Идејните решенија треба да се достават на CD/DVD. Сите барања за дополнителни појаснувања може да се испратат на адресата на е-пошта на ЦУП, info@cup.org.mk, најдоцна до 21.08.2017 година.
ТЕНДЕРСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА
НАБАВКА НА УСЛУГИ ЗА ДИЗАЈН, ПОДГОТОВКА И ПЕЧАТЕЊЕ НА ПРОМОТИВЕН МАТЕРИЈАЛ
БР. НА ПОВИК 0804-06/2017
Скопје,
јули, 2017 година
ИНСТРУКЦИИ ЗА ПОНУДУВАЧИТЕ
Центарот за управување со промени – ЦУП, во рамките на проектот „Следење на принципите на јавната администрација во зачувување на вредности на добро управување“ (финансиран од Делегацијата на Европската Унија), има потреба од набавка на услуги за дизајн, подготовка и печатење на промотивен материјал.
Подетален опис на бараните услугите се наоѓа во спецификацијата во оваа документација.
Во прилог се наоѓа и кратко резиме на проектот, кое може да служи како насока за изработка на идејните решенија.
Рок за извршување на услугите
Потребно е да се испорачаат услугите во период од склучувањето на Договорот до крајот на декември 2018 година. ЦУП го задржува правото на измена на временската рамка и утврдување на временската динамика за испорака на нарачаните услуги од страна на добавувачот.
Понудата треба да ги содржи следните елементи:
- Понуда (образец во продолжение)
- Изјава со која понудувачот ги прифаќа условите од повикот за доставување понуди (образец во продолжение)
- Техничка документација:
ДРД образец
Идејно решение со унифициран дизајн за следните материјали:
Проектна брошура
Лифлет
Водич за стандарди за добро управување
Полугодишен мониторинг извештај
Финален мониторинг извештај
Проектно лого
Банер на проектот
Папка, нотес и пенкало
Листа на референци
Два примероци од сличен изработен промотивен материјал (публикации)
- Финансиска документација:
Финансиска понуда (согласно образецот на понудата подолу)
Идејните решенија треба да се достават на CD/DVD.
Изборот на добавувачите ќе се изврши по пат на евалуација на квалитативната и на финансиската понуда (60 бода за квалитативна понуда и 40 бода за финансиска понуда). Во процесот на евалуација ќе се примени двостепена процедура, односно првенстевено се врши оценка на квалитетот, а потоа и на цената. Финансиските понуди се отвораат и оценуваат само ако понудувачите освојат минимум 31 бод од предвидените (максимални) 60 бода за квалитет. Ќе се избере понудувачот кој ќе добие вкупно најмногу бода (квалитет + цена).
5. Услови и начин на плаќање
Плаќање: по завршување на поединечна услуга, односно по доставена фактура за извршената услуга.
6. Набавката е неделива.
7. Начин на доставување на понудите
Понудата се доставува во писмена форма, потпишана и заверена од понудувачот. Во понудата потребно е финансиската понуда да биде издвоена во посебен плик и да биде означена. Понудата се доставува во еден затворен плик (во кој ќе биде содржана издвоената финансиска понуда) на кој во долниот лев агол треба да стои ознаката „НЕ ОТВОРАЈ“ и бројот на повикот 0804-06/2017 на кој се однесува понудата. Понудата се доставува во просториите на Центар за управување со промени, Рајко Жинзифов бр.44/1 Скопје. Пликот не смее да содржи никаква ознака со која би можел да се идентификува испраќачот – понудувачот.
Краен рок на доставување на понудите е 23.08.2017 година, 16:00 часот.
Понудите што ќе пристигнат по наведениот рок, како и оние кои не се изработени според пропозициите на повикот, нема да бидат земени предвид. Секој понудувач може да учествува само со една понуда.
Сите барања за дополнителни појаснувања може да се испратат на адресата на е-пошта на ЦУП, xxxx@xxx.xxx.xx, најдоцна до 21.08.2017 година.
Рок на важност на понудата: најмалку 30 дена.
Понудувач: ______________________________________
Архивски број и датум: ___________________________
ДО: ____________________________________________________________
(назив на набавувачот и негово седиште)
П О Н У Д А
Број на повикот __________________
Датум __________________
По разгледувањето на тендерската документација, ја доставуваме нашата понуда со сета барана придружна документација.
Согласни сме да ги обезбедиме следните услуги, во согласност со тендерската документација:__________________________________________________________
(се наведува предметот на набавката).
Нашата понуда важи за периодот утврден во документацијата.
Со поднесување на оваа понуда, во целост ги прифаќаме условите предвидени во документацијата.
Дел I – Информации за понудувачот
I.1. Име на понудувачот: ______________________________________________________
I.2. Контакт информации
Адреса: ______________________________________________________________
Телефон: ____________________________________________________________
Факс: ________________________________________________________________
Е-пошта: _____________________________________________________________
Лице за контакт: ______________________________________________________
I.3. Одговорно лице: _________________________________________________________
Одговорно лице на понудувачот
________________________________
Дел II – Финансиска понуда (во посебен плик)
Вкупната цена на нашата понуда, исклучувајќи какви било попусти изнесува: __________________________________________________________ (се наведува вкупниот износ без ДДВ – проектот е ослободен од ДДВ).
Понудуваме извршување на услугите согласно нашата финансиска понуда дадена во табелата:
Р. бр. |
Услуга |
Единечна цена без ДДВ |
Количина |
Цена без ДДВ |
1 |
Дизајн, подготовка и печатење на проектни брошури на македонски, албански и англиски јазик |
|
|
|
2 |
Дизајн, подготовка и печатење на лифлети на македонски, албански и англиски јазик |
|
|
|
3 |
Дизајн, подготовка и печатење на водич за стандарди за добро управување на македонски, албански и англиски јазик |
|
|
|
4 |
Дизајн, подготовка и печатење на полугодишни мониторинг извештаи на македонски и албански јазик |
|
|
|
5 |
Дизајн, подготовка и печатење на финален мониторинг извештај на македонски, албански и англиски јазик |
|
|
|
6 |
Дизајн на проектно лого и банер |
|
|
|
7 |
Подготовка и печатење на банери за проектот |
|
|
|
8 |
Изработка на комплет – папка, нотес и пенкало, за сите настани на проектот, дизајнирани со логото на проектот, партнерските организации и донаторите |
|
|
|
Вкупно |
|
|
|
Понудуваме безусловен попуст од ____% од вкупната понудена цена.
Начин и рок на плаќање:__________________________________________________
Одговорно лице на понудувачот
________________________________
И З Ј А В А
Изјавуваме дека со поднесување на понудата во целост ги прифаќаме сите услови од тендерската документација за набавка на _______________________ (се наведува предметот на набавката), по повик бр.________ (се наведува бројот на повикот) врз основа на кои ја поднесуваме нашата понуда. Согласни сме тие услови во целост да претставуваат составен дел на договорот.
Изјавуваме дека против нас не е поведена стечајна постапка и немаме забрана за вршење на дејност.
На ваше барање ќе ви ги доставиме сите документи утврдени во барањето за понуди потребни за докажување на исполнувањето на овие критериуми.
Место и датум
Понудувач
________________________
Потпис и печат
СПЕЦИФИКАЦИЈА ЗА НАБАВКА НА УСЛУГИ ЗА ДИЗАЈН, ПОДГОТОВКА И ПЕЧАТЕЊЕ НА ПРОМОТИВЕН МАТЕРИЈАЛ
1. Дизајн, подготовка и печатење на проектни брошури на македонски, албански и англиски јазик
Формат |
Б5 |
Xxxxxxx |
Xxxxxx: Кундзрук 300g/m2 4/0 + лак 1/0 Внатре: 2/2, 115 гр кунздрук, хевтано |
Печат |
Внатре: 2/2, Корица 4/0 |
Број на страници |
максимум 12 |
Тираж |
1000 примероци (700мк + 200алб + 100анг) |
2. Дизајн, подготовка и печатење на лифлети на македонски, албански и англиски јазик
Формат |
4/4 А4 |
Xxxxxxx |
Xxxxxx А3, 4/4 + лак 1/1, биг виткан на А4, 200 гр кунздрук |
Печат |
Внатре:4/4 |
Број на страници |
максимум 4 |
Тираж |
1000 примероци (700мк + 200алб + 100анг) |
3. Дизајн, подготовка и печатење на водич за стандарди за добро управување на македонски, албански и англиски јазик
Формат |
Б5 |
Xxxxxxx |
Xxxxxx: Кундзрук 300g/m2 + лак 1/0, внатре 2/2, 115 гр кунздрук, хевтано |
Печат |
Корици кунздрук 300 гр 4/0 + лак 1/0, внатре 2/2, 115 гр кунздрук, хевтано |
Број на страници |
максимум 52 |
Тираж |
1000 примероци (700мк + 200алб + 100анг) |
4. Дизајн, подготовка и печатење на полугодишни мониторинг извештаи на македонски и албански јазик
Формат |
Б5 |
Xxxxxxx |
Xxxxxx: Кундзрук 300g/m2 + лак 1/0, внатре 2/2, 115 гр кунздрук, хевтано |
Печат |
Внатре: 2/2, Корица 4/0 |
Број на страници |
максимум 28 |
Тираж |
700 примероци (500мк + 200алб) по полугодишен извештај Вкупно 3 полугодишни извештаи Вкупно 2100 примероци |
5. Дизајн, подготовка и финален мониторинг извештај на македонски, албански и англиски јазик
Формат |
Б5 |
Xxxxxxx |
Xxxxxx: Кундзрук 300g/m2 + лак 1/0, внатре 2/2, 115 гр кунздрук, хевтано |
Печат |
Внатре: 2/2, Корица 4/0 |
Број на страници |
максимум 28 |
Тираж |
800 примероци (500мк + 200алб + 100анг)
|
6. Дизајн на проектно лого
7. Дизајн, подготовка и печатење на банери за проектот
Формат |
Димензии: 90 x 200 cm Quick банер со основа |
Количина |
3 |
8. Изработка на комплет – папка, нотес и пенкало, за сите настани на проектот (вкупно 500 комплети)
Комплетите треба да бидат дизајнирани со логото на проектот, партнерските организации и донаторите.
Папка – 220x305мм (превиткана), 300 gr/m2 кунструк, пластифицирана 1/0, бои 4/0
Нотес – димензии А5, 80гр офсет хартија за внатрешните страници, 50 листа, 0/0, 300гр сјајна хартија за корици, спирала, печат на насловната 4/0, задната 0/0
Пенкало – хемиско пенкало со принт
ПРИЛОГ – КРАТКО РЕЗИМЕ НА ПРОЕКТОТ
ВОВЕД
Проектот „Следење на принципите на јавна администрација во зачувување на вредностите на добро управување“ е финансиран од Делегација на Европска Унија во Р. Македонија, во рамките на ИПА програмата ,,Структура за поддршка на граѓанското општество и Медиуми 2015, приоритет 2: ,,Поддршка на граѓанското општество во надзор и мониторинг на јавните институции“.
Општата цел на проектот е да се зголеми влијанието на граѓанските организации за имплементација на принципите за јавна администрација од страна на единиците на локалната самоуправа, како предуслов за транспарентно, ефективно и демократско управување.
Резултати на проектот:
Р.1. Прилагодени СИГМА принципи на јавната администрација и индикатори за следење на добро управување (на локално ниво);
Р.2. Локалните граѓански организации се компетентни во областа за добро управување и следење на СИГМА стандардите за јавна администрација на национално и на локално ниво, способни да учествуваат во дијалог за креирање и следење на јавните политики;
Р.3. Изработени мониторинг извештаи за имплементација на утврдените СИГМА принципи на јавна администрација, врз основа на темелно истражување базирано на докази;
Р.4. Граѓанските организации се оспособени да комуницираат, да соработуваат и да застапуваат/влијаат на донесувачите на одлуки за да го адресираат идентификуваниот јаз во воведувањето на моделот за добро управување од страна на единиците на локална самоуправа, придонесувајќи кон потранспарентна, поодговорна и сервисно-ориентирана јавна администрација.
Целни групи на проектот: Граѓански организации и единици на локална самоуправа во 7 урбани центри/региони во Р. Македонија (Битола, Струмица, Штип, Куманово, Велес, Тетово, Струга).
Проектот го спроведува Центарот за управување со промени (ЦУП), Асоцијација за менаџмент консалтинг МКА-2000 и Центарот за истражувачко новинарство СКУП Македонија.
3