Contract
УПАТСТВА ЗА ПОНУДУВАЧИТЕ
1. Услуги што треба да се обезбедат
Услугите што ги бара Договорниот орган се услуги за организирање настани, изработување на промотивни материјали и брендирање за проектот „Поттикнување на принципите за бизнис и човекови права“
2. Содржина на тендерите
Понудите, целата кореспонденција и документите поврзани со тендерот кои ги разменуваат понудувачот и Договорниот орган треба да бидат напишани на локалниот јазик.
Тендерот мора да се состои од Формулар за поднесување на тендер, Техничка и Финансиска понуда.
1. Формулар за поднесување на тендер
Формуларот за поднесување на тендерот е според приложениот формулар во тендерското портфолио.
2.1. Техничка понуда
Техничката понуда – ја поднесува понудувачот според приложениот xxxxx – Анекс 1.2 дополнети со потребните анекси
2.2. Финансиска понуда
Финансиската понуда мора да биде презентирана во МКД, без ДДВ, следејќи го приложениот формат (Анекс 1.3). Форматот се пополнува во количина или траење идентично како што е дефинирано во дадената табела според техничката понуда од Анекс 1.2:
1. Број на ставка | 2. Потребни спецификации | 3. Количина | 4. Единечна цена по производ без ДДВ (МКД) |
1 | Изработка на банер за Конференција за бизнис и човекови права 200 х 300 мм, платно, (со оригинален дизајн) | ||
2 | Изработка на сценарио и сценографија за Конференција за бизнис и човекови права | ||
3 | Изработка на 6 инфографици од Истражување: Почитување на |
човековите права во бизнис секторот | |||
4 | Обезбедување на простор (место) за одржување на настан за промоција и доделување на МAMFORCE стандардот, со подиум/место за говорници и свечено доделување на наградите | ||
5 | Обезбедување соодветна техничка опрема и поддршка (осветлување, озвучување, микрофони, техничари) за настан за промоција и доделување на МAMFORCE стандардот | ||
6 | Обезбедување кетеринг (коктел) за 100 гости за настан за промоција и доделување на МAMFORCE стандардот | ||
7 | Обезбедување на превоз и сместување за директорката на МАМФОРС од Загреб | ||
8 | Обезбедување водител/домаќин на настанот за промоција и доделување на МAMFORCE стандардот | ||
9 | Обезбедување 4 лица за пречек и техничка реализација на настанот за времетраење на настанот за промоција и доделување на МAMFORCE стандардот | ||
10 | Изработка на 5 плакети, според упатствата од MAMFORCE | ||
11 | Брендирање и продукти за визуелно прикажување на резултатите од проектот (ppt., видео или друга техничка форма) | ||
12 | Обезбедување на простор (место) за одржување на настан за промоција на добри практики, со подиум/место за говорници и свечено доделување на наградите |
13 | Обезбедување соодветна техничка опрема и поддршка (осветлување, озвучување, микрофони, техничари) за настан за промоција промоција на добри практики | ||
14 | Обезбедување кетеринг (коктел) за 100 гости за настан за промоција промоција на добри практики | ||
15 | Обезбедување водител/домаќин на настанот за промоција промоција на добри практики | ||
16 | Обезбедување 4 лица за пречек и техничка реализација на настанот за времетраење на настанот за промоција на добри практики | ||
17 | Изработка на признанија (плакети/статуетки) | ||
18 | Дизајн и поставување на 2 билборда | ||
19 | Брендирање и продукти за визуелно прикажување на резултатите од проектот (ppt., видео или друга техничка форма) | ||
20 | Закуп на медиумски простор (печатени и електронски) | ||
21 | Закуп на медиумски простор (социјални медиуми) | ||
22 | Обезбедување на услуги на фотограф за сликање и снимање на настаните |
Понудувачот е потсетен дека максималниот буџет кој е на располагање за овој договор изнесува 16.346 ЕУР х 61,495 = 1.005.197,00 МКД без вклучен ДДВ.
3. Поднесување на тендери
Крајниот рок за поднесување на понудите е 12.06.2019.
Понудите можат да се поднесат по пошта, преку доставувач, лично или по електронски пат користејќи ги следните адреси:
• Здружение Конект Скопје, xx. „Xxxxxxxx Xxxxxxxxxxxx“ бр.19-1/6, 1000 Скопје
Понудите треба да ги содржат сите потребни документи, наведени погоре, во точка 1, 2.1 и 2.2.
4. Евалуација
Квалитетот на секоја техничка понуда поднесена во дадениот рок ќе се оценува во согласност со следните административни и технички барања:
• Постоење и квалитет на техничка понуда, документ кој треба задоволително да кореспондира со услугите што ги бара Договорниот орган (60 поени)
• Квалитет на профил и портфолио на понудувачот (20 поени)
• Предложената цена е во рамките на буџетот што е на располагање (20 поени)
Договорот ќе се додели на технички сообразната понуда со најдобра вредност за понудената цена
5. Потпишување на договорот
Успешниот понудувач писмено ќе биде информиран за прифаќањето на неговиот тендер. Понудувачот ќе биде поканет да го потпише договорот.
Сите други понудувачи ќе бидат известени за резултатите од евалуацијата на тендерите.