Contract
ПОСЕБНИ УСЛОВИ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ ИМОТ ОД СИТЕ РИЗИЦИ
ДЕЛ ПРВИ ЗАЕДНИЧКИ ОДРЕДБИ
I ВОВЕДНИ ОДРЕДБИ
Примена на условите Член 1
(1) Oвиe Посебни ycлoви за осигурување имоти од сите ризици ( во натамошниот теккст „Услови“) се составен дел на договорот- полисата за осигурување на имот од сите ризици што договарачот на осигурувањето ќе го склучи со Акционерското друштво за осигурување ЕУРОЛИНК – Скопје.
(2) Договорот за осигурување на имот од сите ризици е склучен кога осигурувачот и договарачот на осигурувањето ќе ја потпишат полисата за осигурување или листот на покритие.
(3) Со договорот за осигурување на имотот од сите ризици се обврзува договарачот на осигурувањето да ја плати премијата на осигурувачот, а осигурувачот се обврзува ако дојде до настан кој претставува осигурен случај (ризик) да му го исплати на осигуреникот или на некое трето лице надоместот, односно договорената сума.
Значење на одделни изрази Член 2
(1) Bo oвиe услови одделни зборови ги имaaт cлeднитe знaчeњa:
1. „ocигypyвaч"- Акциoнepcкo дpyштвo зa ocигypyвaњe Eypoлинк - Cкoпje.
2. „дoгoваpaч нa ocигypyвaњe" – правно лицe кoe co ocигypyвaчoт cклyчyвa дoгoвop зa ocигypyвaњe;
3. „ocигypeник" – правно лицe чиј што имoт e ocигypeн и на кое мy пpипaѓaaт пpaвaтa oд ocигypyвaњeтo;
4. „пpeмиja" - изнoc што ce плaќa пo дoгoвopот зa ocигypyвaњe;
5. „cyмa нa ocигypyвaњe“ - изнoc нa кoj имoтoт, oднocнo имoтниoт интepec e ocигypeн и највисок износ на обврската на осигурувачот, aкo oд coдpжинaтa нa дoгoвopoт зa ocигypyвaњe нe пpoизлeгyвa нeштo дpyгo;
6. „пoлиca" - дoгoвopoт зa склученото ocигypyвaњe.
(2) Во одредбите на овие Услови во кои се користи зборот „ договарач на осигурувањето“, или само „договарач“ поимот може да се однесува едновремено и на поимот „осигуреник“, во зависност од содржината на одредбата.
Примена на законски прописи Член 3
(1) Договорот за осигурување склучен според овие Услови е во согласност со
законите на Република Македонија кои единствено се применуваат при толкување на договорот и реализација на истиот.
(2) За сите права и обврски на договорните страни, како и на трети лица што произлегуваат од договорот за осигурување, кои не се регулирани со конкретниот договор и овие Услови, се применуваат одредбите од Законот за облигационите односи.
II.ОПШТИ ОДРЕДБИ
Полиса Член 4
(1) Полисата за осигурување на имот од сите ризици ги содржи најмалку следните податоци: договорните страни, осигурениот предмет, ризиците опфатени со осигурувањето, траењето на осигурувањето и периодот на покритието, сумата на осигурувањето или дека осигурувањето е неограничено, премијата, датумот на издавањето на полисата и потписи на договорните страни.
(2) Осигурените предмети можат да биде наведени во одделна спецификација која е составен дел на полисата.
Премија за осигурување и последици од неплаќање на премијата Член 5
(1) Договарачот на осигурувањето е должен да ја плати премијата за осигурување при склучување на договорот за осигурување, освен ако не е договорено поинаку.
(2) Ако е договорено премијата или првата рата од премијата да се плати при склучувањето на договорот, обврската на осигурувачот да го исплати надоместот или сумата определена со договорот почнува наредниот ден од денот на уплатата на премијата, без оглед на денот на почеток на осигурувањето определен во полисата за осигурување.
(3) Ако е договорено премијата да се плаќа по склучувањето на договорот, обврската на осигурувачот да го исплати надоместот или сумата определена со договорот почнува од денот определен во полисата како ден на почеток на осигурувањето.
(4) Ако договарачот на осигурувањето премијата што стасала по склучувањето на договорот не ја плати до стасаноста, ниту тоа го стори некое друго заинтересирано лице, договорот за осигурување престанува според самиот закон по истекот на рокот од 30 дена од кога на договарачот на осигурувањето му е врачено препорачано писмо од осигурувачот со известување за стасаноста на премијата, но со тоа што тој рок да не може да истече пред да поминат 30 дена од стасаноста на премијата.
(5) Во секој случај договорот за осигурување престанува според самиот закон ако премијата не биде платена во рок од една година од стасаноста.
Должност за пријавување Член 6
Договарачот на осигурувањето е должен при склучувањето на договорот да му ги пријави на осигурувачот сите околности што се од значење за оцена на ризикот, а што му се познати или не можеле да му останат непознати.
Намерна неточна пријава или премолчување Член 7
(1) Ако договарачот на осигурувањето намерно направил неточна пријава или
намерно премолчил некоја околност од таква природа што осигурувачот не би склучил договор ако знаел за вистинската состојба на работите, осигурувачот може да бара поништување на договорот.
(2) Во случај на поништување на договорот од причините наведени во став (1) на овој член, осигурувачот ги задржува наплатените премии и има право да бара исплата на премијата за периодот на осигурувањето во кој побарал поништување на договорот.
(3) Правото на осигурувачот да бара поништување на договорот за осигурување престанува ако тој во рок од три месеци од денот на дознавањето на неточноста на пријавата или за премолчувањето не му изјави на договарачот на осигурувањето дека има намера да го користи тоа право.
Ненамерна неточност или нецелосност на пријавата Член 8
(1) Ако договарачот на осигурувањето направил неточна пријава, или пропуштил да го даде должното известување, а тоа не го сторил намерно, осигурувачот може, по свој избор, во рок од еден месец од дознавањето за неточноста или нецелосноста на пријавата, да изјави дека го раскинува договорот или да предложи зголемување на премијата сразмерно со поголемиот ризик.
(2) Договорот во тој случај престанува по истекот на 14 дена од кога осигурувачот својата изјава за раскинување му ја соопштил на договарачот на осигурувањето, а во случај на предлог од осигурувачот премијата да се зголеми, раскинувањето настапува според самиот закон ако договарачот на осигурувањето не го прифати предлогот во рок од 14 дена од кога го примил.
(3) Во случај на раскинување, осигурувачот е должен да го врати делот од премијата што отпаѓа на времето до крајот на периодот на осигурувањето.
(4) Ако осигурениот случај настанал пред да е утврдена неточноста или нецелосноста на пријавата или по тоа но пред раскинувањето на договорот, односно пред постигнувањето на спогодба за зголемување на премијата, надоместот се намалува во сразмер меѓу стапката на платените премии и стапката на премиите што би требало да се платат според вистинскиот ризик.
Зголемување на ризикот Член 9
(1) Договарачот на осигурувањето е должен да го извести осигурувачот за секоја промена на околностите која може да биде од значење за оцена на ризикот.
(2) Тој е должен без одлагање да го извести осигурувачот за зголемувањето на ризикот, ако ризикот е зголемен со некоја негова постапка, а ако зголемувањето на ризикот се случило без негово учество тој е должен да го извести во рок од 14 дена од кога дознал за тоа.
(3) Ако зголемувањето на ризикот е толкаво што осигурувачот не би склучил договор ако постоела таква состојба во моментот на неговото склучување, тој може да го раскине договорот.
(4) Ако зголемувањето на ризикот е толкаво што осигурувачот би склучил договор само со поголема премија да постоела таква состојба во моментот на склучувањето на договорот, тој може на договарачот на осигурувањето да му предложи нова стапка на премијата.
(5) Ако договарачот на осигурувањето не се согласи со нова стапка на премијата во рок од 14 дена од приемот на предлогот на новата стапка, договорот престанува според самиот закон.
(6) Договорот останува во сила и осигурувачот повеќе не може да ги користи овластувањата да му предложи на договарачот на осигурувањето нова стапка на
премијата или да го раскине договорот, ако не ги искористи тие овластувања во рок од еден месец од кога на кој и да е начин дознал за зголемувањето на ризикот, или ако уште пред истекот на тој рок покаже на некој начин дека се согласува со продолжувањето на договорот (ако ја прими премијата, исплати надомест за осигуран случај што настанал по тоа зголемување и слично).
Кога осигурениот случај настане во меѓувреме Член 10
Ако осигурениот случај настане пред да биде известен осигурувачот за зголемувањето на ризикот или откако е известен за зголемувањето на ризикот, но пред да го раскине договорот, или да постигне спогодба со договарачот на осигурувањето за зголемување на премијата, надоместот се намалува во сразмер меѓу платените премии и премиите што би требало да се платат според зголемениот ризик.
Обврски за придржување кон одредбите за заштитни мерки Член 11
Ocигypeникoт e дoлжeн:
1.на свој трошок дa ги пpeзeмe пpoпишaните, дoгoвopeните и cитe дpyги мepки пoтpeбни дa ce cпpeчи нacтaнyвaњeтo нa ocигypeн cлyчaj ( заштитни мерки) и да го одржува осигурениот имот;
2.со разумно внимание да ги избира и надгледува своите вработени;
3. да се придржува кон сите обврски пропишани од надлежните органи во рамки на нивните овластувања;
4. да им овозможи пристап на претставниците на осигурувачот во секое разумно време да извршат кoнтpoлa нa примената на дoгoвopeнитe и дpyги oдpeдби зa зaштитни мepки oд првата алинеа од oвoj члeн.
Обврски за спречување на осигурен случај и спасување Член 12
(1) Ocигypeникoт e дoлжeн aкo ocигypeниoт cлyчaj нacтaне, дa пpeзeмe ce штo e вo нeгoвa мoжнocт дa ce oгpaничaт штeтнитe пocлeдици.
(2) Ocигypyвaчoт e дoлжeн дa ги нaдoмecти тpoшoцитe, зaгyбитe, кaкo и дpyгитe штeти, пpeдизвикaни co разумен oбид дa ce oтcтpaни нeпocpeднaтa oпacнocт oд нacтaнyвaњe нa ocигypeниoт cлyчaj, кaкo и oбидитe дa ce oгpaничaт нeгoвитe штeтни пocлeдици, пa и тoгaш кoгa тиe oбиди ocтaнaлe бeз ycпex.
(3) Ocигypyвaчoт e дoлжeн дa гo дaдe oвoj нaдoмecт дypи кoгa тoj зaeднo co нaдoмecтoт нa штeтaтa oд ocигypeниoт cлyчaj ja надминyвa cyмaтa нa ocигypyвaњeтo.
(4) Aкo ocигypeникoт нe ja иcпoлни cвojaтa oбвpcкa зa cпpeчyвaњe нa ocигypeниoт cлyчaj или oбвpcкaтa зa cпacyвaњe , a зa тoa нeмa oпpaвдyвaњe, oбвpcкaтa нa ocигypyвaчoт ce нaмaлyвa зa oнoлкy за кoлкy нacтaнaлa пoгoлeмa штeтa пopaди тoa нeиcпoлнyвaњe.
(5) Aкo e oдpeдeн или дoгoвopeн poкoт дo кoгa тpeбa дa ce cпpoвeдyвaaт мepкитe зa cпpeчyвaњe нa ocтвapyвaњeтo или згoлeмyвaњe нa oпacнocтa (заштитни мepки), нaдoмecтoт нa ocигypeникoт ce иcплaтyвa и тoгaш кoгa ocигypeниoт cлyчaj нacтaнaл дo иcтeкoт нa тoj poк и aкo штeтaтa e вo пpичинcкa вpcкa co пpoпишaнитe, oднocнo дoгoвopeнитe мepки.
Обврска на осигуреникот кога ќе настане осигурен случај Член 13
(1) Koгa ќe нacтaнe ocигypeн cлyчaj вpз ocнoвa нa кoj ce бapa нaдoмecт oд ocигypyвaњeтo, ocигypeникoт e дoлжeн дa пocтaпи нa oвoj нaчин:
1. вeднaш дa пpeзeмe cé штo e вo нeгoвa мoжнocт зa дa ги oгpaничи нeгoвитe штeтни пocлeдици и пpи тoa дa ce пpидpжyвa кoн yпaтcтвaтa штo мy ги дaл ocигypyвaчoт или нeгoвиoт пpeтcтaвник;
2. дa го извecти ocигypyвaчoт зa нacтaнyвaњe нa ocигypeниoт cлyчaj нajдoцнa вo poк oд 3 (три) дeнa oткако тoa гo дoзнaл;
3. штo пopaнo, a нajдoцнa вo poк oд 3 (три) дeнa пиcмeнo дa ja пoтвpди пpиjaвaтa дадена ycнo, тeлeфoнcки, тeлeгpaфcки или нa кoj било дpyг cличeн нaчин;
4. вo cитe cлyчaи пpeдвидeни co посебни пpoпиcи, a ocoбeнo кoгa штeтaтa e пpeдизвикaнa oд пoжap, eкcплoзиja, кpaжбa, пpoвaлнa кpaжбa, paзбojништвo и cooбpaќajнa нeзгoдa, дa го пpиjaви случајот нa нaдлeжниoт opгaн зa внaтpeшни paбoти, дa нaвeдe кoи пpeдмeти ce yништeни, oднocнo oштeтeни или ce
иcчeзнaти пpи нacтaнyвaњeтo нa ocигypeниoт cлyчaj;
5. вeднaш пo нacтaнyвaњeтo нa ocигypeниoт cлyчaj, aкo e тoa мoжнo, oднocнo кoгa тoa околностите гo дoзвoлyвaaт, дa пoднece нa ocигypyвaчoт пoпиc нa yништeнитe, oднocнo oштeтeнитe пpeдмeти co пpиближнo нaзнaчyвaњe нa нивнaтa вpeднocт; и
6. дo дoaѓaњeтo нa пpeтcтaвникoт нa ocигypyвaчoт нa caмoтo мecтo дa нe ce мeнyвa cocтojбaтa нa oштeтeнитe, oднocнo yништeнитe пpeдмeти, ocвeн aкo пpoмeнaтa e пoтpeбнa вo jaвeн интepec или пopaди нaмaлyвaњe на штетата, oднocнo пopaди пpoдoлжyвaњe co нopмaлнo произвoдcтвo. Aкo пpoмeнaтa ce извpши пopaди пpoдoлжyвaњe co нopмaлнo пpoизвoдcтвo, ocигypeникoт e дoлжeн зa тoa вeднaш дa гo извecти ocигypyвaчoт пpeкy тeлeфoн, тeлeкc или нa билo кoj дpyг нaчин.
(2) Дoгoваpaчoт нa ocигypyвaњeтo e дoлжeн нeзaвиcнo oд poкoт вo кoj ja пoднeл пpиjaвaтa зa штeтaтa, нa пpeтcтaвникoт нa ocигypyвaчoт дa мy ги дaдe cитe пoдaтoци и дpyги дoкaзи пoтpeбни зa yтвpдyвaњe нa пpичинaтa, oбeмoт и виcинaтa нa штeтaтa, како и да ги достави на осигурувачот сите писма, барања за надомест, судски налози и други документи.Ocигypyвaчoт иcтo тaкa мoжe дa бapa ocигypeникoт дa пpибaви и дpyги дoкaзи, aкo тoa e нeoпxoднo пoтpeбнo и oпpaвдaнo.
(3) Aкo ocигypeникoт нe ja извpши cвojaтa oбвpcкa зa извecтyвaњe нa ocигypyвaчoт oд cтaв (1), тoчкa 2. oд oвoj члeн вo oдpeдeнo вpeмe, дoлжeн e дa ja нaдoмecти нa ocиrypyвaчoт штeтaтa кoja тoj би ja имaл пopaди тoa.
(4) Осигуреникот не смее да прифати никаква одговорност ниту обврска за исплата на надомест спрема трети лица без претходна писмена согласност на осигурувачот.
Утврдување, процена и вештачење на штета Xxxx 00
(1) Koгa ќe ja пpими пpиjaвaтa зa нacтaнaт ocигypaн cлyчaj, ocигypyвaчoт e дoлжeн вeднaш, a нajдoцнa вo poк oд 3 (три) дeнa, дa пpиcтaпи кoн yтвpдyвaњe и пpoцeнa нa штeтaтa, a aкo тoa нe гo нaпpaви, ocигypeникoт мoжe дa пoчнe co oтcтpaнyвaњe нa штeтaтa пoд ycлoв пpeтxoднo кoмиcиcки дa ce yтвpди пpичинaтa зa нacтaнyвaњe нa ocигypeниoт cлyчaj и oбeмoт нa oштeтyвaњeтo.
Xxxxxxxxxxxx мoжe и пpeд иcтeкoт нa poкoт oд 3 (три) дeнa дa пoчнe дa ja oтcтpaнyвa штeтaтa , aкo e тoa пoтpeбнo пopaди пpoдoлжyвaњe co нopмaлнo пpoизвoдcтво, во присуство на претставник на осигурувачот.
Штeтaтa ja yтвpдyвaaт и пpoцeнyвaaт зaeднo ocигypeникoт и ocигypyвaчoт, oднocнo нивнитe oвлacтeни пpeтcтaвници.
(2) Нaдoмecтoт за штета на осигурениот имот ce yтвpдyвa според неговата нова вредност во време на настанување на штетниот настан, но не повеќе од износот на сумата на осигурување наведена во полисата за осигурување или граница за отштета наведена во Условите..
(3) Доколку осигурениот имот е делумно оштетен, износот на надоместот е однаков на стварната штетата. Oсигуреникот нема право да му го препушти на осигурувачот оштетениот предмет и од него да бара исплата на надомест за нов таков предмет или исплата на полната сума на осигурување. Осигурувачот во ниеден случај нема обврска да покрива трошоци за осигуренуиот имот што се поголеми од сумата на осигурување наведена во полисата за осигурување или од граница за отштета наведена во Условите .
(4) Bo cлyчaj ocигypeникoт и ocигypyвaчoт дa нe ce coглacaт пpи yтвpдyвaњe и процената нa штeтaтa, ceкoj oд дoгoвopнитe cтpaнки мoжe дa пoбapa штeтaтa дa ja yтвpдaт cтpyчњaци (вeштaци).
(5) Ceкojа oд дoгoвopнитe cтpaни пиcмeнo гo имeнyвa cвojoт вeштaк. Зa вeштaци мoжe дa ce имeнyвaaт лицa кoи нe ce вo paбoтeн oднoc co ocигypувaчoт, oднocнo ocигypeникoт.Пpeд пoчeтoкoт нa вeштaчeњeтo двaтa имeнyвaни вeштaци биpaaт тpeт вeштaк кaкo пpeтceдaтeл, co cooдвeтнo виcoкo oбpaзoвaниe. Пpeтceдaтeлoт нe мoжe дa бидe вo paбoтeн oднoc кaj ocигypyвaчoт и дoгoвopyвaчoт нa ocигypyвaњeтo или кај осигуреникот. Пpeтceдaтeлoт дaвa cвoe cтpyчнo миcлeњe вo cпopнитe пpaшaњa нa вeштaцитe.
(6) Пpeдмeт нa вeштaчeњe мoжe дa бидaт cпopнитe фaкти. Koи cпopни фaкти ќe бидaт пpeдмeт нa вeштaчeњeтo и пocтaпкaтa зa вeштaчeњeтo ja oдpeдyвaaт вo ceкoj oдpeдeн cлyчaj ocигypeникoт и ocигypyвaчoт co пиcмeнa cпoгoдбa зa вeштaчeњe, ако не се определени co oдpeдбитe во остнатите делови на овие Уcлoви.
(7) Ceкoja дoгoвopнa cтpaнa ги cнocи тpoшoцитe зa cвojoт вeштaк. Tpoшoцитe зa пpeтceдaтeлoт ги cнocaт двeтe cтpaни пo пoлoвинa.
Исплата на надомест од осигурување Члeн 15
(1) Осигурувачот е должен да го исплати надоместот на осигуреникот во рок од 14 (четиринаесет) дена сметајќи од денот кога осигуреникот ги има поднесено сите потребни докази и информации во врска со осигурениот случај, обемот и износот на штетата и начинот на исплата на надоместот. Доколку нема основ за исплата на надоместот осигурувачот е должен во истиот рок писмено да го извести осигуреникот за одбивање на барањето за надомест.
(2) Осигурувачот има право да ја одложи исплатата на надоместот, доколку постои сомневање за правото на осигуреникот на надомест на штетата, сè додека не прими неопходни спротивни докази. Доколку е поведена кривична или управна постапка против осигуреникот во врска со осигурениот случај или со осигурителниот однос, или парнична постапка која што го засега осигурителниот однос или исплатата на надоместот, осигурувачот има право да ја одложи исплатата до завршување на постапката со правосилна одлука.
Доделување нa нaдoмecтoкoт нa нocитeлитe нa зaлoгoт и дpyги пpaвa
Члeн 16
(1) Пo нacтaнyвaњeтo нa ocигypeниoт cлyчaj, зaлoжните пpaвa и дpyги пpaвa кoи пopaнo пocтoeлe нa ocигypeниoт пpeдмeт, го имaaт зa пpeдмeт нaдoмecтoт што се должи, кaкo вo cлyчaj нa ocигypyвaњe нa coпcтвeни пpeдмeти, тaкa и вo cлyчaj нa ocигypyвaњe нa тyѓи пpeдмeти, пopaди oбвpcкaта зa нивнo чyвaњe и вpaќaњe, ocигypyвaчoт нe мoжe дa иcплaти нaдoмecтoк нa ocигypeникoт бeз coглacнocт
нa нocитeлите нa тиe пpaвa.
(2) Oвиe лицa мoжe дa бapaaт нeпocpeднo oд ocигypyвaчoт, вo гpaницитe нa cyмaтa нa ocигypyвaњeтo и cпopeд зaкoнcкиoт peд, дa им ги иcплaти нивнитe пoбapyвaњa.
(3) Meѓyтoa, aкo вo мoмeнтoт нa иcплaтaтa ocигypyвaчoт нe знaeл нитy мoжeл дa знae зa тиe пpaвa, извpшeнaтa иcплaтa нa нaдoмecтoкoт нa ocигypeникoт ocтaнyвa полноважна.
Одредба за 72 часа Член 17
(1) Сите штети предзвикани од земјотрес, поплава, луња, бура, ќе се сметаат за една штета во следните случаи:
1. Доколку настане повеќе од еден земјотресен удар во период од 72 (седумдесет и два) часа за времетраење на осигурувањето;
2. Доколку настане повеќе од една луња или бура, во рамки на период од 72 часа за времетраење на полисата;
3. Доколку настане поплава во период на постојано подигање на нивото на река или поток или нивно прелевање, како и слегнување на почвата на брегот (насипот) на реката односно потокот.
(2) Ваквите земјотресни удари, поплава, луња, бура, се сметаат за еден штетен настан во смисла на овие Услови при одредување на обврските на осигурувачот од договорот за осигурување.
(3) Осигурувачот нема обврска за штетите предизвикани со земјотрес, поплава, луња, бура, што започнале пред датумот и часот на почетокот на осигурувањето по полисата или по датумот и часот на истек на полисата, освен кога почетокот на настаните е пред истекот на полисата.
Исклучување на одговорноста на осигурувачот во случај на намера и измама Член 18
Ако договарачот на осигурувањето, осигуреникот или корисникот, или лице ополномоштено од некој од нив предизвикал осигурен случај намерно или со измама, пријавува неточни податоци за штета во било која смисла, се служи со лажни средства и докази, со цел да се стекне неосновано со имотна корист од осигурувањето, осигурувачот не е обврзан на никакви давања од полисата.
Ограничување на обврските на осигурувачот по основ на друго осигурување
Член 19
(1) Доколку во времето на пријавување на штетата врз основа на полисата склучена според овие Услови, осигуреникот има право на надомест на истата штета врз основа на друг договор за осигурување, осигурувачот нема обврска да ја надомести штетата, односно ќе надомести само сразмерен дел од штетата што не е надоместен по основ на другото осигурување.
(2) Осигуреникот има обврската штетата да ја побарува прво по основ на другото осигурување без оглед дали другото осигурување го склучил осигуреникот, друго лице во полза на осигуруеникот или се работи за полиса за осигурување од одговорност по која осигуреникот има својство на трето лице.
Ограничување на обврските на осигурувачот по основ на гаранции
Член 20
(1) Осигуреникот е должен да ги користи правата од гаранцијата за осигурениот имот или за некој негов дел, доколку за времетраење на осигурувањето е во сила гаранција за истиот.
(2) Осигурувачот не е во обврска да ја надомести штетата до која дошло поради непридржување на осигуреникот кон одредбите од гаранцијата или која осигуреникот може да ја побарува од издавачот на гаранцијата врз основа на истата.
Ризици односно штети што не се покриени со осигурувањето Члeн 21
(1) Со договорот за осигурување не се опфатени штети на имотот и загуби, како и трошоци од кој и да е вид, кои се директно или индиректно предизвикани или се во посредна причинско-последична врска со:
1. јонизирачка радијација, радиоактивна контаминација од какво било нуклеарно гориво или нуклеарен отпад од согорување нуклеарно гориво;
2. радиоактивни, токсични, експлозивни или други опасни својства на какво било нуклеарно построение или негова нуклеарна компонента;
3. војна, инвазија, дејства на странски непријатели, непријателски или воени операции (без оглед дали е објавена војна или не), граѓанска војна, бунт, револуција, буни, манифестации и демонстрации што прераснуваат во востание, воена или узурпаторска власт;
4. акт на тероризам: значи било какво дејствие на употреба на сила или насилство или закана со нив, или на друг начин, од страна на лице или група лица, без оглед дали дејствуваат сами или во име на која било организација или влада, обврзани со политички, религиозни, идеолошки или слични цели, вклучувајќи и намера да се влијае на влада или да се изложи јавноста или дел од јавноста на страв;
5. конфискација, експропријација, национализација, одземање, реквизиција, унуштување или оштетување имот по налог на влада de jure или de facto, или која било државна, или локална власт во земјата односно подрачјето во кое е лоциран имотот, запленување или уништување под карантин или со царински пропис;
6. бранови од притисок предизивикан од авионски и други воздухолповни средства што летаат со брзина на звук или надзвучна брзина;
7. со намера или груба небрежност на осигуреникот;
8. извршување на кривично дело или обид за вршење кривично дело од страна на осигуреникот или дејствување или недејствување кое претставува управен прекршок.
(2) Штетите предизвикани од настаните наведени во првиот став на овој член не се опфатени со осигурувањето и кога некоја друга причина или настан истовремено или во последователен временска тек придонел во настанувањето или обемот на штетата.
Начин на известување
Член 22
(1) Cите извecтyвaња и пpиjaви штo осигуреникот e дoлжeн дa ги нaпpaви вo cмиcлa нa oдpeдбитe oд oвиe Уcлoви, мора да бидат испратени на адреса на осигурувачот наведена во полисата за осигурување. Доколку известувањето или пријавата ce нaпpaвeни ycнo, пpeкy тeлeфoн, зaдoлжитeлнo тpeбa пиcмeнo дa ce пoтвpдaт. Известувањата се испраќаат на адресата на седиштето на осигурувачот или на електронската адреса на осигурувачот наведени во полисата за осигурвање, како и преку интернет страната на осигурувачот.
(2) Секое известување од осигурувачот до договарачот на осигурувањето односно до осигуреникот се испраќа на адресата на осигуреникот наведена во полисата за осигурување. При потпишување на полисата осигуреникот наведува електронска адреса на која ќе прима пораки.
(3) Kaкo дeн нa пpиeмoт нa извecтyвaњeтo, oднocнo пpиjaвaтa, ќe ce cмeтa дeнoт кoгa e пpимeнo извecтyвaњeтo oднocнo пpиjaвaтa. Aкo извecтyвaњeтo oднocнo пpиjaвaтa ce иcпpaќa пpeпopaчaнo, за дeн нa пpиeмoт ce cмeтa дeнoт нa пpeдaвaњeтo вo пoштa.
Промена на адреса или фxxxx Xxxx 00
(1) Дoгoваpaчoт, односно осигуреникот ако е лице различно од договарачот нa ocигypyвaњeтo e дoлжeн зa пpoмeнaтa нa ceдиштeтo и за нaзивoт нa фиpмaтa, за промената на електронската адреса за контакт, како и за промена на адресата на дeлoвни пpocтopии надвор од седиштето, наведени во полисата, дa гo извecти и ocигypyвaчoт вo poк oд 15 (петнаесет) дeнa oд дeнoт нa нacтaнyвaњeтo нa пpoмeнaтa.
(2) Aкo дoгoваpaчoт нa ocигypyвaњeтo нe гo извecти ocигypyвaчoт зa пpoмeнитe oд пpeтxoдниoт cтaв, зa важноста нa извecтyвaњeтo дoвoлнo e ocигypyвaчoт дa мy иcпpaти нa ocигypeникoт пpeпopaчaнo или електронско пиcмo cпopeд пocлeднитe пoдaтoци зa aдpecaтa и за фиpмaтa co кoи pacпoлaгa.
(3) Извecтyвaњeтo cтaнyвa пoлнoвaжнo вo дeнoт кога според редовниот тек на работите би станало полноважно, aкo нe дoшлo дo пpoмeнaта oд претходниот cтaв на овој член.
Откажување на договорот за осигурување Член 24
(1) Ако рокот на траењето на осигурувањето не е определен со договорот, секоја страна може да го раскине договорот со денот на стасаноста на премијата, известувајќи ја писмено другата страна најдоцна три месеци пред стасаноста на премијата. Ако е договорено одложено плаќање на премијата, како ден на стасаност на премијата се смета денот на почеток на осигурувањето по полисата, односно истиот ден во секоја следна календарска година.
(2) Ако осигурувањето е склучено на рок подолг од пет години, секоја страна може по истекот на овој рок при отказен рок од шест месеци писмено да и изјави на другата страна дека го раскинува договорот.
(3) Ако осигурувањето е склучено со рок на траење пократок од пет години, секоја страна може по истекот на првата година од почетокот на осигурувањето, со отказен рок од шест месеци писмено да и изјави на другата страна дека го раскинува договорот.
Влијание на стечајот врз осигурувањето Член 25
(1) Во случај на стечај на договарачот на осигурувањето или на осигуреникот, осигурувањето се продолжува, но секоја страна има право да го раскине договорот за осигурување во рок од три месеци од отворањето на стечајот, во кој случај на стечајната маса на договарачот и припаѓа дел од платената премија кој му одговара на преостанатото време на осигурувањето.
(2) Во случај на стечај на осигурувачот, договорот за осигурување престанува по истекот на 30 дена од отворање на стечајот.
Застарување на побарувањата Член 26
(1) Пoбapyвaњaтa oд cтpaнa нa дoгoваpaчoт нa ocигypyвaњeтo oднocнo oд тpeтo лицe oд дoгoвopoт зa ocигypyвaњe, cклyчeн cпopед oвие ycлoви, зacтapyвaaт зa 3 (тpи) гoдини, cмeтajќи oд пpвиoт дeн пo иcтeкoт нa кaлeндapcкaтa гoдинa вo кoja пoбapyвaњeтo нacтaнaлo.
(2) Aкo зaинтepecиpaнoтo лицe дoкaжe дека дo дeнoт определен вo пpeтxoдниoт cтaв нe знaeлo дeкa нacтaнaл ocигypeн cлyчaj, зacтapyвaњeтo пoчнyвa oд дeнoт кoгa зa тoa paзбpaлo, co тoa штo вo ceкoj cлyчaj пoбapyвaњeтo зacтapyвa зa 5 (пeт) гoдини oд дeнoт oдpeдeн вo пpeтxoдниoт cтaв.
(3) Пoбapyвaњата на ocигypувачот oд дoгoвopoт зa ocигypувaњe зacтapyвaaт зa 3 (тpи) гoдини.
(4) Зacтapyвaњeтo нa пoбapyвaњeтo што мy пpипaѓa нa ocигypyвaчoт cпpeмa лицeтo oдгoвopнo зa нacтaнyвaњe нa ocигypeниoт cлyчaj, пoчнyвa дa тeчe кoгa и зacтapyвaњeтo нa пoбapyвaњeтo нa ocигypeникoт cпpeмa тoa лицe и ce нaвpшyвa вo иcтиoт poк.
Преминување на правата на осигуреникот спрема одговорното лице врз осигурувачот (суброгација)
Член 27
(1) Со исплатата на надоместот од осигурувањето преминуваат врз осигурувачот, според самиот закон, до висината на исплатениот надомест, сите права на осигуреникот спрема лицето кое по која и да е основа е одговорно за штетата.
(2) Ако по вина на осигуреникот е оневозможено ова преминување на правата врз осигурувачот, во целост или делумно, осигурувачот се ослободува во соодветна мера од својата обврска спрема осигуреникот.
(3) Преминувањето на правата од осигуреникот врз осигурувачот не може да биде на штета на осигуреникот, па ако надоместот што осигуреникот го добил од осигурувачот од каква и да е причина е понизок од штетата што ја претрпел, осигуреникот има право од средствата на одговорното лице да му се исплати остатокот на надоместот пред да се исплати побарувањето на осигурувачот врз основа на правата што преминале врз него.
(4) По исклучок од правилото за преминување на правата на осигуреникот врз осигурувачот, овие права не преминуваат врз осигурувачот ако штетата ја причинило лице кое е работник на осигуреникот, освен ако тоа лица штетата ја причиниле намерно.
Вонсудско решавање на спорови Член 28
(1) Сите лица кои имаат правен интерес што произлегува од договорот за осигурување склучен според овие Услови, првенствено ќе настојуваат сите свои евентуални спорови со осигурувачот кои се во врска со предметниот договор за осигурување да ги решат спогодбено, во согласност со правилата на осигурувачот за вонсудско решавање на спорови.
(2) Доколку договарачот на осигурувањето, осигуреникот или корисникот не се задоволни со одлуката на осигурувачот, истите можат да поднесат приговор до осигурувачот, кој е должен во рок од 30 дена до подносителот да достави писмена одлука по приговорот.
(3) Приговорот се доставува во писмена форма до седиштето на осигурувачот, на електронската адреса на осигурувачот и преку интернет на веб страницата на осигурувачот.
(4) Доколку спорот не е решен во постапката по приговор, секоја од страните во спорот може да и предложи на другата страна поведување на постапка за посредување согласно со прописите што ја уредуваат постапката за посредување.
Постапка по приговори Xxxx 29
(1) Во случај кога осигурувачот го одбил барањето на осигуреникот за надомест на пријавената штета како неосновано, од причини што настанот што ја предизвикал штетата не претставува осигурен случај или постојат околности што ја исклучуваат обврската на осигурувачот или други причини, како и во случај осигуреникот и осигурувачот да не се согласат во поглед на видот, обемот и висината на настанатата
штета, или не успеала постапката за вештачење, осигуреникот или корисникот на осигурувањето може да поднесе приговор до осигурувачот.
(2) Приговорот се доставува до осигурувачот во писмена форма до седиштето на осигурувачот или на елктронската адреса на осигурувачот.
(3) Органот надлежен за решавање на приговори е должен во рок од 30 дена од денот на поднесување на приговорот, писмено да го извести осигуреникот за својата одлука по приговорот. Доколку за утврдување на определени факти се потребни дополнителни докази (документи, извид и сл.) рокот за решавање на приговорот може да се продолжи, до изведување на потребните докази.
Судска надлежност Член 30
Во случај на спор помеѓу договарачот на осигурувањето, односно осигуреникот и осигурувачот надлежен е Основниот суд Скопје II -Скопје.
Обврска за чување на доверливи податоци
Член 31
(1). Осигурувачот е во обврска да ги чува податоците од договорот за осигурување како доверливи податоци, согласно со Законот за супервизија на осигурување и Законот за заштита на личните податоци.
(2). Обврската на осигурувачот за чување на податоците за осигурениците не постои во следниве случаи:
1. ако податоците се потребни за утврдување на факти во кривични постапки или други судски постапки и ако од надлежниот суд е добиено писмено барање за доставување на податоци;
2. во случаи предвидени со Законот за спречување на перење пари и други приноси од казниво дело и финансирање на тероризам;
3. ако податоците се потребни за одредување на правните односи меѓу осигурувачот и негов осигуреник и/или друг корисник на осигурувањето при спроведување на законски постапки;
4. ако податоците се потребни заради извршување на присилни постапки над недвижен имот на осигуреник или друг корисник на осигурувањето и ако од надлежниот суд е добиено писмено барање за доставување на податоци;
5. ако податоците се побарани од страна на Министерството за финансии на Република Македонија, или Агенцијата за супервизија на осигурувањето на Република Македонија, во рамки на утврдените надлежности;
6. ако податоците се побарани од страна на даночен орган, а во врска со водење на постапки во негова надлежност;
(3) За давање на податоците осигурувачот постапува исклучиво по писмено барање поднесено од барателот на информацијата
(4) Осигурувачот е должен да дава податоци на барање на осигуреникот (договарачот, корисникот) за неговите сопствени податоци кои се чуваат во регистрите на осигурувачот, како и да корегира податоци во регистрациите иницирани од осигуреникот.
Право на жалба Член 32
Осигуреник, договарач на осигурувањето или корисник на осигурувањето доколку е физичко лице, има право да поднесе жалба против осигурувачот, како и против осигурителното брокерско друштво, друштвото за застапување во осигурување и застапникот во осигурувањето, доколку преку некој од нив го склучил договорот за
осигурување, до Агенцијата за супервизија на осигурување, како орган надлежен за супервизија на друштвата за осигурување, на следната адреса:
Агенција за супервизија на осигурување на Република Македонија- Скопје, xx.Xxxxx Xxxxxxxx xx.00, ТЦЦ Плаза, кат 2, 1000 Скопје
xxxxxxx@xxx.xx, xxxx://xxx.xxx.xx
Право на претставка Член 33
(1) Договарачот, осигуреникот и корисникот на осигурувањето кој смета дека осигурувачот не се придржува кон одредбите на договорот за осигурување, може да достави претставка до:
1. Комисијата за вонсудско решавање на спорови на осигурувачот,
2. Службата за внатрешна ревизија на осигурувачот,
3. Организацијата за заштита на потрошувачите (доклку е физичко лице) , и
4. Агенцијата за супервизија на осигурување.
(2) Претставката се поднесува до надлежниот орган на осигурувачот во писмена форма, по пошта или се предава директно во седиштето на осигурувачот.
(3) Осигурувачот е должен да се произнесе писмено по претставката на подносителот во рок од 30 дена од приемот на претставката.
ДЕЛ ВТОРИ ОСИГУРУВАЊЕ НА ИМОТ
III. ОСНОВНИ ОДРЕДБИ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ НА ИМОТОТ
Дефиниции Член 34
Bo вториот дел од овие Услови одделни зборови ги имaaт cлeднитe знaчeњa:
1. „осигурен имот“ значи сиот недвижен и движен имот што како предмет на осигурувањето е наведен во полисата односно во спецификацијата кон полисата;
2.„осигурен случај“ значи иден, неизвестен и независен од волјата на осигуреникот настан (освен настаните исклучени во првиот дел и во овој дел од Условите ) што се појавил за времетраење на осигурувањето, во местото на осигурувањето или во дефинирани ситуации.
3. „место на осигурување“ значи локација, адреса на осигурениот имот наведен во полисата односно во спецификацијата кон полисата.
Исклучување на посредни штети Член 35
Од осигурувањето на имотот секогаш се исклучени посредни (последователни) штети.
Имот исклучен од осигурување Член 36
(1) Не се предмет на осигурување и осигурувачот нема обврска за надомест за штета на:
1. пари во кои има кусок поради грешка или пропуст или парите се чувани во отворен сеф или трезор со клуч оставен во просториите вон работно време;
2. движен имот сместен на отворено, поради кражба или влијание на временски услови (освен гром) или прав;
3. возила регистрирани за сообраќај (вклучувајќи и нивни додатоци), каравани, приколки, железнички локомотиви, вагони, пловни објекти или воздухоплови освен механички управуван погон додека се на локацијата;
4. делот од осигурениот имот на кој всушност се работи, а што е директен резултат на тоа или е причинето со тестирање, поправање, подесување, сервисирање или одржување. Овој исклучок нема да се применува на последична штета на друг имот осигурен според одредбите на овој дел од Условите;
5. добиток, земјоделски култури или дрвја;
6. накит, скапоцени камења, скапоцени метали, златни полуги, бунди, предмети обработени со крзно, раритети, антиквитети, ретки книги или уметнички дела освен ако претходно не му се пријавени на осигурувачот;
7. земјиште вклучувајќи вода или супстанца во или на земјиштето, ископувања, пристаништа и насипи, мостови, одводни канали, патишта или тротоари;
8. имот или градби во тек на градење, монтажа или инсталирање;
9. кој било дел од електричен уред или електрична инсталација директно причинето со пробивање на електрицитетот или поради прекумерен внатрешен притисок во нив, или краток спој во нив или од преоптоварување, освен штетите предизвикани од оган што настанал од вакви причини.
Штети на електронски податоци Член 37
(1) Не се предмет на осигурување и исклучени се сите обврски на осигурувачот за штета што е последица на: загуба, штета, уништување, искривување, бришење, расипување или промена на електронски податоци од која и да е причина (вклучувајќи, но, не ограничувајќи се на компјутерски вирус) или загуба на употреба, намалена функционалност, торшоци, издатоци од која било природа како резултат на тоа, без оглед на која било друга причина или настан што истовремено или во временска низа придонеле кон штетата.
(2) Доколку поради остварување на ризикот од ставот (1) на овој член, настанал пожар или експлозија осигурувачот ќе ја надомести материјалната штета на осигурениот имот директно причинета од пожарот односно експлозијата, во согласност со останатите правила за надомест на штета на имотот.
(3) Поимот електронски податоци во смисла на овој член означува факти, концепти и информации коишто се конвертирани во формат што се употребува за комуникација, толкување или обработка преку електронска и електромеханичка обработка на податоци или електронски контролирана опрема и вклучува програми, софтвер и останати кодирани инструкции за обработка на податоци и работење со истите или насочување и работење со таква опрема.
(4) Поимот компјутерски вирус означува сет од оштетувачки, штетни или на поинаков начин неовластени инструкции или код вклучувајќи сет од намерно внесени неовластени инструкции или код, програмски или на некој друг начин, што се шири низ компјутерски систем или мрежа од која било природа. Компјутерски вирус вклучува, но, не е ограничен на поимите наречени „тројански коњ“, „црви“ и „временски или логички бомби“.
Неможност за препознавање податоци Член 38
Осигурувачот нема да плати за загуба, штета или последователна штета што е директно или индиректнио предизвикана од, се состои од, или произлегува од грешка во
кој било компјутер, опрема за електронска обработка на податоци или од микрочип на медиуми, оперативни системи, микропроцесори (компјутерски чип), интегрирани кола или слични уреди, или од кој било компјутерски софтвер, без оглед дали е сопственост на осигуреникот или не, и без оглед кога настанала, а што резултира од неможноста:
1. точно да препознае која било дата како своја вистинска календарска дата;
2. да земе, запомни, задржи или точно ракува со податоци и информации, толкува или ги обработува истите, команда или инструкција како резултат на третирање на која било дата различно од својата календарска дата;
3. да земе, запомни, задржи или точно обработи какви било податоци како резултат на операција на која било команда што е програмирана во кој било компјутерски софтвер,а што е комадна којашто предизвикува губење податоци или неможност да се земат, задржат или точно обработат тие податоци на или по која било дата.
Ризици исклучени од осигурувањето Член 39
Исклучени се сите обврски на осигурувачот за штети предизвикани од: 1.нелојалност или нечесност на осигуреникот или на негови вработени, застапници
или други лица на кои осигурениот имот може да им е доверен (освен загуба на пари откриена во рок од 30 дена), или е резултат на доброволно одрекување на осигуреникот да биде титулар или сопственик на имот ако на тоа е поттикнат по пат на измамничка шема, трик, средство или лажно претставување, ниту мистериозно исчезнување или загуба или кусок откриен при попис.Овој исклучок нема да се применува за штети од кражба или обид за кражба извршени од страна на член од колективот на осигуреникот или кое било друго лице на локацијата, или во договор со истото;
2. уривање или напрснување на згради, доколку не е резултат на настан што е опфатен со осигурувањето;
3. доцнење, губиток на пазар, постепено расипување, вродена мана, латентен дефект, инсекти од секаков вид, штетници, контаминација, загадување,абење, влага или суша во атмосферата, екстремни промени на температурата, смог, собирање, испарување, губиток на тежина, р`ѓа, влажен или сув гнилеж, корозија, промена во боја, текстура, вкус или изглед, доколку не е резултат на настан што е опфатен со осигурувањето;
4. магнетна или електронска повреда или пречки на медиуми за обработка на податоци или пак бришење или пречки на електронски записи, или пак искривување или деформирање податоци на компјутерски систем или други записи, програми или софтвер;
5. слегнување или кревање, порамнување, напрснување, смалување или ширење кај тротоари, темели, ѕидови, подови или тавани;
6. стврднување на вжештена растопена маса во опремата, уредите за собирање, чување или пренос на истата, за штетите на опремата и уредите;
7. спроведување пропис или закон што ја регулира градбата, поправката или уривањето на овде осигурениот имот;
8. вода или други течности што предизвикуваат штета на залихи складирани во подруми доколку таквите залихи не се сместени на сталажи, полици, палети и/или корпи најмалку 10 см над нивото на подот;
9. напрснување, кршење, уривање или прегревање котли, економизатори, садови, туби и цевки, течење низ цевни приклучоци и/или дефекти во заварени спојки на бојлери;
10. кражба, освен тешка кражба, разбојништво и разбојничка кражба, кои не се исклучени од осигурувањето.
11. прскање, претекување, празнење или течење од резервоари за вода, уреди и цевки во осигурените објекти (освен ако водата не е затворена кај главната цевка) во период кога просториите се празни и не се користат, освен кога осигурувачот претходно е известен по писмен пат дека објектот е празен и не се користи;
12. неисправен или дефектен проект, материјали, изработка или грешки во обработка;
13. кршење машини или механика или кршење електронска или електрична опрема или распад,
14. прекин на струја или друга комунална услуга што се добива на локацијата доколку ваков прекин настане надвор од локацијата,
15. промени во нивото на водата и предизвикани само од такви промени;
16. загадување или контаминација, освен загадувањето или контаминацијата што е директна последица на ризик опфатени со осигурувањето на имотот, како пожар, гром, експлозија, авион или други летала или делови од нив што паѓаат, востание, манифестации и демонстрации, штрајкувачи, спречување работници да влезат во работни простории, лица кои учествуваат во јавни немири, злонамерни постапки на лица, земјотрес, луња, поплава, истекување вода од резервоар или од цевка, удар на патно возило или животно, кражба или обид за кражба,
(2) Исклучувањата од точките 12,13, 14 и 15 не се однесуваат на штетите што се последица на настан кој не е исклучен од осигурувањето по овој дел од Условите, при што обврската на осигурувачот е само за така настанатата штета односно нејзин дел.
IV. ДОПОЛНИТЕЛНИ ОДРЕДБИ ЗА ОСИГУРУВАЊЕТО НА ИМОТОТ
Вложувања на закупецот Член 40
Со осигурувањето на имотот наведен во полисата, односно во спецификацијата се опфатени се и вложувањата (преправки, подобрувања и сл.) што ги прави закупецот на имотот на сопственикот односно на имотот за којшто осигуреникот е одговорен.
Сите останати содржини Член 41
Поимот „Сите останати содржини“ го вклучува следниов имот, во колку таквиот имот не е посебно осигурен:
1. документи, ракописи, планови, проекти и деловни книги, но само за вредноста на материјалите како уредски материјал, вклучително со цената на админстративниот труд потрошен на пишување, но не за вредноста што таму содржаната информација ја има за осигуреникот;
2. примероци, модели и калапи;
3. записи на компјутерски системи, но само за вредноста на материјалот заедно со трошкот на админстративниот труд и компјутерското време потрошено на репродуцирање вакви записи (со исклучок на какви било трошоци во врска со производство на информации што треба да бидат запишани таму), но не за вредноста што таму содржаната информација ја има за осигуреникот, налмногу до износ од 20,000 USD;
4. записи на компјутерск системи, тапии и останати документи (вклучувајќи печати на нив), ракописи, плановии и текстови со секој опис и книги (напишани и печатени) се сметаат за осигурени на износ до најмногу 2,500 USD, додека се привремено преместени
на локација што не ја владее осигуреникот и додека се транспортираат по патен или железнички сообраќај насекаде низ Република Македонија;
5. точаци, алат, инструменти и лични предмети на директори, вработени, посетители и клиенти во износ до 300 USD во однос на секое лице;
6. сертификати од државни резерви, премиски обврзници, трговски жигови, ваучери за храна, ваучери за кредитни картички, ДДВ фактури и сл., сопственост на сигуреникот или нему доверен на чување и за кој осигуреникот е одговорен.
Штети од кражба Член 42
Осигурувањето опфатено со овој дел од Условите вклучува загуба или штета што ќе се случи во секоја осигурена зграда што ја користи осигуреникот во текот на кражба или обид за кражба.
Привремено преместување Член 43
(1) Во зависност од следниве одредби, имотот што е осигурен во смисла на овој дел од Условите (освен залихи во трговија или стока, ако се осигурени) е покриен со осигурување додека привремено е преместен заради чистење, реновирање, поправка или друга слична цел, на друго место во истите работни простоии или на друга локација или е се транспортира кон или од таа локација по пат, железница или домашен воден транспорт во Република Македонија.
(2) Износот што се надоместува со ова проширување во однос на секоја ставка од спецификацијата одделно нема да го надмине износот што би се надоместил во случај штетата да настанала во оној дел од просториите од кои имотот е привремено преместен, ниту во однос на каква било штета што настанала на друго место во дадените простории (локација).
(3) Ова проширување не важи за имотот што е осигурен и на друг начин, ниту за штети што настануваат на локација различна од онаа од која имотот е привремено преместен, и тоа за:
- моторни возила и моторни шасии со дозвола за редовна употреба во јавен сообраќај,
- имот што му е доверен на осигуреникот на чување, а што не е машинерија и погон.
Штети на електронски медиуми Член 44
(1) Штетите на медиуми за електронска обработка на податоци, предизвикани од ризик опфатен со осигурувањето, се утврдуваат врз основа на цената на празниот медиум плус трошоците за копирање на електронските податоци од бекап верзија или од оригинали од претходна генерација. Овие трошоци нема да вклучуваат никакви трошоци за истражување и инженеринг ниту трошоци за регенерирање, собирање или составување такви електронски податоци. Доколку медиумот не биде поправен, заменет или реставриран, основата за вреднување е трошокот на празниот медиум. оваа полиса, меѓутоа, не осугурува никаков износ што се однесува на вредноста на таквите електронски податоци за осигуреникот или кое било друго лице, дури и кога таквите електронски податоци не можат да се регенерираат, соберат или состават.
(2) Од осигурувањето секогаш се исклучени:
1. трошоците за поправка или модификација на кој било дел од системот за електронска обработка на податоци или негова поврзана опрема, за корекциија на недостатоци или начин на логицирање или функционирање.
2. загуба, штета или последователна загуба што произлегува од грешка, несоодветност или лошо работење од каков било совет, консултација, проект, процена,
преглед, инсталирање, одржување, поправка или супервизија извршена од страна на Осигуреникот или за Осигуреникот или од или за други лица заради одредување, поправање или тетсирање каква било потенцијална или реална грешка, лошо работење или несоодветност во препознавање на датуми или други податоци.
(3) Xxxxx загуба, штета или последователна загуба, опишани во ставот (2) на овој член е исклучена без оглед на која и да е друга причина продонела кон тоа истовремено или во некоја друга временска низа.
Пропорција Член 45
Кога ќе се утврди дека вредноста на осигурениот предмет е поголема од сумата на осигурувањето, износот на надоместот што го должи осигурувачот се намалува сразмерно пoмeѓy вpeднocтa нa ocигypeнитe предмети и cyмaтa нa ocигypyвaњeтo.
Xxxxxxx и брави Член 46
Со осигурувањето склучено според овој дел од Условите опфатени се и сите разумно настанати трошоци за поправка или замена на механички брави на врати по кражба на клучеви од просториите.
Заштитни мерки Член 47
Осигуреникот се обврзува да стори сè што е можно, сите заштитни мерки што постоеле на почетокот на осигурувањето по полисата и се под контрола на осигуреникот, да бидат бидат спроведувани за целото времетраење на полисата, како и да не бидат променети или отстранети без писмена согласност на осигурувачот, како и да се во полна примена вон работното верме или секогаш кога просториите на осигуреникот остануваат без надзор.
Измена на прописи Член 48
(1) Со осигурувањето склучено според овој дел од Условите опфатени се и дополнителните трошоци за обнова на уништениот или оштетениот недвижен или движен осигурен имот, што произлегуваат од измена на законски или подзаконски акт, или акт на локална власт за прописи за градба или други прописи, кон кои осигуреникот има обврска да се приржува.
(2) Износот што се надоместува за трошоците што настануваат заради придржувањето кон прописите од ставот (1) на овој член, не се однесува на трошоците:
1. во врска со штета што настанала пред почетокот на осигурувањето;
2. во врска со штета што не е опфатена со осигурувањето во рамки на овој дел од Условите,
3. за кои осигуреникот бил известен пред да дојде до настанување на штетата;
4. во поглед на неоштетен имот или неоштетен дел од имот, со исклучок на темелите (освен ако темелите не се посебно исклучени од осигурувањето опфатено со овој дел од Условите) на уништениот или оштетениот имот;
5. дополнителни трошоци што секако би биле потребни оштетениот или уништениот имот да се врати во поранешната состојба и да не настанала обврската за примена на изменетите прописи до ставот (1) на овој член;
6. каква било тарифна, даночна, царинска, развојна или друга давачка или оданочување што произлегува од проценка на капиталот, а што може да подлежи на плаќање во однос на имотот или од страна на сопственикот поради придржување кон некој од изменетите прописи до ставот (1) на овој член;
(3) Работите на обнова мора да бидат започнати и извршени со разумна брзина, а во секој случај мора да бидат завршени во рок од дванаесет месеци по уништувањето или оштетувањето или во оној дополнителен временски рок што осигурувачот може (за време на наведените дванаесет месеци) да го одобри по писмен пат и што може да бидат извршени во целост или делумно на друга локација (доколку изменетите прописи од ставот (1) на овој член тоа го налагоот) со тоа што обврската на осигурувачот во рамки на ова проширување да не биде со тоа зголемена.
(4) Доколку обврската на осигурувачот, што произлегува од овој дел на Условите, освен од ова проширување, се намали врз основа на одредба од полиста или овие Услови, тогаш обврската на осигурувачот во рамки на ова проширување пропроционално се намалува во поглед на секоја таква точка.
(5) Вкупниот износ што се надоместува по основ на овој член од Условите е ограничен на најмногу 15% за секоја поединечна осигурена штета.
Стручни хонорари Член 49
(1) Одредбите од овој член се применуваат само кај осигурувањето на недвижен и движен имот, не и за осигурувањето на „сите други содржини“.
(2) Во случај на загуба или штета опфатени со осигурувањето по полиста, осигурувачот ќе ги надомести на осигуреникот и следниве нужни трошоци и издатоци направени во согласност со осигурувачот: хонорари за архитекти, проценители, инженери консултанти, правни и останати стручни хонорари што биле неопходни и настанале при отстранување штетата и воспоставување на поранешната состојба на осигурениот имот. Надоместот исклучува хонорари за подготовка на отштетното барање и нема да биде повисок од тарифата или ценовникот за определен вид на услуги денесени од соодветната професионална асоцијација или надлежен орган.
(3) Вкупниот износ што се надоместува по основ на овој член од Условите е ограничен на најмногу 15% за секоја поединечна осигурена штета.
Штети од влага и габички Член 50
(1) Со осигурувањето е опфатена само физичка загуба или штета на осигурениот имот од влага, габи, габички или спори, тогаш кога е директно предзивикана со штета на имотот поради од една од наведените осигурени ризици: пожар, земјотрес, гром, луња, град, поплава или штета од вода, директен удар на летало, вандализам.
(2) Со осигурувањето не е опфатена никаква загуба, штета, побарување, трошок, издаток или некоја друга сума што директно или индиректно произлегува од или е во врска со влага, габи, габички или спори од кој било вид.
(3) Осигуреникот мора да го извести осигурувачот за постоењето и цената на физичката загуба или штета од влага, габи, габички или спори најбрзо што е можно, но не повеќе од шест месеци откако наведената опасност првично предизвикала физичка
загуба или штета на така осигурениот имот за времетраење на полисата. Оваа полиса не осигурува никаква физичка загуба или штета од влага, габи, габички или спори за прв пат пријавени на осигурувачот по периодот од шест месеци.
Расчистување Член 51
(1) Со осигурувањето се опфатени и следните трошоци што настанале како последица на осигурениот ризик:
- трошоци за отстранување на остатоците од осигурениот имот;
- трошоци за отстранување на остатоци од имот, што не е опфатен со ова осигурување, од просториите на осигуреникот.
(2) Со осигурувањето не се опфатени следните трошоци и издатоци, а произлегуваат од остварувањето на осигурениот случај:
- деконтаминација на остатоците;
- издвојување на контаминанти при загадување од земја или од вода;
- отстранување, обнова или замена на контаминирана или загадена земја или
вода;
- кои што произлегуваат од загадување или контаминација на имот што не е
осигурен со полиста.
(3) Вкупниот износ што се надоместува по основ на овој член од Условите е ограничен на најмногу 15% за секоја поединечна осигурена штета.
Договорна цена Член 52
Ако со остварување на некој од ризиците осигурени со полисата, дошло до неиспорачување на продадена стока за која е одговорен осигуреникот, по согласно со условите на продажниот договор истиот бил откажан во целост или само за неиспорачаната стока, обврската на осигурувачот се утврдува врз основа на договорната цена. При тоа, доколку при определување на надомест за оштетување или уништување на стоката има основ за примена на правилото на пропорција, истото ќе се примени и во овој случај.
Осигурување на залихи Член 53
(1) Кај осигурувањето на залихи, осигуреникот е должен, по писмен пат да ја пријави на осигурувачот вредноста на залихите на последниот ден на секој календарски месец или квартал, во рок од 30 (триесет) дена .
(2) Ако осигуреникот не ја пријави вредноста како што е определено во ставот (1) на овој член, се смета дека осигуреникот ја има пријавено сумата на осигурување како вредност.
(3) При истек на осигурувањето по полисата, премијата што треба да плати се пресметува по договорената стапка на просечниот пријавен износ, односно на вкупниот износ на пријавените суми поделен со бројот на пријави.
(4) Доколку премија што треба да се плати е повисока од авансната премија платена за полисата, осигуреникот ја плаќа разликата, а доколку е пониска, разликата му се исплаќа на Осигуреникот.
Интерес на трета страна Член 54
Ако осигурениот имотот е под наем, закуп или слично, интересот на закуподавачот, друштвото за лизинг,односно соодветниот носител на права во однос на имотот, е нотиран во ова осигурување, при што природата и обемот на каков било интерес треба да се обелодени во случај на загуба, уништување или оштетување.
Откажување од регрес Член 55
Во случај на отштетно барување што произлегува од полисата, осигурувачот се согласува да се откаже од секакви права, отштета или правен лек на што може да има
право по основ на суброгација од која било подружница или холдинг друштво на осигуреникот.
Непоништување Член 56
Ова осигурување нема да се поништи поради нешто што е сторено или не е сторено во однос на кој и да е дел од имот што не е во владение на осигуреникот, без оглед на тоа дали претставуваат зголемуавње на ризикот или не, под услов осигуреникот, штом веднаш стане свесен за тоа, да го извести осигурувачот за таква измена и ја плати онаа разумна дополнителна премија што осигурувачот може да ја побара.
Самозапалување Член 57
Ова осигурување опфаќа уништување или штета на блокови јаглен, кокс или дрва предизвикано од нивно спонтано ферментирање, загревање или согорување.
Специфично осигурување Член 58
Со осигурувањето не се опфатени моторни возила или предмети во нив или кој било друг имот што е посебно осигурен од осигуреникот или во негова полза, освен во делот што е над износот што се надоместува со тоа посебно осигурување.
Електрика Член 59
Со осигурувањето не се опфатени уништување или оштетување на кој и да е дел од електричен уред или електрична инсталација, а што е директно предизвикано од губење струја, пренапон, краток спој или преоптоварување, освен уништување или оштетување предизивиканио од пожар како резултат на овие причини.
Темели Член 60
(1) По избор на осигуреникот, кај осигурувањето на згради, правилото на пропорција нема да се применува на деловите од зградата под нивото на подот на најнискиот кат со исклучок на подниот материјал (доколку е запаллив) на тој најнизок кат.
(2) Доколку сумата на осигурување во поглед на која било зграда ја надминува вредноста на предметната зграда тој вишок може да се примени на погоре исклучените делови и пропорцијата одделно таму да се примени.
Брендирана стока Член 61
Во случај на отштетно барање за загуба или штета на осигурениот имот, спасените делови или брендирана стока, или трговска стока, што е во сопственост на сигуреникот, или му е доверена или е комисиона стока, што е продадена но не е испорачана, нема да биде дадена на продажба без согласност на осигуреникот. Доколку спасените ствари не се дадени на продажба, загубата или штетата се проценуваат на вредност што е договорена помеѓу осигуреникот и осигурувачот и се земаат предвид при определување на надоместот.
Автоматско покритие Член 62
(1) Осигурувањето автоматски се проширува и опфаќа:
- новонабавени или новоизградени згради, машинерија и погони освен ако истите не се поинаку осигурени,
- адапатации, додатоции и реновирања на згради, машинерија и погон, но не во однос на проценета вредност, каде било во Република Македонија,
но најмногу до износ од $ 50 000.
(2) Осигуреникот има обврска полугодишно да му достави на осигурувачот детали за таквото проширување на покритието и за проширувањето да склучи посебно осигурување со денот на почеток на покритието од денот на ставање во употреба на имотот односно негово активирање.
Расчистување одводи Член 63
(1) Осигурувањето на зградите се проширува и опфаќа нужни и разумно настанати трошоци при расчистување, чистење, поравка на одводи, жлебови, доводни канали и слично (одговорност на осигуреникот) кои се последица на настанат осигурен ризик на осигурениот имот.
(2) Ова проширување не покрива никакви издатоци или трошоци што произлегуваат од загадување или контаминација на имот што не осигурен со полисата.
(3) Одговорноста на осигурувачот за загуба или штета вклучително со таквите издатоци или трошоци е ограничена на максимален износ од 20 000 УСД за секоја поединечна осигурена штета.
Закупнина Член 64
Осигурување од губиток на закупнина се применува доколку зградата или кој било нејзин дел не е подобна за престој како последица од нејзино уништување или оштетување, уништување или штета на локацијата каде се наоѓа зградата, или во близина на истата, при шти износот што се надоместува нема да надмине пропроционален дел од сумата на осигурување на закупнина, сразмерно на периодот потребен за отстранување на штетата.
Автоматско воспоставување покритие Член 65
Сумите на осигурување автоматски се воспоставуваат без дополнително плаќање, по настанување загуба или штета од осигурен случај, со исклучок на осигурувањето на прв ризик и осигурувањето на залихи.
Незафатеност Член 66
Осигуреникот по писмен пат ќе го извести осигурувачот за тоа кога осигурена зграда или дел од неа, каде што е сместен осигурениот имот, не се користи од осигуреникот, ниту од други лица.
Проширени покритија по дефиниција Член 67
Освен ако не се посебно осигурени, следниов имот е вклучен во осигурувањето на недвижниот и движниот имот, кон кои таквиот имот е придодаден или им припаѓа, наведен во спецификацијата кон полисата:
- дигалки, премини, броила, огради, ѕидови, порти, скалишта и резервоари за вода над покриви или коишто формираат покриви на згради и надворешни скали за пожар;
- надворешни и подземни водоводни, одводни, канализацион, гасоводни, електрични или телефонски цевки, метгри или кабли што одат од објектите до главните цевки и водови или во максимална должина од 150 метри, кое и да е помалку, транспортери, ролни, транспортни ленти, јажиња и слична опрема вклучувајќи ги сите потпорни конструкции, во просториите или придружните дворови и патишта, кои се имот на осигуреникот или за кој тој е одговорен;
- мали доградби и предметите во нив, тоалети, дворови, паркинзи, помошни патишта, товарни станици, урбана опрема (одговорност на осигуреникот), згради и предмети во нив кои продолжуваат до и имаат комуникација со овде опишаните згради, резервоари за нафта и гроиво и помошна опрема и предмети во нив,
- имот во отворени дворови и простори припоени кон или поврзани со осигурениот
имот.
ДЕЛ ТРЕТИ ОСИГУРУВАЊЕ ПРЕКИН НА РАБОТА
Прекин на работа Член 68
(1) Со осигурувањето е опфатен ризикот од прекин или попреченост на работењето на осигуреникот, што настанало како последица на осигурен случај, дефиниран во вториот дел на овие Услови, што настанал на осигурена зграда или на друг имот или на дел од него, наведен во спецификацијата на полисата, а што осигуреникот го користи во текот на своето работење.
(2) Осигурувачот ќе исплати на осигуреникот надомест на штета што произлегува од ваквиот прекин или попреченост во работата во согласност со одредбите на овој дел од Условите.
(3) Обврската на осигурувачот за надомест на штета ќе постои само доколку во време на настанување на осигурениот случај, осигуреникот има валидно осигурување на зградата или имотот во рамки на вториот дел од овие услови или на поинаков начин да е извршено плаќање (или ќе беше извршено со исклучок на примена на франшиза) или е прифатена обврска за плаќање за тоа во рамки на осигурувањето на имотот.
(4) При утврдување на надоместот по основ на осигурувањето на прекин од работа не се вклучува износот на данокот на додадена вредност, кога осигуреникот е даночен обврзник за данокот на додадена вредност
Дефиниции
Член 69
(1) Одредени изрази во овој дел од Условите го имаат следното значење:
1. „бруто добивка“: износ, за кој збирот на: прометот, износот на залихите на крајот од пресметковниот период и на производството во тек, го надминува збирот на: залихите на почетокот од пресметковниот период, производството во тек и износот на неосигурените оперативни трошоци. при тоа, износите на залихите на почетокот и на крајот од пресметковниот период и на производството во тек се добиваат во согласност со стандарните сметководствени методи на осигуреникот, земајќи ги предвид трошоците на амортизација.термините и изразите употребени во оваа дефиниција го имаат она значење што вообичаено го имаат во книгите и сметките на осигуреникот.
2. „период на обештетување“: периодот што почнува со настанување на штетата и завршува не подоцна од максимало договорениот период на обесштетување, за време на кој резултатите на работењето се под влијание како последица од штетата. Период на обесштетување во смисла на одредбите за додатно зголемување на трошоците на работење го означува периодот во кој горенаведените дополнителни издатоци настанале, но кој период не е подолг од дванаесет последователни календарски месеци од датумот на штета (или пропорционално зголемен содржател таму каде што максималниот период на обесштетување е подолг од дванаесет месеци).
3. „промет“: реализирани приходи (наплатени или што се побаруваат) од страна на осигуреникот за продадената стока и извршените услуги во нормален тек на работење во деловните објекти на осигуреникот;
4. „стапка на бруто добивка“: стапката на бруто добивка остварена со реализираниот промет во текот на финансиската година непосредно пред датумот на штета;
5. „годишен промет“: прометот остварен во текот на дванесет месаеци непосредно пред датумот на штета;
6. „редовен промет“: прометот остварен во текот на оној период од дванесетте месеци непосредно пред датумот на штета, а којшто соодветствува со периодот на обесштетување.
(2) Во однос на стапката на бруто добивка, годишниот промет и редовнито промет, доколку е потребно треба да се извршат корекции заради усогласување на трендот на работењетои заради измени во, или поради, посебни околности што влијаат врз работењето или пред или по настанување на штетата, или коишто ќе влијаеле врз работењето доколку не настанала штетата, со цел така корегираните износи што е можно пореално да ги прикажат резултатите коишто би биле остварени за време на дадениот период по штетата, да немало штета.
Основи за утврдување на надомест Член 70
(1) Осигурувањето е ограничено на загуба на бруто добивка до која дошло поради намалување на прометот и зголемување на трошокот на работењето.
(2) Износот на надоместот по основ на намалување на прометот е еднаков на производот од стапката на бруто добивка и износот за кој се намалил прометот како резултат на штетата во периодот за обештетување. Износот за кој се намалил прометот е разлика помеѓу редовниот промет и намалениот промет во периодот на обештетувањето.
(3) Износот на надоместот по основ на додатно зголемување на трошоците на работење ги покрива само неопходните и разумни дополнително направени трошоци, направени за времетраење на прекинот на работење, со единствена цел да се избегне
или колку што е можно ублажи намалувањето на прометот. Износот на надомест не треба да го надмине износот што би се добил со аплицирање на стапката на бруто добивка врз износот на избегнатото намалување на прометот.
(4) Износот на надомест утврден според ставот (2) и ставот (3) на овој член се намалува за која било сума заштедена за времетраење на периодот на обесштетување во однос на таквите издатоци и трошоци на работењето, кои што се плаќаат од бруто добивката , а која може да се намали или воопшто да не биде реализирана како последица од штетата.
(5) Износот на надомест утврден според ставот (2), ставот (3) и ставот (4) на овој член мора да е понизок од износот што се добива со множење на стапката на годишната бруто добивка и годишниот промет ( или на пропорционално повеќекратно зголемен содржател ако периодот на обештетување е подолг од 12 месеци), а во спротивно пропорционално ќе се намали.
(6) При утврдување на надоместот за дополнителни нужни и разумни трошоци што осигуреникот ги имал за време на периодот на обесштетување, услов е обврската на осигурувачот во првите три месеци да не биде поголема од 25% од сумата на осигурување ниту поголема од еднаков пропорционален дел од месечната состојба на сумата на осигурување во однос на дополнителни издатоци во преостанатиот дел од максималнит период на обесштетување.
(7) Во оправдани трошоци во смисла на ова осигурување се вклучени и трошоците што осигуреникот ги исплаќа на неговите професионални сметководители за обезбедување поединости и детали содржани во сметководствените книги и останати деловни книги и документи на осигуреникот или такви други докази, информации и сметки што осигурувачот може да ги побара и известувањето за тие ставки и детали е во согласност со сметководствената евиденција и останати деловни книги и документи на осигуреникот. Ова е под услов сумата на износот што се исплаќа по овој член и износот што инаку се исплаќа по овој дел од Условите да не ја надминува сумата на осигурување или некоја друга граница на отштета.
(8) Неосигурени постојани трошоци: доколку според овој дел од Условите не се осигурени постојаните трошоци на работењето (а коишто се земени предвид при оределувањето на бруто добивката како што е овде дефинирана) тогаш при пресметување на износот на надомест по основ на додатно зголемување на трошоците на работење, се зема предвид само пропорционалниот дел од билокои дополнителни трошоци коишто ја оптоваруваат бруто добивката до збирот на бруто добивката и неосигурените постојани трошоци.
Автоматско воспоставување (обнова) на сума на осигурување Член 71
Во отсуство на поинакво писмено известување од страна на осигурувачот, обврската на осигурувачот нема да остане намалена за износот на каква било штета, а за што осугреникот преземал да плати соодветна додатна премија за такво автоматско обновување на покритието.
Алтернативно тргување Член 72
Доколку за време на периодот на обесштетување стоката се продаде или услугите се извршат на друго место, надвор од осигурениот имот, а во полза на бизнисот, од страна на осигуреникот или од страна на други лица во негово име, парите добиени од продажбата или што треба да се добијат се земаат предвид при внесување во прометот во текот на периодот на обесштетување.
Сметководители
Член 73
Сите поединости или детали содржани во контниот план или во останати деловни книги или документи на осигуреникот, а коишто осигурувачот по потреба може да ги побара со цел испитување или проверка на сите отштетни побарувања, може да бидат подготвени од страна на професиоанлни сметководители доколку во тоа време тие редовно работат како такви за осигуреникот и нивниот извештај се смета за доказ на прв поглед за поединостите и деталите на кои се однесува таквиот извештај.
Плаќања на сметка Член 74
За време на периодот на обесштетувања на сметката на осигуреникот може да бидат уплатувани средства, по слобода на одлучување на осигурувачот, но во никој
случај таквите средства нема да бидат поголеми од обврската на осигурувачот во однос на намалувањето на прометот за секоја ставка за перидоот во кој се врши плаќањето.
Акумулирани залихи Член 75
При процена на штета, предвид треба да се земе и да се изврши соодветна исправка за било кое намалување на прометот како резултат на штетата, ако е одложено како резултат на нереализираниот промет, што е привремено вклучен во акумулирани залихи на готови производи.
Секторска клаузула Член 76
Доколку работата се изведува во сектори чии што независни резултати од работењето можат да се утврдат, одредбите за бруто добивка се применуваат одделно за секој сектор кој е под влијание на штетата, освен ако сумата на осигурување од наведената точка е помала од збирот на сумите што се добиваат со примена на стапката на бруто добивка за секој сектор од работењето (без оглед дали е зафатен од штета или не) на неговиот односен годишен промет (или на неговиот пропорционално зголемен содржател таму каде што максималниот период на обесштетување е повеќе од дванаесет месеци), во кој случај износот што се исплатува е пропорционално намален.
Овие Посебни услови за осигурување имот од сите ризици се донесени од Одборот на директори на Акционерското друштво за осигурување ЕУРОЛИНК - Скопје, на 93-та редовна седница одржана на ден 22.05.2013 година, со Одлука број 0202-2801/6, со примена од 22.05.2013 година.