Тел.+389 (02) 32 31 631 Факс. +389 (02) 32 31 632 е-пошта: winner@winner.mk
АКЦИОНЕРСКО ДРУШТВО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ ВИНЕР -
XXXXX XXXXXXXX ГРУП СКОПЈЕ
УСЛОВИ
ЗА ОСИГУРУВАЊЕ ОД ОДГОВОРНОСТ НА
СТЕЧАЈНИ УПРАВНИЦИ
(пречистен текст)
Усвоени и донесени со одлука на Управниот одбор на ВИНЕР Виена Иншуренс Груп АД Скопје
број 5276/0202/1/19 од 15.04.2019 год
Акционерско друштво за осигурување ВИНЕР - Виена Иншуренс Груп Скопје Бул. Xxxxx Xxxxxxxxxx бр.62, 1000 Скопје, Р. Македонија
Тел.x000 (00) 00 00 000 Факс. x000 (00) 00 00 000 е-пошта: xxxxxx@xxxxxx.xx
УСЛОВИ
ЗА ОСИГУРУВАЊЕ ОД ОДГОВОРНОСТ НА СТЕЧАЈНИ УПРАВНИЦИ
ВОВЕДНИ ОДРЕДБИ
ЗНАЧЕЊЕ НА ОДДЕЛНИ ИЗРАЗИ ВО ОВИЕ УСЛОВИ
Осигурувач - е правно лице кое според Законот за осигурување е регистрирано за обавување на дејности од осигурување во Република Македонија.
Договорувач - е лице кое со осигурувачот склучува договор за осигурување.
Осигуреник - е лице, односно стечаен управник кој стручно и професионално е ангажиран за водење на стечајната постапка и на кого законската одговорност е покриена во една стечајна постапка.
Трето лице - е доверител односно корисник на осигурување кога ќе претрпи имотна штета од дејноста на стечаен управник.
Извор на опасност - е ризик од кој може да произлезат последици од ненамерно прекршување на законските должности на стечајниот управник.
Полиса - е исправа за склученото осигурување.
Премија - е износ што осигуреникот го плаќа по договорот за осигурување.
Годишен агрегат - е највисок износ на обврската на осигурувачот кој тој го плаќа за сите штети кои осигуреникот ќе ги предизвика за времетрањето на осигурувањето.
ПОСЕБНИ ОДРЕДБИ
ПРЕДМЕТ НА ОСИГУРУВАЊЕ
Член 1
Предмет на осигурување согласно на овие Услови е законската одговорност на стечајниот управник за причинети имотни штети на доверителите по отварањето на стечајната постапка над должникот, а согласно со Законот за стечај.
Со ова осигурување, законската одговорност на стечајниот управник е покриена за штета која настанала и која е пријавена за време траење на осигурувањето, а како последица од непредвидлив, неочекуван и непознат штетен настан во вид на пропуст или грешка при вршење на стручна и професионална дејност.
Со надомест на штета поради пропуст или грешка на стечајниот управник се опфаќаат сите доверители пријавени во законскиот рок во стечајната постапка, а согласно на Законот за стечај на кои им е оштетен имотниот интерес.
Намерно преземените дејствија од стечајниот управник, измама и грубо невнимание, со кои се предизвикуваат имотни шети на доверителите, не се покриени со осигурување.
СУМА НА ОСИГУРУВАЊЕ
Член 2
Сума на осигурување претставува горната граница на обврската на осигурувачот, намалена за износот на франшизата.
До колку настанат повеќе штети, односно серија на штети кои произлегуваат од ист штетен настан и кои временски се поврзани, а ја надминуваат сумата на осигурување, обврската на осигурувачот е до сумата на осигурување, а штетите се надоместуваат пропорционално на секој доверител спрема учеството во стечајната маса.
Сумата на осигурување спогодбено се одредува со осигуреникот согласно со Xxxxxxxx на премии и се внесува во полисата.
Осигуреникот може да договори и поголема сума на осигурување од минималната, со доплата на премија.
УСЛОВИ
ЗА ОСИГУРУВАЊЕ ОД ОДГОВОРНОСТ НА СТЕЧАЈНИ УПРАВНИЦИ
Осигурувањето е лимитирано во однос највисок кумулативен износ кој тој го плаќа за сите штети кои осигуреникот ќе ги предизвика за времетрањето на осигурувањето , како вкупна обврска на осигурувачот во текот на осигурителната година (годишен агрегат). Со исцрпување на сумата на осигурување престанува и обврската на осигурувачот за исплата на штети.
ИЗВОР НА ОПАСНОСТ
Член 3
Стечајниот управник е должен во рамките на законските одредби (чл.26 од Законот за стечај) да ги обавува совесно и чесно следните должности, а од кои можат да настанат штетни последици поради направените пропусти и грешки:
1. Да ја ажурира сметководствената евиденција до денот на отварањето на стечајната постапка и да ги чува трговските книги, сметки и други деловни документи во врска со имотот што влегува во стечајната постапка.
2. Да го обезбеди имотот што влегува во стечајната постапка и да изврши попис на сите предмети и права со назначување на нивната вредност пооделно.
3. Да направи список на сите доверители и да изврши нивно рангирање по исплатни редови.
4. Да направи почетен биланс на стечајот со издвојување на активата и пасивата на стечаен должник.
5. Да изврши правилна проценка за економско-финансиската состојба на должникот при поднесување на извештајот за затварање и ликвидирање на претпријатие или за продолжување со работа во целина или на еден дел.
6. Да ги претвори во пари предметите и имотните права по поповолни цени.
7. Да ги оспори или утврди побарувањата на стечајните доверители.
8. Да состави стечаен план со подготвителен (декларативен дел) со преземени мерки за задоволување на правата на учесниците и ефектите кои треба да ги произведе и спроведбен (содржински дел), со кој на прецизен и недвосмислен начин се определува правен статус на должникот и на учесниците и точно утврдени промени во нивниот правен статус.
9. Да состави социјален план за економска, технолошка и структурална промена во согласност со Законот за работни односи и Колективниот договор.
10. Да се придржува на пропишаните законски рокови при преземање на определени дејствија и да обавува други должности пропишани со Законот.
ОСИГУРЕН СЛУЧАЈ
Член 4
Осигурен случај според овие Услови настанува со прекршување на било која од законските должности поради небрежност во вид на пропуст или грешка од страна на стечајниот управник, а со кои се нанесува имотна штета на доверителите во стечајната постапка, за времетраење на договорот за осигурување.
Се смета дека осигурениот случај настанал во оној момент кога се остварил штетен настан врз основа на кој би можело дса се истакне оштетно побарување од трето лице за чисто имотна штета.
УСЛОВИ
ЗА ОСИГУРУВАЊЕ ОД ОДГОВОРНОСТ НА СТЕЧАЈНИ УПРАВНИЦИ
ШТЕТИ ИСКЛУЧЕНИ ОД ОСИГУРУВАЊЕТО | |
Член 5 | |
Со осигурувањето се исклучуваат штетите кои се предизвикани: | |
1. | Со намера, измама и грубо невнимание на стечајниот управник; |
2. По налог или упатство на стечајниот совет или стечајниот судија, Одбор на доверители и Собрание на доверители.
3. Од лица вработени кај должникот, а кои се задржани за работи што и до тогаш ги вршеле.
4. Со одлуки и дејствија преземени од привремениот стечаен управник и повереник.
5. Побарувањето кое не е пријавено во стечајната маса, а согласно Законот.
6. Со телесна повреда, смрт на некое лице и оштетување на предмети.
7. Од виша сила, пожар и некои други опасности, нуклеарна радијација и контаминација.
8. Од војна, политички немири, бунтови, терористички акции, манифестации, демонстрации и друго.
9. Од политички и стопански мерки на влади во државите кои негативно се рефлектираат на сите субјекти.
10. Во имотот на стечајната постапка со противправни дејствија на други лица кои не се предмет на осигурување согласно на одредбите од овие Услови.
11. Од загадување на земјиштето, водата и воздухот кое негативно ќе влијае врз имотот во стечајната постапка.
12. Од деловен ризик во процесот на работењето при одржување на должниковиот деловен потфат.
13. Поради лош квалитет на стока, транспорт на стока, на позајмени средства и дадени под закуп.
14. Дејствија преземени од страна на стечајниот управник со блиски лица и деловни пријатели со кои се намалува имотот на стечајниот должник.
15. Чисто финансиска штета - штета која се состои непосредно во пари, а не е во никаква врска со штета на предмети, ниту со штета на лица, освен ако поинаку не е договорено и тоа е назначено во полисата
ОПШТИ ОДРЕДБИ
СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ОСИГУРУВАЊЕ
Член 6
Договорот за осигурување е полноважен само ако е склучен во писмена форма.
Сите известувања и изјави што се даваат помеѓу договорните страни, а кои се однесуваат на одредбите од склучениот договор за осигурување, мора да бидат во писмена форма.
ПОЧЕТОК И ПРЕСТАНОК НА ОСИГУРУВАЊЕТО
Член 7
Обврската на осигурувачот започнува по истек на 24-от час од денот кој во договорот за осигурување е означен како почеток на осигурувањето.
Обврската на осигурувачот престанува со истекот на 24-от час од денот кој во договорот за осигурување е наведен како ден на истек на осигурувањето.
Осигурувањето може да престане поради: престанок на должноста на стечајниот управник со одлука на Стечајниот совет, затворање на стечајната постапка и постоење на законски пречки за обавување на функцијата.
ПЛАЌАЊЕ НА ПРЕМИЈА
Член 8
Договорувачот на осигурувањето, премијата за осигурување ја плаќа веднаш при склучување на договорот за осигурување, ако поинаку не е договорено.
УСЛОВИ
ЗА ОСИГУРУВАЊЕ ОД ОДГОВОРНОСТ НА СТЕЧАЈНИ УПРАВНИЦИ
ОБВРСКА НА ОСИГУРЕНИКОТ КОГА ЌЕ НАСТАНЕ ОСИГУРЕНИОТ СЛУЧАЈ
Член 9
Осигуреникот е должен да го извести осигурувачот најдоцна во рок од 3 дена од денот на пријавувањето на оштетното побарување од доверителот.
Осигуреникот е должен на осигурувачот да му овозможи увид во документацијата со аргументирани факти кои се потребни за утврдување на причината и висината на штетата.
Осигуреникот е должен да го извести осигурувачот и да достави наод од надлежен орган, кога барањето за надомест на штета против него е истакнато преку суд.
Осигуреникот не е овластен без претходна согласност од осигурувачот да се изјаснува по барањето, а особено да го признае потполно или делумно, да се спогодува или да изврши исплата.
Ако оштетениот поднесе тужба за надомест на штета против осигуреникот, тој е должен да го извести осигурувачот писмено во врска со штетниот настан, како и да се договорат околу водењето на спорот.
Во случај кога оштетениот со барањето за надомест на штета непосредно ќе му се обрати на осигурувачот, осигуреникот е должен да даде писмена изјава за причината за настанување на шетата и е должен да ги презентира сите документи и факти со кои располага, а кои се неопходни за утврдување на одговорноста за причинетата штета и оцена на основаноста на барањето, обемот и висината на штетата.
До колку осигуреникот не се придржува на обврските од овој член, самиот ќе ги сноси штетните последици кои ќе настанат поради тоа, освен ако тие би настанале и да се придржувал кон обврските.
ОБВРСКИ НА ОСИГУРУВАЧОТ ПО ПОДНЕСЕНО БАРАЊЕ ОД ОШТЕТЕНО ЛИЦЕ
Член 10
Во врска со поднесеното барање за надомест на штета од страна на оштетеното лице, осигурувачот има обврска:
- заедно со осигуреникот да преземе одбрана од неосновани и претерани барања за надомест на штета (правна заштита);
- да ја надомести настанатата штета (надомест на штета);
- да ги надомести трошоците по судската постапка (надомест на судските трошоци).
ПРАВНА ЗАШТИТА
Член 11
Осигурувачот во согласност со овие услови за осигурување му обезбедува на осигуреникот правна заштита и тоа во поглед на:
- испитување и утврдување на одговорноста за штетен настан;
- изнесува советодавни-консултативни ставови и насоки за постапување;
Доколку оштетниот води спор директно со осигуреникот, осигурувачот се обврзува дека за потребите на истиот може да се вклучи како замешувач, да дава изјави кои што смета дека ќе бидат од корист за задоволување или за одбрана од неосновано или претерано барање за надомест на штета, како и во насока на утврдување на постоење на осигуран случај и процена на висината на истата.
УСЛОВИ
ЗА ОСИГУРУВАЊЕ ОД ОДГОВОРНОСТ НА СТЕЧАЈНИ УПРАВНИЦИ
Како би добил правна заштита благовремено, осигуреникот е должен веднаш да го извести и запознае осигурувачот за сите предјавени или најавени оштетни побарувања упатени директно кон него или за секој поведен судски спор поврзан со предметно осигурување и е должен да се придржува строго до упатствата и насоките добиени од осигурувачот, во спротивно секое поинакво негово дејствување, со исклучок на правосилно утврдена правна работа нема да биде основ за обештетување.
Во случај осигурувачот на име надомест на штета да ја исплатил сумата на осигурување пред покренување на спорот, престанува и неговата обврска на правна заштита.
Осигурувачот може да даде согласност водењето на спорот да му се довери на осигуреникот кој е должен да се придржува на упатствата кога се работи за неосновани барања.
Осигурувачот може да одбие да води постапка за надомест на штета во име на осигуреникот, ако оцени дека нема место за давање правна заштита, односно доколку оцени дека штетниот настан не е осигуран случај.
НАДОМЕСТ НА ШТЕТА
Член 12
Осигурувачот го исплатува надоместот на штета во рок од 14 дена сметано од денот кога ја утврдил својата обврска и висината на таа обврска.
До колку при разгледување на барањето се утврди дека осигуреникот не ги доставил сите докази и факти битни за утврдување на основот и висината на штетата, осигурувачот нема да изврши исплата на штета.
НАДОМЕСТ НА ТРОШОЦИТЕ ПО ПОСТАПКАТА
Член 13
Ако спорот е воден со знаење и согласност на осигурувачот со осигурувањето се покриени и трошоците на спорот, доколку заедно со надоместот на штетата не ја надминуваат сумата на осигурување.
Трошоците за кривичната постапка, како и трошоците за застапување на осигуреникот, осигурувачот не е во обврска да ги надомести.
Кога ќе ја изврши својата обврска со исплата на сумата на осигурување, осигурувачот се ослободува од сите понатамошни давачки во име на надомест на штета и трошоци.
НЕПОСРЕДНО БАРАЊЕ ОД ОШТЕТЕНО ЛИЦЕ
Член 14
Ако оштетеното лице, своето барање и тужба за надомест на штета ги упати само спрема осигурувачот, осигурувачот е должен да го извести осигуреникот и да го повика да ги презентира сите потребни докази, а осигуреникот е должен да преземе мерки заради заштита на своите интереси.
До колку во случајот од претходниот став осигурувачот одлучи да исплати надомест на оштетениот во потполност или делумно, должен е за тоа да го извести осигуреникот.
УТВРДУВАЊЕ И ПРОЦЕНА НА ШТЕТА
Член 15
Штетата ја утврдуваат и проценуваат заедно осигуреникот и осигурувачот со оштетениот, односно нивни овластени претставници.
Штетата се утврдува и проценува врз основа на уредна документација достапна на увид на овластениот претставник на осигурувачот, а согласно на Законот за облигациони односи и Законот за стечај.
УСЛОВИ
ЗА ОСИГУРУВАЊЕ ОД ОДГОВОРНОСТ НА СТЕЧАЈНИ УПРАВНИЦИ
ВЕШТАЧЕЊЕ НА ШТЕТА
Член 16
До колку при утврдување и проценување на штетата не се согласат договорните страни и оштетениот, може да побараат штетата да се утврди и процени по пат на вештачење.
Секоја од договорните страни и оштетениот писмено го именува својот вештак. За вештаци може да се именуваат лица кои се во работен однос со осигуреникот и осигурувачот, како и лице овластено од оштетениот (комисиска процена), а кои не учествувале во претходната проценка.
Пред почетокот на вештачењето, именуваните вештаци бираат трет вештак како претседател, а кој е со високо образование и не е во работен однос кај договорните страни. Претседателот дава стручно мислење по спорните прашања на вештаците.
Предмет на вештачење можат да бидат само спорни факти. Кои спорни факти ќе бидат предмет на вештачењето, како и постапката за вештачење, конкретно ги определуваат договорните страни со писмен договор за вештачење.
Секоја договорна страна и ошттениот ги сноси трошоците за својот вештак, а за претседателот ги сносат сите страни рамномерно.
ВИСИНА НА НАДОМЕСТ НА ШТЕТА
Член 17
Висината на надоместот на штета не може да биде поголема од штетата што оштетениот ја претрпел со настанување на осигурениот случај.
Надоместот на штета и судските трошоци се исплатуваат најмногу до договорената сума на осигурување, со што престанува и обврската на осигурувачот.
ФРАНШИЗА ( УЧЕСТВО НА ОСИГУРЕНИКОТ ВО ШТЕТА)
Член 18
Осигуреникот може да договори со осигурувачот сам да учествува во секоја штета со одреден износ од утврдената висина за надомест на штата.
Ако е договорено да осигуреникот учествува во секој штетен настан, во случај на настанување на осигуран случај, осигурувачот има обврска да исплати оној дел од штетата која го поминува износот на договорената франшиза.
ПРАВО НА РЕГРЕС
Член 19
Осигурувачот задржува право на регрес од осигуреникот, во случај кога дополнително ќе се утврди дека штетата е предизвикана со намера, измама или грубо невнимание, а за која, на осигурувачот од страна на осигуреникот не му се презентирани точни и вистинити податоци, односно докази за надомест на штета.
ЗАСТАРУВАЊЕ НА ПОБАРУВАЊЕТО
Член 20
Барањето за надомест на штета причинета со повреда на должноста на стечајниот управник застарува по истек на рокот од 3 години од сознанието на оштеттениот за штета и околности на кои се засновува обврската на стечајниот управник.
Барањето за надомест на штета застарува најдоцна по истекот на рокот од 3 години од правосилноста на одлуката за заклучување на стечајната постапка.
7
УСЛОВИ
ЗА ОСИГУРУВАЊЕ ОД ОДГОВОРНОСТ НА СТЕЧАЈНИ УПРАВНИЦИ
Барањето за надомест на штета причинета со повреда на должноста сторена во врска со дополнителна делба или со контрола над исполнувањето на планот, застарува по истекот на рокот од три години од спроведувањето на дополнителната делба или од завршувањето на надзорот.
ТЕРИТОРИЈАЛНО ВАЖЕЊЕ НА ОСИГУРУВАЊЕТО
Член 21
Со осигурувањето се опфатени осигурени случаи што ќе настанат на територијата на Република Македонија.
ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Член 22
Постапка по приговори
Во случај осигурувачот и осигуреникот да не се согласат по однос на обемот и висината на штетата, осигуреникот има право на приговор во рок од 8 дена од приемот на писменото известување од осигурувачот, до Второстепената комисија за решавање на штети по приговор, која е должна во рок од 30 дена да одговори по приговорот.
Постапка по жалба
Договорувачот, односно осигуреникот во однос на работењето на Друштвото има право на жалба до Агенцијата за супервизија на осигурување како орган надлежен орган за супервизија на друштвата за осигуруавње.
Решавање на спорови
Евентуалните спорови кои би произлегле од договорот за осигурување, договорните страни ќе ги решаваат спогодбено, а доколку до спогодба не дојде надлежен е Основен суд Скопје 2 Скопје.