Банката го извршува операциите од доменот на работењето со документарни акредитиви во согласност со Општите услови, релевантната домашна законска и подзаконска регулатива (Закон за девизно работење, Упатство за начинот на вршење на платниот промет со...
ОПШТИ УСЛОВИ ЗА РАБОТЕЊЕ СО ДОКУМЕНТАРНИ АКРЕДИТИВИ
НА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА АД СКОПЈЕ
Со Општите услови за работење со документарни акредитиви на Комерцијална банка АД Скопје (во понатамошниот текст: Банка) се уредуваат основните и општите правила и принципи на работењето со документарни акредитиви (во понатамошниот текст: акредитиви) како инструмент во платниот промет со странство.
ПРИМЕНА НА ОПШТИТЕ УСЛОВИ
Општите услови се применуваат на односите помеѓу Банката, клиентот и другите учесници во акредитивното работење, кои се засноваат со отворање на акредитив преку Банката.
РАБОТЕЊЕ СО ДОКУМЕНТАРНИ АКРЕДИТИВИ
Документарниот акредитив претставува обврска на акредитивната банка во писмена форма, превземена по налог на клиент (во понатамошниот текст: Налогодавач) кон трета страна (во понатамошниот текст: Xxxxxxxx), да изврши плаќање на износот (вредноста) на документите презентирани за наплата, под услов документите да се во согласност со одредбите и условите дефинирани во текстот на акредитивот.
Банката го извршува операциите од доменот на работењето со документарни акредитиви во согласност со Општите услови, релевантната домашна законска и подзаконска регулатива (Закон за девизно работење, Упатство за начинот на вршење на платниот промет со странство и други), актите на деловната политика на Банката како и важечките меѓународно општо прифатени и обврзувачки правила и пракса донесени и публикувани од страна на Меѓународната трговска комора од Париз (UCP for D/C, ISBP, URR, ISP и други).
Во акредитивното работење, Xxxxxxx постапува исклучиво по писмен налог кој содржи комплетни, јасни и прецизни инструкции кои се во согласност со важечката домашна и меѓународна регулатива и актите на деловната политика на Банката.
По својата природа, акредитивот е засебна, независна трансакција, правно одделена од купопродажниот (или друг) договор кој може да претставува основа за акредитивот. Банката не е обврзана со одредбите на таквиот основен договор, дури и во случај кога истиот е
наведен во текстот на акредитивот. Обврските на Xxxxxxx произлегуваат исклучиво од акредитивот и неговите одредби и услови.
Во операциите со акредитив, сите инволвирани страни работат со документи, а не со стоки, услуги и(или) извршување на други работи на кои истите документи би можеле да се однесуваат.
Банката не превзема обврска ниту одговорност за формата, потполноста, точноста, автентичноста, фалсификувањето или правното дејство на било кој документ кој и е презентиран по акредитив.
Xxxxxxx не превзема обврска ниту одговорност за последиците кои би настанале заради прекин на нејзиното работење како резултат на дејствувањето на Виша сила или било која друга причина надвор од влијание и контрола на Xxxxxxx.
Кога Xxxxxxx користи услуги на други банки со цел спроведување на инструкциите на Налогодавачот по акредитивот, тоа го прави за сметка и на ризик на Налогодавачот.
Банката не превзема обврска ниту одговорност за неспроведувањето на инструкциите кои ги пренела на друга банка, дури и во случај кога превзела иницијатива за избор на другата банка.
НАДОМЕСТОЦИ
Банката пресметува и наплатува надоместоци и стварни трошоци за сите операции кои ги извршила по акредитивот, и тоа од отворањето (книговодственото евидентирање) на акредитивот, се до неговото затворање (книговодственото раскнижување). Наплатената провизија не се враќа.
Банката ги пресметува и наплатува надоместоците и стварните трошоци во согласност со Одлуката за Тарифата на надоместоци за услугите што ги врши Комерцијална банка АД Скопје, важечка на денот на пресметката.
Доколку по акредитивот произлезат провизии и/или стварни трошоци на друга(други) банка (банки), Банката ќе го задолжи налогодавачот во висина на износот на задолжението/барањето добиено од другата (другите) банка (банки).
ПРЕГЛЕД НА ДОКУМЕНТИ
Банката ги прегледува документите предвидени во акредитивот со разумно внимание и грижа, со цел да утврди дали истите по својот изглед се или не се во согласност со роковите и условите на акредитивот.
Банката го врши прегледот на документите во согласност со меѓународната стандардна банкарска пракса, онака како што е одредена во важечките Еднообразни правила и обичаи за документарни акредитиви и други меѓународно утврдени, обврзувачки и општо прифатени стандарди.
Доколку акредитивот не содржи одредби со кои се утврдува кој да ги издаде бараните документи, како истите да гласат и кои податоци да ги содржат, Xxxxxxx ќе ги прифати документите такви какви што се презентирани, под услов да се меѓусебно усогласени.
ПЛАЌАЊЕ / НАПЛАТА
За плаќањата кои се вршат со акредитив, налогодавачот е должен да обезбеди покритие кај Банката. Налогодавачот може да го обезбеди потребното покритие од средствата на неговата сметка во странска валута, од средствата на неговата денарска сметка или од одобрен кредит, во рокови кои ќе ги договори со Банката, а најдоцна пред исплатата по акредитивот.
Xxxxxxx ја обработува наплатата со акредитив најдоцна наредниот работен ден од денот кога противвредноста на акредитивните документи е одобрена на сметка на Банката.
ЗАТВОРАЊЕ (ЛИКВИДАЦИЈА ) НА АКРЕДИТИВ
Банката го затвора акредитивот со искнижување од својата книговодствена евиденција по истекот обврската за плаќање, односно по извршување на наплатата, по истекот на рокот на важност или со взаемна согласност на сите инволвирани страни.