Назив на органот кој ја донел одлуката за склучување на голема зделка/и Собрание на акционери на ПИ Витаминка АД Прилеп Број и датум на донесена одлука од соодветен орган Потврдување на Одлука од ОД за купопродажба на недвижен имот (објекти - 4.956м2...
Согласно член 39 од Правилата за котација го објавуваме следново:
Известување за голема зделка/и
Назив на органот кој ја донел одлуката за склучување на голема зделка/и | Собрание на акционери на ПИ Витаминка АД Прилеп |
Број и датум на донесена одлука од соодветен орган | Потврдување на Одлука од ОД за купопродажба на недвижен имот (објекти - 4.956м2 и земјиште со право на сопственост - 21.592м2) , подвижни ствари - опрема и договор за пренос на права од индустриска сопственост (трговски марки и индустриски дизајн), сé во сопственост (голема зделка) бр. 02-351/1 од 14.03.2018г. |
Предмет на зделката или меѓусебно поврзаните зделки | Договори за купопродажба на недвижен имот (објекти - 4.956м2 и земјиште со право на сопственост - 21.592м2), лоцирани на ул. Брегaлничка бр. 58 во Штип, евидентирани во ИЛ 91479 и ИЛ 91480 за КО ШТИП 1, како и на подвижни ствари лоцирани на истата локација (според Записник за продажба на предмети со усно јавно наддавање И.бр.876/2017 и Записник за продажба на предмети со усно јавно наддавање И.бр.242/2017 од 05.12.2017 год. од Извршител Xxxxxxx Xxxxxxxxx од Штип) и договор за пренос на права од индустриска сопственост (трговски марки и индустриски дизајн), |
Вредност на зделката (вклучувајќи, без ограничување, заем, кредит, залог, гаранција) или меѓусебно поврзани зделки, доколку таквата зделка, односно зделки се однесуваат на стекнување или на отуѓување, или на можно отуѓување, директно или индиректно на имот на друштвото чијашто вредност изнесува над 20% од книговодствената вредност на имот на друштвото определена врз основа на последните финансиски извештаи на друштвото, со исклучок на зделки извршени (остварени) во текот на редовното работење на друштвото, зделки поврзани со стекнување преку запишување обични акции на друштвото, и зделки поврзани со стекнување на конвертабилни обврзници, како и други зделки определени во статутуот на друштвото како зделки на кои ќе се применува постапката на одобрување на големи зделки, на начинот определен со Законот за трговски друштва. | 1) апсолутен износ: 7.300.000,00 евра 2) релативен износ 31,42 % од книговодствената вредност на друштвото по последната ревидирана завршна сметка 3) / |
Страна односно страни на зделката | ПИ Витаминка АД Прилеп и Комерцијална Банка АД Скопје |
Корисник односно корисници на зделката | ПИ Витаминка АД Прилеп |
Други материјални услови на зделката (карактеристики, услови, рокови и други материјални услови) | Престои склучувања на договори за купопродажба и нивна солемнизација на Нотар, како и спроведување на залози во официјални јавни регистри |