посебните услови за осигурување на животни за време на издржување карантин од 28.06.2002 година.