Contract
Д О Г О В О Р
За собирање и депонирање на комунален отпад
Склучен на ден помеѓу:
1. ЈПКД„Облешево“ – Чешиново-Облешево како давател на комунална услуга, застапувано од Директорот Xxxxxxxxxx Xxxxxxx од една страна, и
2. _, со место на живеење / седиште во
, како корисник на комуналната услуга од друга страна.
ПРЕДМЕТ НА ДОГОВОРОТ:
Член 1
Предмет на договорот е извршување на услугата собирање, транспорт и депонирање на комунален отпад од физички и правни лица, од објектот на живеење/користење на корисникот во с. , општина Чешиново-Облешево.
ОБВРСКИ НА ДОГОВОРЕНИТЕ СТРАНИ
Член 2
Давателот на услугата ЈПКД „Облешево“ – Чешиново-Облешево се обврзува:
- Да го собира, изнесува и депонира сметот од субјектот со кој го има склучено овој договор еднаш седмично, во денот од неделата кој тој ќе го определи;
- Обврската на давателот на услугата се однесува само за комунален отпад, во кој не влегува градинарски отпад, градежен шут, габаритен отпад, течни и полутечни материи, жар и пепел, електрични батерии и сл.;
Висината на цената за изнесување на смет на територија на Општина Чешиново-Облешево изнесува:
- За домаќинства 100 денари
- За правни лица – фирми 300 денари
- За поголеми фирми кои депонираат поголемо количество на отпад 600 денари
- За фирми кои создаваат вонредно големо количество отпад 1800 денари
Право на давателот на услугата е да врши корекции во цената на услугата, по претходно добиена согласност од Советот на општината;
Член 3
Корисникот на комуналната услуга се обврзува:
- Редовно и навремено секој месец да си ја плаќа сметката;
- Уредно да го одлага создадениот отпад во стандардна специјализирана опрема за таа намена
– комунална канта / контејнер;
- На денот на собирање на смет од тоа населено место, кантата/контејнерот да го изнесе на место достапно за прифаќање кое ќе го одреди давателот на услугата
- Неделната количина на отпад да не надминува 100/1100 литри волумен;
КОРИСТЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Член 4
Давателот на услугата се обврзува личните податоци на корисникот на услугата да ги чува како деловна тајна согласно законот.
ВАЖНОСТ НА ДОГОВОРОТ
Член 5
Овој договор се склучува со трајна важност, со можност за негова измена доколку настанат промени кај корисникот на услугата.
ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Член 6
При извршувањето на обврските на овој Договор, договорените страни се должни да се придржуваат на законските прописи.
Евентуален спор по овој Договор ќе се решава спогдбено, а во спротивно надлежен за спорот е Основниот Суд Кочани
Член 7
Договорот е составен во 4 еднакви примероци, по два за секоја од договорените страни.
Давател на услугата Корисник на услугата
ЈПКД „Облешево“-Чешиново-Облешево XXX Xxxx XXX Xxxxxx Директор Xxxxxxxxxx Xxxxxxx