Contract
Пример: Спогодба за раскин на договорот за вработување:
Врз основа на член 69 од Законот за работните односи („Службен весник на РМ“ бр.62/05...27/16), работодавачот ___________________________________ (во натамошниот текст:работодавач) и работникот ________________________
____________________ (во натамошниот текст:работник), склучија
С П О Г О Д Б А
за раскин на договорот за вработување
Член 1
Договорот за вработување склучен меѓу работодавачот и работникот на ден __.__. 2000 година, престанува да важи заклучно со __.__. 2016 година.
Член 2
До денот на престанокот на договорот за вработување, работникот има право на плата во висина утврдена со договорот за вработување.
Алтернатива на член 2:
Работодавачот потврдува дека спрема работникот има обврска за исплата на плата согласно договорот за вработување и неисплатени прекувремени часови во износ од ___________ денари кои се обврзува да му ги исплати со последната плата.
Член 3
Работодавачот потврдува дека работникот има право на дел од годишниот одмор во траење од 12 работни дена, а работникот потврдува дека истиот ќе го искористи пред престанокот на работниот однос, односно од __.__.2016 година до __.__.2016 година.
Алтернатива на член 3:
Работодавачот потврдува дека работникот има право на дел од годишниот одмор во траење од 12 работни дена, работникот побарал негово искористување, а работодавачот изјавува дека не е во можност да му дозволи на работникот да го искористи во целост и се обврзува да му исплати надомест за неискористен годишен одмор.
Член 4
Договорните страни взаемно потврдуваат дека една спрема друга немаат никакви други побарувања кои произлегуваат од работниот однос, а кои произлегуваат од договорот за вработување.
Член 5
Работникот е известен дека со склучување на оваа спогодба не може да оствари право на паричен надоместок поради невработеност од Агенцијата за вработување.
Член 6
Оваа спогодба е составена во два идентични примероци од кои секоја страна задржува по еден примерок.
Член 7
Оваа спогодба стапува на сила на денот на потпишувањето и договорните страни со своите потписи изразуваат согласност со одредбите од спогодбата.
Работодавач Работник
Управител __________________
____________________ __________________