Contract
Консолидиран текст составен од:
1. Колективен договор во дел за плати, други права по основа на плата и надоместоци на плата на ниво на работодавец делот за правата, обврските и одговорностите на работниците и работодавецот од 13.10.2008 година;
2. Колективен договор за изменување и дополнување на Колективниот договор дел за плата, други права по основа на плата и надоместоци на плата на ниво на работодавец од 18.03.2009 година;
3. Поединечен колективен договор за изменување и дополнување на Поединечен колективен договор дел за плата, други права по основа на плата и надоместоци на плата од 14.07.2009 година;
4. Колективен договор за изменување и дополнување на Колективниот договор дел за плата, други права по основа на плата и надоместоци на плата на ниво на работодавци од 30.04.2010 година;
5. Анекс за изменување и дополнување на поединечниот колективен договор дел за плата, други права по основа на плата и надоместоци на плата од 28.11.2014 година;
6. Анекс за изменување и дополнување на поединечниот колективен договор дел за плата, други права по основа на плата и надоместоци на плата од 31.03.2016 година;
7. Анекс за изменување и дополнување на поединечниот колективен договор дел за плата, други права по основа на плата и надоместоци на плата од 18.04.2018 година;
8. Анекс за изменување и дополнување на поединечниот колективен договор дел за плата, други права по основа на плата и надоместоци на плата од 07.02.2019 година;
9. Анекс за изменување на поединечниот колективен договор на Јавната здравствена установа Универзитетски Стоматолошки клинички центар „Свети Пантелејмон“ – Скопје (Пречистен текст) од 03.10.2019 година;
10. Анекс за изменување и дополнување на поединечниот колективен договор дел за плата, други права по основа на плата и надоместоци на плата од 02.01.2020 година;
11. Анекс за изменување и дополнување на поединечниот колективен договор од 12.02.2020 година;
ПОЕДИНЕЧЕН КОЛЕКТИВЕН ДОГОВОР
(КОНСОЛИДИРАН ТЕКСТ)
Јули 2020 година, Скопје
КОЛЕКТИВЕН ДОГОВОР
дел за плата, други права по основа на плата и надоместоци на плата на ниво на работодавец
Јавна здравствена установа
УНИВЕРЗИТЕТСКИ СТОМАТОЛОШКИ КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР СВЕТИ ПАНТЕЛЕЈМОН - Скопје
КОЛЕКТИВЕН ДОГОВОР
двл за плати, други права по основ на плата и надоместоци на плата на ниво на работодавец (ЈЗУ УСКЦС)
1. ОСНОВНИ ОДРЕДБИ
Член 1
Со овој Колективен договор се одредуваат платите, другите примања по основ на плата и надоместоци на плата на работниците во ЈЗУ Универзитетски стоматолошки клинички центар " Св. Пантелејмон " - Скопје, (во натамошниот текст XXX XXXXX).
Член 2
Платата на работникот во ЈЗУ УСКЦС се состои од следните компоненти: плата за извршена работа; плата по основ на услови за работа; плата по основ на раководење и одговорност; надоместок на плата и дополнителна плата од учество во добивката.
Член 3
“Работодавач“ во смисла на овој Колективен договор се јавните здравствени установи и приватните здравствени установи со статус на правно лице како и други правни субјекти кои вршат здравствена дејност и вработуваат работници врз основа на договор за вработување.
Член 4
"Работник", во смисла на овој Колективен договор, е секое физичко лице кое е во работен однос на неопределено и определено работно време во здравствената дејност, со полно, скратено работно време и пократко од полното работно време, врз основа на склучен договор за вработување.
Член 5
Освен дефиницијата од член 3 и 4 од овој Колективен договор и други дефиниции согласно член 5 од Законот за работни односи одделни изрази употребени во овој колективен договор го имаат следното значење:
- "работен однос" е договорен меѓу работникот и работодавачот во кој работникот доброволно се вклучува во организираниот процес на работа кај работодавачот, за плата и други примања, лично непрекинато ја извршува работата според упатствата и под надзор на работодавачот;
- " повозрасни работници " се работниците повозрасни од 57 години - жени и 59 години - мажи, кои уживаат посебна заштита согласно Законот за работни односи;
- "работник - инвалид " е работникот со преостаната или променета работна способност;
- "помал работодавач" е работодавач кој вработува до 50 работници.
2. ПЛАТИ
Член 6
Работникот има право на плата.
Платата на работникот му се обезбедува од средствата на работодавачот сразмерно на извршената работа, според бројот и видовите на извршените здравствени услуги и остварените средства од извршените услуги, како и придонесот на работникот во создавањето на добивката, во согласност со условите и критериумите утврдени со закон и овој Колективен договор.
Платата на работникот е составена од основната плата, дел од платата за работната успешност и додатоците, ако со закон не е поинаку определено.
Член 7
ЈЗУ УСКЦС е должна да води евиденција на платите и на исплатените даноци и придонеси од плати.
Клиниката е должна да му достави заверена писмена пресметка за пресметаните и уплатените придонеси на работникот најдоцна 15 дена од денот на исплатата на плата, или дел од плата, надомест на плата, односно друг паричен надомест, како и збирен годишен извештај по истекот на годината, најдоцна до 15 февруари наредната година.
Работникот е должен да ја извести Управата за јавни приходи доколку работодавецот постапи спротивно на ставот 1 одо овој член.
2.1 Плата за извршена работа
Член 8
Платата на работникот за полно работно време и нормален учинок, утврдено врз основа на сложеноста на работните задачи и нормалните услови за работа, не може да биде пониска од најниската плата утврдена за одделни степени на сложеност, утврдени со член 14 од овој договор, која установата, односно работодавачот, се должни да ја исплатат на работникот.
Член 9
Најниската плата за најнизок степен на сложеност месечно ја утврдуваат и објавуваат учесниците на Колективниот договор за здравствената дејност на Република Македонија, најмалку еднаш квартално.
Најниската плата се утврдува со Спогодбата за утврдување на најниската плата за најнизок степен на сложеност и за начинот на пресметување и исплата на платите во здравствената дејност.
При утврдувањето на најниската плата ќе се поаѓа особено: од трошоците на живот, од економските можности на стопанството, општото ниво на платите во земјата, нивото на продуктивноста, социјалните давања и други економски и социјални фактори.
Член 10
Најниската плата за одделни степени на сложеност се утврдува така што најниската плата за најнизок степен на сложеност се множи со коефициентите и за одделни степени на сложеност, наведени во член 14 од овој Колективен договор.
Член 11
Основната плата на работникот во ЈЗУ УСКЦС е платата што е утврдена со распоредување на работникот во определена група на сложеност, утврдена за полно работно време кое не може да биде пониско од појдовната плата за одредена група на сложеност утврдени во овој Колективен договор.
Најниската цена на работната сила за одделни степени на сложеност се утврдува така што цената на работна сила за најнизок степен на сложеност утврдена во член 10 од овој Колективен договор, се множи со следните коефициенти на сложеност од групите, наведени во член 14 од овој Колективен договор.
Член 12
Работодавачите кај кои настанале потешкотии во работењето, должни се да изготват програма со која се обезбедува надминување на настанатите проблеми и врз основа на
неа Синдикатот може да договори и пониска најниска плата за време на спроведувањето на програмата.
Синдикатот и работоводниот орган утврдуваат процент на отстапување од најниската плата утврдена со член 10 од овој Колективен договор, времетраењето на таквото отстапување, со тоа што отстапувањето не може да изнесува повеќе од 20% од износот на најниската плата утврдена со овој Колективен договор.
Намалувањето на најниската плата во смисла на став 2 од овој член не може да трае подолго од 6 месеци.
Работодавачот е должен доколку финансиските можности според периодичната. односно годишната пресметка тоа го овозможуваат, на работниците да им изврши исплата на разликата меѓу најниската плата за одредени степени на сложеност и помалку исплатена плата во смисла на став 2 и 4 на овој член.
Член 13
Платата се пресметува и исплатува најмалку еднаш месечно.
Платата на работникот за тековниот месец се исплатува во паричен износ, најдоцна до 15-ти наредниот месец.
Обврзник за плаќање на придонесите од задолжително социјално осигурување е работникот, а обврзник за пресметка и уплата на придонесите од задолжително социјално осигурување и персонален данок е работодавачот за своите работници.
Член 14
Најниската плата за одделни степени на сложеност се утврдува така што најниската плата за најнизок степен на сложеност се множи со следните коефициенти за одделни степени на сложеност.
Како степен на сложеност утврден според степенот на образование во смисла на овој Колективен договор ќе се вреднува степенот на образование утврден како услов во Актот за организација и систематизација на работните места кај работодавачот.
Поединечните работи, односно занимања се класифицираат по групи на сложеност и тоа:
ГРУПА I - АДМИНИСТРАТИВНИ СЛУЖБЕНИЦИ ВО ЈАВНИТЕ ЗДРАВСТВЕНИ УСТАНОВИ
Во занимања од III група на сложеност 2,165 - 2,403 | ||
Референти, оперативнни и административни службеници од правно и економско - техничко работење со ССС | ||
- | работник на компјутер, архиварски оперативен службеник шалтерски службеник | 2,165 |
- | фактурист, xxxxxx-xxxxxxxxx, контер фин.книговодител, материјален книговодител, благајник | 2,165 |
- | технички секретар, архивар-дактилограф | 2,165 |
- | референт за работни односи | 2,165 |
- | деловен секретар на директор на УСКЦС со ССС | 2,306 |
Стручни соработници - виши (самостојни) референти со ВШС Самостојни референти, административно-технички и оперативни службеници со ССС | ||
- | благајник со ВШС | 2,380 |
- | стручен соработник раководител (шеф) на сметководство (со ССС и ВШС) | 2,403 |
Во занимања од IV група на сложеност: 2,818 - 3,924
- | деловен секретар на директор со ВСС | 2,818 |
Дипломирани самостојни стручни соработници | ||
- | дипломиран економист, дипломиран правник | 2,903 |
- | стручен соработник, референт шеф (дипл.економист и правник) | 2,903 |
- | самостоен стручен соработник - раководител (дипломирани: економист, правник) | 2,977 |
Други самостојни стручни соработници со магистериум во струката | ||
- | самостоен стручен соработник - раководител (дипл. правник со правосуден испит) | 3,204 |
- | магистер (дипломирани: економист, правник) | 3,215 |
- | раководител со посебни овластувања и одговорности (дипл. економист, дипл. правник и магистер за јавно здравство) | 3,408 |
- | самостоен стручен соработник дипломиран правник со правосуден испит и дипл. економист - овластен ревизор по потреба со соодветен менаџмент од јавно здравство и раководител | 3,924 |
ГРУПА II – ПОМОШНО-ТЕХНИЧКИ ЛИЦА ВО ЈАВНИТЕ ЗДРАВСТВЕНИ УСТАНОВИ
Во занимања од I група на сложеност 1,536 - 1,592 | ||
НКВ и ПК работници | ||
- | пeрач, пeглач на вeш | 1,536 |
- | гaрдeрoбeр | 1,563 |
- | градинар | 1,592 |
Во занимања од II група на сложеност 1,717 - 1,972 | ||
НКВ и ПК општo-технички помошни работници: | ||
- | работници за комунална и општа хигиена-хигиеничарки | 1,717 |
- | чувар, чувар - пожарникар (обезбедувач) чувар - пожарникар, пом. готвач, сервирка, котлар-ложач, електричар, xxxxxx и др. слични работници | 1,972 |
Во занимања од III група на сложеност 2,062- 2,380 | ||
Општо - техничко рaбoтeњe: | ||
Работници со ССП, ССС и друго образование во занимањв (КВ и ВКВ) | ||
Техничари: електро, машински ТТ, ТВ, прецизни механичари и др. работници со ССС: | ||
- | работник на компјутер | 2,062 |
- | работници за обезбедување со лиценца | 2,120 |
- | КВ мајстор во одредено занимање-хаус мајстор, возач, курир (дистрибутер) | 2,165 |
- | ВКВ работници-сервисери | 2,165 |
- | фотограф | 2,165 |
- | магационер со ВШС | 2,380 |
Во занимања од IV група на сложеност: 2,948 | ||
Дипломирани самостојни стручни соработници | ||
- | дипломирани инженери: машински, електро, градежни, архитектонски и др. | 2,948 |
ГРУПА III – ДАВАТЕЛИ НА ЈАВНИ УСЛУГИ ВО ЗДРАВСТВОТО
1. ЗДРАВСТВЕНИ СОРАБОТНИЦИ
Во занимања од III група на сложеност 2,341 - 2,684 |
Дипломирани здравствени соработници |
- | дипломирани инженери: машински, електро, градежни, архитектонски и др. | 3,088 |
- | дипломирани здравствени соработници: социјален работник, биолог дефектолог, психолог, физичар и др. | 3,088 |
- | дипломирани здравствени соработници на специјализација: дефектолог, социјален работник, психолог, биолог, физичар и др. | 3,357 |
- | дипл. xxxxxxxxx, дипл. афазиолог, дипл. соматопед | 3,357 |
- | дипломиран хемичар и биохемичар | 3,432 |
- | дипломиран елек.инженер - програмер организатор на компјутерски систем или слично | 3,462 |
Високостручни здравствени соработници | ||
- | дипл. логопед, дипл. сурдолог (аудиолог), рехабилитатор | 3,504 |
- | магистер по јавно здравство и други магистри (биолог, физичар, хемичар, биохемичар, педагог, психолог, дефектолог - афазиолог, соматопед, инженер, компјутерско инженерство) | 3,857 |
- | магистер (дипл. логопед, дипл. сурдолог (аудиолог), рехабилитатор) | 3,911 | |
- | магистер по медицинска биохемија | 3,939 | |
- | здравствени соработници со специјализација (биолог, хемичар, биохемичар, физичар, психолог со специјализација, специјалист по мед. педагогија, дефектолог и сл.) | 3,979 | |
- | здравствени соработници со специјализација и магистериум | 4,012 | |
- | дипл. логопед, дипл. сурдолог (аудиолог), рехабилитатор - специјалист | 4,027 | |
- | биохемичар со специјализација и магистериум | 4,211 | |
- | здравствени соработници со субспецијализација | 4,396 | |
Здравствени соработници: доктори на науки и наставно-научни звања од областа на немедицинските науки | |||
- | доктор на науки од областа на немедицински науки | 4,850 | |
- | доктор на науки од областа на немедицинските науки - специјалист - научен соработник и доктор на науки од областа на немедицинските науки - насловен доцент | 5,010 | |
- | доктор на науки од областа на немедицинските науки - доцент | 5,085 | |
- | доктор на науки од областа на немедицинските науки - виш научен соработник и насловен професор | 5.233 | |
- | доктор на науки од областа на немедицинските науки - вонреден професор | 5.308 | |
- | доктор на науки од областа на немедицинските науки - специјалист - научен советник | 5,381 | |
- | доктор на науки од областа на немедицинските науки - редовен професор | 5,457 |
2. ЗДРАВСТВЕНИ РАБОТНИЦИ
Во занимања од III група на сложеност 2,417 - 2,761 | ||
Средно медицински персонал со завршено средно медицинско училиште (IV) во соодветен отсек на струката | ||
- | здравствен статистичар компјутерски програмер | 2,417 |
- | стоматолошка сестра - техничар, протетичар - техничар | 2,578 |
- | забен техничар | 2,578 |
Виши медицински и стоматолошки работници со ВШС | ||
- | виш забен техничар | 2,761 |
- | виш РТГ техничар, виша забна медицинска сестра | 2,761 |
- | xxxx xxxxxxxxxxxx сестра | 2,761 |
Во занимања од IV група на сложеност: 3,109- 6,885 | ||
Дипломирани здравствени работници | ||
- | здравствени работници со високо стручно образование | 3,109 |
- | стоматолошка сестра со високо стручно образование | 3,109 |
- | забен техничар со високо стручно образование | 3,109 |
- | рендген техничар со високо стручно образование | 3,109 |
- | здравствени работници со високо стручно образование со специјализација | 3,357 |
Здравствени работници со високо образование од областа на фармацијата со специјализација, магистерски и докторски студии | ||
- | дипломиран фармацевт | 3,664 |
- | дипломиран фармацевт на специјализација | 3,846 |
- | дипл. фармацевт магистер | 4,402 |
- | дипломиран фармацевт специјалист | 5,158 |
- | дипл. фармацевт специјалист-примариус | 5,524 |
- | дипломиран фармацевт супспецијалист | 5,524 |
- | доктор на науки од областа фармација | 5,774 |
Здравствени работници со високо образование од областа на медицината и стоматологијата со магистериум и со специјализација во струката | ||
- | доктор на медицина и доктор на стоматологија | 4,015 |
- | доктор на медицина и доктор на стоматологија на специјализација | 4,210 |
- | доктор на медицина и стоматологија - магистер | 4,472 |
- | доктор на медицина и доктор на стоматологија – специјалист | 6,273 |
- | доктор на медицина и доктор на стоматологија специјалист со магистериум | 6,340 |
- | доктор на медицина и доктор на стоматологија - специјалист примариус | 6,846 |
- | доктор на медицина и доктор на стоматологија – супспецијалист | 6,885 |
Во занимања од V група на сложеност: 6,977 – 7,463 | ||
- | доктор на науки од областа на медицинските и стоматолошките науки (кој не е избран во наставно-научно звање) | 7,099 |
- | доктор на медицински и доктор на стоматолошки науки -специјалист – научен соработник | 6,977 |
- | доктор на медицински и доктор на стоматолошки науки – специјалист- доцент и насловен доцент | 7,058 |
- | доктор на медицински и доктор на стоматолошки науки-специјалист-виш научен соработник | 7,220 |
- | доктор на медицински и доктор на стоматолошки науки –специјалист- насловен вонреден професор | 7,301 |
- | доктор на медицински и доктор на стоматолошки науки-специјалист- научен советник | 7,381 |
- | доктор на медицински и доктор на стоматолошки науки-редовен професор | 7,463 |
Работниците кои имаат засновано работен однос во јавна здравствена установа за поединечни работи односно занимања како здравствен работник со средно образование, и кои со преквалификација или доквалификација се стекнале со високо стручно образование или со 180 ЕКТС од областа на медицината, стоматологијата и фармацијата, до распоредувањето на работни места за здравствени работници со високо стручно образование остваруваат право на додаток на плата во висина на разликата од бруто платата што се исплатува за поединечни работи односно занимања како здравствен работник со средно образование до износот на бруто плата пресметан со коефициент 3,109 започнувајќи со исплата на платата за месец февруари 2020 година.
Пресметувањето на додатокот за образование за здравствените работници од ставот 4 на овој член ќе се пресметува до висината на коефициентот на здравствените работници со
високо стручно образование кој ќе важи со секое ново усогласување на коефициентот во овој Колективен договор.
Одредбите од став 4 и став 5 на овој член ќе се применува само на здравствените работници што се стекнале со високо стручно образование или со 180 ЕКТС од областа на медицината, стоматологијата и фармацијата, заклучно со 30.11.2015 година.
Член 14а
На директорите и на медицинските директори во јавните здравствени установи им се утврдува плата во вкупен коефициент и тоа за:
- | Здравствени станици, поликлиники и здравствени домови до 150 вработени (директори, здравствени работници без специјализација) | 6,386 |
- | Здравствени станици, поликлиники и здравствени домови до 150 вработени (директори, здравствени со специјализација) | 6,691 |
- | Здравствени домови над 150 вработени и центри за јавно здравје (директори, здравствени работници без специјализација) | 6,908 |
- | Здравствени домови над 150 вработени и центри за јавно здравје (директори, здравствени работници со специјализација) | 7,237 |
- | Институт за јавно здравје, центри, општи болници, специјализирани болници, заводи и институти (директори, здравствени работници без специјализација и здравствени соработници) | 7,374 |
- | Институт за јавно здравје, центри, општи болници, специјализирани болници, заводи и институти (директори, здравствени работници со специјализација) | 7,726 |
- | клинички болници, клиники и универзитетски клиники (директори, здравствени работници без специјализација) | 7,703 |
- | клинички болници, клиники и универзитетски клиники (директори, здравствени работници со специјализација) | 8,070 |
- | универзитетски клинички центар, универзитетски институт (директори, здравствени работници без специјализација) | 8,051 |
- | универзитетски клинички центар, универзитетски институт (директори, здравствени работници со специјализација) | 8,435 |
На организациските директори во јавните здравствени установи им се утврдува плата во вкупен коефициент од:
- | Здравствен дом со над 1000 вработени | 5,721 |
- | Институти | 6,107 |
- | Клинички болници, универзитетски институти и универзитетски клиники | 6,379 |
- | Универзитетски клинички центар | 6,668 |
На главната сестра, главен забен техничар, главниот медицински лаборант, главниот рентген технолог и главен физиотерапевт на ЈЗУ УКЦС се утврдува плата во вкупен коефициент од 3,400.
Додатокот на плата по основа на минат труд ќе се пресметува согласно член 18 од овој Колективен договор.
Член 15
Во договорот за вработување кој го потпишуваат работниците при вработување ќе се утврдат критериумите и мерилата за утврдување на резултатите од работењето на работникот, поаѓајќи од обемот, квалитетот на услугите, заштедите во процесот на работата и ефикасноста во користењето на работното време.
Критериумите и мерилата за утврдување на резултатите од работењето на работникот ќе се утврдат врз основа на нормативите, стандардите за работа, односно реално очекуваните резултати од работењето .
Резултатите од работењето на работникот ги оценува работникот кој го води и организира процесот на работата.
2.2 Плата по основ на услови за работа
Член 16
Основната плата на работникот се зголемува од 1 - 5% кога работникот работи во услови потешки од нормалните за соодветното работно место, и тоа изразено во проценти (во постапка утврдена по одредби од ЗРО и други подзаконски акти ) и со начелна одлука за оваа цел.
Основната плата се зголемува за работа во услови потешки од нормалните, изразена во проценти според експонираноста во условите на работа потешки од нормалните:
- | работа во операциона сала, стерилизација | 5,0% |
- | работа во анестезија, реанимација и интензивно лекување | 5,0% |
- | изложеност на јонизирачки зрачења | 5,0% |
- | работа со болни од заразни болести и заразни материи | 3,5% |
- | општа изложеност на токсични материи (физички, хемиски и биолошки агенси во лабораторија, аптека) | 3,0% |
Кумулација на бодови во овој член може да има по повеќе основи, но не повеке од 6% збирно.
Член 16a
Во согласноста што ќе се добие од Министерството за труд и социјална политика и неговите органи може да биде одобрено и бенефициран стаж, согласно на експонираноста во условите за работа потешки од нормалните со пресметување соодветно зголемен стаж според законски утврдените критериуми и еквивалент за истото.
1.3. Додатоци и надоместоци на плата
Член 17
Основната плата на работникот се зголемува по час и тоа за:
- | прекувремена работа | 29% |
- | работа ноќе (помеѓу 22 часот и 6 часот наредниот ден) | 50% |
- | работа во организирана единица за итна медицинска помош | 8% |
- работникот има право на додаток на плата за дежурство, по претходно добиена согласност за потреба од дежурство од министерот за здравство: во хируршките гранки во износ од 84%, а во другите гранки 67% од саатнината за редовно работно време во работните денови.
- за работа во денови на празници утврдени со Закон, работникот има право на додаток на платата што му припаѓа и плата за поминати часови за работа зголемени за 42% .
- работникот има право на надоместок за приправност, кој изнесува без остварен повик 8% од дневницата од неговата плата по час за времето кога бил ангажиран, а за остварен повик 113% од неговата плата по час за времето кога бил ангажиран.
- работа на дежурство на одговорен дежурен доктор (во обични денови, викенд и празник):
1. Во Јавните здравствени установи: Универзитетска клиника за дигестивна хирургија, Универзитетска клиника за трауматологија, ортопедија, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар, Универзитетска клиника за детска хирургија, Универзитетска клиника за неврохирургија, Универзитетска клиника за урологија, Универзитетска клиника за пластична и реконструктивна хирургија, Универзитетска клиника за торакална и васкуларна хирургија, дежурните доктори имаат право на додаток на плата за дежурство во редовните работни денови (од понеделник до петок) како за празник зголемен за 9%, а за време на викенд и празници додаток како за празник зголемен за 46%, а за докторот во приправност за време на дежурство се утврдува додаток на плата во износ од 84% од саатнината за редовните работни денови (од понеделник до петок).
2. За работа на дежурства во Јавните здравствени установи од хируршките гранки, анестезија, реанимација и интензивно лекување кои не се опфатени со точка 1, и за работа на дежурства во интензивно лекување на Јавната здравствена установа Универзитетска клиника за детски болести Скопје, дежурните доктори имаат право на додаток на плата за дежурство во редовните работни денови (од понеделник до петок) во износ од 155%, а за дежурство во викенд и празник во износ од 207% од саатнината за редовно работно време во редовните работни денови (од понеделник до петок).
Додатокот за дежурство во редовните работни денови (од понеделник до петок) ќе се исплаќа на дежурните доктори за 8 часови од дежурството со 155% од саатнината за редовните работни денови (од понеделник до петок), а за дежурство во викенд и празник на дежурните доктори ќе им се исплаќаат 16 часа од дежурството со 207% од саатнината за редовните работни денови (од понеделник до петок).
3. За работа на дежурство во Јавните здравствени установи од интернистичките и
останати гранки дежурните доктори имаат право на додаток на плата за дежурство во редовните работни денови (од понеделник до петок) во износ од 116%, а за дежурство во викенд и празник во износ од 155% од саатнината за редовните работни денови (од понеделник до петок).
Додатокот за дежурство во редовните работни денови (од понеделник до петок) ќе се исплаќа на дежурните доктори за 8 часови од дежурството со 116% од саатнината за редовните работни денови (од понеделник до петок), а за дежурство во викенд и празник на дежурните доктори ќе им се исплаќаат 16 часа од дежурството со 155% од саатнината за редовните работни денови (од понеделник до петок).
- Додатокот за дежурство во редовните работни денови (од понеделник до петок) и додатокот за дежурство за викенд и празник се однесува само на одговорните дежурни доктори-специјалисти/супспецијалисти, а додатокот за приправност се однесува само за
одговорниот доктор во приправност-специјалист/супспецијалист, а не се однесува на други дежурни доктори.
- На одговорните дежурни доктори-специјалисти/супспецијалисти и другите вработени, кои остваруваат додаток за дежурство во редовни работни денови (од понеделник до петок) и додаток за дежурство за викенд и празник, како и на одговорниот доктор во приправност-специјалист/супспецијалист и другите вработени кои остваруваат додаток за приправност не им следува истовремено и додаток на плата за работа ноќе (помеѓу 22 часот и 6 часот наредниот ден).
Член 18
Работникот има право на 0,5% додаток на основната плата за секоја година работен стаж, а најмногу 20%.
2.4. Плата по основ на раководење и одговорност
Член 19
На раководните работници и другите одговорни работници платата утврдена во член 11 од колективниот договор им се зголемува со додаток на плата по основа на раководење и одговорност со додавање на следните коефициенти:
Здравствен дел (здравствена дејност) | ||
- | раководител (директор на работна единица) | 0,52 |
- | раководител на одделение | 0,44 |
- | раководител (шеф) на лабораторија, кабинет, отсек, операциона сала | 0,31 |
- | одделенска стоматолошка сестра и сл. | 0,19 |
Административен дел (немедицинска дејност) | ||
- | раководител на служба во ЈЗУ УСКЦС | 0,47 |
- | раководител на сектор на во ЈЗУ УСКЦС | 0,29 |
- | раководител на одделение | 0,23 |
- | одговорен на отсек (шеф) | 0,15 |
- | водител на смена, одговорен на единица | 0,07 |
- | благајник | 0,06 |
- | контер | 0,04 |
Додаток на плата по основа на раководење и одговорност може да се зголеми само по еден основ.
Додатокот на плата по основа на минат труд ќе се пресметува согласно член 18 од овој Колективен договор.
Член 20
Вкупниот износ на додатоците на плата кои произлегуваат од членовите 16, 17, 18 и 19 не може да изнесуваат повеќе од 25% од основната плата утврдена во член 5 од Спогодбата за утврдување на најниската плата за најнизок степен на сложеност и за начинот на пресметување и исплата на платите во здравствената дејност.
3. ДРУГИ ПРАВА ПО ОСНОВ НА ПЛАТА
Член 20
Работникот кој спогодбено, времено е распределен во друга РЕ при ЈЗУ - УСКЦС
односно на работно место кое одговара на неговиот степен на стручна подготовка, не може да добива плата пониска од основната што ја имал пред распоредувањето.
Член 21
Работникот со намалена работна способност кој се упатува на преквалификација и доквалификација, за време додека чека на истото и за време додека трае истото има право на плата согласно со законот.
Член 22
Работникот кој поради потреба на ЈЗУ-УСКЦС е упатен на преквалификација или доквалификација, за времето додека чека на истото, има право на плата до височина на основната плата што ја остварувал на претходното работно место, валоризирана со порастот на платите во установата, (ЈЗУ -УСКЦС ).
Член 23
Работникот со намалена работна способност предизвикана од старост и истоштеност, а кој е 5 години пред одење во старосна пензија и е распореден на помалку вреднувано работно место, добива плата и надоместоци на плата во височина на основната плата од претходното работно место, и се валоризира со тековниот пораст на платите во установата ( ЈЗУ -УСКЦС ).
Член 24
Надоместокот по основ на придонесот во зголемувањето на доходот и иновации, рационализации или други видови творештво се утврдува најмалку во износ од 10% од нето годишната добивка што се остварува од примената на иновацијата, рационализацијата или друг вид творештво, врз основа на договор склучен меѓу работникот и работодавачот.
Член 25
За време на приправничкиот стаж на работникот му припаѓа најмалку 80% од основната плата предвидена за работното место за кое се оспособува.
Член 26
На приправниците волонтери, учениците и студентите на кои им е задолжителна производна работа и практика, им припаѓа надоместок доколку се утврди со посебен договор.
Истите имаат право на исхрана и превоз до и од работа онаму каде што тоа е организирано.
4. НАДОМЕСТОЦИ НА ПЛАТА
Член 27
На работникот му припаѓаат надоместоци на плата за време на:
- годишен одмор
- празници согласно со Закон
- отсуство од работа согласно со Закон и Колективниот договор
- стручно оспособување и усовршување согласно потребите на организацијата
- чекање на работа (застој на работниот процес без вина на работникот)
- други случаи утврдени со општиот акт на организацијата
Надоместокот на плата на работникот се утврдува во висина на исплатената плата на работникот за последниот месец.
Член 28
По негово барање за време на отсуство од работа заради стручно оспособување повеќе од месец дена согласно со општиот акт и програмата за стручно оспособување и усовршување, работникот има право на надоместок на плата, во висина 80% од последната плата на работникот.
За време на отсуство од работа заради стручно усовршување, специјализација и сл. во странство, а за потребите на ЈЗУ - УСКЦС и др. работникот има право на надоместок на плата, во висина од 100% од последната плата на работникот.
Износот на надоместокот од став 1 на овој член за наредните години се валоризира сразмерно со порастот на платата на работниците во организацијата, односно Факултетот.
За време на отсуство од работа по овој основ до еден месец, работниког има право на надоместок на плата во висина од 100%.
За време на отсуството од работа по овој основ има право покрај надоместок на плата и на надоместок на регрес за годишен одмор, во согласност со одредбите од член 29 од овој Колективен договор.
Член 29
За време на неспособност за работа поради болест и повреда за период до 7 дена, работникот има право на надоместок на плата во висина од 80%, а до 21 ден, почнувајќи од првиот ден на боледувањето - 90% од плата на работникот исплатена во претходниот месец.
Во случај на спреченост за работа поради професионалните заболувања, повредите на работа, давањето на крв и за другите случаи утврдени со Закон, надоместокот се утврдува во висина од 100 % од основицата утврдена во став 1 од овој член.
5. ДРУГИ ПРИМАЊА
Член 30
Регрес за годишен одмор, ќе се остварува согласно со закон и/или Општ Колективен договор.
Согласно член 8 од Колективниот договор за изменување и дополнување на Колективниот договор дел за плата, други права по основ на плата и надоместоци на плата на ниво на работодавач ЈЗУ Универзитетски стоматолошки клинички центар „Св. Пантелејмон“ – Скопје од 18.03.2009 година овој член 30 се брише.
Член 31
На работникот му припаѓа отпремнина при заминување во пензија, во висина на утврден износ од основицата согласно со Законот.
Член 32
Надоместокот за дневници за службени патувања во земјата изнесува 8% од просечната плата по работник исплатена во стопанството на Републиката во последните 3 месеци. На работниците при тоа им се признава сметка за ноќевање, освен за хотел од "ДЕ- ЛУКС" категорија.
Дневниците за службени патувања во странство се исплатуваат во висина на износот што е пропишан за работниците на органите на управа.
Дневниците за службени патувања во земјата и странство и теренскиот додаток меѓусебно се исклучуваат.
Член 33
Надоместокот за дневници за службени патувања во земјата изнесува 8% од просечната плата по работник исплатена во стопанството на Републиката во последните 3 месеци. На работниците при тоа им се признава сметка за ноќевање, освен за хотел од "ДЕ-ЛУКС" категорија.
Дневниците за службени патувања во странство се исплатуваат во висина на износот што е пропишан за работниците на органите на управа.
Дневниците за службени патувања во земјата и странство и теренскиот додаток меѓусебно се исклучуваат.
Член 34
На работникот му припаѓа надоместок за одвоен живот од семејството најмалку во износ од 60% од просечната плата по работник исплатена во стопанството на Републиката во претходните 3 месеци.
На работникот му припаѓа надомест за теренсќи додаток најмногу во износ од 60% од висината на дневницата што се исплатува во тој период, што е во зависност од обезбедените услови за престој на работникот на терен сместување, исхрана и сл.).
Надоместокот за одвоен живот и теренски додаток меѓу себе се исклучуваат, доколку местото за кое се прима одвоен живот и теренскиот додаток се совпаѓаат.
Член 35
Работникот има право на надоместок за трошоците за превоз до и од работа над 2 километри во еден правец, само во случај кога установата, односно работодавачот нема организирано таков превоз.
На работникот му се надоместуваат трошоците во висина на трошоците на превоз со јавните сообраќајни средства.
За време на отсаство од работа на работникот не му припаѓа надоместок на трошоци за превоз.
Согласно член 10 од Колективниот договор за изменување и дополнување на Колективниот договор дел за плата, други права по основ на плата и надоместоци на плата на ниво на работодавач ЈЗУ Универзитетски стоматолошки клинички центар „Св. Пантелејмон“ – Скопје од 18.03.2009 година, овој член 35 се брише.
Член 36
Работникот има право на надоместок на трошоци за користен автомобил во службени цели во висина од 30% од цената на литар гориво за соодветно возило, по поминат километар со патен налог.
Член 37
На работникот кој работи со скратено работно време му припаѓаат личните примања, како и на работникот со полно работно време.
Член 38
На работникот му припаѓа испратнина во случај кога работодавачот ќе му го откаже договорот за вработување од деловни причини, согласно на одредбите од член 97 од ЗРО.
Член 39
На работникот му се исплатува парична помош:
- во случај на смрт на работник или член на семејно домаќинство, во висина од една просечна плата исплатена во здравствената установа, за потешки последици од елементарни непогоди, освен во случај на масовни елементарни непогоди, во висина од две просечни плати исплатени во здравствената установа, како и за непрекинато боледување подолго од шест (6) месеци еднократна помош во висина на една просечна плата исплатена во здравствената установа.
Член 40
Во случај на селидба за службени потреби, на работникот му следува надоместок во висина на трошоците за селењето.
Член 41
На работникот му се доделува јубилејна награда за непрекината работа во состав на ЈЗУ - УСКЦС и др. и тоа:
- за 10 години работа 60% од просечната плата по работник во стопанството на Републиката исплатена во претходните 3 месеци
- за 20 години работа 80% од просечната плата по работник во стопанството иа Републиката исплатена во претходните 3 месеци
- за 30 години работа 100% од просечната плата по работник во стопанството на Републиката исплатена во претходните 3 месеци.
Ова право се остварува во колку има сретства за оваа намена и со Одлука на Управен Одбор.
6. ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Член 42
Овој Колективен договор на ниво на ЈЗУ- УСКЦС е склучен на неопределено време, неговото важење може да престане со спогодба на учесниците кои го потпишале.
Член 43
За решавање на спорни прашања меѓу учесниците во овој Колективен договор што не можат да се решат со меѓусебно спогодување се формира Комисија за усогласување.
За спорни прашања во смисла на претходниот став се смета правен или друг вид спор (ако се повредени интересите на учесниците) кој произлегува од Колективниот договор, како и спорно прашање кое ќе настане како последица од неприфаќањето на предлогот за измени и дополнувања на Колективниот договор.
Член 44
Комисијата за усогласување е составена од пет (5) члена.
Секој од учесниците именува по два члена во Комисијата за усогласување и еден член од Фондот за здравствено осигурување на Македонија.
Членовите на Комисијата спогодбено именуваат претседател на Комисијата од редот на членовите делегирани во Комисијата.
Член 45
Постапката на усогласување започнува на барање на еден од учесниците. Барањето за спорното/те прашање/ња се изготвува во писмена форма.
Секое усогласување што учесниците ќе го постигнат, мора да биде во писмена форма.
Донесените решенија во постапката за усогласување се задолжителни за учесниците во колективното договарање.
Член 46
Учесниците можат во секое време да предложат измени и дополнувања на Колективниот договор.
Предлогот образложен во писмена форма се доставува до другиот учесник, кој е должен да се изјасни по предлогот во рок од 30 дена.
Во случај еден од учесниците да не го прифати предпогот за измени или не се изјасни по предлогот во рокот од претходниот став, a no претходно неуспешно усогласување, учесникот - предлагач може да започне постапка пред арбитража.
Член 47
Ако постапката за усогласување е неуспешна за спорното прашање или ако настане спор во спроведување на одредбите од Колективниот договор, спорот ќе се разреши пред арбитражата. Бројот на арбитрите е непарен, а комисијата е составена од пет (5) члена.
Секој од учесниците именува по два арбитри од кои најмалку еден дипломиран правник, а петиот се именува заеднички по договор.
Претседателот на арбитражата го именуваат арбитрите спогодбено. Арбитражата одлучува со мнозинство гласови од вкупниот број членови.
Члеи 48
За толкувањето на одредбите на овој Колективен договор надлежен е Самостојниот Синдикат на клинички центри и други здравствени организации во Република Македонија, односно Управниот одбор на УСКЦС и Синдикалната организација - Стоматолошки клинички центар - Скопје, во соработка со Комисијата за верифицирање, следење и толкување на Колективниот договор за плати, односно соодветниот орган избран за оваа цел, во состав од пет члена, избрани од потписниците на овој Колективен договор, исто како во став 2 од членот 47 од овој Колективен договор.
Член 49
Измените и доплонувањата на овој Колективен договор ќе се вршат на начин и постапка предвидена за негово донесување, а и no итна постапка заради усогласување со важечките законски прописи и измени кои истите ќе ги претрпат.
Член 50
Најниската цена на трудот - најниската плата според чл.9 ст.2 од овој Колективен договор ќе биде пресметувана според одредбите од потпишаната Спогодба за утврдување на најниската плата за најнизок степен на сложеност и за начинот на пресметување и исплата на платите во здравствената дејност.