Contract
До
СОБРАНИЕТО НА АКЦИОНЕРИ НА
УГОТУР АД Скопје
ПРЕДМЕТ: Известување за голема зделка
Во согласност со чл.456 став 5 од Законот за трговските друштва, Одборот на директори на УГОТУР АД Скопје на Собранието на акционери му поднесува Известување за големата зделка со предлог Одлука за големата зделка што Собранието треба да ги разгледа. Одборот на директори му препорачува на Собранието да ја усвои предложената Xxxxxx за голема зделка со напомена дека акционерите имаат право и да не се согласат со големата зделка.
Со ова Известување Одборот на директори на Собранието на акционери на друштвото УГОТУР АД Скопје му ги доставува податоците за страните на зделката, корисникот на зделката, вредноста, предметот, обемот и другите материјални услови на истата.
На основа на утврдената деловна политика на УГОТУР АД Скопје и состојбите во кои се наоѓа Друштвото искажани во Извештаите за работењето и во финансиските извештаи на Друштвото со мислење од овластениот ревизор, Одборот на директори заклучи дека за понатамошното успешно работење на Друштвото ќе биде неопходно проширување на деловниот потфат со преземање на активности за поинаков настап на пазарот користејќи ги сопствените капацитети, досегашните искуства и соработката со деловните партнери при вршењето на основната дејност. Во интерес на Друштвото односно на акционерите е да се даде согласност за реализација на голема зделка која претставува одобрување на набавка на стоки и услуги од страна на УГОТУР АД Скопје како купувач на тие стоки и услуги од повеќе добавувачи, како и продажба на истите на друштвото ЕВРОПА АД Скопје, како корисник. Вкупната вредност на зделката/меѓусебно поврзаните зделки се определува на проектиран износ од најмногу 350.000 илјади денари. Зделката се состои во следното:
УГОТУР АД Скопје ќе врши набавка на стоки и услуги врз основа на барање за набавка на истите од страна на Европа АД Скопје како корисник.
УГОТУР АД Скопје ќе врши набавка на стоки и услуги од повеќе добавувачи кои имаат најповолни понуди.
По прифаќање на понудите се склучуваат поединечни договори меѓу добавувачите, УГОТУР АД Скопје и Европа АД Скопје.
Одборот на директори заклучи дека наведените меѓусебно поврзани зделки треба да се одобрат и донесе Предлог Одлука за голема зделка која ја доставува на Собранието на акционери заради усвојување, и со препорака истата да ја прифати.
Вид на зделка: набавка и понатамошна продажба на стоки и услуги за ЕВРОПА АД Скопје како краен корисник и купувач на стоките и услугите.
Страни на зделката- повеќе добавувачи, Уготур АД Скопје како набавувач и продавач на стоки и услуги и Европа АД Скопје како купувач и корисник на истите.
Вредност на зделката (меѓусебно поврзаните зделки) - изнесува 350.000 илјади денари.
Предмет на зделката - претставува набавки на разни стоки и услуги (репроматеријали, амбалажа и друго) од повеќе добавувачи, заради понатамошна продажба на Европа АД Скопје како краен корисник.
Врз основа на сето наведено, предлагаме Собранието на акционери да ја разгледа и усвои предложената Одлука за голема зделка .
Одбор на директори:
Xxxxxxxxxx Xxxxxxxxx – Претседател Xxxxxx Xxxxxxxxx – Извршен директор Xxxxxx Xxxxxxxxx – Независен член