Contract
Наш број: Скопје, година
РАМКОВЕН ДОГОВОР
ЗА ПЛАТЕЖНА СМЕТКА И ПЛАТЕЖНИ УСЛУГИ ЗА ПРАВНО ЛИЦЕ
ДОГОВОРНИ СТРАНИ
1. УНИВЕРЗАЛНА ИНВЕСТИЦИОНА БАНКА АД Скопје ( во понатамошниот текст: Банката), со седиште на ул.
„Xxxxxx Xxxxx“ бр.6, Скопје, со ЕМБС: 4646088 и ЕДБ: 4030993252736, број на сметка: 240000000000126, свифт адреса: UIBMMK22, веб-страница: xxx.xxxxxxx.xx, е-пошта: xxxxxxx@xxxxxxx.xxx.xx, телефон за контакт: 02 3 111-111. Надлежен орган за надзор на Банката е Народната Банка на Република Северна Македонија.
2. Име и презиме:
, адреса на живеење:
, ЕМБГ:
----, контакт адреса контакт е-маил: ---------------------------------, контакт телефон (во
понатамошниот текст: Корисник на платежни услуги или Корисникот.
ОПШТИ ОДРЕДБИ
Член 1
Со Рамковниот договор за платежни услуги за правни лица (во понатамошен текст: Договор) се регулираат меѓусебните права, обврски и одговорности за отворање, одржување и затворање на платежна сметка, извршувањето на поединечни и последователни платежни трансакции, како и начинот на извршување на платежни услуги поврзани со платежната сметка во Банката во согласност со важечки законски и подзаконски прописи.
Xxxxxxx ја отвара сметката број односно IBAN и управува со истата од името и за сметка на Корисникот по подолунаведените услови.
Xxxxxxx го склучува овој Договор врз основа на Барање за отворање на платежна сметка од Xxxxxxxxxx, кој е составен дел на овој Договор. Кон барањето барателот доставува и примерок од потписите на лицата кои дејствуваат во негово име и за негова сметка (анг.Specimen). Потписите на овие лица е потребно да се депонираат кај Банката или да бидат заверени на Нотар.
Корисникот на платежни услуги потврдува дека пред потпишувањето на овој Договорот на јасен и недвосмислен начин бил запознаен со содржината на истиот и воедно е запознат и согласен со условите и одредбите од Општите услови за платежна сметка и платежни услуги, Општите услови за користење на услуги во електронските сервиси, Тарифата на надоместоци на Универзална Инвестициона Банка АД Скопје (во понатамошниот текст: Тарифа на надоместоци), Информативниот документ за надоместоците и Поимникот.
ПЛАТЕЖНИ УСЛУГИ
Член 2
На барање на Корисникот, Банката може да одобри користење на следните платежни услуги:
1) внесување готовина на платежна сметка, отворање, одржување и затворање на таа сметка;
2) повлекување готовина од платежна сметка, како и сите активности поврзани со отворање, одржување и затворање на таа сметка;
3) извршување на платежни трансакции, вклучувајќи пренос на парични средства на платежна сметка кај Банката на Корисникот или кај друг давател на платежни услуги:
а) извршување на директни задолжувања, вклучувајќи еднократни директни задолжувања;
б) извршување на платежни трансакции со платежни картички или интернет банкарство и мобилна апликација, в) извршување на кредитни трансфери, вклучувајќи трајни налози.
4) извршување на платежни трансакции кај коишто паричните средства се обезбедени со дозволено пречекорување за корисникот на платежни услуги:
а) извршување на директни задолжувања, вклучувајќи еднократни директни задолжувања;
б) извршување на платежни трансакции со платежни картички или интернет банкарство и мобилна апликација и в) извршување на кредитни трансфери, вклучувајќи трајни налози.
5) издавање платни инструменти и/или прифаќање платежни трансакции;
6) парични дознаки;
7) услуги за иницирање на плаќања x
8) услуги за давање информации за платежните сметки.
Платежните услуги кои се однесуваат на платежни картички, интернет банкарство и мобилна апликација, траен налог и дозволено пречекорување, Корисникот потпишува посебен Договор со кој се регулира работењето со конкретните производи/услуги, како и правата и обврските при користењето на истите.
Член 3
Со потпишување на овој Договор, Xxxxxxxxxx потврдува дека е запознаен и согласен со содржината од Општите услови за платежна сметка и платежни услуги, Тарифата на надоместоци и Информативниот документ за надоместоците.
Горенаведените документи се јавно објавени и достапни на веб-страницата на Банката на следниот линк https://xxx.xxxxxxx.xx/xx-XX/xxxxxx.xxxx#!#platezna-smetka , а врз основа на барање од Корисникот, Банката може да му ги даде и во хартиена форма или на друг траен медиум.
Составен дел на овој Договор се следните документи:
- Барањето за отворање платежна сметка и користење платежни услуги/производи,
- Општи услови за платежна сметка и платежни услуги,
- Тарифа на надоместоци,
- Поимник x
- Информативен документ за надоместоците.
ПРАВА, ОБВРСКИ И ОДГОВОРНОСТИ
Член 4
Xxxxxxx се обврзува дека при извршувањето на платежните услуги предвидени со овој Договор:
- ќе ги почитува одредбите од овој Договор, Општите услови за платежна сметка и платежни услуги, Тарифата на надоместоци на Банката, Законот за платежни услуги и платни системи, Законот за девизно работење, како и други прописи кои ги регулираат платежните услуги или се поврзани со нив;
- На Корисникот ќе му овозможи:
- сигурен и ефикасен начин на работа со платежната сметка при извршувањето на платежни услуги, согласно одредбите на овој Договор;
- тајност на податоците, согласно законските прописи;
- заштита на податоците за Xxxxxxxxxx, согласно законските прописи, интерните акти и правилата на Банката.
Xxxxxxx го задржува правото да одбие воспоставување деловна соработка или извршување конкретна платежна трансакција, како и без согласност на Корисникот да ја блокира можноста за користење на сите или одредени производи и услуги предвидени со овој Договор, во случај кога Корисникот до Банката нема да ги достави сите неопходни информации, податоци и документација побарани во согласност со регулативата за спречување перење пари и финансирање на тероризам и друга релевантна законска регулатива.
Член 5
(1) Корисникот се обврзува при вршење на платежните трансакции, издавање платни налози, употреба на платежни инструменти, т.е при користење на платежните услуги на Банката, дека:
- ќе постапува согласно одредбите од овој Договор, Општите услови за платежна сметка и платежни услуги, како и во согласност со Законот за платежни услуги и платни системи, Законот за девизно работење и други прописи кои ги регулираат платежните услуги и
-при извршување на платните налози, на барање на Банката ќе ѝ ги достави сите неопходни податоци и документација во согласност со релевантна законска регулатива, како и законската регулатива за спречување перење пари и финансирање на тероризам.
Корисникот е одговорен за точноста и потполноста на податоците во платните налози или инструкциите испратени до Банкатa. Xxxxxxx нема да земе предвид и нема да постапува по платни налози со стар датум на извршување, како и непотполни или неправилно пополнети платни налози.
Корисникот ја сноси целокупната одговорност и штета настаната во случај на непридржување кон одредбите од овој Договор, како и во случај на нејасни, нецелосни или непрецизни податоци наведени во платните налози.
Корисникот со потпишување на овој Договор е изрично согласен и ја овластува Банката без негова дополнителна согласност, од средствата на сите платежни сметки кои Корисникот ги има во Банката, да воспоставува налози и да врши наплата на сите надоместоци, трошоци и побарувања кои може да произлезат од работењето на Корисникот со Xxxxxxx по основ на кој било производ или услуга кои Корисникот ги користи во Банката.
ПЛАТЕЖНИ КАРТИЧКИ
Член 6
Банката соглaсно доставено барање од страна на Корисникот му издава дебитна платежна картичка поврзана со платежната сметка.
Корисникот се обврзува да ја користи платежната картичка соглaсно условите наведени во посебниот Договор за дебитна платежна картичка (MasterCard® /Visa®).
Банката соглaсно доставено барање од страна на Корисникот му издава кредитна платежна картичка поврзана со платежната сметка на Корисникот. Корисникот се обврзува да ја користи платежната картичка согласно условите наведени во посебниот Договор за револвинг денарски кредит кој се користи со кредитна картичка (MasterCard® /Visa®).
ДОЗВОЛЕНО ПРЕЧЕКОРУВАЊЕ НА ПЛАТЕЖНА СМЕТКА
Член 7
Врз основа на Договорот за дозволено пречекорување, Xxxxxxx на платежната сметка на Xxxxxxxxxx го става на располагање договорениот износ на средства што може да го користи Корисникот кога на платежната сметка нема веќе сопствени парични средства. Во Договорот за дозволено пречекорување се одредуваат максималниот износ на парични средства коишто може да ги користи Корисникот, како и надоместоците и каматите, доколку ги наплатува од Корисникот.
ТРАЕН НАЛОГ
Член 8
Корисникот може да и даде инструкции на Xxxxxxx да извршува трансфери во редовни временски интервали или на однапред утврдени датуми од платежната сметка на Корисникот.
За извршување на трајниот налог, Банката и Корисникот на платежна сметка потпишуваат Договор за налог односно Договор за траен налог.
КАМАТА, НАДОМЕСТОЦИ И ДЕВИЗНИ КУРСЕВИ
Член 9
Xxxxxxx пресметува и евидентира активни и пасивни каматни стапки на платежната сметка во висина и согласно Политиката за висината на каматни стапки. Каматните стапки се променливи согласно Политиката за висина на каматни стапки.
Надоместоците за отворање, затворање и одржување на платежната сметка, надоместоците кои произлегуваат од работењето со платежната сметка, вршењето на трансакции или од користењето на производи и услуги од страна на Корисникот, Банката ќе ги пресметува и наплатува од Корисникот согласно Xxxxxxxx на надоместоци на Банката, а Корисникот се обврзува да ѝ ги плати на Банката сите надоместоци за извршените активности од овој Договор.
Видот и висината на надоместоците се променливи согласно Тарифата на надоместоци на Банката и за секоја промена Банката ќе го извести Корисникот преку контакт податоците наведени во овој договор (електронско поштенско сандаче, СМС, е-пошта, извод, контакт адреса) со информација каде истите ќе бидат ставени на располагање.
Банката е должна да го извести Корисникот за промена на Тарифата на надоместоци најдоцна 2 (два) месеци пред датумот на примена на измената.
По истек на рок од 10 (десет) дена од доставеното известување, ќе се смета дека Xxxxxxxxxx измените ги прифатил и за истите е уредно известен.
Банката, по истек на тековната година, на Корисникот му дава Извештај за сите наплатени надоместоци за услугите поврзани со платежната сметка преку контакт податоците наведени во овој договор (електронско поштенско сандаче, СМС, е-пошта, извод, контакт адреса) со информација каде истите ќе бидат ставени на располагање. По истек на рок од 10 (десет) дена од доставеното известување, ќе се смета дека Xxxxxxxxxx го подигнал извештајот.
КОМУНИКАЦИЈА ПОМЕЃУ СТРАНИТЕ
Член 10
Договорните страни се согласни комуникацијата помеѓу нив да се одвива врз основа на податоците дадени во овој договор и согласно Општите услови.
Корисникот има обврска да ја извести Банката во рок од 7 (седум) дена од настанување на било која промена на неговите податоци, на овластените лица за работа со платежната сметка и на сите други податоци и документација кои Корисникот ги доставил при склучувањето на овој Договор.
Корисникот презема целосна одговорност од било какви последици кои може да настанат како резултат на ненавремено пријавување на сите релевантни промени.
Доколку Корисникот не ја извести Банката за промена на адреса, Банката за уредна и валидна адреса за достава на известувања по пошта кои се поврзани со работењето со платежната сметка и/или во постапка за присилна наплата на побарувања, ќе ја смета последната пријавена контакт адреса.
ИЗВЕСТУВАЊЕ
Член 11
Банката за сите промени на состојбата на платежната сметка изготвува Извод на состојба и промет од платежната сметка. Корисникот има обврска да подига Извод на состојба и промет на платежната сметка најмалку еднаш месечно, во спротивно ќе се смета дека Xxxxxxxxxx е уредно известен за состојбата и прометот на платежната сметка на последниот ден од месецот. Корисникот може да го подигне Изводот на состојба и промет на платежната сметка на шалтерите на Банката, како и со користење на услугата Интернет банкарство и Мобилна апликација.
Сите приговори/рекламации во врска со работењето со платежната сметка и извршувањето на платежните трансакции, Xxxxxxxxxx е должен да ги пријави кај Банката во рок од 20 (дваесет) дена по завршување на месецот во кој е евидентирана спорната трансакција на платежната сметка.
Член 12
Корисникот е согласен за промените на одредбите од овој Договор и документите цитирани во член 3 од овој Договор, а кои промени се однесуваат на работењето со платежната сметка, услугите и производите опфатени со овој Договор, Банката да го известува Корисникот преку контакт податоците наведени во овој договор (електронско поштенско сандаче, СМС,извод и е-пошта) со информација каде истите ќе бидат ставени на располагање. По истек на рок од 10 (десет) дена од доставеното известување, ќе се смета дека Xxxxxxxxxx измените ги прифатил и за истите е уредно известен. Корисникот се информира и преку web-страницата на Банката, каде Xxxxxxx редовно ги објавува промените два месеци пред настанување на промената.
Банката е должна да го извести Корисникот за измените од став (1) на овој член најдоцна 2 (два) месеци пред датумот на примена на измената.
Доколку Xxxxxxxxxx пред датумот на примена на промените не ја извести Xxxxxxx дека не се согласува со направените промени односно, не поднесе барање за раскинување на Договорот, се смета дека е согласен со промените и дека ги прифаќа во целост. Доколку Xxxxxxxxxx ја извести Xxxxxxx во предвидениот рок дека не ги прифаќа промените, Xxxxxxx има право еднострано да го раскине Договорот со Xxxxxxxxxx.
Корисникот е запознаен и изрично согласен доколку Xxxxxxx ја менува висината на каматните стапки и/или девизниот курс поради промени на референтната каматна стапка и/или референтниот девизен курс, Xxxxxxx промените да ги применува веднаш, без претходно писмено известување и без да се бара дополнителна согласност од Xxxxxxxxxx.
Член 13
Корисникот се обврзува да врши редовно ажурирање на документацијата за идентификација со која се идентификувал кај Банкаѕа веднаш по истекување на рокот на важност на истата. Корисникот се обврзува за сите промени поврзани со неговите податоци доставени кај Банката, како адресните и другите податоци за контакт, податоците за законски застапник или овластено лице и слично, писмено во рок од 7 (седум) дена од денот на настанувањето на измените да ја извести Банката.
Член 14
Банката, согласно овој Договор и Општите услови за платежна сметка и платежни услуги, ќе му овозможи на Корисникот една или повеќе услуги и производи поврзани со платежната сметка да ги користи како дел од пакет-услуги врз основа на поднесено Барање од Корисникот. Во барањето ќе бидат утврдени конкретните услуги и производи кои влегуваат во секој поединечен пакет со точно дефинирани надоместоци кои Корисникот е должен да ги плати на Банката врз основа на избраниот пакет-услуги.
ЗАШТИТНИ И КОРЕКТИВНИ МЕРКИ
Член 15
Корисникот на платежни услуги кој е овластен да го користи платниот инструмент е должен да ги преземе сите разумни мерки за заштита на корисничките сигурносни обележја на платниот инструмент, да го користи платниот инструмент во согласност со договорните услови како и да ја извести Банката веднаш по добивање сознание за губење, кражба, злоупотреба или неавторизирано користење на платниот инструмент.
Корисникот на платежни услуги се обврзува да ги почитува и применува корективните марки предвидени во Општите услови. Одговорноста за неавторизирани платежни трансакции се утврдува врз основа на Општите услови и позитивните законски прописи.
ВАЖЕЊЕ, ИЗМЕНИ И РАСКИНУВАЊЕ НА РАМКОВНИОТ ДОГОВОР
Член 16
Овој Договор се склучува на неопределено време и стапува на сила со денот на потпишување од страна на Xxxxxxx и Корисникот.
Начинот и условите на измена на овој Договор се уредени во Општите услови.
Банката е должна да го извести Корисникот за измените на овој Договор најдоцна 2 (два) месеци пред датумот на примена на измената.
Корисникот и Xxxxxxx се согласни постапката на раскинување на овој Договор да се врши под услови, на начин и во рокови согласно Општите услови.
Доколку настанат промени во законските прописи што го регулираат работењето со платежната сметка и вршење на платежните услуги, Xxxxxxx ќе ги примени новите законски прописи и одредби кои што ќе влезат во сила во времето на важење на овој Договор. Доколку таквите промени се несоодветни на деловните интереси на Xxxxxxxxxx има право да го раскине овој Договор во законски предвидениот рок.
Корисникот може да го раскине овој Договор и да ја затвори платежната сметка во секое време, со отказен рок, кој не може да биде подолг од 30 (триесет) дена.
Банката може еднострано писмено да го раскине овој Договор во случаи утврдени од страна на Xxxxxxx при примена на мерки на анализа на Xxxxxxxxxx, негова прифатливост и неговото работење согласно важечките законски и подзаконски прописи и интерните акти на Банката, со доставување на известување најмалку 2 (два) месеци пред раскинувањето.
ПРАВНА ЗАШТИТА НА КОРИСНИКОТ НА ПЛАТЕЖНИ УСЛУГИ
Член 17
Правната заштита на Корисникот е опишана во точка 8 од Општите услови за платежна сметка и платежни услуги, кои се прилог и составен дел на овој Договор.
ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Член 18
Овој Договор се склучува на неопределено време. Секоја промена, како и постапката за раскинување на овој Договор, договорните страни се согласни да се врши согласно одредбите од овој Договор и Општите услови за платежна сметка и платежни услуги.
За сè што не е предвидено со овој Договор важат законските прописи и актите на Xxxxxxx. Во случај на спор по овој Договор надлежен е судот во Скопје.
Член 19
Овој Договор е составен во 2 (два) еднакви примерока, од кои по 1 (еден) задржува секоја договорна страна.
Xxxxx | Xxxxxxxx |
УНИВЕРЗАЛНА ИНВЕСТИЦИОНА БАНКА АД Скопје |