Contract
Врз основа на член 19, став 1, алинеја 7 од Законот за енергетика („Службен весник на РМ“ бр. 63/2006, 36/2007), Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија на седницата одржана на 23 јуни 2008 година, донесе
ОДЛУКА
ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ЛИЦЕНЦА
ЗА ВРШЕЊЕ НА ЕНЕРГЕТСКА ДЕЈНОСТ ТРГОВИЈА СО ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА
1. На Друштвотo за трговија со електрична енергија РУДНАП ДООЕЛ Скопје му сe издава лиценца за вршење на енергетската дејност трговија со електрична енергија.
2. Правата и обврските на носителот на лиценцата во вршењето на енергетската дејност трговија со електрична енергија се утврдени во Прилог 1, „Лиценца за вршење на енергетска дејност трговија со електрична енергија“ кој што е составен дел на оваа одлука.
3. Оваа одлука влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“
Претседател
бр. 02- 1105/1 Xxxxx Xxxxxxxxx
23 јуни 2008 година Скопје
Прилог 1
ЛИЦЕНЦА
ЗА ВРШЕЊЕ НА ЕНЕРГЕТСКА ДЕЈНОСТ ТРГОВИЈА СО ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА
1. Име и седиштето на носителот на лиценцата
Друштво за трговија со електрична енергија РУДНАП ДООЕЛ Скопје ул. Градски Ѕид блок 9, локал 2А, 1000 Скопје, Република Македонија
2. Енергетската дејност за која се издава лиценцата
Трговија со електрична енергија
3. Датум на издавање на лиценцата:
23 јуни 2008 година
4. Период на важење на лиценцата:
10 години
5. Датум до кога важи лиценцата:
23 јуни 2018 година
6. Евидентен број на издадената лиценца:
ЕЕ- 28.10.1/08
7. Број на деловниот субјект - 6357938
8. Единствен даночен број - 4030008029548
9. Вид и обем на енергетската дејност што ќе се врши
Со оваа лиценца се определуваат условите за вршење на енергетската дејност трговија со електрична енергија.
Како трговија со електрична енергија, во смисла на оваа лиценца се смета купување на електрична енергија произведена во Република Македонија или во странство, заради натамошна продажба на носителот на лиценца за снабдување со електрична енергија на тарифни потрошувачи на големо, квалификуваните потрошувачи, други трговци или извоз.
10. Опис на условите и начинот на вршење на дејноста:
Енергетската дејност трговија со електрична енергија, носителот на лиценцата ќе ја врши преку склучување на соодветни договори за купување и продажба на електрична енергија и договори за закупување на преносен или дистрибутивен капацитет.
11. Подрачје на кое ќе се врши дејноста
Енергетската дејност трговија со електрична енергија, носителот на лиценцата може да ја врши на целата територија на Република Македонија и странство.
12. Општи обврски за носителот на лиценцата
Носителот на лиценцата е должен да:
- обезбеди непречена и континуирана испорака на електрична енергија на носителот на лиценца за снабдување на тарифни потрошувачи на големо и квалификуваните потрошувачи во согласност со склучените договори;
- обезбеди доволен преносен или дистрибутивен капацитет и регулирани услуги во согласност со применливата тарифа, пазарните правила, мрежните правила за пренос и мрежните правила за дистрибуција, за количините на електрична енергија кои се обврзал да ги испорача;
- обезбеди исполнување на условите за квалитет на електрична енергија која што ја испорачува, согласно со пропишаните норми за квалитетот и склучените договори;
- ги почитува законите, другите прописи и општи акти, а особено оние кои се однесуваат на вршење на дејноста трговија со електрична енергија, заштита на конкуренцијата, заштита на потрошувачите, заштита на животната средина, животот и здравјето на луѓето и заштита при работа;
- ги почитува мрежните и пазарните правила и техничките нормативи и стандарди за работа на системот за пренос и системот за дистрибуција на електрична енергија;
- ги почитува правилниците и другите прописи кои ги пропишува или одобрува Регулаторната комисија за енергетика во согласност со закон, а особено Правилникот за условите, начинот и постапката за издавање, менување и одземање нa лиценци за вршење на енергетски дејности.
13. Обврска за одвоена сметководствена евиденција
Носителот на лиценцата е должен :
- во своите интерни пресметки да води одвоена евиденција за секоја од енергетските дејности за кои што поседува лиценца;
- во согласност со сметководствените стандарди со кои се уредува сметководственото работење на претпријатието: да изготвува финансиски извештаи кои ќе обезбедат информации за средствата, обврските, капиталот, приходите и расходите со резултатите од работењето, како и паричните текови на претпријатието, како и
- да обезбедува консолидирани финансиски извештаи.
14. Обврска за доставување на Годишен извештај за финансиското и деловното работење
Носителот на лиценцата е должен до Регулаторната комисија за енергетика најдоцна до 10 март во тековната година да доставува Годишен извештај за работењето во претходната година (извештајна година), кој особено треба да содржи податоци за количините и субјектите од кои е набавена и количините и субјектите на кои е продадена електричната енергија во текот на извештајната година, за секој месец поодделно.
15. Обврска за доставување на други извештаи, информации и податоци во врска со вршењето на дејноста до Регулаторната комисија за енергетика
Носителот на лиценцата е должен до Регулаторната комисија за енергетика да до- ставува:
- информации за набавените и испорачаните количини на електрична енергија согласно купопродажните договори склучени со носителот на лиценцата за снабдување со електрична енергија на тарифни потрошувачи на големо и квалификуваните потрошувачи, согласно Табела 1, која е составен дел на оваа лиценца.
- известувања за сите околности, настани и промени кои што имаат или би можеле да имаат влијание врз вршењето на дејноста.
- други податоци во врска со вршењето на дејноста.
16. Обврска за овозможување на пристап до објектите и непосреден увид во документацијата
Носителот на лиценцата е должен по барање на Регулаторната комисија за енергетика да овозможи непосреден увид во целокупната документација која што се однесува на вршењето на енергетската дејност за која што е издадена лиценцата, во согласност со Правилникот за условите, начинот и постапката за издавање, менување и одземање нa лиценци за вршење на енергетски дејности.
17. Изменување и дополнување на лиценцата
Изменувањето и дополнувањето на оваа лиценца ќе се врши исклучиво во согласност со одредбите од Правилникот за условите, начинот и постапката за издавање, менување и одземање нa лиценци за вршење на енергетски дејности.
18. Мерки во случај на неисполнување на обврските на носителот на лиценцата Доколку носителот на лиценцата не ги исполнува обврските содржани во оваа лиценца, Регулаторната комисија за енергетика ќе преземе мерки согласно Правилникот за условите, начинот и постапката за издавање, менување и одземање нa лиценци за вршење на енергетски дејности.
ПРИЛОГ: ТАБЕЛА 1 - ИЗВЕШТАЈ ЗА ИСПОРАЧАНИ КОЛИЧИНИ НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА
Корисник | Испорачани количини во текот на месецот | Испорачани количини од почетокот на годината | |||
Снабдувач со електрична енергија на тарифни потрошувачи на големо | Планирано согласно договор бр. | Реализирано | Реализирано | Планирано согласно договор бр. | Реализирано |
Количина (kWh) | Цена (ден/kWh) | Количина (kWh) | |||
Квалификуван потрошувач | |||||
Извоз и други трговци | |||||