Contract
20192794531
КОЛЕКТИВНИ ДОГОВОРИ
Врз основа на член 203 од Законот за работните односи („Службен весник на Република Македонија“ бр. 62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15, 27/16 и
120/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.110/19) и согласно член 5 од Општиот колективен договор за јавниот сектор на Република Македонија (,,Службен весник на Република Македонија“ бр.10/08 и 85/09), Министерството за внатрешни работи и Македонскиот полициски синдикат, склучија
КОЛЕКТИВЕН ДОГОВОР ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА КОЛЕКТИВНИОТ ДОГОВОР НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ
Член 1
Во Колективниот договор на Министерството за внатрешни работи (,,Службен весник на Република Македонија“ бр. 69/15, 227/15, 177/16 и 197/16 и „Службен весик на Република Северна Македонија“ бр.269/19), во член 169 по ставот (4) се додаваа два нови става (5) и (6), кои гласат:
„(5) Заради задржување на квалитетни стручни кадри во областа на информатиката и телекомуникациите, а кои се дефицитарни во Република Северна Македонија, се утврдува додаток на плата за сите нивоа на следните видови на работни места во Одделот за информатика и телекомуникации согласно закон:
- помошник на министер | 30%; |
- началник на организациска единица | 30%; |
- систем специјалист | 30%; |
- системски специјалист | 30%; |
- системски аналитичар | 30%; |
- програмер | 30%; |
- системски администратор | 30%; |
- координатор на група | 25%; |
- техничар | 20%; |
- оператор | 20%; |
- системски оператор | 20%; |
- контролор на квалитет | 20%; |
- обработувач-контролор на податоци | 20%. |
(6) Додатокот на плата за техничар од ставот (5) алинеја 9 на овој член, не се однесува на работниците од ставот (1) точка 11 на овој член.“
Член 2
Овој Колективен договор се регистрира во министерството надлежно за работите во областа на трудот, а се објавува во ,,Службен весник на Република Северна Македонија“.
Член 3
Овој Колективен договор влегува во сила со денот на склучувањето, а ќе се применува од денот на неговото објавување во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Македонски Министерство
Полициски синдикат за внатрешни работи Претседател, Министер,
д-р Xxxxxx Xxxxx,с.р Oливер Xxxxxxxxx,с.р
Бр. 03-1907/1 Бр. 13.1.1-108618/1
27 декември 2019 година 27 декември 2019 година Скопје Скопје