Contract
Наш број: Скопје, година
РАМКОВЕН ДОГОВОР
ЗА ОТВОРАЊЕ И ВОДЕЊЕ НА ПЛАТЕЖНА СМЕТКА И ДАВАЊЕ ПЛАТЕЖНИ УСЛУГИ ЗА ФИЗИЧКО ЛИЦЕ
I. СТРАНИ НА ДОГОВОРОТ
1. УНИВЕРЗАЛНА ИНВЕСТИЦИОНА БАНКА АД Скопје, со седиште на ул. „Xxxxxx Xxxxx“ xx.0, Xxxxxx, со ЕМБС: 4646088 и ЕДБ: 403099322736, број на сметка: 240000000000126,свифт адреса: UIBMMK22, веб-страница: xxx.xxxxxxx.xx, е-пошта: xxxxxxx@xxxxxxx.xxx.xx, телефон за контакт: 02 3 111-111.
Надлежен орган за надзор на Банката е Народната Банка на Република Северна Македонија. (во понатамошниот текст: Xxxxxxx) x
2. Име и презиме:
, адреса на живеење:
, ЕМБГ:
----, контакт е-маил: ---------------------------------, контакт телефон: --------------------------------- (во понатамошниот текст: Корисник на платежни услуги или Корисникот (Потрошувач)).
II. ПРЕДМЕТ НА ДОГОВОРОТ
1. Банката и Корисникот на платежни услуги го склучуваат овој Рамковен договор за платежни услуги со кој се уредува идното извршување на поединечни и последователни платежни трансакции, како и правата, обврските и условите за отворање, одржување и затворање на платежна сметка.
2. Xxxxxxx го склучува овој Договор врз основа на Барање за отворање на платежна сметка од Xxxxxxxxxx, кој е составен дел на овој Договор. Кон барањето барателот доставува и примерок од потписите на лицата кои дејствуваат во негово име и за негова сметка (анг.Specimen). Потписите на овие лица е потребно да се депонираат кај Банката или да бидат заверени на Нотар.
3. Xxxxxxx ја отвара сметката број односно IBAN и управува со истата од името и за сметка на Xxxxxxxxxx по подолу наведените услови.
4. Корисникот потврдува дека пред потпишување на овој Договор, на јасен и недвосмислен начин бил информиран и запознаен со содржината на овој договор преку доставување на Општи услови за користење на платежни услуги и дека е запознаен и согласен со условите од документите кои го сочинуваат овој Рамковен договор.
III. ПЛАТЕЖНА СМЕТКА
5. Xxxxxxx се обврзува да му отвори на Корисникот платежна сметка по комплетирање на сите документи, добивање на потребните информации за отворање на платежната сметка и по направена анализа.
6. Корисникот има обврска да ги почитува Општите услови за користење на платежни услуги, донесени од страна на Банката. Корисникот изјавува дека со потпишување на овој Договор ги примил и се согласил со Општите услови за користење на платежни услуги како и Тарифата на надоместоци и провизии на Банката кои се составен дел на овој Договор.
7. Банката има право да пресмета и наплати од Корисникот надоместоци, провизии и трошоци за платежни услуги согласно овој Договор на начин утврден во Тарифата на надоместоци и провизии на Банката и Општите услови за користење на платежни услуги.
8. Банката плаќа камата на сметката на Корисникот. Каматата се пресметува на дневното салдо на сметката. При затворање на сметката, каматата се пресметува и исплаќа на денот на затварање на сметката.
9. Банката наплаќа од Xxxxxxxxxx камата кога тој користи дозволено пречекорување и тоа под условите наведени во посебен Договор за дозволено пречекорување.
10. Банката, согласно законските прописи, ќе спроведува Решенија за присилна наплата на товар на сметката на Корисникот.
IV. ПЛАТЕН НАЛОГ
11. Корисникот издава платни налози и Xxxxxxx ги извршува платните налози под услови предвидени во Општите услови за користење на платежни услуги и ЗПУПС и применливите подзаконски акти вклучително и прописите од областа на девизното работење.
12. Банката може да прифаќа налози од Корисникот по електронски пат, преку платен инструмент или преку други средства за далечинска комуникација само доколку тоа е изрично договорено помеѓу Банката и Корисникот во посебен договор.
V. ЗАТВОРАЊЕ НА СМЕТКАТА
13. Сметката се затвора:
• по барање на имателот на сметката;
• врз основа на судско решение;
• по налог на надлежен орган;
• согласно законска регулатива и
• по проценка на Банката.
VI. ВОДЕЊЕ НА КОРЕСПОДЕНЦИЈА МЕЃУ БАНКАТА И КОРИСНИКОТ
14. Страните се согласни комуникацијата да се одвива преку податоците наведени во овој Договор, односно врз основа на последните ажурирани податоци за контакт, а согласно Општите услови за користење на платежни услуги.
15. Изводите од сметката и другите документи поврзани со истата се даваат исклучиво на Корисникот или на ополомоштеното лице. Банката е должна на барање на Корисникот изводот да му го достави на хартија или на друг траен медиум најмалку еднаш месечно без надоместок.
VII. ЗАШТИТНИ И КОРЕКТИВНИ МЕРКИ
16. При користење на платежната сметка, Xxxxxxxxxx се обврзува да ги применува заштитни и корективни мерки предвидени во Општите услови за користење на платежни услуги.
VIII.ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ И АЖУРИРАЊЕ
17. Со потпишување на овој договор, Xxxxxxxxxx потврдува дека тој и неговите овластени лица се запознаени и согласни Банката да врши обработна на личните податоци согласно Општите услови за користење на платежни услуги и начинот на обработка на личните податоци соглано законските прописи, објавени на веб-страната на Банката. Корисникот има обврска своите податоци и податоците на овластените лица да ги ажурира на начин и во рокови предвидени во Општите услови за користење на платежни услуги.
IX. ПРАВНА ЗАШТИТА НА КОРИСНИКОТ
18. Во случај Xxxxxxx да не се придржува кон законските одредби согласно ЗПУПС, Корисникот има право да поднесе приговор на начин и во рокови врз основа на Општите услови за користење на платежни услуги.
X. ВАЖЕЊЕ, ИЗМЕНИ И РАСКИНУВАЊЕ НА РАМКОВНИОТ ДОГОВОР
19. Овој договор се склучува на неопределено време. Корисникот може да го раскине овој договор, со отказен рок од 30 (триесет) дена.
20. Банката може да го раскине договорот со доставување на известување најмалку два месеци пред раскинувањето.
21. Раскинувањето на рамковниот договор и затворањето на платежната сметка се уредени во Општите услови за користење на платежни услуги.
22. Страните се согласуваат дека Xxxxxxx го задржува правото да го измени и/или дополни Општите услови за користење на платежни услуги за времето на важење на овој договор, без да се склучи анекс кон истиот. Начинот на изменување и известување на Корисникот е уредено во Општите услови.
23. За сѐ што не е предвидено со овој Договор, ќе се применуваат законските прописи и актите на Xxxxxxx.
24. Во случај на спор по овој договор, надлежен ќе биде судот во Скопје.
25. Овој договор е составен на македонски јазик во 2 (два) еднообразни примероци од кои по 1 (еден) за Банката и 1 (еден) за Корисникот.
26. Во случај кога Xxxxxxxxxx е нерезидент, овој договор ќе биде составен во 4 (четири) примероци од кои по 2 (два) на македонски и 2 (два) на англиски јазик, а секоја страна ќе добие по 1 (еден) примерок на англиски и 1 (еден) примерок на македонски јазик. Во случај на неусогласеност, ќе биде меродавна верзијата на македонски јазик.
Овој договор се склучува врз основа на член 56 од Законот за платежни услуги и платни системи, правата и обврските на страните врз основа на овој договор се уредени врз основа на Оштите услови за користење на платежни услуги кои се составен дел на овој договор. Со потипишување на овој договор Корисникот потврдува дека е запознаен ги примил и се согласува со Општите услови за користење на платежни услуги, важечката Тарифа на надоместоци и провизии на услугите што ги врши Банката, во делот кој се однесува за услугите за физички лица кој се предмет на овој договор, Листа на најрепрезентативни услуги* и Поимник.
Банка |
Корисник |
УНИВЕРЗАЛНА ИНВЕСТИЦИОНА БАНКА АД Скопје |
*Согласно член 223 став 3 од ЗПУПС се применува од 20.07.2023 година.
ЗП 7.5.1 ПС-01/2023