Contract
Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија, врз основа на член 7 став 3 од Правилата за снабдување со електрична енергија (Службен весник на Република Македонија бр.144/12 и 91/13), на седницата одржана на 31 март 2014 година, донесе
Р Е Ш Е Н И X
за одобрување на образец на Договор за начинот, условите и цената за користење на електродистрибутивниот систем
1. Со ова Решение, на АД ЕЛЕКТРАНИ НА МАКЕДОНИЈА - Скопје, како носител на лиценца за вршење на енергетската дејност дистрибуција на електрична енергија, образецот на Договорот за начинот, условите и цената за користење на електродистрибутивниот систем СЕ ОДОБРУВА.
2. Одобрениот образец од точка 1 е во прилог на ова Решение.
3. Жалбата изјавена против ова Решение не го одлага нејзиното извршување.
4. Ова Решение влегува во сила со денот на донесувањето.
бр.02-866/1 ПРЕТСЕДАТЕЛ
31.03.2014 година
Скопје Xxxxxxx Xxxxxx
ПРИЛОГ:
образецот на Договор за начинот, условите и цената за користење на електродистрибутивниот систем.
Договор за начинот, условите и цената за користење на електродистрибутивниот
систем
Склучен помеѓу: АД ЕЛЕМ – Скопје и
---------------------(корисник)---------------
Д О Г О В О Р
за начинот, условите и цената за користење на електродистрибутивниот систем
склучен помеѓу:
I. Оператор на електродистрибутивен систем
АД Електрани на Македонија во државна сопственост – Скопје, како Оператор на електродистрибутивниот систем, со седиште на xx. 00-та Македонска бригада бр. 18, Скопје, ЕДБ МК4030005560757, депонент на Стопанска банка АД Скопје, застапуванo од Директорот ---------------
-------- (во понатамошниот текст: ОДС)
и
II. Корисник
--------------(Корисник)-------------, ул.------------------------------(адреса)------------------, ЕДБ--------
------------------------, депонент
-------------- банка, застапувано од
--------------------------------- (во
понатамошниот текст: Xxxxxxxx),
Член 1
Предмет на Договор
(1) Со овој Договор за начинот, условите и цената за користење на електродистрибутивниот систем (во понатамошниот текст: Договор) се регулира начинот, условите и цената, односно тарифата за користење на електродистрибутивниот систем од страна на Корисникот.
Член 2
Количина, моќност и динамика на испорака на електрична енергија
(1) ОДС ќе врши дистрибуција на електрична енергија на Корисникот согласно количините и динамиката утврдена во Договорот за снабдување со електрична енергија кои Корисникот или неговиот снабдувач со електрична енергија, односно трговец со електрична енергија (во понатамошниот текст: Снабдувач/Трговец) е должен да ги достави до ОДС.
(2) Испораката на електричната енергија на Корисникот се врши во рамки на одобрената максимална едновремена моќност од страна на ОДС, за секое мерно место на Корисникот одделно.
Член 3
Цена за користење на дистрибутивниот систем
(1) Цена за користење на електродистрибутивниот систем претставуваат тарифите за пресметковните елементи, за секое мерно место на Корисникот, одобрени од страна на Регулаторна комисија за енергетика.
Член 4
Ниво и квалитет на извршена услуга
(1) ОДС ќе врши дистрибуција на електрична енергија со квалитет согласно Мрежните правила за дистрибуција на електрична енергија на АД ЕЛЕМ – Скопје (во понатамошниот текст: Мрежни правила за дистрибуција).
(2) По исклучок од став 1 од овој член, Корисникот може да побара од ОДС квалитет на испорачана електрична енергија подобар од утврдениот со Мрежните правила за дистрибуција, при што трошокот за обезбедување на бараното ниво на квалитет е целосно на товар на Корисникот.
Член 5
Ниво на дозволено повратно влијание во дистрибутивната мрежа
(1) Корисникот е должен во целост да ги почитува Мрежните правила за дистрибуција.
(2) Корисникот е должен во целост да ги почитува Техничките правила за проценка на повратни влијанија изготвени од страна на ОДС, а одобрени од РКЕ.
(3) Корисникот е должен да го користи електродистрибутивниот систем во рамки на одобрената максимална едновремена моќност утврдена со Решението за согласноста за приклучување донесено од ОДС во согласност со Мрежните правила за дистрибуција.
(4) Xxxxxxx Xxxxxxxxxx не постапува во согласност со став 1 од овој член, ОДС има право да преземе соодветни мерки согласно Мрежните правила за дистрибуција.
Член 6
Податоци за пресметковните мерни места
(1) Мерењето и отчитувањето на потрошената електрична енергија на секое пресметковно мерно место го врши ОДС согласно Законот за енергетика, Законот за метрологија и Мрежните правила за дистрибуција.
(2) Податоците за пресметковните мерни места каде се мери испорачаната електрична енергија се утврдени во Решението за согласноста за приклучување издадено од ОДС и истите се во прилог на овој Договор.
(3) Ако за времетраењето на Договорот, корисникот побара да се испорачува и мери електрична енергија преку нови мерни места кои не се опфатени со овој Договор, или корисникот побара исклучување на определени мерни места од опфатот на овој Договор, ОДС и Xxxxxxxxxx ќе склучат Анекс кон овој Договор, со цел за утврдување на испораката и мерењето на електричната енергија во согласност со новонастаната состојба.
Член 7
Размена на податоци и информации помеѓу ОДС и Корисникот
(1) ОДС е должен да го извести Корисникот:
1) доколку ангажира поголема моќност од одобрената максимална едновремена моќност од страна на ОДС,
2) за сите планирани прекини, во согласност со Мрежните правила за дистрибуција и Правилата за снабдување со електрична енергија,
3) за промената на погонските услови во мрежата, при што потрошувачот е должен да го прилагоди нивото на заштита на заштитните уреди и опрема на електроенергетските уреди на овие промени,
4) за зголемувањето на cтруја на куса врска во високонапонската и/или среднонапоската мрежа ако тие вредности се поголеми од оние за кои се димензионирани заштитните уреди и опрема на Корисникот, при што Корисникот е должен да го прилагоди нивото на заштита на своите заштитни уреди и опрема на зголемувањето на струја на куса врска, и
5) во други случаи, согласно Законот за енергетика, Мрежните правила за дистрибуција и Правилата за снабдување со електрична енергија.
(2) Корисникот е должен да го извести ОДС:
1) доколку воочи оштетување на мерната опрема од мерните места, неправилно функционирање на мерната опрема, кражба на мерната опрема или на останатата опрема, отстранување или оштетување на пломбата и мерните ормари,
2) доколку ги промени карактеристиките на својата потрошувачка и на тој начин отстапува од одобрената максимална едновремена моќност и/или други обврски кои му се утврдени од страна на ОДС,
3) и во други случаи, согласно Законот за енергетика, Мрежните правила за дистрибуција на електрична енергија и Правилата за снабдување со електрична енергија.
(3) Корисникот може да се обрати до Центарот за односи со потрошувачи на ОДС за да пријави дефект или да добие информации, советување и други услуги на телефонски број: 00 0000-000.
Член 8
Размена на податоци и информации помеѓу ОДС и Снабдувач/Трговец
(1) Снабдувачот/трговец и ОДС се должни да комуницираат и разменуваат податоци и информации заради обезбедување на пропишаниот квалитет на испорачаната електрична енергија и услугите што ги обезбедуваат операторите, при што ОДС е должен да изготви Протокол за комуникација и размена на податоци и информации со секој Снабдувач/ Трговец, во согласност со Правилата за снабдување со електрична енергија.
(2) ОДС ги доставува мерните податоци од Корисникот до Снабдувачот/ Трговецот во форма и на начин утврден во Протоколот за комуникација изготвен од ОДС.
(3) За мерните уреди каде ОДС не извршил отчитување, а за истите Корисникот доставил измерени податоци во писмена форма до Снабдувачот/ Трговецот, истиот е должен да ги достави добиените мерни податоци и до ОДС.
(4) Снабдувачот/ Трговецот има право да побара од ОДС да изврши отчитување на мерните уреди на корисниците во случај на:
1) приговор на сметка или фактура за потрошена електрична енергија од Корисникот кој се однесува на мерните податоци;
2) раскинување на Договор за снабдување со електрична енергија;
3) промена на сопственоста на o6jeктот или при давање под закуп од страна на сопственикот на трето лице, за што е должен да достави Договор за закуп или за пренос на сопственост.
(5) Во случај на непланиран прекин во испорака на електрична енергија подолг од 8 часа ОДС е должен да го извести снабдувачот/трговецот во писмена форма или преку електронска пошта или факс најмногу 24 часа од настанувањето на непланираниот прекин, особено за:
1) датумот на настанување на прекинот,
2) времето на започнување на xxxxxxxx,
3) времетраењето на xxxxxxxx,
4) причината за настанување на прекинот,
5) реонот кој е опфатен со прекинот.
(6) Во успови на виша сила, ОДС е должен да го информира Снабдувачот/Трговецот за прекините во напојувањето со електрична енергија, реоните кои се опфатени, за проценетото времетраење на прекините, за времетраењето на прекините заради појава на дефекти во делови од дистрибутивната мрежа предизвикани од Виша сила, како и за други корисни информации, кои му се неопходни на Снабдувачот/Трговецот, за негова комуникација со корисниците. Начинот на
комуникација и размена на информации и податоци помеѓу двете страни во услови на виша сила може да биде во писмена форма или по електронска пошта или факс .
Член 9
Начин и услови за испорака на електрична енергија
(1) ОДС е должен да врши испорака на електрична енергија и моќност до Корисникот доколку:
1) корисникот е приклучен на електродистрибутивниот систем согласно Решение за согласноста за приклучување издадено од ОДС,
2) корисникот има склучено Договор за снабдување со електрична енергија со Снабдувач/Трговец.
(2) ОДС е одговорен за квалитетот на електрична енергија која се испорачува преку електродистрибутивниот систем кој е во негова сопственост и тоа:
1) до точката на разграничување помеѓу електродистрибутивниот систем на ОДС и објектот на Корисникот, и
2) до точката на разграничување помеѓу електродистрибутивниот систем на ОДС и објектите на трети лица на кои е приклучен објектот на Корисникот.
(3) ОДС не е одговорен за евентуалната штета која би настанала доколку на Корисникот му биде прекината испораката на електрична енергија од страна на трето лице - сопственик на електроенергетскиот објект преку кој се врши дистрибуција на електрична енергија за потребите на индиректниот Корисник.
Член 10
Место на испорака на електрична енергија
(1) Места на испорака на електрична енергија, преставуваат точките во кои ОДС врши испорака на електричната енергија и моќност на Корисникот.
(2) Места на мерење се и местата во кои ОДС има инсталирано мерна опрема и врши мерење на испорачаната електрична енергија и моќност на Корисникот кои се утврдени со Решението за согласноста за приклучување донесено од ОДС.
Член 11
Фактурирање и плаќање на надоместок за користење на електродистрибутивниот систем
(1) Пресметката на надоместокот за користење на електродистрибутивниот систем се врши по извршено отчитување на пресметковните броила или проценка на количините на испорачана електрична енергија во случај на дефект на пресметковното броило од страна на ОДС, за претходниот месец.
(2) Пресметковниот период е во времетраење од еден месец, а започнува на првиот ден во месецот во 00:00 часот и трае до последниот ден во месецот до 24:00 часот.
(3) ОДС е должен да му достави фактура за користење на електродистрибутивниот систем на Корисникот до 10-ти во тековниот месец за претходниот месец.
(4) Xxxxxxxxxx е должен фактурата од став 3 од овој член да ја плати во рок од 20 (дваесет) дена од денот на приемот на фактурата за претходниот месец.
(5) Во случај на доцнење со плаќањето на фактурите од страна на Xxxxxxxxxx, ОДС ќе пресмета законска казнена камата.
(6) Xxxxxxxxxx има право да поднесе приговор на доставената фактура во писмена форма, во рок од 15 (петнаесет) дена од денот на приемот на фактурата. Корисникот кој приговара делумно на пресметката од фактурата, е должен неспорниот дел од фактурата да го плати во рокот утврден со став 4 од овој член.
(7) Корисникот кој не добил фактура, е должен од ОДС да побара копија од фактурата за испорачана електрична енергија.
(8) ОДС е должен да врши исправка на пресметките за надоместокот за испорачана електрична енергија во случај на грешки во отчитувањето на мерните уреди, односно во случај на дефект на мерните уреди, согласно Правилата за снабдување со електрична енергија.
(9) ОДС има право да ја прекине испораката на електрична енергија во случај Корисникот да не врши плаќање фактури, како и во други случаи согласно Мрежните правила за дистрибуција и Правилата за снабдување со електрична енергија.
Член 12
Доставување на фактурите
(1) Фактурите за користење на електродистрибутивниот систем ќе бидат доставувани во писмена форма, на адресата назначена со овoj Договор. Во случај Xxxxxxxxx да ја промени адресата, должен е за истото да го извести ОДС.
(2) Корисникот може да побара достава на фактурите во електронска форма, на адреса која е составен дел од овoj Договор.
Член 13
Гаранција за плаќање
(1) За осигурување на исплатите од овој Договор, Корисникот е должен во рок од 8 дена сметано од денот на склучувањето на овој Договор да достави до ОДС неотповиклива безусловна банкарска гаранција платива на прв повик кои се составен дел на овој договор, или ќе депонира средства на сметка на ОДС.
(2) Висината на банкарската гаранција и/или депонираните средства треба да го покрива износот од највисоката месечна фактура за дистибуирана електрична енергија од претходната година. Доколку преземањето на електрична енергија го надмине износот од највисоката месечна фактура за дистибуирана електрична енергија од претходната година, ОДС има право веднаш да побара нова банкарска гаранција и/или депонирани средства согласно новата потрошувачка.
(3) Доколку банкарската гаранција биде делумно или во целост наплатена и/или депонираните средства бидат целосно или делумно искористени, Корисникот има обврска веднаш но не подоцна од 8 (осум) дена да достави нова банкарска гаранција и/или да ги надополни депонираните средства на износ согласно став (2) од овој член. Доколку ОДС утврди дека доставената банкарска гаранција не е доволна или соодветна тогаш ќе побара од Корисникот дополнителна банкарска гаранција.
(4) Xxxxxxx, Xxxxxxxxxx не достави гаранција за плаќање во согласност со став (1) и 2 од овој член, ОДС има право да ја прекине испораката на електрична енергија до Корисникот, при што евентуалните штети кои би настанале од исклучувањето би биле на товар на корисникот.
Член 14
Ограничување на испораката на електрична енергија
(1) ОДС има право да ја ограничи испораката на електрична енергија поради настанување на:
1) виша сила согласно закон,
2) планирани исклучувања согласно важечките прописи,
3) дејствија на трети лица во системот на ОДС,
4) појава на нарушен или вонреден режим на работа и превземање на мерки за спречување на распаѓање на електрпреносниот или електродистрибутивниот систем,
5) ненадејни испади во електропреносниот систем,
6) исклучување на Корисникот согласно важечките прописи.
(2) Во случај на ограничувањето на испораката согласно став 1 од овој член, ОДС;
1) нема обврска електричната енергија која бил спречен да ја испорача дополнително да ја испорача до Корисникот,
2) не е одговорен за причинување на штета поради неиспорака на електрична енергија.
Член 15
Исклучување на корисник од електродистрибутивниот систем
(1) ОДС има право да го исклучи Корисникот во случај:
1) Корисникот неовластено да презема електрична енергија, во согласност со одредбите од Мрежните правила за дистрибуција,
2) Корисникот да не се придржува на одредбите од Мрежните правила за дистрибуција,
3) ОДС да има потреба да изврши контрола, баждарење, замена, вградување, дислокација на мерни уреди и опрема,
4) Корисникот да не дозволува пристап на имотот кој е во негова сопственост или во негово владение заради спречување ОДС да врши мерење, отчитување, контрола, баждарење, замена, вградување, дислокација на мерни уреди и на опрема, или да утврди дали се врши кражба на електрична енергија преку приклучокот,
5) Корисникот да не извршил плаќање на надоместокот за користење на дистрибутивниот систем во рок и на начин утврден во овој Договор,
6) на раскинување на овој Договор,
7) Снабдувачот/Трговецот со кој Xxxxxxxxxx има склучено Договор за снабдување со електрична енергија да поднел барање за исклучување на Корисникот, во согласност со одредбите од Правилата за снабдување со електрична енергија,
8) Договорот за Снабдување со електрична енергија на корисникот да истекол, а Xxxxxxxxxx одбил да склучи нов Договор за снабдување со електрична енергија,
9) користењето на електроенергетските објекти, опремата и инсталациите од страна на Корисникот да предизвикува непосредна опасност по животот и здравјето на луѓето и имотот;
10) Корисникот побара од ОДС да биде исклучен од електродистрибутвниот систем,
11) исклучување по налог на надлежен орган.
(2) По престанувањето на причините за исклучување на Корисникот од ставот 1 на овој член, ОДС ќе изврши повторно приклучување на Корисникот.
(3) Корисникот е должен да плати надомест за повторно приклучување, во согласност со Ценовникот на услуги на ОДС.
Член 16
Одговорност за штета
(1) Договорните страни се одговорни за извршување на обврските од овој Договор.
(2) Во случај на причинување на штета произлезена од непочитување на овој Договор, договорната страна која ја сторила штетата е должна, истата да ја отстрани или да и ја надомести на другата договорна страна.
Член 17
Времетраење, начин и услови на раскинување на договорот
(1) Овој Договор се склучува на неопределен временски рок, а важи од денот на неговото потпишување од двете Договорни страни.
(2) Овој договор престанува да важи, доколку Xxxxxxxxxx нема важечки Договор за снабдување со електрична енергија.
(3) Во случај кога како корисник се јавува правно лице, овој договор престанува да важи со престанокот на правното лице во постапка на стечај и ликвидација.
(4) Овој Договор може да биде раскинат од договорните страни само на крајот на календарскиот месец, во следните случаи:
1) по писмено барање на Xxxxxxxxxx доставено до ОДС најмалку 30 дена пред бараниот термин за раскинување на договорот, при што Xxxxxxxxxx мора да ги исполни сите достасани обврски настанати врз основ на овој Договор; и
2) од страна на ОДС доколку Xxxxxxxxxx не ги почитува одредбите од овој Договор, а по претходно писмено известување испратено најмалку 30 дена пред денот на раскинувањето.
Член 18
Решавање на спорови
(1) Договорните страни се согласни настанатите спорови да ги решаваат спогодбено, а во случај тоа да не е можно, спорот ќе се решава пред надлежниот суд во Скопје.
Член 19
Завршни одредби
(1) Корисникот е должен да го извести ОДС за секоја промена на податоците од овој Договор во рок од 15 дена од денот на настанување на промената.
(2) Во случај Xxxxxxxxxx да го оттуѓи или издаде под закуп објектот(ите) за кој(и) се вршела испораката на електрична енергија согласно овој Договор, Корисникот е должен за истото да го извести ОДС заради измена/раскинување на овој Договор.
(3) Во случај на промена на корисникот, односно сопственикот на еден или повеќе објекти со мерни места опфатени со овој Договор, истиот продолжува да важи до склучување на Договор со нов корисник, а промената ќе биде ажурирана во прилог листата на мерни места составен дел на овој Договор. Неплатените фактури за испорачана електрична енергија до моментот на склучувањето на Договорот за користење на дистрибутивен систем со новиот сопственик или закупец се обврска на Корисникот.
(4) Секоја промена на одредбите на овој Договор ќе се уреди во писмена форма помеѓу договорните страни, со склучување на Анекс на Договорот.
(5) Овој Договор ќе се применува и на правните следбеници на Договорните страни кои ќе произлезат од евентуалните структурни промени, согласно Законот за трговски друштва (присоединување, поделба, спојување или основање на трговски друштва).
(6) За се што не е предвидено со овој Договор ќе се применува Законот за облигациони односи и друга законска и подзаконска регулатива која е на сила во Р.М.
(7) Овој Договор е сочинет во 4 (четири) еднообразни примероци, од кои по 2 (два) за секоја Договорна страна.
ЗА ОПЕРАТОР НА
ЕЛЕКТРОДИСТРИБУТИВНИОТ СИСТЕМ
Овластен потписник (потписници):
ЗА КОРИСНИКОТ
Овластен потписник (потписници):
X.X. X.X.
Потпишано на ден: . .
Прилог 1: Овластени лица и контакти
Корисник: ----------------------------------------
Известувања и останата комуникација | Адреса: Ул.-------------------------------------- E-mail: ---------------------------------- Телефон:+389 --------------------------- Контакт лице: |
Достава на фактури | E-mail: : --------------------------------- |
Адреса: Ул.---------------------------------------- | |
Телефон: :+389 --------------------------- | |
Контакт лице: |
* При промена на некој од податоците наведени во Прилог 1, потребно е Корисникот да го извести ОДС по писмен пат