Contract
Општи услови за вршење на превоз за потребите на Цементарница УСЈЕ АД Скопје 1. Примена 1.1 Овие Општи услови за вршење на превоз за потребите на Цементарница УСЈЕ АД Скопје ("ОУ") се однесуваат на сите видови на превоз на материјали, суровини, предмети, производи и слично (во понатамошниот текст: „Стоки“) од страна на Превозникот за потребите на Цементарница УСЈЕ АД Скопје (во понатамошниот текст: "Нарачател"). 1.2 ОУ се составен дел од било која Порачка пратена од Нарачателот на Превозникот и/или Договор склучен помеѓу Нарачателот и Превозникот. 1.3 Било какви отстапки од или модификации на овие ОУ ќе бидат наведени во Порачката испратена од Нарачателот спрема Превозникот и/или пак дополнително уредени на писмено во Договорот. 1.4 Следните прилози се дел од Договорот по приоритет и редослед на важност: 1.4.1 Порачката, 1.4.2 ОУ, 1.4.3 Понудата. 1.5 Во случај кога не се склучува Договор, следните прилози се дел од Порачката по приоритет и редослед на важност: 1.5.1 ОУ, 1.5.2 Понудата. 2. Дефиниции 2.1. Во овие ОУ подолу наведените термини ќе го имаат следното значење: 2.1.1. „Договор“ – ќе значи писмен договор помеѓу договорните страни кои се однесуваат на вршење на услугата превоз и сите прилози, вклучувајќи ги и сите писмено договорени измени и дополнувања на овие ОУ, 2.1.2. „Договорни страни“ – Нарачателот и Превозникот заедно ќе | General terms for provision of transportation for the needs of Cementarnica USJE AD Skopje 1. Scope of application 1.1 These General Terms for provision of transportation services for the needs of Cementarnica USJE AD Skopje (hereinafter referred to as: “GT”) refer to all types of transportation of materials, raw materials, items, products and similar (hereinafter referred to as: “Goods”) by the Transporter for the needs of Cementarnica USJE AD Skopje (hereinafter referred to as: “Buyer”). 1.2 The GT are a constituent part of any Purchase Order sent by the Buyer to the Transporter and/or a Contract entered into by and between the Buyer and the Transporter. 1.3 Any deviations from or modifications to these GT shall be stipulated in the Purchase Order sent by the Buyer to the Transporter and/or shall be additionally regulated in writing in the Contract. 1.4 The following enclosures are contained in the Contract and are listed in terms of their priority and sequence of relevance, as follows: 1.4.1 The Purchase Order, 1.4.2 The General Terms, 1.4.3 The Bid. 1.5 If a Contract is not entered into, the following enclosures are a part of the Purchase Order and are listed in terms of their priority and sequence of relevance, as follows: 1.5.1 The General Terms, 1.5.2 The Bid. 2. Definitions 2.1. The below indicated terms shall have the following meanings in these GT: 2.1.1. “Contract” shall mean a written contract between the Contractual Parties referring to the provision of the transportation service and all enclosures, including all amendments and modifications to these GT agreed in writing, 2.1.2. “Contractual Parties” – the Buyer and the Transporter shall collectively be |
бидат именувани како договорни страни, 2.1.3. „Порачка“ – ќе значи писмена порачка испратена од страна на Нарачателот за прифаќање на понудата доставена од страна на Превозник, која ги дефинира условите под кои е прифатена понудата на Превозникот и тоа вклучувајќи но не ограничувајќи се на: опис на превозот, количина, цена (поединечна и/или вкупна), услови за вршење на превозот, време на превозот, рок на плаќање, xxxxxx и други работи поврзани со превозот. Доколку Превозникот во рок од 3 (три) работни дена од денот на факсирањето не ја одбие Порачката ќе се смета дека истата е прифатена во целост. 2.1.4. „Превозник“ - се подразбира домашно или странско правно лице, сопственик на превозни средства, односно ги користи истите врз основа на договор за лизинг, кое ги поседува потребните дозволи/одобренија/лиценци издадени од надлежните органи на Република Северна Македонија или државата во која Превозникот е валидно регистриран за вршење на превозната дејност и кое се занимава со превоз како свое редовно работење. 2.1.5. „Друг Превозник“ - се подразбира превозник ангажиран од Превозникот кој склучил договор со Нарачателот или е ангажиран од страна на Нарачателот со Порачка. 2.1.6. „Цена“ – ќе значи цената наведена во Порачката и/или Договорот која е изразена во нето износ без применливата стапка на данок на додадена вредност („ДДВ“). 3. Правен статус на договорните страни 3.1 Договорните страни имаат правен статус на независни соработници еден спрема друг и овие ОУ и/или Договорот и/или Порачката не може да се толкуваат како создавање однос | referred to as Contractual Parties, 2.1.3. “Purchase Order” shall mean a purchase order in writing sent by the Buyer for acceptance of the bid submitted by the Transporter which defines the conditions under which the bid has been accepted including, but not limited to: description of the transportation, quantity, price (individual and/or total), terms for performance of the transportation, time of transportation, terms of payment, currency and any other aspects with reference to the transportation. Provided that the Transporter does not reject the Purchase Order within a period of 3 (three) working days as of the day it has been faxed, it shall be considered that the Purchase Order is completely accepted. 2.1.4. “Transporter” – implies a domestic or a foreign legal entity, owner of transportation vehicles, that is, one that uses the vehicles on the basis of a leasing agreement, which possesses the required permits/approvals/licenses issued by the competent authorities of the Republic of North Macedonia or the country where the Transporter is validly registered for the performance of the transportation activity and which is engaged in transportation within its regular operations. 2.1.5. “Other Transporter” – implies a transporter engaged by the Transporter, which concluded a contract with the Buyer or is engaged by the Buyer with a Purchase Order. 2.1.6. “Price” - shall mean the price quoted in the Purchase Order and/or the Contract expressed as a net value, value added tax (VAT) excluded. 3. Legal Status of the Contractual Parties 3.1 The Contractual Parties have a legal status of independent associates towards each other and these GT and/or the Contract and/or the Purchase Order cannot be construed as a creation of a |
помеѓу работодавец и вработен или како налогодавач и посредник. Вработените, претставниците или подизведувачите на било која од договорните страни нема да се сметаат како вработени или посредници за другата договорна страна и секоја договорна страна ќе биде исклучиво одговорна за ангажманот на таквите лица. 3.2 Договорот е уредно потпишан од Договорните страни и претставува извршна, законска, важечка и обврзувачка обврска за Договорните страни во однос на договорените услови. Договорните страни ги поседуваат сите потребни овластувања за склучување на Договорот. 3.3 Склучувањето на Договорот од страна на Договорните страни не претставува повреда на било кој закон или договор склучен од нивна страна со било кое трето лице. 3.4 Сите податоци и информации дадени меѓу Договорните страни во преговорите кои претходат на Договорот и/или Порачката се целосно вистинити, целосни и прецизни и истите влијаеле да се склучи Договорот односно направи Порачката согласно условите наведени во него. 4. Одговорност за вработени 4.1. Превозникот е одговорен за професионалната и техничката стручност на возачите на кои им го доделува вршењето на превозот и воедно се обврзува дека ќе избере стручни и искусни возачи кои ги поседуваат потребните категории на дозволи за управување со моторни возила и кои ќе бидат во можност ефективно да ги исполнат неговите обврски од Порачката и/или Договорот, почитувајќи го важечкото законодавство и стандардите на моралното и етичкото однесување. 4.2. Превозникот изјавува и гарантира дека лицата од точка 4.1 се вработени кај него со правно валиден договор за вработување или друг вид на правно валидно дело, дека на тие лица им се исполнети правата од работен однос (вклучувајќи и редовна исплата на плата) за што Превозникот по барање на Нарачателот ќе | relation between an employer and an employee or between a principal and an intermediary. The employees, the representatives or the subcontractors of any of the Contractual Party shall not be considered employees or intermediaries of the other Contractual Party and each Contractual Party shall be exclusively responsible for the engagement of such persons. 3.2 The Contract is duly signed by the Contractual Parties and it represents an enforceable, legal, valid and binding obligation for the Contractual Parties with regard to the agreed terms and conditions. The Contractual Parties possess all approvals and/or authorizations required for the execution of the Contract. 3.3 The execution of the Contract by the Contractual Parties does not represent a violation of any law or a contract concluded with any other third party. 3.4 All data and information provided by the Contractual Parties in the negotiations preceding the Contract and/or the Purchase Order are entirely true, complete and accurate and it affected the conclusion of this Contract pursuant to the terms and conditions specified herein. 4. Responsibility for employees 4.1. Тhe Transporter is responsible for the professional and technical expertise of the drivers to whom it assigns the performance of the transportation and furthermore it undertakes to engage professional and experienced drivers who possess the required categories for driving vehicles and who will be capable of meeting the obligations of the Purchase Order and/or Contract effectively, in conformity with the valid legislation and standards of moral and ethical conduct. 4.2. The Transporter hereby declares and guarantees that it has employed the persons specified under item 4.1 on the basis of a legally valid employment contract or another form of a legally valid act, and that the labour relation rights to which they are entitled have been met (including regular payment of salary), whereof on |
достави доказ за тоа. | the request of the Buyer, the Transporter shall produce respective proof. 4.3. Prior to commencing with the transporation, the Transporter shall submit a list of persons who meet the requirements stipulated under item 4.1. 4.4. The Transporter is responsible for all persons to whom it has assigned responsibilities pursuant to the Contract and/or the Purchase Order and who may have access to the Buyer’s property. The Buyer may prohibit entry to Transporter’s persons who behave inappropriately or who do not adhere to the Buyer’s house rules, whereas the Transporter is obliged to act immediately and find an appropriate professional substitution at its own cost. 4.5. All Transporter’s activities, including transportation, loading and unloading on the property of the Buyer, shall be performed along routes and on places specifically designed or approved by the Buyer. The persons under item 4.1 may not enter or pass through the entire property of the Buyer without an appropriate authorization issued by the Buyer to this end. 4.6. The Transporter is responsible for all persons to whom it has assigned responsibilities pursuant to these General Terms, the Contract and/or the Purchase Order and who may have access to the Buyer’s property. 4.7. The Transporter hereby declares and guarantees that neither it, nor any of its subcontractors, is included in any practice for employment of persons younger than 18 years of age which is contrary to the Law on Labor Relations and the Convention on the Rights of the Child. 4.8. The Contractual Parties support and respect the Universal Declaration of Human Rights, the Global Compact of the United Nations and the International Labor Organization and strive for the promotion of the basic human rights within their scope of their work. The Transporter undertakes to respect the human rights including: adherence to the applicable legislation, implementation and compliance with the principles of diversity, equality and non-discrimination, prohibition of forced labor, intolerance of workplace | |||
4.3. Превозникот пред отпочнување со превозото ќе достави список на возачи кои ги исполнуваат условите од точка 4.1. 4.4. Превозникот е одговорен за сите лица на кои им доделил обврски според Договорот и/или Порачката и кои можат да имаат пристап до имотот на Нарачателот. Нарачателот може да забрани влез во неговиот круг на лица на Превозникот кои се однесуваат недолично или не го почитуваат куќниот ред на Нарачателот, а Превозникот е должен веднаш да најде соодветна замена за тие лица на негов трошок. 4.5. Сите дејствија на Превозникот, вклучувајќи превоз, утовар и истовар во имотот на Нарачателот ќе се вршат по рути и на места посочени или одобрени од Нарачателот. Лицата од точка 4.1 не може да влегуваат или поминуваат низ цел имот на Нарачателот без соодветно овластување за тоа издадено од страна на Нарачателот. 4.6. Превозникот е одговорен за сите лица на кои им доделил обврски според овие ОУ, Договорот и/или Порачката и кои можат да имаат пристап до имотот на Нарачателот. 4.7. Превозникот изјавува и гарантира дека ниту тој, ниту негов подизведувач се вклучени во било пракса за вработување на лица помлади од 18 години спротивна на Законот за работни односи и на Конвенцијата за правата на детето. 4.8. Договорните страни ја поддржуваат и почитуваат Универзалната декларација за човекови права, Глобалниот договор на ОН и Меѓународната организација на трудот и се залагаат за унапредување на основните човекови права во рамките на својата област на делување. Превозникот се обврзува да ги почитува човековите права и тоа: почитување на применливото законодавство, примена и следење на начелата на различност, еднаквост и недискриминација, забрана на принудната |
работа, нетолерирање вознемирување на работното место, безбедност и здравје при работа. 5. Пренесување на правата и обврските од Порачката и/или Договорот 5.1. Превозникот не може да го пренесе извршувањето на обврските од Порачката и/или Договорот или на дел од нив на Друг превозник без претходна писмена согласност од страна на Нарачателот. Секој таков неодобрен пренос не е обврзувачки за Нарачателот. 5.2. Доколку Превозникот ги пренесе обврските на Друг превозник тогаш Превозникот станува Организатор на превоз и за таа дејност е обврзан да ги има потребните лиценци и одобренија од надлежните органи. 5.3. Пред да издаде согласност Нарачателот има дискреционо право да ги провери квалификациите на возачите на било кој Друг превозник. Секое одбивање од страна на Xxxxxxxxxxx да даде согласност за пренос на обврските по Порачката и/или Договор на Друг превозник не подразбира право на Превозникот да бара одлагање на вршењето на договорените обврски од Договорот и/или Порачката и не може да претставува основ за Превозникот да не извршува било која од неговите обврски од Договорот и/или Порачката. 5.4. Превозникот е единствено одговорен за работите кои ги врши Другиот превозник ангажиран од него. Условите во договорот меѓу Превозникот и Другиот превозник не смеат да бидат во спротивност со условите од Порачката и/или Договорот и/или овие ОУ, односно Превозникот е должен да го запознае во целост и да го обврза Другиот превозник да постапува во целост со обврските утврдени во Договорот и/или Порачката и/или овие ОУ. 6. Цени и услови на плаќање 6.1. Освен ако не е поинаку наведено во Договорот и/или Порачката, цената наведена во истите е фиксна до целосно завршениот превоз на стоката согласно дестинацијата | harassment, occupational health and safety. 5. Assignment of the rights and obligations from the Purchase Order and/or the Contract 5.1. The Transporter cannot assign the performance of all or part of the obligations under the Purchase Order and/or the Contract to Other Transporter without a prior written approval by the Buyer. Any such unauthorized assignment shall not be binding for the Buyer. 5.2. If the Transporter assigns the obligations to Other Transporter, then the Transporter becomes Organizer of transport and for this activity it is obliged to possess the required licenses and approvals by the competent authorities. 5.3. Prior to issuing an approval, the Buyer has the discretion to assess the qualifications of the drivers of any Other Transporter. Any rejection by the Buyer to provide an approval for transfer of the obligations of the Purchase Order and/or the Contract to some Other Transporter does not entitle the Transporter to request postponement of the performance of the agreed obligations from the Contract and/or the Purchase Order and cannot serve as a basis for the Transporter not to perform any of his obligations set out in the Contract and/or the Purchase Order. 5.4. The Transporter is solely responsible for the works performed by the Other Transporter it has engaged. The contractual terms between the Transporter and the Other Transporter cannot be contrary to the terms of the Purchase Order and/or the Contract and/or these GT, that is, the Transporter is obliged to fully inform and bind the Subcontractor to fully adhere to the obligations set out in the Contract and/or the Purchase Order and/or these GT. 6. Prices and Terms of Payment 6.1. Unless otherwise specified in the Contract and/or the Purchase Order, the quoted price therein is fixed until the transportation of the goods is completed according to the destination |
наведена од страна на Нарачателот. 6.2. Превозникот ќе ја фактурира Количината на превезениот материјал врз основа на кантарската белешка издадена од страна на Нарачателот по извршеното мерење на влезната/излезната вага во кругот на фабриката на Нарачателот. 6.3. Доколку при мерењето се утврди поголема превезена количина на материјал од максимално дозволена носивост на возилото, Превозникот е должен да го изврши фактурирањето за максимално дозволена носивост на возилото. 6.4. За извршениот превоз Превозникот е должен да достави фактура, кон кој мора да бидат приложени следните документи: 6.4.1. За домашен превоз товарен лист и/или кантарска белешка издадена од страна на Нарачателот (во зависност од видот на Стоките кои се превезуваат) или 6.4.2. За меѓународен превоз CMR и/или кантарска белешка издадена од страна на Нарачателот (во зависност од видот на Стоките кои се превезуваат). | indicated by the Buyer. 6.2. The Transporter will invoice the Quantity of the transported material on the basis of the scale note issued by the Buyer upon the performed weighing on the entry/exit scale within the Buyer’s factory. 6.3. If a higher quantity of transported material is determined during the weighing than the maximum allowed carrying capacity of the vehicle, the Transporter is obliged to invoice the maximum allowed carrying capacity of the vehicle. 6.4. For the performed transportation, the Transporter is obliged to submit an invoice, which needs to be accompanied by the following documents: 6.4.1. For national transport, a waybill and/or a scale note issued by the Buyer (depending on the type of transported goods) or 6.4.2. For international transport, CMR and/or a scale note issued by the Buyer (depending on the type of transported goods). | |||
6.5. Превозникот е должен да ја достави фактурата за извршениот превоз до Нарачателот во рок од 5 дена од денот на завршување на превозот. 6.6. Фактурата треба да гласи на: | 6.5. The Transporter is obliged to submit the invoice for performed transportation to the Buyer within 5 days following the completion of the transportation. 6.6. The invoice is to be addressed to: | |||
Цементарница УСЈЕ АД Скопје | Cementarnica USJE AD Skopje | |||
ул. Борис Трајковски бр.94, 1000 Скопје | Xxxxx Xxxxxxxxxx St. no.94, 1000 Skopje | |||
и Превозникот е должен да го достави оригиналот на фактурата во архивата на Нарачателот лоцирана на горенаведената адреса. 6.7. Фактурата задолжително треба да ги содржи следните ставки: 6.7.1. Податоци за Превозникот – име или назив, адреса, даночен број и број на сметка во банка, 6.7.2. Податоци за Нарачателот - Цементарница УСЈЕ АД Скопје, ул. Борис Трајковски бр.94, 1000 Скопје, 6.7.3. Ставки пропишани со закон | and the Transporter is obliged to submit the original invoice at the Buyer’s Archive located at the afore-stated address. 6.7. The invoice should compulsorily contain the following items: 6.7.1. Transporter’s data – name or title, address, tax number and bank account number, 6.7.2. Buyer’s data – Cementarnica USJE AD Skopje, Xxxxx Xxxxxxxxxx St. no.94, 1000 Skopje, 6.7.3. Items stipulated by law (such as, |
(како на пример, датум на фактура, рок за плаќање, назив на стоките, единечни цени, вкупна цена, нето износ, процент и износ на ДДВ, и итн.), 6.7.4. Број на Порачка. Доколку фактурата не ги содржи погоре наведените податоци и кон неа не се приложени потребните документи од точка 6.3, истата ќе се смета за неуредна и Нарачателот ќе му ја врати на Превозникот. 6.8. Освен ако поинаку не е уредено во Договорот и/или Порачката, Нарачателот ќе го изврши плаќањето на фактурата во рок од 60 календарски дена од денот на испорака на стоката. 6.9. Доколку рокот за плаќање на фактурата се паѓа на неработен ден или државен празник, тогаш рокот за плаќање се поместува за наредниот работен ден. 6.10. Договорот и Порачката кој се склучува со Превозник регистриран во Република Северна Македонија се склучува во денари. По исклучок, а по дискреционо право на Нарачателот Договорот може да биде склучен односно Порачката да биде изразена во странска валута доколку се работи за превоз од странско правно лице. Нарачателот има исклучиво право на избор на видот на странската валута. Во овој случај плаќањето ќе биде извршено врз основа на фактура издадена од страна на Превозникот изразена во денари според средниот курс на Народна Банка на Република Северна Македонија кој е важечки на денот на издавањето фактурата. Договорите со странски Превозникот се склучуваат во странска валута. 6.11. Законската казнена камата се пресметува согласно одредбите од Законот за облигационите односи. 7. Права и обврски на Договорните страни при вршењето на превозот 7.1. Права и обврски на Превозникот за вршење на превозот: 7.1.1. Превозникот е должен при превозот на Стоките да ги почитува | the date of the invoice, terms of payment, title of goods, unit prices, total price, net amount, percentage and VAT amount, etc.), 6.7.4. Number of the Purchase Order. If the invoice does not contain the data indicated above and the requested documents are not enclosed thereto as stipulated in point 6.3, the same shall be deemed incomplete and the Buyer shall return it to the Transporter. 6.8. Unless otherwise specified in the Contract and/or the Purchase Order, the Buyer will perform the payment of the invoice within 60 calendar days as of the day of delivery of goods. 6.9. If the term for payment of the invoice falls on a non-working day or on a national holiday, then the payment shall be effectuated the next working day. 6.10. The Contract and the Purchase Order with а Transporter registered in the Republic of North Macedonia is entered into in denar currency. As an exception, and at the Buyer’s discretion the Contract may be concluded i.e. the Purchase Order may be expressed in a foreign currency in case of transportation by a foreign legal entity. The Buyer has the exclusive right to choose the type of the foreign currency. In this case, the payment shall be effectuated based on an invoice issued by the Transporter expressed in denars according to the average exchange rate of the National Bank of the Republic of North Macedonia valid for the day the day of issuance of the invoice. The contracts with foreign Transporters are entered into a foreign currency. 6.11. Legal default interest is calculated in conformity with the provisions of the Law on Obligations. 7. Rights and obligations of the Contractual Parties while performing the transportation 7.1. Rights and obligations of the Transporter while performing the transportation: 7.1.1. During the transportation of the |
важечките прописи во Република Северна Македонија за овој тип на дејност како и за безбедноста во сообраќајот на патиштата, 7.1.2. Превозникот е должен Стоките што ги примил за превоз да ги предаде на определеното место кај примачот, 7.1.3. Превозникот е должен да му сврти внимание на Нарачателот за недостатоците на пакувањето што можат да се забележат, инаку ќе одговара за оштетувањето на пратката што би се случило поради тие недостатоци, 7.1.4. Нарачателот може да располага со Стоките и да ги менува налозите содржани во Договорот и/или Порачката, па може да му наложи на Превозникот да го запре натамошниот превоз на Стоките, да му ги врати Стоките, да му ги предаде на друг примач или да го упати во некое друго место, | to the applicable regulations in the Republic of North Macedonia for this type of activity, as well as for the road traffic safety, | |||
7.1.2. The Transporter is obliged to hand over the Goods it has received for transportation at the designated location of the recipient, 7.1.3. The Transporter is obliged to forewarn the Buyer regarding the visible deficiencies of the packaging, otherwise it will be held responsible for the damage of the shipment that might happen as a result of these deficiencies, 7.1.4. The Buyer may dispose of the Goods and modify the orders contained in the Contract and/or the Purchase Order, and therefore it can instruct the Transporter to terminate further transportation of the Goods, to return the Goods or to hand them over to another recipient or redirect them to another location, | ||||
7.1.5. Превозникот е должен да го известува Нарачателот за сите околности што би биле од влијание врз извршувањето на превозот и да постапи според упатствата што ќе ги добие од него. Ако случајот би бил таков да не можат да се чекаат упатствата на Нарачателот, Превозникот е должен да постапи како што би постапил добар стопанственик, односно добар домаќин во истата ситуација, и веднаш потоа да го извести Нарачателот и да бара негови натамошни упатства, 7.1.6. Ако примачот не може да биде известен за пристигањето на пратката, или одбие да ја прими, Превозникот е должен без одлагање да го извести за тоа Нарачателот и да бара од него упатства за потребните мерки за чување на Стоките, 7.1.7. Превозникот одговара за губење или оштетување на Стоките што би се | 7.1.5. The Transporter is obliged to inform the Buyer regarding all circumstances that could affect the performance of the transportation, and to act in accordance with the instructions given by the Buyer. If the circumstances do not allow to wait for instructions by the Buyer, the Transporter is obliged to act as a good businessman, that is, as a good host in the same situation, and thereafter to inform the Buyer and to request further instructions by the Buyer, 7.1.6. If the recipient cannot be informed regarding the receipt of the shipment or refuses to receive it, the Transporter is obliged to immediately inform the Buyer about this, and to request further instructions by the Buyer regarding the required measures for storage of Goods, 7.1.7. The Transporter is held responsible for the loss or damage of the |
случило од моментот на преземањето (утоварот) до нејзиното предавање (истоварот), 7.1.8. Во случај на целосно загубување на Стоките Превозникот е должен, покрај надоместот на штетата на Нарачателот да му го врати надоместот за превоз ако истиот е платен, 7.1.9. Превозникот одговара за штетата настаната поради задоцнување на местото за утовар и задоцнување на местото за истовар, освен ако задоцнувањето е причинето од настан на кој Превозникот не можел да влијае, 7.1.10. Превозникот одговара за штетата што лицата по негов налог работеле на извршувањето на превозот, 7.1.11. Превозникот што ќе му довери на некој Друг превозник целосно или делумно извршување на превозот на Стоките што ги примил за превоз, останува и натаму одговорен за нивниот превоз од нивниот прием до предавањето кај примачот, 7.1.12. Превозот ќе се смета за извршен од Превозникот во моментот на завршениот истовар на одреденото место и потпишувањето на товарниот листа /испратницата од страна на примачот на стоката, 7.1.13. Превозникот е исклучиво одговорен доколку тој и/или лицата ангажирани од негова страна и/или Другиот превозник при вршење на превозот стори кривично дело или прекршок од било каков тип предвидено со важечките прописи во Република Северна Македонија и/или во државата во која се врши превозот, 7.1.14. Превозникот и/или лицата ангажирани од негова страна и/или Другиот превозник се должни да се придржуваат на куќниот ред во кругот на фабриката на Нарачателот или неговите | Goods which could happen from the moment of takeover (loading) to their handover (unloading), | |||
7.1.8. In an event of a complete loss of the Goods, the Transporter is obliged, in addition to the compensation for the damage to the Buyer, to return the transportation fee if it was paid, 7.1.9. The Transporter is held responsible for the damage resulting from delayed arrival at the loading point and delayed arrived at the unloading point, unless the delay is caused by an event beyond the influence of the Transporter, 7.1.10. The Transporter is held responsible for the damage caused by the persons it assigned for performance of the transportation, 7.1.11. The Transporter that will assign to some Other Transporter complete or partial performance of the transportation of Goods it has received for transportation, further remains responsible for the transportation of the Goods from their takeover to the handover to the recipient, 7.1.12. The Transportation shall be considered performed by the Transporter at the moment of completed unloading at the designated point and signing of the waybill/delivery note by the receiver of the goods, 7.1.13. The Transporter is solely responsible if it and/or the persons engaged by it and/or the Other Transporter, while performing the transportation, commits a criminal act or a misdemeanor of any type stipulated with the applicable regulations in the Republic of North Macedonia and/or the country where the transportation takes place, 7.1.14. The Transporter and/or the persons it and/or the Other Transporter engaged, are obliged to adhere to the house rules within the Buyer’s factory or its mines/pits, |
рудници/копови, 7.1.15. Превозникот изјавува дека ги поседува сите потребни лиценци за вршење на превозната дејност издадени од надлежен орган и дека неговите возачи ги поседуваат сите дозволи за вршење на превоз, 7.1.16. Превозникот изјавува дека превозот ќе го врши со возила кои се технички исправни и регистрирани за учество во патниот сообраќај, согласно важечкото законодавство во Р. Северна Македонија, 7.1.17. Превозникот изјавува дека сите возила со кои го врши превозот се осигурени од сообраќајна одговорност и предизвикување штети на трети лица, 7.1.18. Доколку при вршењето на предметот на Договорот, Превозникот и/или лицата ангажирани од негова страна и/или Другиот превозник предизвикал штета на имотот на Нарачателот, Превозникот на свој трошок ќе ги поправи веднаш или ќе го врати во првобитна состојба. Во спротивно, Нарачателот има право да го стори тоа, а трошокот за поправка/замена ќе биде на товар на Превозникот. Нарачателот го задржува правото да бара надомест на штета поради некористење на оштетената ствар. 7.2. Права и обврски на Нарачателот: 7.2.1. Нарачателот е должен да го запознае Превозникот со крајната дестинација за превоз на Стоките, 7.2.2. Нарачателот ќе направи напори да спроведе воведна обука за безбедност и здравје при работа на возачите, 7.2.3. Нарачателот е должен да им дозволи влез во круг на фабриката на возачите и возилата на Превозникот и/или на Другиот превозник. 7.3. Договорните страни се согласно динамиката на превозот да се врши веднаш по претходно доставена порачка/налог од Нарачателот. | 7.1.15. The Transporter declares that it possesses all required licenses for performance of the transportation activity issued by a competent authority and that its drivers possess all permits for a transportation activity, 7.1.16. The Transporter declares that it will perform the transportation with technically functional vehicles registered for participation in road traffic, in accordance with the applicable regulations in the Republic of North Macedonia, 7.1.17. The Transporter declares that all vehicles it uses for transportation have been insured for traffic liability and causing damage to third parties, 7.1.18. If during the performance of the scope of the Contract, the Transporter and/or the persons it and/or the Other Transporter engaged, caused damage to the property of the Buyer, the Transporter shall repair the damage or restore it to its original condition, at its own expense. Otherwise, the Buyer is entitled to do this, and the cost for repair/replacement shall be borne by the Transporter. The Buyer reserves the right to claim for damage compensation due to inability to use the damaged item. 7.2. Rights and obligations of the Buyer: 7.2.1. The Buyer is obliged to familiarize the Transporter with the final destination for transportation of the Goods, 7.2.2. The Buyer will make efforts to conduct an introductory training on occupational safety and health for the drivers, 7.2.3. The Buyer is obliged to allow entry in the factory to the drivers and the vehicles of the Transporter and/or the Other Transporter. 7.3. The Contractual Parties agreed that the dynamics of the transportation will be performed immediately upon previously delivered Purchase Order/Order by the Buyer. |
8. Посебни обврски за Нарачателот и Превозникот во случај на превоз на готов б етон 8.1. Покрај обврските предвидени во точка 7 во случај која Превозникот врши превоз на готов бетон истиот е должен: 8.1.1. да се придржува кон упатства во врска со превозот на бетонот кој ќе ги добие од Нарачателот, 8.1.2. секојдневно да биде на располагање на Нарачателот со обврска да врши превоз/пумпа согласно потребите на Нарачателот и достапноста на Превозникот, 8.1.3. да отпочне со превозот на готовиот бетон веднаш штом се добие писмен налог за превоз со потребната документација од Нарачателот, притоа динамиката на испорака треба да биде претходно усогласена помеѓу Нарачателот и Превозникот, 8.1.4. да ја почитува забраната за додавање на вода во готовиот бетон; 8.1.5. да ги потполнува листите за проверка на камионите-миксерите од аспект на безбедност и здравје, регуларно и точно; 8.1.6. редовно да ја одржува хигиената на возилата, посебно состојбата внатре во самото буре од миксерот (да го отстранува налепениот бетон, да ги санира или замени оштетените перки); 8.1.7. пред утовар на готовиот бетон секогаш да провери дали во бурето има вода и доколку има истото треба да биде испразнето целосно; 8.1.8. уредно да ја чува документацијата во врска со превозот на готовиот бетон и навремено да ја доставува до одговорните лица на Нарачателот со соодветна заверка; 8.1.9. да води сметка возачите на камион-миксерите задолжително да ги евидентираат во испратницата следниве податоци: | 8. Special obligations for the Buyer and the Transporter in case when ready-mix concrete is being transported 8.1. In addition to the obligations stipulated in item 7 in case when the Transporter transports ready-mix concrete, it is obliged: 8.1.1. to adhere to the instructions given by the Buyer regarding the transportation of the concrete, 8.1.2. to be disposable to the Buyer on a daily basis with the obligation to transport/pump in accordance with the needs of the Buyer and the availability of the Transporter, 8.1.3. to commence the transportation of the ready-mix concrete as soon as it gets a written transport order with the required documentation from the Buyer, whereby the dynamics of delivery should be previously agreed between the Buyer and the Transporter, 8.1.4. to adhere to the prohibition to add water in the ready-mix concrete; 8.1.5. to complete the check lists for the trucks – mixers in terms of safety and health, accurately and on regular basis; 8.1.6. to regularly maintain the hygiene of the vehicles, especially the condition inside the drum of the mixer truck (to remove the concrete that is sealed inside the drum, to repair or replace the damaged blades); 8.1.7. before loading the ready-mix concrete, always to check whether there is water in the drum, and if there is, it should be completely emptied; 8.1.8. to orderly keep the documentation related to the transportation of ready-mix concrete and to timely deliver it to the responsible persons of the Buyer with an appropriate verification; 8.1.9. to ensure that the drivers of the mixer trucks compulsorily register the following data in the delivery note: |
8.1.9.1. Име и презиме и потпис на одговорните лицата на објектот кои го преземаат готовиот бетон, 8.1.9.2. време на пристигнување на објектот каде што се врши истовар на готовиот бетон, 8.1.9.3. време на започнување и време на завршување со истовар на готовиот бетон; 8.1.9.4. барањата за додавање на вода во готовиот бетон на одговорните лица на објектите, 8.1.10. доколку се појави некаков проблем со истоварот на готовиот бетон на градилиште, по пат или било каде веднаш да ги извести одговорните лица кај Нарачателот и настанатиот проблем да го нотира во самата испратница; 8.1.11. доколку се појави проблем со обработливоста на бетонот, должен е без одлагање да го извести одговорното лице кај Нарачателот и согласно неговите инструкции да постапува; 8.1.12. да го почитува во целост и да постапува во целост со Упатството за безбедно работење со xxxxxxx и пумпи, кој е составен дел на Договорот. | 8.1.9.1. name and surname and a signature of the responsible persons of the facility that take over the ready-mix concrete, 8.1.9.2. time of arrival at the facility where unloading of the ready-mix concrete is performed, 8.1.9.3. time of commencement and time of completion of the unloading of the ready- mix concrete; 8.1.9.4. the requirements in regard to adding water in the ready-mix concrete of the responsible persons at the facilities, 8.1.10. if a problem emerges with the unloading of the ready-mix concrete at the construction site, on the road or anywhere, he should immediately inform the responsible persons of the Buyer and note the emerged problem in the delivery note; 8.1.11. if a problem emerges with the concrete’s workability, it is obliged without a delay to inform the responsible person of the Buyer and act in accordance with his instructions; 8.1.12. to fully adhere and completely act in accordance with the Guidelines on Safe Operation of Mixer Trucks and Pumps, which is an integral part of the Contract. | |||
8.2. | Нарачателот е должен: 8.2.1. да му овозможи на Превозникот првенствено право на превоз на неговите производи, 8.2.2. да му обезбеди услови за перење на миксерот - барабанот од камионот и инсталацијата од пумпата и 8.2.3. да се осигура дека инвеститорот и/или изведувачот на објектот имаат обезбедено безбедни услови за предавање на бетонот на местото на истовар со: 8.2.3.1. приоден пат за возилото до местото на истовар; 8.2.3.2. дозвола за затварање на улица; 8.2.3.3. услови за придржување кон безбедноста за истовар на готовиот бетон; | 8.2. The Buyer is obliged: 8.2.1. to provide the Transporter a priority to transportation of its products, 8.2.2. to provide conditions for washing the mixer truck – the drum of the truck and the installation of the pump and 8.2.3. to make sure that the investor and/or contractor of the facility have provided safe conditions for delivery of the concrete at the unloading point with the following: 8.2.3.1. an access road for the vehicle to the unloading point; 8.2.3.2. permit to block a street; 8.2.3.3. requirements for adherence to the safety of ready-mix concrete unloading; |
8.2.3.4. услови за целосно празнење на миксерот - барабанот без да се загади околината на местото на истовар или комуникациите; 8.2.3.5. во случај на необезбедување на такви услови, празнењето на миксерот – барабанот од остатокот на готов бетон на своја сметка го отстранува инвеститорот и/или изведувачот; 8.2.3.6. присуство на лице кое ќе биде одговорно за прием на бетонот и потпишување на документите за прием. 8.2.4. Доколку Превозникот се посомнева дека не се обезбедени условите од точките 8.2.3.1 до 8.2.3.6 должен е веднаш да го извести Нарачателот. Воедно Превозникот има право да одбие да го изврши истоварот на готовиот бетон во случај на постоење на небезбедни услови за работа. Евентуални изречени санкции на превозниците од страна на министерството за внатрешни работи ќе бидат на товар на Нарачателот, само доколку не се обезбедени условите од точките 8.2.1 до 8.2.3. 8.3. Товарање и прием на готов бетон 8.3.1. Товарањето на готовиот бетон се врши од производните, односно утоварните капацитети на Нарачателот и истиот е на сметка на Нарачателот. 8.3.2. Од моментот на извршеното товарање на готовиот бетон, Превозникот е должен истиот да го превезува во состојба како што налагаат стандардите за овој тип на превоз, а трошоците и ризикот на транспортот, како и се друго паѓа на товар на Превозникот. 8.3.3. Прием на готовиот бетон по основ на квалитет и квантитет се врши на местото на испораката во присуство на возачот на Превозникот и истиот мора да е во согласност со пропратната документација. | 8.2.3.4. conditions for complete emptying of the mixer – the drum without polluting the environment at the unloading point or the communications; 8.2.3.5. in an event of non-provision of such conditions, the emptying of the remains of ready-mix concrete in the mixer – the drum is performed by the investor and/or the contractor; 8.2.3.6. presence of a person who will be responsible for receiving the concrete and signing the receipt documents. 8.2.4. If the Transporter suspects that the conditions from items 8.2.3.1 to 8.2.3.6 have not been met, it is obliged to immediately inform the Buyer. The Transporter also has the right to refuse to unload the ready-mix concrete when the working conditions are not safe. Possible sanctions for the transporters imposed by the Ministry of Internal Affairs shall be borne by the Buyer, only if the conditions from items 8.2.1 to 8.2.3 have not been provided for. 8.3. Loading and receipt of ready-mix concrete 8.3.1. The ready-mix concrete is loaded from the Buyer’s production facilities, that is, loading facilities and it is at the expense of the Buyer. 8.3.2. From the moment of performed loading of ready-mix concrete, the Transporter is obliged to transport it in the condition as stipulated by the standards for this type of transportation, and the costs and the transportation risk, as well as all other matters, shall be borne by the Transporter. 8.3.3. The receipt of the ready-mix concrete on the basis of quantity and quality is performed at the delivery point in the presence of the Transporter’s driver, and it must be in accordance with the accompanying documentation. |
9. Безбедност и здравје при работа (БЗР) 9.1. Превозникот: 9.1.1. Неотповикливо изјавува дека ќе почитува сите одредби од: 9.1.1.1. Прирачникот за управување со изведувачи и превозници од аспект на безбедност при работа, достапен на следниот линк: xxxx://xxx.xxxx.xxx.xx/Xxxxx cnik_za_Izveduvaci_2020.pdf 9.1.1.2. Упатство за безбедно возење на Нарачателот, достапно на следниот линк: xxxx://xxx.xxxx.xxx.xx/X0- P_1820_Bezbedno_Vozenje. pdf 9.1.1.3. и други процедури и упатства кои ги примил од Нарачателот заради природата на работата. 9.1.2. Ќе им ги обезбеди на возачите сите права од работен однос во согласност на законските и подзаконските акти поврзани со работниот однос, безбедност и здравје при работа и здравствена заштита, како и правата и обврските предвидени со Законот за работното време, задолжителните одмори на мобилните работници и возачите во патниот сообраќај и уредите за запишување во патниот сообраќај. 9.1.3. Секој возач задолжително ќе го испрати на воведна обука за безбедност и здравје при работа во Секторот за безбедност и здравје при работа кај Нарачателот. 9.1.4. Изречно се согласува дека Xxxxxxxxxxx има право доколку се посомнева во исправноста на возилото, да го испрати на дополнителен технички преглед, (на товар на Нарачателот). 9.1.5. Изречно се согласува дека Xxxxxxxxxxx има право да спроведува алко-тестови на возачите, | 9. Occupational Safety and Health (OSH) 9.1. The Transporter: 9.1.1. Irrevocable declares that is shall comply with all provisions from: 9.1.1.1. The Buyer’s OSH Contractor’s and Transporter’s management Manual, available on the following link: xxxx://xxx.xxxx.xxx.xx/X0-X.0000- Contractor and Transpor Management Manual.pdf 9.1.1.2. Guideline for Safe Driving of the Buyer, available on the following link: xxxx://xxx.xxxx.xxx.xx/X0- P_1820_Safety_Driving.pdf 9.1.1.3. and other procedures and guidelines it received from the Buyer for the purpose of the operation’s nature. 9.1.2. Will provide to the drivers all employment rights in accordance with the legal acts and by-laws related to the employment, occupational safety and health and healthcare, as well as the rights and obligations stipulated with the Law on Working Hours, compulsory rests of the mobile workers and the drivers in road traffic and devices for recording in the traffic road. 9.1.3. Will compulsory send every driver to introductory training on occupational safety and health at the Buyer’s Sector for Occupational Safety. 9.1.4. Expressly agrees that if the Buyer suspects the functionality of the vehicle, it should send it to an additional technical examination, (the costs shall be borne by the Buyer). 9.1.5. Expressly agrees that the Buyer has the right to conduct alco-tests for the drivers, 9.1.6. Expressly agrees that the Buyer |
дневните контролни листи, тахографи, итн. 9.1.7. Ќе ги обезбеди сите возачи со соодветни лични заштитни средства согласно видот на Стоките кои ги превезува (минимум заштитни чевли, униформа со рефлектирачки траки или елек, заштитни наочари, ракавици и шлем) и истиот се обврзува да им наметне обврска на возачите задолжително да ги користат на местата на утовар и истовар што ја превезуваат за потребите на Нарачателот. Во спротивно Превозникот и возачот ќе бидат санкционирани согласно одредбите од прирачниците, упатствата и процедурите од точка 9.1.1. 9.1.8. Веднаш ќе го извести Нарачателот за било кој безбедносен инцидент кој довел до повреда при работа или оштетување на имот на Нарачателот; 9.1.9. Превозникот изјавува дека ги прочитал, ги разбрал, ги прифаќа сите обврски кои произлегуваат од Прирачникот и Упатството од став 9.1.1 на овој член, дека е целосно запознаен со нивната содржина и дека во целост ќе постапува согласно истите. 9.2. Договорните страни постигнаа согласност дека Нарачателот има право да спроведува постапки спрема Превозникот и/или лицата ангажирани од негова страна и/или Другиот превозник во случај на неисполнување на барањата од Прирачникот и Упатството од став 9.1.1 и тоа да изрекува финансиски казни, да издава опомени, да изрекува привремени и/или трајни забрани за влез во фабриката на возачите, како и да го раскине Договорот и/или да ја повлече Порачката. 10. За заштита на животната средина 10.1. Превозникот е должен: 10.1.1. Да се однесува со особено внимание кон животната средина и да ги презема сите неопходни мерки како не | lists, the tachographs, etc. 9.1.7. Will provide all appropriate means of protection to all drivers, pursuant to the type of Goods it transports (minimum protective shoes, a uniform with reflective strips or a vest, protective goggles, gloves and a helmet) and obliges to impose an obligation to the drivers to compulsorily use them at the loading and unloading points while transporting for the needs of the Buyer. Otherwise, the Transporter and the driver will be sanctioned in accordance with the provisions of the manuals, the guidelines and the procedures of item 9.1.1. 9.1.8. Xxxx immediately inform the Buyer on any safety incident that led to injury at work or damage of the Buyer’s property. 9.1.9. The Transporter declares that it has read, understood, accepts all obligations that arise from the Manual and the Guidelines from item 9.1.1 of this article, that it is completely familiar with their content and that it will comply in full in accordance with the same. 9.2. The Contractual Parties have agreed that the Buyer has the right to initiate proceedings against the Transporter and/or persons engaged by the Transporter and/or the Other Transporter in an even of non-compliance with the requirements from the Manual and the Guideline from paragraph 9.1.1, to impose financial penalties, to issue warnings, to impose temporary and/or permanent prohibitions for the drivers’ entry in the factory, as well as to terminate the Contract and/or to withdraw the Order. 10. For environmental protection 10.1. The Transporter is obliged: 10.1.1. To treat the environment with utmost care and undertake all measures so as to avoid any environmental disturbances; |
би предизвикале нејзино нарушување; 10.1.2. Да ги презема сите заштитни мерки за да се спречи испуштање на штетни материи во амбиентниот воздух; 10.1.3. Да ги презема сите заштитни мерки за спречување на истекување на масла, раствори, мазут и слично во отпадните и површинските води, како и во почвата; 10.1.4. Да ги презема сите заштитни мерки за да се спречи создавање на бучава над дозволените граници; 10.1.5. Во најкус можен рок да ја отстрани штетата во случај на било какви нарушувања на животна средина, во смисла на истурање масла, раствори, мазут и слично, уништување на зелените површини и слично на имотот на Нарачателот. Доколку штетата не ја отстрани Превозникот, Нарачателот има право да го стори тоа на негова сметка; 10.1.6. Превозните возила кои ги користи Превозникот и/или лицата ангажирани од негова страна и/или Другиот превозник мораат да бидат чисти во секое време кога ќе се појават на утоварните и истоварни локации; 10.1.7. Во случај едно возило да предизвикува штета во повеќе наврати Нарачателот има право да го забрани влезот на тоа возило во кругот на фабриката на Нарачателот; 10.1.8. Превозникот е исклучиво одговорен за било каква штета на животната средина од моментот на напуштањето на превозното средство од кругот на фабриката на Нарачателот. 10.2. Нарачателот ќе биде ослободен од било каква одговорност за штети предизвикани на неговите вработени, вработените на Превозникот и/или трети лица ангажирани од превозникот, како и било какви загуби кои потекнуваат од неисполнување на обврските од точките 10.1.1 до 10.1.8 од страна на Превозникот. | 10.1.2. To undertake all protective measures in order to prevent releases and emissions of detrimental substances into the ambient air; 10.1.3. To undertake all protective measures so as to prevent leakage of oils, solutions, crude oil and similar in the waste water and surface waters, as well as in the soil; 10.1.4. To undertake all protective measures so as to prevent noise generation above the allowed limits; 10.1.5. In the event of any disturbance or damage, the Transporter shall rectify the caused damage immediately. The rectification refers to damages caused by leakage of oils, solutions, crude oil and similar, damages of the Buyer’s green spaces and property. If the Transport fails to rectify the damage, the Buyer shall be entitled to perform this at the expense of the Transporter; 10.1.6. The transportation vehicles used by the Transporter and/or the persons engaged by the Transporter and/or the Other Transporter must be clean at all times when they arrive at the loading and unloading points; 10.1.7. In an event when a vehicle causes damage on several occasions, the Buyer is entitled to prohibit the entry of this vehicle in the Buyer’s factory; 10.1.8. The Transporter is solely responsible for any damage to the environment from the moment the transportation vehicle has left the property of the Buyer’s factory. 10.2. The Buyer shall be exempt from any liability for damages caused to its employees, the employees of the Transporter and/or third parties engaged by the Transporter, as well as any losses arising from the non- fulfillment of the obligations from items 10.1.1. to 10.1.8 by the Transporter. |
11. Договорна казна и надомест на штета 11.1. Доколку исполнувањето на предметот на Договорот и/или Порачката во строго определен рок е битен елемент, по пречекорување на крајниот/те рок/ови од страна на Превозникот определени во Договорот и/или Порачката за извршување на превозот за повеќе од 3 дена, Нарачателот има право да ангажира трето лице за завршување на работите на сметка на Превозникот. 11.2. Во случај кога Превозникот доцни со предавање на Стоките, Нарачателот има право да наплати договорна казна, превозникот се согласува да му биде наплатена договорната казна и тоа: 11.2.1. Превозникот е должен да му плати договорна казна на Нарачателот во случај на задоцнување со предавање на Стоките и тоа во висина од една десетина од превознината за секој ден задоцнување, но во секој случај не повеќе од една третина од вкупната вредност на превознината. 11.2.2. Основица за пресметка на договорната казна претставува цената наведена во Договорот и/или Порачката, без ДДВ. 11.2.3. Нарачателот го задржува правото да бара договорна казна поради задоцнување дури и во случај Нарачателот да го примил исполнувањето на обврската. 11.2.4. Договорната казна нема да се пресметува и наплатува во следните случаи: 11.2.4.1 Ако продолжувањето на рокот е резултат на неисполнување или неблаговремено и нецелосно исполнување на обврските од страна на Нарачателот, 11.2.4.2 Ако рокот за исполнување на обврската е продолжен со взамена писмена согласност на Договорните страни, 11.2.4.3 Виша сила. | 11. Contractual penalty and damage Compensation 11.1. If the fulfilment of the scope of the Contract and/or the Purchase Order within a strictly specified deadline is an important element, after the Transporter exceeds the deadline/s stipulated in the Contract and/or in the Purchase Order for performance of the transportation by more than 3 days, the Buyer is entitled to engage a third party for completion of the works at the expense of the Transporter. 11.2. In an event of delayed delivery of Goods by the Transporter, the Buyer is entitled to charge a contractual penalty, and the Transporter agrees to pay a contractual penalty, as follows: 11.2.1. The Transporter is obliged to pay a contractual penalty to the Buyer in the event of delayed handover of the Goods, in the amount of one tenth of the transportation fee for each delayed day, however not more than one third of the total value of the transportation fee. 11.2.2. The basis for calculation of the agreed contractual penalty shall be the listed price in the Contract and/or Purchase Order, VAT excluded. 11.2.3. The Buyer reserves the right to request a contractual penalty due to delay even if the Buyer has received the fulfillment of the obligation. 11.2.4. The contractual penalty shall not be calculated and charged in the following cases: 11.2.4.1 If the prolongation of the deadline is the result of a non-fulfillment or untimely and incomplete fulfillment of the obligations on the part of the Buyer, 11.2.4.2 If the deadline for fulfilment of the obligation has been prolonged by virtue of a mutual written consent of the Contractual Parties, 11.2.4.3 Force Majeure. |
11.3 Нарачателот има право, а Превозникот е согласен износот на договорната казна да биде задржан од фактурата/ите на Превозникот доставена/и до Нарачателот. 11.4 Доколку Нарачателот претрпел штета која ја надминува висината на договорната казна, Нарачателот има право да бара и разлика до целосниот надомест на штета. 11.5 За штетите кои Превозникот ќе ги предизвика со задоцнување или неисполнување или неуредно исполнување на своите обврски од овие ОУ, Договорот или Порачката, Превозникот е должен да му ги надомести во целост. 12 Обештетување 12.1 Превозникот ќе го обештети, и ќе застане во одбрана на Нарачателот, во случај на постапки или барања од било кој вид поднесени од страна на трети лица против Нарачателот, кои произлегуваат од дејства и/или пропусти на Превозникот, при извршување на предметот на Договорот и/или Порачката, за сите судски и вонсудски трошоци, такси, исплати и штети исплатени од Нарачателот на тоа трето лице. 12.2 Превозникот веднаш ќе му ги надомести на Нарачателот сите загуби, уништувања или оштетувања на имотот предизвикани при извршувањето на предметот на Договорот и/или Порачката. 13 Јавност, употреба на име, лого или службен печат на Нарачателот 13.1 Превозникот нема да се рекламира или на поинаков начин презентира пред јавноста заради комерцијални цели дека има договорен однос со Нарачателот, ниту пак Превозникот на било каков начин ќе го користи името, логото, амблемот или печатот на Нарачателот, во врска со својот бизнис или на друг начин, без писмена дозвола од Нарачателот. 14 Доверливост 14.1 Содржината и одредбите на Договорот и/или Порачката, како и сите писмени, електронски и усни технички, финансиски, | 11.3 The Buyer is entitled to, and the Transporter agrees that the amount of the contractual penalty shall be deducted from the Transporter’s invoice/s submitted to the Buyer. 11.4 If the Buyer has incurred damages that exceed the amount of the contractual penalty, the Buyer is entitled to claim the difference to the full amount of the damage. 11.5 The Transporter is obliged to fully compensate to the Buyer all damages which it has caused due to delay or non-fulfillment or undue fulfillment of its obligations under these GT, the Contract or the Purchase Order. 12 Indemnification 12.1 The Transporter shall indemnify and shall defend the Buyer in the event of proceedings or claims of any type filed by third parties against the Buyer, which arise from actions and/or omissions on the part of the Transporter, during the performance of the scope of the Contract and/or the Purchase Order, for all judicial and extrajudicial costs, fees, payments and damages paid by the Buyer to such third party. 12.2 The Transporter shall immediately compensate the Buyer for any losses, destructions or damages to the property caused during the performance of the scope of the Contract and/or the Purchase Order. 13 Publicity, Use of Name, Logo or Official Stamp of the Buyer 13.1 The Transporter shall not advertise itself or otherwise present to the public its contractual relationship with the Buyer for commercial purposes. In addition, the Transporter shall not use the name, the logo, the emblem or the stamp of the Buyer in any manner, in regard to its business or otherwise, without a written permission by the Buyer. 14 Confidentiality 14.1 The contents and provisions of thе Contract and/or the Purchase Order, as well as all written, electronic and oral technical, financial, business |
бизнис и комерцијални информации, податоци и документи разменети или кои ќе бидат разменети помеѓу Договорните страни во текот на преговорите и/или реализација на предметот на Договорот и/или Порачката, се сметаат како Доверливи информации. 14.2 Ниедна од Договорните страни нема право да ги открие, користи, копира или на било какво начин да ги менува Доверливите информации, без писмена согласност на другата договорна страна, освен доколку: 14.2.1 е потребно да се направи тоа со закон, одлука на суд или надлежен орган и/или 14.2.2 Доверливите информации станале јавно достапни или општопознати на јавноста во времето на таквото откривање или на некој друг начин освен како резултат на повреда на оваа точка 14. 14.3 По исклучок на горенаведеното, Договорните страни смеат да ги откријат Доверливите информации на своите поврзани лица или други превозници и тоа само до оној степен до кој е потребно да се изврши таквото откривање а со цел реализацијата на предметот на Договорот и/или Порачката. Договорните страните треба да се осигурат дека лицата на кои им се откриваат и/или пренесуваат доверливите информации се запознаени со обврските кои произлегуваат од оваа точка 14. 14.4 Договорната страна која ќе ги повреди одредбите од оваа точка ќе биде одговорна за било која штета која што ќе настане за другата договорна страна и ќе биде должна во целост да ја надомести таквата штета на другата договорна страна. 15 Заштита на лични податоци 15.1 Забрането е давање на лични податоци на користење на корисник чија обработка, односно користење не може да се врши согласно со одредбите од Законот за заштита на личните податоци и доколку целта заради која се бараат личните податоци е во спротивност со одредбите од овој закон. 15.2 Личните податоци кои се обработуваат | and commercial information, data and documents that have been or shall be exchanged between the Contractual Parties during the negotiations and/or realization of the scope of the Contract and/or the Purchase Order, shall be deemed Confidential Information. 14.2 Neither of the Contractual Parties is entitled to disclose, use, copy or in any other manner alter the Confidential Information, without written approval by the other party, unless: 14.2.1 It is imposed by law, court decision or a decision adopted by a competent authority and/or 14.2.2 The Confidential Information have become publicly available or generally known to the public in the period of such disclosure or in some other manner, excluding disclosure as a result of violation of this item 14. 14.3 As an exception to the afore stated, the Contractual Parties may only disclose the Confidential Information to their related persons or other transporters and only to an extent as deemed necessary to perform such disclosure for the purpose of performance of the scope of the Contract and/or the Purchase Order. The Contractual Parties need to ensure whether the persons to whom such Confidential Information are disclosed and/or transferred are familiar with the obligations arising from this item 14. 14.4 The Contractual Party which shall violate the provisions under this point shall be held responsible for any damage that may result for the other Contractual Party and shall be obliged to fully compensate such damage to the other Contractual Party. 15 Personal data protection 15.1 It is prohibited to provide personal data for usage to a user, if the processing i.e. usage thereof cannot be performed in compliance with the provisions of the Law on Personal Data Protection and provided that the purpose for which the personal data is requested is contrary to the provisions of this law. 15.2 Personal data that is processed for |
во научно-истражувачки и статистички цели не можат да се даваат на користење на корисник во форма која овозможува идентификација на лицето на кое се однесуваат личните податоци. 15.3 Договорните страни се обврзуваат детално да ги уредат со посебен договор правата и обврските во случај да има потреба да се обработуваат лични податоци заради целите на предметот на Договорот и/или Порачката. 16 Виша сила 16.1 Ниедна Договорна страна нема да биде одговорна кон другата договорна страна за неисполнување на своите обврски од овие ОУ и/или Договорот и/или Порачката доколку докаже: 16.1.1 дека таквото неисполнување на обврските се должи на пречка која била надвор од нејзина контрола, 16.1.2 дека не можело разумно да се очекува да ја предвиди пречката и нејзините ефекти врз нејзината способност да ги исполнува обврските во времето на склучувањето на Договорот и испраќањето на Порачката и 16.1.3 дека не можела разумно да ја избегне или совлада пречката или нејзините ефекти (во натамошниот текст: „Настан на виша сила“). 16.2 Погодената договорна страна се обврзува, што е можно поскоро откако ќе дознае за пречката и нејзините ефекти врз нејзината способност да ги исполнува обврските како и евентуалната штета врз Стоките, да ја извести другата Договорна страна за таквата пречка и нејзините ефекти врз нејзината способност да ги исполнува обврските како и да ја опише настанатата штета. По таквото известување, Договорните страни ќе договорат нови услови под кои ќе се остварува предметот утврден во Договорот и/или Порачката. 16.3 Настапувањето на Настан на виша сила ја ослободува погодената Договорна страна која не е во можност да ги исполнува обврските од одговорноста за штета, од пенали и други | scientific-research and statistical purposes may not be provided for usage to a user in a form that enables identification of the person that the personal data refer to. 15.3 The Contractual Parties undertake to regulate the rights and obligations by virtue of a separate contract in case it is necessary to process personal data in the interest of realizing the scope of the Contract and/or the Purchase Order. 16 Force Majeure 16.1 None of the Contractual Parties shall be liable to the other Contractual Party for the failure to fulfill its obligations under these GT and/or the Contract and/or the Purchase Order if it proves: 16.1.1 that such non-fulfilment of the obligations is due to an obstacle that was beyond its control, 16.1.2 that it was impossible to foresee the obstacle and its effects on its ability to fulfill the obligations at the time of Contract signing and Purchase Order sending and 16.1.3 that it was unable to reasonably avoid or overcome the obstacle or its effects (hereinafter “Event of Force Majeure”). 16.2 The affected Contractual Party is obliged, as soon as possible after it has learned of existence of the obstacle and its effects on its ability to fulfill the obligations, as well as the potential damage on the Goods, to notify the other Contractual Party about this obstacle and about its effects on its ability to fulfill the obligations, and to describe the occurred damage. Upon such notification, the Contractual Parties shall agree on new terms of realization of the scope of the Contract and/or the Purchase Order. 16.3 The occurrence of an Event of Force Majeure exempts the affected Contractual Party which is unable to meet the obligations, from liability for damages, penalties and other |
договорни казни само за времетраењето на Xxxxxxxx на виша сила. 17 Раскинување 17.1 Било која договорна страна еднострано може да го раскине Договорот или да ја откаже Порачката на писмен начин со отказен рок од 30 (триесет) дена без разлика дали Договорот и/или Порачката е извршен делумно, во целост или воопшто не е извршен. 17.2 Во случај на раскинување на Договорот и/или откажување на Порачката, по приемот на известувањето за раскинување на Договорот односно откажување на Порачката испратено од страна на Нарачателот, Превозникот е должен: 17.2.1 Да преземе итни чекори за да го исполни предметот на договорот и/или Порачката на краток, брз и правилен начин, со што се намалуваат трошоците на минимум кај двете страни, 17.2.2 Да не презема дополнителни обврски на и по денот на приемот на известувањето, 17.2.3 Да ги раскине сите договори со Другите Превозници кои се однесуваат на извршувањето на предметот на Договорот и/или Порачката, 17.3 Превозникот е должен да ги надомести сите штети и трошоци кои Нарачателот ги претрпел, како резултат на раскинување на Договорот или откажувањето на Порачката, а поради непочитување на обврските од страна на Превозникот или лица ангажирани од негова страна. 18 Не-ексклузивност 18.1 Освен ако не е поинаку наведено во Договорот и/или Порачката, Нарачателот има право да ангажира други превозници за извршување на превозот како што е опишано во Договорот и/или Порачката, од било кој друг извор во било кое време. | contractual penalties only for the duration of the Event of force Majeure. 17 Termination 17.1 Each Contractual Party may unilaterally terminate the Contract or cancel the Purchase Order in writing with a notice period of 30 (thirty) days regardless of whether the Contract and/or the Purchase Order has been realized partially or fully, or has not been executed at all. 17.2 In the event of termination of the Contract and/or cancellation of the Purchase Order, upon receipt of the termination notice, i.e. cancelation of the Purchase Order dispatched by the Buyer, the Transporter is obliged: 17.2.1 To undertake immediate steps in order to realize the scope of the Contract and/or the Purchase Order in a short, prompt and appropriate manner, thus reducing the costs to the minimum for both parties, 17.2.2 Not to assume additional obligations on and after the day of receipt of the notice, 17.2.3 To terminate all contracts with the other Transporters which refer to the execution of the scope of the Contract and/or the Purchase Order, 17.3 The Transporter is obliged to compensate the Buyer all damages and costs that it has incurred, as a result of termination of the Contract and/or cancellation of the Purchase Order, and due to non-compliance with the contractual provisions by the Transporter or by persons it engaged. 18 Non-exclusivity 18.1 Unless otherwise specified in the Contract and/or the Purchase Order, the Buyer has the right to engage other transporters for the performance of the transportation as specified in the Contract and/or the Purchase Order, from any other source at any time. |
19 Ништовност 19.1 Секоја од точките/одредбите на овие ОУ или Договорот и/или Порачката е посебна и различна од другите и ако во било кое време една или повеќе од овие одредби е или ќе стане невалидна, незаконска или неизвршлива, валидноста, законитоста и извршливоста на останатите точки/одредби на овие ОУ и/или Договорот и/или Порачката нема на било кој начин да биде засегната или загрозена од тоа. 20 Спречување корупција и санкции 20.1 Превозникот и Нарачателот, нивните фирми ќерки, нивните соодветни директори и офицери, нивните вработени и агенти, (i) немаат повредено било кој Закон за спречување на тероризам, (ii) не е лице кое е или е во сопственост или контролирано од страна на лица кои се цел на било кои Санкции, или се лоцирани, организирани или резиденти во држава или територија која е, или чија влада е, предмет или цел на Санкции, или (iii) не води било каков бизнис или се ангажира во давање или примање на било какви стоки, услуги или пари на или во корист на било кое лице, или во било која држава или територија која што е предмет или цел на било кои Санкции. 20.2 Превозникот и Нарачателот, нивните фирми ќерки и нивните соодветни директори и офицери, по знаење на Превозникот и Xxxxxxxxxxx, нивните вработени и агенти, се во сите материјални аспекти во согласност со сите применливи Закони за спречување корупција и Санкции. 20.3 Превозникот и Нарачателот, или било која фирма ќерка или по сознание на Превозникот и Нарачателот, никој од било кои такви фирми ќерки, никој од нивните соодветни директори, офицери или вработени не е Санкционирано лице ниту пак делува во било какво својство во врска со или користа од Договорот и/или Порачката со Санкционирано лице. 20.4 Плаќањата примени од страна на Превозникот и/или Нарачателот или други трансакции кои се предвидени со Договорот | 19 Nullity and Voidness 19.1 Each of the items/provisions contemplated in these GT and/or the Contract and/or the Purchase Order is separate and different from the others and if at any time one or more of these items/provisions become/s null and void, unlawful or unenforceable, the validity, lawfulness and enforcement of the other items/provisions contemplated in these GT and/or the Contract and/or the Purchase Order shall not be affected or threatened in any way. 20 Corruption prevention and sanctions 20.1 To the best of their knowledge, the parties confirm that none of the Transporter and the Buyer, their subsidiaries, their respective directors and officers, their employees and agents, (i) have violated any Anti-Terrorism Law, (ii) are persons that are, or are owned or controlled by persons that are the target of any Sanctions, or located, organized or residents in a country or territory that is, or whose government is, the subject or the target of Sanctions, or (iii) conduct any business or engage in making or receiving any contribution of goods, services or money to or for the benefit of any person, or in any country or territory, that is the subject or the target of any Sanctions. 20.2 The Transporter and the Buyer, their subsidiaries, their respective directors and officers, their employees and agents, to the knowledge of the Transporter and the Buyer, their employees and agents, are in all material aspects in conformity with all applicable laws on anti- corruption and sanctions. 20.3 Neither the Transporter or the Buyer, nor any subsidiary, to the knowledge of the Transporter and the Buyer, nor any such subsidiary, nor their respective directors, officers or employees are Sanctioned Persons nor do they act in such a capacity with reference to or on behalf of this Contract and/or Purchase Order with a Sanctioned Person. 20.4 No payments received by the Transporter and/or the Buyer or other transaction contemplated by this Contract and/or Order shall |
и/или Порачката нема да ги повредат применливите Санкции. 20.5 Термините кои се користат во оваа точка 20 се дефинирани како што следи: 20.5.1 „Закони за спречување корупција“ значи секој закон, правила и регулативи во било која јурисдикција која е применлива спрема Превозникот и Нарачателот или нивните фирми ќерки и нивните соодветни директори и офицери, вработени и агенти, од време на време, а кои се однесуваат на мито или корупција. 20.5.2 "Закон за спречување тероризам„ значи секое законско барање кое се однесува на перење на пари или финансирање на тероризам. 20.5.3 “Санкции” значи економски или финансиски санкции или трговски ембарга кои се наметнати, администрирани или се применуваат од време на време од страна на владата на САД (вклучувајќи ги и тие кои се администрирани од страна на Канцеларијата за Контрола на Странски Средства на Трезорот на Владата на САД или Стејт Департментот на САД), Советот за безбедност на Обединетите Нации, Европската Унија или Обединетото Кралство. 20.5.4 “Санкционирано лице” значи секое лице кое е наведено во било која листа на Санкции на означени лица, било кое лице кое делува, е организирано или е резидент на Санкционирана Држава или било кое лице кое е контролирано од било кое такво лице. 20.5.5 “Санкционирана држава” значи, во секое време, држава или територија кое е предмет или цел на било кои Санкции. 21 Не - дискриминација и човекови права 21.1 Превозникот нема незаконски да дискриминира во рамките на значењето и обемот на Меѓународната Декларација за Човекови права на Обединетите Нации, Законот за работни односи, како и било кој | violate the applicable Sanctions. 20.5 The terms used under this item 20 are defined as follows: 20.5.1 “Anti-Corruption Laws” means all laws, rules and regulations of any jurisdiction applicable to the Transporter and the Buyer or their subsidiaries and their respective directors and officers, employees and agents, occasionally, concerning or relating to bribery or corruption. 20.5.2 “Anti-Terrorism Law” means any legal requirement pertaining to money laundering and terrorism financing. 20.5.3 “Sanctions” means economic or financial sanctions or trade embargos which have been imposed, administered or enforced occasionally by the Government of the USA (including the ones administered by the Office of Foreign Assets Control of the Treasury of the US Government or the State Department of the USA), the Security Council of the United Nations, the European Union or the United Kingdom. 20.5.4 “Sanctioned Person” means any person who is listed on any List of Sanctioned Persons, any person that acts, is organized or is a resident of a Sanctioned Country or any other person that is controlled by any such person. 20.5.5 “Sanctioned Country” means at any time, a state or a territory that is a subject to any Sanctions. 21 Non-discrimination and Human Rights 21.1 The Transporter shall not unlawfully discriminate within the meaning and scope of the UN International Declaration of Human Rights, the Law on Labor Relations or any law, enactment, order, or regulation relating to discrimination |
закон, акт, наредба или регулатива која се однесува на дискриминација (без разлика на раса, пол, религија, инвалидитет, сексуална ориентација или слично) при вработување и во текот на работниот однос и ќе ги преземе сите разумни чекори за да се почитува оваа точка од страна на сите службеници, вработени или агенти на Превозникот и сите лица ангажирани од негова страна во врска со извршувањето на Договорот/или Порачката. 21.2 Во секое време Превозникот ќе (и ќе преземе разумни напори да се осигура дека неговиот персонал) постапува во согласност со одредбите на применливиот закон кој се однесува на заштита на човековите права во врска со исполнувањето на Договорот и/или Порачката. 21.3 Превозникот нема да вработува било кое лице за кое што знае или би требало да знае дека по основ на своето вработување е вклучено во незаконско обезбедување на корист од социјално осигурување или даночно ослободување и Превозникот нема да прави, овозможува или учествува во обезбедувањето на било какви незаконски плаќања, кои по нивната природа се однесуваат на измама од социјално осигурување, даночна евазија или слично. 22 Животна средина и оддржливост 22.1 Превозникот признава дека Нарачателот и ТИТАН Групацијата создаваат и развиваат цврсти и одржливи односи со своите клиенти и добавувачи на светско ниво, кои се засновани на доверба, заеднички интерес и високи стандарди и Превозникот исто така ја препознава заложбата на Нарачателот да ги управува сопствените влијанија за оддржливост и употребува стоки и услуги кои се во согласност со грижата за животната средина и општествената одговорност и усогласени со државните политики и правилници. Превозникот исто така ќе обезбеди да и неговите вработени, агенти и подизведувачи постапуваат исто така. 22.2 За целите од точка 21.1, Превозникот ќе | (whether in race, gender, religion, disability, sexual orientation or otherwise) at an employment and during the employment and shall take all reasonable steps to secure the observance of this item by all servants, employees or agents of the Transporter and all persons it engaged in regard to the performance of the Contract and/or the Purchase Order. 21.2 The Transporter shall (and shall use its reasonable endeavors to procure that its staff shall) at all times comply with the provisions of the applicable law regarding protection of human rights and with reference to the performance of the Contract and/or the Purchase Order. 21.3 The Transporter shall not employ any person whom he knows or ought to know that is by reason of his employment engaged in any unlawful procurement of social security benefits or tax exemptions and the Transporter shall not make, facilitate or participate in the procurement of, any unlawful payments whatsoever, whether in the nature of social security fraud, or evasion of tax, or otherwise. 22 The environment and sustainability 22.1 The Transporter acknowledges that the Buyer and TITAN Group create and develop strong and sustainable relations with their Buyers and suppliers on a global level which are based on trust, common interest and high standards. Furthermore, Transporter also acknowledges the endeavors on the part of the Buyer to manage one’s own sustainability impacts and use of goods and services which are in conformity with the care for the environment and social responsibility and harmonized with the national policies and guidelines. The Transporter shall also ensure that its employees, agents and subcontractors act in the same manner. 22.2 For the purpose of item 21.1 herein, the |
обезбеди дека неговите вработени, агенти и подизведувачи ќе (а) ги делат вредностите и принципите како што се дефинирани од страна на 10 принципи на Глобалниот договор на ОН (UN Global Compact)1, (б) ги следат сите релевантни насоки кои се издаваат од време на време и (в) до она ниво кое е разумно применливо употребуваат материјали кои се еколошки подобри во целокупниот производствен процес кои за овие цели значат материјали кои не ја загадуваат или придонесуваат за создавањето на отпад, кои не влијаат негативно на здравјето и кои не ги исцрпуваат ограничените природни ресурси. По пат на пример Превозникот во секое време ќе биде свесен за потребата од превенција од отпад, рециклирање и употреба на рециклирана содржина. 23 Доставување на известувања 23.1 Сите известувања или барања во согласност со Порачката/Договорот ќе се даваат во писмена форма и ќе се сметаат за навремени доколку се испорачани преку курир, препорачана пошта или електронска порака. 23.2 Ќе се смета дека известувањето е уредно доставено или направено: 23.2.1 Во случај на лична достава, на денот на фактичкото врачување на примачот на адресата наведена во Порачката/Договорот, 23.2.2 Доколку е испратено со препорачана пошта на адресата наведена во Порачката/Договорот - на петтиот ден по денот на предавање во пошта, 23.2.3 Доколку е испратено преку е- маил - по добивање на повратна системска порака за извршена достава. 23.3 Секоја од Договорните страни може да ги измени податоците за доставување доколку за тоа ја извести другата договорна страна, а промената ќе произведува правно дејство од денот кој што доаѓа пет работни дена по | Transporter shall use its best efforts to ensure that its employees, agents and subcontractors (a) share the values and principles as defined by the 10 principles of the UN Global Compact2, (b) adhere to all relevant guidelines that are occasionally issued and (c) to a reasonably practical level use materials which are environmentally friendly in the overall production process. Such materials are materials that do not pollute the environment and do not contribute to waste generation, do not have adverse effects on the health and do not deplete the limited natural resources. By means of an example, the Transporter shall at all times be aware of the need of waste prevention, recycling and use of recycled materials. 23 Submission of Notifications 23.1 All notifications or requests in accordance with the Purchase Order/the Contract shall be submitted in writing and shall be deemed timely if delivered by courier, registered mail or email. 23.2 The notification shall be deemed duly submitted and executed: 23.2.1 in case of personal delivery on the day of actual submission to the recipient at the address indicated in the Purchase Order/Contract, 23.2.2 if delivered by registered mail to the address indicated in the Purchase Order/Contract – on the fifth day following the submission in the post office, 23.2.3 if delivered by email – following the return system massage regarding the successful delivery. 23.3 Each of the Contractual Parties may change the data for delivery provided that it has informed the other Contractual Party whereas the change shall become legally effective on the fifth working day following the submitted notification |
1 xxxxx://xxx.xxxxxxxxxxxxxxx.xxx/xxxx-xx-xx/xxxxxxx/xxxxxxxxxx
2 xxxxx://xxx.xxxxxxxxxxxxxxx.xxx/xxxx-xx-xx/xxxxxxx/xxxxxxxxxx
известувањето за променетите податоци, или на некој подоцнежен датум наведен во известувањето. 24 Решавање спорови и судска н адлежност 24.1 Евентуалните спорови во врска со одредбите од овие ОУ, Договорот или Порачката, договорните страни ќе се обидат да ги решаваат спогодбено. 24.2 Во случај спорот да не се реши врз основа на претходната точка надлежен за решавање ќе биде Основниот граѓански суд Скопје. 24.3 За сè што не е регулирано со овие ОУ, Договорот и/или Порачката ќе се применуваат одредбите на Законот за договорите за превоз во патниот сообраќај, Законот за превоз во патниот сообраќај, како и сите други применливи закони и подзаконски акти. 25 Измени 25.1 Измени и дополнувања на потпишаниот Договор можат да се вршат само со склучување на писмен Анекс кон истиот потпишан од двете договорни страни, а Порачката може да се смени само со дополнување и/или измена испратена од страна на Нарачателот и истата има ефект од денот кога Превозникот ја има примено по електронски пат изменетата и/или дополнетата Порачка. 26 Потпишување и стапување во сила на Д оговорот 26.1 Освен ако поинаку не е предвидено во Договорот, истиот стапува во сила со денот на неговото потпишување и архивска заверка од двете договорни страни, а започнува да се применува од подоцнежниот датум на архивска заверка. 27 Примероци на Договорот 27.1 Договорот се склучува во два еднакви примероци, од кои по еден за секоја договорна страна. | for the changed data, or on any other later date indicated in the notification. 24 Dispute Resolution and Jurisdiction 24.1 The Contractual Parties shall try to consensually settle all disputes arising in regard with the provisions of these General Terms, the Contract or the Purchase Order. 24.2 If the Contractual Parties fail to settle in accordance with the previous item, the Basic Civil Court Skopje shall be competent. 24.3 The provisions of the Law on Transportation Agreements in Road Traffic, the Law on Transportation in Road Traffic, as well as all other applicable laws and bylaws shall apply for all matters that have not been regulated in these General Terms, the Contract and/or the Purchase Order. 25 Modifications 25.1 Modifications and amendments to the signed Contract can be made only by concluding a written Annex to the Contract signed by both Contractual Parties, whereas the Purchase Order may only be modified by virtue of modification and/or amendment submitted by the Buyer and it shall become effective on the day when the Transporter has received it electronically as a modified/amended Purchase Order. 26 Contract Signing and effectiveness 26.1 Unless otherwise stipulated in the Contract, it shall become effective on the day of its signing and archival verification by both Contractual Parties and shall be valid as of the later date of the archival verification. 27 Contract counterparts 27.1 The Contract shall be signed in two counterparts, of which o n e for each Contractual Party. |
28 Завршни одредби 28.1 Правата и обврските кои произлегуваат од овие ОУ, Договорот и/или Порачката се обврзувачки за правните следбеници на Договорните страни. 28.2 Превозникот своите обврски ќе ги извршува во согласност со сите закони, прописи и правила кои се однесуваат на извршувањето на предметот на Договорот и/или Порачката. Скопје, 01.07.2019 година | 28 Final Provisions 28.1 The rights and the obligations that arise from these GT, the Contract and/or the Purchase Order are binding upon the legal successors of the Contractual Parties. 28.2 The Transporter shall perform its obligations in accordance with all laws, regulations and rules pertaining to the performance of its obligations from the Contract and/or the Purchase Order. Skopje, 01.07.2019 |
ЦЕМЕНТАРНИЦА УСЈЕ АД СКОПЈЕ/ CEMENTARNICA USE AD SKOPJE
ГЛАВЕН ИЗВРШЕН ДИРЕКТОР/ Chief Executive Director
Xxxxx Xxxxxxxx/Xxxxx Xxxxxxxx