Contract
За потребите на проектот „Човекови права за сите” финансиран од Европската Унија, во рамки на ИПА програмата за граѓанско општество и медиуми 2018-2019 – Оперативна поддршка за граѓански организации во Република Северна Македонија , Договорот за грант меѓу ЕУ и ИЧП, бр. бр. 0307-81/1 од 19.12.2019 година (во понатамошниот текст: Договор за грант), проектниот тим испраќа:
ПОКАНА ЗА ДОСТАВУВАЊЕ ПОНУДИ
За набавка на услуги за анимација, дизајн и визуализација
Институтот за човекови права (ИЧП) во рамките на проектот „Човекови права за сите” финансиран од ЕУ има потреба од набавка на услуги за изработка на 1 (едно) анимирано видео кои ќе служи како ефикасна алатка за полесно информирање на јавноста и препознавање на пристапот заснован на човекови права, дизајн на документи (методологии и документ за јавни политики) и изработка на инфогрфици за полесно разбирање на тематиката.
1. Опис на услугите
Изработка на анимирано видео за Пристап заснован на човекови права:
• Продукција на видео материјал од околу 3 минути;
• Постпродукција на видео материјали;
• Аудиo;
• Анимација-инфографици за полесно разбирање на тематиката;
• Дополнителни потребни услуги за поголема успешност на видео производите.
Дизајн и визуиализации на документи:
• Вкупно 3 методологии (од 25-35 страни) на 2 јазици .
• Документ за јавни политики (40-60 страни) на македонски, албански и англиски јазик.
Изработка на инфографици:
Четири инфографици/визуализации за полесно разбирање на тематиката врз основа на даден текст во ворд во максиумум две страници. Добавувачот од текстот ќе треба да издвои и создаде инфографик/визуализации.
2. Фази на спроведување (прелиминарна временска рамка)
Временската рамка за испорачување на услугите е во период од потпишување на договор до декември 2020.
Изработка на видео – 30 дена по доставени матерјали од страна на ИЧП Дизајн на документ – 10 дена по доставен матерјал од страна на ИЧП
Изработка на инфографик – 5 дена по доставени матерјали од страна на ИЧП
ИЧП го задржува правото на утврдување на временската рамка за испораката на нарачаната услуга од страна на добавувачот.
3. Ве охрабруваме да ни доставите Ваша понуда за горенаведената покана. Понудата треба да ги содржи следните елементи:
• Листа со референци на претходни слични ангажмани (претходни дизајни, линкови до интернет страници од претходни дизајни и изработени видеа) и
• Финансиска понуда (согласно приложениот формат подолу). Финансискиот дел од понудата треба да биде во следниот формат:
Р. бр. | Услуга/стока | количина | Цена без ДДВ (во МКД) |
1. | Изработка на анимирано видео | 1 | |
2. | Дизајн на методологии | 6 | |
3. | Дизајн на документ за јавни политики | 3 | |
4. | Изработка на инфографици | 4 | |
ВКУПНО |
1 Проектите финансирани од ЕУ се ослободени од сите давачки и даноци, вклучувајќи го и данокот на додадена вредност (ДДВ).
4. Изборот на добавувач ќе се изврши по пат на евалуација на квалитативната и на финансиската понуда.
Проект „Човекови права за сите“ Project “Human Rights for All”
Рок на важност на понудата: најмалку 30 дена. Во случај кога понудувачот е одбран, истиот се обврзува да ги задржи понудените цени за времетраењето на кое се однесува предметната набавкa.
Институт за човекови права
Xxxxxxxxx Xxxx Xxxxxxxxxx Претседателка на Институт за човекови права