Услови за користење на Дополнителните УслУги SafeNet home и SafeNet OFFICE
Услови за користење на Дополнителните УслУги SafeNet home и SafeNet OFFICE
Овие услови на услугата SafeNet OFFICE за деловни корисници на Македонски Телеком се однесуваат на условите под кои можете да ги користите услугата SafeNet OFFICE. Со активирање на услугата, ги прифаќате условите за користење кои се објаснети подолу во документов. Со тоа, потврдувате дека сте ги прочитале, разбрале и се согласувате со правилата за користење на услугата.
Прочитајте внимателно, за да бидете сигурни дека ви е јасна секоја одредба.
1. Опис на услугатите SafeNet OFFICE
Дополнителната услуга SafeNet OFFICE го штити корисникот од небезбеден интернет веб HTTP/HTTPS сообраќај на фиксната мрежа на Македонски Телеком, преку анализа на веб HTTP интернет сообраќајот на корисникот, преку блокирање на веб HTTP/HTTPS интернет сообраќајот кој се смета за небезбеден, и преку известување на корисникот за спроведените активности. Дополнителната услуга SafeNet OFFICE претставува безбедносно решение кое е интегрирано директно во мрежата на Македонски Телеком и при употребата на Дополнителната услуга нема потреба да се инсталира софтвер на уредите на корисникот.
Преносот на податоци кој се одвива преку интернет пристап обезбеден од друг оператор или преку мобилната мрежа на Македонски Телеком не е заштитен со Дополнителната услуга.
Општите услови за засновање претплатнички однос за обезбедување пристап кон јавната комуникациска мрежа и користење на јавните електронски комуникациски услуги на Македонски Телеком ќе се применуваат за сите околности кои не се предвидени во овие Општи услови. Во случај на евентуален спор, важат условите на Македонски Телеком за дополнителната услуга SafeNet OFFICE.
За употребата на Дополнителната услуга, потребен е активен пакет за пристап до интернет од фиксната мрежа на Македонски Телеком.
2. Активирање на Дополнителната услуга SafeNet OFFICE
2 .1 Времетраењето на Дополнителната услуга започнува веднаш по активирање на Дополнителната Услуга SafeNet OFFICE од страна на Македонски Телеком. Откако Дополнителната услуга ќе биде активирана од страна на Македонски Телеком, преносот на податоците од веб HTTP/HTTPS фиксниот интернет сообраќај на корисникот започнува да се одвива директно преку Дополнителната услуга. Користењето на
Дополнителната услуга SafeNet OFFICE е на неопределено време, т.е. корисникот може да ја деактивира услугата во кое било време без надомест.
2.2 Македонски Телеком може да одлучи повеќе да не ја нуди Дополнителната услуга, со отказен рок од 30 дена, без да сноси одговорност за штета.
2.3 Македонски Телеком го задржува правото еднострано да ги менува овие Дополнителни услови.
3. Цена на услугата SafeNet OFFICE.
3.1. Цените и достапноста на дополнителната услуга SafeNet OFFICE во одредени тарифни модели се наведени во Ценовникот на Македонски Телеком.
4. Содржина на Дополнителната Услуга SafeNet OFFICE
4.1 Македонски Телеком може да одреди дополнителни директиви и процедури за да се подобрат
функционирањето и достапноста на Дополнителната Услуга SafeNet OFFICE, за сите корисници да можат да извлечат максимална корист од Дополнителната Услуга и за да се спречи злоупотребата на
Дополнителната Услуга. Македонски Телеком го задржува правото за преземање на технички и други мерки кои покрај останатото се неопходни за вршење на (задолжителните) надградби. Ефикасноста на сите овие фактори може да влијае на употребата на Дополнителната услуга SafeNet OFFICE.
4.2. Дополнителната услуга SafeNet OFFICE е исклучиво наменета за некомерцијална употреба и корисникот ги добива врз основа на овие услови.
5. Квалитет на услугата и ограничување на одговорност
Македонски Телеком ќе се грижи Дополнителната услуга SafeNet OFFICE да биде достапна 24 часа на ден, седум дена во неделата и за редовно и навремено ажурирање на листата на потенцијално небезбедни HTTP/HTTPS страници, со цел да се обезбеди највисоко можно ниво на безбедност и квалитет услугата.
Македонски Телеком не гарантира дека Дополнителната услуга SafeNet OFFICE ќе функционирa во секое време без ограничувања и пречки.
Македонски Телеком не гарантира дека отворањето можни малициозни веб HTTP/HTTPS страници од
страна на корисникот, преку Дополнителната услуга е 100% безбедно и ажурирано. Исто така, Македонски Телеком не гарантира дека корисникот е целосно заштитен од случајна штета, губење, уништување или
отстранувањето на податоците.
5.1. Македонски Телеком може во секое време да ја ажурира Дополнителната услуга со развој и додавање нови функционалности, и поради тоа може да дојде до технички промени на нејзината содржина. Исто така,
Македонски Телеком може во секое време да ја промени Дополнителната услуга или доколку е потребно да ја суспендира или да ја стави во мирување. Покрај тоа, поради безбедносни, технички или економски причини или поради закон или некоја регулатива, може да биде потребно функциите на Дополнителната услуга привремено или на подолг период да се суспендираат.
5.2. На корисникот не му е дозволено да:
а) ги прекрши или да не ги почитува правата и ограничувањата на Дополнителната услуга или на кој било друг начин да го прекрши овој Договор или евентуалните дополнителни упатства кои се објавуваат на веб страницата на Македонски Телеком;
б) дистрибуира софтвер кој содржи вируси или каков било друг компјутерски код, фајлови или програми кои ја попречуваат, уништуваат или ограничуваат функционалноста на кој било компјутерски софтвер или
хардвер или телекомуникациска опрема, или на друг начин да овозможи неовластено користење компјутер или компјутерска мрежа;
в) врши активности кои на друг начин ги попречуваат употребата и користењето на дополнителната услуга, вклучувајќи без ограничување: користење на Дополнителната услуга на начин на кој можат да бидат оштетени, исклучени или преоптоварени серверите или мрежите на Македонски Телеком;
г) директно или индиректно да испраќа непобарани групни пораки (вклучувајќи електронски пораки и инстант пораки).
6. Заштита на личните податоци
6.1. Со активирање на оваа услуга, корисникот дава недвосмислена согласност за обработка и испорака на неговиот веб HTTP/HTTPS фиксен интернет сообраќај на трети страни, до степен што е потребен за испорака на Дополнителната услуга од страна на Македонски Телеком до корисникот. Податоците ќе се чуваат најдолго три месеци, по што ќе бидат избришани.
6.2. Овие податоци се важни за да може Македонски Телеком да ја испорачува Дополнителната услуга и да се овозможи оптимално функционирање на Дополнителната услуга за корисникот.
6.3. Оваа Дополнителна услуга го процесира веб HTTP/HTTPS фиксен интернет сообраќај на корисникот преку фиксната мрежа на Македонски Телеком, за да се процени дали евентуално се работи за небезбеден пренос. Фиксниот веб HTTP/HTTPS пристап (посета на веб страници) автоматски се
контролира од страна на Дополнителната услуга. Ако при проверката на HTTP/HTTPS преносот на податоци преку некојa URL/веб страница се пронајде некоја закана, пристапот до истата ќе биде
оневозможен, а корисникот ќе добие известување преку интернет прелистувачот, на екранот на неговиот уред.
Контакт со Македонски Телеком и корисничка поддршка
Ако имате прашања во врска со овие Услови за користење на Дополнителната услуга SafeNet OFFICE или поради други причини сакате да го контактирате Македонски Телеком, Ве молиме контактирајте го центарот за грижа за деловни корисници на 070120.
Овие Услови за користење на Дополнителната услуга SafeNet OFFICE стапуваат на сила во моментот на активирање на услугата.