Contract
ПОСЕБНИ УСЛОВИ ЗА ЖИВОТНО ОСИГУРУВАЊЕ ВО СЛУЧАЈ НА СМРТ ПОВРЗАНО СО КРЕДИТИ
I. Што е договорот за осигурување во случај на смрт и од што се состои
1. Договорот за осигурување е писмен договор кој ги уредува меѓусебните односи на договорните страни на истиот. Покрај овие услови, составен дел на договорот за осигурување е полисата и писмената понуда за осигурување.
II. Значење на поимите кои се користат во условите
Осигурител: Акционерско друштво за осигурување XXXXX XXXX – Виена Иншуренс Груп Скопје (во понатамошниот текст: „осигурителот“). Страната од договорот за осигурување која има обврска да го реализира договорот за животно осигурување во однос на осигурените ризици.
Осигуреник: Страната од договорот за осигурување која склучила договор со осигурителот и која има обврска да му ја плати на осигурителот премијата од осигурувањето. Договорувачот на осигурувањето и осигуреникот мора да биде едно исто лице
Понуда: Официјален документ потпишан од страна на Осигуреникот и лиценцираниот агент кој ги содржи сите валидни параметри кои ќе бидат составен дел од полисата. Дата на понудата е денот на нејзиното потпишување.
Прашалник: прашалникот е составен дел на понудата за животно осигурување, кој може да биде позитивен или негативен во зависност од дадените одговори од осигуреникот.
Полиса: Документ за склучување договор за осигурување.
Прием во осигурување: Xxxxxxx на потишување на понудата и трансферот на премијата на сметка на Осигурителот.
Осигурен случај: Настанување на смрт поради несреќен случај или болест.
Осигурена сума: Обврска на осигурителот од договорот за осигурување врз основа на она што се договориле страните.
Осигурителна премија: Износот кој договорувачот на осигурувањето е должен да му го плати на осигурителот врз основа на договорот за осигурување.
Винкулација е доделување на правата за исплата од полисата за животно осигурување на банката во случај на настанување на штета, односно настанување на осигурениот случај. То значи дека доколку настане осигурениот случај, осигурителното друштво ќе и го исплати осигурениот износ на банката, наместо на корисниците. Винкулација на осигурување се врши во случај кога полисата за осигурување се користи за обезбедување на исплата на кредитот.
III. Понуда и полиса
Член 1
1. Полиса за осигурување во случај на смрт‐ се склучува врз основа на писмена понуда. Понудата мора да биде потпишана од страна на осигуреникот.
2. Понудата за животно осигурување мора да ги содржи сите важни елементи кои се потребни за склучување на полисата за осигурување.
3. Сите податоци што се наведени во понудата мора да бидат точни и вистинити.
4. Според податоците кои се наоѓаат во писмената понуда на животното осигурување, осигурителот го задржува правото да бара дополнителни податоци (на пр. Лекарски преглед) за цели на склучување на Полисата.
5. Осигурителот има право да ја одбие понудата за осигурување, доколку е доставена врз основа на негативен прашалник. Осигурителот во овој случај ја известува Xxxxxxx за неприфаќањето.
6. Банката за потенцијалниот осигуреник за кој добила негативно известување по електронски пат од осигурителот, нема да издаде понуда.
Член 2
1. Полиса како документ за склучен договор за животно осигурување се издава во еден оригинален примерок. Доколку полисата се винкулира во корист на банка, истата се издава во оригинален примерок на Банката и по барање на осигуреникот може да се издаде копија верна на оригиналот со сите опфатени елементи.
2. Полисата го содржи следното: број на полиса, назив на осигурителот, правен статус, седиште и адреса и контакт телефон на друштвото за осигурување или осигурително брокерско друштво, во случај кога договорот е склучен преку друштво за застапување во осигурување или осигурително брокерско друштво; име и презиме на осигуреникот, ЕМБГ, ризиците опфатени со осигурувањето, почеток и датум на истекување на осигурувањето, осигурена сума (види член 12 точка 3), осигурителна премија, динамика на плаќање, корисник на осигурувањето во случај на смрт, Услови согласно кои е склучено осигурувањето, датум и место на издавање на полисата и потребните потписи.
3. Полисата содржи и предупредување дека Посебните услови се составен дел од договорот за осигурување и дека се дадени на осигуреникот.
IV. Осигурен случај
Член 3
1. Настанот со оглед на кој се склучува осигурувањето (осигурениот случај), мора да биде иден, неизвестен и независен од исклучивата волја на осигуреникот.
2. Полисата за осигурување е ништовна ако во моментот на нејзиното склучување веќе настанал осигурениот случај, односно настанала смрт на осигуреникот.
V. Склучување на договорот
Член 4
1. Полисата за осигурување се смета за склучена кога осигуреникот ќе ја потпише писмената понуда со позитивно одговорен здравствен прашалник, кога ќе биде извршен трансфер на премијата на сметка на Осигурителот од страна на Xxxxxxx и кога полисата ќе биде потпишана од Осигурителот.
2. Осигурителната полиса ја издава и ја потпишува Осигурителот.
3. Осигурителот ја потпишува Xxxxxxxx за осигурување при нејзиното издавање, а потписот на понудувачот во својство на Осигуреник во писмената понуда се сметаат како потписи на Полисата.
4. Осигурителот е обврзан да ги прифати во осигурување сите понуди кои ги доставува Банката, а кои се засновани на позитивниот здравствен прашалник од потенцијалниот осигуреник.
5. Осигурителот е обврзан во рок од 5 работни дена по внесот на податоците од понудата преку апликацијата во електронска форма, или најдоцна во рок од 30 дена доколку е потребен лекарски преглед, да ја извести Xxxxxxx дали ќе ја прифати или одбие доставената понуда. Ако осигурителот не ја одбие понудата во тој рок, а којашто не отстапува од неговите услови за предлог осигурувањето, ќе се смета дека ја прифатил понудата и дека договорот е склучен. Во тој случај ќе се смета дека договорот е склучен кога осигурителот ќе ја добие понудата.
6. Потенцијалниот осигуреник има право да се обрати до Агенцијата за супервизија на осигурување, како надлежен орган за супервизија на друштвото за осигурување до кое може да се достави жалба во однос на друштвата за осигурување и осигурителните брокерски друштва, друштвата за застапување во осигурувањето и застапниците во осигурувањето.
VI. Почеток и истек на осигурувањето
Член 5
1. Почеток и истекување на осигурувањето секогаш е во 00.00 часот првиот ден од месецот. Денот, месецот и годината на почеток и истекување на осигурувањето се наведени во понудата и во полисата.
2. Почетокот на осигурувањето по правило е првиот ден во месецот по месецот на поднесување на понудата и уплата на првата месечна премија.
3. Последната месечна премија која Осигуреникот ќе ја плати кон Осигурителот ќе биде 24 месеци пред истекот на осигурувањето наведен во полисата.
4. Обврската на осигурителот започнува од денот на почнување на осигурувањето, односно денот на потпишување на понудата од страна на осигуреникот, ако до тој датум е платена првата месечна премија.
5. Ако премија не е платена до почетокот на осигурувањето или во договорениот рок, обврската на осигурителот започнува во 24.00 часот на денот кога договорената месечна премија ќе се плати во целост, но не пред почетокот на осигурувањето.
6. Животното осигурување важи до смртта на осигуреникот, а најдолго до 00.00 часот на денот кој на осигурителната полиса е назначен како истекување на осигурувањето.
VII. Привремена осигурителна заштита пред почетокот на обврската
Член 6
1. Осигуреникот има привремена осигурителна заштита во периодот од давање на понудата со платена аконтација на премијата кај осигурителот до почетокот на обврската на осигурителот, а најдолго до 30 дена од денот на давање на понудата.
2. Привремената осигурителна заштита е во висина од 100% од осигурената сума од понудата.
3. Привремената осигурителна заштита важи само ако осигуреникот во периодот на поднесување на понудата бил целосно способен за работа, ако не бил на лечење или под лекарски надзор, ако не боледувал од некоја болест или се занимавал ризична професија или спорт што би спречило прием во осигурување.
VIII. Како се определува и како се плаќа премијата од осигурувањето
Член 7
1. Премиите за осигурувањето се утврдени согласно тарифите и условите на осигурителот во зависност од возраста на осигуреникот, полот на осигуреникот, висината на осигурената сума и периодот на важност на осигурувањето.
2. Пристапната возраст на осигуреникот се пресметува како разлика од годината на почеток на осигурувањето и годината на раѓање на осигуреникот. Долната и горната граница на возраста се определуваат согласно тарифите и условите на осигурителот.
3. За осигурување на лица кои имаат одговорено негативно на прашалникот или се занимава со ризична професија, осигурителот може да процени врз основа на сопствените акти дека треба да примени зголемување на премијата од осигурувањето поради зголемените ризици, и да ја извести Банката и потенцијалниот осигуреник за настнатата промена на премијата.
Член 8
1. Премијата од осигурувањето и осигураната сума се договараат во ЕУР и се плаќаат во денари.
2. Премијата се пресметува и наплатува врз основа на противвредност во денари на износот во евра, според средниот курс на Народна банка на Република Македонија (НБРМ) на денот на плаќањето.
Член 9
1. Премијата се плаќа со еднакви месечни рати.
2. Премијата се плаќа во полниот износ, без смалувања за трошоците од платниот промет.
3. Премијата се плаќа во банка. Ќе се смета дека премијата е платена кога Осигурителот ќе ја прими уплатата.
IX. Последици од неплаќање на осигурителната премија
Член 10
1. Ако Договорувачот на осигурувањето не ја плаќа доспеаната премија од осигурувањето, осигурителот, преку препорачано писмо ќе му достави повик за плаќање на доспеаната премија од осигурувањето.
2. Повикот до Договорувачот на осигурувањето мора да биде доставен со препорачано писмо, чии што трошоци паѓаат на товар на договорувачот. Ако Договорувачот на осигурувањето не ја плати доспеаната премија во рокот кој му е определен во повикот (рокот не може да биде пократок од еден месец од денот на доставување на повикот) ниту тоа да го направи друго заинтересирано лице, осигурителот ќе го раскине договорот. Во тој случај Договорувачот на осигурувањето нема право на поврат на дотогаш уплатените премии.
X. Обврски на осигуреникот на осигурувањето
Член 11
1. Кога се потпишува понудата од страна на осигуреникот, истиот има обврска да го информира осигурителот за сите околности кои се важни за оцената на ризикот, а кои му се познати или пак морал да биде свесен за истите.
2. Ако осигуреникот намерно извести за неточни податоци или намерно премолчи некоја околност од таква природа, така што осигурителот не би ја склучил полисата ако знаел за реалната состојба на работите, осигурителот може да бара поништување на полисата. Доколку полисата е винкулирана во корист на Банката, осигурителот понатамошните активности ќе ги изврши во координација со Банката.
3. Во случај на поништување на полисата од причините наведени во став (2) на овој член, осигурителот има право да ги задржи наплатените премии.
4. Осигурителот го губи правото да бара поништување на полисата за осигурување во рок од 3 (три) месеци од денот откако ќе дознае за намерната неточност на пријавата или за премолчувањето доколку не му изјави на договорувачот на осигурувањето дека има намера да го користи тоа право.
5. Доколку настане осигурен случај како последица на некоја околност или ризик за кој осигуреникот не го информирал осигурителот при склучување на полисата за осигурување иако знаел за реалната состојба, осигурителот нема обврска да ја исплати осигурената сума.
XI. Обврски на Осигурителот кон корисникот на осигурувањето
Член 12
1. Со полисата за осигурување се утврдува осигурената сума која Осигурителот треба да ја плати на Банката или доколку кредитот е предвремено исплатен осигурената сума ќе се исплати на законските наследници на осигуреникот, доколку за време на неговото важење настапи смрт на осигуреникот.
2. Кај животно осигурување само за случај на смрт, се исплаќа осигурената сума ако за време на важење на полисата настапи смрт на осигуреникот.
3. Осигурената сума во текот на траењето е опаѓачка на месечно ниво, согласно амортизациониот план на кредитот и е прикажана во понудата за животно осигурување, додека пак во полисата за животно осигурување прикажана е само почетната осигурена сума.
4. Понудата му е предадена на Договорувачот на осигурувањето, а полисата е предадена на Xxxxxxx при нејзино издавање.
XII. Кој може да биде осигуреник во полисата за животно осигурување
Член 13
1. Според овие услови може да се осигураат лица постари од 20 години па се до навршени 65 години, ако не е поинаку определено од осигурителот. Максималната возраст за пристапување на осигуреник е определена со тарифникот на осигурителот и зависи од договорениот период на важност на осигурувањето.
2. Лицата кои се болни или се во состојба која претставува зголемен ризик за осигурителот, осигурителот може да склучи осигурување според овие услови, но со плаќање на зголемена премија.
XIII. Случаи во кои одговорноста на Осигурителот е исклучена или ограничена
Член 14
1. Ако осигуреникот изврши самоубиство во првата, втората или третата година од важноста на осигурувањето, осигурителот ќе му ја исплати на банката/корисникот дотогаш собраната математичка резерва. По истекот на рокот од три години на траењето на осигурувањето, осигурителот е обврзан да ја исплати осигурената сума на банката/корисникот.
2. Осигурителот не е обврзан да му ја исплати на банката/корисникот Осигурената сума, туку само собраната математичка резерва, ако смртта на осигуреникот настапила:
• како последица на војна, насилства, воени операции или настани слични на војна.
• како последица на граѓанска војна, револуции, побуни, востанија и граѓански немири и побуни кои настануваат од таквите случувања или тероризам,
• поради детонации на експлозивни средства, мини, торпеда, бомби или пиротехнички средства во рамки на околностите од првите две точка од овој став,
• при обид на осигуреникот или извршување на казнено дело, како и при бегство по таквата активност,
• поради земјотрес,
• поради поплави,
• како директна или индиректна последица од атомска катастрофа,
• како директна последица од пандемија, утврдена од страна на соодветни државни тела,
• кога осигуреникот по било кој основ ја прекрши важечката законска регулатива.
XIV. Располагање со правата од осигурувањето
Член 15
1. Сите права од полисата за животно осигурување и припаѓаат на Банката, освен ако Осигуреникот не го исплати кредитот предвремено. Доколку кредитот е предвремено исплатен, Xxxxxxx е должна да му ја предаде оригиналот полиса на Осигуреникот и да го извести Осигурителот за прекинот на винкулацијата.
XV. Пријава за осигурен случај‐во случај на смрт на осигуреникот
Член 16
1. Лицата кои имаат право на осигурен износ имаат обврска, кога ќе настапи осигурениот случајот, да му поднесат на осигурителот писмена пријава.
2. Заедно со пријавата од претходниот став се поднесуваат и следните документи:
• Оригиналот полиса за животно осигурување
• Извадок од книгата на умрени
• Лекарска потврда од лекарот кој последен го лечел починатиот или ако немало лечење, потврда од друг лекар или службена потврда, или записник од надлежен орган доколку смртта настапила поради несреќен случај
3. Осигурителот има право да бара и други докази кои се потребни за утврдување на правата за исплата и висината на исплатата.
4. Документацијата која ја придружува пријавата од точка 2, под точка 2 и 3 се поднесува во оригинал или заверена копија. Трошоците кои настануваат врз основа на овие одредби ги поднесува подносителот на пријавата.
XVI. Исплата на осигурената сума
Член 17
1. Осигурената сума ќе се иплаќа според податоците наведени во полисата за животно осигурување.
2. Осигурителот е обврзан да ја исплати осигурената сума во согласност со полисата за осигурување, во рок од 14 (четиринаесет) дена, сметајќи од денот кога осигурителот добил известување дека се случил осигурениот случај заедно со целокупната потребна документација.
3. Меѓутоа, ако за утврдување на постоење на осигурителна обврска или нејзиниот износ е потребно значително време, најкасно до 30 дена овој рок почнува да тече од денот кога е утврдено постоењето на неговата обврска и нејзиниот износ односно од денот кога кај осигурителот пристигнал последниот доказен документ.
4. Осигурениот износ се исплатува според средниот курс на НБРМ на денот на пресметување на исплатата.
XVII. Во случај кога кредитот е предвремено исплатен
Член 18
1. Во случај на прекин на важноста на винкулацијата во корист на Банката односно кога кредитот е предвремено исплатен, кога осигурителот ќе ја исплати осигурената сума на лицето кое би имало право на истата, осигурителот се ослободува од обврската од полисата, ако во моментот на исплата не знаел, нити можел да знае, дека корисникот е определен во тестаментот или друг документ кој не му бил доставен, а корисникот има право да бара враќање од лицето кое ја примило осигурената сума.
XVIII. Корисник на осигурувањето
Член 19
1. Во случај на прекин на важноста на винкулацијата во корист на Банката, корисници на осигурувањето се законски наследници.
Член 20
1. Во случај на прекин на важноста на винкулацијата во корист на Банката, ако корисникот е малолетно лице, надоместокот од осигурувањето ќе му се исплати на родителите, односно старателите.
2. Осигурителот има право од родителите или старателите да бара да обезбедат решение од надлежниот орган за да може да ја примат осигурената сума, односно надоместот кој му припаѓа на малолетникот.
XIX. Издавање дупликат од полисата
Член 21
1. На барање на Осигуреникот на осигурувањето (доколку кредитот е предвремено исплатен, за што добил известување од Банката) или на Банката на чие име е винкулирана полисата, осигурителот настанатата осигурителна полиса ќе ја замени со дупликат по достава на изјава за губење на таа полиса која треба да е нотарски заверена.
XX. Застарување
Член 22
1. Побарувањата од договорот за животно осигурување застаруваат во согласност со одредбите од Законот за облигационите односи.
XXI. Решавање спорови
Член 23
1. Страните се согласуваат и прифаќаат дека сите спорови што ќе произлезат од овој договор ќе се решаваат вонсудски кај осигурителот.
2. Страните се согласуваат дека за сите спорни прашања, жалби или недоразбирања што ќе произлезат од договорот веднаш ќе ја известуваат другата страна.
3. Известувањето од ставот 2 од овој член страните ќе го достават во писмена форма, од кој со сигурност ќе биде јасна неговата содржина, потписот на подносителот и времето кога било испратено.
4. Во врска со приговорите, барањата и сите други спорни прашања ќе одлучува второстепената комисија на осигурителот која се состои од два члена, од кои најмалку еден е дипломиран правник.
5. Одговорот од второстепената комисија се доставува на спротивната страна во писмена форма, без никакви одложувања, најдоцна во рок од 8 дена од прием на приговорот.
6. Во случај кога договорувачот, осигуреникот, односно корисникот на осигурувањето смета дека осигурителот не се придржува кон одредбите од договорот за осигурување, истиот може да достави претставка со цел решавање на настанатиот спор до Агенција за супевизија на осигурување
7. Во случај на судски спор, надлежен суд е судот во Скопје.
XXII. Завршни одредби
Член 24
1. Во врска со односите меѓу осигурителот, осигуреникот, договарачот на осигурувањето, корисникот и другите лица на кои се однесува Договорот, а кои не се опфатени со овие Услови, ќе се применуваат одредбите од Законот за облигационите односи и одредбите од Општите услови за осигурување на живот.
2. Независно од другите одредби во овие услови, осигурителот нема да смета дека треба да покрие или да изврши какви било исплати или да пружи каква било услуга или поддршка на осигуреник или трето лице во онаа мера, во која тие опфаќаат исплата, услуга, поддршка и/или деловна или активност на осигуреникот што би прекршиле применливи санкции во врска со следново: трговија, финансиски ембарга, закони и регулаиви, што се директно применливи за Осигурителот. Применливи се следниве санкции: (i) локални санкции; (ii) Европска унија (ЕУ); (iii) Обединети Нации (ОН); Соединети Американски Држави (САД) и/или (iv) секакви други санкции применливи за осигурителот.
Член 25
1. Овие услови влегуваат во сила од моментот на нивното усвојување.