Contract
Документ со информации за производот за осигурување
Компанија: ЕВРОИНС ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје Производ: Евроинс домаќинско осигурување
Во овој документ се сумирани клучните информации поврзани со производот за осигурување. Целосните преддоговорни и договорни информации за производот се составен дел од условите за осигурување.
Вид на осигурување
Осигурување на станбени објекти (станови, индивидуални згради, куќи) како градежни објекти кои се постојано или повремено населени и стварите во домаќинството кои се наоѓаат во осигурениот станбен објект и му служат за користење на осигуреникот или членовите на неговото семејно домаќинство.
Осигурително покритие
Уништување или оштетување на осигурените објекти и ствари од следниве ризици:
Пожар;
Удар од гром; Експлозија; Луња;
Манифестација и демонстрација; Паѓање на воздушни летала.
Готови пари, скапоцен накит и часовници, уметнички предмети,
Хартии од вредност, скапоцености и збирки, исправи и документи;
Трошоци за нужно сместување на осигуреникот и членовите на неговото семејно домаќинство; Одговорност за штети причинети од трети лица, со исклучок на излевање на вода од водоводна, канализациона и топловодна инсталација.
Дополнителни ризици
Поплава, порој и високи води; Лизгање и одронување на земјиште; Снежна лавина.
Посебни договарања со доплаток
Одговорност за штети причинети кон трети лица; Одговорност од трети лица од излевање на вода од водоводна, канализациона и топловодна инсталација;
Провална кражба и разбојништво.
Исклучени ризици
Ако осигурениот предмет е уништен поради изложување на корисен оган или топлина (на пример: при пеглање, сушење, пржење, печење, затоплување, и сл.) ;
Ако на осигурениот предмет настане штета со осмадување, опрлување или со прегорување од цигари, пура, справа за осветлување, електричен греач, жар и сл;
Самозапалување, вриење или загревање, варење, чадење и сл.;
Поради дејство на електрична енергија, пренапон или загревање поради преоптоварување, атмосферско влијание и слични појави поради тоа што таквите штети се сметаат за погонски;
Штети последица на неодржуван (затнат) оџак, како и поради прекумерно загревање или несоодветно користење на оџакот;
Штети што се последица на намалување на притисокот во садот (имплозија);
Штети предизвикани од минирања, експлозија од биолошки карактер, нуклеарна експлозија; Експлозија поради дотраеност, појава на истрошеност или стареење.
Навлегување на дожд, град, снег или други наноси низ отворен прозорец или други отвори настанати поради неправилно изведена кровна конструкција или дотраеност на истата;
Не се смета за провална кражба скокање низ отворен прозорец во ниско приземје;
Излевање вода од апарати и уреди кои се приклучени на водоводната мрежа;
Излевање на вода од отворени славини; Штети предизвикани од крајна небрежност; Останати исклучувања согласно условите.
Ограничувања на осигурувањето
Дефинирани лимити и подлимити согласно полисата за осигурување;
Предмет на осигурување не можат да бидат: составни уреди во зградата (хидрофори во состав на зграда, како и сите видови инсталации на зградата), бојлер, бунари, цистерни за вода, телевизиски и други антени надвор од затворени простории, моторни возила, велосипеди со помошен мотор, приколки и сите видови пловни објекти, работни машини, разни видови оружје, резерви на материјал и стоки кои служат за вршење на занаетчиска и друга дејност, необработени благородни метали и необработени скапоцени камења, животни намирници, градежен материјал и опрема наменета за градба (ако градежниот материјал и опремата се наменети за адаптација и одржување на стан или станбена куќа);
Ствари во непостојано населени станбени и други објекти не се сметаат за осигурени од ризикот провална кражба и разбојништв, единствено доколку посебно се договори и плати додатна премија истите може да бидат предмет на осигурување по овие услови од ризикот провална кражба и разбојништво.
Територијална важност на осигурувањето
Република Северна Македонија.
Обврски на осигуреникот
Да ги преземе сите мерки потребни да се спречи настанувањето на осигурениот случај;
Осигуреникот е во обврска да во случај на настанување на некој од осигурените ризици да преземе мерки во негова моќ, за намалување и евентуално спречување на штетните последиците.
Премија за осигурување
Xxxxxxxxxx, однапред. По исклучок, плаќањето на премијата може да се договори на рати.
Почеток и престанок на покритието
Осигурувањето започнува да трае во 24:00 часот во оној ден што е означен како почеток на осигурувањето, ако до тој ден е платена премија и ако поинаку не е договорено и престанува во 24:00 часот во оној ден што во полисата е договорен како ден на престанување на осигурувањето.
Прекин на договорот
Осигурувањето престанува за секој пооделен осигуреник во 24:00 часот, без оглед дали е и колку договореното траење, оној ден кога:
Предметот на осигурување биде уништен пред почетокот на обврската на осигурувачот;
Ако предметот на осигурување биде уништен по отпочнување на обврската на осигурувачот, од ризици кои не се опфатени со осигурувањето;
Други случаи предвидени согласно ЗОО.