ЧЛЕН I - СТАНДАРДНИ УСЛОВИ; ДЕФИНИЦИИ 1
(Оперативен број 53692)
ДОГОВОР ЗА ГАРАНЦИЈА
(Проект за поддршка на ликвидноста на ЕСМ во услови на енергетска криза)
склучен помеѓу:
РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
и
ЕВРОПСКА БАНКА ЗА ОБНОВА И РАЗВОЈ
Овој нацрт Договор за гаранција е подготвен само за цели на прелиминарна дискусија. Можат да се додадат дополнителни обврски и постојниот текст подлежи на промени и конечно одобрување од страна на Европската банка за обнова и развој.
Склучен на [ ] 2023 година
СОДРЖИНА
ЧЛЕН I - СТАНДАРДНИ УСЛОВИ; ДЕФИНИЦИИ 1
Дел 1.01. Инкорпорирање на стандардните услови 1
ЧЛЕН II - ГАРАНЦИЈА; ДРУГИ ОБВРСКИ 2
Дел 2.02. Завршување на Проектот 2
ДОГОВОР ЗА ГАРАНЦИЈА
ДОГОВОР од [ ] 2023 година склучен помеѓу РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА (во понатамошниот текст „Гарантот“) и ЕВРОПСКАТА БАНКА ЗА ОБНОВА И РАЗВОЈ (во понатамошниот текст
„Банката“).
ПРЕАМБУЛА
СО ОГЛЕД НА ТОА ШТО, Гарантот и Акционерско Друштво За Производство На Електрична Енергија Електрани на Северна Македонија, Во Државна Сопственост, Скопје („Заемопримачот“) побараа помош од Банката за финансирање на дел од Проектот;
ПРИ ШТО, согласно со договорот за заем склучен на датумот на овој договор помеѓу Заемопримачот и Xxxxxxx („Договор за заем“ како што е дефиниран во Стандардните услови), Банката е согласна да му даде заем на Заемопримачот во износ од 100.000.000 евра, согласно со условите што се утврдени или наведени во Договорот за заем, но само под услов Гарантот да ги гарантира обврските на Заемопримачот што произлегуваат од Договорот за заем како што е утврдено во овој Договор; и
ПРИ ШТО, Xxxxxxxx, во врска со склучувањето на Договорот за заем помеѓу Xxxxxxx и Замопримачот, е согласен да гарантира за таквите обврски на Заемопримачот.
ОД ТУКА, Страните се договорија како што следува:
ЧЛЕН I - СТАНДАРДНИ УСЛОВИ; ДЕФИНИЦИИ
Дел 1.01. Инкорпорирање на стандардните услови
Сите одредби од Стандардните услови на Банката од 5 ноември 2021 година се инкорпорираат и се применуваат на овој Договор и остануваат полноважни и применливи како да се целосно утврдени во овој Договор.
Дел 1.02. Дефиниции
При нивната употреба во овој Договор (вклучувајќи ја и Преамбулата), освен ако не е поинаку утврдено или ако контекстот не налага поинаку, термините утврдени во Преамбулата го имаат значењето дефинирано за нив во истата, термините утврдени во Стандардните услови и во Договорот за заем го имаат значењето дефинирано за нив во истите, при што следните термини го имаат следното значење:
„Овластен претставник на
на Гарантот“ значи Министерот за финансии на Гарантот.
Дел 1.03. Толкување
Во овој Договор, повикување на конкретен Член или Дел, освен ако не е поинаку наведено во овој Договор, се толкува како повикување на конкретниот Член или Дел на овој Договор.
ЧЛЕН II - ГАРАНЦИЈА; ДРУГИ ОБВРСКИ
Дел 2.01. Гаранција
Гарантот безусловно го гарантира, во својство на примарен обврзник, а не само како давател на гаранција, соодветното и навремено плаќање на сите износи коишто треба да се платат според Договорот за заем, без оглед на тоа дали таквото плаќање ќе се изврши на датумот на доспевање на истите, со забрзување или на друг начин, и го гарантира навременото исполнување на сите други обврски на Заемопримачот, во секој поглед како што е утврдено во Договорот за заем.
Дел 2.02. Завршување на Проектот
Секогаш кога има разумна причина да се смета дека средствата што му се достапни на Заемопримачот нема да бидат доволни за покривање на проценетите расходи што се потребни за спроведување на Проектот, Гарантот веднаш презема мерки кои се прифатливи за Банката за да му ги обезбеди на Заемопримачот или да осигури дека на Заемопримачот ќе му бидат обезбедени потребните средства за покривање на таквите расходи и барања.
Дел 2.03. Други обврски
Xxxxxxxx ќе ги спроведе и ќе направи Заемопримачот да ги спроведе дејствијата коишто се пропишани во Прилог 4 од Договорот за заем, вклучувајќи:
(a) до 31 март 2023 година, одобрување од Владата на Северна Македонија на измените на македонскиот Закон за енергетика, вклучувајќи и транспонирање на Регулативата (ЕУ) бр.1227/2011 на Европскиот парламент и на Советот од 25 октомври 2011 година за интегритетот и транспарентноста на пазарот на електрична енергија на големо (REMIT), Регулативата на Комисијата (ЕУ) 2015/1222 од 24 јули 2015 година за воспоставување на упатство за распределба на капацитети и управување со загушувањата (CACM), и одредени одредби за сајбер безбедноста.
(b) ќе потпише договор за спојување помеѓу АД ГА-МА и АД НЕР.
(c) ќе направи Националниот оператор на пазар на електрична енергија (МЕМО) да потпише договор со давател на услуги избран на јавен тендер и да назначи давател на услуги за спојување на пазарите со Бугарија.
(d) до 31 декември 2022 година, ќе го започне процесот за формирање на работни групи за прелиминарни активности за спојување на пазарите со Грција.
(e) до 30 јуни2024 година, ќе го одобри ревидираниот Национален план за енергија и клима, којшто ќе биде усогласен со Парискиот договор и ќе ги вклучува сеопфатните цели за декарбонизација, новиот капацитет за обновлива енергија и намалување на емисиите на стакленички гасови.
(f) до 31 декември 2030 година, или како што е поинаку утврдено во Националниот план за енергија и клима и одобрено од страна на ЕБОР, според Зеленото сценарио од Стратегијата за енергетски развој на Република Северна Македонија до 2040 година, ќе го олесни развојот и поврзувањето со мрежата на нови капацитети за обновлива енергија (вклучувајќи и хидроенергија) од приватни инвеститори.
(g) до 31 декември 2030 година, или како што е поинаку утврдено во Националниот план за енергија и клима и одобрено од страна на ЕБОР, ќе постигне намалување на нето емисиите на стакленички гасови во земјата за 82%, во споредба со нивото од 1990 година, во согласност со засилениот Национално определен придонес и Националниот план за енергија и клима на Република Северна Македонија.
ЧЛЕН III - РАЗНО
Дел 3.01. Известувања
За целите на Дел 10.01 од Стандардните услови, се утврдуваат следните адреси, при што секое известување се смета за доставено доколку е доставено преку курир, пошта или по електронска пошта во пдф или во сличен формат:
За Гарантот:
Министер за финансии на Република Северна Македонија Ул. Xxxx Xxxxx бр. 12
1000 Скопје
За: Министер за финансии Факс: x000 0 0000 000
За ЕБОР:
Европска банка за обнова и развој
Xxxx Xxxx Xxxxxx Xxxxxx X00 0XX Обединето Кралство
За: Operation Administration Unit (Единица за оперативна администрација) / Оперативна активност бр. 53692
Телефон: x00 00 0000 0000
Дел 3.02. Правно мислење
За целите на Дел 9.03(б) од Стандардните услови, и во согласност со Дел 6.02(б) од Договорот за заем, Министерот за правда доставува советодавно мислење или мислења во име на Гарантот.
КАКО ПОТВРДА НА ГОРЕНАВЕДЕНОТО, страните во овој Договор, дејствувајќи преку нивните соодветно овластени претставници, го потпишаа овој Договор во четири примероци и го доставија во Скопје, Република Северна Македонија на горенаведените ден и година.
РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Потпишано од: Име: д-р Xxxxxx Xxxxxx Xxxxxxxx:Министер за финансии
ЕВРОПСКА БАНКА ЗА ОБНОВА И РАЗВОЈ
Потпишано од:
Име:
Функција: