Contract
|
ОПШТИ ОДРЕДБИ
Член 1
(1) Општите услови за осигурување на лица од последици од несреќен случај (незгода) и овие Дополнителни услови за осигурување учесници на курсеви за скијање и пливање од последици од несреќен случај (во натамошен текст: Дополнителни услови), се составен дел на договорот за осигурување учесници на курсеви за скијање и пливање од последици на несреќен случај, што договарачот на осигурувањето ќе го склучи со Националната групација за осигурување АД "Осигурителна полиса" - Скопје, (во натамошен текст: осигурувач).
(2) Договарач на осигурување може да биде секое правно лице.
(3) Лицата што се осигуруваат според овие Дополнителни услови осигурени се без оглед на нивната здравствена состојба, општата работна способност и годините на живот како и без плаќање на зголемена премија во смисла на членот 9, став (3),точка 3 од Општите услови, освен лицата потполно лишени од деловна
способност, кои во секој случај се исклучени од осигурувањето.
ОБВРСКИ НА ОСИГУРУВАЧОТ
Член 2
Осигурувачот е во обврска ако несреќниот случај настане за време додека осигуреникот се наоѓа на пат од дома до одреденото вежбалиште или местото одредено за вежбање, за време на курсот како и патот на враќањето дома.
ИСПЛАТА НА ДНЕВЕН НАДОМЕСТ
Член 3
Ако е договорено осигурување и за случај на преодна неспособност за работа, осигурувачот му исплатува на осигуреникот кој поради несреќен случај не е способен за работа, дневен надоместок во договорената висина, и тоа почнувајќи од првиот ден од денот кога е започнато лекувањето, но, најмногу до 200 дена.
Притоа, предвид се зема само времето за кое осигуреникот бил неспособен да ги врши работите од своето редовно занимање, а не и времето кога бил неспособен за учество на курсот означен во полисата.
ОБВРСКА НА ОСИГУРУВАЧОТ КОГА ОСИГУРЕНИТЕ ЛИЦА
СЕ ПОМЛАДИ ОД 14 ГОДИНИ И ПОСТАРИ ОД 70 ГОДИНИ
Член 4
(1) Ако поради несреќен случај настапи смрт на осигуреникот помлад од 14 години, осигурувачот е во обврска да исплати на име трошоци за погреб да ја исплати договорената осигурена сума во случај на смрт, но, најмногу износот кој како максимален е утврден со Одлука на Одбор на директори на Националната групација за осигурување АД "Осигурителна полиса" - Скопје.
(2) Кога лицето на кое му настанал несреќен случај е постаро од 70 години, осигурувачот е во обврска да исплати 50% од износот кој инаку би требало да го плати.
ПРАВНА ПОУКА
Член 5
Осигуреникот има право до Агенцијата за супервизија на осигурување како надлежен орган за супервизија на друштвото за осигурување, да достави претставка во однос на друштвото.
ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Член 6
Овие Дополнителни услови важат со Општите услови за осигурување на лица од последици од несреќен случај, а доколку нивната содржина е во спротивност со содржината на Општите услови, важат овие Дополнителни услови.