Contract
ДОГОВОР
меѓу
Сојузниот министер за внатрешни работи на Република Австрија и
Министерството за внатрешни работи на Република Македонија за полициска соработка
Сојузниот Министер за внатрешни работи на Република Австрија и Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, во натамошниот текст: Договорни страни,
во насока на понатамошно развивање и продлабочување на билатералните односи,
свесни дека соработката во подрачјето на борба против меѓународниот криминал е од значење за двете држави,
загрижени заради опасноста од проширување на нелегалната трговија со опојни дроги, психотропни супстанции и прекурсори, како и други форми на меѓународен криминал кои ја загрозуваат безбедноста и другите суштествени интереси на двете земји,
водени од желбата да ги координираат нивните активности во борбата против организираниот меѓународен криминал и илегална миграција,
тргнувајќи од Единствената конвенција за опојни дроги од 30 март 1961 година во форма на Протокол од 25 март 1972 година, со кој е изменета Единствената конвенција за опојни дроги, од Конвенцијата за психотропни материи од 21 февруари 1971 година, од Конвенцијата на Обединетите нации против незаконит промет на опојни дроги и психотропни супстанции од 20 декември 1988 година како и од Конвенцијата на Обединетите нации против транснационалниот организиран криминал од 15 ноември 2000 година,
со осврнување кон Конвенцијата на Советот на Европа од 28 јануари 1981 година за заштита на лица во однос на автоматска обработка на лични податоци, на Дополнителниот протокол од 8 ноември 2001 година во врска со тоа, како и Препораката бр. Р (87) 15 на Комитетот на министри на Советот на Европа од 17 септември 1987 година за регулирање на користењето на личните податоци од страна на полицијата, при тоа и во таа мера, во која тие податоци не се обработуваат автоматски,
се договорија за следното:
Член 1
Области и цел на соработка
Договорните страни се обврзуваат според нивното национално право и во рамките на нивната надлежност да соработуваат и да дадат службена помош при одбраната од опасност по јавната безбедност и ред, како и во спречување и откривање на кривични дела. Таа соработка особено ги опфаќа следните подрачја:
1. нелегално засадување, нелегално производство, увоз, извоз, нелегален транспорт и трговија со опојни дроги, психотропни супстанции и прекурсори;
2. тероризам;
3. други видови на организиран меѓународен криминал вклучувајќи криумчарење луѓе и нелегална миграција, криминал против имотот, кражба и илегална трговија со уметнички предмети и културни добра, економски криминал, корупција, перење пари, криминал во областа на фалсификување (пари, хартии од вредност и документи) и криминал во врска со животната средина.
Член 2
Видови соработка
(1) Соработката на Договорните страни во смисла на овој Договор ќе се врши според нивното национално право, како и во рамки на соодветната област на надлежност и ќе опфаќа особено:
1. меѓусебно информирање за случаи чие осознавање придонесува за сузбивање на опасност по јавната безбедност и ред, како и при спречување и откривање на кривични дела; лични податоци на лица смеат да се доставуваат само ако е тоа потребно за одбивање на горенаведената опасност, како и за откривање на наведените дејствија;
2. меѓусебна поддршка во потерници за лица и потерници за предмети;
3. спроведување на координирани полициски мерки на двете Договорни страни на нивната државна територија, за одбивање на опасност по јавната безбедност и ред, како и за спречување и откривање на дејствија казниви со закон;
4. заемно пружање помош во борбата против нелегалната миграција, особено ако со тоа се засегнати државјани на Договорните страни како и обезбедување на евентуално неопходни организациски мерки;
5. заштита на сведоци;
6. размена на искуства во областа на применување на правни прописи, превенција на криминал како и во областа на применетитомдеи , средства и техники на криминалистика и
7. размена на искуства на експерти на определени подрачја на криминал и одржување на средби на експерти.
(2) Договорните страни ќе соработуваат врз основа на замолница.
(3) Информациите според став (1), точки 1 и 7, секоја Договорна страна ќе ги пренесува според нејзиното национално право на другата Договорна страна и без замолница, доколку постојат конкретни знаци дека нивното познавање е потребно за другата Договорна страна заради одбивање на опасност по јавната безбедност и ред или за спречување и откривање на кривични дела. Договорните страни во тој поглед особено ќе соработуваат ако на државната територија на едната од Договорните страни биде сторено или се подготвува некое кривично дело и ако постојат информации за постоење некаква врска со државната територија на другата Договорна страна.
(4) Спроведувањето на соработката меѓу Договорните страни може да се одвива и преку офицери за врска. Офицерот за врска ја врши дејноста на информирање и советување и не поседува никакви извршни овластувања. Задачите на офицерите за врска ќе се утврдат од страна на надлежните органи според националното право.
Член 3
Заштита на сведоци
(1) Договорните страни меѓусебно ќе соработуваат при заштита на сведоци и на нивни блиски лица (во понатамошен текст: “лице кое треба да се заштити”).
(2) Соработката особено опфаќа, размена на информации, логистичка помош како и преземање на лице кое треба да се заштити.
(3) Посебна спогодба за спроведување ќе ги регулира, во секој поединечен случај, околностите на соработка кај преземањето на лица кои треба да се заштитат.
(4) Лице кое треба да се заштити мора кај Договорната страна која поднесува замолница да биде примено во програмата за заштита на сведоци. Лицето кое треба да се заштити нема да биде примено во програмата за заштита на сведоци на замолената Договорна страна. Во спроведувањето на мерки на поддршка во врска со заштита на тоа лице соодветно ќе се применуваат правните прописи на замолената Договорна страна.
(5) Договорната страна која ја поднесува замолницата, во случај тоа да е потребно, ги сноси животните трошоци и трошоците за други мерки, за кои таа Договорна страна има поднесено замолница. Замолената Договорна страна ќе ги сноси трошоците за персоналот и материјалните издатоци во врска со заштитата на тие лица.
(6) Замолената Договорна страна може, ако за тоа постојат тешки и сериозни причини, по претходно информирање на Договорната страна која ја
поднесува замолницата, да ги прекине мерките на поддршка. Договорната страна која ја поднесува замолницата, во тие случаи, има обврска повторно, во разумен рок, да го преземе лицето.
Член 4
Надлежни органи
(1) За соработката во смисла на овој Договор, според националното право, надлежни се следните органи:
1. од Австриска страна: Сојузенимситенр за внатрешни работи,
2. од Македонска страна: Министерство за внатрешни работи.
(2) Договорните страни, една на друга, ќе ги соопштуваат настанатите промени во надлежноста или промени на име на тие органи.
(3) Размената на информации на договорните страни во рамките на Интернационална криминалистичко-полициска организација (ИНТЕРПОЛ) може
според националното право дапосленидо надлежните стручни служби.
преку директни контакти меѓу
Член 5
Заштита на податоци
Заемното доставување на личните податоци на поединец (во натамошниот текст: податоци) меѓу двете Договорни страни ќе се врши според соодветното национално право, имајќи ги предвид ограничувањата кои ги има издадено органот кој ги доставува податоците, како и според следните принципи кои ќе се применуваат во иста мера како за автоматски регистрирани, така и за неавтоматски регистрирани обработени податоци:
1. Доставените податоци не смеат, без претходно одобрение од органот кој ги доставува, да се користат за други цели освен за тие заради кои се доставени. Таквото одобрување може да се дава само во таа мера во која националното право на Договорната страна, која ја води базата на податоци, дозволува нивно користење и за други цели.
2. Доставените податоци ќе се бришат, односно ќе се поправат кога:
а) се утврдат неточни податоци, по службена должност или врз основа на известување на засегнатото лице, или
б) органот кој доставува податоци соопшти дека доставените податоци се противправно откриени или доставени или ако согласно со законот доставените податоци, според националното право на органот кој ги доставува, мора во одреден рок подоцна да се бришат, или
в) податоците не се повеќе потребни за исполнување на поставената задача на органот за кој се доставени, освен во случај, ако постои изрично овластување, доставените податоци да се користат и за други цели.
3. Во случај на барање на надлежен орган кој доставува податоци на една
Договорна страна, органот кој
згиемпаре
податоците е должен да дава
информации за секаков вид на користење на добиените податоци.
4. Надлежниот орган, кој ги доставува податоците ја гарантира точноста и ажурираноста на податоците кои се доставуваат и има обврска да внимава на потребата и соодветноста во врска со целите кои се следат со доставувањето
xxxxxxxxxx како и со придржување кон важечките ограничувања за
доставување на податоци според соодветното национално право. Доколку се утврди дека се доставени неточни податоци или податоци кои не смееле да се доставуваат, или податоците доставени согласно законот, според законските прописи на државата на органот кој ги доставува, мора во одреден рок да се бришат, органот кој ги прима податоците ќе биде веднаш известен за тоа. Истиот орган е должен веднаш да изврши потребно бришење односно исправка.
5. Ако органот кој ги прима податоците има причина да смета дека доставените податоци не се точни или треба да се бришат, веднаш ќе го извести органот кој ги доставува податоците.
6. Договорните страни ќе донесат превентивни мерки дека за доставување на податоци ќе се користат само такви комуникациски средства кои гарантираат соодветна заштита на податоците од неовластено запознавање со содржината на податоците или нивна промена од страна на трети лица во текот на постапката на доставување.
7. Органот кој ги прима податоците има обврска доставените податоци на ефикасен начин да ги заштити, од случајно или неовластено уништување, случајно губење, неовластена или случајна промена или пренесување и да ги заштити од неовластен пристап и објавување.
8. Органот кој ги доставува податоците и органот кој ги прима податоците имаат обврска да го документираат предавањето, преземањето и уништувањето на податоците. Документацијата мора да ја содржи причината на предавањето, содржината, органот кој ги доставува и органот кој ги прима податоците, времето на доставувањето, како и времето на уништувањето на податоците. Податоците за документацијата, со соодветни превентивни мерки треба да се заштитат од користење за друга намена и други видови на злоупотреба и ќе се чуваат три години. По истекот на овој рок тие веднаш ќе бидат избришани. Податоците за документацијата е дозволено да се користат исклучително за контрола за тоа дали има придржување кон сите соодветни правни прописи за заштита на податоци .
9. Секое засегнато лице има право, со докажување на неговиот идентитет, врз основа на барање, да добие информации од органот одговорен за обработка на податоци, во општо разбирлива форма и без неприфатливи одложувања, а во врска со личните податоци во рамките на овој Договор, за доставените и обработените податоци, нивното потекло, евентуалните приматели и категории на приматели, предвидената цел на употреба и правната основа, како и за исправки на неточни податоци или бришење на користени податоци на недозволен начин. Договорните страни, освен тоа, гарантираат дека засегнатото лице, во случај на повреда на неговите права на заштита на податоци, може со благовремена жалба да се обрати на независен и објективен суд кој се базира на закон во смисла на член 6 став 1 на Конвенцијата за заштита на човекови права и основни слободи (Европска конвенција за човековите права) и дека ќе му се овозможи пред суд да го оствари правото на надомест на штета или помош во некој друг вид.
Деталите на постапката за остварување на тие права зависат од националното право на онаа Договорна страна во која се бара остварување на тие права. Договорните страни при тоа гарантираат најниско определено ниво на заштита, што произлегува од Конвенцијата бр. 108 на Советот на Европа за заштита на поединци во однос на автоматска обработка на лични податоци, од Дополнителниот протокол од 8 ноември 2001 година во врска со тоа, како и од Препораката бр. Р (87)15 на Комитетот на министри на Совет на Европа од 17 септември 1987 година за регулирање на користење на податоци на поединци од страна на полиција и тоа и во таа мера, кога податоците не се обработуваат по автоматски пат. Во случај на поднесување барање за остварување на овие права, органот кој располага со податоците, му овозможува на органот кој ги доставува податоците можност за изразување на ставот пред да биде донесена одлуката во врска со барањето.
Член 6
Заштита на класифицирани информации
За класифицираните информации добиени во спроведувањето на овој Договор кои се означени како такви, секоја од Договорните страни гарантира најмалку степен на класификација определен од страна на Договорната страна која ги доставува и гарантира нивна најмалку истоветна заштита.
Член 7
Консултации
Во случај на потреба, раководните службеници на Договорните страни можат да одржуваат консултации за да ги разгледуваат средствата и начините за ефикасна примена на предметниот Договор, како и можните мерки за натамошен развој и подобрување на соработката.
Член 8
Ограничување на соработката
(1) Доколку некоја од Договорните страни оцени дека некое извршување на замолница или некој друг вид на соработка го загрозува нејзиниот суверенитет, нејзината безбедност, нејзиниот јавен ред (ordre public) или некој друг значаен интерес на нејзината држава или ги крши принципите на нејзиното правно уредување, може целосно или делумно да одбие давање поддршка или да ја направи зависна од определени услови.
(2) Договорната страна која поднесува замолница мора да се извести за таа одлука, со наведување на причините.
Член 9
Трошоци
Доколку во овој Договор не е утврдено нешто друго, секоја Договорна страна сама ќе ги сноси трошоците кои настануваат со примена на овој Договор.
Член 10
Однос кон други меѓународни договори
Со одредбите од овој Договор не се засегаат правата и обврските на Договорните страни од другите меѓународни договори.
Член 11
Толкување на Договор
(1) Несогласувањата во врска со толкувањето и примената на овој Договор ќе се решаваат во директни преговори меѓу Договорните страни.
(2) Xxxxxxx во текот на преговорите од став 1 не се постигне согласност, прашањето ќе се решава по дипломатски пат.
Член 12
Влегување во сила, измени и дополнувања и откажување
(1) Овој Договор влегува во сила на првиот ден од третиот месец кој следи по денот наовк орнДиотге страни се известуваат една со друга дека се исполнети потребните внатрешно-правни предуслови.
(2) Овој Договор Договорните страни го склучуваат на неопределено време. Овој Договор може да биде изменет и дополнет со писмена согласност на Договорните страни.
(3) Секоја Договорна страна може да го откаже овој Договор по дипломатски пат, по писмен пат. Во тој случај, откажувањето влегува во сила на првиот ден на вториот месец кој следи, по месецот во кој другата Договорна страна ја има примено нотификацијата.
Склучен во Брдо-Крањ, на 25.01.2008, во два оригинални примерока, секој на германски и на македонски јазик, при што двата текста се еднакво веродостојни.
Xxxxxxx Xxxxxxx m.p. Xxxxxxx Xxxxxxxxxx m.p.
Сојузен министер за внатрешни За Министерството за внатрешни работи на Република Австрија работи на Република Македонија
Unterzeichner | serialNumber=1026761,CN=Bundeskanzleramt,C=AT | |
Datum/Zeit | 2017-11-27T22:36:48+01:00 | |
Prüfinformation | Informationen zur Prüfung des Ausdrucks finden Sie unter: xxxxx://xxx.xxx.xx.xx/xxxxxxxxxxxxx | |
Hinweis | Dieses Dokument wurde amtssigniert. |