За потребите на проектот “Заедно за успех: млади претприемачи, движечка сила за добри меѓуетнички односи” финансиран од Европската Унија во рамките на ИПА програмата за поддршка на граѓанското општество и медиумите 2014, а врз основа на Договорот за...
Проектот е имплементиран од:
За потребите на проектот “Заедно за успех: млади претприемачи, движечка сила за добри меѓуетнички односи” финансиран од Европската Унија во рамките на ИПА програмата за поддршка на граѓанското општество и медиумите 2014, а врз основа на Договорот за грант со референтен број IPA/2015/370- 751, Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување објавува:
ПОВИК ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ПОНУДИ 01/2016
за набавка на услуга – Изведување на мултиетничка истражувачка студија за младинско претприемништво
Инструкции за понудувачите
1. Договорен орган
Фондација за менаџмент и индустриско истражување Скопје, со адреса на ул. 16та Македонска Бригада 13б Скопје, xxx.xxx.xxx.xx има потреба од набавка на услуга за изведување на мултиетничка истражувачка студија за младинско претприемништво.
2. Предмет на договорот за набавка на услуга
Предмет на договорот за набавка на услуга е изведување на истражувачка студија која има за цел да помогне во утврдувањето и разбирањето на разликите и заедничките потреби на младите претприемачи од различните етнички заедници во Република Македонија.
Набавката не е делива.
3. Опис на услугата
Студијата треба да опфати истражување на потребите на најмалку 100 млади претприемачи од различни етнички заедници од разни делови на земјата, а во релација со следните 4 (четири) фокусни области:
• Специфични потреби за бизнис поддршка на младите претприемачи
• Степен на вмрежување и соработка со претприемачи од другите етнички заедници
• Мотивација и пристап кон претприемништвото
• Капацитет за застапување
Резултатите од истражувањето на потребите младите претприемачи заедно со наодите и можните препораки за интервенција треба да се претстават во извештај од истражувачката студија. Извештајот треба да се изработи во електронска форма (во pdf и word формат) и да биде изработен двојазично, на македонски и албански јазик.
4. Временска рамка
Услугата треба да се испорача во периодот 21.03.2016 – 10.06.2016.
Заедно за успех: млади претприемачи,
движечка сила за добри меѓуетнички односи Проектот е финансиран од Европската Унија
16та Македонска Бригада 13б, 1000 Скопје
02 3108 891
xxx.xxx-xxxxxxx.xxx xxxx@xxx-xxxxxxx.xxx
Проектот е имплементиран од:
Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување го задржува правото на измена на временската рамка и испораката на нарачаната услуга од страна на добавувачот во зависност од потребите на идните активности што треба да се реализираните активности во рамките на проектот.
5. Изготвување на понудите
Набавката ќе се реализира од страна на добавувач со искуство за испорака на ваков тип на услуги. Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување во согласност со одредбите на договорот со донаторот спроведува ограничен повик со прибирање на најмалку 3 понуди.
Понудата треба да содржи квалитативна и финансиска понуда. Квалитативната понуда треба да се состои од:
• Предлог методологија со временска рамка
• Кратка биографија (CV) на клучните експерти
• Референтна листа на активности на понудувачот
Ставка | Опис на производ/услуга | Количина (број на денови) | Единечна цена во бруто износ | Вкупна цена во бруто износ |
1 | Дизајн на студијата и креирање на дата база на испитаници | |||
2 | Изведување на истражувањето | |||
3 | Изработка на извештај од истражувањето | |||
ВКУПНО |
• Изјава за непостоење на услови за исклучување на добавувач (дадена во прилог) Финансискиот дел од понудата треба да биде во следниот формат:
Секој понудувач може да учествува само со една понуда. Рок на важност на понудата: најмалку 30 дена од денот на отворање на понудите.
Јазик на понудата: Понудата, како и целата кореспонденција и документи поврзани со понудата кои се разменуваат со понудувачот, се пишуваат на македонски јазик
6. Начин на доставување на понудите
Понудите се доставуваат по електронски пат на xxx@xxx.xxx.xx
Краен рок за доставување на понудите е понеделник, 14.03.2016 година до 16:00 часот.
Понудите што ќе пристигнат по наведениот рок, како и оние што не се изработени според пропозициите на повикот, нема да бидат земени предвид.
Заедно за успех: млади претприемачи,
движечка сила за добри меѓуетнички односи Проектот е финансиран од Европската Унија
16та Македонска Бригада 13б, 1000 Скопје
02 3108 891
xxx.xxx-xxxxxxx.xxx xxxx@xxx-xxxxxxx.xxx
Проектот е имплементиран од:
7. Услови и начин на плаќање
Плаќањето ќе биде двократно – 50% по потпишување на договорот за испорака на услуги и 50% по целосно извршување на услугите предвидени со овој повик.
Постапка за избор
8. Критериуми за доделување на договор
Изборот на добавувачот ќе се изврши по пат на евалуација на квалитативната и финансиската понуда. Скалата на бодување врз чија основа ќе се изврши евалуацијата и избор на понудата е следната:
Елемент | Бодови |
Цена | 50 |
Опис на методологијата за истражувањето | 15 |
Референтна листа | 20 |
Искуство во слични задачи на предложените клучни експерти | 15 |
Вкупна оцена | 100 |
9. Отворање на понудите
Понудите ќе бидат отворени без присуство на јавноста на ден 15.03.2016 година, во 12 часот, во седиштето на Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување.
10. Известување на понудувачите
Сите понудувачи кои учествувале во постапката за доделување на договор за набавка со прибирање на понуди ќе бидат писмено известени за изборот на најповолна понуда во рок од три дена од денот на донесување на одлуката за доделување на договорот за набавката, а во прилог на известувањето договорниот орган ќе достави и примерок од одлуката.
Заедно за успех: млади претприемачи,
движечка сила за добри меѓуетнички односи Проектот е финансиран од Европската Унија
16та Македонска Бригада 13б, 1000 Скопје
02 3108 891
xxx.xxx-xxxxxxx.xxx xxxx@xxx-xxxxxxx.xxx