This project is funded by The European Union
This project is funded by
The European Union
ПРЕЗЕМАЊЕ НА АКЦИЈА ЗА СОЦИЈАЛНА ВКЛУЧЕНОСТ НА СТАРИ ЛИЦА
ДОГОВОР
Условите наведени во овој договор се однесуваат на тендерот на Проектот Преземи акција за социјална инклузија на стари лица.
Овој Договор се склучува помеѓу
Црвен крст на Република Македонија со адресаБул. Xxxx Xxxxx број 13, 1000 Скопје, застапувана од д-р Xxxx Xxxxx, во натамошен текст “давател на грантови” и
избрано здружение на граѓани, име и адреса, застапувано од xxx во натамошен текст “примател на грант”.
|
|
|
|
|
|
Член 1
Времетраење на договор
Имплементацискиот период на овој договор е 1 ноември 2017 – 31 август 2018 година.
Член 2
Составни делови на договорот
Овој договор е сочинет од главниот документ и следниве анекси:
Анекс А: Потпишан формулар апликација вклучително и опис на акцијата, Работен План и Буџет како и сите побарани документи на организацијата
Xxxxx X: Буџет на мал проект
Xxxxx X: Формат за наративен извештај
Анекс Д: Предуслови и норми за визибилитет
Анекс Е: Дневник за користење на возило
Член 3
Права и обврски на договорни страни
Обврски на примателот на грантот
Примателот на грантот е одговорен за подготовка, имплементација и менаџирање на одобрените активности согласно со Анекс A.
Примателот на грантот работи во тесна соработка со Давателот на грантот и прифаќа Давателот на грантот да врши мониторинг и супервизија во текот на целиот имплементациски период.
Примателот на грантот ќе ги потпомогне мониторинг посетите на претставниците на Давателот на грантот и неговите донатори. Овие претставници имаат право на увид во сите документи поврзани со проектот.
Примателот на грантот се сложува да ги почитува највисоките стандарди за отчетност и транспарентост за сите активности и трошоци. Паричните средства добиени од Давателот на грантот ќе се користат на економичен и ефикасен начин исклучиво за имплементација на одобрените активности согласно со Анекс A.
Примателот на грантот ќе ги користи сите ресурси и средства за имплементација на активностите согласно со Анекс A на економичен начин и на начин кој ќе овозможи целосно остварување на предвидените резултати.
Примателот на грантот ќе му обезбеди на Давателот на грантот детални информации за употребата на човечките ресурси за имплементација на одобрените активности (изводи за плати и друго).
Остварените резултати согласно со Xxxxx A испорачани од Примателот на грантот треба да се споделат со сите членки на проектната мрежа Преземи Акција за Социјална Инклузија на Стари Лица. Сите резултати ќе прејдат во сопственост на членките на мрежата и ќе се користат како примери за добри практики.
Обврски на Давателот на грантот
Давателот на грантот ќе ги обезбеди буџетските средства за покривање на трошоците за имплементација на активностите на Примателот на грантот.
Давателот на грантот ќе ги префрли паричните средства согласно со предвидениот распоред за исплата на средства прикажан подоле.
Давателот на грантот или одредено назначено лице од страна на Давателот на грантот ќе остварува тесна соработка со Примателот на грантот во однос на аспектите поврзани со мониторинг и евалуација на остварениот напредок.
Давателот на грантот ќе ја поддржи имплементацијата на активностите со цел взаемно да се споделат стекнатите знаења и искуства.
Овластеното лице на примателот на грантот дава изјава за вистинитоста и валидноста на информациите во договорот, која е составен дел од овој договор.
Член 4
Финансиски услови
Давателот на грантот ќе обезбеди средства и тоа од најмалку 2,000 евра па се до најмногу 5,000 евра за имплементација на предвидените активности. Финансирањето ќе се врши согласно со одобрениот буџет во Анекс A и X.
Трансферот на пари ќе биде направен согласно со следниов распоред:
50% исплата, 14 дена по потпишувањето на договорот од двете страни.
45% исплата по добивањето на целосен наративен и финансиски извештај за првите пет месеци од имплементацијата на малиот проект: оваа рата ќе биде исплатена не порано од 14 дена по прифаќањето на извештаите од страна на Давателот на грантот и средствата ќе бидат исплатени откако Давателот на грантот ќе ги добие средствата за третата година од договорната страна (Европска Унија – Брисел) – до 90 дена по приемот на пополнети извештаи од Примателот на грантот.
5% од финалната исплата пресметана како финален трошок 14 дена по финалното доставување и успешно завршно прифаќање на финансискиот и наративниот извештај.
Во случај ако има помалку потрошено средства од страна на Примателот на грантот во првите пет месеци од имплементацијата на малиот проект, Давателот на грантот, треба однапред да се контактира за да се договори како да се реши прашањето. Среднорочниот финансиски извештај треба да биде придружен со официјално барање за буџетска ревизија договорена однапред со Давателот на грантот како и наративно објаснување каде ќе биде објаснето на кој начин ќе бидат искористени помалку потрошените пари во вториот петмесечен период од имплементацијата на малиот проект. Со ревизијата може да се предвидат нови активности но треба да се поврзани со општиот опис и цели на малиот проект онаков како што е првично поднесен до Давателот на грантот и прифатен на повикот.
Во случај на помалку потрошени пари од страна на Примателот на грантот на крајот на имплементацијата на малиот проект, непотрошените пари треба да се вратат на Давателот на грантот во рок од 14 дена по прифаѓањето на поднесените извештаи од Примателот на грантот.
Давателот на грантот ќе ја префрли бараната сума во националната валута според информациите за релевантната курсна листа за вредност на еврото на денот на трансакцијата.
Парите ќе се префрлат на следнава сметка на Примателот на грантот:
Банка:
Број на сметка:
Примателот на грантот ќе ги користи паричните средства добиени од Давателот на грантот исклучиво за имплементација на активностите и сите направени трошоци треба да бидат направени во рамки на одобрениот имплементациски период согласно со Анекс A. Сите парични средства кои нема да се потрошат за спроведување на активности треба да се вратат на Давателот на грантот најдоцна до приемот на барање за трансферот на овие средства од страна на Давателот на грантот.
Заработената камата на паричните средства на сметката треба да се искористи исклучиво за одобрените активности.
Член 5
Сметководство
Сите трошоци треба да се поврзани со одредена буџетска линија. Не смее да се надмине вкупната сума на буџетот.
Примателот на грантот ќе набавува стоки и услуги по цена која не е повисока од вообичаената или стандардната цена на пазарот. Примателот на грантот ќе ги користи и достапните рабати, попусти или слични намалувања и ќе ги вметне во сметководствените документи.
На Давателот на грантот треба да му се поднесат копии на сите документи (фактури, сметкопотврди, документи за изземања од ДДВ, временски листови за работен ангажман на вработени (timesheets), банкови изводи, патни налози, кои служат како доказ.
Документите треба да се достават со кратко образложение на содржината на англиски јазик.
Во фактурите мора да бидат прикажани најмалку следниве елементи:
продавач (име, адреса, регистраски број)
купец (име, адреса, регистарски број)
датум на набавка
зборот “фактура”
број/количина и цена на купената стока/услуга
xxxxxxx опис на стоката/услугата/работата
потврда за плаќање / сметкопотврда
Фактура назначена со името на проектот (генерирана од УЈП)
ДДВ (Данок на Додадена Вредност) не е оправдан.
Плаќањата треба да се вршат преку банкова сметка. Треба да се избегнуваат готовинските плаќања.Тие се прифатливи единствено во случај кога банковите трансфери не се можни. Доказот за плаќање (дадениот банков извод во случај на баков трансфер) треба да се приложи кон секоја фактура/сметка.
Секоја одобрена активност поврзана со патување треба да ги исполни следниве услови: патен налог потпишан од одговорното лице за малиот проект и лицето кое патува треба да се поднесе заедно со наративен и финансиски извештај. Дневниците, ако ги има предвидено во буџетот, ќе се исплаќаат согласно со висината за исплата на дневници во земјата . Доказот за патните трошоци мора да се поднесе во форма на копии од карти или други документи кои ги прикажуваат патните трошоци.
Ако се користат возила на Примателот на грантот за обезбедување на локален транспорт во рамки на одобрените активности, треба да се наплатат реалните трошоци. Мора да се води дневник за возилото со следниве документирани информации: колку километри се поминати, целната дестинација, датум и цел на патувањето, поминати километри, име на возачот како и количина и датум на полнење на гориво. Овој дневник треба да се документира и прикаже во извештаите. Пример на дневник за возило е прикажан во Анекс E.
Член 6
Известување
Наративен извештај
Месечните наративни извештаи и најнови информации треба да се испраќаат до Давателот на грантот најдоцна до 3ти следниот месец. Во нив треба да бидат презентирани спроведените активности и периодот на имплементација. Исто така треба да се споменат сите клучни остварувања и предизвици како и применетите решенија. Најдоцна 14 дена после последниот ден од петиот месец до Давателот на грантот треба да се поднесе среднорочен наративен извештај во кој ќе се сумираат активностите за првите пет месеци. Финалниот наративен извештај треба да се поднесе најдоцна две недели по последниот ден на имплементација на проктните активности. Извештајот треба да се подготви на македонски јазик. Форматот за наративен извештај е прикажан во Анекс Ц).
Финансиски извештај
Финансискиот извештај вклучува хронолошка листа на трошоци вклучително и сите фактури / сметкопотврди како и документите кои ги потврдуваат трошоците поврзани со активности во форматот на финансискиот извештај дефиниран од страна на Давателот на грантот. Финансискиот извештај ги илустрира трошоците согласно со буџетот согласно со Xxxxx A и X. Го прикажува добиениот грант од Давателот на грантот, содржи банкови изводи и ги покажува сите камати. Примателот на грантот треба да поднесе:
Прв финансиски извештај три месеци по започнувањето на проектната имплементација, не подоцна од 14 дена по крајот на третиот месец.
Среднорочен финансиски извештај до Давателот на грантот, не подоцна од 14 дена по последниот ден од петиот месец од акцијата.
Сеопфатен финансиски извештај треба да се поднесе најдоцна две недели по завршниот ден од проектната имплементација.
Член 7
Видливост
Примателот на грантот мора да преземе мерки за да се осигури видливоста на сите донатори согласно со Xxxxx X (Норми за видливост). Примателот на грантот треба да се погрижи за обезбедување на соодветна видливост и за таа цел секогаш треба да добие одобрение од Давателот на грантот пред преземање на било каква акција во таа насока. Давателот на грантот има право да го намали грантот ако не се исполнат обврските поврзани со видливоста.
Член 8
Мониторинг
Давателот на грантот редовно ќе врши мониторинг на активностите преземени од страна на Примателот на грантот. Примателот на грантот, во секое време ќе му овозможи на Давателот на грантот слободен пристап до целата релевантна документација.
Член 9
Измени, Раскинување на договор
Овој договор може да се измени единствено со анекс потпишан од двете страни.
Во случај на драматична промена на околностите за имплементација на проектот, договорните страни може да го раскинат овој договор по пат на доставување на писмено известување две недели пред раскинувањето на договорот.
Договорните страни може веднаш да го раскинат договорот:
ако една од страните, со дело или несакајќи, ја доведе другата страна или нејзиното име во било каков спор или нарушување на нејзината репутација;
ако има материјално прекршување на договорот кое не било корегирано во рок од 12 работни дена по писменото известување доставено до страната која го прекршила договорот;
ако во било кој момент за време на траењето на овој договор не е повеќе можно за една од страните да ги извршува своите обврски заради виша сила, тогаш таа страна треба веднаш да ја извести другата страна во писмена форма за вишата сила која влијаела на проектната имплементација. Страната која го дава известувањето на тој начин се ослободува од обврски се додека трае вишата сила.
Ако активностите не можат да се имплементираат заради одредена причина, ниту со договорено соодветно продолжување на временскиот рок, третата страна ќе го прекине проектот и ќе поднесе наративен извештај како и финансиски извештај до дадениот времеснки период кога е прекинат проектот (согласно со условите за известување) и веднаш ќе ги врати непотрошените пари..
Член 10
Завршни одредби
Овој договор подлежи и ќе се спроведува во согласност со националното законодавство. Сите спорови кои може да произлезат како резултат на овој договор ќе бидат предмет на пресудување од страна на компетентен суд во земјата.
Член 10
Овој договор е изготвен во два истоветни примероци од кои по еден примерок за давателот и примателот на грантот..
[Овластен потпис на примател на грант] [Овластен потпис на давател на грант]
[датум, место и официјален печат] [датум, место и официјален печат]