Ул. Македонија бр. 25, палата Лазар Поп-Трајков - 6ти спрат • 1000 Скопје, Република Македонија Централа 02 3233-580 • Факс: 02 2556 004 / 02 3233-586 • www.erc.org.mk • e-mail: erc@erc.org.mk
РЕГУЛАТОРНА КОМИСИЈА ЗА ЕНЕРГЕТИКА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
С О О П Ш Т Е Н И Е
Потпишан Договор за соработка помеѓу Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија и Регулаторната комисија за енергетика и води на Република Бугарија
Почитувани,
Би сакале да ја известиме јавноста дека денеска, 18 септември 2017 година (понеделник), во Скопје, се потпиша Договор за соработка помеѓу Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија (РКЕ) и Регулаторната комисија за енергетика и води на Република Бугарија (РКЕВ).
Договорот, во име на РКЕ, го потпиша претседателот и член на РКЕ, г-дин Xxxxxxx Xxxxxx, додека во име на РКЕВ, Договорот го потпиша членот и шеф на делегацијата, г-дин Xxxxxxxxxx Xxxxxxxx.
Со Договорот за соработка се надградува досегашната пракса на добра соработка помеѓу регулаторните комисии од двете држави и се воспоставува институционална рамка за продлабочување на соработката на билатерално и мултилатерално ниво, размена на искуства и информации од взаемен интерес, взаемна поддршка во градењето капацитети, соработка во имплементацијата на европските директиви и регулативи од областа на енергетиката, како и трансфер на знаења во доменот на регулирањето на водните услуги.
Воедно, со Договорот за соработка се очекува и зајакнување на активностите од регулаторен аспект во очекуваните идни процеси за изградба на нови интерконективни поврзувања, особено во доменот на природниот гас, како и генерално зајакната интеграција на пазарите на природен гас и електрична енергија, во контекст на креирањето единствен европски пазар на енергија.
После потпишувањето на Договорот за соработка, следуваа презентации од страна на двете делегации, како и дискусија за клучни теми и можни заеднички активности во следниот период.
Со почит,
РЕГУЛАТОРНА КОМИСИЈА ЗА ЕНЕРГЕТИКА
Во продолжение фотографии од настанот
Ул. Македонија бр. 25, палата Лазар Поп-Трајков - 6ти спрат • 1000 Скопје, Република Македонија Централа 00 0000-000 • Факс: 02 2556 004 / 00 0000-000 • xxx.xxx.xxx.xx • e-mail: xxx@xxx.xxx.xx