Contract
Врз основа на член 203 од Законот за работни односи (,,Службен весник на Република Македонија,, бр. 62/2005 и 106/2008) и согласно член 5 од Општиот колективен договор за јавниот сектор на Република Македонија (,,Службен весник на Република Македонија,, бр. 10/2008), Министерството за образование и наука на Република Македонија и Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Република Македонија на 30 јануари 2009 година, го склучија следниот
КОЛЕКТИВЕН ДОГОВОР
за изменување и дополнување на Колективниот договор за средното образование во Република Македонија
Член 1
Во Колективниот договор за средното образование во Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 65/95 и 41/05) членот 30 се менува и гласи:
„Член 30
Најниската плата за одделени степени на сложеност за полно работно време и нормален учинок на работникот, се утврдува така што износот на најниската плата за најнизок степен на сложеност се множи со соодветниот коефициент за степен на сложеност и тоа:
I. ГРУПА
Едноставна и рутинска работа за обавување на работните задачи:
-општ работник
Коефициент на сложеност 1,00
II. ГРУПА
Помалку сложени работи и задачи, односно работа со едноставни средства за работа:
-хигиеничар,
-чувар,
-перачка во училишта за деца со посебни образовни потреби и ученичките домови во состав на средните училишта,
-сервирка-садомијач во училишта за деца со посебни образовни потреби и ученичките домови во состав на средните училишта.
Коефициент на сложеност 1,182.
III. ГРУПА
Средно сложени работи и задачи , за кои се потребни потесни познавања за работата:
-ложач,
-ракувач на парни котли, Коефициент на сложеност 1,616.
IV. ГРУПА
Посложени работи кои бараат поголем степен на самостојност во извршување на работите:
1. Подгрупа
-xxxxxx xxxxxxx,
-готвач,
-хаус- мајстор.
Коефициент на сложеност 1,753.
2. Подгрупа
-благајник-администратор,
-негувател во ученички дом. Коефициент на сложеност 1,890.
3. Подгрупа
-соработник во практична настава (демонстратор, лаборант и други соработници).
Коефициент на сложеност 1,959.
V. ГРУПА
Многу сложени работи кои бараат креативност во нивното извршување:
-секретар-администратор.
Коефициент на сложеност 2,164
VI. ГРУПА
Високо сложени работи сврзани поврзани со изведдување на настава и стручни работи што бараат дополнително познавање на подрачјето на кое работат со самостојност и креативност во нивното извршување:
1. Подгрупа
-наставник-почетник,
-воспитувач-почетник,
-стручен соработник-почетник,
-секретар,
-библиотекар.
Коефициент на сложеност 2,369.
2. Подгрупа
-наставник,
-воспитувач.
Коефициент на сложеност 2,575.
3. Подгрупа
--стручен соработник. Коефициент на сложеност 2,643.
4. Подгрупа
-наставник-xxxxxx,
-воспитувач-ментор.
Коефициент на сложеност 2,592.“
Член 2
Во членот 32 броевите „0,15“ и „0,30“ се заменуваат со броевите
„0,103“ и „0,206“.
Член 3
Во членот 33 бројот „0,20“ се заменува со бројот „0,137“.
Член 4
Во членот 34 бројот „0,20“ се заменува со бројот „0,137“.
Член 5
Овој Колективен договор влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија”, а се применува од 1 јануари 2009 година.